портали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/portali/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Mar 2024 08:25:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png портали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/portali/ 32 32 Непостоечи, вчера отворени, како и портали со косовски адреси меѓу медиумите што бараат државни пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nepostoechi-vchera-otvoreni-kako-i-portali-so-kosovski-adresi-megu-mediumite-shto-baraat-drzhavni-pari/ Sat, 02 Mar 2024 08:42:16 +0000 https://republika.mk/?p=750251

37 телевизии, 35 радија, 11 весници и дури 249 портали се пријавиле за да објавуваат реклами на претседателските избори. И додека кај традиционалните медиуми нема изненадувања, кај порталите, повеќе од половината се практично непознати на македонската медиумска сцена, анализира „Сител“.  Интересно е што повеќе од половина портали известуваат на албански јазик, а меѓу нив, најинтересна е групата од 10 портали на фирмата „Инфините солушнс 2023“ која медиумите ја поврзуваат со директорот на државна лотарија и за кои имаше обвинувања дека работат во министерството на Артан Груби.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zgradata-na-ministerstvoto-na-grubi-se-smesteni-10-portali-se-plakaat-so-nashi-pari/

Законските ограничувања не дозволуваат една партија да се рекламира за повеќе од 15.000 евра во еден портал, па лансирањето на 10 во кампањата изгледа како добра можност од државниот буџет да се извлечат максимални 150.000 евра.

Околу третина од порталите кои се пријавиле да учествуваат во кампањата воопшто не се регистрирани во македонскиот регистар на домејни. Меѓу нив има портали регистрирани во Данска, Албанија и Косово. Дури 6 портали имаат домејн регистриран во Албанија а еден портал во својот импресум прецизно наведува дека има адреса во Косово. Неколку портали пријавиле свои поддомејни, а некои две различни адреси за еден ист портал.

Ако решите да го отворите секој портал посебно ќе забележите дека половина од нив воопшто немаат импресум, за една година објавиле неколку десетици содржини а има и такви кои се формирале на истиот ден кога ДИК го објави повикот за медиумите, објавиле десетина вести и оттогаш до денеска нема ништо.

Интересно е што меѓу пријавените портали има и такви кои воопшто не постојат. На пример порталот Специ.мк не постои во регистарот на Марнет иако има мк домејн. Неколку портали имаат регистриран домејн но воопшто не постојат а има и такви на кои им стои дека баш во овој момент се сервисираат.

Во желбата да се земе некој денар повеќе од кампањата, некој го пријавил порталот Грамофони.ком посветен на аудио опрема а се чини најдобра од сите е матична докторка од Скопје која исто така со поддомејн се пријавила за да објавува реклами.

Од ДИК велат дека законот е таков и дека имаат врзани раце во овој случај иако се свесни за проблемот. Објаснуваат дека секој портал што во ДИК ќе испрати тековна состојба и барање за пријава има право да објавува реклами без разлика што во овој момент никој во Македонија нема никаков регистар на онлајн медиуми, што значи дека нема никаков проблем, било која фирма од земјава да го пријави порталот на Си Ен Ен како свој.

The post Непостоечи, вчера отворени, како и портали со косовски адреси меѓу медиумите што бараат државни пари appeared first on Република.

]]>

37 телевизии, 35 радија, 11 весници и дури 249 портали се пријавиле за да објавуваат реклами на претседателските избори. И додека кај традиционалните медиуми нема изненадувања, кај порталите, повеќе од половината се практично непознати на македонската медиумска сцена, анализира „Сител“.  Интересно е што повеќе од половина портали известуваат на албански јазик, а меѓу нив, најинтересна е групата од 10 портали на фирмата „Инфините солушнс 2023“ која медиумите ја поврзуваат со директорот на државна лотарија и за кои имаше обвинувања дека работат во министерството на Артан Груби. https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zgradata-na-ministerstvoto-na-grubi-se-smesteni-10-portali-se-plakaat-so-nashi-pari/ Законските ограничувања не дозволуваат една партија да се рекламира за повеќе од 15.000 евра во еден портал, па лансирањето на 10 во кампањата изгледа како добра можност од државниот буџет да се извлечат максимални 150.000 евра. Околу третина од порталите кои се пријавиле да учествуваат во кампањата воопшто не се регистрирани во македонскиот регистар на домејни. Меѓу нив има портали регистрирани во Данска, Албанија и Косово. Дури 6 портали имаат домејн регистриран во Албанија а еден портал во својот импресум прецизно наведува дека има адреса во Косово. Неколку портали пријавиле свои поддомејни, а некои две различни адреси за еден ист портал. Ако решите да го отворите секој портал посебно ќе забележите дека половина од нив воопшто немаат импресум, за една година објавиле неколку десетици содржини а има и такви кои се формирале на истиот ден кога ДИК го објави повикот за медиумите, објавиле десетина вести и оттогаш до денеска нема ништо. Интересно е што меѓу пријавените портали има и такви кои воопшто не постојат. На пример порталот Специ.мк не постои во регистарот на Марнет иако има мк домејн. Неколку портали имаат регистриран домејн но воопшто не постојат а има и такви на кои им стои дека баш во овој момент се сервисираат. Во желбата да се земе некој денар повеќе од кампањата, некој го пријавил порталот Грамофони.ком посветен на аудио опрема а се чини најдобра од сите е матична докторка од Скопје која исто така со поддомејн се пријавила за да објавува реклами. Од ДИК велат дека законот е таков и дека имаат врзани раце во овој случај иако се свесни за проблемот. Објаснуваат дека секој портал што во ДИК ќе испрати тековна состојба и барање за пријава има право да објавува реклами без разлика што во овој момент никој во Македонија нема никаков регистар на онлајн медиуми, што значи дека нема никаков проблем, било која фирма од земјава да го пријави порталот на Си Ен Ен како свој.

The post Непостоечи, вчера отворени, како и портали со косовски адреси меѓу медиумите што бараат државни пари appeared first on Република.

]]>
Во зградата на Министерството на Груби се сместени 10 портали, се плаќаат со наши пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zgradata-na-ministerstvoto-na-grubi-se-smesteni-10-portali-se-plakaat-so-nashi-pari/ Fri, 24 Nov 2023 19:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=716036

На шестиот кат на зградата на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се канцелариите на десетте портали на Артан Груби, кои се финансираат со парите на граѓаните. Станува збор за криминална организација незамислива до сега, истакнаа денеска од Европскиот сојуз за промена на настан пред Министерството, лепејќи плакати со имињата на порталите.

Во оваа зграда, како што беше речено на настанот, се порталите „indeks.mk“, „dosie.mk“, „revista.mk“, „desk.mk“, „redakcija.mk“, „ditari.mk“, „lapsi.mk“, „politika.mk“.

Како што објавија медиумите Радио Слободна Европа и Призма, Артан Груби ги регистрирал овие портали на име Иљириана Бајрами, која е сопруга на Перпарим Бајрами, шефот на кабинетот на директор за Државна лотарија. Тој е најблискиот човек на Груби. Дури и порталот „indeks.mk“, во кој најмногу се промовира Груби, е регистриран од самиот Бајрами, наведоа во изјава за медиумите претставниците на Европскиот сојуз за промена.

Според Европскиот сојуз за промена, ова е доказ дека криминалот и корупцијата на Груби и Ахмети се претворија во рак на општеството.

Сите знаеме дека Артан Груби го предводи Министерството за политички систем со кое раководи во медиумскиот центар, но никој не ни замислуваше дека ќе навлезе во вакви криминални димензии. Наместо да го користи Министерството во интерес на граѓаните, тој го претвори во пропагандна машинерија преку која ги напаѓа политичките противници, тврдат од албанскиот опозициски блок.

Од Европски сојуз за промена го повикуваат премиерот Димитар Ковачевски да го разреши Груби од вицепремиерската функција и од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Уште колку скандали треба да излезат на виделина за Артан Груби да сноси политичка и кривична одговорност? Затоа бараме од премиерот Димитар Ковачевски веднаш да го разреши Артан Груби од вицепремиерската функција и од ова Министерство. Ако премиерот молчи, тоа значи дека се согласува и соработува со Артан Груби и Али Ахмети, потенцираат од Европски сојуз за промена.

The post Во зградата на Министерството на Груби се сместени 10 портали, се плаќаат со наши пари appeared first on Република.

]]>

На шестиот кат на зградата на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се канцелариите на десетте портали на Артан Груби, кои се финансираат со парите на граѓаните. Станува збор за криминална организација незамислива до сега, истакнаа денеска од Европскиот сојуз за промена на настан пред Министерството, лепејќи плакати со имињата на порталите. Во оваа зграда, како што беше речено на настанот, се порталите „indeks.mk“, „dosie.mk“, „revista.mk“, „desk.mk“, „redakcija.mk“, „ditari.mk“, „lapsi.mk“, „politika.mk“.