попис во албанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/popis-vo-albanija/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Jul 2024 14:02:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png попис во албанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/popis-vo-albanija/ 32 32 Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/simovski-imashe-jaki-pritisotsi-na-bugarija-pred-popisot-vo-albanija/ Sun, 07 Jul 2024 14:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=794284

Интензивните активности на Бугарија придонесоа дел од населението во Албанија на пописот да се изјаснат како Бугари, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

На пописот во Албанија бројот на попишани Бугари е околу 8 илјади, за разлика од Македонците, кои се околу 2 300. Ако се земат предвид резултатите од претходниот попис, во 2011 година имало околу 5 500 Македонци.

Во тој период пред пописот кога се најави, имаше многу интензивна, како да кажам, многу јака активност на бугарската држава да агитираат, купуваат, даваат можности за државјанство, кои, за жал, од економски причини, а пред сѐ поради желбата да се оди надвор од државата и да се има пасош кој нема да прави проблеми, многу луѓе го прифатија тој предизвик. Меѓутоа, не можеме ние да ја обвиниме државата Албанија за тоа. Можеби можеме да ја обвиниме за тоа што дозволила таков притисок, вели Симовски.

Македонското МНР го повика амбасадорот во Тирана, Данчо Марковски, на консултации откако излегоа податоците од пописот во западниот сосед бидејќи МНР оцени дека тие не ја отсликуваат реалната бројка на етнички Македонци.

The post Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија appeared first on Република.

]]>

Интензивните активности на Бугарија придонесоа дел од населението во Албанија на пописот да се изјаснат како Бугари, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. На пописот во Албанија бројот на попишани Бугари е околу 8 илјади, за разлика од Македонците, кои се околу 2 300. Ако се земат предвид резултатите од претходниот попис, во 2011 година имало околу 5 500 Македонци.
Во тој период пред пописот кога се најави, имаше многу интензивна, како да кажам, многу јака активност на бугарската држава да агитираат, купуваат, даваат можности за државјанство, кои, за жал, од економски причини, а пред сѐ поради желбата да се оди надвор од државата и да се има пасош кој нема да прави проблеми, многу луѓе го прифатија тој предизвик. Меѓутоа, не можеме ние да ја обвиниме државата Албанија за тоа. Можеби можеме да ја обвиниме за тоа што дозволила таков притисок, вели Симовски.
Македонското МНР го повика амбасадорот во Тирана, Данчо Марковски, на консултации откако излегоа податоците од пописот во западниот сосед бидејќи МНР оцени дека тие не ја отсликуваат реалната бројка на етнички Македонци.

The post Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за резултатите од пописот во Албанија: Владата на СДСМ и ДУИ оставија празен простор за туѓа пропаганда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-rezultatite-od-popisot-vo-albanija-vladata-na-sdsm-i-dui-ostavija-prazen-prostor-za-tuga-propaganda/ Thu, 04 Jul 2024 10:55:46 +0000 https://republika.mk/?p=793376

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиуми коментирајќи ги резултатите од пописот во Албанија, истакна дека претходната влада на СДСМ и ДУИ оставила празен простор за туѓа пропаганда.

Тие само го користат просторот што го остави македонската влада и претходниот состав, тоа се СДСМ и ДУИ. Јас ги читам оние комични соопштенија што доаѓаат од СДСМ и навистина не можам да се изначудам на тоа што го кажуваат таму. Ние како држава треба да се грижиме за нашинците од другите страни на границите, не само во соседството, туку насекаде во светот. Жалам што тоа се случува, но виновникот има име и презиме а тоа е владата на СДСМ и ДУИ. Бугарската Влада со својата пропаганда само го користи празниот простор којшто тие им го оставија, рече Мицкоски.

Toj рече оти имаат сериозна амбиција и не само тој простор таму, туку и насекаде во соседството, па и во светот, да се грижат за нашинците насекаде во светот, вклучително и за Македонците во Албанија, и најави дека многу скоро ќе ги посети.

Многу наскоро јас би сакал да ги посетам и ќе појдам да ги посетам и да поразговарам. Сакам да ја вратам довербата, во корените во нивната антропологија македонска, македонскиот јазик и сите оние атрибути коишто доаѓаат со идентитетот, којшто тие гордо го чуваат, и јас сум горд што имаме такви наши браќа и сестри од другата страна на границата, а ние како држава ќе сториме се да ги заштитиме и да ги заштитиме нивните вековни домови и нивниот идентитет, истакна Мицкоски.

Според него, таа асимилаторска политика, како што кажа, од страна на нашиот источен сосед не е само кај Македонците.

Ако ги видите бројките, ќе видите дека таа зафаќа голем дел и од останатите граѓани во Албанија. Тоа е нешто коешто мислам дека треба посериозно да се анализира. И сега се поставува прашањето бидејќи во Албанија има речиси трипати повеќе кои се изјаснуваат како дел од бугарската заедница, дали и од Албанија ќе имаме услов да тие бидат во преамбулата на Албанија или нема да бидат. И прашањето е дали и за нив ќе важи тој услов или само за нас ќе важи. И баш би сакал да видам каква ќе биде реакцијата, и не ја сфаќам логиката зошто за нас би важело, а за таму каде што ги има трипати повеќе да не важи. Треба многу внимателно да се пристапи кон овие прашања, рече Мицкоски.

Според последниот попис во Албанија од 2023, во таа држава живеат 2.281 Македонец. Според резултатите од пописот, 7957 се попишани како Бугари. Првпат се случува на попис во Албанија да се попишат лица од оваа националност. Во сите досегашни 11 спроведени пописи ниту еден жител на Албанија не се изјаснил како Бугарин. Македонското МНР викендов излезе со реакција дека прелиминарните резултати од Пописот одржан во Албанија во 2023 година не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. Министерството го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во насока на прецизирање на недостатоците и недоследностите во овој процес. - Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана, беше наведено во соопштението на МНР во понеделникот.

По низата реакции околу резултатите од пописот на населението и домаќинствата што во Албанија беше спроведен во 2023 година, завчера реагираше директорката на Институтот за статистика, ИНСТАТ, Елса Дули, тврдејќи дека пописниот процес бил транспарентен и спроведен со професионализам. Рече дека презема целосна одговорност за точноста на резултатите бидејќи пописот „произвел точна статистика за населението и домаќинствата, во согласност со новите меѓународни препораки и стандарди“.

The post Мицкоски за резултатите од пописот во Албанија: Владата на СДСМ и ДУИ оставија празен простор за туѓа пропаганда appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиуми коментирајќи ги резултатите од пописот во Албанија, истакна дека претходната влада на СДСМ и ДУИ оставила празен простор за туѓа пропаганда.
Тие само го користат просторот што го остави македонската влада и претходниот состав, тоа се СДСМ и ДУИ. Јас ги читам оние комични соопштенија што доаѓаат од СДСМ и навистина не можам да се изначудам на тоа што го кажуваат таму. Ние како држава треба да се грижиме за нашинците од другите страни на границите, не само во соседството, туку насекаде во светот. Жалам што тоа се случува, но виновникот има име и презиме а тоа е владата на СДСМ и ДУИ. Бугарската Влада со својата пропаганда само го користи празниот простор којшто тие им го оставија, рече Мицкоски.
Toj рече оти имаат сериозна амбиција и не само тој простор таму, туку и насекаде во соседството, па и во светот, да се грижат за нашинците насекаде во светот, вклучително и за Македонците во Албанија, и најави дека многу скоро ќе ги посети.
Многу наскоро јас би сакал да ги посетам и ќе појдам да ги посетам и да поразговарам. Сакам да ја вратам довербата, во корените во нивната антропологија македонска, македонскиот јазик и сите оние атрибути коишто доаѓаат со идентитетот, којшто тие гордо го чуваат, и јас сум горд што имаме такви наши браќа и сестри од другата страна на границата, а ние како држава ќе сториме се да ги заштитиме и да ги заштитиме нивните вековни домови и нивниот идентитет, истакна Мицкоски.
Според него, таа асимилаторска политика, како што кажа, од страна на нашиот источен сосед не е само кај Македонците.
Ако ги видите бројките, ќе видите дека таа зафаќа голем дел и од останатите граѓани во Албанија. Тоа е нешто коешто мислам дека треба посериозно да се анализира. И сега се поставува прашањето бидејќи во Албанија има речиси трипати повеќе кои се изјаснуваат како дел од бугарската заедница, дали и од Албанија ќе имаме услов да тие бидат во преамбулата на Албанија или нема да бидат. И прашањето е дали и за нив ќе важи тој услов или само за нас ќе важи. И баш би сакал да видам каква ќе биде реакцијата, и не ја сфаќам логиката зошто за нас би важело, а за таму каде што ги има трипати повеќе да не важи. Треба многу внимателно да се пристапи кон овие прашања, рече Мицкоски.
Според последниот попис во Албанија од 2023, во таа држава живеат 2.281 Македонец. Според резултатите од пописот, 7957 се попишани како Бугари. Првпат се случува на попис во Албанија да се попишат лица од оваа националност. Во сите досегашни 11 спроведени пописи ниту еден жител на Албанија не се изјаснил како Бугарин. Македонското МНР викендов излезе со реакција дека прелиминарните резултати од Пописот одржан во Албанија во 2023 година не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. Министерството го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во насока на прецизирање на недостатоците и недоследностите во овој процес. - Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана, беше наведено во соопштението на МНР во понеделникот. По низата реакции околу резултатите од пописот на населението и домаќинствата што во Албанија беше спроведен во 2023 година, завчера реагираше директорката на Институтот за статистика, ИНСТАТ, Елса Дули, тврдејќи дека пописниот процес бил транспарентен и спроведен со професионализам. Рече дека презема целосна одговорност за точноста на резултатите бидејќи пописот „произвел точна статистика за населението и домаќинствата, во согласност со новите меѓународни препораки и стандарди“.

The post Мицкоски за резултатите од пописот во Албанија: Владата на СДСМ и ДУИ оставија празен простор за туѓа пропаганда appeared first on Република.

]]>
ИНСТАТ ја коригираше грешката, на прегледот за пописните резултати напиша Македонци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/instat-ja-korigirashe-greshkata-na-pregledot-za-popisnite-rezultati-napisha-makedontsi/ Sun, 30 Jun 2024 15:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=792152

Албанскиот институт за статистика, ИНСТАТ, во прегледот за пописните резултати, го коригираше името за етничката припадност на припадниците на македонското национално малцинство, па наместо, како претходно името на државата – Македонија, на албански и Северномакедонци, на англиски, сега стои Македонци.

Тоа доаѓа по реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи, средбата на министерот Тимчо Муцунски со неговиот албански колега Игли Хасани, на форумот во Дубровник и низата реакции на Македонците во оваа земја.

Македонското МНР најави дека ќе го повика македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски на итни консултации во Скопје по што ќе биде решено дали и какви чекори ќе бидат преземени понатаму.

Според резултатите од последниот, 12. попис спроведен во октомври, минатата година чии резултати беа објавени пред два дена, во оваа земја како Македонци се попишани 2.281 државјанин, додека како Бугари 7.957 државјани, етничка заедница која ја немало на претходните 11 пописи на населението.

The post ИНСТАТ ја коригираше грешката, на прегледот за пописните резултати напиша Македонци appeared first on Република.

]]>

Албанскиот институт за статистика, ИНСТАТ, во прегледот за пописните резултати, го коригираше името за етничката припадност на припадниците на македонското национално малцинство, па наместо, како претходно името на државата – Македонија, на албански и Северномакедонци, на англиски, сега стои Македонци. Тоа доаѓа по реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи, средбата на министерот Тимчо Муцунски со неговиот албански колега Игли Хасани, на форумот во Дубровник и низата реакции на Македонците во оваа земја. Македонското МНР најави дека ќе го повика македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски на итни консултации во Скопје по што ќе биде решено дали и какви чекори ќе бидат преземени понатаму. Според резултатите од последниот, 12. попис спроведен во октомври, минатата година чии резултати беа објавени пред два дена, во оваа земја како Македонци се попишани 2.281 државјанин, додека како Бугари 7.957 државјани, етничка заедница која ја немало на претходните 11 пописи на населението.

The post ИНСТАТ ја коригираше грешката, на прегледот за пописните резултати напиша Македонци appeared first on Република.

]]>
Бериша: Албанија нема повеќе од 1,4 милиони население https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/berisha-albanija-nema-poveke-od-1-4-milioni-naselenie/ Sun, 30 Jun 2024 12:51:34 +0000 https://republika.mk/?p=792110

Во Албанија не престануваат реакциите околу пописните резултати, посебно во однос на бројот на населението и етничката припадност.

Лидерот на Демократската партија (ДП) Сали Бериша, кој по одлуката на судот да му се врати правото на печат и логото, повторно е на чело на најголемата опозициска партија, го обвини актуелниот премиер Еди Рама дека за време на неговото владеење од земјата избркал 40 отсто од населението и оти прикажаната бројка од нешто над 2,4 милиони жители е чиста манипулација.

– Ова го велам затоа што деновиве вистинската статистика на Институтот за статистика на ЕУ, статистиката на САД и Велика Британија се соочува со статистиката на Еди Рама која е полна со измами, измислици и монструозни обиди да го прикрие геноцидот што го изврши со својот режим врз Албанците, рече Бериша.

Презентирајќи, како што рече, потврдени податоци за 8 години, не за 11 години, односно во периодот 2014-2022 година, ЕВРОСТАТ констатирал дека повеќе од 950 илјади жители ја напуштиле Албанија во земјите на ЕУ.

-Режим на Рама кој како никој друг во земја без граѓанска војна протера над 1 милион и 100 илјади жители од Албанија за 8 години. Во ЕУ 950 илјади, статистиката на Велика Британија потврдува дека во оваа земја заминале 46 илјади во САД 42.5 илјади, значи околу 1милион и 80 илјади, рече Бериша.

Според него во оваа бројка не се вклучени десетици илјади албански граѓани кои заминале во Канада, Норвешка, Швајцарија, земјите од Персискиот Залив и други земји во светот.

Тој тврди дека во земјата нема повеќе од 1,4 милиони население наспроти Институтот за статистика 2.402.113 жители, според пописот.

The post Бериша: Албанија нема повеќе од 1,4 милиони население appeared first on Република.

]]>

Во Албанија не престануваат реакциите околу пописните резултати, посебно во однос на бројот на населението и етничката припадност. Лидерот на Демократската партија (ДП) Сали Бериша, кој по одлуката на судот да му се врати правото на печат и логото, повторно е на чело на најголемата опозициска партија, го обвини актуелниот премиер Еди Рама дека за време на неговото владеење од земјата избркал 40 отсто од населението и оти прикажаната бројка од нешто над 2,4 милиони жители е чиста манипулација.
– Ова го велам затоа што деновиве вистинската статистика на Институтот за статистика на ЕУ, статистиката на САД и Велика Британија се соочува со статистиката на Еди Рама која е полна со измами, измислици и монструозни обиди да го прикрие геноцидот што го изврши со својот режим врз Албанците, рече Бериша.
Презентирајќи, како што рече, потврдени податоци за 8 години, не за 11 години, односно во периодот 2014-2022 година, ЕВРОСТАТ констатирал дека повеќе од 950 илјади жители ја напуштиле Албанија во земјите на ЕУ.
-Режим на Рама кој како никој друг во земја без граѓанска војна протера над 1 милион и 100 илјади жители од Албанија за 8 години. Во ЕУ 950 илјади, статистиката на Велика Британија потврдува дека во оваа земја заминале 46 илјади во САД 42.5 илјади, значи околу 1милион и 80 илјади, рече Бериша.
Според него во оваа бројка не се вклучени десетици илјади албански граѓани кои заминале во Канада, Норвешка, Швајцарија, земјите од Персискиот Залив и други земји во светот. Тој тврди дека во земјата нема повеќе од 1,4 милиони население наспроти Институтот за статистика 2.402.113 жители, според пописот. Лидерот на Демократската партија (ДП) Сали Бериша, кој по одлуката на судот да му се врати правото на печат и логото, повторно е на чело на најголемата опозициска партија, го обвини актуелниот премиер Еди Рама дека за време на неговото владеење од земјата избркал 40 отсто од населението и оти прикажаната бројка од нешто над 2,4 милиони жители е чиста манипулација.
– Ова го велам затоа што деновиве вистинската статистика на Институтот за статистика на ЕУ, статистиката на САД и Велика Британија се соочува со статистиката на Еди Рама која е полна со измами, измислици и монструозни обиди да го прикрие геноцидот што го изврши со својот режим врз Албанците, рече Бериша.
Презентирајќи, како што рече, потврдени податоци за 8 години, не за 11 години, односно во периодот 2014-2022 година, ЕВРОСТАТ констатирал дека повеќе од 950 илјади жители ја напуштиле Албанија во земјите на ЕУ.
-Режим на Рама кој како никој друг во земја без граѓанска војна протера над 1 милион и 100 илјади жители од Албанија за 8 години. Во ЕУ 950 илјади, статистиката на Велика Британија потврдува дека во оваа земја заминале 46 илјади во САД 42.5 илјади, значи околу 1милион и 80 илјади, рече Бериша.
Според него во оваа бројка не се вклучени десетици илјади албански граѓани кои заминале во Канада, Норвешка, Швајцарија, земјите од Персискиот Залив и други земји во светот. Тој тврди дека во земјата нема повеќе од 1,4 милиони население наспроти Институтот за статистика 2.402.113 жители, според пописот.

The post Бериша: Албанија нема повеќе од 1,4 милиони население appeared first on Република.

]]>
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, амбасадорот и се заблагодари на Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-zadovolna-od-popisot-vo-albanija-ambasadorot-i-se-zablagodari-na-albanija/ Sun, 30 Jun 2024 12:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=792105

Амбасадорот Ивајло Киров при денешната посета на северниот албански град Кукс, каде учествувал во активност за бесплатни здравствени прегледи на жителите на овој град од страна на бугарски лекари изразил “благодарност за сработеното, но и за почитувањето на правата на малцинството”.

-Искрено сме многу изненадени од резултатите. Албанија е најпријателската и најгостопримлива земја за Бугарија и за Балканот, изјавил Киров и оценил дека “ова е една од причините зошто албанската држава преговара со ЕУ”.

The post Бугарија задоволна од пописот во Албанија, амбасадорот и се заблагодари на Албанија appeared first on Република.

Според пописот во Албанија 1,2 милиони се муслимани, 384 илјади христијани https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/spored-popisot-vo-albanija-1-2-milioni-se-muslimani-384-iljadi-hristijani/ Sat, 29 Jun 2024 14:49:10 +0000 https://republika.mk/?p=791877

Според пописните резултати во однос на религиската припадност во Албанија, од 2.402.113 жители регистрирани во земјата, 1.101.718 жители изјавиле дека припаѓаат на муслиманска вероисповед.

Христијани се 384.833, од нив 201.530 припаѓаат на католичката, 173.645 на православната вера, додека 9.658 лица се изјасниле за евангелистички христијани.

На бектешката заедница припаѓаат 115.644 лица, додека со други верски убедувања се 3.670 лица.

– Податоците исто така покажуваат дека 332.155 лица не го навеле своето религиозно убедување, а други 85.311 се изјасниле како атеисти.

Опцијата „Преферирам да не одговарам“ ја избрале 244.331 лице, додека за 134.451 лице нема информации, објави државната агенција АТА.

The post Според пописот во Албанија 1,2 милиони се муслимани, 384 илјади христијани appeared first on Република.

]]>

Според пописните резултати во однос на религиската припадност во Албанија, од 2.402.113 жители регистрирани во земјата, 1.101.718 жители изјавиле дека припаѓаат на муслиманска вероисповед. Христијани се 384.833, од нив 201.530 припаѓаат на католичката, 173.645 на православната вера, додека 9.658 лица се изјасниле за евангелистички христијани. На бектешката заедница припаѓаат 115.644 лица, додека со други верски убедувања се 3.670 лица. – Податоците исто така покажуваат дека 332.155 лица не го навеле своето религиозно убедување, а други 85.311 се изјасниле како атеисти. Опцијата „Преферирам да не одговарам“ ја избрале 244.331 лице, додека за 134.451 лице нема информации, објави државната агенција АТА.

The post Според пописот во Албанија 1,2 милиони се муслимани, 384 илјади христијани appeared first on Република.

]]>
Поранешна директорка на ИНСТАТ смета дека податоците од пописот се изманипулирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poraneshna-direktorka-na-instat-smeta-deka-podatotsite-od-popisot-se-izmanipulirani/ Sat, 29 Jun 2024 13:53:11 +0000 https://republika.mk/?p=791851

Поранешната директорка на ИНСТАТ, Инес Нурја, за Еуроњуз Албанија изјави дека бројките од пописот на населението се манипулирани бидејќи вкупниот број на населението во земјата е помал, а во Тирана и Драч тврди дека пописниот процес пропаднал.

– Објавената бројка е нереална. Тоа е голема лага, а во Тирана и Драч, според податоците што ги имам, процесот пропадна. Манипулацијата се прави поради фондовите на ЕУ, од политички причини, рече таа.

Нурја посочи дека кога била на чело на институцијата што го евидентира населението, пописните податоци изработени во 2011 година биле објавени во рок од пет недели.

– Бројката е зголемена, има голема лага. Пред 12 години беше многу потешко да се прави попис бидејќи технологијата не беше толку развиена и резултатот беше објавен за пет недели. Во 2001 година, кога пописот беше направен на најтрадиционален можен начин, со пишување на хартија, резултатот беше објавен за два месеца. Сега, 12 години подоцна, се објавуваат по осум месеци и тоа остава простор за сомневања, мислам дека реалната бројка е многу мала и се манипулира со податоците, рече Нурја.

Таа смета дека пописните резултати требало да бидат објавени неколку дена по завршувањето.

– Сега пописот се прави со таблети и резултатите за бројот на населението треба да бидат објавени брзо, како што тоа го направија Косово, Србија и Црна Гора, посочува Нурја.

Официјалните пописни податоци објавени вчера покажаа дека населението во Албанија се намалило на нешто над 2,4 милиони жители, додека просечната возраст на населението се зголемила на 42 години.

За манипулации со бројки претходно обвини и опозицијата, како и претставниците на македонското, влашкото и грчкото малцинство, кои најавија дека не ги признаваат.

The post Поранешна директорка на ИНСТАТ смета дека податоците од пописот се изманипулирани appeared first on Република.

]]>

Поранешната директорка на ИНСТАТ, Инес Нурја, за Еуроњуз Албанија изјави дека бројките од пописот на населението се манипулирани бидејќи вкупниот број на населението во земјата е помал, а во Тирана и Драч тврди дека пописниот процес пропаднал.
– Објавената бројка е нереална. Тоа е голема лага, а во Тирана и Драч, според податоците што ги имам, процесот пропадна. Манипулацијата се прави поради фондовите на ЕУ, од политички причини, рече таа.
Нурја посочи дека кога била на чело на институцијата што го евидентира населението, пописните податоци изработени во 2011 година биле објавени во рок од пет недели.
– Бројката е зголемена, има голема лага. Пред 12 години беше многу потешко да се прави попис бидејќи технологијата не беше толку развиена и резултатот беше објавен за пет недели. Во 2001 година, кога пописот беше направен на најтрадиционален можен начин, со пишување на хартија, резултатот беше објавен за два месеца. Сега, 12 години подоцна, се објавуваат по осум месеци и тоа остава простор за сомневања, мислам дека реалната бројка е многу мала и се манипулира со податоците, рече Нурја.
Таа смета дека пописните резултати требало да бидат објавени неколку дена по завршувањето.
– Сега пописот се прави со таблети и резултатите за бројот на населението треба да бидат објавени брзо, како што тоа го направија Косово, Србија и Црна Гора, посочува Нурја.
Официјалните пописни податоци објавени вчера покажаа дека населението во Албанија се намалило на нешто над 2,4 милиони жители, додека просечната возраст на населението се зголемила на 42 години. За манипулации со бројки претходно обвини и опозицијата, како и претставниците на македонското, влашкото и грчкото малцинство, кои најавија дека не ги признаваат.

The post Поранешна директорка на ИНСТАТ смета дека податоците од пописот се изманипулирани appeared first on Република.

]]>
МНР реагира на резултатите од пописот во Албанија, амбасадорот Данчо Марковски итно ќе се повика на консултации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-reagira-na-rezultatite-od-popisot-vo-albanija-ambasadorot-dancho-markovski-itno-ke-se-povika-na-konsultatsii/ Sat, 29 Jun 2024 12:50:32 +0000 https://republika.mk/?p=791828

Министерството за Надворешни Работи на Република Македонија со сериозна загриженост ги нотира објавените прелиминарни резултати од Пописот одржан во Република Албанија во 2023 година.

-Техничките нерегуларности во начинот на реализација на истиот, на кои континуирано укажуваа македонските здруженија во Република Албанија во пресрет на Пописот, но и во текот на неговата реализација резултираа со објава на прелиминарни податоци кои што за жал не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. Дополнително, Министерството изразува незадоволство и остро реагира на употребата на термин „северномакедонци“ и употреба на име на земја како супститут за етничка заедница, велат од таму.

Министерството ќе го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во насока на прецизирање на недостатоците и недоследностите во овој процес, разгледување на можностите за соодветна корекција на направените пропусти и изнаоѓање на најадекватни начини за понатамошно заедничко дејствување и унапредување на билатералните односи со Република Албанија.

Министерството во претстојниот период интензивно ќе соработува со надлежните претставници на властите во Република Албанија и со претставниците на Македонската заедница во Република Албанија во насока на нивна културна и социјална промоција во рамките на албанското општество, што за жал и повеќе од очигледно било целосно запоставено од страна на претходната политичка гарнитура во нашата држава.

Сите отворени прашања меѓу две соседни држави треба да се решаваат преку дијалог и меѓусебно разбирање и почитување на правилата, принципите и вредностите на меѓународниот правен поредок, велат од ова министерство.

The post МНР реагира на резултатите од пописот во Албанија, амбасадорот Данчо Марковски итно ќе се повика на консултации appeared first on Република.

]]>

Министерството за Надворешни Работи на Република Македонија со сериозна загриженост ги нотира објавените прелиминарни резултати од Пописот одржан во Република Албанија во 2023 година.
-Техничките нерегуларности во начинот на реализација на истиот, на кои континуирано укажуваа македонските здруженија во Република Албанија во пресрет на Пописот, но и во текот на неговата реализација резултираа со објава на прелиминарни податоци кои што за жал не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. Дополнително, Министерството изразува незадоволство и остро реагира на употребата на термин „северномакедонци“ и употреба на име на земја како супститут за етничка заедница, велат од таму.
Министерството ќе го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во насока на прецизирање на недостатоците и недоследностите во овој процес, разгледување на можностите за соодветна корекција на направените пропусти и изнаоѓање на најадекватни начини за понатамошно заедничко дејствување и унапредување на билатералните односи со Република Албанија.
Министерството во претстојниот период интензивно ќе соработува со надлежните претставници на властите во Република Албанија и со претставниците на Македонската заедница во Република Албанија во насока на нивна културна и социјална промоција во рамките на албанското општество, што за жал и повеќе од очигледно било целосно запоставено од страна на претходната политичка гарнитура во нашата држава. Сите отворени прашања меѓу две соседни држави треба да се решаваат преку дијалог и меѓусебно разбирање и почитување на правилата, принципите и вредностите на меѓународниот правен поредок, велат од ова министерство.

The post МНР реагира на резултатите од пописот во Албанија, амбасадорот Данчо Марковски итно ќе се повика на консултации appeared first on Република.

]]>
МАЕИ бара проширување на истрагите за лажните потврди за „бугарско потекло“, но и за влијание врз пописот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/maei-bara-proshiruvane-na-istragite-za-lazhnite-potvrdi-za-bugarsko-poteklo-no-i-za-vlijanie-vrz-popisot/ Sat, 23 Dec 2023 16:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=725978

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), по обелоденувањето на скандалот со давањето лажни потврди за бугарско потекло во Острени, Голо Брдо, од лица вработени во албански институции, бара „проширување на полициската акција и во други општини и региони во Албанија, каде што се одвиваат слични незаконски активности“.

Претседателот Васил Стерјовски, изнесувајќи го ставот на партијата за МИА потсетува дека во 2017 година, под закана со вето на Албанија на нејзиниот европски пат, Бугарија издејствува признавање на непостоечко бугарско малцинство, иако на ниту еден попис во Албанија, ниту еден граѓанин не е деклариран за Бугарин.

-Една од мерките за создавање на вештачко бугарско малцинство во Албанија, која Бугарија ја применува, користејќи јанеповолната економска состојба на македонското малцинство во Албанија но и на албанските граѓани заедно, е преку давањето на бугарски пасоши за сите албански граѓани. Македонците и Албанците плаќаат илјадници евра да можат да земат бугарски пасош и да одат да работат на Запад, користејќи ги привилегиите на земјите членки на ЕУ. Ова е бизнис вреден милиони евра, кој работи не само во Албанија, туку и во повеќе земји кои не се членки на Европската унија, како Македонија, Косово, Србија, Украина, Молдавија и други, вели Стерјовски за МИА.

Додава дека Бугарија пред две години, започнала акција во Албанија, каде на сите албански граѓани кои аплицирале за бугарски пасоши почнала да им бара потврди за бугарско потекло издадени од општините каде што живеат.

-Градоначалниците на општините, администраторите на административните единици дури и претседателите на месните заедници, иако немаа никаква ингеренција, за пари започнаа да издаваат вакви потврди. Јавна тајна е дека урнекот како да изгледат потврдите за бугарско потекло ги изготвуваше бугарската амбасада во Тирана, која преку посредниците на бугарските пасоши кој се албански граѓани и луѓе со власт, ги доставуваа до локалните власти за потпис. Уште на самиот почеток пред две години, како партија реагиравме кај албанските власти за овој незаконски и коруптивен феномен кој наголемо се спроведуваше во албанските општини, барајќи од надлежните институции да го спречат овој феномен преку кој Бугарија фиктивно се обидуваше да собери што повеќе вакви потврди се со цел за да прикажи дека во Албанија живеат Бугари, нагласува тој.

Според него, албанските институции не само што не ги спречиле вакви активности туку и ги верифицирале незаконските потврди, прво префектурите па после и министерството за Европа и надворешни работи со Апостил печат.

Стерјовски потсетува и на изјавата на тогашната министерката за Европа и надворешна работи на Албанија, Олта Џачка од 27 март 2023 година на средбата со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи кога „уверуваше дека има информации за некои спорадични случаи кои ги разгледуваат и бројот на издадени вакви потврди не е голем“.

- „Имам информации за некои спорадични случаи кои ги разгледуваме, во тесна координација сме со институциите на Македонија за да видиме што се тие, кој се самоопределил или колку е голем овој процес, но според досегашните сознанија не е голем. Секоја информација која ќе ја имаме во реално време брзо ќе ја споделиме со колегите од Македонија, рече Џачка, вели Стерјовски.

Но, благодарение на албанската телевизија Топ Чанел се откри дека само општина Булќиза има издадено илјадници вакви потврди, за што МАЕИ изразува благодарсност за откриениот скандал.

Оценува дека доколку „целиот овој скандал не излезеше јавно на телевизија не веруваме дека албанските институции ќе превземеа некоја мерка да се спречаат овие незаконски и коруптивни активности“.

- Бараме надлежните органи да ја прошират истрагата не само за незаконското издавање на потврди за бугарско потекло туку и за влијанието што групата на посредници на бугарски пасоши го имаше за време на пописот на целата територија на Албанија, кои користејќи ја и моќта на власта имаа инсталирано и свои попишувачи и вршеа притисок, закани и поткуп врз албанските граѓани да се декларираат за Бугари, апелира Стерјовски.

- Пописот мина со многу проблеми и директно мешање на Бугарија. Македонска алијанса за европска интеграција пред пописот и за времето на пописот постојано посочуваше за притисокот од страна на посредувачите на бугарските пасоши, бугарската амбасада и ектремистичките групи од Бугарија кои како се покажа и од ова истражувачка сторија беа подржани и од локални албански фукнционери се со цел на пописот да извадат бројка на Бугари, кои во ниту еден досегашен попис ги немало, нагласува Стерјовски, пренесувајќи го ставот на партијата, чиј лидер е.

Деновве скандалот со потврдите за бугарско потекло го разоткрија новинарите на познатата истражувачка емисија Фикс фаре на Топ чанел, по што уапсени беа секретарот на општина Булќиза, Фитим Бала, администраторот на единицата Острени, Љуан Мјештри, кои беа веднаш разрешени од функциите, како и Арлин Лимани,раководител на секторот за социјални услуги во истата единица.

The post МАЕИ бара проширување на истрагите за лажните потврди за „бугарско потекло“, но и за влијание врз пописот appeared first on Република.

]]>

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), по обелоденувањето на скандалот со давањето лажни потврди за бугарско потекло во Острени, Голо Брдо, од лица вработени во албански институции, бара „проширување на полициската акција и во други општини и региони во Албанија, каде што се одвиваат слични незаконски активности“. Претседателот Васил Стерјовски, изнесувајќи го ставот на партијата за МИА потсетува дека во 2017 година, под закана со вето на Албанија на нејзиниот европски пат, Бугарија издејствува признавање на непостоечко бугарско малцинство, иако на ниту еден попис во Албанија, ниту еден граѓанин не е деклариран за Бугарин. -Една од мерките за создавање на вештачко бугарско малцинство во Албанија, која Бугарија ја применува, користејќи јанеповолната економска состојба на македонското малцинство во Албанија но и на албанските граѓани заедно, е преку давањето на бугарски пасоши за сите албански граѓани. Македонците и Албанците плаќаат илјадници евра да можат да земат бугарски пасош и да одат да работат на Запад, користејќи ги привилегиите на земјите членки на ЕУ. Ова е бизнис вреден милиони евра, кој работи не само во Албанија, туку и во повеќе земји кои не се членки на Европската унија, како Македонија, Косово, Србија, Украина, Молдавија и други, вели Стерјовски за МИА. Додава дека Бугарија пред две години, започнала акција во Албанија, каде на сите албански граѓани кои аплицирале за бугарски пасоши почнала да им бара потврди за бугарско потекло издадени од општините каде што живеат. -Градоначалниците на општините, администраторите на административните единици дури и претседателите на месните заедници, иако немаа никаква ингеренција, за пари започнаа да издаваат вакви потврди. Јавна тајна е дека урнекот како да изгледат потврдите за бугарско потекло ги изготвуваше бугарската амбасада во Тирана, која преку посредниците на бугарските пасоши кој се албански граѓани и луѓе со власт, ги доставуваа до локалните власти за потпис. Уште на самиот почеток пред две години, како партија реагиравме кај албанските власти за овој незаконски и коруптивен феномен кој наголемо се спроведуваше во албанските општини, барајќи од надлежните институции да го спречат овој феномен преку кој Бугарија фиктивно се обидуваше да собери што повеќе вакви потврди се со цел за да прикажи дека во Албанија живеат Бугари, нагласува тој. Според него, албанските институции не само што не ги спречиле вакви активности туку и ги верифицирале незаконските потврди, прво префектурите па после и министерството за Европа и надворешни работи со Апостил печат. Стерјовски потсетува и на изјавата на тогашната министерката за Европа и надворешна работи на Албанија, Олта Џачка од 27 март 2023 година на средбата со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи кога „уверуваше дека има информации за некои спорадични случаи кои ги разгледуваат и бројот на издадени вакви потврди не е голем“. - „Имам информации за некои спорадични случаи кои ги разгледуваме, во тесна координација сме со институциите на Македонија за да видиме што се тие, кој се самоопределил или колку е голем овој процес, но според досегашните сознанија не е голем. Секоја информација која ќе ја имаме во реално време брзо ќе ја споделиме со колегите од Македонија, рече Џачка, вели Стерјовски. Но, благодарение на албанската телевизија Топ Чанел се откри дека само општина Булќиза има издадено илјадници вакви потврди, за што МАЕИ изразува благодарсност за откриениот скандал. Оценува дека доколку „целиот овој скандал не излезеше јавно на телевизија не веруваме дека албанските институции ќе превземеа некоја мерка да се спречаат овие незаконски и коруптивни активности“. - Бараме надлежните органи да ја прошират истрагата не само за незаконското издавање на потврди за бугарско потекло туку и за влијанието што групата на посредници на бугарски пасоши го имаше за време на пописот на целата територија на Албанија, кои користејќи ја и моќта на власта имаа инсталирано и свои попишувачи и вршеа притисок, закани и поткуп врз албанските граѓани да се декларираат за Бугари, апелира Стерјовски. - Пописот мина со многу проблеми и директно мешање на Бугарија. Македонска алијанса за европска интеграција пред пописот и за времето на пописот постојано посочуваше за притисокот од страна на посредувачите на бугарските пасоши, бугарската амбасада и ектремистичките групи од Бугарија кои како се покажа и од ова истражувачка сторија беа подржани и од локални албански фукнционери се со цел на пописот да извадат бројка на Бугари, кои во ниту еден досегашен попис ги немало, нагласува Стерјовски, пренесувајќи го ставот на партијата, чиј лидер е. Деновве скандалот со потврдите за бугарско потекло го разоткрија новинарите на познатата истражувачка емисија Фикс фаре на Топ чанел, по што уапсени беа секретарот на општина Булќиза, Фитим Бала, администраторот на единицата Острени, Љуан Мјештри, кои беа веднаш разрешени од функциите, како и Арлин Лимани,раководител на секторот за социјални услуги во истата единица.

The post МАЕИ бара проширување на истрагите за лажните потврди за „бугарско потекло“, но и за влијание врз пописот appeared first on Република.

]]>
Фетаху: МАЕИ го поздравува откривањето на скандалот со лажните потврди за бугарско потекло во Голо Брдо https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/fetahu-maei-go-pozdravuva-otkrivaneto-na-skandalot-so-lazhnite-potvrdi-za-bugarsko-poteklo-vo-golo-brdo/ Thu, 21 Dec 2023 22:16:54 +0000 https://republika.mk/?p=725486

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, ја поздрави ангажираноста на новинарите на Фик фаре, на тиранската телевизија Топ чанел, за истражувачката сторија во која се потврдува како за пари се издава лажна потврда за бугарско потекло во административната единица Острени, област Голо Брдо.

Пренесувајќи го партискиот став, Ендрит Фетаху потпретседател на партијата додава дека тоа е уште една потврда дека пописот на населението поминал со многу проблеми.

- Голема благодарност до новинарите на оваа позната емисија, која до сега има откриено низа коруптивни афери. Тоа е уште една потврда на она што ние редовно предупредувавме, дека пописот во Албанија беше следен од многу проблеми и нерегуларности. Исто така ја поздравуваме и експресната акција на полицијата која денеска приведе три лица вмешани во овој скандал, рече за МИА, Фетаху.

Фетаху, кој е син на Кимет Фетаху, еден од најгласните поборници за правата на Македонците во Албанија а по потекло е од Голо Брдо, го посочува, како што вели, веќе кажаното дека македонската задница во Албанија за време на пописот се соочуваше со притисок од страна на поединци и бугарските институции за да не даде точни податоци за етничката припадност а кои биле поддржани и од локални личности.

- Јавна тајна е дека, не само во областите Мала Преспа, Гора и Голо Брдо, каде што е најголема концентрацијата на Македонците, а се најсиромашни области во државата, туку и по градовите, како Елбасан, Либраж и други се вршеше невиден притисок од поединци од Бугарија, но и високи личности, како потпретседателката Јотова и амбасадорот во Тирана, преку уцени, поткуп и слично. Македонците беа уценувани дека ако не се попишат како Бугари ќе им бидат отфрлени барањата за добивање бугарско државјанство или ќе им се одземат веќе добиените државјанства, на што поради големата сиромаштија се принудени да аплицираат за да може да заминат во европските земји за обезбедување основна егзистенција, вели Фетаху.

Тој посочува уште еден проблем во текот на пописот а тоа е што попишувачите, во повеќето случаи, на попишуваното лице не му ги поставувале прашањата кои, според Институтот за статистика, не беа задолжителни за одговор: етничка и верска припадност и јазик.

Пописот на населението во Албанија беше спроведен од 18 септември до 30 октомври, односно до 15 ноември продолжен, но, само за одделени, пред сè ридско-планински области.

МАЕИ, потсетува Фетаху достави барање до Институтот за статистика во продолжениот рок да биде опфатена и Мала Преспа, зашто „голем број семејства не биле посетени“, но истото не беше прифатено.

Инаку, по синоќешната емисија полицијата уапси три лица, меѓу нив и администраторот на административната единица Острени и тие ќе одговараат пред судот во Пешкопеја. На денешната вонредна седница Советот на општина Булќиза, каде територијално припаѓа Острени разрешен е секретарот на советот Фитим Бала, еден од уапсените. Дел од советниците барале оставка и од градоначалничката Фестиме Мјештри, чиј брат Љуан Мјештри, администратор на Острени е еден од вмешаните во скандалот.

The post Фетаху: МАЕИ го поздравува откривањето на скандалот со лажните потврди за бугарско потекло во Голо Брдо appeared first on Република.

]]>

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, ја поздрави ангажираноста на новинарите на Фик фаре, на тиранската телевизија Топ чанел, за истражувачката сторија во која се потврдува како за пари се издава лажна потврда за бугарско потекло во административната единица Острени, област Голо Брдо. Пренесувајќи го партискиот став, Ендрит Фетаху потпретседател на партијата додава дека тоа е уште една потврда дека пописот на населението поминал со многу проблеми. - Голема благодарност до новинарите на оваа позната емисија, која до сега има откриено низа коруптивни афери. Тоа е уште една потврда на она што ние редовно предупредувавме, дека пописот во Албанија беше следен од многу проблеми и нерегуларности. Исто така ја поздравуваме и експресната акција на полицијата која денеска приведе три лица вмешани во овој скандал, рече за МИА, Фетаху. Фетаху, кој е син на Кимет Фетаху, еден од најгласните поборници за правата на Македонците во Албанија а по потекло е од Голо Брдо, го посочува, како што вели, веќе кажаното дека македонската задница во Албанија за време на пописот се соочуваше со притисок од страна на поединци и бугарските институции за да не даде точни податоци за етничката припадност а кои биле поддржани и од локални личности. - Јавна тајна е дека, не само во областите Мала Преспа, Гора и Голо Брдо, каде што е најголема концентрацијата на Македонците, а се најсиромашни области во државата, туку и по градовите, како Елбасан, Либраж и други се вршеше невиден притисок од поединци од Бугарија, но и високи личности, како потпретседателката Јотова и амбасадорот во Тирана, преку уцени, поткуп и слично. Македонците беа уценувани дека ако не се попишат како Бугари ќе им бидат отфрлени барањата за добивање бугарско државјанство или ќе им се одземат веќе добиените државјанства, на што поради големата сиромаштија се принудени да аплицираат за да може да заминат во европските земји за обезбедување основна егзистенција, вели Фетаху. Тој посочува уште еден проблем во текот на пописот а тоа е што попишувачите, во повеќето случаи, на попишуваното лице не му ги поставувале прашањата кои, според Институтот за статистика, не беа задолжителни за одговор: етничка и верска припадност и јазик. Пописот на населението во Албанија беше спроведен од 18 септември до 30 октомври, односно до 15 ноември продолжен, но, само за одделени, пред сè ридско-планински области. МАЕИ, потсетува Фетаху достави барање до Институтот за статистика во продолжениот рок да биде опфатена и Мала Преспа, зашто „голем број семејства не биле посетени“, но истото не беше прифатено. Инаку, по синоќешната емисија полицијата уапси три лица, меѓу нив и администраторот на административната единица Острени и тие ќе одговараат пред судот во Пешкопеја. На денешната вонредна седница Советот на општина Булќиза, каде територијално припаѓа Острени разрешен е секретарот на советот Фитим Бала, еден од уапсените. Дел од советниците барале оставка и од градоначалничката Фестиме Мјештри, чиј брат Љуан Мјештри, администратор на Острени е еден од вмешаните во скандалот.

The post Фетаху: МАЕИ го поздравува откривањето на скандалот со лажните потврди за бугарско потекло во Голо Брдо appeared first on Република.

]]>
Стерјовски: Албанија ѝ дозволи на Бугарија да го спроведува Пописот ви местата каде што живеат Македонци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sterjovski-albanija-dozvoli-na-bugarija-da-go-sproveduva-popisot-vi-mestata-kade-shto-zhiveat-makedontsi/ Sun, 12 Nov 2023 14:30:30 +0000 https://republika.mk/?p=700752

Партијата на Македонците во Албанија бара да се продолжи Пописот на населението во Албанија во Мала Преспа, односно во деловите каде што живее македонско население. Пописот во Албанија завршува на 15 ноември, а во Мала Преспа заврши пред две недели, вели Васил Стерјовски, кој денеска беше на Семакедонската средба во Штип, организирана од Здружението „Мирка Гинова“-Штип. Стерјовски рече дека неколкупати и официјално реагирале до премиерот Еди Рама и Владата на Албанија.

-Укажавме на сите притисоци кои се прават од страна на Бугарија и тоа што Албанија фктички даде слободен простор  да го спроведе Бугарија, а не Албанија. Ние реагиравме на сето ова. Запознаена е албанската влада во текот на самиот процес, затоа што работите ги следевме секој ден на терен. Притисок, закана, мешање од самите структури на албанската држава, било тоа да се Бугарската амбасада во Албанија, но и други структури што работат за Албанија, за да ги натерат Македонците да се попишат Бугари, вели Стерјовски.

Посочува дека сите регистрирани неправилности ги имаат доставено до Владата на Албанија и до сите странски амбасади во земјата. Но, според него, Владата на Албанија до овој момент нема преземено никакви мерки на укажувањето дека Бугарија преку Пописот во деловите каде живеат Македонци во Албанија директно се има замешано во внатрешните работи и на самиот процес на Попис на население во оваа земја, како и дека нема одговорено на барањата на Македонците во Албанија.

-Бугарите на дневна основа знаеја кој како се попишува во нашите региони, така што ние на крајот на самиот процес, официјално како политичка партија на Македонците во Албанија „Македонска алијанса за Европска интеграција“ ќе излеземе со официјален извештај и ќе ги објавиме јавно, вели Стерјовски.

Тој истакна дека Пописот во Мала Преспа траел шест недели, но како што вели, реално, на терен се попишувало вкупно три недели.

-Во последните три недели од официјалниот Попис не се попишуваа жителите, кои физички живеат таму, кај нас проблем е тоа што сме пограничен регион со Македонија и Грција и повеќето од луѓето својата егзистенција ја обезбедуваат со сезонска работа било во Грција, било во Македонија. На граница ако одите секој ден 400 до 500 лица влегуваат дневно во Македонија во овој период, бидејќи е бербата на јаболка во Ресен и многу од овие жители не се попишани. Значи доаѓаат жалби од самите жители дека попишувачите не ги попишуваат. Ние официјално уште тогаш имаме реагирано, од кога се случи овој проблем. Од Тирана бараа да се попишаат, но проблем се случуваше што пописните комисии, попишувачите не ги попишуваа и тука се сомневаме дека е директно влијание на Бугарија, за да излезе што помал број вкупно население во Мала Преспа, но и на Македонци, вели Стерјовски.

Тој посочи дека како партија имаат повеќе барања, а Владата на Албанија ветила дека ќе се продолжи рокот на попишување на населението во Мала Преспа, но се уште немаат добиено ништо официјално. Се сомневаат дека можеби станува збор и за стратегија на Албанија со којашто би се укинала општината, со образложение дека нема доволно жители и дополнително е и, како што вели, играта на Бугарија.

-Дали е и плус игра на Бугарија да има што помалку Македонци да се декларираат, бидејќи кај нас, посебно во Мала Преспа, Бугарија по сите притисоци што ги правеше не можеше да извади Бугари и тоа им беше голем проблем. Затоа единствен начин е да влијаеше до нивните структури во албанската држава со попишувачите и Заводот за статистика на Албанија, вели Стерјовски.

Прашан каков бил притисокот на Бугарија при Пописот во Албанија, Стерјовски со одговор дека тие и пред самиот Попис реагирале и сметале дека притисок се прави на населението кое има аплицирано за бугарски пасоши, со цел да работи во земјите од ЕУ.

-Со самиот процес на Пописот Бугарскиот амбасадор почна да доаѓа во нашите региони, било во делот на Гора, Голо Брдо, на Преспа да ги убедува луѓето да се пишат Бугари. Сите што имаат аплицирано за бугарски пасоши им се јавуваа од бугарска Амбасада дека мора да се пишат Бугари во спротивно нема да земат бугарски пасош, а тие бугарски пасоши не се бесплатни, тоа се неколку илјади евра за едно семејство за таков пасош. Постоеше реално тој притисок, вели Серјовски.

Тој додаде дека сите овие притисоци и закани ги имаат објавено и официјално, а на самиот старт на Пописот од Владата на Албанија побарано е да се забрани доаѓањето на бугарскиот амбасадор во регионите каде што живеат Македонците, бидејќи се прекршува и Виенската конвенција, како се однесува еден дипломат, кој се меша во внатрешните работи и врши директен притисок на Пописот во Албанија. Стерјовски истакна дека на Пописот секој граѓанин треба слободно да се изјасни како се чувствува. Тој додаде дека последната недела албанските медиуми информираат за загриженоста и барањата на Македонците во Албанија.

На денешната Семакедонската средба во Штип, присуствуваше и Кирил Иванов од ОМО Илинден, кој најави дека ќе отвори македонски клуб, како што рече, во неговата гаража, а посочи дека го чекаат исходот од тужбите во Судот за човекови права во Стразбур. Иванов забележува дека, како што вели, Бугарија не признава Македонци во нивната држава и оти по исходот на овие тужби ништо не се менува, туку само ги плаќа казните.

Трајче Димков од Здружението „Мирка Гинова“-Штип вели дека ова е традиционална средба, со цел да им се даде поддршка на сите Македонци кои живеат надвор од земјава.

Во рамките на средбата имаше и изложба на документи и сведоштва на Македонците кои живеат во Албанија, но и за постоењето на македонската нација. Користени се архиви и документи од САД, Аргентина, Австралија, Франција и од Италија.

The post Стерјовски: Албанија ѝ дозволи на Бугарија да го спроведува Пописот ви местата каде што живеат Македонци appeared first on Република.

]]>

Партијата на Македонците во Албанија бара да се продолжи Пописот на населението во Албанија во Мала Преспа, односно во деловите каде што живее македонско население. Пописот во Албанија завршува на 15 ноември, а во Мала Преспа заврши пред две недели, вели Васил Стерјовски, кој денеска беше на Семакедонската средба во Штип, организирана од Здружението „Мирка Гинова“-Штип. Стерјовски рече дека неколкупати и официјално реагирале до премиерот Еди Рама и Владата на Албанија.
-Укажавме на сите притисоци кои се прават од страна на Бугарија и тоа што Албанија фктички даде слободен простор  да го спроведе Бугарија, а не Албанија. Ние реагиравме на сето ова. Запознаена е албанската влада во текот на самиот процес, затоа што работите ги следевме секој ден на терен. Притисок, закана, мешање од самите структури на албанската држава, било тоа да се Бугарската амбасада во Албанија, но и други структури што работат за Албанија, за да ги натерат Македонците да се попишат Бугари, вели Стерјовски.
Посочува дека сите регистрирани неправилности ги имаат доставено до Владата на Албанија и до сите странски амбасади во земјата. Но, според него, Владата на Албанија до овој момент нема преземено никакви мерки на укажувањето дека Бугарија преку Пописот во деловите каде живеат Македонци во Албанија директно се има замешано во внатрешните работи и на самиот процес на Попис на население во оваа земја, како и дека нема одговорено на барањата на Македонците во Албанија.
-Бугарите на дневна основа знаеја кој како се попишува во нашите региони, така што ние на крајот на самиот процес, официјално како политичка партија на Македонците во Албанија „Македонска алијанса за Европска интеграција“ ќе излеземе со официјален извештај и ќе ги објавиме јавно, вели Стерјовски.
Тој истакна дека Пописот во Мала Преспа траел шест недели, но како што вели, реално, на терен се попишувало вкупно три недели.
-Во последните три недели од официјалниот Попис не се попишуваа жителите, кои физички живеат таму, кај нас проблем е тоа што сме пограничен регион со Македонија и Грција и повеќето од луѓето својата егзистенција ја обезбедуваат со сезонска работа било во Грција, било во Македонија. На граница ако одите секој ден 400 до 500 лица влегуваат дневно во Македонија во овој период, бидејќи е бербата на јаболка во Ресен и многу од овие жители не се попишани. Значи доаѓаат жалби од самите жители дека попишувачите не ги попишуваат. Ние официјално уште тогаш имаме реагирано, од кога се случи овој проблем. Од Тирана бараа да се попишаат, но проблем се случуваше што пописните комисии, попишувачите не ги попишуваа и тука се сомневаме дека е директно влијание на Бугарија, за да излезе што помал број вкупно население во Мала Преспа, но и на Македонци, вели Стерјовски.
Тој посочи дека како партија имаат повеќе барања, а Владата на Албанија ветила дека ќе се продолжи рокот на попишување на населението во Мала Преспа, но се уште немаат добиено ништо официјално. Се сомневаат дека можеби станува збор и за стратегија на Албанија со којашто би се укинала општината, со образложение дека нема доволно жители и дополнително е и, како што вели, играта на Бугарија. -Дали е и плус игра на Бугарија да има што помалку Македонци да се декларираат, бидејќи кај нас, посебно во Мала Преспа, Бугарија по сите притисоци што ги правеше не можеше да извади Бугари и тоа им беше голем проблем. Затоа единствен начин е да влијаеше до нивните структури во албанската држава со попишувачите и Заводот за статистика на Албанија, вели Стерјовски. Прашан каков бил притисокот на Бугарија при Пописот во Албанија, Стерјовски со одговор дека тие и пред самиот Попис реагирале и сметале дека притисок се прави на населението кое има аплицирано за бугарски пасоши, со цел да работи во земјите од ЕУ.
-Со самиот процес на Пописот Бугарскиот амбасадор почна да доаѓа во нашите региони, било во делот на Гора, Голо Брдо, на Преспа да ги убедува луѓето да се пишат Бугари. Сите што имаат аплицирано за бугарски пасоши им се јавуваа од бугарска Амбасада дека мора да се пишат Бугари во спротивно нема да земат бугарски пасош, а тие бугарски пасоши не се бесплатни, тоа се неколку илјади евра за едно семејство за таков пасош. Постоеше реално тој притисок, вели Серјовски.
Тој додаде дека сите овие притисоци и закани ги имаат објавено и официјално, а на самиот старт на Пописот од Владата на Албанија побарано е да се забрани доаѓањето на бугарскиот амбасадор во регионите каде што живеат Македонците, бидејќи се прекршува и Виенската конвенција, како се однесува еден дипломат, кој се меша во внатрешните работи и врши директен притисок на Пописот во Албанија. Стерјовски истакна дека на Пописот секој граѓанин треба слободно да се изјасни како се чувствува. Тој додаде дека последната недела албанските медиуми информираат за загриженоста и барањата на Македонците во Албанија. На денешната Семакедонската средба во Штип, присуствуваше и Кирил Иванов од ОМО Илинден, кој најави дека ќе отвори македонски клуб, како што рече, во неговата гаража, а посочи дека го чекаат исходот од тужбите во Судот за човекови права во Стразбур. Иванов забележува дека, како што вели, Бугарија не признава Македонци во нивната држава и оти по исходот на овие тужби ништо не се менува, туку само ги плаќа казните. Трајче Димков од Здружението „Мирка Гинова“-Штип вели дека ова е традиционална средба, со цел да им се даде поддршка на сите Македонци кои живеат надвор од земјава. Во рамките на средбата имаше и изложба на документи и сведоштва на Македонците кои живеат во Албанија, но и за постоењето на македонската нација. Користени се архиви и документи од САД, Аргентина, Австралија, Франција и од Италија.

The post Стерјовски: Албанија ѝ дозволи на Бугарија да го спроведува Пописот ви местата каде што живеат Македонци appeared first on Република.

]]>
Османи до Македонците во Албанија: Пописот овозможува слободно да ја изразите вашата етничка, јазична и религиска припадност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-do-makedontsite-vo-albanija-popisot-ovozmozhuva-slobodno-da-ja-izrazite-vashata-etnichka-jazichna-i-religiska-pripadnost/ Sat, 23 Sep 2023 09:04:45 +0000 https://republika.mk/?p=684302

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во видео обраќање до Македонците кои живеат во Албанија, им порача дека овој попис им овозможува слободно да ја изразат нивната етничка, јазична, и религиска припадност.

Во продолжение целосното обраќање на Османи:

„Во врска со претстојниот попис на населението во Република Албанија би сакал да се обратам до вас Македонците кои живеат во Албанија. Како што ви е веќе познато, од 18 септември и следните шест недели, ќе се спроведува попис на населението, како најзначајна статистичка операција во земјата.

Ви се обраќам затоа што сакам да бидете уверени дека овој попис овозможува слободно да ја изразите вашата етничка, и јазична, и религиска припадност. Со оваа демократска придобивка, Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество, нешто што исто како и кај нас, претставува непроценливо автентично културно наследство.

Драги Македонци, препознавајќи ја вашата улога како лојални граѓани на Албанија, ве охрабрувам на претстојниот попис слободно да се изразите и да ја потврдите вашата етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност, која претставува основно природно право на секој поединец, и со генерации наназад опстојува на овие простори.

Деновиве сме свесни на различни пропаганди коишто апелираат на вашата одлука, не водејќи сметка за вашите чувства. Не треба ништо од тоа да ве загрижува. Албанија е слободна земја каде секој може слободно да го изрази и негува својот идентитет, без да се грижи за било какви последици од тоа.

Со тоа вие и дополнително ќе ја потврдите вашата незаменлива улога, во градењето мостови на пријателство меѓу двете држави.

Македонија и Албанија се повеќе од соседи, земји со исклучително пријателски односи, и ние ќе останеме во интензивна комуникација со вас исто, како и со институциите на Република Албанија, меѓу другото и за прашања коишто ве засегаат вас Македонците.

Продолжуваме активно да се ангажираме за заштита и промовирање на овие права, на ист начин како што тоа го правевме и до сега“.

The post Османи до Македонците во Албанија: Пописот овозможува слободно да ја изразите вашата етничка, јазична и религиска припадност appeared first on Република.

]]>

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во видео обраќање до Македонците кои живеат во Албанија, им порача дека овој попис им овозможува слободно да ја изразат нивната етничка, јазична, и религиска припадност. Во продолжение целосното обраќање на Османи: „Во врска со претстојниот попис на населението во Република Албанија би сакал да се обратам до вас Македонците кои живеат во Албанија. Како што ви е веќе познато, од 18 септември и следните шест недели, ќе се спроведува попис на населението, како најзначајна статистичка операција во земјата. Ви се обраќам затоа што сакам да бидете уверени дека овој попис овозможува слободно да ја изразите вашата етничка, и јазична, и религиска припадност. Со оваа демократска придобивка, Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество, нешто што исто како и кај нас, претставува непроценливо автентично културно наследство. Драги Македонци, препознавајќи ја вашата улога како лојални граѓани на Албанија, ве охрабрувам на претстојниот попис слободно да се изразите и да ја потврдите вашата етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност, која претставува основно природно право на секој поединец, и со генерации наназад опстојува на овие простори. Деновиве сме свесни на различни пропаганди коишто апелираат на вашата одлука, не водејќи сметка за вашите чувства. Не треба ништо од тоа да ве загрижува. Албанија е слободна земја каде секој може слободно да го изрази и негува својот идентитет, без да се грижи за било какви последици од тоа. Со тоа вие и дополнително ќе ја потврдите вашата незаменлива улога, во градењето мостови на пријателство меѓу двете држави. Македонија и Албанија се повеќе од соседи, земји со исклучително пријателски односи, и ние ќе останеме во интензивна комуникација со вас исто, како и со институциите на Република Албанија, меѓу другото и за прашања коишто ве засегаат вас Македонците. Продолжуваме активно да се ангажираме за заштита и промовирање на овие права, на ист начин како што тоа го правевме и до сега“.

The post Османи до Македонците во Албанија: Пописот овозможува слободно да ја изразите вашата етничка, јазична и религиска припадност appeared first on Република.

]]>
МД „Илинден“ за утрешниот попис: Главата горе и изјаснете се она што сме – Македонци! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/md-ilinden-za-utreshniot-popis-glavata-gore-i-izjasnete-se-ona-shto-sme-makedontsi/ Sun, 17 Sep 2023 15:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=682636

Пред пописот на населението и домаќинствата во Албанија, што почнува утре, Македонско друштво „Илинден"-Тирана ги повика сите Македонците во Република Албанија „да се изјаснат она што се Македонци и да го зачуваат својот македонски идендитет".

Од утре до 30 октомври, тимовите на ИНСТАТ ќе тропнат на вашата врата за собирање податоци за пописот на населението и домаќинствата. Не потпаѓајте под никакви влијанија, нека не ве заплашува никој и ништо. Главата горе и изјаснете се она што сме - Македонци, порачува друштвото.

Одговорете на сите прашања, стои понатаму, меѓу нив и за етничката и религиска припадност и јазик иако за овие три прашања во формуларот одговорот не е задолжителен.

Посочуваат дека се дава можност да проверат дали дадениот одговор е правилно внесен во таблетот од страна на попишувачите.

Нè има насекаде низ Албанија. Главно сме концентрирани во областите Мала Преспа, Врбник, Гора, Голо Брдо, но со по неколку десетина илјади нè има и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Кукс, Фиер и во други градови. Со векови сме опстоиле и покрај сите голготи, ќе ја преживееме и оваа агресивна бугарска асимилаторска кампања, вели за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Осудувајќи ја „бугарската асимилаторска кампања", порачува дека е убеден оти Македонците ќе се изјаснат она што се и никако поинаку.

The post МД „Илинден“ за утрешниот попис: Главата горе и изјаснете се она што сме – Македонци! appeared first on Република.

]]>

Пред пописот на населението и домаќинствата во Албанија, што почнува утре, Македонско друштво „Илинден"-Тирана ги повика сите Македонците во Република Албанија „да се изјаснат она што се Македонци и да го зачуваат својот македонски идендитет".
Од утре до 30 октомври, тимовите на ИНСТАТ ќе тропнат на вашата врата за собирање податоци за пописот на населението и домаќинствата. Не потпаѓајте под никакви влијанија, нека не ве заплашува никој и ништо. Главата горе и изјаснете се она што сме - Македонци, порачува друштвото.
Одговорете на сите прашања, стои понатаму, меѓу нив и за етничката и религиска припадност и јазик иако за овие три прашања во формуларот одговорот не е задолжителен. Посочуваат дека се дава можност да проверат дали дадениот одговор е правилно внесен во таблетот од страна на попишувачите.