поплави во босна и херцеговина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poplavi-vo-bosna-i-hertsegovina/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Oct 2024 13:11:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поплави во босна и херцеговина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poplavi-vo-bosna-i-hertsegovina/ 32 32 Пронајдени уште две тела во Долна Јабланица, бројот на жртвите од поплавите во БиХ порасна на 20 https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pronajdeni-ushte-dve-tela-vo-dolna-jablanitsa-brojot-na-zhrtvite-od-poplavite-vo-bih-porasna-na-20/ Sun, 06 Oct 2024 13:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=823468

Спасувачките служби денеска во Долна Јабланица пронајдоа тела на уште две жртви од катастрофалните поплави кои го погодија овој регион во Босна и Херцеговина. Со ова, вкупниот број на жртви од поплавите во БиХ се искачи на 20.

Сабахудин Спаховиќ од Цивилната заштита истакна дека под урнатините во Долна Јабланица биле пронајдени тела на жена и маж.

Спасувачките тимови и денеска продолжуваат со откопување и потрага по тела, а во оваа мисија помагаат и бројни колеги, волонтери и граѓани.

Спасувачките тимови од соседните држави на БиХ и членки на Европската Унија денеска здружија сили за да ги исчистат урнатините и да ги пронајдат исчезнатите во поплавите и свлечиштата кои ги опустошија делови од западно-балканската земја.

Според официјални лица, најмалку 10 лица сè уште се водат како исчезнати, од кои многумина се од селото Долна Јабланица, кое е речиси целосно затрупано.

Мештаните велат дека слушнале силна бучава и виделе како куќите исчезнуваат во свлечиштето пред нивните очи.

Луиџи Сорека, кој ја води мисијата на ЕУ во Босна, изјави дека ЕУ е солидарна со БиХ и дека тимови се на пат да помогнат.

Властите соопштија дека хрватските спасувачи веќе пристигнале, а се очекува да бидат распоредени тимови од Србија, како и од Словенија со специјално обучени кучиња.

Македонија, Црна Гора, Полска, Чешка и Турција исто така понудија помош, се наведува во соопштението на владата.

Инаку, денеска се одржуваат локални избори во БиХ, но властите одлучија да го одложат гласањето во регионите погодени од поплавите.

The post Пронајдени уште две тела во Долна Јабланица, бројот на жртвите од поплавите во БиХ порасна на 20 appeared first on Република.

]]>

Спасувачките служби денеска во Долна Јабланица пронајдоа тела на уште две жртви од катастрофалните поплави кои го погодија овој регион во Босна и Херцеговина. Со ова, вкупниот број на жртви од поплавите во БиХ се искачи на 20. Сабахудин Спаховиќ од Цивилната заштита истакна дека под урнатините во Долна Јабланица биле пронајдени тела на жена и маж. Спасувачките тимови и денеска продолжуваат со откопување и потрага по тела, а во оваа мисија помагаат и бројни колеги, волонтери и граѓани. Спасувачките тимови од соседните држави на БиХ и членки на Европската Унија денеска здружија сили за да ги исчистат урнатините и да ги пронајдат исчезнатите во поплавите и свлечиштата кои ги опустошија делови од западно-балканската земја. Според официјални лица, најмалку 10 лица сè уште се водат како исчезнати, од кои многумина се од селото Долна Јабланица, кое е речиси целосно затрупано. Мештаните велат дека слушнале силна бучава и виделе како куќите исчезнуваат во свлечиштето пред нивните очи. Луиџи Сорека, кој ја води мисијата на ЕУ во Босна, изјави дека ЕУ е солидарна со БиХ и дека тимови се на пат да помогнат. Властите соопштија дека хрватските спасувачи веќе пристигнале, а се очекува да бидат распоредени тимови од Србија, како и од Словенија со специјално обучени кучиња. Македонија, Црна Гора, Полска, Чешка и Турција исто така понудија помош, се наведува во соопштението на владата. Инаку, денеска се одржуваат локални избори во БиХ, но властите одлучија да го одложат гласањето во регионите погодени од поплавите.

The post Пронајдени уште две тела во Долна Јабланица, бројот на жртвите од поплавите во БиХ порасна на 20 appeared first on Република.

]]>
Мало дете во Босна преживеало под плоча од два тона https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/malo-dete-vo-bosna-prezhivealo-pod-plocha-od-dva-tona/ Sun, 06 Oct 2024 11:43:36 +0000 https://republika.mk/?p=823428

Условите за пребарување на теренот во Доња Јабланица во БиХ денеска се нешто подобри, дождот престана да врне, па спасувачите со полн капацитет ја продолжуваат потрагата по настраданите од страшната поплава и одрон на ова место, информираат тамошните медиуми.

Според Сабахудин Спаховиќ од Сојузната управа за цивилна заштита, покрај припадниците на ФУЦЗ, на терен се и спасувачи со кучиња и членови на тимот ХУСАР од Хрватска. Ова е првиот тим кој бил ангажиран во Јабланица преку меѓународниот координативен механизам за цивилна заштита и Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина.

– Три лиценцирани кучиња сега работат на угинати лица на терен. Успеале да ги откријат жртвите. На три места кучето даде сигнал и чекаме да се создадат услови, бидејќи е многу тешко да се приближиме до тие места, да се обидеме со машини и спасувачи да дојдеме до потенцијалните тела на жртвите – изјавил Спаховиќ за „Дневни аваз“.

Има многу работи кои спасувачите ќе ги паметат засекогаш кога станува збор за Доња Јабланица, но акцијата за спасување на дете веднаш по катастрофата е особено врежана во сеќавањето на Сабахудин.

– Она што ќе ми остане во сеќавање до крајот на животот, нешто што никогаш нема да можам да го извадам од мојата глава, секако е спасувањето на мало дете. Живо било под плоча која сигурно тежела два тона. Заедно со мештаните и сите присутни успеавме да го извлечеме дететои да го пренесеме до првата медицинска установа. Утрово добив информација дека детето е здраво и дека се што му треба е обезбедено – додава Спаховиќ.

Целиот регион го поврзува солидарноста, хуманоста и желбата да им се помогне на преживеаните од катастрофата во Јабланица. Со благодарност до сите што помагаат, Спаховиќ апелира дека на спасувачите во моментов им е потребна помош не во работна сила, туку во механизација.

– Не ни треба помош во луѓе, потребна ни е помош во камиони, багери, се друго што ќе ни биде од корист на терен за да почнеме да ги отстрануваме тешките последици од оваа катастрофа. Во моментот кога ќе дојдеме во ситуација да почнеме да ги расчистуваме објектите и се друго што имаме овде, тогаш преку медиумите и социјалните мрежи ќе апелираме да ни помогнат со работна сила. Дотогаш ги молам сите за трпение, особено да не одат на пат самоиницијативно, бидејќи така ни создаваат проблеми и нам и на полицијата и на сите други – вели Спаховиќ.

The post Мало дете во Босна преживеало под плоча од два тона appeared first on Република.

]]>

Условите за пребарување на теренот во Доња Јабланица во БиХ денеска се нешто подобри, дождот престана да врне, па спасувачите со полн капацитет ја продолжуваат потрагата по настраданите од страшната поплава и одрон на ова место, информираат тамошните медиуми. Според Сабахудин Спаховиќ од Сојузната управа за цивилна заштита, покрај припадниците на ФУЦЗ, на терен се и спасувачи со кучиња и членови на тимот ХУСАР од Хрватска. Ова е првиот тим кој бил ангажиран во Јабланица преку меѓународниот координативен механизам за цивилна заштита и Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина.
– Три лиценцирани кучиња сега работат на угинати лица на терен. Успеале да ги откријат жртвите. На три места кучето даде сигнал и чекаме да се создадат услови, бидејќи е многу тешко да се приближиме до тие места, да се обидеме со машини и спасувачи да дојдеме до потенцијалните тела на жртвите – изјавил Спаховиќ за „Дневни аваз“.
Има многу работи кои спасувачите ќе ги паметат засекогаш кога станува збор за Доња Јабланица, но акцијата за спасување на дете веднаш по катастрофата е особено врежана во сеќавањето на Сабахудин.
– Она што ќе ми остане во сеќавање до крајот на животот, нешто што никогаш нема да можам да го извадам од мојата глава, секако е спасувањето на мало дете. Живо било под плоча која сигурно тежела два тона. Заедно со мештаните и сите присутни успеавме да го извлечеме дететои да го пренесеме до првата медицинска установа. Утрово добив информација дека детето е здраво и дека се што му треба е обезбедено – додава Спаховиќ.
Целиот регион го поврзува солидарноста, хуманоста и желбата да им се помогне на преживеаните од катастрофата во Јабланица. Со благодарност до сите што помагаат, Спаховиќ апелира дека на спасувачите во моментов им е потребна помош не во работна сила, туку во механизација.
– Не ни треба помош во луѓе, потребна ни е помош во камиони, багери, се друго што ќе ни биде од корист на терен за да почнеме да ги отстрануваме тешките последици од оваа катастрофа. Во моментот кога ќе дојдеме во ситуација да почнеме да ги расчистуваме објектите и се друго што имаме овде, тогаш преку медиумите и социјалните мрежи ќе апелираме да ни помогнат со работна сила. Дотогаш ги молам сите за трпение, особено да не одат на пат самоиницијативно, бидејќи така ни создаваат проблеми и нам и на полицијата и на сите други – вели Спаховиќ.

The post Мало дете во Босна преживеало под плоча од два тона appeared first on Република.

]]>
Како македонските граѓани можат да донираат за настраданите во БиХ? https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/kako-makedonskite-gragani-mozhat-da-doniraat-za-nastradanite-vo-bih/ Sat, 05 Oct 2024 10:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=823012

Црвениот крст на Македонија ги повикува македонските граѓани и правни субјекти да донираат средства за настраданото население од интензивните врнежи во БиХ. Воедно информира дека од своите резерви издови 10.000 евра првична помош и стапи во контакт со Црвениот крст на Босна и Херцеговина. Согласно утврдените потреби, понудена е помош во материјално-технички и човечки ресурси за справување со последиците предизвикани од поплавите.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за справување со последиците од пожарите.

Може да се донираат и 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

Средства во странска валута може да се уплатат на следниот начин:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

-Ве повикуваме уште еднаш да ја покажеме нашата солидарниот да и им помогнеме на настраданите. Интензивните врнежи од дожд кои зафатија делови од БиХ предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, одземајќи човечки животи и огромни материјални штети. Повеќе од 20 станбени единици се целосно уништени, а животот и здравјето на стотици домаќинства се во голем ризик. Согласно досегашните информации изгубени се 24 животи и непознат број на исчезнати. Црвениот крст на Босна и Херцеговина, ги активираше сите расположливи капацитети, со цел спречување и ублажување на човековото страдање и заштита на животот, здравјето и човечкото достоинство. Согласно обемот и интензитетот на настаната катастрофа потребна е дополнителна помош и поддршка, наведува Црвениот крст.

The post Како македонските граѓани можат да донираат за настраданите во БиХ? appeared first on Република.

]]>

Црвениот крст на Македонија ги повикува македонските граѓани и правни субјекти да донираат средства за настраданото население од интензивните врнежи во БиХ. Воедно информира дека од своите резерви издови 10.000 евра првична помош и стапи во контакт со Црвениот крст на Босна и Херцеговина. Согласно утврдените потреби, понудена е помош во материјално-технички и човечки ресурси за справување со последиците предизвикани од поплавите. Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за справување со последиците од пожарите. Може да се донираат и 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1. Средства во странска валута може да се уплатат на следниот начин: NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11 SWIFT CODE: KOBSMK2X IBAN CODE: MK07300701000001228
-Ве повикуваме уште еднаш да ја покажеме нашата солидарниот да и им помогнеме на настраданите. Интензивните врнежи од дожд кои зафатија делови од БиХ предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, одземајќи човечки животи и огромни материјални штети. Повеќе од 20 станбени единици се целосно уништени, а животот и здравјето на стотици домаќинства се во голем ризик. Согласно досегашните информации изгубени се 24 животи и непознат број на исчезнати. Црвениот крст на Босна и Херцеговина, ги активираше сите расположливи капацитети, со цел спречување и ублажување на човековото страдање и заштита на животот, здравјето и човечкото достоинство. Согласно обемот и интензитетот на настаната катастрофа потребна е дополнителна помош и поддршка, наведува Црвениот крст.

The post Како македонските граѓани можат да донираат за настраданите во БиХ? appeared first on Република.

]]>
Патријархот Порфирије нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/patrijarhot-porfirije-naredi-da-im-se-isplati-pomosh-od-100-000-evra-na-najzagrozenite-vo-bosna-i-hertsegovina/ Sat, 05 Oct 2024 08:21:09 +0000 https://republika.mk/?p=823046

Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), Порфирије нареди преку епархијата Захум-Херцеговина да се испрати еднократна помош во износ од 100.000 евра, за семејствата кои се најзагрозени од поплавите во Босна и Херцеговина.

Помошта ќе се дели без разлика на која вера се и на која нација припаѓаат“, се вели во соопштението на службата за информирање на СПЦ.

Патријархот Порфорие, кој се наоѓа во Канада, упати апел до сите народи на Балканот, особено во Босна и Херцеговина, во овие тешки денови да „покажат меѓусебна солидарност, бидејќи сите си требаме еден со друг“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека Србија е подготвена во истата секунда да и помогне на Босна и Херцеговина доколку сакаат и сметаат дека Србија може да помогне.

„Изразувам сочувство до семејствата на жртвите во БиХ. Секаква помош ако сакаат и ако мислат дека можеме да помогнеме, ние сме подготвени да го направиме тоа во истата секунда. Во хеликоптери во чамци во секој вид поддршка и ако мислат дека можеме да помогнеме, вклучително и финансиска, се што е потребно, доволно е да кажат и ние ќе помогнеме“, рече Вучиќ.

The post Патријархот Порфирије нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), Порфирије нареди преку епархијата Захум-Херцеговина да се испрати еднократна помош во износ од 100.000 евра, за семејствата кои се најзагрозени од поплавите во Босна и Херцеговина. Помошта ќе се дели без разлика на која вера се и на која нација припаѓаат“, се вели во соопштението на службата за информирање на СПЦ. Патријархот Порфорие, кој се наоѓа во Канада, упати апел до сите народи на Балканот, особено во Босна и Херцеговина, во овие тешки денови да „покажат меѓусебна солидарност, бидејќи сите си требаме еден со друг“. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека Србија е подготвена во истата секунда да и помогне на Босна и Херцеговина доколку сакаат и сметаат дека Србија може да помогне. „Изразувам сочувство до семејствата на жртвите во БиХ. Секаква помош ако сакаат и ако мислат дека можеме да помогнеме, ние сме подготвени да го направиме тоа во истата секунда. Во хеликоптери во чамци во секој вид поддршка и ако мислат дека можеме да помогнеме, вклучително и финансиска, се што е потребно, доволно е да кажат и ние ќе помогнеме“, рече Вучиќ.

The post Патријархот Порфирије нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина appeared first on Република.

]]>