поплави Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poplavi/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 13:54:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поплави Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poplavi/ 32 32 Шпанија се соочува со нови врнежи додека се уште трае потрагата по 23 исчезнати луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-se-soochuva-so-novi-vrnezhi-dodeka-se-ushte-trae-potragata-po-23-ischeznati-luge/ Tue, 12 Nov 2024 13:54:54 +0000 https://republika.mk/?p=836833

Шпанската метеоролошка служба AEMET издаде обновени предупредувања за невреме во поголемиот дел од земјата од денеска до четврток, две недели откако дождовите и поплавите однесоа повеќе од 220 животи, повеќето од нив околу источниот град Валенсија.

Властите на Валенсија го намалија бројот на исчезнати на 23 од 32, откако продолжија со пребарувањата главно во морето и во крајбрежните мочуришта користејќи бродови, дронови и опрема за ехо.

Официјалниот број на загинати по невремето на 29 октомври сега изнесува 222. За неколку часа падна количина дожд колку за една година.

Метеоролошките предупредувања на третото највисоко и во некои случаи второ највисоко ниво беа издадени за делови од провинцијата Валенсија, за Балеарските острови во Средоземното Море и за делови од Галиција на крајниот северозапад, Каталонија на североисток и Андалузија на југ.

Провинцијата Алмерија во Андалузија вчера регистрира обилни врнежи и поплави. Нурија Родригез, градоначалничка на малиот крајбрежен град Баланегра, изрази загриженост. „Сите ние сè уште ги имаме сликите на Валенсија во нашите умови“, рече таа.

The post Шпанија се соочува со нови врнежи додека се уште трае потрагата по 23 исчезнати луѓе appeared first on Република.

]]>

Шпанската метеоролошка служба AEMET издаде обновени предупредувања за невреме во поголемиот дел од земјата од денеска до четврток, две недели откако дождовите и поплавите однесоа повеќе од 220 животи, повеќето од нив околу источниот град Валенсија. Властите на Валенсија го намалија бројот на исчезнати на 23 од 32, откако продолжија со пребарувањата главно во морето и во крајбрежните мочуришта користејќи бродови, дронови и опрема за ехо. Официјалниот број на загинати по невремето на 29 октомври сега изнесува 222. За неколку часа падна количина дожд колку за една година. Метеоролошките предупредувања на третото највисоко и во некои случаи второ највисоко ниво беа издадени за делови од провинцијата Валенсија, за Балеарските острови во Средоземното Море и за делови од Галиција на крајниот северозапад, Каталонија на североисток и Андалузија на југ. Провинцијата Алмерија во Андалузија вчера регистрира обилни врнежи и поплави. Нурија Родригез, градоначалничка на малиот крајбрежен град Баланегра, изрази загриженост. „Сите ние сè уште ги имаме сликите на Валенсија во нашите умови“, рече таа.

The post Шпанија се соочува со нови врнежи додека се уште трае потрагата по 23 исчезнати луѓе appeared first on Република.

]]>
Барселона во вода: Екстремниот дожд предизвика поплави, пливаат авиони и автомобили, болниците ги откажаа прегледите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/barselona-vo-voda-ekstremniot-dozhd-predizvika-poplavi-plivaat-avioni-i-avtomobili-bolnitsite-gi-otkazhaa-pregledite/ Mon, 04 Nov 2024 21:20:05 +0000 https://republika.mk/?p=834202

На аеродромот Ел Прат во Барселона во понеделникот поради обилните врнежи беа откажани 70 летови, а 18 авиони беа пренасочени кон други аеродроми, јави аеродромскиот оператор АЕНА.

Преку социјалната мрежа Х, тој ги покани патниците да го проверат статусот на нивните летови со авиокомпаниите.

Утрово дождот се пресели од провинцијата Валенсија, оставајќи 217 мртви, во соседна Каталонија. Вода течеше низ покривот на аеродромот, а патниците на терминалот шетаа низ водата со својот багаж, се вели во видеото на шпанската јавна телевизија TVE. Во текот на четири часа таму наврнале 150 литри дожд на метар квадратен, соопшти метеоролошката служба АЕМЕТ.

Во текот на денот, приградскиот железнички сообраќај беше прекинат во Каталонија, автономна покраина со 7,5 милиони жители. Откако водата ги блокираше патиштата, возачите беа повикани да не патуваат доколку не е потребно.

„Ситуацијата е грда“, вели една Хрватка во Барселона.

Службата за итни случаи примила 2.136 повици од жители на Каталонија до 13 часот, од кои 269 биле во главниот град Барселона.

Патиштата во Барселона се отворени од попладневните часови, но три патишта околу пристанишниот град Тарагона се уште се затворени. Некои болници во Каталонија ги откажаа прегледите и процедурите кои не се итни.

„Интензивните дождови продолжуваат во Барселона, Тарагона и Кастелон (во провинцијата Валенсија)“, соопшти метеоролошката служба, апелирајќи до жителите да бидат крајно внимателни.

The post Барселона во вода: Екстремниот дожд предизвика поплави, пливаат авиони и автомобили, болниците ги откажаа прегледите appeared first on Република.

]]>

На аеродромот Ел Прат во Барселона во понеделникот поради обилните врнежи беа откажани 70 летови, а 18 авиони беа пренасочени кон други аеродроми, јави аеродромскиот оператор АЕНА. Преку социјалната мрежа Х, тој ги покани патниците да го проверат статусот на нивните летови со авиокомпаниите. Утрово дождот се пресели од провинцијата Валенсија, оставајќи 217 мртви, во соседна Каталонија. Вода течеше низ покривот на аеродромот, а патниците на терминалот шетаа низ водата со својот багаж, се вели во видеото на шпанската јавна телевизија TVE. Во текот на четири часа таму наврнале 150 литри дожд на метар квадратен, соопшти метеоролошката служба АЕМЕТ. Во текот на денот, приградскиот железнички сообраќај беше прекинат во Каталонија, автономна покраина со 7,5 милиони жители. Откако водата ги блокираше патиштата, возачите беа повикани да не патуваат доколку не е потребно.
„Ситуацијата е грда“, вели една Хрватка во Барселона.
Службата за итни случаи примила 2.136 повици од жители на Каталонија до 13 часот, од кои 269 биле во главниот град Барселона. Патиштата во Барселона се отворени од попладневните часови, но три патишта околу пристанишниот град Тарагона се уште се затворени. Некои болници во Каталонија ги откажаа прегледите и процедурите кои не се итни. „Интензивните дождови продолжуваат во Барселона, Тарагона и Кастелон (во провинцијата Валенсија)“, соопшти метеоролошката служба, апелирајќи до жителите да бидат крајно внимателни.  

The post Барселона во вода: Екстремниот дожд предизвика поплави, пливаат авиони и автомобили, болниците ги откажаа прегледите appeared first on Република.

]]>
Опасност од нови обилни врнежи во Валенсија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/opasnost-od-novi-obilni-vrnezhi-vo-valensija/ Sun, 03 Nov 2024 19:56:03 +0000 https://republika.mk/?p=833844

Жителите на регионот Валенсија во југоисточниот дел на Шпанија, кој беше тешко погоден од драматичните поплави на почетокот на минатата недела, денеска итно беа повикани да влезат во своите домови поради опасност од дополнителни обилни врнежи.

Полицијата преку мегафони ги повика граѓаните да влезат во своите куќи, пренесува Фран прес.

Националната метеоролошка агенција објави нов црвен аларм за јужниот брег на Валенсија во периодот од 18 до 23 часот со можни врнежи од 90 литри на метар квадратен или девет сантиметри за еден час.

Повеќе од 200 луѓе загинаа во шпанскиот регион за време на поплавите во вторникот, а илјадници ги загубија своите домови и имоти.

The post Опасност од нови обилни врнежи во Валенсија appeared first on Република.

]]>

Жителите на регионот Валенсија во југоисточниот дел на Шпанија, кој беше тешко погоден од драматичните поплави на почетокот на минатата недела, денеска итно беа повикани да влезат во своите домови поради опасност од дополнителни обилни врнежи. Полицијата преку мегафони ги повика граѓаните да влезат во своите куќи, пренесува Фран прес. Националната метеоролошка агенција објави нов црвен аларм за јужниот брег на Валенсија во периодот од 18 до 23 часот со можни врнежи од 90 литри на метар квадратен или девет сантиметри за еден час. Повеќе од 200 луѓе загинаа во шпанскиот регион за време на поплавите во вторникот, а илјадници ги загубија своите домови и имоти.

The post Опасност од нови обилни врнежи во Валенсија appeared first on Република.

]]>
Гневни жители на поплавените градови во Шпанија го гаѓаа кралот Фелипе Шести со кал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gnevni-zhiteli-na-poplavenite-gradovi-vo-shpanija-go-gagaa-kralot-felipe-shesti-so-kal/ Sun, 03 Nov 2024 17:59:23 +0000 https://republika.mk/?p=833815

Гневни жители кои ги преживеаја смртоносните поплави во Шпанија фрлала кал и извикувала навреди кон шпанскиот крал Фелипе Шести и владините претставници, кои денеска по првпат го посетија Паjпортa, еден од најтешко погодените градови.

Полицијата морала да интервенира со коњичка единица за да го спречи неколку десетици најжестоки демонстранти.

Владините претставници беа во придружба на монархот кој се обидел да разговара со некои од жителите, додека други викале на него во Пајпорта, предградие на Валенсија, кое беше разорено од поплавите.

Повеќе од 200 луѓе загинаа во поплавите во вторникот, а илјадници ги изгубија своите домови и имот.

The post Гневни жители на поплавените градови во Шпанија го гаѓаа кралот Фелипе Шести со кал appeared first on Република.

]]>

Гневни жители кои ги преживеаја смртоносните поплави во Шпанија фрлала кал и извикувала навреди кон шпанскиот крал Фелипе Шести и владините претставници, кои денеска по првпат го посетија Паjпортa, еден од најтешко погодените градови. Полицијата морала да интервенира со коњичка единица за да го спречи неколку десетици најжестоки демонстранти. Владините претставници беа во придружба на монархот кој се обидел да разговара со некои од жителите, додека други викале на него во Пајпорта, предградие на Валенсија, кое беше разорено од поплавите. Повеќе од 200 луѓе загинаа во поплавите во вторникот, а илјадници ги изгубија своите домови и имот.

The post Гневни жители на поплавените градови во Шпанија го гаѓаа кралот Фелипе Шести со кал appeared first on Република.

]]>
Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-shpanija-spasena-zhena-koja-tri-dena-bila-zaglavena-vo-avtomobil-odnesen-od-poplavite/ Sun, 03 Nov 2024 10:38:44 +0000 https://republika.mk/?p=833676

Спасена е жена која три дена седела заглавена во автомобил со мртвото тело на свој роднина откако ги погодила смртоносната поплава во Шпанија, соопшти спасувачката служба.

Автомобилот со преживеаната жена е откриен во поплавен тунел во Монкада, лоциран во југоисточната покраина Валенсија, заглавен со уништени автомобили. Спасувачите, вадејќи ги автомобилите, слушнале лелек на жена. Не можела да излезе бидејќи нејзиниот автомобил бил под други возила.

По спасувачката акција жената е префрлена во блиската болница и засега не е позната нејзината здравствена состојба. Локалните власти, исто така, им се заблагодарија на волонтерите кои дојдоа од цела Шпанија во поплавената Валенсија.

Шпанскиот премиер Педро Санчес претходно денеска соопшти дека бројот на жртвите во поплавите се искачи на 211. Додаде дека 208 од жртвите се од Валенсија. Санчес најави и дека уште 5.000 војници ќе бидат испратени во областите погодени од поплавите. Во погодените подрачја денеска се очекува да пристигне првиот контингент од 4.000 војници.

Во моментов е во тек потрагата по стотина исчезнати лица.

The post Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите appeared first on Република.

Повеќе од 13.000 Шпанци се пријавиле да волонтираат во Валенсија по големите поплави https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poveke-od-13-000-shpantsi-se-prijavile-da-volontiraat-vo-valensija-po-golemite-poplavi/ Fri, 01 Nov 2024 21:55:00 +0000 https://republika.mk/?p=833342

Повеќе од 13.000 Шпанци се приклучиле на волонтерски групи за да им помогнат на луѓето погодени од поплавите во регионот на Валенсија, пренесува весникот „Ел Паис“.

Тие се пријавиле да волонтираат во 19 градови во Валенсија преку мрежата Телеграм, каде што добиле упатства и предупредувања за опасностите, вклучувајќи го и бројот на километри што ќе треба да ги поминат за да стигнат до погодените.

Волонтерите, кои се претежно млади луѓе, биле предупредени дека „патиштата пропаѓаат, а итните служби имаат проблеми да си ја вршат работата“.

The post Повеќе од 13.000 Шпанци се пријавиле да волонтираат во Валенсија по големите поплави appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 13.000 Шпанци се приклучиле на волонтерски групи за да им помогнат на луѓето погодени од поплавите во регионот на Валенсија, пренесува весникот „Ел Паис“. Тие се пријавиле да волонтираат во 19 градови во Валенсија преку мрежата Телеграм, каде што добиле упатства и предупредувања за опасностите, вклучувајќи го и бројот на километри што ќе треба да ги поминат за да стигнат до погодените. Волонтерите, кои се претежно млади луѓе, биле предупредени дека „патиштата пропаѓаат, а итните служби имаат проблеми да си ја вршат работата“.

The post Повеќе од 13.000 Шпанци се пријавиле да волонтираат во Валенсија по големите поплави appeared first on Република.

]]>
Над 200 загинати досега во поплавите во Шпанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nad-200-zaginati-dosega-vo-poplavite-vo-shpanija/ Fri, 01 Nov 2024 14:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=833111

Бројот на загинати во поплавите што ја зафатија источна и јужна Шпанија се искачи над 200 луѓе.

Спасувачките служби соопштија дека во поплавите загинале најмалку 205 луѓе, од кои 202 се во источната автономна област Валенсија.

Сè уште е непознато колку луѓе се водат како исчезнати.

Спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани и тела во погодените области три дена по поројните дождови кои предизвикаа поплави.

The post Над 200 загинати досега во поплавите во Шпанија appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во поплавите што ја зафатија источна и јужна Шпанија се искачи над 200 луѓе. Спасувачките служби соопштија дека во поплавите загинале најмалку 205 луѓе, од кои 202 се во источната автономна област Валенсија. Сè уште е непознато колку луѓе се водат како исчезнати. Спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани и тела во погодените области три дена по поројните дождови кои предизвикаа поплави.

The post Над 200 загинати досега во поплавите во Шпанија appeared first on Република.

]]>
Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија се искачи на 158 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brojot-na-zhrtvite-od-poplavite-vo-shpanija-se-iskachi-na-158/ Thu, 31 Oct 2024 18:01:47 +0000 https://republika.mk/?p=832893

Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија се искачи на 158, соопштија спасувачките служби.

Претходно шпанските медиуми јавија за најмалку 140 загинати како последица на природната катастрофа предизвикана од поројните дождови во источна Шпанија.

Најсмртоносните поројни поплави во Шпанија во модерната историја го зафатија источниот шпански регион Валенсија по поројните дождови во вторникот и вчера, оставајќи ги патиштата и градовите под вода.

The post Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија се искачи на 158 appeared first on Република.

]]>

Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија се искачи на 158, соопштија спасувачките служби. Претходно шпанските медиуми јавија за најмалку 140 загинати како последица на природната катастрофа предизвикана од поројните дождови во источна Шпанија. Најсмртоносните поројни поплави во Шпанија во модерната историја го зафатија источниот шпански регион Валенсија по поројните дождови во вторникот и вчера, оставајќи ги патиштата и градовите под вода.

The post Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија се искачи на 158 appeared first on Република.

]]>
Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија надмина 70 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brojot-na-zhrtvite-od-poplavite-vo-shpanija-nadmina-70/ Wed, 30 Oct 2024 17:24:13 +0000 https://republika.mk/?p=832536

Бројот на загинати од силните поплави во Шпанија попладнево се зголеми на најмалку 72, соопштија локалните власти, откако бурите оставија големи делови од земјата под вода, јави ДПА.

Премиерот Педро Санчез вети брза помош за погодените од катастрофата, нудејќи ги „сите расположливи средства“.

Нема да ве оставиме, рече Санчез, додавајќи дека „цела Шпанија плаче со вас“, пренесе германската агенција.

Регионалната влада потврди дека најмалку 70 луѓе загинаа само во најтешко погодениот источен регион Валенсија.

Уште две тела беа пронајдени во соседниот регион Кастиља-Ла Манча, а десетици луѓе се уште се водат за исчезнати.

Метеоролошката служба АЕМЕТ соопшти дека ситуацијата во Шпанија нема целосно да се олесни до утре.

Поради поплавените или блокирани патишта, пренесува ДПА, спасувачите водат тешка борба да стигнат до областите погодени од катастрофата.

Од тие причини, во Валенсија, голем дел од хуманитарната работа се изведува со хеликоптер, изјави Хозе Мигел Басет од противпожарната бригада на Валенсија.

Многу луѓе се заробени во куќи, канцеларии или трговски центри и упатија итни повици на социјалните мрежи. Многумина се јавуваат и во медиумите бидејќи не можат да контактираат со пријатели и роднините.

The post Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија надмина 70 appeared first on Република.

Шпанската влада прогласи тридневна национална жалост за жртвите од поплавите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanskata-vlada-proglasi-tridnevna-natsionalna-zhalost-za-zhrtvite-od-poplavite/ Wed, 30 Oct 2024 15:10:59 +0000 https://republika.mk/?p=832497

Шпанската влада денеска прогласи тридневна национална жалост за жртвите од поплавите во јужните и источните делови на земјата, кои веќе достигнаа 64 лица, пренесоа француските медиуми.

Тридневната жалост ќе започне утре, 31 октомври и ќе трае до сабота, 2 ноември, изјави за новинарите министерот за територијална политика Анхел Виктор Торес, додавајќи дека премиерот Педро Санчез утре ќе ги посети погодените области.

The post Шпанската влада прогласи тридневна национална жалост за жртвите од поплавите appeared first on Република.

„Бевме заробени како стаорци, нивото на водата се зголеми на три метри“ – најмалку 63 мртви во поплавите во Валенсија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bevme-zarobeni-kako-staortsi-nivoto-na-vodata-se-zgolemi-na-tri-metri-najmalku-63-mrtvi-vo-poplavite-vo-valensija/ Wed, 30 Oct 2024 13:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=832474

Бројот на жртвите од поплавите во источниот шпански регион Валенсија се зголеми на најмалку 63 лица, соопштија денеска локалните власти.

Службите за вонредни состојби во Валенсија го потврдија бројот на жртвите, објавија американските медиуми.

Поплавите ги претворија селските улици во реки и го прекинаа железничкиот и патниот сообраќај во регионот во оваа најголема природна катастрофа во земјата во последно време.

Невремето вчера предизвика поплави во поголемиот дел од јужна и источна Шпанија, со поројни води, измешани со кал, кои се движеа низ улиците со застрашувачка брзина.

Полицијата и итните служби користеа хеликоптери за да ги спасат луѓето од нивните домови и автомобили.

Властите синоќа пријавија неколку исчезнати лица, но утрово ја донесе шокантната вест за десетици загинати во поплавите.

Повеќе од 1.000 војници од шпанските единици за одговор при итни случаи се распоредени во погодените области.

Вчера беше најлошиот ден во мојот живот, изјави за националната телевизија RTVE градоначалникот на градот Утиел во Валенсија, Рикардо Габалдон.

Тој рече дека неколку лица во тој град се уште се водат како исчезнати.

Бевме заробени како стаорци. Водата носеше автомобили и контејнери за ѓубре низ улиците. Нивото на водата се зголеми на три метри, рече Габалдон.

Брзиот воз со речиси 300 луѓе излета од шините поради поплавите во близина на Малага, а железничките власти соопштија дека нема повредени. Брзите возови меѓу Валенсија и Мадрид беа прекинати, а беа суспендирани и неколку приградски линии.

Регионалниот претседател на Валенсија, Карлос Мазон, ги повика луѓето да останат дома за да не ги попречуваат спасувачките напори, бидејќи патиштата се отежнати за возење поради паднатите дрвја и уништените возила.

Шпанската влада формираше кризен комитет за да помогне во координирањето на спасувачките напори.

Дождот доцна утринава престана во Валенсија, но се прогнозира дека невремето ќе трае до четврток, соопшти шпанската национална метеоролошка служба.

The post „Бевме заробени како стаорци, нивото на водата се зголеми на три метри“ – најмалку 63 мртви во поплавите во Валенсија appeared first on Република.

]]>

Бројот на жртвите од поплавите во источниот шпански регион Валенсија се зголеми на најмалку 63 лица, соопштија денеска локалните власти. Службите за вонредни состојби во Валенсија го потврдија бројот на жртвите, објавија американските медиуми. Поплавите ги претворија селските улици во реки и го прекинаа железничкиот и патниот сообраќај во регионот во оваа најголема природна катастрофа во земјата во последно време. Невремето вчера предизвика поплави во поголемиот дел од јужна и источна Шпанија, со поројни води, измешани со кал, кои се движеа низ улиците со застрашувачка брзина. Полицијата и итните служби користеа хеликоптери за да ги спасат луѓето од нивните домови и автомобили. Властите синоќа пријавија неколку исчезнати лица, но утрово ја донесе шокантната вест за десетици загинати во поплавите. Повеќе од 1.000 војници од шпанските единици за одговор при итни случаи се распоредени во погодените области.
Вчера беше најлошиот ден во мојот живот, изјави за националната телевизија RTVE градоначалникот на градот Утиел во Валенсија, Рикардо Габалдон.
Тој рече дека неколку лица во тој град се уште се водат како исчезнати.
Бевме заробени како стаорци. Водата носеше автомобили и контејнери за ѓубре низ улиците. Нивото на водата се зголеми на три метри, рече Габалдон.
Брзиот воз со речиси 300 луѓе излета од шините поради поплавите во близина на Малага, а железничките власти соопштија дека нема повредени. Брзите возови меѓу Валенсија и Мадрид беа прекинати, а беа суспендирани и неколку приградски линии. Регионалниот претседател на Валенсија, Карлос Мазон, ги повика луѓето да останат дома за да не ги попречуваат спасувачките напори, бидејќи патиштата се отежнати за возење поради паднатите дрвја и уништените возила. Шпанската влада формираше кризен комитет за да помогне во координирањето на спасувачките напори. Дождот доцна утринава престана во Валенсија, но се прогнозира дека невремето ќе трае до четврток, соопшти шпанската национална метеоролошка служба.

The post „Бевме заробени како стаорци, нивото на водата се зголеми на три метри“ – најмалку 63 мртви во поплавите во Валенсија appeared first on Република.

]]>
Апокалиптични сцени од Шпанија, невремето однесе 51 живот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/apokaliptichni-stseni-od-shpanija-nevremeto-odnese-51-zhivot/ Wed, 30 Oct 2024 09:16:45 +0000 https://republika.mk/?p=832330

Најмалку 51 лице загина во вчерашните поплави во источниот и јужниот дел на Шпанија. Според локалните медиуми, неколку лица се сметаат за исчезнати, додека врнежите го нарушија железничкиот сообраќај и предизвикаа објава на црвен аларм за обилни дождови, бидејќи се очекува неповолното време да продолжи.

Властите информираа дека пронајдени се дел од телата откако поплавите вчера носеа автомобили по уличките на селата и го прекинаа железничкиот сообраќај во голем дел од источниот и јужниот дел на земјата, јави шпанската агенција ЕФЕ.

Воз со голема брзина со речиси 300 патници излезе од шините во близина на Малага, а железничките власти соопштија дека никој не е повреден. Поплавите исто така го прекинаа железничкиот сообраќај на релациите меѓу Валенсија и Мадрид, како и други приградски линии низ погодените региони.

Државната метеоролошка агенција издаде црвен аларм за обилни дождови во областа Валенсија, каде поплавите предизвикаа уривање на мост во Пичања.

Општини како Турис и Утиел нотираа околу 200 литри дожд на квадратен метар, додека многу населени места на југот и истокот забележаа над 100 литри само во текот на вчерашниот ден, според официјалните извештаи.

Властите предупредија дека неповолните временски услови ќе продолжат и ги повикаа локалните жители да бидат претпазливи. „Овој вторник е најнеповолниот ден од оваа епизода, но многу обилни врнежи ќе продолжат и во наредните денови,“ соопшти синоќа агенцијата на платформата Икс.

Шпанија во последните години се соочува со слични есенски бури. Земјата оваа година се опорави донекаде од тешка суша благодарение на врнежите. Поголемиот дел од климатолозите велат дека порастот на екстремни временски настани е предизвикан од климатските промени.

The post Апокалиптични сцени од Шпанија, невремето однесе 51 живот appeared first on Република.

]]>

Најмалку 51 лице загина во вчерашните поплави во источниот и јужниот дел на Шпанија. Според локалните медиуми, неколку лица се сметаат за исчезнати, додека врнежите го нарушија железничкиот сообраќај и предизвикаа објава на црвен аларм за обилни дождови, бидејќи се очекува неповолното време да продолжи. Властите информираа дека пронајдени се дел од телата откако поплавите вчера носеа автомобили по уличките на селата и го прекинаа железничкиот сообраќај во голем дел од источниот и јужниот дел на земјата, јави шпанската агенција ЕФЕ. Воз со голема брзина со речиси 300 патници излезе од шините во близина на Малага, а железничките власти соопштија дека никој не е повреден. Поплавите исто така го прекинаа железничкиот сообраќај на релациите меѓу Валенсија и Мадрид, како и други приградски линии низ погодените региони. Државната метеоролошка агенција издаде црвен аларм за обилни дождови во областа Валенсија, каде поплавите предизвикаа уривање на мост во Пичања. Општини како Турис и Утиел нотираа околу 200 литри дожд на квадратен метар, додека многу населени места на југот и истокот забележаа над 100 литри само во текот на вчерашниот ден, според официјалните извештаи. Властите предупредија дека неповолните временски услови ќе продолжат и ги повикаа локалните жители да бидат претпазливи. „Овој вторник е најнеповолниот ден од оваа епизода, но многу обилни врнежи ќе продолжат и во наредните денови,“ соопшти синоќа агенцијата на платформата Икс. Шпанија во последните години се соочува со слични есенски бури. Земјата оваа година се опорави донекаде од тешка суша благодарение на врнежите. Поголемиот дел од климатолозите велат дека порастот на екстремни временски настани е предизвикан од климатските промени.

The post Апокалиптични сцени од Шпанија, невремето однесе 51 живот appeared first on Република.

]]>
Пронајдена последната, 19-та жртва од поплавите во БИХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pronajdena-poslednata-19-ta-zhrtva-od-poplavite-vo-bih/ Mon, 14 Oct 2024 15:47:06 +0000 https://republika.mk/?p=826738

Пронајдено е телото на последната жртва во селото Доња Јабланица од деветнаесет по кои се трагаше во последните десет дена откако северниот дел на Херцеговина и централниот дел на Босна го зафатија катастрофални поплави проследени со одрони од карпи.

Телото на починато лице е пронајдено во основата на хидроцентралата Грабовица на реката Неретва“, соопшти МУП на Херцеговско-неретванската жупанија, со седиште во Мостар.

Станува збор за жител на селото Доње Јабланица, кој загинал заедно со уште 17 лица, главно како последица од поплавата и падот на карпите од блискиот каменолом, кој паднал врз селото.

Уште едно лице загина во селото Злате, со што вкупниот број на жртви во Јабланица се искачи на 19. Во Коњиц се удавија четири лица, а таму се трага по телото на уште една жртва. Вкупниот број на загинати во поплавите и одроните во Босна и Херцеговина досега е 26 лица.

За утре е најавен колективно испраќање, погреб за сите загинати во Јабланица.

The post Пронајдена последната, 19-та жртва од поплавите во БИХ appeared first on Република.

]]>

Пронајдено е телото на последната жртва во селото Доња Јабланица од деветнаесет по кои се трагаше во последните десет дена откако северниот дел на Херцеговина и централниот дел на Босна го зафатија катастрофални поплави проследени со одрони од карпи.
Телото на починато лице е пронајдено во основата на хидроцентралата Грабовица на реката Неретва“, соопшти МУП на Херцеговско-неретванската жупанија, со седиште во Мостар.
Станува збор за жител на селото Доње Јабланица, кој загинал заедно со уште 17 лица, главно како последица од поплавата и падот на карпите од блискиот каменолом, кој паднал врз селото. Уште едно лице загина во селото Злате, со што вкупниот број на жртви во Јабланица се искачи на 19. Во Коњиц се удавија четири лица, а таму се трага по телото на уште една жртва. Вкупниот број на загинати во поплавите и одроните во Босна и Херцеговина досега е 26 лица. За утре е најавен колективно испраќање, погреб за сите загинати во Јабланица.

The post Пронајдена последната, 19-та жртва од поплавите во БИХ appeared first on Република.

]]>
Во БиХ пронајдена уште една жртва од поплавите, бројот на загинати се искачи на 24 https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-bih-pronajdena-ushte-edna-zhrtva-od-poplavite-brojot-na-zaginati-se-iskachi-na-24/ Sat, 12 Oct 2024 13:28:44 +0000 https://republika.mk/?p=825906

Уште една жртва од минатонеделните катастрофални поплави е пронајдена во областа на Коњиц, така што бројот на загинати само во Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) се искачи на 21.

Покрај 21 загинато лице во ХНК, тројца загинаа во Фојница, така што во БИХ досега се евидентирани вкупно 24 жртви од поплавите.

Градоначалникот на Коњиц, Осман Ќатиќ, за сараевски „Аваз“ потврди дека 21-та жртва во ХНК е пронајдена во Бутуровиќ Поље.

Четири лица загинаа на подрачјето на Коњиц, а 17 од загинатите во поплавите се од Јабланица.

Според МВР на БиХ, се трага по телата на уште три исчезнати лица во Јабланица, и по едно во Коњиц.

The post Во БиХ пронајдена уште една жртва од поплавите, бројот на загинати се искачи на 24 appeared first on Република.

]]>

Уште една жртва од минатонеделните катастрофални поплави е пронајдена во областа на Коњиц, така што бројот на загинати само во Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) се искачи на 21. Покрај 21 загинато лице во ХНК, тројца загинаа во Фојница, така што во БИХ досега се евидентирани вкупно 24 жртви од поплавите. Градоначалникот на Коњиц, Осман Ќатиќ, за сараевски „Аваз“ потврди дека 21-та жртва во ХНК е пронајдена во Бутуровиќ Поље. Четири лица загинаа на подрачјето на Коњиц, а 17 од загинатите во поплавите се од Јабланица. Според МВР на БиХ, се трага по телата на уште три исчезнати лица во Јабланица, и по едно во Коњиц.

The post Во БиХ пронајдена уште една жртва од поплавите, бројот на загинати се искачи на 24 appeared first on Република.

]]>
Фудбалер и сопругата ги нашле мртви прегрнати под урнатините во Босна https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fudbaler-i-soprugata-gi-nashle-mrtvi-pregrnati-pod-urnatinite-vo-bosna/ Mon, 07 Oct 2024 08:17:33 +0000 https://republika.mk/?p=823696

Јасмин Чилиќ (38), поранешен фудбалер на БиХ второлигаш Клиса од Бутуровиќ загина со сопругата во разорните поплави што ја погодија Јабланица.

Јасмин и неговата сопруга Ирмела Чилиќ (32)  биле неразделени и сите што ги познавале тврдат дека биле симбол на љубов и лојалност.

Сите натпревари планирани за овој викенд низ Босна и Херцеговина се одложени.

The post Фудбалер и сопругата ги нашле мртви прегрнати под урнатините во Босна appeared first on Република.

]]>

Јасмин Чилиќ (38), поранешен фудбалер на БиХ второлигаш Клиса од Бутуровиќ загина со сопругата во разорните поплави што ја погодија Јабланица. Јасмин и неговата сопруга Ирмела Чилиќ (32)  биле неразделени и сите што ги познавале тврдат дека биле симбол на љубов и лојалност. Сите натпревари планирани за овој викенд низ Босна и Херцеговина се одложени.

The post Фудбалер и сопругата ги нашле мртви прегрнати под урнатините во Босна appeared first on Република.

]]>
Поплави во Хрватска: Тешка состојба во Карловац, Бродарици и Борлин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poplavi-vo-hrvatska-teshka-sostojba-vo-karlovats-brodaritsi-i-borlin/ Sun, 06 Oct 2024 13:24:45 +0000 https://republika.mk/?p=823481

Градоначалникот на хрватскиот град Карловац, Дамир Мандиќ, денеска изјави дека од поплавите вода влегла во 25 семејни куќи, а многу дворови и деловни објекти претрпеле штета. Најтешка е состојбата во Бродарици и Борлин, како и на левиот брег на реката Купа.

Иако штетата е значајна, Мандиќ рече дека не се очекува прогласување на елементарна непогода, пренесува порталот Индекс.

– Штетата ќе ја процениме утре, но веќе сега знаеме дека не е толку голема како претходните години, изјави Мандиќ.

Тој нагласи дека водостојот паднал, граѓаните добиле сушачи за простории, а утре ќе се санира теренот. – Верувам дека до понеделник ќе имаме нормални услови за живот, истакна Мандиќ.

The post Поплави во Хрватска: Тешка состојба во Карловац, Бродарици и Борлин appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на хрватскиот град Карловац, Дамир Мандиќ, денеска изјави дека од поплавите вода влегла во 25 семејни куќи, а многу дворови и деловни објекти претрпеле штета. Најтешка е состојбата во Бродарици и Борлин, како и на левиот брег на реката Купа. Иако штетата е значајна, Мандиќ рече дека не се очекува прогласување на елементарна непогода, пренесува порталот Индекс.
– Штетата ќе ја процениме утре, но веќе сега знаеме дека не е толку голема како претходните години, изјави Мандиќ.
Тој нагласи дека водостојот паднал, граѓаните добиле сушачи за простории, а утре ќе се санира теренот. – Верувам дека до понеделник ќе имаме нормални услови за живот, истакна Мандиќ.

The post Поплави во Хрватска: Тешка состојба во Карловац, Бродарици и Борлин appeared first on Република.

]]>
Србија испраќа 36 членови на Тимот за спасување за помош во поплавите во БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-ispraka-36-chlenovi-na-timot-za-spasuvane-za-pomosh-vo-poplavite-vo-bih/ Sun, 06 Oct 2024 06:58:04 +0000 https://republika.mk/?p=823318

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека по наредба на претседателот на државата, Александар Вучиќ, а согласносо  писмото на премиерот Милош Вучевиќ, Министерството за внатрешни работи ќе испрати 36 припадници на Тимот за спасување од Секторот за вонредни ситуации со 12 возила за помош во поплавите во Босна и Херцеговина.

По наредба на претседателот Вучиќ, а согласно писмото на премиерот Вучевиќ, Министерството за внатрешни работи на барање на Босна и Херцеговина, како помош ќе испрати 36 членови на Тимот за спасување од Секторот за вонредни ситуации со 12 возила, се наведува во соопштението на српското МВР.

Понудена е и помош во инженерски машини, багери, камиони и спасувачки хеликоптери. Како што најавија од Сараево, спасувачите ќе бидат испратени во Јабланица.

Екипата на спасувачите за БиХ заминува утринава, се наведува во соопштението на МВР.

The post Србија испраќа 36 членови на Тимот за спасување за помош во поплавите во БиХ appeared first on Република.

Помош од СПЦ од 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во Босна и Херцеговина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pomosh-od-spts-od-100-000-evra-za-najzagrozenite-semejstva-od-poplavite-vo-bosna-i-hertsegovina/ Sat, 05 Oct 2024 20:41:26 +0000 https://republika.mk/?p=823134

Српската православна црква (СПЦ) донира 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во Босна и Херцеговина.

Српскиот патријарх Порфирије дал наредба на Религиозното добротворно старателство во Белград, добротворна организација која работи во рамките на СПЦ, да испрати еднократна финансиска помош во износ од 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во БиХ преку Епархијата Захум и Херцеговина.

https://republika.mk/vesti/balkan/apokaliptichni-stseni-vo-bih-dvaeset-litsa-mrtvi-bremena-zhena-go-izgubi-bebeto-vodata-nosi-kuki-polni-so-luge-vojkata-na-noze/

Од Српската православна црква соопштија дека помошта ќе се дели без разлика на верската и националната припадност на настраданите.

The post Помош од СПЦ од 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во Босна и Херцеговина appeared first on Република.

]]>

Српската православна црква (СПЦ) донира 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во Босна и Херцеговина. Српскиот патријарх Порфирије дал наредба на Религиозното добротворно старателство во Белград, добротворна организација која работи во рамките на СПЦ, да испрати еднократна финансиска помош во износ од 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во БиХ преку Епархијата Захум и Херцеговина. https://republika.mk/vesti/balkan/apokaliptichni-stseni-vo-bih-dvaeset-litsa-mrtvi-bremena-zhena-go-izgubi-bebeto-vodata-nosi-kuki-polni-so-luge-vojkata-na-noze/ Од Српската православна црква соопштија дека помошта ќе се дели без разлика на верската и националната припадност на настраданите.

The post Помош од СПЦ од 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во Босна и Херцеговина appeared first on Република.

]]>
Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата во БиХ се искачи на 18, се трага по исчезнатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brojot-na-zaginati-vo-poplavite-i-svlechishtata-vo-bih-se-iskachi-na-18-se-traga-po-ischeznatite/ Sat, 05 Oct 2024 20:20:04 +0000 https://republika.mk/?p=823281

Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата во Босна и Херцеговина официјално се искачи на 18 лица, откако во текот на денешниот ден беа пронајдени телата на уште две жртви.

Спасувачките служби се уште трагаат по уште осум исчезнати лица во северниот дел на Херцеговина, кој најмногу настрада од поплавите и одроните на камења.

The post Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата во БиХ се искачи на 18, се трага по исчезнатите appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата во Босна и Херцеговина официјално се искачи на 18 лица, откако во текот на денешниот ден беа пронајдени телата на уште две жртви. Спасувачките служби се уште трагаат по уште осум исчезнати лица во северниот дел на Херцеговина, кој најмногу настрада од поплавите и одроните на камења.

The post Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата во БиХ се искачи на 18, се трага по исчезнатите appeared first on Република.

]]>
БиХ бара меѓународна помош за справување со последиците од поплавите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bih-bara-megunarodna-pomosh-za-spravuvane-so-posleditsite-od-poplavite/ Sat, 05 Oct 2024 19:23:33 +0000 https://republika.mk/?p=823270

Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина побара меѓународна помош од Европската Унија за справување со последиците од поплавите.

Преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, денеска е испратено барање за меѓународна помош за санација на последиците од поплавите и свлечиштата што ги погодија неколку општини во БиХ“, соопшти Министерството за безбедност на БиХ.

Барањето е испратено по одлуката на Владата на Федерацијата БиХ, според која, поради обемот на поплавите, е потребна меѓународна помош и доставен е список на најнеопходната опрема и средства.

Министерството за безбедност на БиХ е во постојан контакт со претставници на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ во Брисел, со цел подготвената помош која ќе биде испратена до БиХ да стигне што полесно и побрзо до жителите и општините на кои им е најпотребна во овој момент“, се наведува во соопштението.

Министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, изјави дека Министерството ќе продолжи да ја следи состојбата на терен и ќе ја координира доставата на помош во погодените подрачја.

The post БиХ бара меѓународна помош за справување со последиците од поплавите appeared first on Република.