порнофилмови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pornofilmovi/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Nov 2023 10:10:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png порнофилмови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pornofilmovi/ 32 32 Уапсени странци во Тиват, снимале порнофилмови во луксузниот комплекс Порто Монтенегро https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapseni-strantsi-vo-tivat-snimale-pornofilmovi-vo-luksuzniot-kompleks-porto-montenegro/ Tue, 07 Nov 2023 10:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=699102

Црногорската полиција уапси неколку странски државјани во луксузниот комплекс Порто Монтенегро во Тиват под сомнение дека учествувале во трговија со луѓе, се со цел создавање и маркетинг на порнографска содржина.

Како што јавува црногорска Побједа, уапсени се О.Б.(34), државјанин на Украина, Б. трговија со В.Г.(43), државјанин на Соединетите Американски Држави, кој претходно бил лишен од слобода, а на штета на 21-годишна жена, што го потврдила и црногорската полиција.

Станува збор за полициска акција каде полициската управа извршила претрес во седум соби од хотел во Тиват при што биле пронајдени 18 странски државјани на Украина, Белорусија, Русија и Израел, како и 10 странски државјани на Соединетите Американски Држави, Украина, Русија, Белорусија и Грција, каде меѓу другото се пронајдени и одземени пари од различни валути, телефони, лаптопи, камери, фотоапарати и други предмети, а во таа прилика е уапсен В.Г..

„Во понатамошната кривична истрага идентификувани се и горенаведените лица кои учествувале во извршувањето на кривичното дело, кои се сомничат дека креирале порнографска содржина во периодот од 26 до 31 октомври со доведување во заблуда и злоупотреба на довербата на оштетените девојки О.Б., Б.П. и О.Л., се сомнева дека по барање на В.Г., чекирале авионски билети за оштетената девојка, а за други девојки биле задолжени за нивниот превоз од аеродром до местото на живеење, набавка на потребни работи, како и создавање порнографска содржина – фотографирање и снимање“, се вели во соопштението на полицијата.

Осомничените се изведени пред државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица.

Во оваа прилика се огласи и министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Сарановиќ, кој рече дека овие апсења се само една во низата победи во безмилосната и трајна борба против криминалот, кој се обидува да ги поткопа темелите на општествениот поредок во Црна Гора.

 

The post Уапсени странци во Тиват, снимале порнофилмови во луксузниот комплекс Порто Монтенегро appeared first on Република.

]]>

Црногорската полиција уапси неколку странски државјани во луксузниот комплекс Порто Монтенегро во Тиват под сомнение дека учествувале во трговија со луѓе, се со цел создавање и маркетинг на порнографска содржина. Како што јавува црногорска Побједа, уапсени се О.Б.(34), државјанин на Украина, Б. трговија со В.Г.(43), државјанин на Соединетите Американски Држави, кој претходно бил лишен од слобода, а на штета на 21-годишна жена, што го потврдила и црногорската полиција. Станува збор за полициска акција каде полициската управа извршила претрес во седум соби од хотел во Тиват при што биле пронајдени 18 странски државјани на Украина, Белорусија, Русија и Израел, како и 10 странски државјани на Соединетите Американски Држави, Украина, Русија, Белорусија и Грција, каде меѓу другото се пронајдени и одземени пари од различни валути, телефони, лаптопи, камери, фотоапарати и други предмети, а во таа прилика е уапсен В.Г.. „Во понатамошната кривична истрага идентификувани се и горенаведените лица кои учествувале во извршувањето на кривичното дело, кои се сомничат дека креирале порнографска содржина во периодот од 26 до 31 октомври со доведување во заблуда и злоупотреба на довербата на оштетените девојки О.Б., Б.П. и О.Л., се сомнева дека по барање на В.Г., чекирале авионски билети за оштетената девојка, а за други девојки биле задолжени за нивниот превоз од аеродром до местото на живеење, набавка на потребни работи, како и создавање порнографска содржина – фотографирање и снимање“, се вели во соопштението на полицијата. Осомничените се изведени пред државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица. Во оваа прилика се огласи и министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Сарановиќ, кој рече дека овие апсења се само една во низата победи во безмилосната и трајна борба против криминалот, кој се обидува да ги поткопа темелите на општествениот поредок во Црна Гора.  

The post Уапсени странци во Тиват, снимале порнофилмови во луксузниот комплекс Порто Монтенегро appeared first on Република.

]]>