Порше Карера Куп Италија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/porshe-karera-kup-italija/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Oct 2022 20:25:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Порше Карера Куп Италија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/porshe-karera-kup-italija/ 32 32 Mалерите го спречија Ристо Вуков да ги израдува навивачите со висок пласман https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/malerite-go-sprechija-risto-vukov-da-gi-izraduva-navivachite-so-visok-plasman/ Mon, 24 Oct 2022 20:25:38 +0000 https://republika.mk/?p=565114

Ристо Вуков го имаше последниот гран при викенд во Порше Карера Куп Италија за оваа година, а високите очекувања кои ги имаше пред трката ги оправда со освојување на најдобрата стартна позиција за ова сезона, пласман на 9 место со шест десетинки задоцнување од пол позицијата.

За жал, малерите и овој пат го спречија да ги израдува навивачите со висок пласман, при што во двете трки беше видно хендикепиран.

- Во првата трка автомобилот уште на стартот остана без серво и бев секунда до две побавен од ривалите. Жал ми е што не успеав да ја конвертирам деветтата стартна позиција во висок пласман, бидејќи сметав дека можам да дојдам до првата шесторка и да добијам шанса во ротацијата за втората трка. Наместо тоа се измачив да не изгубам премногу позиции, па финиширав на 13. место, а согласно правилата – од истото место појдов во втората трка. Избегнав огромен судир на самиот старт, по кој што Алберто Черки заврши со комплетно уништено возило, Кога се искачив на 8. место повторно налетав на судир на двајца возачи пред мене (кој што се гледа на самата слика). Лоренцо се изврте пред мене и успеав да го избегнам, но загубив дури 6 позиции. На крајот се пласирав на единаесетта позиција во трката, што ми донесе нови поени, но не можам да бидам задоволен бидејќи не го искористив целиот потенцијал што го имав на располагање. Бев сигурен дека ќе се пласирам во „топ 5“, имав одлично подготвено возило и нов сет на пневматици, но среќата повторно не беше на моја страна.

Вуков е задоволен од аспект на личното подобрување и унапредување како возач, но сепак верува дека кариерата ќе ја продолжи во друга серија со ГТ автомобили, иако за тоа допрва треба да преговара со други тимови.

- Првите анализи се дека гледано низ призмата на бодовите освоив помалку поени од што се надевав, но имајќи предвид дека два пати бев удрен, а две трки не возев поради оштетено возило, тоа е реалноста. На почетокот од сезоната добив совет од тимскиот шеф, Џанлука дe Лоренци дека најмногу морам да се подобрам во квалификациите, и тоа го направив, па тоа се почувствува во борбата за високи позиции. Сѐ на сѐ, и оваа трка беше во духот на целата сезона во која неколку пати доаѓав во позиција да се борам за високи пласмани, но бев спречен од инциденти пред мене или инциденти во кои јас бев (на два пати) удрен од ривалите. Сакав да се простам од овој турбулентен шампионат на подобар начин, бидејќи тука научив повеќе од што очекував, и за техниката, и за начинот на кој се вози едно вакво супер спортско возило, а дополнително стекнав и пријатели кои ми значат многу. Очекувам ова огромно искуство дека ќе ми користи многу за во иднина. Следните планови ќе бидат наскоро објавени!

The post Mалерите го спречија Ристо Вуков да ги израдува навивачите со висок пласман appeared first on Република.

]]>

Вуков ќе ја затвори сезоната во Карера Куп на омилената патека Муџело https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/vukov-kje-ja-zatvori-sezonata-vo-karera-kup-na-omilenata-pateka-mudzelo/ Sat, 22 Oct 2022 17:14:13 +0000 https://republika.mk/?p=564393

Ристо Вуков ја вози третата сезона од Порше Карера Куп Италија, тркачката серија со ГТ автомобилите кои се икона на авто трките, која што завршува со шестиот гран при викенд за 2022 година на патеката Муџело.

По три години интензивни тренинзи, патувања и трки против ривали кои имаат и повеќе ресурси и повеќе искуство, Вуков успеа да постигне ниво и со претендентите за титулата да биде на слично рамниште каде што одлучуваат делови од секундата.

- Знам колкав пат поминав и со кои предизвици се соочив. Имаше неопходна потреба да се собере искуство како би можел да дојдам во ситуација да се подобрам, така што веќе тоа не е оправдување. Можеби можам уште повеќе да го подогнам нивото на тестирање кое го имам сега, наспроти она што го имаат ривалите, бидејќи некои постојани тестираат низ Италија, други настапуваат и во Светскиот Куп, а некои во околните земји како Швајцарија, Германија или Бенелукс. Генерално, лично чувствувам дека сум многу поизграден возач по трите сезони со „GDL Racing“, бидејќи успеав да го подигнам и нивото на разбирање на автомобилите, да ја совладам комуникацијата со инженерите околу стручните теми, а секако и да увидам разни типови на возачи со кои се натпреварувам.

Муџело е патека што публиката ја познава од мотоциклистичките трки, но кога се во прашање националните првенства во Италија, таа често е домаќин на секаков вид трки, почнувајќи од Порше Карера Куп, па Формула 4, БМВ М2ЅС куп, ТЦР Италија и уште многу други. Оваа година возачите ќе возат по втор пат, бидејќи се откажа планираниот настан на патеката Франчакорта крај Бреша.

- За Муџело ме врзуваат многу убави спомени, почнувајќи од моите почетоци и првиот настап во Порше Карера Куп Италија во 2020 година, првите бодови и најдобрата стартна позиција освоена на првата трка во 2022 година. Имав увидено дека квалификациите ми станаа најголема пречка бидејќи во нив не напредував како на другите полиња, па затоа ме израдува кога во јули го освоив десеттото место на стартот. Бидејќи во трката бев удрен, втората трка ја возев стартувајќи од 36 место, а финиширав на 12 позиција. Дефинитивно, со Муџело ме врзува една поинаква „хемија“!

Првата трка во Муџело се вози в сабота, а Вуков овој пат ќе стартува од деветтата позиција. Трката ќе биде емитувана на Телевизија 24 со почеток во 18 часот и 15 минути.

The post Вуков ќе ја затвори сезоната во Карера Куп на омилената патека Муџело appeared first on Република.