Порторико Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/portoriko/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Mar 2024 10:15:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Порторико Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/portoriko/ 32 32 Порторико прогласи епидемија од денга https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/portoriko-proglasi-epidemija-od-denga/ Tue, 26 Mar 2024 10:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=758832

Министерот за здравство на Порторико прогласи епидемија на денга по порастот на бројот на случаите со заразната болест во американската карипска територија од 3,2 милиони луѓе.

Најмалку 549 случаи со денга се регистрирани годинава, а вкупно 1.293 биле регистрирани во цела 2023 година. Најмногу нови случаи се регистрирани во главниот град Сан Хуан.

Повеќе од 340 луѓе се лекуваат во болница поради вирусот што го пренесуваат комарците, соопшти Министерството за здравство на островската територија.

Порторико последен пат прогласи епидемија на денга во 2012 година.

Над пет милиони случаи со заразната болест се регистрирани минатата година во светот. Осумдесет отсто од нив биле на западната хемисфера, објави Светската здравствена организација. Од почетокот на оваа година во тој регион се регистрирани околу три милиони нови случаи, а здравствените власти велат дека обилните врнежи од дожд, заедно со високата влажност и топлината предизвикани од климатските промени, придонеле за порастот на заболените.

Вирусот може да предизвика силна главоболка, треска, повраќање, осип и други симптоми. Додека повеќето заразени луѓе не покажуваат симптоми, кај други акутниот тек на болеста може да доведе до акумулација на течност во стомакот и градите и смрт.

The post Порторико прогласи епидемија од денга appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство на Порторико прогласи епидемија на денга по порастот на бројот на случаите со заразната болест во американската карипска територија од 3,2 милиони луѓе. Најмалку 549 случаи со денга се регистрирани годинава, а вкупно 1.293 биле регистрирани во цела 2023 година. Најмногу нови случаи се регистрирани во главниот град Сан Хуан. Повеќе од 340 луѓе се лекуваат во болница поради вирусот што го пренесуваат комарците, соопшти Министерството за здравство на островската територија. Порторико последен пат прогласи епидемија на денга во 2012 година. Над пет милиони случаи со заразната болест се регистрирани минатата година во светот. Осумдесет отсто од нив биле на западната хемисфера, објави Светската здравствена организација. Од почетокот на оваа година во тој регион се регистрирани околу три милиони нови случаи, а здравствените власти велат дека обилните врнежи од дожд, заедно со високата влажност и топлината предизвикани од климатските промени, придонеле за порастот на заболените. Вирусот може да предизвика силна главоболка, треска, повраќање, осип и други симптоми. Додека повеќето заразени луѓе не покажуваат симптоми, кај други акутниот тек на болеста може да доведе до акумулација на течност во стомакот и градите и смрт.

The post Порторико прогласи епидемија од денга appeared first on Република.

]]>
Бурата Фиона се засили во ураган додека се приближува кон Порторико https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/burata-fiona-se-zasili-vo-uragan-dodeka-se-priblizuva-kon-portoriko/ Sun, 18 Sep 2022 17:33:50 +0000 https://republika.mk/?p=552040

Бурата Фиона денеска прерасна во ураган додека се приближува до брегот на Порторико, соопшти американскиот Центар за урагани.

Фиона најпрво помина над Гвадалупе каде што предизвика големи поплави во кои загина едно лице.

Сега, како ураган со ветрови до 130 километри на час, се приближува кон Порторико, каде што ќе предизвика обилни врнежи од дожд и лизгање на кал. Моментално се наоѓа на околу 80 километри од јужниот брег на Порторико.

Како што се загрева површината на океанот, има се повеќе урагани, со посилен ветер и повеќе врнежи. Тие урагани претставуваат зголемена опасност за населението на крајбрежјето. (МИА)

The post Бурата Фиона се засили во ураган додека се приближува кон Порторико appeared first on Република.

]]>

Бурата Фиона денеска прерасна во ураган додека се приближува до брегот на Порторико, соопшти американскиот Центар за урагани. Фиона најпрво помина над Гвадалупе каде што предизвика големи поплави во кои загина едно лице. Сега, како ураган со ветрови до 130 километри на час, се приближува кон Порторико, каде што ќе предизвика обилни врнежи од дожд и лизгање на кал. Моментално се наоѓа на околу 80 километри од јужниот брег на Порторико. Како што се загрева површината на океанот, има се повеќе урагани, со посилен ветер и повеќе врнежи. Тие урагани претставуваат зголемена опасност за населението на крајбрежјето. (МИА)

The post Бурата Фиона се засили во ураган додека се приближува кон Порторико appeared first on Република.

]]>