портокали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/portokali/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Jun 2023 17:16:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png портокали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/portokali/ 32 32 Не е само зеленчукот, имало и портокали со штетни пестициди https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ne-e-samo-zelenchukot-imalo-i-portokali-so-shtetni-pestitsidi/ Thu, 01 Jun 2023 17:16:47 +0000 https://republika.mk/?p=646956

Системот е девастиран, не функционираат институциите. Свиркачи се обратија до нас како политичка партија, ни доставија информации и информираа дека се случува вака ситуација. Податоците се фрапантни, концентрациите на пестициди се големи, а тоа значи дека ако ние не бевме да ја информираме јавноста како власта оркестрирано го труе сопствениот народ, ова ќе поминеше така, а можеби и во минатото се случувало тоа, изјави претседателот на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски за „За или против“ на Алфа ТВ.

Тој посочи дека јавноста треба да биде информирана дека во овие четири земјоделски култури пиперката, домат, млад кромид и краставица се детектирани повеќе пестициди штетни за човековото здравје.

И ова е само заради тоа што Агенцијата за храна и ветеринарство како една од најповиканите институции, го има преспано периодот и со оглед како функционира оваа власт претпоставувам дека се работи за проценти кои на брза лента овие пратки влегуваат во Македонија, а се крајно небезбедни. Пред мене го имам извештајот кој се однесува на млад кромид, детектиран еден пестицид, максимално ниво кое е дозволено е 0,01 милиграм на килограм, а резултатот кој е евидентиран од Државна фитосанитарна лабораторија е 0,13. Тоа значи дека 13 пати над дозволената граница е во овој производ кој го консумирале граѓаните, истакна Трипуновски. Тој нагласи дека вакво труење има и кај овошјето, односно алармантно е и кај портокалот, дури 6 пати над дозволената граница.

Сакам ексклузивно да наведам дека и кај овошје, односно портокали. Иако директорот Бабовски вчера информираше за некаква пратка која е вратена, зборуваше за 30 мај, а мојот резултат е за 29 што значи дека е различна пратка. Се работи за портокал, барател на анализата е АХВ и детектирани се да пестициди. Првиот каде горната максимална граница е 7,00, но резултатот е 43,8%. Тоа значи дека овој портокал е 6 пати над дозволеното и е многу штетен. Тоа значи дека ако некој родител сакал да го нахрани своето дете со цеден портокал, му дал нешто штетно, рече Трипуновски.

 

The post Не е само зеленчукот, имало и портокали со штетни пестициди appeared first on Република.

]]>

Системот е девастиран, не функционираат институциите. Свиркачи се обратија до нас како политичка партија, ни доставија информации и информираа дека се случува вака ситуација. Податоците се фрапантни, концентрациите на пестициди се големи, а тоа значи дека ако ние не бевме да ја информираме јавноста како власта оркестрирано го труе сопствениот народ, ова ќе поминеше така, а можеби и во минатото се случувало тоа, изјави претседателот на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски за „За или против“ на Алфа ТВ. Тој посочи дека јавноста треба да биде информирана дека во овие четири земјоделски култури пиперката, домат, млад кромид и краставица се детектирани повеќе пестициди штетни за човековото здравје. И ова е само заради тоа што Агенцијата за храна и ветеринарство како една од најповиканите институции, го има преспано периодот и со оглед како функционира оваа власт претпоставувам дека се работи за проценти кои на брза лента овие пратки влегуваат во Македонија, а се крајно небезбедни. Пред мене го имам извештајот кој се однесува на млад кромид, детектиран еден пестицид, максимално ниво кое е дозволено е 0,01 милиграм на килограм, а резултатот кој е евидентиран од Државна фитосанитарна лабораторија е 0,13. Тоа значи дека 13 пати над дозволената граница е во овој производ кој го консумирале граѓаните, истакна Трипуновски. Тој нагласи дека вакво труење има и кај овошјето, односно алармантно е и кај портокалот, дури 6 пати над дозволената граница.
Сакам ексклузивно да наведам дека и кај овошје, односно портокали. Иако директорот Бабовски вчера информираше за некаква пратка која е вратена, зборуваше за 30 мај, а мојот резултат е за 29 што значи дека е различна пратка. Се работи за портокал, барател на анализата е АХВ и детектирани се да пестициди. Првиот каде горната максимална граница е 7,00, но резултатот е 43,8%. Тоа значи дека овој портокал е 6 пати над дозволеното и е многу штетен. Тоа значи дека ако некој родител сакал да го нахрани своето дете со цеден портокал, му дал нешто штетно, рече Трипуновски.
 

The post Не е само зеленчукот, имало и портокали со штетни пестициди appeared first on Република.

]]>