порака Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poraka/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 09:25:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png порака Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poraka/ 32 32 Да ги поддржуваме и славиме уметниците, да инвестираме во уметничката едукација, рече Владимир Костов во пораката во име на уметниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/da-gi-poddrzhuvame-i-slavime-umetnitsite-da-investirame-vo-umetnichkata-edukatsija-reche-vladimir-kostov-vo-porakata-vo-ime-na-umetnitsite/ Sat, 13 Jul 2024 09:25:26 +0000 https://republika.mk/?p=796350

Важно е да ја препознаеме силата на уметноста и да ја поттикнеме да ја шири својата есенција, да едуцира, да создава здрав звучен амбиент кој ќе му пркоси на шундот и кичот, рече виолинистот Владимир Костов на синоќешното отворање на 64. Охридско лето во Антички театар, пренесувајќа ја пораката во име на уметниците.

Креативност не значи да бидеш различен, ниту комплексен. Креативност значи да бидеш едноставен како Бах, восхитувачки едноставен во лавиринтот на комплексната звучна полифонија. Справувајќи се со комплексноста на современиот свет, да не ја заборавиме важноста на уметноста во нашите животи. Да ги поддржуваме и славиме уметниците, да инвестираме во уметничката едукација и да бидеме сигурни дека уметноста ќе остане длабоко интегрирана во нашето општество, рече Костов, концерт-мајстор во Филхармонијата.

Фестивалот синоќа беше отворен со концерт на литванскиот виолинист со светска кариера Џулијан Рахлин и Македонската Филхармонија.

The post Да ги поддржуваме и славиме уметниците, да инвестираме во уметничката едукација, рече Владимир Костов во пораката во име на уметниците appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на ИВЗ испрати порака за мир, милост и благослов по повод Курбан Бајрам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poglavarot-na-ivz-isprati-poraka-za-mir-milost-i-blagoslov-po-povod-kurban-bajram/ Sun, 16 Jun 2024 08:49:58 +0000 https://republika.mk/?p=788046

Муслиманскиот свет денеска го слави верскиот празник Курбан бајрам. Празникот се слави во текот на четири дена.

Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаху упати порака по повод празникот Курбан бајрам. Фетаху во пораката вели дека празникот Курбан бајрам со сите негови вредности и морални елементи го покажува концептот на воздигнување на општествата и нè учи дека нема големи дела без големи жртви.

„Курбан бајрам, празник кој вклучува три важни настани кои го одведоа светот и човештвото на вистинскиот пат: Во овие денови заврши објавувањето на Чесниот Куран, со кој еднаш засекогаш беа дадени божествените концепти за Алах, човекот и општеството. Во овие денови се извршува петтиот услов – хаџ во благородната Мека, во Каба, Арафат, Мина, Муздалифа и многу други обврски. Верниците на исламот ширум светот ја извршуваат обврската за колење курбан инспирирајќи се од Ибрахим а.с. и Мухаммед а.с. Сите овие божествени заповеди од Големиот Алах му даваат висока вредност на големиот празник Курбан бајрам. Оваа голема прослава на Курбан бајрам му зборува на современиот човек дека, покрај развојот во различни сфери, треба да им се врати на душата, моралот, здравото семејство, благородното општество кое ќе придонесе за зближување меѓу народите, за помагање меѓу луѓето, за запирање на убиствата, војните, масакрите, геноцидите и избегнување на опасните аномалии во општеството кои го уништуваат човечкиот морал“ – посочува Фетаху.

Тој во пораката упатува честитки до граѓаните од муслиманска вероисповед со желба за мир, милост и благослов.

Имам особена чест, во име на ИВЗ и Република Македонија, на сите верници во земјата и во странство, да им упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник Курбан бајрам, молејќи се на Семоќниот Алах да ја прифати нашата молитва, нашата садака, нашата жртва, а особено му се молиме на Алах да го прифати Аџилакот на сите аџии од наша земја кои се молат моментално на светите места. Честитки и нека е благословен празникот Курбан бајрам. Мир, милост и благослов на Големиот Алах нека биде врз вас, вели во видео пораката поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху.

Првиот ден на Курбан бајрам, денеска, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во државава.

Според традицијата, празникот Курбан бајрам се слави во текот на четири дена и курбанот, жртвеното животно, купено со алал пари се коле со мисла да се простат гревовите.

Еден дел од месото на курбанот се остава на домаќините, еден дел им се раздава на сиромашните и соседите, а еден дел се одвојува за гостите кои ќе дојдат на посета за време на Бајрам. За време на Курбан бајрам се посетуваат возрасните, роднините, пријателите и соседите, се помируваат скараните, на децата им се подаруваат пари и бонбони и се посетуваат гробовите на починатите.

The post Поглаварот на ИВЗ испрати порака за мир, милост и благослов по повод Курбан Бајрам appeared first on Република.

]]>

Муслиманскиот свет денеска го слави верскиот празник Курбан бајрам. Празникот се слави во текот на четири дена. Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаху упати порака по повод празникот Курбан бајрам. Фетаху во пораката вели дека празникот Курбан бајрам со сите негови вредности и морални елементи го покажува концептот на воздигнување на општествата и нè учи дека нема големи дела без големи жртви.
„Курбан бајрам, празник кој вклучува три важни настани кои го одведоа светот и човештвото на вистинскиот пат: Во овие денови заврши објавувањето на Чесниот Куран, со кој еднаш засекогаш беа дадени божествените концепти за Алах, човекот и општеството. Во овие денови се извршува петтиот услов – хаџ во благородната Мека, во Каба, Арафат, Мина, Муздалифа и многу други обврски. Верниците на исламот ширум светот ја извршуваат обврската за колење курбан инспирирајќи се од Ибрахим а.с. и Мухаммед а.с. Сите овие божествени заповеди од Големиот Алах му даваат висока вредност на големиот празник Курбан бајрам. Оваа голема прослава на Курбан бајрам му зборува на современиот човек дека, покрај развојот во различни сфери, треба да им се врати на душата, моралот, здравото семејство, благородното општество кое ќе придонесе за зближување меѓу народите, за помагање меѓу луѓето, за запирање на убиствата, војните, масакрите, геноцидите и избегнување на опасните аномалии во општеството кои го уништуваат човечкиот морал“ – посочува Фетаху.
Тој во пораката упатува честитки до граѓаните од муслиманска вероисповед со желба за мир, милост и благослов.
Имам особена чест, во име на ИВЗ и Република Македонија, на сите верници во земјата и во странство, да им упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник Курбан бајрам, молејќи се на Семоќниот Алах да ја прифати нашата молитва, нашата садака, нашата жртва, а особено му се молиме на Алах да го прифати Аџилакот на сите аџии од наша земја кои се молат моментално на светите места. Честитки и нека е благословен празникот Курбан бајрам. Мир, милост и благослов на Големиот Алах нека биде врз вас, вели во видео пораката поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху.
Првиот ден на Курбан бајрам, денеска, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во државава. Според традицијата, празникот Курбан бајрам се слави во текот на четири дена и курбанот, жртвеното животно, купено со алал пари се коле со мисла да се простат гревовите. Еден дел од месото на курбанот се остава на домаќините, еден дел им се раздава на сиромашните и соседите, а еден дел се одвојува за гостите кои ќе дојдат на посета за време на Бајрам. За време на Курбан бајрам се посетуваат возрасните, роднините, пријателите и соседите, се помируваат скараните, на децата им се подаруваат пари и бонбони и се посетуваат гробовите на починатите.  

The post Поглаварот на ИВЗ испрати порака за мир, милост и благослов по повод Курбан Бајрам appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-dobrinata-i-mudrosta-da-bidat-nashiot-patokaz-hrabrite-odluki-sekogash-nosat-uspeh/ Sun, 05 May 2024 10:01:48 +0000 https://republika.mk/?p=774441

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до православните верници.

-Честит и вековит нека ни е денешниот најголем христијански празник Воскресение Христово – Велигден. На сите кои го празнуваат денешниот празник им посакувам здравје, радост и благосостојба во домовите. Повикувам на хармонија и на обединетост во нашето општество. На овој најголем празник, да имаме мир и спокој во душите, а добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ кон добри дела и иднина, се посочува во честитката.

Велигден, се посочува, носи голема духовна сила, но и порака дека храбрите одлуки секогаш носат успех.

-Денешниот празник ја симболизира победата на животот над смртта, тоа е силна порака дека храбрите одлуки секогаш носат успех, особено кога се работи за заедничкото добро. Овие големи празници носат голема духовна сила, да ги празнуваме секогаш заедно, во радост и спокој. Христос Воскресе!“, порача во честитиката претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

The post Ковачевски: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до православните верници.
-Честит и вековит нека ни е денешниот најголем христијански празник Воскресение Христово – Велигден. На сите кои го празнуваат денешниот празник им посакувам здравје, радост и благосостојба во домовите. Повикувам на хармонија и на обединетост во нашето општество. На овој најголем празник, да имаме мир и спокој во душите, а добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ кон добри дела и иднина, се посочува во честитката.
Велигден, се посочува, носи голема духовна сила, но и порака дека храбрите одлуки секогаш носат успех. -Денешниот празник ја симболизира победата на животот над смртта, тоа е силна порака дека храбрите одлуки секогаш носат успех, особено кога се работи за заедничкото добро. Овие големи празници носат голема духовна сила, да ги празнуваме секогаш заедно, во радост и спокој. Христос Воскресе!“, порача во честитиката претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

The post Ковачевски: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех appeared first on Република.

]]>
Уметноста е мир, вели во пораката за Светскиот ден на театарот Нобеловецот Јон Фосе https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/umetnosta-e-mir-veli-vo-porakata-za-svetskiot-den-na-teatarot-nobelovetsot-jon-fose/ Wed, 27 Mar 2024 08:35:19 +0000 https://republika.mk/?p=759155

Секој човек е уникатен, неповторлив, посебен, а сепак ист како и секој друг. Нашата видлива, надворешна појава, е различна од сечија друга. И се разбира, сето тоа е добро и убаво, но исто така во секој човек има нешто што му припаѓа само и единствено нему – а тоа е самиот тој. Односно, тоа нешто можеме да го наречеме неговиот дух или неговата душа. Или може да одлучиме, воопшто да не го именуваме со зборови, да го оставиме тоа нешто на мира, се вели во светската порака по повод Светски ден на театарот – 27 Март што ја упати норвешкиот писател, драматичар, драматург, и добитник на Нобеловата награда за литература за 2023, Јон Фосе.

Но колку и да сме различни едни со други, сепак сме слични. Од било кој дел од светот, луѓето сме во основа слични едни на други, без разлика на тоа на каков јазик зборуваме или каква боја на кожа или коса имаме.
Како некој парадокс: потполно исти, а истовремено сосема различни. Можеби човекот е парадоксален во суштина, со поврзаноста помеѓу телото и душата – исто умееме да владееме и со најземните, материјални граници на физичкото постоење, како и со оние кои се надвор од физичката реалност на материјалното ограничување.

Уметноста, добрата уметност успева на свој, чудесен начин, да ги соедини уникатното со универзалното. Но ни допушта да разбереме каде е разликата, на она што би се рекло – што е уникатно, а што универзално; и со тоа, уметноста ги пробива јазичните бариери, географските граници на сите земји, држави; и ги соединува, не само индивидуалните квалитети на луѓето, туку и индивидуалните особености на сите групи на народи, од сите нации.

Уметноста не го прави тоа со изедначување на различностите, за да нè направи исти или еднакви, туку напротив, го прави со покажување на различното во нас, на другото, туѓото. Секое добро уметничко дело се состои од – токму тоа – од нешто туѓо, нешто необично, нешто што не можеме да го разбереме целосно, но на некој начин, сепак го разбираме. Содржи мистерија, би рекол. Содржи нешто што нè воодушевува и што нè тера да ги надминеме нашите поставени бариери, и со тоа го создава тоа себе надминување, што нè носи над земните и материјални потреби од физичката реалност, што секое уметничко дело мора да го содржи во себе и да нè води кон тоа.

Не знам за подобар начин, кој сплотува спротивности. Ова е точно обратниот пристап од оној на насилните конфликти, што ги гледаме премногу често во светот, што подлегнуваат на искушенијата за уништување на сè што е друго и посебно, сè што е различно и најчесто користејќи нај-нехумани изуми, што технологијата ги нуди на располагање. Постои тероризам во светот. Постојат војни. Затоа што луѓето исто така имаат и животинска страна, водена од инстинкт кој другото, различното, туѓото го доживува повеќе како закана за своето постоење, наместо како една фасцинантна мистерија.

Ете како посебноста и разликите што сите ние можеме да ги воочиме – исчезнуваат, оставајќи зад себе една колективна изедначена отапеност, каде што секое различно нешто, претставува закана која треба да се искорени. И сè она што навидум изгледа различно, како на пример во религиите или политичките идеологии, станува нешто што треба да се победи и да се уништи.

Војната е борба против сè што е длабоко во нас, против посебното и уникатното. И е борба против уметноста и против она што е длабоко во неа. Овде зборував за уметноста во општи рамки, не посебно за театарот или за драмското пишување, затоа што како што напишав, секое уметничко дело длабоко во себе се врти околу едно единствено нешто: земајќи ги сосема посебните и комплетно уникатните нешта, правејќи ги универзални. Соединувајќи ги, посебното со уникатното со помош на уметничка експресија и не со елиминирање на нивната особеност, туку со потенцирање на нивната различност, за да може сè што е туѓо и друго и непознато да свети силно и продорно. Војната и уметноста се спротивности, исто како што се и војната и мирот – толку едноставно. Уметноста е мир.

Превод: Здравко Стојмиров – актер; преведувач на драмски текстови

https://youtu.be/6FG9OSjpQWk?si=xF5KZmBOdpSxDAKq

Јон Фосе е реномиран норвешки писател, роден во 1959 година. Тој е познат по неговата обемна работа, која вклучува драми, романи, збирки поезија, книги за деца и преводи. Неговиот стил на пишување се одликува со минимализам и емоционална длабочина, што го прави еден од најизведуваните драмски писатели во светот. Во 2023 година му беше доделена Нобеловата награда за литература, за неговите иновативни драми и проза, што му даваат глас на неискажливото.

Делата на Фосе се преведени на повеќе од педесет јазици, со продукции поставени на илјадници сцени во светот. Неговите минималистички и интроспективни драми, кои се често на граница со лиска проза и поезија, ја продолжуваат драмската традиција воспоставена од Хенрик Ибзен во деветнаесеттиот век. Неговата работа е поврзана со пост-драмскиот театар, а неговите истакнати романи се опишани како постмодернистички и авангардни поради нивниот минимализам, лиричност и неконвенционалната употреба на синтакса.

Во целост, делата на Јон Фосе навлегуваат во суштината на човековата состојба,
обработувајќи теми на неизвесност, анксиозност, љубов и загуба. Со својот уникатен стил
на пишување и длабокото истражување на секојдневните ситуации, успева да се етаблира
како важна фигура во современата литература и театар.

The post Уметноста е мир, вели во пораката за Светскиот ден на театарот Нобеловецот Јон Фосе appeared first on Република.

]]>

Секој човек е уникатен, неповторлив, посебен, а сепак ист како и секој друг. Нашата видлива, надворешна појава, е различна од сечија друга. И се разбира, сето тоа е добро и убаво, но исто така во секој човек има нешто што му припаѓа само и единствено нему – а тоа е самиот тој. Односно, тоа нешто можеме да го наречеме неговиот дух или неговата душа. Или може да одлучиме, воопшто да не го именуваме со зборови, да го оставиме тоа нешто на мира, се вели во светската порака по повод Светски ден на театарот – 27 Март што ја упати норвешкиот писател, драматичар, драматург, и добитник на Нобеловата награда за литература за 2023, Јон Фосе. Но колку и да сме различни едни со други, сепак сме слични. Од било кој дел од светот, луѓето сме во основа слични едни на други, без разлика на тоа на каков јазик зборуваме или каква боја на кожа или коса имаме. Како некој парадокс: потполно исти, а истовремено сосема различни. Можеби човекот е парадоксален во суштина, со поврзаноста помеѓу телото и душата – исто умееме да владееме и со најземните, материјални граници на физичкото постоење, како и со оние кои се надвор од физичката реалност на материјалното ограничување. Уметноста, добрата уметност успева на свој, чудесен начин, да ги соедини уникатното со универзалното. Но ни допушта да разбереме каде е разликата, на она што би се рекло – што е уникатно, а што универзално; и со тоа, уметноста ги пробива јазичните бариери, географските граници на сите земји, држави; и ги соединува, не само индивидуалните квалитети на луѓето, туку и индивидуалните особености на сите групи на народи, од сите нации. Уметноста не го прави тоа со изедначување на различностите, за да нè направи исти или еднакви, туку напротив, го прави со покажување на различното во нас, на другото, туѓото. Секое добро уметничко дело се состои од – токму тоа – од нешто туѓо, нешто необично, нешто што не можеме да го разбереме целосно, но на некој начин, сепак го разбираме. Содржи мистерија, би рекол. Содржи нешто што нè воодушевува и што нè тера да ги надминеме нашите поставени бариери, и со тоа го создава тоа себе надминување, што нè носи над земните и материјални потреби од физичката реалност, што секое уметничко дело мора да го содржи во себе и да нè води кон тоа. Не знам за подобар начин, кој сплотува спротивности. Ова е точно обратниот пристап од оној на насилните конфликти, што ги гледаме премногу често во светот, што подлегнуваат на искушенијата за уништување на сè што е друго и посебно, сè што е различно и најчесто користејќи нај-нехумани изуми, што технологијата ги нуди на располагање. Постои тероризам во светот. Постојат војни. Затоа што луѓето исто така имаат и животинска страна, водена од инстинкт кој другото, различното, туѓото го доживува повеќе како закана за своето постоење, наместо како една фасцинантна мистерија. Ете како посебноста и разликите што сите ние можеме да ги воочиме – исчезнуваат, оставајќи зад себе една колективна изедначена отапеност, каде што секое различно нешто, претставува закана која треба да се искорени. И сè она што навидум изгледа различно, како на пример во религиите или политичките идеологии, станува нешто што треба да се победи и да се уништи. Војната е борба против сè што е длабоко во нас, против посебното и уникатното. И е борба против уметноста и против она што е длабоко во неа. Овде зборував за уметноста во општи рамки, не посебно за театарот или за драмското пишување, затоа што како што напишав, секое уметничко дело длабоко во себе се врти околу едно единствено нешто: земајќи ги сосема посебните и комплетно уникатните нешта, правејќи ги универзални. Соединувајќи ги, посебното со уникатното со помош на уметничка експресија и не со елиминирање на нивната особеност, туку со потенцирање на нивната различност, за да може сè што е туѓо и друго и непознато да свети силно и продорно. Војната и уметноста се спротивности, исто како што се и војната и мирот – толку едноставно. Уметноста е мир. Превод: Здравко Стојмиров – актер; преведувач на драмски текстови https://youtu.be/6FG9OSjpQWk?si=xF5KZmBOdpSxDAKq Јон Фосе е реномиран норвешки писател, роден во 1959 година. Тој е познат по неговата обемна работа, која вклучува драми, романи, збирки поезија, книги за деца и преводи. Неговиот стил на пишување се одликува со минимализам и емоционална длабочина, што го прави еден од најизведуваните драмски писатели во светот. Во 2023 година му беше доделена Нобеловата награда за литература, за неговите иновативни драми и проза, што му даваат глас на неискажливото. Делата на Фосе се преведени на повеќе од педесет јазици, со продукции поставени на илјадници сцени во светот. Неговите минималистички и интроспективни драми, кои се често на граница со лиска проза и поезија, ја продолжуваат драмската традиција воспоставена од Хенрик Ибзен во деветнаесеттиот век. Неговата работа е поврзана со пост-драмскиот театар, а неговите истакнати романи се опишани како постмодернистички и авангардни поради нивниот минимализам, лиричност и неконвенционалната употреба на синтакса. Во целост, делата на Јон Фосе навлегуваат во суштината на човековата состојба, обработувајќи теми на неизвесност, анксиозност, љубов и загуба. Со својот уникатен стил на пишување и длабокото истражување на секојдневните ситуации, успева да се етаблира како важна фигура во современата литература и театар.  

The post Уметноста е мир, вели во пораката за Светскиот ден на театарот Нобеловецот Јон Фосе appeared first on Република.

]]>
Голем празник за нас театарџиите, ни доаѓа како куќна слава, вели актерот и режисер Коле Ангеловски во пораката по повод Светскиот ден на театарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/golem-praznik-za-nas-teatardhiite-ni-doaga-kako-kukna-slava-veli-akterot-i-rezhiser-kole-angelovski-vo-porakata-po-povod-svetskiot-den-na-teatarot/ Tue, 26 Mar 2024 11:37:17 +0000 https://republika.mk/?p=758873

27 Март - Меѓународен ден на театарот. Голем празник за нас театарџиите. Тој ни доаѓа како куќна слава. И тогаш театрите се обидуваат, на тој ден, да дадат премиера (по можност добра) па потоа коктелче, баш како на куќна слава, вели Коле Ангеловски, актер и режисер, кој е автор на македонската порака по повод Светскиот ден на театарот.

Јас имав посебна среќа што нa 27 Март два нови театри се отворија со мои претстави. Театарот за деца и млади со преставата „ Чудовиштата од нашиот град“ според текст на Русомир Богдановски, тогаш македонската порака за денот на театарот со специјален хелио балон беше испратена во вселената. По неколку години се отвори и Театарот комедија со „Ах љубов моја“ со мои текст и режија.

Долго време сум во театарот и имав прилика да доживеам два радикално различни периоди во животот на Македонскиот театар.

Првиот, кога Македонија, во склоп на Југославија, водеше сметка за културата, сакаше да се покаже пред другите републики, беше горда кога ние правевме добри претстави, победувавме на меѓународни фестивали и фестивалите во Југославија, патувавме по турнеи во разни земји по светот. Тогаш, ниту еден од режисерите на знаеше колкав му е буџетот на преставата. Сценограф, костимограф, композитор ( за секоја престава специјално се компонираше музика) нормално беше да ги имаш најдобрите, секое работно место беше покриено со соодветно квалификуван човек. Имаше работилници што изработуваа се’ што е потребно да се опреми една претстава. Тогаш театрите ги водеа компетентни и значајни личности и се’ функционираше како што треба, вели Ангеловски во пораката.

Југославија се распадна, Македонија имаше среќа да помине без војна.

Во тоа време во независна Република Македонија имаше околу 20 национални установи кои целосно беа финансирани од Министерството за култура. Дојде демократијата, во театрите дојдоа партиски директори, кои си носеа партиски режисери, кои си бираа партиски глумци и соработници и со големи буџети правеа големи проекти, не претстави,проекти според големи автори. Големи најави, мали резултати.

Ќе се променеше власта, нови партиски директори, нови партиски режисери, нови соработници, големи автори, големи најави, а се помалку публика, помалку репризи. Сонувавме за некогашните 200, 300, 470 репризи, преставите кои се играа по десет, дваесет, дваесет и девет години, пред полни салони, со редици пред билетарата, со среќна и насмеана публика.

Секоја година со ребалансот на буџетот, парите во културата се намалуваа за 10 %, 20 %, а бројот на националните установи се зголемуваше. На последниот конкурс на Министерството за култура имало 3132 барања за финансирање на проекти. Комисиите составени, барем како што велат, од компетентни и стручни луѓе (повеќе партиски, отколку компетентни) како само да ги протрчале насловите, без суштински да навлезат во проектите; инаку би им требало најмалку година дена, но и тогаш средствата би ги поделиле за да се задоволат народите и народностите, партиите, во секое гратче, општина, село - тежнеејќи да имa барем по две национални установи, за да се почитува принципот на двојазичност и сите да бидат задоволни.

Една мала дигресија, Франција, држава со 80 милиони жители, има само 5 државни театри кои се комплетно финансирани од Министерството за култура на Р. Франција, и само театарот Комеди Франсез има постојано вработена трупа.

Да се добие статус на Национлна институција на културата – тоа мора да се заслужи.

И сега со овие средства што ги добија театрите, со исклучок на две, три претстави што имаат пристојни буџети, ќе крпарат со сценографии и костимографии од фундус, музика ќе симнуваат од Јутјуб, хонорарите, ако воопшто ги има, ќе бидат минимални. Ќе гледаме, по кој знае кој пат нови видувања на „Тартиф“, на дела од Шекспир, Стефановски... Ќе „измислиме нов правец’’ во театарот - „Гол театар“: празна сцена, две столици, црни завеси...

Зградите на театрите ќе се распаѓаат, вода ќе тече од сите страни, греење ќе нема, стотина дипломирани млади актери ќе чекаат некој од театрите да респише конкурс , за евентуално да бидат примени...

Но, затоа ќе имаме фестивали во секој град и село, дури ќе финансираме фестивал во друга држава...

Ама немајте гајле, догодина, како што рече еден наш хуморист: Тумороу ит вил би БЕТЕР!, вели Ангеловски во пораката по повод Светскиот ден на театарот.

https://youtu.be/AmT1DBERqNc?si=vFmkcK97JwznJbZp

The post Голем празник за нас театарџиите, ни доаѓа како куќна слава, вели актерот и режисер Коле Ангеловски во пораката по повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>

27 Март - Меѓународен ден на театарот. Голем празник за нас театарџиите. Тој ни доаѓа како куќна слава. И тогаш театрите се обидуваат, на тој ден, да дадат премиера (по можност добра) па потоа коктелче, баш како на куќна слава, вели Коле Ангеловски, актер и режисер, кој е автор на македонската порака по повод Светскиот ден на театарот.
Јас имав посебна среќа што нa 27 Март два нови театри се отворија со мои претстави. Театарот за деца и млади со преставата „ Чудовиштата од нашиот град“ според текст на Русомир Богдановски, тогаш македонската порака за денот на театарот со специјален хелио балон беше испратена во вселената. По неколку години се отвори и Театарот комедија со „Ах љубов моја“ со мои текст и режија. Долго време сум во театарот и имав прилика да доживеам два радикално различни периоди во животот на Македонскиот театар. Првиот, кога Македонија, во склоп на Југославија, водеше сметка за културата, сакаше да се покаже пред другите републики, беше горда кога ние правевме добри претстави, победувавме на меѓународни фестивали и фестивалите во Југославија, патувавме по турнеи во разни земји по светот. Тогаш, ниту еден од режисерите на знаеше колкав му е буџетот на преставата. Сценограф, костимограф, композитор ( за секоја престава специјално се компонираше музика) нормално беше да ги имаш најдобрите, секое работно место беше покриено со соодветно квалификуван човек. Имаше работилници што изработуваа се’ што е потребно да се опреми една претстава. Тогаш театрите ги водеа компетентни и значајни личности и се’ функционираше како што треба, вели Ангеловски во пораката.
Југославија се распадна, Македонија имаше среќа да помине без војна. Во тоа време во независна Република Македонија имаше околу 20 национални установи кои целосно беа финансирани од Министерството за култура. Дојде демократијата, во театрите дојдоа партиски директори, кои си носеа партиски режисери, кои си бираа партиски глумци и соработници и со големи буџети правеа големи проекти, не претстави,проекти според големи автори. Големи најави, мали резултати.
Ќе се променеше власта, нови партиски директори, нови партиски режисери, нови соработници, големи автори, големи најави, а се помалку публика, помалку репризи. Сонувавме за некогашните 200, 300, 470 репризи, преставите кои се играа по десет, дваесет, дваесет и девет години, пред полни салони, со редици пред билетарата, со среќна и насмеана публика. Секоја година со ребалансот на буџетот, парите во културата се намалуваа за 10 %, 20 %, а бројот на националните установи се зголемуваше. На последниот конкурс на Министерството за култура имало 3132 барања за финансирање на проекти. Комисиите составени, барем како што велат, од компетентни и стручни луѓе (повеќе партиски, отколку компетентни) како само да ги протрчале насловите, без суштински да навлезат во проектите; инаку би им требало најмалку година дена, но и тогаш средствата би ги поделиле за да се задоволат народите и народностите, партиите, во секое гратче, општина, село - тежнеејќи да имa барем по две национални установи, за да се почитува принципот на двојазичност и сите да бидат задоволни. Една мала дигресија, Франција, држава со 80 милиони жители, има само 5 државни театри кои се комплетно финансирани од Министерството за култура на Р. Франција, и само театарот Комеди Франсез има постојано вработена трупа. Да се добие статус на Национлна институција на културата – тоа мора да се заслужи. И сега со овие средства што ги добија театрите, со исклучок на две, три претстави што имаат пристојни буџети, ќе крпарат со сценографии и костимографии од фундус, музика ќе симнуваат од Јутјуб, хонорарите, ако воопшто ги има, ќе бидат минимални. Ќе гледаме, по кој знае кој пат нови видувања на „Тартиф“, на дела од Шекспир, Стефановски... Ќе „измислиме нов правец’’ во театарот - „Гол театар“: празна сцена, две столици, црни завеси... Зградите на театрите ќе се распаѓаат, вода ќе тече од сите страни, греење ќе нема, стотина дипломирани млади актери ќе чекаат некој од театрите да респише конкурс , за евентуално да бидат примени... Но, затоа ќе имаме фестивали во секој град и село, дури ќе финансираме фестивал во друга држава... Ама немајте гајле, догодина, како што рече еден наш хуморист: Тумороу ит вил би БЕТЕР!, вели Ангеловски во пораката по повод Светскиот ден на театарот.
https://youtu.be/AmT1DBERqNc?si=vFmkcK97JwznJbZp

The post Голем празник за нас театарџиите, ни доаѓа како куќна слава, вели актерот и режисер Коле Ангеловски во пораката по повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>
Иднината им припаѓа на децата, а нам, должноста ни е да им овозможиме театар, вели Јулијана Мирчевска во пораката по повод Светскиот ден на детските театари https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/idninata-im-pripaga-na-detsata-a-nam-dolzhnosta-ni-e-da-im-ovozmozhime-teatar-veli-julijana-mirchevska-vo-porakata-po-povod-svetskiot-den-na-detskite-teatari/ Wed, 20 Mar 2024 08:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=756537

Иднината им припаѓа на децата, а нам, должноста кон нив сега, овде и секојдневно да им овозможиме театар, вели Јулијана Мирчевска, претседателката на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ. Таа е авторка на пораката по повод Светскиот ден на детските театри 20-ти Март.

Членот 13 од конвенцијата на ОН за заштита на правата на децата вели:

Детето има право на слобода на изразување која ја опфаќа и слободата да бара, да прима и да дава информации и идеи од сите видови, без оглед на границите, било усно или писмено, преку печатот, уметноста или друг медиум по избор на детето.

Театарот е слобода на изразувањето, креирањето. Театарот е љубов. Театарот е свет без граници, како детската креативност, детската фантазија и чиста љубов која како никогаш до сега ни е потребна.

Должни сме да им дадеме слобода на изразување и простор каде имагинацијата е реалност а каде емоцијата не е слабост. Да видат, да слушнат, да почуствуваат се околу себе и во себе.

Одведете го детето на театар, или театарот однесете го до секое дете

На ова би додала: Вклучете го секое дете во создавањето театар.

Гледањето претстави или впуштањето во процесот на создавање театарска претстава ќе им помогне на децата не само да го осознаат светот туку да се осознаат и себе си. Детството, најубавиот период од животот кога се формираат идните „големи луѓе“ е период во кој треба да ги насочиме децата, да им овозможиме возбудливи доживувања, одговори на многу животни прашања, но и да создадеме индивидуалци со вистински вредности. Секој театарски работник и секој уметник да се посвети повеќе на создавање дела за деца или работа со децата. Театар за секое дете од градските и руралните средини.

Децата се нашата иднина, а за да имаме убава иднина треба да се вложиме денес. Театарот е убавина која им ја должиме на децата, се вели во пораката.

The post Иднината им припаѓа на децата, а нам, должноста ни е да им овозможиме театар, вели Јулијана Мирчевска во пораката по повод Светскиот ден на детските театари appeared first on Република.

]]>

Иднината им припаѓа на децата, а нам, должноста кон нив сега, овде и секојдневно да им овозможиме театар, вели Јулијана Мирчевска, претседателката на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ. Таа е авторка на пораката по повод Светскиот ден на детските театри 20-ти Март. Членот 13 од конвенцијата на ОН за заштита на правата на децата вели: Детето има право на слобода на изразување која ја опфаќа и слободата да бара, да прима и да дава информации и идеи од сите видови, без оглед на границите, било усно или писмено, преку печатот, уметноста или друг медиум по избор на детето.
Театарот е слобода на изразувањето, креирањето. Театарот е љубов. Театарот е свет без граници, како детската креативност, детската фантазија и чиста љубов која како никогаш до сега ни е потребна. Должни сме да им дадеме слобода на изразување и простор каде имагинацијата е реалност а каде емоцијата не е слабост. Да видат, да слушнат, да почуствуваат се околу себе и во себе. Одведете го детето на театар, или театарот однесете го до секое дете На ова би додала: Вклучете го секое дете во создавањето театар. Гледањето претстави или впуштањето во процесот на создавање театарска претстава ќе им помогне на децата не само да го осознаат светот туку да се осознаат и себе си. Детството, најубавиот период од животот кога се формираат идните „големи луѓе“ е период во кој треба да ги насочиме децата, да им овозможиме возбудливи доживувања, одговори на многу животни прашања, но и да создадеме индивидуалци со вистински вредности. Секој театарски работник и секој уметник да се посвети повеќе на создавање дела за деца или работа со децата. Театар за секое дете од градските и руралните средини. Децата се нашата иднина, а за да имаме убава иднина треба да се вложиме денес. Театарот е убавина која им ја должиме на децата, се вели во пораката.
 
The post Иднината им припаѓа на децата, а нам, должноста ни е да им овозможиме театар, вели Јулијана Мирчевска во пораката по повод Светскиот ден на детските театари appeared first on Република.

]]>
Пендаровски со порака за 8 Март: Статусот, положбата и улогата на жените е јасен показател за степенот на демократијата во едно општество https://arhiva3.republika.mk/zivot/pendarovski-so-poraka-za-8-mart-statusot-polozhbata-i-ulogata-na-zhenite-e-jasen-pokazatel-za-stepenot-na-demokratijata-vo-edno-opshtestvo/ Fri, 08 Mar 2024 08:57:29 +0000 https://republika.mk/?p=752521

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жените, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:

Статусот, положбата и улогата на жените е јасен показател за степенот на демократијата во едно општество. Доколку сакаме да живееме во вистински демократско општество мора да ги земеме предвид потребите на сите граѓани во креирањето, носењето и спроведувањето на политиките. Тоа подразбира здрав амбиент во кој жените ќе бидат вклучени, а не исклучени од политичките процеси и гарантирање на буџет со цел родовите политики да не бидат празно слово, туку реално да се спроведуваат во пракса.

На тој пат, мора уште посилно да продолжиме да се бориме за справување со бариерите со кои се соочуваат жените кога влегуваат во јавниот живот. Да ги охрабриме жените претприемачи, жените во политиката и жените на раководни позиции. Да обезбедиме рамноправна валоризација на нивниот труд и еднакви плати меѓу мажите и жените.

Да ја прекинеме родовата супресија и насилство, коишто освен физички, уште повеќе се изразени преку систематското игнорирање и маргинализирање на општествената позиција на жената. За секоја жена да се чувствува безбедна и сигурна во семејството, на работното место и во општеството, не смее да има преседани во задоволување на правдата за жените жртви на родово-базирано насилство.

Само така ќе овозможиме политичко и економско јакнење на статусот на жените, социјална правда и остварување на нивните уставно-загарантирани права и слободи.

Колку повеќе вложуваме во родовата еднаквост, толку повеќе ќе им овозможиме на идните генерации да наследат општество во кое стереотипите, дискриминацијата и системските бариери ќе се намалуваат.

Борбата за родова рамноправност и еднаквост не смее да биде празна флоскула, туку вистински применлива во сите општествени и меѓучовечки односи. Жената, нејзиниот глас и нејзините права мора да се почитуваат.

Честит 8 Март!“

The post Пендаровски со порака за 8 Март: Статусот, положбата и улогата на жените е јасен показател за степенот на демократијата во едно општество appeared first on Република.

Инстаграм предупредува малолетници да не ја користат таа платформа навечер https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/instagram-predupreduva-maloletnitsi-da-ne-ja-koristat-taa-platforma-navecher/ Fri, 19 Jan 2024 11:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=734655

Платформата Инстаграм испраќа автоматска порака до своите корисници на возраст од 13 до 18 години, апелирајќи ги да не ја користат социјалната мрежа во текот на ноќта, помеѓу 22 и 4 часот наутро, со цел да ги поттикне да прифатат поздрав начин на живот.

Спиењето е важно, особено за младите луѓе, па затоа објавуваме нови вечерни пораки што ќе се појавуваат кога тинејџерите ќе поминат повеќе од 10 минути на Инстаграм, кога гледаат Reels или директни пораки доцна навечер. Тоа ќе ги потсети тинејџерите дека тоа е доцна и охрабри ги да ја исклучат апликацијата“, наведуваат од компанијата Мета во соопштение објавено на нивната веб-страница.

Младите од 22 часот на својот профил ќе добијат порака „Доцна е. Размислете да го исклучите Инстаграм во текот на ноќта“ доколку користат одредени функции на социјалната мрежа.

The post Инстаграм предупредува малолетници да не ја користат таа платформа навечер appeared first on Република.

Ве молам грижете се за мајка ми, сестра ми и брат ми: Руски војник оставил трогателна порака пред да загине во безизлезна битка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ve-molam-grizhete-se-za-majka-mi-sestra-mi-i-brat-mi-ruski-vojnik-ostavil-trogatelna-poraka-pred-da-zagine-vo-bezizlezna-bitka/ Sun, 17 Dec 2023 07:12:55 +0000 https://republika.mk/?p=723787

Во една од последните битки за Маринка, место во непосредна близина на Доњецк, руска единица паднала во заседа на украинските сили.

Во таква ситуација, руските војници одлучиле да се борат до последниот куршум, иако се нашле во безизлезна ситуација и било јасно дека практично немаат шанси да се извлечат живи.

Соочен со судбината, пред својата смрт, еден од нив оставил потресна порака напишана на камен, со која покажал дека последната мисла е посветена на неговото семејство.

Кој и да ме открие, ве молам да се грижи за мајка ми, сестра ми и брат ми. Рудаков Роман Александар. Град Батајск“, напишал рускиот војник во својата последна порака.

Ваквата постапка на загинатиот руски војник потсетува на бранителите на тврдината Брест, каде што војниците на Црвената армија зад себе оставиле различни пораки пред храбро да се соочат со својата смрт во битка против надмоќните нацистички сили.

Во единицата на Роман имало девет руски војници, кои биле нападнати од заседа и опколени, по што, без пристап до комуникации, гинеле еден по еден борејќи се до последниот куршум.

The post Ве молам грижете се за мајка ми, сестра ми и брат ми: Руски војник оставил трогателна порака пред да загине во безизлезна битка appeared first on Република.

]]>

Во една од последните битки за Маринка, место во непосредна близина на Доњецк, руска единица паднала во заседа на украинските сили. Во таква ситуација, руските војници одлучиле да се борат до последниот куршум, иако се нашле во безизлезна ситуација и било јасно дека практично немаат шанси да се извлечат живи. Соочен со судбината, пред својата смрт, еден од нив оставил потресна порака напишана на камен, со која покажал дека последната мисла е посветена на неговото семејство.
Кој и да ме открие, ве молам да се грижи за мајка ми, сестра ми и брат ми. Рудаков Роман Александар. Град Батајск“, напишал рускиот војник во својата последна порака.
Ваквата постапка на загинатиот руски војник потсетува на бранителите на тврдината Брест, каде што војниците на Црвената армија зад себе оставиле различни пораки пред храбро да се соочат со својата смрт во битка против надмоќните нацистички сили. Во единицата на Роман имало девет руски војници, кои биле нападнати од заседа и опколени, по што, без пристап до комуникации, гинеле еден по еден борејќи се до последниот куршум.  

The post Ве молам грижете се за мајка ми, сестра ми и брат ми: Руски војник оставил трогателна порака пред да загине во безизлезна битка appeared first on Република.

]]>
Оливер Балабурски – автор на домашната порака по повод 25 октомври, Меѓународниот ден на операта: За некои од нас секој ден е Ден на операта! https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/oliver-balaburski-avtor-na-domashnata-poraka-po-povod-25-oktomvri-megunarodniot-den-na-operata-za-nekoi-od-nas-sekoj-den-e-den-na-operata/ Wed, 25 Oct 2023 07:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=694411

На 25 октомври се одбележува Меѓународниот ден на операта.

https://www.youtube.com/watch?v=mB8oCUGAXwA&t=2s

По тој повод, годинава диригентот и композитор Оливер Балабурски ја напиша македонската порака, која ја пренесуваме во целост.

Композиторите треба непрестано да истражуваат и создаваат нови опери со истиот жар и интерес како кога ги создавале своите дела легендите на оперската музика. Денот на операта е момент во вечноста, на кој треба да ги сублимираме и прославуваме успесите постигнати низ целата година бидејќи секој ден за некои од нас е ден на операта, се вели во пораката на диригентот и композитор Оливер Балабурски, по повод Меѓународниот ден на операта – 25 октомври.

Како што наведува тој во пораката, да се напишат неколку зборови за најголемата музичко-драмска форма која постои со векови и се спротивставува на сите предизвици низ столетијата е голема чест, исто колку и да се биде дел од неа како изведувач или композитор. Таа, посочува, отсекогаш го предизвикувала возпримачот на размислување, разбудувајќи ги најдлабоките чувства, без разлика на познавањето на делото.

-Ние изведувачите имаме задача и обврска да ја негуваме оваа форма, да го будиме интересот на новите „членови на семејството“ со несебично презентирање на делата во старо или ново руво, со стара или создавајќи нова традиција. Денес светот ја прославува операта и преку нас и нејзиниот придонес во човештвото, го храни и негува духот, кој во ова време, на моменти, се чувствува како да е загубен. Сведоци сме на изведби на многу нови дела, опери со различен музички, драмски и сценски пристап. Без разлика на нивниот успех, квалитет и моментален интерес за нив, многу е важно да се создаваат и изведуваат, додава Балабурски.

Тој појаснува дека на овој ден, милиони луѓе низ светот прославуваат, се радуваат, безмилосно вежбаат, се подготвуваат за нови предизвици, се со цел да ја споделат својата приказна и љубов кон операта со својата публика.

-Нека ни е честит и вечен овој ден како почеток на нова година на успешни претстави, се вели во пораката на Балабурски.

The post Оливер Балабурски – автор на домашната порака по повод 25 октомври, Меѓународниот ден на операта: За некои од нас секој ден е Ден на операта! appeared first on Република.

]]>

На 25 октомври се одбележува Меѓународниот ден на операта. https://www.youtube.com/watch?v=mB8oCUGAXwA&t=2s По тој повод, годинава диригентот и композитор Оливер Балабурски ја напиша македонската порака, која ја пренесуваме во целост. Композиторите треба непрестано да истражуваат и создаваат нови опери со истиот жар и интерес како кога ги создавале своите дела легендите на оперската музика. Денот на операта е момент во вечноста, на кој треба да ги сублимираме и прославуваме успесите постигнати низ целата година бидејќи секој ден за некои од нас е ден на операта, се вели во пораката на диригентот и композитор Оливер Балабурски, по повод Меѓународниот ден на операта – 25 октомври. Како што наведува тој во пораката, да се напишат неколку зборови за најголемата музичко-драмска форма која постои со векови и се спротивставува на сите предизвици низ столетијата е голема чест, исто колку и да се биде дел од неа како изведувач или композитор. Таа, посочува, отсекогаш го предизвикувала возпримачот на размислување, разбудувајќи ги најдлабоките чувства, без разлика на познавањето на делото. -Ние изведувачите имаме задача и обврска да ја негуваме оваа форма, да го будиме интересот на новите „членови на семејството“ со несебично презентирање на делата во старо или ново руво, со стара или создавајќи нова традиција. Денес светот ја прославува операта и преку нас и нејзиниот придонес во човештвото, го храни и негува духот, кој во ова време, на моменти, се чувствува како да е загубен. Сведоци сме на изведби на многу нови дела, опери со различен музички, драмски и сценски пристап. Без разлика на нивниот успех, квалитет и моментален интерес за нив, многу е важно да се создаваат и изведуваат, додава Балабурски. Тој појаснува дека на овој ден, милиони луѓе низ светот прославуваат, се радуваат, безмилосно вежбаат, се подготвуваат за нови предизвици, се со цел да ја споделат својата приказна и љубов кон операта со својата публика. -Нека ни е честит и вечен овој ден како почеток на нова година на успешни претстави, се вели во пораката на Балабурски.      

The post Оливер Балабурски – автор на домашната порака по повод 25 октомври, Меѓународниот ден на операта: За некои од нас секој ден е Ден на операта! appeared first on Република.

]]>
Пригожин објави 11-минутна аудио порака, прва по бунтот што го организираше во саботата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prigozhin-objavi-11-minutna-audio-poraka-prva-po-buntot-shto-go-organizirashe-vo-sabotata/ Mon, 26 Jun 2023 16:06:36 +0000 https://republika.mk/?p=655406

Шефот на паравоената група Вагнер Евгениј Пригожин штотуку објави 11-минутна аудио порака, прва по бунтот што го организираше во саботата, кој заврши со повлекување на неговите борци.

Во пораката тој вели дека причината за бунтот е тоа што никој од командантите не се согласил да потпише договор со руското Министерство за одбрана и дека поради тоа неговата платеничка чета била принудена да престане да постои на 1 јули.

Командантите во Вагнер мислеа дека ако потпишат со Министерството за одбрана, ќе се претворат во топовско месо поради начинот на кој редовната армија се покажа во акциите, рече Пригожин.

Тој додаде дека некои борци решиле да се приклучат на силите на Министерството за одбрана, но дека тие се малкумина.

Ние бевме категорично против тоа... Но, правевме инвентура, планиравме да се појавиме во Ростов на 30 јуни и јавно да ја поставиме нашата опрема во близина на раководството на армијата. Сепак, и покрај тоа што не покажавме никаква агресија, бевме погодени. Во воздушен напад загинаа 30 борци и тоа не принуди веднаш да тргнеме. Целта на нашата акција беше да го спречиме уништувањето на Вагнер и да ги изведеме пред лицето на правдата оние кои со своите непрофесионални постапки направија голем број грешки за време на специјалната воена операција. Имаше барање за тоа во јавноста“, рече меѓу другото шефот на приватната воена компанија Вагнер.

Тој додаде дека запреле во моментот кога „првиот јуришен одред ја распоредил артилеријата и извршил извидување на теренот од што било очигледно дека во тој момент ќе се пролее многу крв“.

Пригожин вели дека целта на бунтот не била соборување на владата и дека маршот на Вагнер кон Москва покажува „сериозни безбедносни проблеми“ во Русија.

Тој рече дека војниците на Вагнер добиле поддршка од луѓето во градовите низ кои минувале. Исто така, соопшти дека белорускиот претседател Александар Лукашенко му обезбедил на Вагнер начини да продолжи да функционира.

Во својата аудио порака тој не соопшти на која локација се наоѓа.

Во согласност со договорот постигнат со посредство на белорускиот лидер Александар Лукашенко кој ја смири кризата доцна во саботата, Кремљ соопшти дека кривичното дело против Пригожин ќе биде отфрлено и тој ќе се пресели во Белорусија. Сепак, некои московски медиуми објавија дека постапката против Пригожин не е прекината и дека истрагата продолжува.

Пригожин не е виден во јавноста откако го напушти Ростов доцна во саботата и до денеска не го коментираше договорот или бунтот.

Според пишувањето на прокремаљскиот Лента.ру, кој се повикува на каналот Бриф на Телеграм, Пригожин е забележан во хотелот Грин сити, со три ѕвезди, на периферијата на белоруската престолнина, Минск. Од хотелот не можеле да ја потврдат информацијата, повикувајќи се на доверливост на податоците на гостите.

The post Пригожин објави 11-минутна аудио порака, прва по бунтот што го организираше во саботата appeared first on Република.

]]>

Шефот на паравоената група Вагнер Евгениј Пригожин штотуку објави 11-минутна аудио порака, прва по бунтот што го организираше во саботата, кој заврши со повлекување на неговите борци. Во пораката тој вели дека причината за бунтот е тоа што никој од командантите не се согласил да потпише договор со руското Министерство за одбрана и дека поради тоа неговата платеничка чета била принудена да престане да постои на 1 јули.
Командантите во Вагнер мислеа дека ако потпишат со Министерството за одбрана, ќе се претворат во топовско месо поради начинот на кој редовната армија се покажа во акциите, рече Пригожин.
Тој додаде дека некои борци решиле да се приклучат на силите на Министерството за одбрана, но дека тие се малкумина.
Ние бевме категорично против тоа... Но, правевме инвентура, планиравме да се појавиме во Ростов на 30 јуни и јавно да ја поставиме нашата опрема во близина на раководството на армијата. Сепак, и покрај тоа што не покажавме никаква агресија, бевме погодени. Во воздушен напад загинаа 30 борци и тоа не принуди веднаш да тргнеме. Целта на нашата акција беше да го спречиме уништувањето на Вагнер и да ги изведеме пред лицето на правдата оние кои со своите непрофесионални постапки направија голем број грешки за време на специјалната воена операција. Имаше барање за тоа во јавноста“, рече меѓу другото шефот на приватната воена компанија Вагнер.
Тој додаде дека запреле во моментот кога „првиот јуришен одред ја распоредил артилеријата и извршил извидување на теренот од што било очигледно дека во тој момент ќе се пролее многу крв“. Пригожин вели дека целта на бунтот не била соборување на владата и дека маршот на Вагнер кон Москва покажува „сериозни безбедносни проблеми“ во Русија. Тој рече дека војниците на Вагнер добиле поддршка од луѓето во градовите низ кои минувале. Исто така, соопшти дека белорускиот претседател Александар Лукашенко му обезбедил на Вагнер начини да продолжи да функционира. Во својата аудио порака тој не соопшти на која локација се наоѓа. Во согласност со договорот постигнат со посредство на белорускиот лидер Александар Лукашенко кој ја смири кризата доцна во саботата, Кремљ соопшти дека кривичното дело против Пригожин ќе биде отфрлено и тој ќе се пресели во Белорусија. Сепак, некои московски медиуми објавија дека постапката против Пригожин не е прекината и дека истрагата продолжува. Пригожин не е виден во јавноста откако го напушти Ростов доцна во саботата и до денеска не го коментираше договорот или бунтот. Според пишувањето на прокремаљскиот Лента.ру, кој се повикува на каналот Бриф на Телеграм, Пригожин е забележан во хотелот Грин сити, со три ѕвезди, на периферијата на белоруската престолнина, Минск. Од хотелот не можеле да ја потврдат информацијата, повикувајќи се на доверливост на податоците на гостите.  

The post Пригожин објави 11-минутна аудио порака, прва по бунтот што го организираше во саботата appeared first on Република.

]]>
Актерката Теута Ајдини Јегени ќе ја пренесе пораката за 27 март- Светскиот ден на театарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/akterkata-teuta-ajdini-jegeni-ke-ja-prenese-porakata-za-27-mart-svetskiot-den-na-teatarot/ Tue, 07 Mar 2023 11:04:24 +0000 https://republika.mk/?p=616812

Теута Ајдини Јегени, првокласна актерка во Албанскиот театар Скопје и етаблирана актерка на меѓународната филмска сцена, е избрана од Меѓународниот театарски институт Центар во Македонија да ја пренесе овогодинешната порака по повод Светскиот ден на театарот (27 март).

The post Актерката Теута Ајдини Јегени ќе ја пренесе пораката за 27 март- Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

„Сите ќе ве разнесам“ -морничава порака пред зградата на Собранието во Подгорица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/site-ke-ve-raznesam-mornichava-poraka-pred-zgradata-na-sobranieto-vo-podgoritsa/ Fri, 03 Mar 2023 11:01:40 +0000 https://republika.mk/?p=615481

Десетгодишно момче оставило белешка пред зградата на Собранието во Подгорица, на која напишал: „Сите ќе ве разнесам“.

Наводно, момчето ја напишало и оставило пораката ден пред да се одржи состанокот на Општинскиот комитет на Демократската партија на социјалистите во таа зграда, но обезбедувањето го нашло дури тој ден, дознава „Вјести“.

Според информациите на „Вјести“, момчето ја напишало пораката и ја оставило додека го чекало својот татко, кој влегол во зградата да си ги заврши обврските.

Зградата била евакуирана, а во една од просториите се одржал состанок на кој присуствувал и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

The post „Сите ќе ве разнесам“ -морничава порака пред зградата на Собранието во Подгорица appeared first on Република.

]]>

Десетгодишно момче оставило белешка пред зградата на Собранието во Подгорица, на која напишал: „Сите ќе ве разнесам“. Наводно, момчето ја напишало и оставило пораката ден пред да се одржи состанокот на Општинскиот комитет на Демократската партија на социјалистите во таа зграда, но обезбедувањето го нашло дури тој ден, дознава „Вјести“. Според информациите на „Вјести“, момчето ја напишало пораката и ја оставило додека го чекало својот татко, кој влегол во зградата да си ги заврши обврските. Зградата била евакуирана, а во една од просториите се одржал состанок на кој присуствувал и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

The post „Сите ќе ве разнесам“ -морничава порака пред зградата на Собранието во Подгорица appeared first on Република.

]]>
Повик до театарската заедница за пишување на домашната порака по повод Светскиот ден на театарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/povik-do-teatarskata-zaednitsa-za-pishuvane-na-domashnata-poraka-po-povod-svetskiot-den-na-teatarot/ Thu, 02 Feb 2023 11:33:57 +0000 https://republika.mk/?p=603792

Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА отвори повик до театарската заедница во земјава за пишување на домашната порака по повод Светскиот ден на театарот.

Повикот се однесува до сите драмски академии, театри, фестивали, независни организации, индивидуалци кои треба да предложат свој кандидат (театарски режисери, актери, драматурзи, драмски автори, продуценти, менаџери, театролози, сценографи, костимографи) за пишување порака.

Светскиот ден на театарот се одбележува на 27 март, а досега редовно се одбележувал и во Македонија.

Номинациите за кандидатите треба да се испратат на е-адресата: macedoniancenterofiti@gmail.com со ознака „За Светскиот ден на театарот – 27 март 2023 година“ најдоцна до 10 февруари.

The post Повик до театарската заедница за пишување на домашната порака по повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>

Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА отвори повик до театарската заедница во земјава за пишување на домашната порака по повод Светскиот ден на театарот. Повикот се однесува до сите драмски академии, театри, фестивали, независни организации, индивидуалци кои треба да предложат свој кандидат (театарски режисери, актери, драматурзи, драмски автори, продуценти, менаџери, театролози, сценографи, костимографи) за пишување порака. Светскиот ден на театарот се одбележува на 27 март, а досега редовно се одбележувал и во Македонија. Номинациите за кандидатите треба да се испратат на е-адресата: macedoniancenterofiti@gmail.com со ознака „За Светскиот ден на театарот – 27 март 2023 година“ најдоцна до 10 февруари.
 
The post Повик до театарската заедница за пишување на домашната порака по повод Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>
Комити со порака до нацијата: Стани Македонче, потребна е акција https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/komiti-so-poraka-do-natsijata-stani-makedonche-potrebna-e-aktsija/ Wed, 01 Feb 2023 19:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=603541

На вечерашниот прв меч за Вардар во ракометната СЕХА лига навивачката група „Комити“ во салата „Јане Сандански“ испрати порака до сите Македонци.

Стани Македонче, потребна е акција, за даскалот кој ја обедини целата нација. 04.02.2023 – сите!, пишуваше на паролата.

[caption id="attachment_603542" align="aligncenter" width="1600"] (фото: Спортманија)[/caption]

Во сабота се одбележува денот на раѓањето на Гоце Делчев, а најавено е дека на неговиот гроб во црквата Свети Спас ќе допатуваат голем број на Бугари.

The post Комити со порака до нацијата: Стани Македонче, потребна е акција appeared first on Република.

]]>

На вечерашниот прв меч за Вардар во ракометната СЕХА лига навивачката група „Комити“ во салата „Јане Сандански“ испрати порака до сите Македонци.
Стани Македонче, потребна е акција, за даскалот кој ја обедини целата нација. 04.02.2023 – сите!, пишуваше на паролата.
[caption id="attachment_603542" align="aligncenter" width="1600"] (фото: Спортманија)[/caption] Во сабота се одбележува денот на раѓањето на Гоце Делчев, а најавено е дека на неговиот гроб во црквата Свети Спас ќе допатуваат голем број на Бугари.

The post Комити со порака до нацијата: Стани Македонче, потребна е акција appeared first on Република.

]]>
„Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред“ за македонскиот јазик, литература и култура? https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/shcho-napraifme-i-shcho-trebit-da-praime-za-odnapred-za-makedonskiot-jazik-literatura-i-kultura/ Sat, 31 Dec 2022 08:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=592196

Директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска вели дека е вистинско време Семинарот да го постави Мисирковото прашање: „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?" за македонскиот јазик, литература и култура и нивната афирмација во светот. Таа потсетува и на мислата на Блаже Конески дека „јазикот е нашата единствена комплетна татковина"

Во својата новогодишна порака до јавноста Мојсова-Чепишевска прашува и што направивме за нашата македонска приказна која ја раскажуваме на странските универзитетски центри и воопшто во странските културни средини... Тоа ни е и обврска кон нашите претходници кои ги поставија темелите на македонистиката, пред странските македонисти и слависти кои заедно со нас, таа приказна ја раскажуваат низ светот, но и пред генерациите што остануваат и доаѓаат по нас, заради кои мора да мислиме „шчо требит да праиме за однапред", вели таа. Понатаму Мојсова Чепишевска вели:

„Во годината што ја оставаме зад нас ни се случи јубилејната, 55. Летна школа, со околу 60 учесници од 17 држави, а меѓу нив, покрај универзитетските професори и значајни истражувачи од славистичкиот свет и истакнатите книжевни преведувачи беа и нови, млади посветеници на македонистиката. Тие се една од гаранциите дека во годините пред нас, македонската приказна уште повеќе ќе се раскажува низ светот. А за да им овозможиме да ја раскажуваат снажно и автентично и мошне важно, за приказната да е втемелена во знаење, како што нè учеше и Горан Стефановски, објавивме и нови изданија на учебниците за македонски јазик, литература и култура за странци, подготвени според меѓународните стандарди, како и прв аудио-учебник – за да може не само да се прочита, туку и да се чуе и разбере македонскиот збор.

Колкава е моќта на научната вистина за македонистиката се потврди и на Втората зимска школа што ја организиравме на далечина и на 49. Меѓународна научна конференција посветена ма македонскиот јазик, литература и култура. Но, и секојдневно се потврдува во наставата и научната работа на над 20 странски универзитетски центри во светот на кои се изучува македонистиката, од кои во повеќе од 10 има и лекторати по македонски јазик. Токму од оваа 2022 година, бројот на универзитетски центри и лекторати е и поголем. Се отвори и Катедра за македонски јазик и Лекторат по македонски јазик на Факултетот за јазици, историја и географија на Анкарскиот универзитет во Турција. Веќе се направија и последните подготовки и за отпочнување настава и учење на македонскиот јазик на престижниот Факултет за странски јазици на Универзитетот во Пекинг. Со Лекторат по македонски јазик, македонската приказна ќе се раскажува и во Кина. Но, не запираме тука – оствареното ни дава верба, надеж и сили и натаму да препознаваме каде сѐ има интерес да се изучуваат македонскиот јазик, литература и култура и да се заложиме македонската приказна да почне да се раскажува и на други универзитетски центри во светот.

Во оваа 2022 година, кога одбележавме и 60 години македонистика на Универзитетот во Љубљана и кога меѓу другото се успеа македонскиот јазик да можат да го изучуваат и сите студенти на Истанбулскиот универзитет каде македонистиката се изучува непрекинато 36 години, ни се случија и бројни книжевни преводи од македонски јазик со влог на некогашни и сегашни студенти од нашите лекторати низ светот и учесници на нашите школи, но и бројни нови научни трудови и монографски публикации од странски македонисти.

Дали направивме доволно, најверојатно ќе покаже времето пред нас, но знаеме дека го сторивме сето она што можевме не само за да се раскажува и покажува нашата приказна, туку и за да се случи нејзино следно поглавје. За тоа поглавје ќе работиме и во 2023 година. Силна е желбата повторно да се отвори Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана, но и барем да започнат одредени активности за лекторати и на други универзитетски центри во странски културни средини во кои има интерес за македонскиот збор и македонската мисла.

Во 2023. ќе се одржи и јубилејната, 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ. Научна конференција со најдолга традиција во нашата држава, а воедно и научна конференција за јазик, национална литература и култура со најдолга традиција во регионот! И тоа во годината кога ќе се навршат 100 години од раѓањето на знаменитиот поет на нашата приказна, Ацо Шопов, заради што и Научната конференција ќе биде и во чест на неговото дело. Исто како и Третата зимска школа и 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, коишто ќе ги организираме во 2023 година. Токму со Зимската школа, за која веќе има голем интерес кај странските македонисти и слависти, чествувањето и новото навраќање кон делото на Шопов ќе го започнеме уште кон крајот на јануари, со посакување годината да ја завршиме и со преводи од неговото творештво на повеќе странски јазици преку кои македонската поетска реч уште еднаш ќе одекне низ светот.

Но, во годината што е пред нас ќе се случат и други јубилеи значајни за странската македонистика. Меѓу нив и половина век македонски јазик, литература и култура на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, и тоа откако во 2022 година, македонистиката доби статус на ретка научна дисциплина во Франција, со што се гарантира нејзината заштита и самостојност. Ама и 35 години македонистика на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, Полска, и исто толку години на унгарскиот универзитет ЕЛТЕ во Будимпешта и 15 години на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека, кој заедно со Филозофскиот факултет во Загреб е еден од центрите на македонистиката во Хрватска.

Ама сето остварено досега и сето она што го планираме и посакуваме да се оствари и „шчо требит да праиме за однапред" не би било остварилово без влогот на странските македонисти и слависти кои се најважните раскажувачи на македонската приказна во светот. Затоа, и во овие празнични мигови, должни сме да им упатиме благодарност.

Во исто време, благодарност упатуваме и до најголемиот поддржувач на активностите и заложбите на МСМЈЛК при УКИМ, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски и до ректорската управа. Затоа што ако зад секоја иницијатива и активност на МСМЈЛК при УКИМ не стои и Универзитетот, нашата мисија не би можела да се остварува или барем не онака како што ја остваруваме.

Благодарни сме и на институциите што ја препознаваат нашата мисија и ни овозможија поддршка во 2022 година, кога ни беше потребна, пред сѐ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески", на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков" и на Институтот за македонска литертура. Но, и на Министерството за култура и на Министерството за образование и наука, кои овозможија финансиска поддршка за дел од активностите кои ги остваривме во годинава што останува зад нас. Искрено, се надеваме дека во 2023 година, поддршката може и треба да е и посилна и поголема, затоа што афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ светот мора да е наш државен приоритет за кој секој ќе го даде својот влог.

Речиси секојдневно ја цитираме мислата на Блаже Конески дека „јазикот е нашата единствена комплетна татковина". Дел од долгот и обврската што ги имаме кон таа наша татковина е да сториме сè што можеме на македонски јазик, но и на сите други јазици на кои говорат странските посветеници на македонистиката, нашата македонска приказна да се раскажува ширум светот.

Посакувам во следните 365 дена, на сите да ни се исполнат желбите коишто силно и искрено ги посакуваме. Меѓу нив, и нашата заедничка желба, која чинам е најсилна – во годината што е пред нас, заедно со странските македонисти и слависти и со странските универзитетски и научни центри да започнеме уште едно ново, моќно поглавје од нашата приказна со кое македонскиот збор уште посилно ќе одекне низ светот.

The post „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред“ за македонскиот јазик, литература и култура? appeared first on Република.

]]>

Директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска вели дека е вистинско време Семинарот да го постави Мисирковото прашање: „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?" за македонскиот јазик, литература и култура и нивната афирмација во светот. Таа потсетува и на мислата на Блаже Конески дека „јазикот е нашата единствена комплетна татковина" Во својата новогодишна порака до јавноста Мојсова-Чепишевска прашува и што направивме за нашата македонска приказна која ја раскажуваме на странските универзитетски центри и воопшто во странските културни средини... Тоа ни е и обврска кон нашите претходници кои ги поставија темелите на македонистиката, пред странските македонисти и слависти кои заедно со нас, таа приказна ја раскажуваат низ светот, но и пред генерациите што остануваат и доаѓаат по нас, заради кои мора да мислиме „шчо требит да праиме за однапред", вели таа. Понатаму Мојсова Чепишевска вели: „Во годината што ја оставаме зад нас ни се случи јубилејната, 55. Летна школа, со околу 60 учесници од 17 држави, а меѓу нив, покрај универзитетските професори и значајни истражувачи од славистичкиот свет и истакнатите книжевни преведувачи беа и нови, млади посветеници на македонистиката. Тие се една од гаранциите дека во годините пред нас, македонската приказна уште повеќе ќе се раскажува низ светот. А за да им овозможиме да ја раскажуваат снажно и автентично и мошне важно, за приказната да е втемелена во знаење, како што нè учеше и Горан Стефановски, објавивме и нови изданија на учебниците за македонски јазик, литература и култура за странци, подготвени според меѓународните стандарди, како и прв аудио-учебник – за да може не само да се прочита, туку и да се чуе и разбере македонскиот збор. Колкава е моќта на научната вистина за македонистиката се потврди и на Втората зимска школа што ја организиравме на далечина и на 49. Меѓународна научна конференција посветена ма македонскиот јазик, литература и култура. Но, и секојдневно се потврдува во наставата и научната работа на над 20 странски универзитетски центри во светот на кои се изучува македонистиката, од кои во повеќе од 10 има и лекторати по македонски јазик. Токму од оваа 2022 година, бројот на универзитетски центри и лекторати е и поголем. Се отвори и Катедра за македонски јазик и Лекторат по македонски јазик на Факултетот за јазици, историја и географија на Анкарскиот универзитет во Турција. Веќе се направија и последните подготовки и за отпочнување настава и учење на македонскиот јазик на престижниот Факултет за странски јазици на Универзитетот во Пекинг. Со Лекторат по македонски јазик, македонската приказна ќе се раскажува и во Кина. Но, не запираме тука – оствареното ни дава верба, надеж и сили и натаму да препознаваме каде сѐ има интерес да се изучуваат македонскиот јазик, литература и култура и да се заложиме македонската приказна да почне да се раскажува и на други универзитетски центри во светот. Во оваа 2022 година, кога одбележавме и 60 години македонистика на Универзитетот во Љубљана и кога меѓу другото се успеа македонскиот јазик да можат да го изучуваат и сите студенти на Истанбулскиот универзитет каде македонистиката се изучува непрекинато 36 години, ни се случија и бројни книжевни преводи од македонски јазик со влог на некогашни и сегашни студенти од нашите лекторати низ светот и учесници на нашите школи, но и бројни нови научни трудови и монографски публикации од странски македонисти. Дали направивме доволно, најверојатно ќе покаже времето пред нас, но знаеме дека го сторивме сето она што можевме не само за да се раскажува и покажува нашата приказна, туку и за да се случи нејзино следно поглавје. За тоа поглавје ќе работиме и во 2023 година. Силна е желбата повторно да се отвори Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана, но и барем да започнат одредени активности за лекторати и на други универзитетски центри во странски културни средини во кои има интерес за македонскиот збор и македонската мисла. Во 2023. ќе се одржи и јубилејната, 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ. Научна конференција со најдолга традиција во нашата држава, а воедно и научна конференција за јазик, национална литература и култура со најдолга традиција во регионот! И тоа во годината кога ќе се навршат 100 години од раѓањето на знаменитиот поет на нашата приказна, Ацо Шопов, заради што и Научната конференција ќе биде и во чест на неговото дело. Исто како и Третата зимска школа и 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, коишто ќе ги организираме во 2023 година. Токму со Зимската школа, за која веќе има голем интерес кај странските македонисти и слависти, чествувањето и новото навраќање кон делото на Шопов ќе го започнеме уште кон крајот на јануари, со посакување годината да ја завршиме и со преводи од неговото творештво на повеќе странски јазици преку кои македонската поетска реч уште еднаш ќе одекне низ светот. Но, во годината што е пред нас ќе се случат и други јубилеи значајни за странската македонистика. Меѓу нив и половина век македонски јазик, литература и култура на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, и тоа откако во 2022 година, македонистиката доби статус на ретка научна дисциплина во Франција, со што се гарантира нејзината заштита и самостојност. Ама и 35 години македонистика на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, Полска, и исто толку години на унгарскиот универзитет ЕЛТЕ во Будимпешта и 15 години на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека, кој заедно со Филозофскиот факултет во Загреб е еден од центрите на македонистиката во Хрватска. Ама сето остварено досега и сето она што го планираме и посакуваме да се оствари и „шчо требит да праиме за однапред" не би било остварилово без влогот на странските македонисти и слависти кои се најважните раскажувачи на македонската приказна во светот. Затоа, и во овие празнични мигови, должни сме да им упатиме благодарност. Во исто време, благодарност упатуваме и до најголемиот поддржувач на активностите и заложбите на МСМЈЛК при УКИМ, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски и до ректорската управа. Затоа што ако зад секоја иницијатива и активност на МСМЈЛК при УКИМ не стои и Универзитетот, нашата мисија не би можела да се остварува или барем не онака како што ја остваруваме. Благодарни сме и на институциите што ја препознаваат нашата мисија и ни овозможија поддршка во 2022 година, кога ни беше потребна, пред сѐ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески", на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков" и на Институтот за македонска литертура. Но, и на Министерството за култура и на Министерството за образование и наука, кои овозможија финансиска поддршка за дел од активностите кои ги остваривме во годинава што останува зад нас. Искрено, се надеваме дека во 2023 година, поддршката може и треба да е и посилна и поголема, затоа што афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ светот мора да е наш државен приоритет за кој секој ќе го даде својот влог. Речиси секојдневно ја цитираме мислата на Блаже Конески дека „јазикот е нашата единствена комплетна татковина". Дел од долгот и обврската што ги имаме кон таа наша татковина е да сториме сè што можеме на македонски јазик, но и на сите други јазици на кои говорат странските посветеници на македонистиката, нашата македонска приказна да се раскажува ширум светот. Посакувам во следните 365 дена, на сите да ни се исполнат желбите коишто силно и искрено ги посакуваме. Меѓу нив, и нашата заедничка желба, која чинам е најсилна – во годината што е пред нас, заедно со странските македонисти и слависти и со странските универзитетски и научни центри да започнеме уште едно ново, моќно поглавје од нашата приказна со кое македонскиот збор уште посилно ќе одекне низ светот.  

The post „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред“ за македонскиот јазик, литература и култура? appeared first on Република.

]]>
Ќе ги убиеме сите: Вознемирувачка порака во електронската пошта до кумановските училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-gi-ubieme-site-voznemiruvachka-poraka-vo-elektronskata-poshta-do-kumanovskite-uchilishta/ Thu, 15 Dec 2022 12:32:28 +0000 https://republika.mk/?p=585958

Ајде Нова година, ги скратуваме часовите ве честам, вака директорката на ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово Јасмина Спасовска ги испразнила училниците по дојавата за бомба во училиштето.

Учениците беа изведени без паника од училниците, влегов реков „Ајде Нова година, ги скратуваме часовите ве честам“, за да направиме атмосферата да не биде панична. За осум минути беа изведени учениците и вработените од објектот - вели Спасовска, пишуваат кумановскимуабети.мк.

Мејлот пристигнал како групен испратен до повеќе училишта од градот, а во него има вознемирувачка закана.

Нема да се криеме. Убиства се потребни. Ние ќе убиеме. Потребно е уништување. Ние ќе уништиме. Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат. Не постои друг начин. Ќе ја срушиме северномакедонската влада. Нашите очи се вперени на премиерот на Македонија и неговата партија. Ќе ги убиеме сите, стои во електронската порака.

Бидејќи не била посочена локација, туку заканата стигнала на мејлот, директорката пристапила и кон евакуација на подрачните училишта „Тане Георгиев“ и во Соколана.

The post Ќе ги убиеме сите: Вознемирувачка порака во електронската пошта до кумановските училишта appeared first on Република.

„Барселона џипси Балкан оркестра“ пред настапот во Скопје: Едвај чекаме заедно да ја отпееме „Море сокол пие“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/barselona-dzipsi-balkan-orkestra-pred-nastapot-vo-skopje-edvaj-chekame-zaedno-da-ja-otpeeme-more-sokol-pie/ Sun, 11 Dec 2022 14:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=574403

Едвај чекаме да дојдеме во Скопје и заедно да ја отпееме „Море сокол пие“. Се гледаме на 11 декември во Македонска Филхармонија“, ова е пораката што на македонски јазик ја испраќаат членовите на Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO).

Премиерната дружба со македонската публика е вечерва во рамките на јубилејната турнеја по повод десетгодишнината од формирањето на бендот. На чело со неверојатната Маргерита Абита од Сицилија (вокал), дел од BGKO се и Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија)Стелиос Тогиас (перкусии, Грција)Жулиен Шанал (гитара, Франција)Чави Пендон(кларинет, Шпанија), Пере Ноласк Туру (виолина, Шпанија) и Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија).

Концертот во Скопје им е прво доаѓање во земјава, но тоа не ги спречува во репертоарот да имаат неколку македонски теми. Освен одличната интерпретација на безвременскиот класик „Море сокол пие“, неверојатната Маргерита ги пее и „Македонско девојче“, како и една тема од кралицата на ромската музика Есма Реџепова – Теодосиевска. Но, велат, подготвуваат и изненадување какво што моментот заслужува.

Многу македонски песни поминаа низ нашиот репертоар за 10 години и нема крај на истражувањето на неисцрпните музички богатства на оваа земја. Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!велат членовите на БГКО.

Концертот е закажан на 11 декември во Македонска Филхармонија, а билетите се пуштени во продажба преку продажната мрежа на МКтикетс (https://mktickets.mk/event/barcelona-gipsy-balkan-orchestra), и тоа во три категории и по цена од 1000 и 1200 денари, како и 1500 денари за ВИП влезниците.

https://www.youtube.com/watch?v=OADZN77kkps

The post „Барселона џипси Балкан оркестра“ пред настапот во Скопје: Едвај чекаме заедно да ја отпееме „Море сокол пие“ appeared first on Република.

Што порака испратија Германците со затворените усти? https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/shto-poraka-ispratija-germancite-so-zatvorenite-usti/ Wed, 23 Nov 2022 15:35:01 +0000 https://republika.mk/?p=577421

Германските фудбалски репрезентативци со рацете ги покрија своите усти за време на групното фотографирање пред денешниот натпревар на Светското првенство во Катар против Јапонија, одговарајќи на тој начин на заканите од ФИФА за санкции поради капитенските ленти со натписот „Една љубов“ (One love).

Сите германски играчи се приклучија кон гестот пред десетици фоторепортери пред воведниот натпревар во групата Е во Доха, откако ФИФА им се закани со санкции на седум европски репрезентации доколку нивните капитени ја стават на рацете лентата која симболизира различност и толеранција.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, која беше во свечената ложа на стадионот покрај претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, носеше таква лента додека разговараше со фудбалските моќници.

Претходно таа изнесе критики на адреса на ФИФА, истакнувајќи оти заканите со санкции е погрешно и неприфатливо однесување.

-Ова не е во ред. Во денешно време е несфатливо ФИФА да не сака луѓето отворено да се залагаат за толеранција и против дискриминација, рече Фезер.

The post Што порака испратија Германците со затворените усти? appeared first on Република.

]]>

Германските фудбалски репрезентативци со рацете ги покрија своите усти за време на групното фотографирање пред денешниот натпревар на Светското првенство во Катар против Јапонија, одговарајќи на тој начин на заканите од ФИФА за санкции поради капитенските ленти со натписот „Една љубов“ (One love). Сите германски играчи се приклучија кон гестот пред десетици фоторепортери пред воведниот натпревар во групата Е во Доха, откако ФИФА им се закани со санкции на седум европски репрезентации доколку нивните капитени ја стават на рацете лентата која симболизира различност и толеранција. Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, која беше во свечената ложа на стадионот покрај претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, носеше таква лента додека разговараше со фудбалските моќници. Претходно таа изнесе критики на адреса на ФИФА, истакнувајќи оти заканите со санкции е погрешно и неприфатливо однесување.
-Ова не е во ред. Во денешно време е несфатливо ФИФА да не сака луѓето отворено да се залагаат за толеранција и против дискриминација, рече Фезер.

The post Што порака испратија Германците со затворените усти? appeared first on Република.

]]>
Каква порака носат белите кошули на погреб? Цетињаните се загрижени од најлошиот обичај https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kakva-poraka-nosat-belite-koshuli-na-pogreb-cetinjanite-se-zagrizeni-od-najloshiot-obichaj/ Sat, 20 Aug 2022 10:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=542162

На погребите на жртвите на Вук Бориловиќ (34), кој во петокот уби десет соседи во Цетиње, по што беше ликвидиран, беа видени неколку мажи во бели кошули, што според старите племенски обичаи претставува заклетва за крвна одмазда, пренесуваат црногорските медиуми.

Загинатите беа погребани во саботата и неделата на неколку гробишта во Цетиње и околината, а меѓу ожалостените имаше и полицајци во цивилна облека. Овие полицајци не им пријдоа на мажите во бели кошули, бидејќи не е забрането да се носи таква облека на погреб, но тоа им падна во очи на постарите цетинци и ги загрижи.

Еден од нив за црногорските медиуми изјави дека белата кошула на погреб може да претставува многу опасна порака.

Од античко време, оној што носи бела кошула на погребот на некој близок, кој е убиен, испраќа порака до семејството на убиецот дека се заколнува на крвна одмазда и дека долгот за крв мора да се плати, рекол овој цетињенец.

Дека во Цетиње постои сериозна загриженост поради можноста за крвна одмазда покажа и соопштението на црногорската полиција во кое апелираат до сите граѓани да не креваат тензии за да се зачува мирот. Покрај тоа, сопругата и трите ќерки на Вук, кои во моментот на злосторството биле на море во близина на Тиват, биле однесени на безбедна тајна локација и добиле полициска заштита, потврди  началник на криминалистичката полиција во Подгорица.

The post Каква порака носат белите кошули на погреб? Цетињаните се загрижени од најлошиот обичај appeared first on Република.

]]>

На погребите на жртвите на Вук Бориловиќ (34), кој во петокот уби десет соседи во Цетиње, по што беше ликвидиран, беа видени неколку мажи во бели кошули, што според старите племенски обичаи претставува заклетва за крвна одмазда, пренесуваат црногорските медиуми. Загинатите беа погребани во саботата и неделата на неколку гробишта во Цетиње и околината, а меѓу ожалостените имаше и полицајци во цивилна облека. Овие полицајци не им пријдоа на мажите во бели кошули, бидејќи не е забрането да се носи таква облека на погреб, но тоа им падна во очи на постарите цетинци и ги загрижи. Еден од нив за црногорските медиуми изјави дека белата кошула на погреб може да претставува многу опасна порака.