поплава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poplava/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 12:09:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поплава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poplava/ 32 32 Шпанија обезбедува дополнителни 2,27 милијарди евра за погодените од поплавите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-obezbeduva-dopolnitelni-2-27-milijardi-evra-za-pogodenite-od-poplavite/ Wed, 27 Nov 2024 12:09:46 +0000 https://republika.mk/?p=842275

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави нов пакет помош од 2,27 милијарди евра за поддршка на погодените од катастрофалните поплави кои ги зафатија источните и јужните региони на земјата.

Санчез изјави дека со овој пакет ќе се забрза враќањето во нормала, со фокус на граѓаните и производниот сектор.

Со ова, вкупната помош на шпанската влада за погодените региони ќе достигне 16,5 милијарди евра.

The post Шпанија обезбедува дополнителни 2,27 милијарди евра за погодените од поплавите appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави нов пакет помош од 2,27 милијарди евра за поддршка на погодените од катастрофалните поплави кои ги зафатија источните и јужните региони на земјата. Санчез изјави дека со овој пакет ќе се забрза враќањето во нормала, со фокус на граѓаните и производниот сектор. Со ова, вкупната помош на шпанската влада за погодените региони ќе достигне 16,5 милијарди евра.

The post Шпанија обезбедува дополнителни 2,27 милијарди евра за погодените од поплавите appeared first on Република.

]]>
Веднаш напуштете ги домовите: Паника во Малага, издадени нови предупредувања поради поплава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vednash-napushtete-gi-domovite-panika-vo-malaga-izdadeni-novi-predupreduvana-poradi-poplava/ Wed, 13 Nov 2024 12:05:07 +0000 https://republika.mk/?p=837182

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови во регионот Коста дел Сол на југот на Шпанија, откако беше прогласен црвен аларм поради екстремни врнежи и поплави.

Шпанската агенција за цивилна заштита синоќа испрати масовно предупредување на телефоните во провинцијата Малага, предупредувајќи на „екстремен ризик од дожд“, пишува Би-би-си.

Областа, вклучувајќи ги и популарните туристички одморалишта како Марбела, Велез и Естепона, се очекува да биде најмногу погодена од новиот временски феномен познат како „Дана“.

The post Веднаш напуштете ги домовите: Паника во Малага, издадени нови предупредувања поради поплава appeared first on Република.

]]>

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови во регионот Коста дел Сол на југот на Шпанија, откако беше прогласен црвен аларм поради екстремни врнежи и поплави. Шпанската агенција за цивилна заштита синоќа испрати масовно предупредување на телефоните во провинцијата Малага, предупредувајќи на „екстремен ризик од дожд“, пишува Би-би-си. Областа, вклучувајќи ги и популарните туристички одморалишта како Марбела, Велез и Естепона, се очекува да биде најмногу погодена од новиот временски феномен познат како „Дана“.

The post Веднаш напуштете ги домовите: Паника во Малага, издадени нови предупредувања поради поплава appeared first on Република.

]]>
Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/novi-poplavi-vo-shpanija-ovoj-pat-vo-zhirona/ Fri, 08 Nov 2024 09:56:41 +0000 https://republika.mk/?p=835426

Шпанија е погодена од нова катастрофа од поплави. Последна беше погодена провинцијата Жирона, а по улиците пловеа автомобили.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како беснее поројна вода и носи сè што е на патот, вклучително и повеќе од 30 возила, додека утринава го зафати центарот на каталонскиот град Кадакес.

Жителите се разбудија со нови сцени на пустош, при што властите открија дека вкупно 32 автомобили биле однесени од поплавите.


Последните поплави ја погодија Шпанија нешто повеќе од една недела откако повеќе од 200 луѓе загинаа во Валенсија.

Засега нема информации за жртви во денешните поплави.


Градоначалникот рано утринава потврди дека нема повредени и загинати, а причинета е само материјална штета.

Тој рече дека градските власти имале предупредување од Координативниот центар за операции на Каталонија, но луѓето и покрај тоа ги паркирале своите автомобили, а водата ги однела.

The post Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона appeared first on Република.

]]>

Шпанија е погодена од нова катастрофа од поплави. Последна беше погодена провинцијата Жирона, а по улиците пловеа автомобили. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како беснее поројна вода и носи сè што е на патот, вклучително и повеќе од 30 возила, додека утринава го зафати центарот на каталонскиот град Кадакес. Жителите се разбудија со нови сцени на пустош, при што властите открија дека вкупно 32 автомобили биле однесени од поплавите. Последните поплави ја погодија Шпанија нешто повеќе од една недела откако повеќе од 200 луѓе загинаа во Валенсија. Засега нема информации за жртви во денешните поплави. Градоначалникот рано утринава потврди дека нема повредени и загинати, а причинета е само материјална штета. Тој рече дека градските власти имале предупредување од Координативниот центар за операции на Каталонија, но луѓето и покрај тоа ги паркирале своите автомобили, а водата ги однела.

The post Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона appeared first on Република.

]]>
Крадци „патролираат“ во поплавените предградија на Валенсија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kradtsi-patroliraat-vo-poplavenite-predgradija-na-valensija/ Tue, 05 Nov 2024 16:01:56 +0000 https://republika.mk/?p=834436

Неформално организирани групи граѓани со палки навечер патролираат во предградието Пејпорт, во Валенсија, погодено од поплавите, за да спречат грабежи за кои велат дека се чести.

Мартин (19), кој е еден од членовите на таквата група, тој и неговите пријатели го земаат законот во свои раце бидејќи сметаат дека полицијата не ја исполнува својата должност за одржување на јавната безбедност.

„Патролираме затоа што не сакаме нашите соседи да чувствуваат несигурност поради разни грабежи“, рече тој.

Пејпорт е една од најтешко погодените области во поплавите во регионот на Валенсија, а досега се потврдени 60 од најмалку 217 жртви.

Гневот на луѓето во Пејпорт се зголеми поради, како што рекоа, бавниот и недоволен одговор од властите, што доведе до тоа шпанскиот крал Фелипе и премиерот Педро Санчез да бидат гаѓани со кал за време на нивната посета во неделата.

Зборувајќи денеска на прес-конференција во Мадрид, Санчез рече дека бројот на грабежи по поплавите е драстично намален, а приведени се 170 лица за кои постои сомневање дека учествувале во грабежите.

Шпанија испрати речиси 15.000 полицајци и припадници на вооружените сили од цела Шпанија во регионот на Валенсија за да помогнат во расчистувањето на областа по поплавите

The post Крадци „патролираат“ во поплавените предградија на Валенсија appeared first on Република.

]]>

Неформално организирани групи граѓани со палки навечер патролираат во предградието Пејпорт, во Валенсија, погодено од поплавите, за да спречат грабежи за кои велат дека се чести. Мартин (19), кој е еден од членовите на таквата група, тој и неговите пријатели го земаат законот во свои раце бидејќи сметаат дека полицијата не ја исполнува својата должност за одржување на јавната безбедност.
„Патролираме затоа што не сакаме нашите соседи да чувствуваат несигурност поради разни грабежи“, рече тој.
Пејпорт е една од најтешко погодените области во поплавите во регионот на Валенсија, а досега се потврдени 60 од најмалку 217 жртви. Гневот на луѓето во Пејпорт се зголеми поради, како што рекоа, бавниот и недоволен одговор од властите, што доведе до тоа шпанскиот крал Фелипе и премиерот Педро Санчез да бидат гаѓани со кал за време на нивната посета во неделата. Зборувајќи денеска на прес-конференција во Мадрид, Санчез рече дека бројот на грабежи по поплавите е драстично намален, а приведени се 170 лица за кои постои сомневање дека учествувале во грабежите. Шпанија испрати речиси 15.000 полицајци и припадници на вооружените сили од цела Шпанија во регионот на Валенсија за да помогнат во расчистувањето на областа по поплавите

The post Крадци „патролираат“ во поплавените предградија на Валенсија appeared first on Република.

]]>
По Валенсија, сега Каталонија под закана од силно невреме – издадено е предупредување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-valensija-sega-katalonija-pod-zakana-od-silno-nevreme-izdadeno-e-predupreduvane/ Mon, 04 Nov 2024 12:14:08 +0000 https://republika.mk/?p=834004

Невреме од дожд ја напушти шпанската провинција Валенсија, откако загинаа најмалку 217 луѓе, и ја погоди Каталонија, каде метеоролошката служба повика на голема претпазливост.

Метеоролошката служба АЕМЕТ извести дека „метеоролошката криза заврши во провинцијата Валенсија“ каде што продолжува потрагата по исчезнатите.

Но, во исто време таа ги повика жителите на Каталонија, соседна провинција со 7,5 милиони жители, да бидат крајно внимателни поради обилните дождови.

Сообраќајот на приградските возови е прекинат во Каталонија поради неповолните временски услови и предупредувањата за обилни врнежи, објави операторот Rodalies de Catalunya на својата веб-страница. Возовите во сообраќајот сепак ќе стигнат до својата дестинација.

Во Барселона утрово на аеродромот Ел Прат падна 81 литар дожд на метар квадратен на час, поради што 15 авиони беа пренасочени кон други аеродроми. Министерот за транспорт Оскар Пуенте извести дека на аеродромот ќе биде формиран кризен штаб кој ќе ги следи ефектите од невремето врз воздушниот сообраќај таму.

The post По Валенсија, сега Каталонија под закана од силно невреме – издадено е предупредување appeared first on Република.

]]>

Невреме од дожд ја напушти шпанската провинција Валенсија, откако загинаа најмалку 217 луѓе, и ја погоди Каталонија, каде метеоролошката служба повика на голема претпазливост. Метеоролошката служба АЕМЕТ извести дека „метеоролошката криза заврши во провинцијата Валенсија“ каде што продолжува потрагата по исчезнатите. Но, во исто време таа ги повика жителите на Каталонија, соседна провинција со 7,5 милиони жители, да бидат крајно внимателни поради обилните дождови. Сообраќајот на приградските возови е прекинат во Каталонија поради неповолните временски услови и предупредувањата за обилни врнежи, објави операторот Rodalies de Catalunya на својата веб-страница. Возовите во сообраќајот сепак ќе стигнат до својата дестинација. Во Барселона утрово на аеродромот Ел Прат падна 81 литар дожд на метар квадратен на час, поради што 15 авиони беа пренасочени кон други аеродроми. Министерот за транспорт Оскар Пуенте извести дека на аеродромот ќе биде формиран кризен штаб кој ќе ги следи ефектите од невремето врз воздушниот сообраќај таму.

The post По Валенсија, сега Каталонија под закана од силно невреме – издадено е предупредување appeared first on Република.

]]>
Чудо во Босна: Поплавата однесе сѐ освен статуата на овој светец https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chudo-vo-bosna-poplavata-odnese-s-osven-statuata-na-ovoj-svetets/ Sat, 12 Oct 2024 19:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=825986

Светилиштето Свети Јаков во Дежевице ги претрпе катастрофалните последици од неодамнешните поплави што го погодија ова подрачје на Босна.

Иако целата инфраструктура на светилиштето е уништена, единствениот дел што остана недопрен е статуата на Свети Јаков, која многумина ја доживуваат како вистинско чудо.

Локалитетот има длабоко вкоренето значење за католичките верници . Поплавите предизвикаа свлечишта, потонаа цели населени места и со себе однесоа куќи, патишта и мостови.

The post Чудо во Босна: Поплавата однесе сѐ освен статуата на овој светец appeared first on Република.

]]>

Светилиштето Свети Јаков во Дежевице ги претрпе катастрофалните последици од неодамнешните поплави што го погодија ова подрачје на Босна. Иако целата инфраструктура на светилиштето е уништена, единствениот дел што остана недопрен е статуата на Свети Јаков, која многумина ја доживуваат како вистинско чудо. Локалитетот има длабоко вкоренето значење за католичките верници . Поплавите предизвикаа свлечишта, потонаа цели населени места и со себе однесоа куќи, патишта и мостови.

The post Чудо во Босна: Поплавата однесе сѐ освен статуата на овој светец appeared first on Република.

]]>
Ги однесе водата: Дете во Босна во ист ден остана без родителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gi-odnese-vodata-dete-vo-bosna-vo-ist-den-ostana-bez-roditelite/ Sun, 06 Oct 2024 17:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=823586

Брачната двојка Адела (36) и Ведад Туфек (39) загинаа во Јабланица, каде се родени и каде живееја заедно до ноќта меѓу четвртокот и петокот кога ова место го зафати страшна поплава.

Поплавата предвреме ги одвои од синот со кој неодамна го прославија осмиот роденден. Јабланица тагува по родителите кои водата ги однесе и одвои од синот.

The post Ги однесе водата: Дете во Босна во ист ден остана без родителите appeared first on Република.

]]>

Брачната двојка Адела (36) и Ведад Туфек (39) загинаа во Јабланица, каде се родени и каде живееја заедно до ноќта меѓу четвртокот и петокот кога ова место го зафати страшна поплава. Поплавата предвреме ги одвои од синот со кој неодамна го прославија осмиот роденден. Јабланица тагува по родителите кои водата ги однесе и одвои од синот.

The post Ги однесе водата: Дете во Босна во ист ден остана без родителите appeared first on Република.

]]>
Страшното невреме ја „парализира” Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/strashnoto-nevreme-ja-paralizira-albanija/ Fri, 04 Oct 2024 19:29:53 +0000 https://republika.mk/?p=822874

Невремето, проследено со обилни и интензивни врнежи, силен ветер, електрични празнења, речиси целосно ја „парализира" Албанија.

Улиците во градови, пред се Тирана, Валона, Лежа, Љушња, Булќиза, се под вода чија висина е до 50 сантиметри.

Во Тирана ветерот откорнал големи дрвја, за што фотографија објави градоначалникот Ерион Велиај, со апел до граѓаните без неопходна потреба да не излегуваат од домовите. Во случај на птреба да се јават на телефонскиот број 112 или на апликацијат „МојаТирана".

Поради невремето приморскиот град Валона е без електрична енергија, како и други делови во земјата.

Поради големите бранови забрането е испловување на сите видови пловни објекти долж целото крајбрежје.

Државната полиција и Агенцијата за државни патишта апелираат на посебна внимателност, по патиштата, пред се во планинските подрачја поради одрони и ерозии.

Посебна внимателност, со строго почитување на патната сигнализација, се препорачува и на автопатот Патот на Арбр (Руга е Арбрит), кој Тирана ја поврзува со преминот Блато на албанско-македонската граница кај Дебар, кого на големо го користат и македонски граѓани.

The post Страшното невреме ја „парализира” Албанија appeared first on Република.

]]>

Невремето, проследено со обилни и интензивни врнежи, силен ветер, електрични празнења, речиси целосно ја „парализира" Албанија. Улиците во градови, пред се Тирана, Валона, Лежа, Љушња, Булќиза, се под вода чија висина е до 50 сантиметри. Во Тирана ветерот откорнал големи дрвја, за што фотографија објави градоначалникот Ерион Велиај, со апел до граѓаните без неопходна потреба да не излегуваат од домовите. Во случај на птреба да се јават на телефонскиот број 112 или на апликацијат „МојаТирана". Поради невремето приморскиот град Валона е без електрична енергија, како и други делови во земјата. Поради големите бранови забрането е испловување на сите видови пловни објекти долж целото крајбрежје. Државната полиција и Агенцијата за државни патишта апелираат на посебна внимателност, по патиштата, пред се во планинските подрачја поради одрони и ерозии. Посебна внимателност, со строго почитување на патната сигнализација, се препорачува и на автопатот Патот на Арбр (Руга е Арбрит), кој Тирана ја поврзува со преминот Блато на албанско-македонската граница кај Дебар, кого на големо го користат и македонски граѓани.

The post Страшното невреме ја „парализира” Албанија appeared first on Република.

]]>
Татко и син спасиле 10 луѓе од поплава, а потоа водата го однела синот: Невидена трагедија во Јабланица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tatko-i-sin-spasile-10-luge-od-poplava-a-potoa-vodata-go-odnela-sinot-nevidena-tragedija-vo-jablanitsa/ Fri, 04 Oct 2024 11:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=822624

Стравични информации доаѓаат од Јабланица, која ја погодија катастрофални поплави и клизишта.

Од минута во минута, расте бројот на мртви.

Според информациите на Аваз, татко и син храбро се бореле и успеале да спасат 10 луѓе од поплавата, но тогаш водата го повлекла синот и за жал го однела.

Постои сомнеж дека настраданите се и голем број граѓани на Јабланица за кои порано се мислело дека се повредени.

The post Татко и син спасиле 10 луѓе од поплава, а потоа водата го однела синот: Невидена трагедија во Јабланица appeared first on Република.

]]>

Стравични информации доаѓаат од Јабланица, која ја погодија катастрофални поплави и клизишта. Од минута во минута, расте бројот на мртви. Според информациите на Аваз, татко и син храбро се бореле и успеале да спасат 10 луѓе од поплавата, но тогаш водата го повлекла синот и за жал го однела. Постои сомнеж дека настраданите се и голем број граѓани на Јабланица за кои порано се мислело дека се повредени.

The post Татко и син спасиле 10 луѓе од поплава, а потоа водата го однела синот: Невидена трагедија во Јабланица appeared first on Република.

]]>
Најмалку 32 лица загинаа во поплавите во Непал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-32-litsa-zaginaa-vo-poplavite-vo-nepal/ Sat, 28 Sep 2024 12:59:22 +0000 https://republika.mk/?p=820542

Најмалку 32 лица загинаа, а 12 се водат како исчезнати во поплавите во Непал предизвикани од обилните врнежи од дожд, соопшти денеска локалната полиција.

Седумнаесет луѓе се повредени, додека повеќе од 1.050 се спасени во Катманду.

Владата издаде предупредување за поплави низ целата земја.

Безбедносните сили и службите за итна интервенција добија наредба да бидат во состојба на готовност.

Сезоната на монсуните, која носи обилни врнежи, започна во јуни и генерално завршува во средината на септември.

The post Најмалку 32 лица загинаа во поплавите во Непал appeared first on Република.

]]>

Најмалку 32 лица загинаа, а 12 се водат како исчезнати во поплавите во Непал предизвикани од обилните врнежи од дожд, соопшти денеска локалната полиција. Седумнаесет луѓе се повредени, додека повеќе од 1.050 се спасени во Катманду. Владата издаде предупредување за поплави низ целата земја. Безбедносните сили и службите за итна интервенција добија наредба да бидат во состојба на готовност. Сезоната на монсуните, која носи обилни врнежи, започна во јуни и генерално завршува во средината на септември.

The post Најмалку 32 лица загинаа во поплавите во Непал appeared first on Република.

]]>
Орбан: Ако чекавме Брисел да нè спаси, ќе бевме до гуша во вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/orban-ako-chekavme-brisel-da-ne-spasi-ke-bevme-do-gusha-vo-voda/ Thu, 19 Sep 2024 19:30:33 +0000 https://republika.mk/?p=817961

Унгарскиот претседател Виктор Орбан е скептичен дека неговата земја ќе добие навремена помош од Европската унија по големите поплави што ја погодија централна Европа.

„Со сета почит, ако чекаме Брисел да не спаси, ќе бевме до врат во вода“, рече Орбан на конференцијата утринава.

Унгарија е последната земја во низата погодена од поплави. 21 лице загина во Полска, Чешка, Австрија и Романија.

Орбан претходно оваа недела објави дека ги одложил своите меѓународни обврски додека поплавите не стивнат, вклучително и дебатата во Европскиот парламент за унгарското претседателство со Советот.

Тој утрово се осврна на говорот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која понуди помош.

„Ако се појави ситуација во една земја, постои механизам што може да се активира со еднострано известување. Ние го направивме тоа, што значи дека Брисел почна да испитува дали треба или не треба да се обезбеди некаква помош“, изјави унгарскиот премиер.

„Кога овие комплицирани процедури во Брисел ќе завршат – а ние не сме казнети со тоа што не ја добиваме помошта што ја заслужуваме, бидејќи сето тоа е сомнително во Брисел – тогаш ќе добиеме помош“, додаде тој.

Програмата на Европската унија за следење на климатските промени, „Коперник“, пред пет дена почна да испраќа сателитски снимки од поплавените области во Унгарија, на барање на Будимпешта.

Затоа, се претпоставува дека острите забелешки на Орбан може да бидат последица на претходната одлука на Европскиот суд на правдата да ја казни Унгарија со 200 милиони евра поради кршење на европскиот закон за азил, пишува „Politico“.

„Засега, да ја погледнеме позитивната страна на работите и со почит да му се заблагодариме на Брисел што барем мисли на нас“, заклучи Орбан.

The post Орбан: Ако чекавме Брисел да нè спаси, ќе бевме до гуша во вода appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот претседател Виктор Орбан е скептичен дека неговата земја ќе добие навремена помош од Европската унија по големите поплави што ја погодија централна Европа.
„Со сета почит, ако чекаме Брисел да не спаси, ќе бевме до врат во вода“, рече Орбан на конференцијата утринава.
Унгарија е последната земја во низата погодена од поплави. 21 лице загина во Полска, Чешка, Австрија и Романија. Орбан претходно оваа недела објави дека ги одложил своите меѓународни обврски додека поплавите не стивнат, вклучително и дебатата во Европскиот парламент за унгарското претседателство со Советот. Тој утрово се осврна на говорот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која понуди помош.
„Ако се појави ситуација во една земја, постои механизам што може да се активира со еднострано известување. Ние го направивме тоа, што значи дека Брисел почна да испитува дали треба или не треба да се обезбеди некаква помош“, изјави унгарскиот премиер. „Кога овие комплицирани процедури во Брисел ќе завршат – а ние не сме казнети со тоа што не ја добиваме помошта што ја заслужуваме, бидејќи сето тоа е сомнително во Брисел – тогаш ќе добиеме помош“, додаде тој.
Програмата на Европската унија за следење на климатските промени, „Коперник“, пред пет дена почна да испраќа сателитски снимки од поплавените области во Унгарија, на барање на Будимпешта. Затоа, се претпоставува дека острите забелешки на Орбан може да бидат последица на претходната одлука на Европскиот суд на правдата да ја казни Унгарија со 200 милиони евра поради кршење на европскиот закон за азил, пишува „Politico“.
„Засега, да ја погледнеме позитивната страна на работите и со почит да му се заблагодариме на Брисел што барем мисли на нас“, заклучи Орбан.

The post Орбан: Ако чекавме Брисел да нè спаси, ќе бевме до гуша во вода appeared first on Република.

]]>
Ако видите германски војници, не паничете, дојдоа да помогнат, смирува полскиот премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ako-vidite-germanski-vojnitsi-ne-panichete-dojdoa-da-pomognat-smiruva-polskiot-premier/ Thu, 19 Sep 2024 08:52:21 +0000 https://republika.mk/?p=817695

Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во најмалку две децении оставија трага на уништување од Романија до Полска, со кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили и оставајќи ги властите и луѓето со сметки за штети кои ќе се мерат во милијарди долари, пишува агенцијата Ројтерс.

Градовите јужно од Вроцлав, како што е Левин Брзески, веќе ја почувствуваа целата сила на поплавите, принудувајќи ги жителите да минуваат низ водата до половината или да бараат засолниште на покривите на влезовите на станбените блокови.

Германија се понуди да им помогне на Полјаците. Тоа беше можност за примеси на хумор во инаку незавидна ситуација. Така полскиот премиер Доналд Туск на хумористичен начин го најави доаѓањето на германски доброволци и војници, кои ќе им помогнат на Полјаците во санирањето на последиците од поплавите.

Ако видите германски војници, не паничете. Тие дојдоа да помогнат, рече тој.

Инвазијата на Полска од страна на германските војници на 1 септември 1939 година се смета за почеток на Втората светска војна.

The post Ако видите германски војници, не паничете, дојдоа да помогнат, смирува полскиот премиер appeared first on Република.

]]>

Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во најмалку две децении оставија трага на уништување од Романија до Полска, со кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили и оставајќи ги властите и луѓето со сметки за штети кои ќе се мерат во милијарди долари, пишува агенцијата Ројтерс. Градовите јужно од Вроцлав, како што е Левин Брзески, веќе ја почувствуваа целата сила на поплавите, принудувајќи ги жителите да минуваат низ водата до половината или да бараат засолниште на покривите на влезовите на станбените блокови. Германија се понуди да им помогне на Полјаците. Тоа беше можност за примеси на хумор во инаку незавидна ситуација. Така полскиот премиер Доналд Туск на хумористичен начин го најави доаѓањето на германски доброволци и војници, кои ќе им помогнат на Полјаците во санирањето на последиците од поплавите. Ако видите германски војници, не паничете. Тие дојдоа да помогнат, рече тој. Инвазијата на Полска од страна на германските војници на 1 септември 1939 година се смета за почеток на Втората светска војна.

The post Ако видите германски војници, не паничете, дојдоа да помогнат, смирува полскиот премиер appeared first on Република.

]]>
Североисточниот дел на Монтреал под вода поради пукање на водоводна цевка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/severoistochniot-del-na-montreal-pod-voda-poradi-pukane-na-vodovodna-tsevka/ Sat, 17 Aug 2024 10:29:57 +0000 https://republika.mk/?p=807464

Во канадскиот град Монтреал за речиси 150.000 домови издадено е предупредување од поплави поради пукање на водоводна цевка во близина на мостот Жак Картие.

Надојдената вода поплави улици, сообраќајот е парализиран, а луѓето се евакуираат од зградите.

Градоначалничката на Монтреал, Валери Планте изјави дека пожарникарите ги повикале жителите во североисточниот дел на градот да ги напуштат домовите.

Цевката која пукна има пречник од два метра и е поставена во 1985 година.

The post Североисточниот дел на Монтреал под вода поради пукање на водоводна цевка appeared first on Република.

]]>

Во канадскиот град Монтреал за речиси 150.000 домови издадено е предупредување од поплави поради пукање на водоводна цевка во близина на мостот Жак Картие. Надојдената вода поплави улици, сообраќајот е парализиран, а луѓето се евакуираат од зградите. Градоначалничката на Монтреал, Валери Планте изјави дека пожарникарите ги повикале жителите во североисточниот дел на градот да ги напуштат домовите. Цевката која пукна има пречник од два метра и е поставена во 1985 година.

The post Североисточниот дел на Монтреал под вода поради пукање на водоводна цевка appeared first on Република.

]]>
Да не се повтори: 8 години од поплавите во Скопје во кои загинаа 22 лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-ne-se-povtori-8-godini-od-poplavite-vo-skopje-vo-koi-zaginaa-22-litsa/ Tue, 06 Aug 2024 07:11:40 +0000 https://republika.mk/?p=803731

Скопје денеска одбележува осум години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.

Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.

Невремето и поројот од вода предизвика пад на дрвја, а домовите останаа без електрична енергија. Околу илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта на 6 август.

Граѓаните од целата држава координирани од Црвениот крст, Кризниот штаб и надлежните институции во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите. 8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост во Република Македонија.

Управата за хидрометеоролошки работи во извештаите по невремето информираше дека на Зајчев рид – главната метеоролошка станица во Скопје, бил забележан рекорден интензитет за петчасовни врнежи од 84,5 милиметри.

Да не се заборави, но никогаш да не се повтори!

The post Да не се повтори: 8 години од поплавите во Скопје во кои загинаа 22 лица appeared first on Република.

]]>

Скопје денеска одбележува осум години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови. Невремето и поројот од вода предизвика пад на дрвја, а домовите останаа без електрична енергија. Околу илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта на 6 август. Граѓаните од целата држава координирани од Црвениот крст, Кризниот штаб и надлежните институции во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите. 8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост во Република Македонија. Управата за хидрометеоролошки работи во извештаите по невремето информираше дека на Зајчев рид – главната метеоролошка станица во Скопје, бил забележан рекорден интензитет за петчасовни врнежи од 84,5 милиметри. Да не се заборави, но никогаш да не се повтори!

The post Да не се повтори: 8 години од поплавите во Скопје во кои загинаа 22 лица appeared first on Република.

]]>
По синоќешното невреме протекла вода во операционите сали во „8 Септември“, се одложуваат операции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-sinokeshnoto-nevreme-protekla-voda-vo-operatsionite-sali-vo-8-septemvri-se-odlozhuvaat-operatsii/ Thu, 27 Jun 2024 12:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=791310

По вчерашното силно невреме што го зафати Скопје во ГОБ „8 Септември“ протекла вода во операционите сали на третиот кат, и поради тоа биле одложени операциите.

Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург во болницата на својот Фејсбук профил објави дека негрижата и запоставувањето секогаш излегуваат на виделина.

Синоќешното невреме имало сериозни последици по оперативниот блок во ГОБ 8ми Септември. Време е некој способен да ги решава проблемите на оваа болница, порача Каревски.

Директорот на болницата, проф. д-р Христијан Костов во изјава за ТВ Телма вели дека преголемото количество на вода на кровните површини по што дренажниот систем не успеал да ја исдренира водата, и имало протекување во првата и втората операциона сала.

Меѓутоа сабајлето ние ги ставивме во функција другите две операциони сали кои што се на приземје. Имаше некои мали доцнења со започнувањето на операциите но сега тие се во надминати. Екипите за санација се веќе на терен, така што за брзо ќе бидат во функција и тие сали, вели Костов.

The post По синоќешното невреме протекла вода во операционите сали во „8 Септември“, се одложуваат операции appeared first on Република.

]]>

По вчерашното силно невреме што го зафати Скопје во ГОБ „8 Септември“ протекла вода во операционите сали на третиот кат, и поради тоа биле одложени операциите. Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург во болницата на својот Фејсбук профил објави дека негрижата и запоставувањето секогаш излегуваат на виделина. Синоќешното невреме имало сериозни последици по оперативниот блок во ГОБ 8ми Септември. Време е некој способен да ги решава проблемите на оваа болница, порача Каревски. Директорот на болницата, проф. д-р Христијан Костов во изјава за ТВ Телма вели дека преголемото количество на вода на кровните површини по што дренажниот систем не успеал да ја исдренира водата, и имало протекување во првата и втората операциона сала.
Меѓутоа сабајлето ние ги ставивме во функција другите две операциони сали кои што се на приземје. Имаше некои мали доцнења со започнувањето на операциите но сега тие се во надминати. Екипите за санација се веќе на терен, така што за брзо ќе бидат во функција и тие сали, вели Костов.

The post По синоќешното невреме протекла вода во операционите сали во „8 Септември“, се одложуваат операции appeared first on Република.

]]>
Ова е начинот за обесштетување на граѓаните кои претрпеле штети од природни непогоди https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ova-e-nachinot-za-obesshtetuvane-na-graganite-koi-pretrpele-shteti-od-prirodni-nepogodi/ Mon, 24 Jun 2024 16:25:43 +0000 https://republika.mk/?p=790398

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, денеска соопшти за начинот на обесштетување на граѓаните кои претрпеле штети од природни непогоди и други несреќи.

Ангелов вели процената и утврдувањето на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи во согласност со Закон за заштита и спасување ја вршат единиците на локалната самоуправа по единствена Методологија за процена на штети од природни непогоди и други несреќи која ја донесува Владата, на предлог на Министерството за финансии.

– Утврдувањето на висината на штетата започнува веднаш по настанување на непогодата и во рок од 360 дена од престанокот на непогодата потребно е единиците на локална самоуправа да изготват Извештај – Елаборат за утврдената штета во согласност со единствената Методологијата за процена на штети од природни непогоди и други несреќи и да го достават до Комисијата за проценка и утврдување на штета од елементарни непогоди што ја формира Владата. Комисијата што ја формира Владата по претходно добиените извештаи изготвува вкупен извештај за штетата и го доставува до Владата најдоцна во рок од 120 дена од доставувањето на извештајот од страна на општините со што се остварува можноста за обезбедување на парична помош од Буџетот на Републиката. Помошта може да биде во вид на непосредна парична помош или помош со намалување, односно ослободување од даночните обврски, кои се даваат без обврски за враќање, вели Ангелов.

Додава дека помошта која ја добиваат единиците на локалната самоуправа и другите правни лица може да ја користат исклучиво за намената за која е дадена.

Центарот за управување со кризи преку свој претставник учествува во работата на Комисија за проценка и утврдување на штетата од елементарни непогоди формирана од Владата. Центарот за управување со кризи во согласност со законските надлежности навремено, целосно и соодветно ги реализираше сите неопходни активности поврзани со горе наведите настани со цел надминување и справување со опасностите на подрачјето на зафатените општини, соопштува Ангелов.

 

The post Ова е начинот за обесштетување на граѓаните кои претрпеле штети од природни непогоди appeared first on Република.

]]>

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, денеска соопшти за начинот на обесштетување на граѓаните кои претрпеле штети од природни непогоди и други несреќи. Ангелов вели процената и утврдувањето на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи во согласност со Закон за заштита и спасување ја вршат единиците на локалната самоуправа по единствена Методологија за процена на штети од природни непогоди и други несреќи која ја донесува Владата, на предлог на Министерството за финансии.
– Утврдувањето на висината на штетата започнува веднаш по настанување на непогодата и во рок од 360 дена од престанокот на непогодата потребно е единиците на локална самоуправа да изготват Извештај – Елаборат за утврдената штета во согласност со единствената Методологијата за процена на штети од природни непогоди и други несреќи и да го достават до Комисијата за проценка и утврдување на штета од елементарни непогоди што ја формира Владата. Комисијата што ја формира Владата по претходно добиените извештаи изготвува вкупен извештај за штетата и го доставува до Владата најдоцна во рок од 120 дена од доставувањето на извештајот од страна на општините со што се остварува можноста за обезбедување на парична помош од Буџетот на Републиката. Помошта може да биде во вид на непосредна парична помош или помош со намалување, односно ослободување од даночните обврски, кои се даваат без обврски за враќање, вели Ангелов.
Додава дека помошта која ја добиваат единиците на локалната самоуправа и другите правни лица може да ја користат исклучиво за намената за која е дадена.
Центарот за управување со кризи преку свој претставник учествува во работата на Комисија за проценка и утврдување на штетата од елементарни непогоди формирана од Владата. Центарот за управување со кризи во согласност со законските надлежности навремено, целосно и соодветно ги реализираше сите неопходни активности поврзани со горе наведите настани со цел надминување и справување со опасностите на подрачјето на зафатените општини, соопштува Ангелов.
 

The post Ова е начинот за обесштетување на граѓаните кои претрпеле штети од природни непогоди appeared first on Република.

]]>
Големи поплави во Сиднеј, наредена е евакуација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/golemi-poplavi-vo-sidnej-naredena-e-evakuatsija/ Sat, 08 Jun 2024 12:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=785727

Обилните врнежи денеска предизвикаа поројни поплави во Сиднеј, по што беа спроведени најмалку 13 спасувачки операции на австралиските служби за итни случаи.

Покрај тие операции, службите за итни случаи примиле 297 повици за помош од жителите на Сиднеј за 24 часа, а биле издадени десет наредби за итна евакуација во северозападните предградија на градот, соопшти Службата за итни случаи на Нов Јужен Велс (СЕС).

Помошникот на комесарот на СЕС, Далас Бурнс, рече дека „сè уште се движи многу вода“ и го повика загрозеното население да биде подготвено за евакуација.

The post Големи поплави во Сиднеј, наредена е евакуација appeared first on Република.

]]>

Обилните врнежи денеска предизвикаа поројни поплави во Сиднеј, по што беа спроведени најмалку 13 спасувачки операции на австралиските служби за итни случаи. Покрај тие операции, службите за итни случаи примиле 297 повици за помош од жителите на Сиднеј за 24 часа, а биле издадени десет наредби за итна евакуација во северозападните предградија на градот, соопшти Службата за итни случаи на Нов Јужен Велс (СЕС). Помошникот на комесарот на СЕС, Далас Бурнс, рече дека „сè уште се движи многу вода“ и го повика загрозеното население да биде подготвено за евакуација.

The post Големи поплави во Сиднеј, наредена е евакуација appeared first on Република.

]]>
Италија зафатена од поплави по силниот дожд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italija-zafatena-od-poplavi-po-silniot-dozhd/ Fri, 17 May 2024 18:56:05 +0000 https://republika.mk/?p=779281

Невремето и обилните дождови предизвикаа поплави во многу делови на северна Италија, а особено се погодени градовите Падова и Виченца, пишува Би-би-си.

Службите за итни случаи користат гумени чамци за да ги спасат луѓето од нивните домови, а на снимката се гледаат автомобили како пливаат по улиците.

Гувернерот на провинцијата Венето ги опиша временските услови во текот на ноќта како „водена бомба“.

The post Италија зафатена од поплави по силниот дожд appeared first on Република.

]]>

Невремето и обилните дождови предизвикаа поплави во многу делови на северна Италија, а особено се погодени градовите Падова и Виченца, пишува Би-би-си. Службите за итни случаи користат гумени чамци за да ги спасат луѓето од нивните домови, а на снимката се гледаат автомобили како пливаат по улиците.
Гувернерот на провинцијата Венето ги опиша временските услови во текот на ноќта како „водена бомба“.

The post Италија зафатена од поплави по силниот дожд appeared first on Република.

]]>
Почна дождот во Скопје, граѓаните наместо по улици возат низ реки https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pochna-dozhdot-vo-skopje-graganite-namesto-po-ulitsi-vozat-niz-reki/ Thu, 09 May 2024 13:48:02 +0000 https://republika.mk/?p=776401

Почна дождот во Скопје, а не требаше многу да наврне за улиците да се претворат во реки. Низ скопски Капиштец возачите мака мачат да возат низ сообраќајниците. Тие ги прашуваат Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје и Горан Герасимовски, градоначалник на Центар што ќе биде во наредните неколку часа, со оглед дека според најавите, не чека дожд до утринските часови.

Ништо подобра не е ниту сликата на паркинзите низ Центар.

 

 

 

The post Почна дождот во Скопје, граѓаните наместо по улици возат низ реки appeared first on Република.

]]>

Почна дождот во Скопје, а не требаше многу да наврне за улиците да се претворат во реки. Низ скопски Капиштец возачите мака мачат да возат низ сообраќајниците. Тие ги прашуваат Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје и Горан Герасимовски, градоначалник на Центар што ќе биде во наредните неколку часа, со оглед дека според најавите, не чека дожд до утринските часови. Ништо подобра не е ниту сликата на паркинзите низ Центар.      

The post Почна дождот во Скопје, граѓаните наместо по улици возат низ реки appeared first on Република.

]]>
Евакуација во Хјустон поради поплави https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evakuatsija-vo-hjuston-poradi-poplavi/ Sat, 04 May 2024 08:33:37 +0000 https://republika.mk/?p=774016

Се предвидува дека во Хјустон, Тексас, ситуацијата со поплавите ќе се влоши, еден ден откако силно невреме го зафати регионот, а властите ги предупредија жителите во ниските области на градот да се евакуираат пред очекуваните големи поплави.

Според прогнозата на метеоролозите, количината на врнежи од 2,5 до 7,6 сантиметри на метар квадратен вечерва ќе доведе до големи поплави.

Во Хјустон вчера околу 20 луѓе беа спасени од поплавеното подрачје, вклучително и оние кои се качиле на покривите на своите домови.

Локалните власти соопштија дека неколку стотици згради се во опасност од поплави, како и дека наставата во училиштата е откажана, а некои патишта се затворени поради поплави.

Обилните дождови со недели го зафатија Тексас и делови од американската сојузна држава Луизијана, а делови од југоисточниот дел на Тексас, северно од Хјустон, се поплавени.

The post Евакуација во Хјустон поради поплави appeared first on Република.

]]>

Се предвидува дека во Хјустон, Тексас, ситуацијата со поплавите ќе се влоши, еден ден откако силно невреме го зафати регионот, а властите ги предупредија жителите во ниските области на градот да се евакуираат пред очекуваните големи поплави. Според прогнозата на метеоролозите, количината на врнежи од 2,5 до 7,6 сантиметри на метар квадратен вечерва ќе доведе до големи поплави. Во Хјустон вчера околу 20 луѓе беа спасени од поплавеното подрачје, вклучително и оние кои се качиле на покривите на своите домови. Локалните власти соопштија дека неколку стотици згради се во опасност од поплави, како и дека наставата во училиштата е откажана, а некои патишта се затворени поради поплави. Обилните дождови со недели го зафатија Тексас и делови од американската сојузна држава Луизијана, а делови од југоисточниот дел на Тексас, северно од Хјустон, се поплавени.

The post Евакуација во Хјустон поради поплави appeared first on Република.

]]>