порцелански прибор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/porcelanski-pribor/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Feb 2022 21:20:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png порцелански прибор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/porcelanski-pribor/ 32 32 Мирчески: Моравме да купиме луксузен кујнски прибор за Владата, позајмувавме од ресторани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mircheski-moravme-da-kupime-luksuzen-kujnski-pribor-za-vladata-pozajmuvavme-od-restorani/ Sun, 06 Feb 2022 21:20:32 +0000 https://republika.mk/?p=454861

Пеце Мирчески, директорот на Службата за општи и заеднички работи, сервисното тело на Владата, вели дека последниот луксузен кујнски прибор е купен во времето кога претседател на државата бил Киро Глигоров.

37 илјади евра чини новиот кујнски прибор на Владата кој го набавува Службата за општи и заеднички работи. „Еурефи Инжинеринг“, „ДЛ Конкорд“ и „Дидакс“, сите три фирми од Скопје. Јавната набавка предизвика големо внимание во јавноста пред еден месец кога беше извесно дека Димитар ковачевски ќе биде нов премиер на местото на Зоран Заев. Договорот беше склучен во ек на енергетска и инфлациска криза.

- Последните вакви чинии се купени во 1996 во времето на Глигоров. Од тогаш наваму таков тип на чинии не се набавени. Тоа е потрошен материјал и срамота е да немаме такви. Тоа се 30 комплети и тоа е најпотребно кога се пречекуваат странски делегации од висок ранг, рече Мирчески за ТВ24.

Тој додава дека досега било срамота ваков прибор да се позајмува од ресторани за дочек на делегации.

- Ако видите на интернет, цената е многу пониска во однос на цената на пазарот ако сакате да купите поединечно, додаде првиот човек на СОЗР.

Ковачевски додека беше мандатар најави дека ќе го преиспита тендерот за набавка на нов прибор во владината кујна доколку не е соодветен на потребите.

The post Мирчески: Моравме да купиме луксузен кујнски прибор за Владата, позајмувавме од ресторани appeared first on Република.

]]>

Пеце Мирчески, директорот на Службата за општи и заеднички работи, сервисното тело на Владата, вели дека последниот луксузен кујнски прибор е купен во времето кога претседател на државата бил Киро Глигоров. 37 илјади евра чини новиот кујнски прибор на Владата кој го набавува Службата за општи и заеднички работи. „Еурефи Инжинеринг“, „ДЛ Конкорд“ и „Дидакс“, сите три фирми од Скопје. Јавната набавка предизвика големо внимание во јавноста пред еден месец кога беше извесно дека Димитар ковачевски ќе биде нов премиер на местото на Зоран Заев. Договорот беше склучен во ек на енергетска и инфлациска криза.