поразително Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/porazitelno/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Mar 2022 16:52:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поразително Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/porazitelno/ 32 32 Милошоски: Бројките од пописот се поразителни, а операцијата некомплетна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-brojkite-od-popisot-se-porazitelni-a-operacijata-nekompletna/ Wed, 30 Mar 2022 13:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=480952

Пописот, ваков каков што е во Република Македонија, покажува алармантни бројки коишто се поразителни за сите општини освен за градот Скопје, и за целата држава, особено со тоа што имаме преголемо иселување. Пописот власта сака да го покаже како успех, иселувањето покажува дека истиот е неуспех, а бројката од 7.2 отсто неизјаснети покажува дека овој попис е некомплетен, оцени во средата на прес-конференција Антонијо Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Пописните бројки се показател за неуспех бидејќи има силен бран на иселувања, имаме операција спроведена со низа забелешки, и со многу политика и затоа сметаме дека ваквите бројките секој има право во истите да се сомнева, рече Милошоски.

Посочи дека како партија ВМРО-ДПМНЕ не сакале да коментираат додека не излезат официјалните бројки, но речи дека она што со сигурност може да се констатира дека и пред објавата на резултатите и за време на самата објава на резултатите партиите од власта се играа со проценти и се уште го прават тоа што пописот многу го политизира.

Во Македонија денеска беше објавено колку има население, како е тоа население дистрибуирано по региони, општини, по градови, и како е тоа население по етничка припадност изјаснето. Но, за првпат во Македонија имаме една сериозна бројка од 7.2% или повеќе од 132.000 за коишто Државнито завод за статистика и покрај тоа што ги има на располагање сите механизми од образование, до лични карти, матични броеви, изјаснување, по други институции, не успеал да ја дефинира припадноста на овие 132.000 македонски граѓани, жители на државата“, посочи Милошоски.

Затоа, рече пратеникот, сметаат дека Државниот завод за статистика не се потрудил да ги искористи податоците за да го направи овој попис да изгледа комплетен. Ваквите податоци, пописот го прават некомплетен.

Имаме 7,2% коишто го бојкотирале пописот тоа се повеќе од 132.000 граѓани, а живеат во државата. Имајќи предвид дека дел од Македонците овој попис го бојкотираа. Бројките на ДЗС требаше да се соопштат откако ќе се дефинираше припадноста на секој жител кој не се попишал или не се изјаснил на пописот. Затоа денес имаме некомплетен попис во овој дел.

Како може тоа да се заклучи. Едноставно е, ќе споменам неколку средини и општини каде што е поголема бројката на граѓани кои не се попишале или не се изјасниле по етничка основа, а според нашите податоци добиени од најмногу секторот образование можеме да заклучиме дека нивниот број во најголем дел се работи за Македонци.

Во општина Аеродром имаме 5.247 Македонци кои не се попишани, во општина Ѓорче Петров имаме 4.450 Македонци кои не се попишани, во општина Центар 5.000, исто и во Битола повеќе од 5.000, во општина Велес 4.700 Македонци, Кавадарци 2.500, во Кочани 2.400 Македонци не се попишале, во Охрид 4.300 Македонци коишто не се попишале, во Прилеп 5.000 Македонци, во Струмица имаме рекордни 6.640 Македонци кои не се попишан, во Штип околу 4.400 Македонци кои не се попишале на оваа статистичка операција. И со тоа сметаме дека оваа статистичка операција неуспевајќи да ги дефинира сите параметри на овие присутни жители во државата го прави пописот некомплетен.

Само овие неколку општини кои ги набројав има повеќе од 60.000 неизјаснети коишто стојат во таква графа, жители во Македонија неизјаснети по национална основа. И затоа според нас, овој попис во тој дел е некомплетен и грешката, недостатокот е во ДЗС.

ВМРО-ДПМНЕ и покрај многуте забелешки повика на масовно попишување за време на овој попис и со тоа го дадовме нашиот придонес, но за жал имаше и одредени актери кои што повикуваа на бојкот и бојкотот нанесе одредена штета на податоците на овој попис, на комплетноста на овој попис и на штета на Македонците.

Споредбено со пописот од 2002 година има околу 200.000 граѓани кои што се иселени и сметаме дека оваа бројка е поразителна на државата, за сите општини, а особено за неуспешните економски политики на актуелната влада, рече Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ, продолжи пратеникот, сметајќи дека овој попис е некомплетен се обврзува по смената на власта да спроведе чисто електронски попис по сите европски стандарди кои што може да биде и комплетен, и веродостоен и да ги нема фалинките и недостатоците кои што ги имаат овие пописни бројки.

The post Милошоски: Бројките од пописот се поразителни, а операцијата некомплетна appeared first on Република.

]]>

Пописот, ваков каков што е во Република Македонија, покажува алармантни бројки коишто се поразителни за сите општини освен за градот Скопје, и за целата држава, особено со тоа што имаме преголемо иселување. Пописот власта сака да го покаже како успех, иселувањето покажува дека истиот е неуспех, а бројката од 7.2 отсто неизјаснети покажува дека овој попис е некомплетен, оцени во средата на прес-конференција Антонијо Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Пописните бројки се показател за неуспех бидејќи има силен бран на иселувања, имаме операција спроведена со низа забелешки, и со многу политика и затоа сметаме дека ваквите бројките секој има право во истите да се сомнева, рече Милошоски.
Посочи дека како партија ВМРО-ДПМНЕ не сакале да коментираат додека не излезат официјалните бројки, но речи дека она што со сигурност може да се констатира дека и пред објавата на резултатите и за време на самата објава на резултатите партиите од власта се играа со проценти и се уште го прават тоа што пописот многу го политизира.
Во Македонија денеска беше објавено колку има население, како е тоа население дистрибуирано по региони, општини, по градови, и како е тоа население по етничка припадност изјаснето. Но, за првпат во Македонија имаме една сериозна бројка од 7.2% или повеќе од 132.000 за коишто Државнито завод за статистика и покрај тоа што ги има на располагање сите механизми од образование, до лични карти, матични броеви, изјаснување, по други институции, не успеал да ја дефинира припадноста на овие 132.000 македонски граѓани, жители на државата“, посочи Милошоски.
Затоа, рече пратеникот, сметаат дека Државниот завод за статистика не се потрудил да ги искористи податоците за да го направи овој попис да изгледа комплетен. Ваквите податоци, пописот го прават некомплетен.
Имаме 7,2% коишто го бојкотирале пописот тоа се повеќе од 132.000 граѓани, а живеат во државата. Имајќи предвид дека дел од Македонците овој попис го бојкотираа. Бројките на ДЗС требаше да се соопштат откако ќе се дефинираше припадноста на секој жител кој не се попишал или не се изјаснил на пописот. Затоа денес имаме некомплетен попис во овој дел. Како може тоа да се заклучи. Едноставно е, ќе споменам неколку средини и општини каде што е поголема бројката на граѓани кои не се попишале или не се изјасниле по етничка основа, а според нашите податоци добиени од најмногу секторот образование можеме да заклучиме дека нивниот број во најголем дел се работи за Македонци. Во општина Аеродром имаме 5.247 Македонци кои не се попишани, во општина Ѓорче Петров имаме 4.450 Македонци кои не се попишани, во општина Центар 5.000, исто и во Битола повеќе од 5.000, во општина Велес 4.700 Македонци, Кавадарци 2.500, во Кочани 2.400 Македонци не се попишале, во Охрид 4.300 Македонци коишто не се попишале, во Прилеп 5.000 Македонци, во Струмица имаме рекордни 6.640 Македонци кои не се попишан, во Штип околу 4.400 Македонци кои не се попишале на оваа статистичка операција. И со тоа сметаме дека оваа статистичка операција неуспевајќи да ги дефинира сите параметри на овие присутни жители во државата го прави пописот некомплетен. Само овие неколку општини кои ги набројав има повеќе од 60.000 неизјаснети коишто стојат во таква графа, жители во Македонија неизјаснети по национална основа. И затоа според нас, овој попис во тој дел е некомплетен и грешката, недостатокот е во ДЗС. ВМРО-ДПМНЕ и покрај многуте забелешки повика на масовно попишување за време на овој попис и со тоа го дадовме нашиот придонес, но за жал имаше и одредени актери кои што повикуваа на бојкот и бојкотот нанесе одредена штета на податоците на овој попис, на комплетноста на овој попис и на штета на Македонците. Споредбено со пописот од 2002 година има околу 200.000 граѓани кои што се иселени и сметаме дека оваа бројка е поразителна на државата, за сите општини, а особено за неуспешните економски политики на актуелната влада, рече Милошоски.