порибување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poribuvanje/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Sep 2024 18:12:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png порибување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poribuvanje/ 32 32 Охридското езеро се порибува со пастрмка, ама од албанска страна https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ohridskoto-ezero-se-poribuva-so-pastrmka-ama-od-albanska-strana/ Sat, 14 Sep 2024 18:12:13 +0000 https://republika.mk/?p=816418

Водите на Охридско Езеро, од албанска страна, кај селото Лин, општина Подградец, денеска беа збогатени со околу два милиони парчиња подмладок охридска пастрмка-коран, објави АБЦ њуз.

-За прв пат по три децении вакво рекордно количество се фрла во езерото што го делат Албанија и Македонија, по истражувањето направено пред неколку години, со кое овој редок вид риба беше класифициран како вид во опасност од исчезнување, изјави Олси Чекичи, специјалист од мрестилиштето во Лин.

Според него, иако порибувањето со оваа уникатна риба е обврска за двете држави, од македонска страна, во последните неколку години, не е реализирана ваква активност.

Од албанска страна, пак, во последните четири години езерото е порибено со над 5 милиони парчиња подмладок.

Телевизијата наведува дека овој вид риба со години повеќе не е на листата на загрозени видови, а според специјалистите состојбата е променета, благодарение на свеста на рибарите.

Мерките за забрана на ловот дадоа резултат, рибарите станаа посвесни да го заштитат коранот, кој е многу баран од хотелите и рестораните, како последица на зголемениот број туристи, особено во последните две години

The post Охридското езеро се порибува со пастрмка, ама од албанска страна appeared first on Република.

]]>

Водите на Охридско Езеро, од албанска страна, кај селото Лин, општина Подградец, денеска беа збогатени со околу два милиони парчиња подмладок охридска пастрмка-коран, објави АБЦ њуз.
-За прв пат по три децении вакво рекордно количество се фрла во езерото што го делат Албанија и Македонија, по истражувањето направено пред неколку години, со кое овој редок вид риба беше класифициран како вид во опасност од исчезнување, изјави Олси Чекичи, специјалист од мрестилиштето во Лин.
Според него, иако порибувањето со оваа уникатна риба е обврска за двете држави, од македонска страна, во последните неколку години, не е реализирана ваква активност. Од албанска страна, пак, во последните четири години езерото е порибено со над 5 милиони парчиња подмладок. Телевизијата наведува дека овој вид риба со години повеќе не е на листата на загрозени видови, а според специјалистите состојбата е променета, благодарение на свеста на рибарите. Мерките за забрана на ловот дадоа резултат, рибарите станаа посвесни да го заштитат коранот, кој е многу баран од хотелите и рестораните, како последица на зголемениот број туристи, особено во последните две години

The post Охридското езеро се порибува со пастрмка, ама од албанска страна appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Извршивме порибување на рекреативната зона акумулацијата Градче со подмладок на крап https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-izvrshivme-poribuvane-na-rekreativnata-zona-akumulatsijata-gradche-so-podmladok-na-krap/ Sat, 27 Apr 2024 11:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=771644

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на Кочанскиот регион и општина Чешиново-Облешево каде што оствари повеќе средби со земјоделците од овој регион, но исто така изврши и порибување на акумулацијата Градче.

Денеска заедно со пратениците, градоначалникот и концесионерот извршивме порибување на акумулацијата Градче со 185 килограми подмладок на крап. Подмладокот е обезбеден од репро центарот Акватика и истиот поседува здравствен сертификат, порибувањето се изврши во присуство на инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство, изјави Трипуновски.

Порибувањето се врши се со цел одржување на рибниот фонд во акумулациите ширум територијата на Република Македонија и овозможува одржување на водниот свет како и можност за рекреативен риболов.

Зачувување на рибниот фонд во Република Македонија е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе извршиме порибување и на останатите акумулации за да го зачуваме еко системот и рибниот фонд во Република Македонија, истакна Цветан Трипуновски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

The post Трипуновски: Извршивме порибување на рекреативната зона акумулацијата Градче со подмладок на крап appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на Кочанскиот регион и општина Чешиново-Облешево каде што оствари повеќе средби со земјоделците од овој регион, но исто така изврши и порибување на акумулацијата Градче. Денеска заедно со пратениците, градоначалникот и концесионерот извршивме порибување на акумулацијата Градче со 185 килограми подмладок на крап. Подмладокот е обезбеден од репро центарот Акватика и истиот поседува здравствен сертификат, порибувањето се изврши во присуство на инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство, изјави Трипуновски. Порибувањето се врши се со цел одржување на рибниот фонд во акумулациите ширум територијата на Република Македонија и овозможува одржување на водниот свет како и можност за рекреативен риболов. Зачувување на рибниот фонд во Република Македонија е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе извршиме порибување и на останатите акумулации за да го зачуваме еко системот и рибниот фонд во Република Македонија, истакна Цветан Трипуновски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

The post Трипуновски: Извршивме порибување на рекреативната зона акумулацијата Градче со подмладок на крап appeared first on Република.

]]>