породилно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/porodilno/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Feb 2023 15:11:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png породилно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/porodilno/ 32 32 Од утре и во среда ќе почне исплатата на боледувањата, породилните и рефундациите, парите ќе се добиваат етапно https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-utre-i-vo-sreda-ke-pochne-isplatata-na-boleduvanata-porodilnite-i-refundatsiite-parite-ke-se-dobivaat-etapno/ Mon, 20 Feb 2023 12:49:01 +0000 https://republika.mk/?p=611061

Од утре и во среда ќе почне исплатата на боледувањата, породилното отуство и разник рефундации, соопшти денеска Фондот за здравство на Македонија чиј систем е хакиран од 6 февруари.

Оттаму тврдат дека речиси сите модули се ставени во функција, по хакерскиот напад на оваа институција со којашто беа оневозможени услугите.

Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда. Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 05.02.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени после овој датум ќе започнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата, пишува во соопштението на ФЗО.

ФЗО посочува дека е во тек и враќањето во функција и на ДРГ системот, за евиденција на болничките услуги, за што јавноста навремено ќе биде известена.

The post Од утре и во среда ќе почне исплатата на боледувањата, породилните и рефундациите, парите ќе се добиваат етапно appeared first on Република.

]]>

Од утре и во среда ќе почне исплатата на боледувањата, породилното отуство и разник рефундации, соопшти денеска Фондот за здравство на Македонија чиј систем е хакиран од 6 февруари. Оттаму тврдат дека речиси сите модули се ставени во функција, по хакерскиот напад на оваа институција со којашто беа оневозможени услугите.
Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда. Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 05.02.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени после овој датум ќе започнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата, пишува во соопштението на ФЗО.
ФЗО посочува дека е во тек и враќањето во функција и на ДРГ системот, за евиденција на болничките услуги, за што јавноста навремено ќе биде известена.  

The post Од утре и во среда ќе почне исплатата на боледувањата, породилните и рефундациите, парите ќе се добиваат етапно appeared first on Република.

]]>
Приоритет се исплата на платите, боледувањата, породилното и рефундациите, велат од ФЗО по сајбер-нападот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prioritet-se-isplata-na-platite-boleduvanata-porodilnoto-i-refundatsiite-velat-od-fzo-po-sajber-napadot/ Tue, 14 Feb 2023 13:18:38 +0000 https://republika.mk/?p=608906

Функционалноста на системите постепено ќе се враќа, извести попладнево Фондот за здравствено осигурување. Поради сајбер- напад девет дена недостапни беа лични податоци на здравствените осигуреници, а Фондот прво кажа дека се работи за технички пропуст во еден од серверите, а по три дена призна дека базата на податоци е цел на сајбер- напад.

Приоритет е враќањето на функционалноста за исплатите на платите на здравствените работници во јавните здравствени установи, како и враќање на системите на исплата на боледувањата, породилното и рефундациите, информира ФЗОРСМ.

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ) соопшти дека во претстојните денови постепено ќе се враќаат во функција системите кои неодамна беа хакирани и дека процесот одзема дополнително време, но техничките тимови работат постојано.

Eкспертските технички тимови на Фондот утврдиле дека при сајбер-нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот.

Фондот денеска испрати и известување до сите јавни и приватни здравствени установи со детални упатства за проверка на осигурениците преку Мој термин, со што ниеден осигуреник не смее да биде вратен од правото на здравствена заштита.

Во известувањето нагласува дека не е загрозено правото на здравствена заштита на граѓаните и непречено се одвиваат лекувањата, упатите за прегледите и боледувањата, издавањето рецепти од матичните лекари и издавањето лекови, така што овие здравствени услуги граѓаните може да ги користат без застој. Исто така, усогласени се и решенија за остварување на правото на ортопедски помагала.

Подрачните служби на Фондот во континуитет ги примаат барањата. Покрај ова, подрачните служби се достапни и телефонски преку јавно објавени линии за информации за осигурениците, на кои тие може да се обратат и да добијат информации во врска со сите решенија кои се усогласени со матичните лекари, а преку кои осигурениците можат да ја остварат здравствената заштита, се наведува во соопштението на ФЗОРСМ.

The post Приоритет се исплата на платите, боледувањата, породилното и рефундациите, велат од ФЗО по сајбер-нападот appeared first on Република.

]]>

Функционалноста на системите постепено ќе се враќа, извести попладнево Фондот за здравствено осигурување. Поради сајбер- напад девет дена недостапни беа лични податоци на здравствените осигуреници, а Фондот прво кажа дека се работи за технички пропуст во еден од серверите, а по три дена призна дека базата на податоци е цел на сајбер- напад.
Приоритет е враќањето на функционалноста за исплатите на платите на здравствените работници во јавните здравствени установи, како и враќање на системите на исплата на боледувањата, породилното и рефундациите, информира ФЗОРСМ.
Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ) соопшти дека во претстојните денови постепено ќе се враќаат во функција системите кои неодамна беа хакирани и дека процесот одзема дополнително време, но техничките тимови работат постојано. Eкспертските технички тимови на Фондот утврдиле дека при сајбер-нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот. Фондот денеска испрати и известување до сите јавни и приватни здравствени установи со детални упатства за проверка на осигурениците преку Мој термин, со што ниеден осигуреник не смее да биде вратен од правото на здравствена заштита. Во известувањето нагласува дека не е загрозено правото на здравствена заштита на граѓаните и непречено се одвиваат лекувањата, упатите за прегледите и боледувањата, издавањето рецепти од матичните лекари и издавањето лекови, така што овие здравствени услуги граѓаните може да ги користат без застој. Исто така, усогласени се и решенија за остварување на правото на ортопедски помагала.