пораз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poraz/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Jun 2024 19:01:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пораз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poraz/ 32 32 Прв пораз на Мундијалот за македонските младински ракометарки https://arhiva3.republika.mk/vesti/prv-poraz-na-mundijalot-za-makedonskite-mladinski-rakometarki/ Fri, 21 Jun 2024 19:01:17 +0000 https://republika.mk/?p=789646

Младинската женска селекција на Македонија го претрпе првиот пораз на Светското првенство чиј домаќин е нашата земја.

Избраничките на Дарко Јанев беа надиграни од репрезентацијата на Исланд со 29:17. Убедливниот пораз се должи на пад во вториот дел кој го загубивме со 18:6 или поточно противникот целата предност ја стекна во овие 30 минути.

Утре мечот со Ангола од 20,15 часот е клучен за пласман во втората фаза. Двете репрезнтации ќе влезат со учинок 1-1 со тоа што африканките имаат подобра гол разлика.

 

The post Прв пораз на Мундијалот за македонските младински ракометарки appeared first on Република.

]]>

Младинската женска селекција на Македонија го претрпе првиот пораз на Светското првенство чиј домаќин е нашата земја. Избраничките на Дарко Јанев беа надиграни од репрезентацијата на Исланд со 29:17. Убедливниот пораз се должи на пад во вториот дел кој го загубивме со 18:6 или поточно противникот целата предност ја стекна во овие 30 минути. Утре мечот со Ангола од 20,15 часот е клучен за пласман во втората фаза. Двете репрезнтации ќе влезат со учинок 1-1 со тоа што африканките имаат подобра гол разлика.  

The post Прв пораз на Мундијалот за македонските младински ракометарки appeared first on Република.

]]>
Зиков со песна им честиташе пораз на СДСМ (ВИДЕО) https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zikov-so-pesna-im-chestitashe-poraz-na-sdsm-video/ Thu, 09 May 2024 15:57:26 +0000 https://republika.mk/?p=776453

Зиков со песна им честиташе пораз на СДСМ...


[video width="368" height="656" mp4="https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/05/442097960_8179387618757826_7283743289775256931_n.mp4"][/video]

The post Зиков со песна им честиташе пораз на СДСМ (ВИДЕО) appeared first on Република.

]]>

Зиков со песна им честиташе пораз на СДСМ...
[video width="368" height="656" mp4="https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/05/442097960_8179387618757826_7283743289775256931_n.mp4"][/video]

The post Зиков со песна им честиташе пораз на СДСМ (ВИДЕО) appeared first on Република.

]]>
Дали СДС го принуди Пендаровски да се кандидира за претседатели затоа што никој друг не се нафаќа на пораз, прашува ВМРО ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-sds-go-prinudi-pendarovski-da-se-kandidira-za-pretsedateli-zatoa-shto-nikoj-drug-ne-se-nafaka-na-poraz-prashuva-vmro-dpmne/ Thu, 29 Feb 2024 08:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=749504

Стево Пендаровски е човек без кредибилитет и интегритет, или со други зборови лиже, таму кај што плукал. Во периодот кој што следи ќе направиме реминисценција на случаи во кои Пендаровски си го погазил својот личен збор и интегритет, а со тоа и го погазил достоинството на народот и на Македонија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Најдобар опис за неговиот карактер е еден бениген пример околу неговата кандидатура за претстојните избори. Пишман Стево Пендаровски успеа да постави рекорд и сам себе да се надмине, односно сам себе да се демантира.

Пендаровски на 6 декември на пладне одговори дека не планира да се кандидира повторно за претседател на изборите закажани за 8 мај следната година, а веќе после еден до два часа да испратат соопштение од неговиот кабинет и да го дообјаснуваат. Или ова е случај на феноменот Стево го демантира Пендаровски, или некој насила го тера пак да се кандидира затоа што во СДС никој не се нафаќа да ги изгуби изборите.

Но едно е сигурно. Пендаровски не е човек од збор и нема свој интегритет. Едно зборува претпладне, се дообјаснува на пладне, а вечерта сосема спротивно прави.

Најлошото е што целиот овој мандат Пендаровски од својата позиција го газеше достоинството на народот и на државата.

За тоа ќе биде казнет на следните избори, се вели во соопштението на партијата.

 

The post Дали СДС го принуди Пендаровски да се кандидира за претседатели затоа што никој друг не се нафаќа на пораз, прашува ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Стево Пендаровски е човек без кредибилитет и интегритет, или со други зборови лиже, таму кај што плукал. Во периодот кој што следи ќе направиме реминисценција на случаи во кои Пендаровски си го погазил својот личен збор и интегритет, а со тоа и го погазил достоинството на народот и на Македонија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Најдобар опис за неговиот карактер е еден бениген пример околу неговата кандидатура за претстојните избори. Пишман Стево Пендаровски успеа да постави рекорд и сам себе да се надмине, односно сам себе да се демантира. Пендаровски на 6 декември на пладне одговори дека не планира да се кандидира повторно за претседател на изборите закажани за 8 мај следната година, а веќе после еден до два часа да испратат соопштение од неговиот кабинет и да го дообјаснуваат. Или ова е случај на феноменот Стево го демантира Пендаровски, или некој насила го тера пак да се кандидира затоа што во СДС никој не се нафаќа да ги изгуби изборите. Но едно е сигурно. Пендаровски не е човек од збор и нема свој интегритет. Едно зборува претпладне, се дообјаснува на пладне, а вечерта сосема спротивно прави. Најлошото е што целиот овој мандат Пендаровски од својата позиција го газеше достоинството на народот и на државата. За тоа ќе биде казнет на следните избори, се вели во соопштението на партијата.
 

The post Дали СДС го принуди Пендаровски да се кандидира за претседатели затоа што никој друг не се нафаќа на пораз, прашува ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Македонските фудбалерки повторно поразени од Косово https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbalerki-povtorno-porazeni-od-kosovo/ Wed, 01 Nov 2023 21:24:18 +0000 https://republika.mk/?p=697233

Женската А фудбалска репрезентација на Македонија забележа нов пораз од Косово, овој пат на гостински терен во рамките на третото коло од групата 5 во Лигата на нации. Избраничките на селекторот Кирил Изов загубија со 1-3. Ова е трет пораз во досегашните три одиграни квалификациски натпревари од Лигата на нации.

Единствениот погодок за Македонија го постигна Цоклеска во 90. минута само ја намали предноста и ги постави конечните 3-1.

Македонија: Комненова, Петкова, Коларовска, Милчевска, Ефтинџиовска, Шемсовиќ, Мустафа, Рочи, Марковска, Максути, Петрушевска.

The post Македонските фудбалерки повторно поразени од Косово appeared first on Република.

]]>

Женската А фудбалска репрезентација на Македонија забележа нов пораз од Косово, овој пат на гостински терен во рамките на третото коло од групата 5 во Лигата на нации. Избраничките на селекторот Кирил Изов загубија со 1-3. Ова е трет пораз во досегашните три одиграни квалификациски натпревари од Лигата на нации. Единствениот погодок за Македонија го постигна Цоклеска во 90. минута само ја намали предноста и ги постави конечните 3-1. Македонија: Комненова, Петкова, Коларовска, Милчевска, Ефтинџиовска, Шемсовиќ, Мустафа, Рочи, Марковска, Максути, Петрушевска.

The post Македонските фудбалерки повторно поразени од Косово appeared first on Република.

]]>
Македонските одбојкари поразени во осминафиналето од Италија https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-porazeni-vo-osminafinaleto-od-italija/ Sat, 09 Sep 2023 20:04:11 +0000 https://republika.mk/?p=680361

Македонската одбојкарска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство (ЕП), откако вечерва во Бари беше поразена во осминафиналето од домаќинот Италија со 3-0.

Актуелниот светски и европски првак се покажа пресилен противник за избраниците на селекторот Јошко Миленкоски, кои и пред почетокот на натпреварот ставија до знаење дека натпреварот со Италија ќе биде за уживање и круна на нивните кариери.

Италијанците го добија првиот сет со 25-20, вториот со 25-12, а третиот го решија во своја корист со 25-15.

За македонските одбојкари ова беше трето и најуспешно учество на европските првенства.

Во рамки на групната фаза, која се играше во Скопје, македонските одбојкари го освоија четвртото место во групата Ц и прв пат во историјата обезбедија осминафинале и пласман меѓу 16 најдобри европски селекции.

The post Македонските одбојкари поразени во осминафиналето од Италија appeared first on Република.

]]>

Македонската одбојкарска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство (ЕП), откако вечерва во Бари беше поразена во осминафиналето од домаќинот Италија со 3-0. Актуелниот светски и европски првак се покажа пресилен противник за избраниците на селекторот Јошко Миленкоски, кои и пред почетокот на натпреварот ставија до знаење дека натпреварот со Италија ќе биде за уживање и круна на нивните кариери. Италијанците го добија првиот сет со 25-20, вториот со 25-12, а третиот го решија во своја корист со 25-15. За македонските одбојкари ова беше трето и најуспешно учество на европските првенства. Во рамки на групната фаза, која се играше во Скопје, македонските одбојкари го освоија четвртото место во групата Ц и прв пат во историјата обезбедија осминафинале и пласман меѓу 16 најдобри европски селекции.

The post Македонските одбојкари поразени во осминафиналето од Италија appeared first on Република.

]]>
Втор пораз на македонските кошаркари во олимписките претквалификации https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/vtor-poraz-na-makedonskite-kosharkari-vo-olimpiskite-pretkvalifikatsii/ Sun, 13 Aug 2023 19:11:20 +0000 https://republika.mk/?p=671746

Македонската кошаркарска репрезентација ги загуби шансите за настап на Олимписките игри 2024 во Париз, откако вечерва беше совладана од Естонија со 83-59 и го претрпе вториот пораз на претквалификацискиот турнир во Талин.

По вчерашниот висок пораз од Израел во воведното коло, избраниците на селекторот Александар Јовчевски беа пред императив да го победат домаќинот Естонија за да ги продолжат квалификациите за пласман на Олимпијадата идната година.

Сепак, црвено - жолто катастрофално го почнаа натпреварот, постигнувајќи само седум поени во првата четвртина, а веќе на полувреме беа во двоцифрена негатива од 44-22.

Најефикасен во македонскиот состав беше Војдан Стојановски со 12 поени, еден повеќе од Ти Џеј Ширтс.

Настапот на олимпискиот претквалификациски турнир во естонската престолнина македонските кошаркари ќе го заокружат во вторник против Чешка, која претходно денеска загуби од Израел со 80-67.

The post Втор пораз на македонските кошаркари во олимписките претквалификации appeared first on Република.

]]>

Македонската кошаркарска репрезентација ги загуби шансите за настап на Олимписките игри 2024 во Париз, откако вечерва беше совладана од Естонија со 83-59 и го претрпе вториот пораз на претквалификацискиот турнир во Талин. По вчерашниот висок пораз од Израел во воведното коло, избраниците на селекторот Александар Јовчевски беа пред императив да го победат домаќинот Естонија за да ги продолжат квалификациите за пласман на Олимпијадата идната година. Сепак, црвено - жолто катастрофално го почнаа натпреварот, постигнувајќи само седум поени во првата четвртина, а веќе на полувреме беа во двоцифрена негатива од 44-22. Најефикасен во македонскиот состав беше Војдан Стојановски со 12 поени, еден повеќе од Ти Џеј Ширтс. Настапот на олимпискиот претквалификациски турнир во естонската престолнина македонските кошаркари ќе го заокружат во вторник против Чешка, која претходно денеска загуби од Израел со 80-67.

The post Втор пораз на македонските кошаркари во олимписките претквалификации appeared first on Република.

]]>
Нов пораз на македонските ракометарки на Европското јуниорско првенство https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/nov-poraz-na-makedonskite-rakometarki-na-evropskoto-juniorsko-prvenstvo/ Fri, 14 Jul 2023 13:27:40 +0000 https://republika.mk/?p=661399

Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација го претрпе шестиот пораз во низа на ЕХФ Европското првенство, откако попладнево во романскиот град Миовени загуби од Исланд со 35-29 (20-15) во разигрувањето за пласман од 13. до 16 место.

Најефикасна во македонските редови беше Анастасија Трпеска со шест голови, а еден помалку постигнаа Сара Стефаноска и Марија Јанкуловска.

Во завршниот натпревар на ЕП во Романија, избраничките на селекторот Јулија Дамчевска ќе се обидат да го избегнат последното место, а противник во натпреварот за 15 место ќе биде поразениот тим од дуелот меѓу Србија и Хрватска.

 

The post Нов пораз на македонските ракометарки на Европското јуниорско првенство appeared first on Република.

]]>

Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација го претрпе шестиот пораз во низа на ЕХФ Европското првенство, откако попладнево во романскиот град Миовени загуби од Исланд со 35-29 (20-15) во разигрувањето за пласман од 13. до 16 место. Најефикасна во македонските редови беше Анастасија Трпеска со шест голови, а еден помалку постигнаа Сара Стефаноска и Марија Јанкуловска. Во завршниот натпревар на ЕП во Романија, избраничките на селекторот Јулија Дамчевска ќе се обидат да го избегнат последното место, а противник во натпреварот за 15 место ќе биде поразениот тим од дуелот меѓу Србија и Хрватска.  

The post Нов пораз на македонските ракометарки на Европското јуниорско првенство appeared first on Република.

]]>
Ѓоковиќ со пораз ја започна новата сезона https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-so-poraz-ja-zapochna-novata-sezona/ Mon, 02 Jan 2023 10:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=592734

Новак Ѓоковиќ со пораз ја започна сезоната. Изминатата ноќ, Ѓоковиќ загуби во првото коло на турнирот во Аделаида со Канаѓанецот Васек Поспишил во конкуренција на двојки.

Томислав Бркиќ од Босна и Херцеговина и Еквадорецот Гонсало Ескобар беа подобри од Ѓоковиќ и Поспишил со 4:6, 6:3, 10:5.

По минатогодишното депортирање од Австралија, Ѓоковиќ во Аделаида беше пречекан со овации, но Бркиќ и Ескобар останаа мирни под притисокот.

Босанецот и Еквадорецот спасија шест од седумте брејк топки со кои се соочија во мечот кој траеше еден час и 29 минути. Српско-канадската двојка го доби првиот сет со брејк во третиот гем, вториот го загуби откако во четвртиот гем ривалите им го одземаа сервисот, додека Бркиќ и Ескобар во решавачкиот сет од резултатот 4:4, направија серија и славеа со 10:5 .

Ѓоковиќ вечерва ќе го започне турнирот во сингл, а прв противник ќе му биде Французинот Констант Лестиен.

 

The post Ѓоковиќ со пораз ја започна новата сезона appeared first on Република.

]]>

Новак Ѓоковиќ со пораз ја започна сезоната. Изминатата ноќ, Ѓоковиќ загуби во првото коло на турнирот во Аделаида со Канаѓанецот Васек Поспишил во конкуренција на двојки. Томислав Бркиќ од Босна и Херцеговина и Еквадорецот Гонсало Ескобар беа подобри од Ѓоковиќ и Поспишил со 4:6, 6:3, 10:5. По минатогодишното депортирање од Австралија, Ѓоковиќ во Аделаида беше пречекан со овации, но Бркиќ и Ескобар останаа мирни под притисокот. Босанецот и Еквадорецот спасија шест од седумте брејк топки со кои се соочија во мечот кој траеше еден час и 29 минути. Српско-канадската двојка го доби првиот сет со брејк во третиот гем, вториот го загуби откако во четвртиот гем ривалите им го одземаа сервисот, додека Бркиќ и Ескобар во решавачкиот сет од резултатот 4:4, направија серија и славеа со 10:5 . Ѓоковиќ вечерва ќе го започне турнирот во сингл, а прв противник ќе му биде Французинот Констант Лестиен.  

The post Ѓоковиќ со пораз ја започна новата сезона appeared first on Република.

]]>
Ковачевски не ѝ донесе среќа на Македонија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/makedonija-porazena-od-azerbejdzan-vo-skopje/ Sun, 20 Nov 2022 15:09:54 +0000 https://republika.mk/?p=576165

Македонската фудбалска репрезентација со пораз го завршува последниот меч за оваа година. 1-3 против Азербејџан на Арената „Тодор Проески".

Нашата репрезентација не одигра ништо на дождот и лизгавиот терен. Создадовме само три шанси од две беа пеналот и пречката кој го реализира Енис Барди, а третата беше исто пречка на Атанасов.

Селекторот Милевски ќе мора многу да менува пред стартот на квалификациите во март.
Мечот го следеше и премирот Димитар Ковачевски кој не им донесе среќа на нашите фудбалери.

Стрелци за Азербејџан беа Кафаргулиев (38.минута), Курбанли (65) и Шејдајев (89).

Двете репрезентации натпреварот го завршија со фудбалер помалку поради исклучувањата на Бобан Николов во 52. и Хојат Хагверди во 75. минута.

Пред три дена „црвено-жолтите“ одиграа нерешено 1:1 со Финска, исто така на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

The post Ковачевски не ѝ донесе среќа на Македонија appeared first on Република.

]]>

Македонската фудбалска репрезентација со пораз го завршува последниот меч за оваа година. 1-3 против Азербејџан на Арената „Тодор Проески". Нашата репрезентација не одигра ништо на дождот и лизгавиот терен. Создадовме само три шанси од две беа пеналот и пречката кој го реализира Енис Барди, а третата беше исто пречка на Атанасов. Селекторот Милевски ќе мора многу да менува пред стартот на квалификациите во март. Мечот го следеше и премирот Димитар Ковачевски кој не им донесе среќа на нашите фудбалери. Стрелци за Азербејџан беа Кафаргулиев (38.минута), Курбанли (65) и Шејдајев (89). Двете репрезентации натпреварот го завршија со фудбалер помалку поради исклучувањата на Бобан Николов во 52. и Хојат Хагверди во 75. минута. Пред три дена „црвено-жолтите“ одиграа нерешено 1:1 со Финска, исто така на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

The post Ковачевски не ѝ донесе среќа на Македонија appeared first on Република.

]]>
Македонија поразена од С. Арабија во пријателски меч во Абу Даби https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/makedonija-porazena-od-s-arabija-vo-prijatelski-mech-vo-abu-dabi/ Sat, 22 Oct 2022 16:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=564387

Саудиска Арабија оствари триумф над Македонија во пријателскиот натпревар одигран попладнево во Абу Даби. Саудијците на пет минути пред крајот од средбата успеаја да го најдат патот до мрежата и да дојдат до победата. Голот беше постигнат во миговите кога селекцијата на Милевски беше со играч помалку (му се укажуваше лекарска помош на Бејтулаи).

„Прволигашката“ Македонија не го помина успешно овој „тест“, а сега Милевски има појасна слика на кого може да смета од македонската Прва лига во иднина за пријателските мечеви во ноември, како и за квалификациите идната година. Вреди да се напомене дека беше недосуден чист пенал за Македонија во финишот од средбата, кога еден фудбалер играше со рака на гол линијата.

Во првиот дел главно се играше на средината на теренот, каде што и двата тима се обидоа да создадат неколку шанси за да поведадт, но во тоа не успеаја, барем не да направат некоја посериозна прилика.

Во 12. минута закана од Саудиска Арабија преку Абдулрахман, само над голот, а во 17. минута интервенција на Наумовски после закана од АлАбед. Шанса за противнапад во 22. минута на Македонија, но непрецизно завршно додавање до Ибраими кој беше во добра позиција. Во 42. минута последен обид во првиот дел од слободен удар, но Албурајк шутира само над голот на Наумовски. Во последните мигови мал притисок на С.Арабија, но сето тоа без проблеми за македонската селекција.

Вториот дел почна со шанса за Македонија, но ударот на Максимов беше блокиран, а потоа во продолжение не успеа ниту нововлезениот Стојановски. Во 53. минута незгоден удар на Алхамдан, а Наумовски избива во корнер. Следува период на измени, во 58. минута влегуваат Трапановски, Шабани, Николов и Алексовски, а излегуваат Хасани, Максимов, Адем и Наумовски, а нешто подоцна и Мерџани влегува на местото на Велковски.

Во 60. минута селекторот на Саудиска Арабија го смени целиот тим.

Најубавата шанса Македонија ја имаше во 67. минута, но благодарение на интервенцијата на голманот надвор од шеснаесетникот, спречи чиста шанса за Дориев, кој доби топка од Бејтулаи. Следуваше одлична интервенција на Алексовски после обидот на АлАкиди од работ на шесенаесеникот. Голманот на Македонија го брани и ударот на Абдулхамид во 81. минута од средбата. Алексовски изби во корнер.

На пет минути пред крајот на средбата, Саудиска Арабија дојде до предност. Македонија беше со играч помалку откако на Бејтулаи му се укажуваше лекарска помош, па штотуку требаше да влезе, Саудијците нафрлија во шеснаесетникот на Алексовски, а Алшехри со глава го совлада Алексовски.

Бејтулаи во 88. минута го напушти теренот, и влезе Младеновски.

Во финишот од средбата возбудувања пред голот на Саудиска Арабија, и недосуден очигледен пенал за Македонија. Но, на изненадување на сите судијата Ал Калтери не покажа на белата точка и тоа во два наврати. Најпрво Стојановски беше фаулиран во шеснеаесетникот, а уште почудна е одлуката судијата да не досуди пенал откако еден играч со рака интервенираше на гол линијата по удар на Трапановски.

Ова беше и последно возбудување на средбата, по што судијата свирна крај на средбата.

 

The post Македонија поразена од С. Арабија во пријателски меч во Абу Даби appeared first on Република.

]]>

Саудиска Арабија оствари триумф над Македонија во пријателскиот натпревар одигран попладнево во Абу Даби. Саудијците на пет минути пред крајот од средбата успеаја да го најдат патот до мрежата и да дојдат до победата. Голот беше постигнат во миговите кога селекцијата на Милевски беше со играч помалку (му се укажуваше лекарска помош на Бејтулаи). „Прволигашката“ Македонија не го помина успешно овој „тест“, а сега Милевски има појасна слика на кого може да смета од македонската Прва лига во иднина за пријателските мечеви во ноември, како и за квалификациите идната година. Вреди да се напомене дека беше недосуден чист пенал за Македонија во финишот од средбата, кога еден фудбалер играше со рака на гол линијата. Во првиот дел главно се играше на средината на теренот, каде што и двата тима се обидоа да создадат неколку шанси за да поведадт, но во тоа не успеаја, барем не да направат некоја посериозна прилика. Во 12. минута закана од Саудиска Арабија преку Абдулрахман, само над голот, а во 17. минута интервенција на Наумовски после закана од АлАбед. Шанса за противнапад во 22. минута на Македонија, но непрецизно завршно додавање до Ибраими кој беше во добра позиција. Во 42. минута последен обид во првиот дел од слободен удар, но Албурајк шутира само над голот на Наумовски. Во последните мигови мал притисок на С.Арабија, но сето тоа без проблеми за македонската селекција. Вториот дел почна со шанса за Македонија, но ударот на Максимов беше блокиран, а потоа во продолжение не успеа ниту нововлезениот Стојановски. Во 53. минута незгоден удар на Алхамдан, а Наумовски избива во корнер. Следува период на измени, во 58. минута влегуваат Трапановски, Шабани, Николов и Алексовски, а излегуваат Хасани, Максимов, Адем и Наумовски, а нешто подоцна и Мерџани влегува на местото на Велковски. Во 60. минута селекторот на Саудиска Арабија го смени целиот тим. Најубавата шанса Македонија ја имаше во 67. минута, но благодарение на интервенцијата на голманот надвор од шеснаесетникот, спречи чиста шанса за Дориев, кој доби топка од Бејтулаи. Следуваше одлична интервенција на Алексовски после обидот на АлАкиди од работ на шесенаесеникот. Голманот на Македонија го брани и ударот на Абдулхамид во 81. минута од средбата. Алексовски изби во корнер. На пет минути пред крајот на средбата, Саудиска Арабија дојде до предност. Македонија беше со играч помалку откако на Бејтулаи му се укажуваше лекарска помош, па штотуку требаше да влезе, Саудијците нафрлија во шеснаесетникот на Алексовски, а Алшехри со глава го совлада Алексовски. Бејтулаи во 88. минута го напушти теренот, и влезе Младеновски. Во финишот од средбата возбудувања пред голот на Саудиска Арабија, и недосуден очигледен пенал за Македонија. Но, на изненадување на сите судијата Ал Калтери не покажа на белата точка и тоа во два наврати. Најпрво Стојановски беше фаулиран во шеснеаесетникот, а уште почудна е одлуката судијата да не досуди пенал откако еден играч со рака интервенираше на гол линијата по удар на Трапановски. Ова беше и последно возбудување на средбата, по што судијата свирна крај на средбата.  

The post Македонија поразена од С. Арабија во пријателски меч во Абу Даби appeared first on Република.

]]>
Македонските ракометарки со пораз од Турција стартуваа на Медитеранските игри https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometarki-so-poraz-od-turcija-startuvaa-na-mediteranskite-igri/ Thu, 30 Jun 2022 15:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=521679

Македонската женска ракометна репрезентација загуби попладнево од Турција со 27:34 (16:19) во првиот натпревар на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран.

Најефикасна во македонските редови беше Јована Кипријановска со шест погодоци. Гол помалку постигна Ивана Џатевска, додека Теодора Дукоска и Борјана Коцева натпреварот го завршија со по четири голови.

Втор противник на македонските ракометарки на Медитеранските игри ќе биде Србија, а натпреварот е закажан за утре со почеток во 13:15 по македонско време.

The post Македонските ракометарки со пораз од Турција стартуваа на Медитеранските игри appeared first on Република.

]]>

Македонската женска ракометна репрезентација загуби попладнево од Турција со 27:34 (16:19) во првиот натпревар на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран. Најефикасна во македонските редови беше Јована Кипријановска со шест погодоци. Гол помалку постигна Ивана Џатевска, додека Теодора Дукоска и Борјана Коцева натпреварот го завршија со по четири голови. Втор противник на македонските ракометарки на Медитеранските игри ќе биде Србија, а натпреварот е закажан за утре со почеток во 13:15 по македонско време.

The post Македонските ракометарки со пораз од Турција стартуваа на Медитеранските игри appeared first on Република.

]]>
Македонските одбојкари остана без финале во Сребрената лига https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-ostana-bez-finale-vo-srebrenata-liga/ Sat, 18 Jun 2022 16:25:27 +0000 https://republika.mk/?p=516749

Македонската машка одбојкарска репрезентација попладнево во Будимпешта загуби од Финска со 3-1 во првиот натпревар од полуфиналето на Европската сребрена лига.

Финците го добија првиот сет со 25-22, Македонците возвратија во вториот со 25-20. Следуваше пад во играта на „црвено-жолтите“ и убедливи 25-18 и 25-16 за нордиските одбојкари за конечна победа и пласман во финалето.

Во второто полуфинале вечерва од 19 часот играат домаќинот на завршниот турнир Унгарија и Романија.

Победникот утре ќе се бори за трофејот, додека поразениот ќе игра со македонската селекција во мечот за третото место.

The post Македонските одбојкари остана без финале во Сребрената лига appeared first on Република.

]]>

Македонската машка одбојкарска репрезентација попладнево во Будимпешта загуби од Финска со 3-1 во првиот натпревар од полуфиналето на Европската сребрена лига. Финците го добија првиот сет со 25-22, Македонците возвратија во вториот со 25-20. Следуваше пад во играта на „црвено-жолтите“ и убедливи 25-18 и 25-16 за нордиските одбојкари за конечна победа и пласман во финалето. Во второто полуфинале вечерва од 19 часот играат домаќинот на завршниот турнир Унгарија и Романија. Победникот утре ќе се бори за трофејот, додека поразениот ќе игра со македонската селекција во мечот за третото место.

The post Македонските одбојкари остана без финале во Сребрената лига appeared first on Република.

]]>
Одбојкарите поразени од Албанија! https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/odbojkarite-porazeni-od-albanija/ Wed, 01 Jun 2022 20:20:43 +0000 https://republika.mk/?p=509931

Одбојкарската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Албанија со 1-3 (23-25, 25-20, 25-17 и 25-22) во натпревар од третото коло од годинашната Европска сребрена лига.

Популарните „Спартанци“ споро го отворија натпреварот. Имаа негатива во целиот прв сет кој го загубија со 23-25. Во вториот дел нашите одбојкари заиграа на ниво и со сигурни 25-20 успеаја да израмнат на 1-1.

Кога се мислеше дека почетната опуштеност е помината и дека ќе го приведеме мечот до крајот, Албанците одиграа повторно одлично и со убедливи 17-25 го освоија третиот сет и поведоа со 2-1.

Во четвртиот сет продолжи големата борба во која подобро се снајдоа Албанците и со 25-22 успеаја да ја забележат првата победа против Македонија.

The post Одбојкарите поразени од Албанија! appeared first on Република.

]]>

Одбојкарската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Албанија со 1-3 (23-25, 25-20, 25-17 и 25-22) во натпревар од третото коло од годинашната Европска сребрена лига. Популарните „Спартанци“ споро го отворија натпреварот. Имаа негатива во целиот прв сет кој го загубија со 23-25. Во вториот дел нашите одбојкари заиграа на ниво и со сигурни 25-20 успеаја да израмнат на 1-1. Кога се мислеше дека почетната опуштеност е помината и дека ќе го приведеме мечот до крајот, Албанците одиграа повторно одлично и со убедливи 17-25 го освоија третиот сет и поведоа со 2-1. Во четвртиот сет продолжи големата борба во која подобро се снајдоа Албанците и со 25-22 успеаја да ја забележат првата победа против Македонија.

The post Одбојкарите поразени од Албанија! appeared first on Република.

]]>
Пораз за сите: Две третини од младите во Македонија сакаат да се иселат, повеќе од 83 отсто не им веруваат на институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poraz-za-site-dve-tretini-od-mladite-vo-makedonija-sakaat-da-se-iselat-povekje-od-83-otsto-ne-im-veruvaat-na-instituciite/ Mon, 18 Apr 2022 14:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=490139

Населението старее, а две третини од младите сакаат да се иселат од државата и доколку им се пружи приликата би го сториле тоа, затоа е потребна итна акција од страна на законодавната и извршната власт и политики кои ги решаваат проблемите на младите, но и политики кои доследно ќе се спроведуваат, беа дел од заклучоците на јавната дебата „Демографски трендови на младата популација“ што денеска се одржа во Собранието. Организатори на дебатата се Клубот за младински прашања и политики на Собранието, во соработка со граѓанските организации Реактор – Истражување во акција и Младински образовен форум, а со поддршка на Фондацијата за демократија Вестминстер.

Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова изјави дека дебатата произлезе од добиените бројки од пописот во делот што се однесува на младите.

Целта беше да овозможиме дискусија за податоците од пописот на населението, особено оние што се однесуваат на младите лица. Видовме дека тие бројки навистина се загрижувачки, дека населението старее, а процентот на младите луѓе кои својата иднина ја гледаат надвор од државата се повеќе се зголемува, изјави Зајкова.

Таа посочи дека итно треба да се види што може да за преземе со цел нашата држава да се направи атрактивна за младите.

Зајкова се осврнаа и на Стратегијата на млади, која засега ја немаме, односно е истечена, за националните стратегии кои се однесуваат на „одливот на мозоци“ или што може државата да направи за имплементација на важни закони кои ги засегаат младите, како законите за млади, за високо образование, за средно образование и за средно стручно образование.

Во текот на дебатата излагања имаа повеќе претставници од младинскиот граѓански сектор и од дел од институциите.

Истражувачот од Реактор, Блажен Малески посочи дека населението ни старее, а во 2002 младите сочинувале 23,8 отсто од вкупното население.

Денеска имаме 17,8 отсто млади од вкупниот број на граѓани. Односно, 150.000 млади помалку имаме во 2022, што укажува на сериозна демографска промена. Од она што можеме да го видиме од првичните податоци, 10.5 отсто од младите (15-29 години) заминале од државата и не се резидентно население. Вкупно 53.900 млади не се повеќе во земјата. Можеме да забележиме тренд на база на податоци од оние што биле млади во 2002 година, денеска би имале 35 до 49 години, 100.000 си заминале. Односно 20,8 отсто од оние кои биле млади во 2002 година заминале и не се денеска во државата, изјави Малески.

Извршната директорка на Младинскиот образовен форум (МОФ), Теодора Столевска посочи дека младинските организации со години спроведуваат истражувања и апелираат дека младите сакаат да се иселат од државата, а пописот, како што рече, ни потврди дека голем број веќе се отселиле.

Според последното истражување на Фондацијата за демократија Вестминстер, две третини од младите сакаат да се иселат од државата и доколку им се пружи приликата би се иселиле од неа. Ваквите ставови се засновани на неквалитетното образование кои младите го добиваат во државата, големата стапка на невработеност кај младите и ниските примања кои младите ги имаат. Дополнително треба да се напомене дека прашањата кои се однесуваат на младите, иако значајни, не се единствени причини пораки кои младите се иселуваат. Високата стапка на корупција не доведе во ситуација каде повеќе од 83 отсто од младите не им веруваат на институциите, рече Столевска.

Таа информира дека покрај нискиот квалитет на образование и ниските примања, квалитетот на здравството, животната средина и социо-политичките услови се дополнителни причини поради кои младите си заминуваат од државата.

Потребна ни е итна акција од страна на законодавната и извршната власт. Ни требаат политики кои ги решаваат овие проблеми на младите, но и политики кои доследно ќе се спроведуваат, нагласи Столевска.

Дел од граѓанските организации ги претставија проблемите со кои се соочуваат младите, почнувајќи од основно, средно и високо образование. Ги наведоа лошите хигиенски услови во училиштата, застарените образовни програми, начинот на сместување во студентски домови, потребата од поголема пракса пред првото вработување и потребата од работа и поголеми плати. Според нив, во некои општини има службеници за млади кои не си ја вршат својата функција.

Предлозите и препораките од дебатата ќе бидат сублимирани во рамки на една работна група и претставени до извршната власт. Се очекува за неколку месеци да се одржи расправа и да се види што се преземало во меѓувреме за младинските политики.

The post Пораз за сите: Две третини од младите во Македонија сакаат да се иселат, повеќе од 83 отсто не им веруваат на институциите appeared first on Република.

]]>

Населението старее, а две третини од младите сакаат да се иселат од државата и доколку им се пружи приликата би го сториле тоа, затоа е потребна итна акција од страна на законодавната и извршната власт и политики кои ги решаваат проблемите на младите, но и политики кои доследно ќе се спроведуваат, беа дел од заклучоците на јавната дебата „Демографски трендови на младата популација“ што денеска се одржа во Собранието. Организатори на дебатата се Клубот за младински прашања и политики на Собранието, во соработка со граѓанските организации Реактор – Истражување во акција и Младински образовен форум, а со поддршка на Фондацијата за демократија Вестминстер. Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова изјави дека дебатата произлезе од добиените бројки од пописот во делот што се однесува на младите.
Целта беше да овозможиме дискусија за податоците од пописот на населението, особено оние што се однесуваат на младите лица. Видовме дека тие бројки навистина се загрижувачки, дека населението старее, а процентот на младите луѓе кои својата иднина ја гледаат надвор од државата се повеќе се зголемува, изјави Зајкова.
Таа посочи дека итно треба да се види што може да за преземе со цел нашата држава да се направи атрактивна за младите. Зајкова се осврнаа и на Стратегијата на млади, која засега ја немаме, односно е истечена, за националните стратегии кои се однесуваат на „одливот на мозоци“ или што може државата да направи за имплементација на важни закони кои ги засегаат младите, како законите за млади, за високо образование, за средно образование и за средно стручно образование. Во текот на дебатата излагања имаа повеќе претставници од младинскиот граѓански сектор и од дел од институциите. Истражувачот од Реактор, Блажен Малески посочи дека населението ни старее, а во 2002 младите сочинувале 23,8 отсто од вкупното население.
Денеска имаме 17,8 отсто млади од вкупниот број на граѓани. Односно, 150.000 млади помалку имаме во 2022, што укажува на сериозна демографска промена. Од она што можеме да го видиме од првичните податоци, 10.5 отсто од младите (15-29 години) заминале од државата и не се резидентно население. Вкупно 53.900 млади не се повеќе во земјата. Можеме да забележиме тренд на база на податоци од оние што биле млади во 2002 година, денеска би имале 35 до 49 години, 100.000 си заминале. Односно 20,8 отсто од оние кои биле млади во 2002 година заминале и не се денеска во државата, изјави Малески.
Извршната директорка на Младинскиот образовен форум (МОФ), Теодора Столевска посочи дека младинските организации со години спроведуваат истражувања и апелираат дека младите сакаат да се иселат од државата, а пописот, како што рече, ни потврди дека голем број веќе се отселиле.
Според последното истражување на Фондацијата за демократија Вестминстер, две третини од младите сакаат да се иселат од државата и доколку им се пружи приликата би се иселиле од неа. Ваквите ставови се засновани на неквалитетното образование кои младите го добиваат во државата, големата стапка на невработеност кај младите и ниските примања кои младите ги имаат. Дополнително треба да се напомене дека прашањата кои се однесуваат на младите, иако значајни, не се единствени причини пораки кои младите се иселуваат. Високата стапка на корупција не доведе во ситуација каде повеќе од 83 отсто од младите не им веруваат на институциите, рече Столевска.
Таа информира дека покрај нискиот квалитет на образование и ниските примања, квалитетот на здравството, животната средина и социо-политичките услови се дополнителни причини поради кои младите си заминуваат од државата.
Потребна ни е итна акција од страна на законодавната и извршната власт. Ни требаат политики кои ги решаваат овие проблеми на младите, но и политики кои доследно ќе се спроведуваат, нагласи Столевска.
Дел од граѓанските организации ги претставија проблемите со кои се соочуваат младите, почнувајќи од основно, средно и високо образование. Ги наведоа лошите хигиенски услови во училиштата, застарените образовни програми, начинот на сместување во студентски домови, потребата од поголема пракса пред првото вработување и потребата од работа и поголеми плати. Според нив, во некои општини има службеници за млади кои не си ја вршат својата функција. Предлозите и препораките од дебатата ќе бидат сублимирани во рамки на една работна група и претставени до извршната власт. Се очекува за неколку месеци да се одржи расправа и да се види што се преземало во меѓувреме за младинските политики.

The post Пораз за сите: Две третини од младите во Македонија сакаат да се иселат, повеќе од 83 отсто не им веруваат на институциите appeared first on Република.

]]>
Македонските кошаркари по втор пат поразени од Грузија https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-po-vtor-pat-porazeni-od-gruzija/ Sun, 27 Feb 2022 21:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=464902

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва загуби од Грузија со 79:65 во квалификациите за Светското првенство 2023.

За „црвено-жолтите“ ова беше четврти пораз во исто толку натпревари и втор од Грузија во три дена, по кој остануваат само теоретски шанси да се помине групата во која Грузија има три победи и еден пораз, Шпанија максимални три победи, а Украина една победа и два пораза.

На вечерашниот дуел во СЦ „Борис Трајковски“, македонските кошаркари одиграа добра прва (21:18) и трета четвртина (17:15), но тоа не беше доволно да се избегне пораз од силниот противник.

Ненад Димитријевиќ со 25 поени беше најефикасен во поразениот тим, Мекфаден со 24 поени се истакна во грузискиот состав.

The post Македонските кошаркари по втор пат поразени од Грузија appeared first on Република.

]]>

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва загуби од Грузија со 79:65 во квалификациите за Светското првенство 2023. За „црвено-жолтите“ ова беше четврти пораз во исто толку натпревари и втор од Грузија во три дена, по кој остануваат само теоретски шанси да се помине групата во која Грузија има три победи и еден пораз, Шпанија максимални три победи, а Украина една победа и два пораза. На вечерашниот дуел во СЦ „Борис Трајковски“, македонските кошаркари одиграа добра прва (21:18) и трета четвртина (17:15), но тоа не беше доволно да се избегне пораз од силниот противник. Ненад Димитријевиќ со 25 поени беше најефикасен во поразениот тим, Мекфаден со 24 поени се истакна во грузискиот состав.

The post Македонските кошаркари по втор пат поразени од Грузија appeared first on Република.

]]>
Убедлив триумф на „црвено-црните“ над Еурофарм Пелистер 2: Слатка одмазда на Вардар за поразот во октомври https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/ubedliv-triumf-na-crveno-crnite-nad-eurofarm-pelister-2-slatka-odmazda-na-vardar-za-porazot-vo-oktomvri/ Sat, 12 Feb 2022 17:36:32 +0000 https://republika.mk/?p=457643

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 одигра доминантно и со убедлива победа на домашен терен (32-20) му се одмазди на Еурофарм Пелистер 2, единствениот тим кој го победи на домашната сцена оваа сезона.

Избраниците на Давид Дејвис Камара сериозно си ја сфатија задачата, за разлика од претходниот дуел во Битола кога му дозволија на противникот да има егал-натпревар и да води во одредени моменти. На овој меч Вардар водеше од почетокот до крајот и заслужено го освои целосниот плен во СЦ „Јане Сандански“.

Најдобар кај Вардар беше Тимур Дибиров со седум гола, додека Оливие Њокас и Куни Моралес стрелаа по четири пати, а Филип Талески и Ален Ќосески завршија со по три гола. Кај Еурофарм Пелистер 2 најистакнати беа Павле Петровиќ и Филип Арсеновски, двајцата со по четири гола.

The post Убедлив триумф на „црвено-црните“ над Еурофарм Пелистер 2: Слатка одмазда на Вардар за поразот во октомври appeared first on Република.

]]>

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 одигра доминантно и со убедлива победа на домашен терен (32-20) му се одмазди на Еурофарм Пелистер 2, единствениот тим кој го победи на домашната сцена оваа сезона. Избраниците на Давид Дејвис Камара сериозно си ја сфатија задачата, за разлика од претходниот дуел во Битола кога му дозволија на противникот да има егал-натпревар и да води во одредени моменти. На овој меч Вардар водеше од почетокот до крајот и заслужено го освои целосниот плен во СЦ „Јане Сандански“. Најдобар кај Вардар беше Тимур Дибиров со седум гола, додека Оливие Њокас и Куни Моралес стрелаа по четири пати, а Филип Талески и Ален Ќосески завршија со по три гола. Кај Еурофарм Пелистер 2 најистакнати беа Павле Петровиќ и Филип Арсеновски, двајцата со по четири гола.

The post Убедлив триумф на „црвено-црните“ над Еурофарм Пелистер 2: Слатка одмазда на Вардар за поразот во октомври appeared first on Република.

]]>