популација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/populacija/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Nov 2022 08:21:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png популација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/populacija/ 32 32 Светската популација надмина осум милијарди луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svetskata-populacija-nadmina-osum-milijardi-lugje/ Tue, 15 Nov 2022 08:21:05 +0000 https://republika.mk/?p=573929

Светската популација денеска надмина осум милијарди луѓе, соопштија Обединетите нации, предупредувајќи дека регионите кои веќе се соочуваат со недостиг на ресурси поради климатските промени се во поголеми тешкотии.

„Постигнувањето од осум милијарди луѓе е знак за успех на човештвото, но исто така е голем ризик за нашата иднина“, рече Џон Вилмот, директор на одделот за население на ОН.

Земјите со среден приход, претежно во Азија, имаат најголем дел од тој раст, зголемувајќи го своето население за околу 700 милиони луѓе од 2011 година.

Индија е побројна за околу 180 милиони луѓе и следната година би требало да ја надмине Кина како најнаселена земја во светот.

Од друга страна, наталитетот постојано се намалува во САД, Европа и Јапонија, но и во Кина, која се бори со последиците од својата програма „Политика на едно дете“, а минатата година ги повика семејствата да имаат второ, па дури и трето дете.

Без разлика дали станува збор за храна, вода или енергија, од сè ќе има помалку на располагање, бидејќи светската популација ќе се зголеми за уште 2,4 милијарди луѓе до 2080 година, според проекциите на ОН.

„На секој човек му треба гориво, дрва, храна и вода и место за живеење“, рече Стефани Фелдштајн, директорка за население и одржливост во Центарот за биолошка разновидност.

Притисокот врз ресурсите ќе биде особено голем во африканските земји, каде според експертите се очекува пораст на населението.

Тие се исто така меѓу земјите кои се најчувствителни на климатските влијанија и на кои најмногу им требаат средства за ублажување на последиците од климатските промени.

Во субсахарска Африка, каде што околу 738 милиони луѓе веќе живеат без соодветни основни услови за живот, се предвидува населението да се зголеми за 95 отсто до средината на векот, според Институтот за економија и мир.

Според податоците на ОН, светската популација моментално расте со најбавно темпо од 1950 година и може да достигне околу 8,5 милијарди во 2030 година, 9,7 милијарди во 2050 година, а се очекува рекорд од околу 10,4 милијарди луѓе во 2080-тите, како и да остане на тоа ниво до 2100 година.

The post Светската популација надмина осум милијарди луѓе appeared first on Република.

]]>

Светската популација денеска надмина осум милијарди луѓе, соопштија Обединетите нации, предупредувајќи дека регионите кои веќе се соочуваат со недостиг на ресурси поради климатските промени се во поголеми тешкотии. „Постигнувањето од осум милијарди луѓе е знак за успех на човештвото, но исто така е голем ризик за нашата иднина“, рече Џон Вилмот, директор на одделот за население на ОН. Земјите со среден приход, претежно во Азија, имаат најголем дел од тој раст, зголемувајќи го своето население за околу 700 милиони луѓе од 2011 година. Индија е побројна за околу 180 милиони луѓе и следната година би требало да ја надмине Кина како најнаселена земја во светот. Од друга страна, наталитетот постојано се намалува во САД, Европа и Јапонија, но и во Кина, која се бори со последиците од својата програма „Политика на едно дете“, а минатата година ги повика семејствата да имаат второ, па дури и трето дете. Без разлика дали станува збор за храна, вода или енергија, од сè ќе има помалку на располагање, бидејќи светската популација ќе се зголеми за уште 2,4 милијарди луѓе до 2080 година, според проекциите на ОН. „На секој човек му треба гориво, дрва, храна и вода и место за живеење“, рече Стефани Фелдштајн, директорка за население и одржливост во Центарот за биолошка разновидност. Притисокот врз ресурсите ќе биде особено голем во африканските земји, каде според експертите се очекува пораст на населението. Тие се исто така меѓу земјите кои се најчувствителни на климатските влијанија и на кои најмногу им требаат средства за ублажување на последиците од климатските промени. Во субсахарска Африка, каде што околу 738 милиони луѓе веќе живеат без соодветни основни услови за живот, се предвидува населението да се зголеми за 95 отсто до средината на векот, според Институтот за економија и мир. Според податоците на ОН, светската популација моментално расте со најбавно темпо од 1950 година и може да достигне околу 8,5 милијарди во 2030 година, 9,7 милијарди во 2050 година, а се очекува рекорд од околу 10,4 милијарди луѓе во 2080-тите, како и да остане на тоа ниво до 2100 година.

The post Светската популација надмина осум милијарди луѓе appeared first on Република.

]]>
До 15 ноември на планетата ќе има осум милијарди жители, Индија ќе биде најнаселена земја во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/do-15-noemvri-na-planetata-kje-ima-osum-milijardi-ziteli-indija-kje-stane-najnaselena-zemja-vo-svetot/ Mon, 11 Jul 2022 15:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=527081

Светската популација се очекува да достигне осум милијарди до 15 ноември, покажуваат новите проекции на Одделот за економски и социјални прашања на ОН.

Според овие податоци, до наредната година, Индија ќе ја престигне Кина како најнаселена земја во светот.

Додека го чекаме раѓањето на осуммилијардитиот човек на Земјата, тоа е потсетник на нашата заедничка одговорност да се грижиме за нашата планета, како и момент да размислуваме за тоа каде се уште не ги исполнуваме нашите обврски еден кон друг.

 

Тоа е, исто така, време да ја славиме нашата различност, да го препознаеме нашето заедничко човештво и да му се восхитуваме на напредокот во здравството што го зголеми животниот век и драматично ја намали стапката на смртност на мајки и деца - изјави генералниот секретар Антонио Гутереш.

Според Одделот на ОН што ја изготви прогнозата, светската популација моментално расте со најбавно темпо од 1950 година. Светското население би можело да достигне околу 8,5 милијарди во 2030 година и 9,7 милијарди во 2050 година, достигнувајќи го својот врв на околу 10,4 милијарди луѓе во 2080-тите каде се проценува дека ќе остане до 2100 година.

Повеќе од половина од предвидениот раст на населението наредните децении им се препишува на осум држави - Демократска Република Конго, Египет, Етиопија, Индија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Танзанија.

The post До 15 ноември на планетата ќе има осум милијарди жители, Индија ќе биде најнаселена земја во светот appeared first on Република.

]]>

Светската популација се очекува да достигне осум милијарди до 15 ноември, покажуваат новите проекции на Одделот за економски и социјални прашања на ОН. Според овие податоци, до наредната година, Индија ќе ја престигне Кина како најнаселена земја во светот.
Додека го чекаме раѓањето на осуммилијардитиот човек на Земјата, тоа е потсетник на нашата заедничка одговорност да се грижиме за нашата планета, како и момент да размислуваме за тоа каде се уште не ги исполнуваме нашите обврски еден кон друг.   Тоа е, исто така, време да ја славиме нашата различност, да го препознаеме нашето заедничко човештво и да му се восхитуваме на напредокот во здравството што го зголеми животниот век и драматично ја намали стапката на смртност на мајки и деца - изјави генералниот секретар Антонио Гутереш.
Според Одделот на ОН што ја изготви прогнозата, светската популација моментално расте со најбавно темпо од 1950 година. Светското население би можело да достигне околу 8,5 милијарди во 2030 година и 9,7 милијарди во 2050 година, достигнувајќи го својот врв на околу 10,4 милијарди луѓе во 2080-тите каде се проценува дека ќе остане до 2100 година. Повеќе од половина од предвидениот раст на населението наредните децении им се препишува на осум држави - Демократска Република Конго, Египет, Етиопија, Индија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Танзанија.

The post До 15 ноември на планетата ќе има осум милијарди жители, Индија ќе биде најнаселена земја во светот appeared first on Република.

]]>