порасна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/porasna/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Aug 2022 16:19:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png порасна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/porasna/ 32 32 И цената на маслиновото масло би можела драстично да порасне https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/i-cenata-na-maslinovoto-maslo-bi-mozela-drastichno-da-porasne/ Tue, 09 Aug 2022 17:02:22 +0000 https://republika.mk/?p=538445

Инфлацијата ни тропа на вратата секој ден посилно, па по зголемувањето на цените основните намирмици како лебот, брашното и сончогледовото маслото за јадење, сега и цените на маслиновото масло би можеле да се зголемат за дури 25 отсто во следните три до четири месеци поради топлотниот бран што влијае на производството во Шпанија, предупредува водечкиот шпански извозник Acesur.

Директорот за извоз на компанијата, Мигел Колменеро, смета дека цените би можеле да пораснат за 20 до 25 отсто, пишува Би-Би-Си.

Шпанија произведува речиси половина од светското маслиново масло. Но, таа земја, како и другите региони на Западна Европа каде се произведува маслиново масло, вклучувајќи ги Италија и Португалија, во последните недели е погодена од екстремно високи температури и суша.

Минатата година Шпанија произведе околу 1,4 милиони тони маслиново масло, но Колменеро предупредува дека за оваа сезона се предвидува само еден милион тони, а сувото време може да влијае и на жетвата следната сезона доколку маслинките не никнат нови гранки.

Ова ќе има влијание врз глобалните цени. Во јули, референтната цена на Mintec за екстра девственото маслиново масло се искачи на највисокото ниво досега оваа година, со раст од 7,3 отсто месечно и 14,2 отсто на годишно ниво. Колменеро тврди дека ова на крајот ќе дојде до потрошувачите, иако со задоцнување од три до четири месеци, бидејќи многу компании веќе имаат потпишано 12-месечни договори со трговците на мало.

Според компанијата за истражување на мало Assosia, просечната цена на маслиновото масло од сопствен бренд во четирите најголеми британски синџири супермаркети се зголеми за 50,2 отсто во споредба со август минатата година. Од јуни до јули просечните цени се зголемени за 28,5 отсто.

Ако продолжи сувото време, цените би можеле дополнително да се зголемат, според пазарниот аналитичар на Mintec, Роксан Никоро.

 

The post И цената на маслиновото масло би можела драстично да порасне appeared first on Република.

]]>

Инфлацијата ни тропа на вратата секој ден посилно, па по зголемувањето на цените основните намирмици како лебот, брашното и сончогледовото маслото за јадење, сега и цените на маслиновото масло би можеле да се зголемат за дури 25 отсто во следните три до четири месеци поради топлотниот бран што влијае на производството во Шпанија, предупредува водечкиот шпански извозник Acesur. Директорот за извоз на компанијата, Мигел Колменеро, смета дека цените би можеле да пораснат за 20 до 25 отсто, пишува Би-Би-Си. Шпанија произведува речиси половина од светското маслиново масло. Но, таа земја, како и другите региони на Западна Европа каде се произведува маслиново масло, вклучувајќи ги Италија и Португалија, во последните недели е погодена од екстремно високи температури и суша. Минатата година Шпанија произведе околу 1,4 милиони тони маслиново масло, но Колменеро предупредува дека за оваа сезона се предвидува само еден милион тони, а сувото време може да влијае и на жетвата следната сезона доколку маслинките не никнат нови гранки. Ова ќе има влијание врз глобалните цени. Во јули, референтната цена на Mintec за екстра девственото маслиново масло се искачи на највисокото ниво досега оваа година, со раст од 7,3 отсто месечно и 14,2 отсто на годишно ниво. Колменеро тврди дека ова на крајот ќе дојде до потрошувачите, иако со задоцнување од три до четири месеци, бидејќи многу компании веќе имаат потпишано 12-месечни договори со трговците на мало. Според компанијата за истражување на мало Assosia, просечната цена на маслиновото масло од сопствен бренд во четирите најголеми британски синџири супермаркети се зголеми за 50,2 отсто во споредба со август минатата година. Од јуни до јули просечните цени се зголемени за 28,5 отсто. Ако продолжи сувото време, цените би можеле дополнително да се зголемат, според пазарниот аналитичар на Mintec, Роксан Никоро.  

The post И цената на маслиновото масло би можела драстично да порасне appeared first on Република.

]]>