Попис 2021 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/popis-2021/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Oct 2022 21:11:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Попис 2021 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/popis-2021/ 32 32 Две третини од младите сакаат да ја напуштат Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/dve-tretini-od-mladite-sakaat-da-ja-napushtat-makedonija/ Mon, 17 Oct 2022 21:05:53 +0000 https://republika.mk/?p=562204

Две третини од младите сакаат да ја напуштат Македонија. Повеќето од нив, според истражувањето на „Вестминстер“, изјавиле дека не би се вратиле. Токму поради тоа, еден од приоритетите во Националната стратегија за млади 2023-2027 година, која почна да се подготвува денеска, ќе биде спречувањето на иселувањето на младите од земјава, изјави заменик директорот на Агенцијата за Млади и спорт.

80 отсто од моите пријатели или колеги со кои бев во основно училиште не се веќе тука, токму поради таа причина сметам дека тоа е многу сериозен проблем што ги погодува младите и во Македонија и во целиот Западен Балкан. Поради тоа, и во Националната стратегија за млади ќе се обидеме да ги понудиме најдобрите методи и модалитети за да го запреме овој болен процес“, рече Амир Билали, заменик директор во Агенцијата за млади и спорт.

Според последниот попис на населението, од вкупниот број на населението, вкупно 17,8 отсто се млади, што е за 150 илјади млади помалку од 2002 година. Претседателот на Студентскиот парламент при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ вели дека ќе запирањето на иселувањето на младите ќе биде приоритет во новата Стратегија за млади.

Во последниот извештај на Европската Унија се нагласува дека стапката на невработеност кај младите и понатаму е висока, и изнесува 30,1 отсто. Според истражувањата, ова е една од главните причини зошто младите одлучуваат да ја напуштат земјата. Потребата од нова стратегија се јави поради неуспехот во имплементацијата и неусогласеноста на реалните потреби на младите во старата стратегија за млади која беше промовирана во 2016 година.

The post Две третини од младите сакаат да ја напуштат Македонија appeared first on Република.

]]>

Две третини од младите сакаат да ја напуштат Македонија. Повеќето од нив, според истражувањето на „Вестминстер“, изјавиле дека не би се вратиле. Токму поради тоа, еден од приоритетите во Националната стратегија за млади 2023-2027 година, која почна да се подготвува денеска, ќе биде спречувањето на иселувањето на младите од земјава, изјави заменик директорот на Агенцијата за Млади и спорт.
80 отсто од моите пријатели или колеги со кои бев во основно училиште не се веќе тука, токму поради таа причина сметам дека тоа е многу сериозен проблем што ги погодува младите и во Македонија и во целиот Западен Балкан. Поради тоа, и во Националната стратегија за млади ќе се обидеме да ги понудиме најдобрите методи и модалитети за да го запреме овој болен процес“, рече Амир Билали, заменик директор во Агенцијата за млади и спорт.
Според последниот попис на населението, од вкупниот број на населението, вкупно 17,8 отсто се млади, што е за 150 илјади млади помалку од 2002 година. Претседателот на Студентскиот парламент при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ вели дека ќе запирањето на иселувањето на младите ќе биде приоритет во новата Стратегија за млади. Во последниот извештај на Европската Унија се нагласува дека стапката на невработеност кај младите и понатаму е висока, и изнесува 30,1 отсто. Според истражувањата, ова е една од главните причини зошто младите одлучуваат да ја напуштат земјата. Потребата од нова стратегија се јави поради неуспехот во имплементацијата и неусогласеноста на реалните потреби на младите во старата стратегија за млади која беше промовирана во 2016 година.

The post Две третини од младите сакаат да ја напуштат Македонија appeared first on Република.

]]>
Манипулативните пермутации на македонскиот попис https://arhiva3.republika.mk/kolumni/manipulativnite-permutacii-na-makedonskiot-popis/ Tue, 12 Apr 2022 08:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=487175

Петар Поп-Арсов

Пописот мораше да се спроведе! Сега му беше „моментот“. Мислам, не баш во буквална смисла „сега“, туку тогаш кога беше создадена најдобрата клима за негово спроведување со цел да се добијат „посакуваните и проектирани резултати“. Во времето кога Заев беше премиер, Груби вицепремиер, Оливер МВР, Симовски директор на Статистика, а сите заедно надополнети со изобилството од лево-десни бојкотирачи, незинтересирани граѓани „отепани“ од Ковид пандемијата, репресивните мерки, задоцнетата вакцинација и отсуството на лидерсто во сите етнички заедници (со исклучок на една). Сето тоа заедно создаде идеални услови за спроведување на попис кој ќе даде резултати токму какви што зацртал креаторот на овој проект. Сè беше совршено подредено за спроведувањето на оваа статистичка, политичка и стратешка операција, која за жал, најмалку беше статистичка.

Деновиве сме сведоци на бура од реакции, незадоволство, гнев и бројни аргументи кои се споделуваат во јавноста од заинтересирани интелектуалци кои подлабоко навлегоа во анализа на презентираните пописни податоци. Тоа е сосема логична реакција на добиениот финален производ за кој уште од самиот почеток се гледаше дека е со вградена фабричка грешка.

Пред да кажеме било што за резултатите и ефектите од пописот, задолжително треба да се потсетиме на тоа како беше во времето на неговата подготовка и спроведување за да можеме да го разбереме однапред проектираниот резултат од неговите инспиратори, креатори и реализатори. Краткото паметење на македонските граѓани е одлична алатка во рацете на македонската власт која успешно манипулира со сите нас веќе долги години.

Првичниот план беше пописот да се спроведе во април 2021, во време кога македонскиот правен, политички и здравствен систем беа целосно нефункционални. Тоа беше период кога поради Ковид пандемијата на сила беше кризната состојба, воведена во декември 2020 година. Парламентот беше вон функција, а демократијата и волјата на граѓаните суспендирани до јуни 2021 година. Пописот официјално започна уште во месец март со електронското самопопишување на македонските иселеници, со кое што почнаа првите правно-политички контаверзии.

Имаше постојани меѓупартиски несогласувања и отсуство на политички консензус. Консензусот беше исклучително потребен и важен елемент за да се релаксира сè уште постоечиот меѓуетнички набој. Консензусот беше потребен да ги неутрализира агресивните акробации на Груби и Османи кои неодговорно провоцираа реакција кај македонскиот народ злоупотребувајќи ги сопствените владини позиции. Консензусот, меѓудругото, беше потребен и за да се оправда владината стратегијата „Едно општество за сите“, која без таквиот консензус ќе се претвореше во обична фикција и лага зад која се реализираат конкретно зацртани цели на штета на македонскиот народ во сопствената држава.

Во тој период изби аферата „Мафија“. Афера со издадени над двеста македонски пасоши на разни наркобосови и белосветски криминалци кои добија лажен идентитет, украден од вистински македонски граѓани. Епилог за овој случај сè уште нема! Одговорност нема! Напротив! Покрај сите скандали, па и политичкиот бродолом што му се случи во Куманово, Оливер денес е дури и посилен од тогаш! А, дали се заведени овие „македонски граѓани“ во пописот на Симовски, е прашање кое посебно заслужува одговор?!

Заев и Симовски беа најревносните поддржувачи на идејата „попис, веднаш и сега“! Симовски беше единствениот кој говореше дека не постои никаков ризик по здравјето на граѓаните и дека ќе бидат запазени сите медицински протоколи, при што ниту еден лекар во државата не смогна храброст во тие моменти да го потврди неговото „експертско тврдење“. Во тој период колони македонски граѓани се упатуваа кон Србија на „вакцинален туризам“. Ненавремената и нецелоса имунизација на попишувачите, оние кои што требаше подготвени да го посетат домот на секој македонски граѓанин, беше игнорирана до последен момент од страна на директорот Симовски.

Имавме целосно неподготвен попис, кој за среќа во последен момент беше прекинат и одложен за септември по примерот на земји како Германија, Србија, Хрватска, Романија, Бугарија и Ирска кои веќе претходно и без потреси ги одложија сопствените пописи за втората половина на 2021 и за 2022 година!

Во септември ништо ново! Истите протагонисти, истите намери, истите цели и проектирани резултати. Единствената разлика беше тоа што овој пат постоеше меѓупартиска согласност за реализација на пописот од најрелевантните македонски политички партии. Но, како што секоја фамилија има своја, така и македонскиот народ и држава имаше своја, сопствена црна овца, која упорно повикуваше на бојкот. Се случи и тој, ограничен бојкот, таман толку колку да им заврши работа на Заев, Симовски и останатите кои го посакуваа исходот што сега го имаме.

Сите анализи што деновиве се прават во однос на резултатите од пописот откриваат и укажуваат на бројни нелогичности, неправилности, грешки, нестандардна методологија и промислени манипулации. Како илустраија ќе го посочиме примерот со религиската пипадност.

Хаос во табелата која ја покажува религиската припадност. Свесно смислена измама која има за цел да даде непотполни и неточни резултати во однос на изјаснувањето на православното население во Македонија. Објаснувањата на Симовски дека се работи за професионален пристап во начинот на спроведување на пописот е врвен цинизам. Начинот на кој е спроведен пописот во овој сегмент создава аморфна маса од 242.579 македонски граѓани (христијани) со непрецизирана религиска припадност. Овој податок ниту е точен, ниту е професионален. Факт е дека огромното мнозинство од граѓаните кои се изјасниле како христијани се православни христијани од едноставна причина што не секој во Македонија прави разлика меѓу христијанството и православието. За добар дел од популацијата постои знак на еднаквост помеѓу термините христијанин и православен и никому ни на крај памет не би му паднало дека Заводот за статистика подготвил манипулативно трик прашање. Безобразлукот на атеистот Апостол, криејќи се зад некаква професионалност и стандарди и отфрлајќи секаква одговорност, го достигна својот максимум кога изјави дека тој не е виновен што населението е „неписмено и не знае на која религија припаѓа“. Тоа говори за неговата фанатична решеност овој процес да го турка до крај.

Како е можно само кај оваа религиска заедница се јавува толкав број на „неуки“ граѓани, додека останатите се со ниво на писменост која што владее во скандинавските земји?!

Без разлика што Симовски бега од одговорност, тој дефинитивно е одговорен за ваквиот исход. Особено е одговорен во професионалниот сегмент од неговото работење на кој постојано се повикува и за кој слепо се држи. Државата Македонија нема точен податок за тоа колкав дел од популацијата се православни христијани! Тоа е повеќе од доволно да се оспори пописниот резултат! Овој аргумент фрла сенка и над останатите податоци за кои треба да се спроведе сериозна стручна анализа и истрага. Нелогичните и неточни резултати во делот на религиската припадност се доволен показател дека Симовски има непрофесионален и манипулативен пристап и за тоа мора да сноси одговорност.

Непрофесионално и надвор од сите стандарди на статистиката е попишувањето на нерезидентното население. Само Македонија на Заев, Симовски и сега Ковачевски има такви стандарди. Оваа нивна измислица и креација го сведе пописот на една обична политичка кампања по етничка основа со цел да му даде статистичка подлога на веќе постоечкиот принцип на „тиранија на малцинството“ која е присутна во Македонија, до целосно воспоставувањето на апартхејд како систем на управување.

До сега беа залудни сите реакции на претставниците на мнозинскиот, македонски народ и помалите етнички заедници. Залудни се и реакциите и зачуденоста за разните нелогичности кои секојдневно ги обзнануваат истакнати поединци кои длабоко навлегуваат во математичките закономерности на бројките на Симовски. Џабе реагираат Ромите, Србите, Турците од Македонија вклучително и Турција како држава. Ароганцијата со која говори Симовски, отфрлајќи ги сите аргументи, укажува на тоа дека човекот има грб и дека е подготвен да го вози овој филм до самиот крај.

Ефектите на пописот дефинитивно ќе имаатсериозен импакт врз македонската држава. Како резултат на манипулативниот инженеринг на СДСМ, ДУИ и придружните сателити, веќе е создадено е чувство на победници и поразени. Стратегијата „Едно општество за сите“ ецелосно депласирана, а меѓуетничката доверба која се создаваше години наназад повторно е ставена на испит. Дополнително е уништена и онака малата доверба во македонските институции.

Режираните резултати од пописот отвораат простор за нови политички маневри, пред се по етничка линија. Тоа прашање одамна требаше да биде ад акта, особено со усвојувањето на низата законски решенија кои ги зајакнаа јазичните и останати права на малцинските етнички заедници, пред сè на албанската. Веќе слушаме и читаме дека се заговара повторното отворање на Уставот со цел редефинирање на државата по „стоти пат“. Тоа дефинитивно ќе нè дефокусира од потребата за вистински реформи и зајакнување на правосудството кое моментално „ужива“ на сопственото дно со 8% доверба. Дополнително ќе нè оддалечи од борбата против корупцијата и криминалот, зајакнување на здравството, социјалата и образованието, како и од севкупниот економски развој на државата, од кои и така сме сериозно оддалечени.

Пописот ја вади од рамнотежа македонската држава и во геополитички контекст. Како на регионален, така и на глобален план. Сведоци сме на војна која што беснее и сериозно го загрозува континентот. Сведоци сме на забрзана трка во вооружување, вклучително и во нашето соседство. Загрозени се процесите кои што требаше да овозможат регионална стабилизација, пред се решавање на македонско-бугарскиот спор, прашањето меѓу Србија и Косово, нестабилноста во Босна.

Ова се исклучително сериозни компоненти кои во себе ги соддржи набрзина и непрофесионално спроведениот попис. Затоа е потребна сериозна истрага од надлежните институции (доколку останаа такви) за мотивите, интересите и бенефитите кои што ги имаат најистурените протагонисти во оваа операција.

Оставањето на ова сериозно прашање во сивата зона на шпекулации и недоречености ќе има сосема спротивен ефект од оној за кој што беше организирана оваа статистичка операција. Македонските институции треба да ја заштитат државата од ваквиот хибриден упад на организаторите на овој попис, кои со манипулативни математички пермутации ја релативизираат и менуваат вистинската и фактичка состојбаво македонската држава.

The post Манипулативните пермутации на македонскиот попис appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Пописот мораше да се спроведе! Сега му беше „моментот“. Мислам, не баш во буквална смисла „сега“, туку тогаш кога беше создадена најдобрата клима за негово спроведување со цел да се добијат „посакуваните и проектирани резултати“. Во времето кога Заев беше премиер, Груби вицепремиер, Оливер МВР, Симовски директор на Статистика, а сите заедно надополнети со изобилството од лево-десни бојкотирачи, незинтересирани граѓани „отепани“ од Ковид пандемијата, репресивните мерки, задоцнетата вакцинација и отсуството на лидерсто во сите етнички заедници (со исклучок на една). Сето тоа заедно создаде идеални услови за спроведување на попис кој ќе даде резултати токму какви што зацртал креаторот на овој проект. Сè беше совршено подредено за спроведувањето на оваа статистичка, политичка и стратешка операција, која за жал, најмалку беше статистичка. Деновиве сме сведоци на бура од реакции, незадоволство, гнев и бројни аргументи кои се споделуваат во јавноста од заинтересирани интелектуалци кои подлабоко навлегоа во анализа на презентираните пописни податоци. Тоа е сосема логична реакција на добиениот финален производ за кој уште од самиот почеток се гледаше дека е со вградена фабричка грешка. Пред да кажеме било што за резултатите и ефектите од пописот, задолжително треба да се потсетиме на тоа како беше во времето на неговата подготовка и спроведување за да можеме да го разбереме однапред проектираниот резултат од неговите инспиратори, креатори и реализатори. Краткото паметење на македонските граѓани е одлична алатка во рацете на македонската власт која успешно манипулира со сите нас веќе долги години. Првичниот план беше пописот да се спроведе во април 2021, во време кога македонскиот правен, политички и здравствен систем беа целосно нефункционални. Тоа беше период кога поради Ковид пандемијата на сила беше кризната состојба, воведена во декември 2020 година. Парламентот беше вон функција, а демократијата и волјата на граѓаните суспендирани до јуни 2021 година. Пописот официјално започна уште во месец март со електронското самопопишување на македонските иселеници, со кое што почнаа првите правно-политички контаверзии. Имаше постојани меѓупартиски несогласувања и отсуство на политички консензус. Консензусот беше исклучително потребен и важен елемент за да се релаксира сè уште постоечиот меѓуетнички набој. Консензусот беше потребен да ги неутрализира агресивните акробации на Груби и Османи кои неодговорно провоцираа реакција кај македонскиот народ злоупотребувајќи ги сопствените владини позиции. Консензусот, меѓудругото, беше потребен и за да се оправда владината стратегијата „Едно општество за сите“, која без таквиот консензус ќе се претвореше во обична фикција и лага зад која се реализираат конкретно зацртани цели на штета на македонскиот народ во сопствената држава. Во тој период изби аферата „Мафија“. Афера со издадени над двеста македонски пасоши на разни наркобосови и белосветски криминалци кои добија лажен идентитет, украден од вистински македонски граѓани. Епилог за овој случај сè уште нема! Одговорност нема! Напротив! Покрај сите скандали, па и политичкиот бродолом што му се случи во Куманово, Оливер денес е дури и посилен од тогаш! А, дали се заведени овие „македонски граѓани“ во пописот на Симовски, е прашање кое посебно заслужува одговор?! Заев и Симовски беа најревносните поддржувачи на идејата „попис, веднаш и сега“! Симовски беше единствениот кој говореше дека не постои никаков ризик по здравјето на граѓаните и дека ќе бидат запазени сите медицински протоколи, при што ниту еден лекар во државата не смогна храброст во тие моменти да го потврди неговото „експертско тврдење“. Во тој период колони македонски граѓани се упатуваа кон Србија на „вакцинален туризам“. Ненавремената и нецелоса имунизација на попишувачите, оние кои што требаше подготвени да го посетат домот на секој македонски граѓанин, беше игнорирана до последен момент од страна на директорот Симовски. Имавме целосно неподготвен попис, кој за среќа во последен момент беше прекинат и одложен за септември по примерот на земји како Германија, Србија, Хрватска, Романија, Бугарија и Ирска кои веќе претходно и без потреси ги одложија сопствените пописи за втората половина на 2021 и за 2022 година! Во септември ништо ново! Истите протагонисти, истите намери, истите цели и проектирани резултати. Единствената разлика беше тоа што овој пат постоеше меѓупартиска согласност за реализација на пописот од најрелевантните македонски политички партии. Но, како што секоја фамилија има своја, така и македонскиот народ и држава имаше своја, сопствена црна овца, која упорно повикуваше на бојкот. Се случи и тој, ограничен бојкот, таман толку колку да им заврши работа на Заев, Симовски и останатите кои го посакуваа исходот што сега го имаме. Сите анализи што деновиве се прават во однос на резултатите од пописот откриваат и укажуваат на бројни нелогичности, неправилности, грешки, нестандардна методологија и промислени манипулации. Како илустраија ќе го посочиме примерот со религиската пипадност. Хаос во табелата која ја покажува религиската припадност. Свесно смислена измама која има за цел да даде непотполни и неточни резултати во однос на изјаснувањето на православното население во Македонија. Објаснувањата на Симовски дека се работи за професионален пристап во начинот на спроведување на пописот е врвен цинизам. Начинот на кој е спроведен пописот во овој сегмент создава аморфна маса од 242.579 македонски граѓани (христијани) со непрецизирана религиска припадност. Овој податок ниту е точен, ниту е професионален. Факт е дека огромното мнозинство од граѓаните кои се изјасниле како христијани се православни христијани од едноставна причина што не секој во Македонија прави разлика меѓу христијанството и православието. За добар дел од популацијата постои знак на еднаквост помеѓу термините христијанин и православен и никому ни на крај памет не би му паднало дека Заводот за статистика подготвил манипулативно трик прашање. Безобразлукот на атеистот Апостол, криејќи се зад некаква професионалност и стандарди и отфрлајќи секаква одговорност, го достигна својот максимум кога изјави дека тој не е виновен што населението е „неписмено и не знае на која религија припаѓа“. Тоа говори за неговата фанатична решеност овој процес да го турка до крај. Како е можно само кај оваа религиска заедница се јавува толкав број на „неуки“ граѓани, додека останатите се со ниво на писменост која што владее во скандинавските земји?! Без разлика што Симовски бега од одговорност, тој дефинитивно е одговорен за ваквиот исход. Особено е одговорен во професионалниот сегмент од неговото работење на кој постојано се повикува и за кој слепо се држи. Државата Македонија нема точен податок за тоа колкав дел од популацијата се православни христијани! Тоа е повеќе од доволно да се оспори пописниот резултат! Овој аргумент фрла сенка и над останатите податоци за кои треба да се спроведе сериозна стручна анализа и истрага. Нелогичните и неточни резултати во делот на религиската припадност се доволен показател дека Симовски има непрофесионален и манипулативен пристап и за тоа мора да сноси одговорност. Непрофесионално и надвор од сите стандарди на статистиката е попишувањето на нерезидентното население. Само Македонија на Заев, Симовски и сега Ковачевски има такви стандарди. Оваа нивна измислица и креација го сведе пописот на една обична политичка кампања по етничка основа со цел да му даде статистичка подлога на веќе постоечкиот принцип на „тиранија на малцинството“ која е присутна во Македонија, до целосно воспоставувањето на апартхејд како систем на управување. До сега беа залудни сите реакции на претставниците на мнозинскиот, македонски народ и помалите етнички заедници. Залудни се и реакциите и зачуденоста за разните нелогичности кои секојдневно ги обзнануваат истакнати поединци кои длабоко навлегуваат во математичките закономерности на бројките на Симовски. Џабе реагираат Ромите, Србите, Турците од Македонија вклучително и Турција како држава. Ароганцијата со која говори Симовски, отфрлајќи ги сите аргументи, укажува на тоа дека човекот има грб и дека е подготвен да го вози овој филм до самиот крај. Ефектите на пописот дефинитивно ќе имаатсериозен импакт врз македонската држава. Како резултат на манипулативниот инженеринг на СДСМ, ДУИ и придружните сателити, веќе е создадено е чувство на победници и поразени. Стратегијата „Едно општество за сите“ ецелосно депласирана, а меѓуетничката доверба која се создаваше години наназад повторно е ставена на испит. Дополнително е уништена и онака малата доверба во македонските институции. Режираните резултати од пописот отвораат простор за нови политички маневри, пред се по етничка линија. Тоа прашање одамна требаше да биде ад акта, особено со усвојувањето на низата законски решенија кои ги зајакнаа јазичните и останати права на малцинските етнички заедници, пред сè на албанската. Веќе слушаме и читаме дека се заговара повторното отворање на Уставот со цел редефинирање на државата по „стоти пат“. Тоа дефинитивно ќе нè дефокусира од потребата за вистински реформи и зајакнување на правосудството кое моментално „ужива“ на сопственото дно со 8% доверба. Дополнително ќе нè оддалечи од борбата против корупцијата и криминалот, зајакнување на здравството, социјалата и образованието, како и од севкупниот економски развој на државата, од кои и така сме сериозно оддалечени. Пописот ја вади од рамнотежа македонската држава и во геополитички контекст. Како на регионален, така и на глобален план. Сведоци сме на војна која што беснее и сериозно го загрозува континентот. Сведоци сме на забрзана трка во вооружување, вклучително и во нашето соседство. Загрозени се процесите кои што требаше да овозможат регионална стабилизација, пред се решавање на македонско-бугарскиот спор, прашањето меѓу Србија и Косово, нестабилноста во Босна. Ова се исклучително сериозни компоненти кои во себе ги соддржи набрзина и непрофесионално спроведениот попис. Затоа е потребна сериозна истрага од надлежните институции (доколку останаа такви) за мотивите, интересите и бенефитите кои што ги имаат најистурените протагонисти во оваа операција. Оставањето на ова сериозно прашање во сивата зона на шпекулации и недоречености ќе има сосема спротивен ефект од оној за кој што беше организирана оваа статистичка операција. Македонските институции треба да ја заштитат државата од ваквиот хибриден упад на организаторите на овој попис, кои со манипулативни математички пермутации ја релативизираат и менуваат вистинската и фактичка состојбаво македонската држава.

The post Манипулативните пермутации на македонскиот попис appeared first on Република.

]]>
Стоилковиќ: Власта да каже каде исчезна една третина од српската заедница во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovikj-vlasta-da-kaze-kade-ischezna-edna-tretina-od-srpskata-zaednica-vo-makedonija/ Tue, 05 Apr 2022 09:28:56 +0000 https://republika.mk/?p=483499

Власта мора да даде објаснување за резултатите од пописот, а штом нема објаснување тоа отвора сомнеж дека се работи за некаков вид на инженеринг, бидејќи бројките не содејствуваат со реалноста, вели Иван Стоиlковиќ пратеник и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија за „Што не е јасно“ во Алфа.

Тој вели дека она што сериозно загрижува и нема објаснување е како бројката на припадниците на српската заедница е за третина и повеќе намалена односно од 36.000 на минатиот попис на 23.000 сега.

Кај нас во партијата има 7.000 поединечни пристапници, секоја кампања како политичка партија посетуваме од 6 до 8.000 српски семејства, а што е со припадниците на српската заедница кои членуваат во другите српски партии, со тие во ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите партии? Само по себе се наметнува дека бројките не содејствуваат со реалноста, рече тој.

Стоиlковиќ истакна дека исчезнување на една третина од некоја национална заедница е невозможен, а државата треба сериозно да се запраша каде е таа една третина.

Ние сме граѓани на Македонија и државата е должна да ни го даде тој одговор. Од пописот зависи степенот на остварување на правата. Така е наметнато со Охридскиот рамковен договор кој е составен дел од Уставот. Затоа е потребна контрола, нагласи Стоиlковиќ.

The post Стоилковиќ: Власта да каже каде исчезна една третина од српската заедница во Македонија appeared first on Република.

]]>

Власта мора да даде објаснување за резултатите од пописот, а штом нема објаснување тоа отвора сомнеж дека се работи за некаков вид на инженеринг, бидејќи бројките не содејствуваат со реалноста, вели Иван Стоиlковиќ пратеник и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија за „Што не е јасно“ во Алфа. Тој вели дека она што сериозно загрижува и нема објаснување е како бројката на припадниците на српската заедница е за третина и повеќе намалена односно од 36.000 на минатиот попис на 23.000 сега.
Кај нас во партијата има 7.000 поединечни пристапници, секоја кампања како политичка партија посетуваме од 6 до 8.000 српски семејства, а што е со припадниците на српската заедница кои членуваат во другите српски партии, со тие во ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите партии? Само по себе се наметнува дека бројките не содејствуваат со реалноста, рече тој.
Стоиlковиќ истакна дека исчезнување на една третина од некоја национална заедница е невозможен, а државата треба сериозно да се запраша каде е таа една третина.
Ние сме граѓани на Македонија и државата е должна да ни го даде тој одговор. Од пописот зависи степенот на остварување на правата. Така е наметнато со Охридскиот рамковен договор кој е составен дел од Уставот. Затоа е потребна контрола, нагласи Стоиlковиќ.

The post Стоилковиќ: Власта да каже каде исчезна една третина од српската заедница во Македонија appeared first on Република.

]]>
Кој се плаши и кому пречи православна Македонија? https://arhiva3.republika.mk/kolumni/koj-se-plashi-i-komu-prechi-pravoslavna-makedonija/ Tue, 05 Apr 2022 09:03:46 +0000 https://republika.mk/?p=483443

Слободан Томиќ

Дрвото без корен (минато) и крошна (иднина) е трупец. Едновремено, народ кој нема свое минато, или историја, тој посегнува или краде туѓа историја, ќе изјави поглаварот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва во едно од посланијата упатени за празниците кои ги прославува Македонскиот православен народ и Македонската православна црква.

Отсекогаш се памтело и ќе се памети, дека само црквата е единствената синергија која ги зближува Македонците и останатите православни верници кои живееле и живеат во апостолска Македонија. Имено, факт е, евидентен во единствената книга на светот Светото Писмо, која го поврзува народот на планетата земја и во која нема омраза, нема корупција, нема страв, нема братоубиствена војна, нема предавство освен она на Јуда,и кој денес претставува пример на најразвратното и најголемото злодело на човекот врз човештвото. Да, токму во таа света книга во 16 глава 9 стих според апостол Лука, ќе прочитате за Македонија и за Македонците.

Познато е од минатото дека религијата или Црквата претставуваше "ноќна мора"-опасност за комунизмот и комунистите, сегашни атеисти според Пописот наречен: “Пиши, бриши“!

Библијата е потврда за важноста на Македонија, но и за постоењето на Македонците како народ и тоа клучен кога се зборува за еднобожјето и за раното христијанство. Но, токму тука се прекршиле многу копја, па во стотици преводи на Библијата, Македонија не исчезнала, туку се погрчува, а таму каде што можело Македонците се бришени.

Највидлив пример е со мисијата на Светиот апостол Павле (еврејското име му е Шаул), кој во своите 14 писма точно и многу прецизно зборува не само за Македонија, туку и за Македонците, но во библиите, како, на пример, Kралот Џејмс, односно Kинг Џејмс, Македонецот станува “некој од Македонија“. Не е исто, ќе се согласиме. Во Новиот завет на Kинг Џејмс во Библијата, Македонија се споменува 26 пати, а професор Ратомир Грозданоски вели дека во Библијата Македонија е спомната 30 пати!

Да се навратам на поимот православие. Поимот ортодоксија (православие) означува правилно верување или славење на Бога, кое е невозможно без целосно усвојување на православната вера, онака како што нè научи Господ преку апостолите и нивните наследници. Не можеме да бидеме православни христијани, да му припаѓаме на новиот избран народ, на новиот Израил, ако не ја усвоиме целосно верата на Светата Православна Црква. Не можеме да бидеме полухристијани а полумуслимани. Или полухристијани а полубудисти.

Или сме стопроцентно православни, или не сме воопшто христијани. Но, што се случува во Македонија и октроираниот Попис “пиши-бриши“ кој дефинитивно има јасна цел: Како да се избрише или поништи во целост православието во Македонија и Макдонската православна црква.

Скандал или намерно сторено, носење на октроиран “проект“ кој има јасна цел или полека по полека но сигурно, а тоа е да ја снема Македонија, македонскиот идентитет, историја, јазик и Црква!

Не може да се изостават и заборават фактите и настаните, веднаш по ослободувањето или од 1944 година, кога комунистичкиот режим на поранешна Југославија јасно упати декрет или забрана - стоп на религијата, оти таа ќе се претворела во “опиум“ за народот!

Строго му беше забрането на Македонскиот православен народ и останатиот православен народ кој живеел на територијата на поранешна СФРЈ  да ги посетув црковните храмови или да биде дел на црковниот живот, како и да се преименуваат црковните обреди во семејни услови, крштение, и слично. Од друга страна пак, не дај Боже да си вработен во институциите и да си верник, тоа е лична пропаст!

Значи, Пописот и неговата “свесно сторена грешка“ православните христијани да се редуцираат или со еден збор избришат е своевиден криминален чин.

Кому му пречи православна Македонија и православен народ македонски?

За потсетување, шведскиот министер за надворешни работи и бивш висок функционер на ЕУ и ООН, ЕУ Карл Билд ги откри дел од “картите” на неодамна изјави: “Православието е поопасно од исламскиот фундаментализам и претставува најголема опасност за западната цивилизација!“ Ова претставува неукост од страна на еден шведски политичар, зборува за историски и национални сфаќања, без основни познавања на историјата на народите во Европа. Такви како него, произведуваат лични, неточни и навредливи информации и напади, кои слични на него во ЕУ и САД, му веруваат и ги користат истите за национално-етнички и политички напади, недоверба и загрозување на економски и политичка соработка и меѓусебна почит на народите во Европа.

Со еден збор, во актуелната криза во Украина, со такви неосновани напади против славјанските и православни народи, кои ги има скоро половина милијарда, поттикнуваат Третата светска војна!? Тоа го прават со нас славјаните. А, што станува со муслиманските народи кои не ја сакаат нивната доминација врз нив, кои се сметани за вечни непријатели на Америка, Израел и на Европа? Со една забелешка, дека поопасни и поекстремни исламски држави во блиското минато и поедини сегашни, кои го загрозуваат човештвото, а се покорени пред нив, ги толерираат на штета на своите сојузници и пријателски народи на САД и ЕУ.

Но, да можеме целосно и неизменливо да ја усвоиме православната вера, потребно е најпрво да го очистиме нашиот ум и срце, со пост, молитва, исповед и причест. Токму во ова се состои и православниот духовен живот, односно вториот критериум во православието, наречен од отците ортопраксија, што значи, православно дејствување, православно делување или православен начин на живеење. Не можат да се изостават и суспендираат многуте пораки на нашите владици, Петар и Агатангел, кои во континуитет упатуваат пораки со совет и насока до верниците каде води одалечувањето од Црквата и православната вера во православна Македонија!

Да, патот е кон понорот и амбисот на нашето опстојување како Македонци и како православни христијани.

Академик Катица Ќулафкова која важи за искрена Македонка, несебично и сесрдечно, заедно со претедателот на МАНУ академик Коцарев, алармираа за нескршнување од курсот на одбраната на националното богаство на Македонија, што подразбира идентитет, јазикот и се’ македонско.

Ќулафкова вели: “Оваа фарса од попис на населението во режија на парадржавата ‘Македонија’ е политички, национален, законски и морален криминал без преседан во европската историја! Овој Попис е уште еден показател, дека се наоѓаме во завршна терминална фаза од изумирањето на Македонската национална држава и делегитимацијата на Македонската нација. Ова е хаотичен, трагикомичен, противзаконски чин! Онеправдани се Македонците како народ, но и македонските Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми... Ако се следи “патот на парите“ (т.е. патот на моќта и надмоќта), лесно е да се утврдат мотивите и креаторите на оваа фарса. Оние кои располагаат со резултатите од пописот од 2011 нека ги обелоденат јавно, па ќе се види, низ споредба, како е режиран овој варварски Попис. Фактите од непризнатиот и осуетен попис од пред 10 години ќе го демистифицираат и овој криминал, ќе покажат зошто се дава легитимитет на нелегитимните политики, зошто се навестува меѓународна поддршка на нешто што треба да биде предмет на жестока критика и осуда. Под преттекст на европски вредности, во Македонија се спроведуваат неевропски политики. НЕ ГО ПРИЗНАВАМ ОВОЈ ЛАЖИРАН ПОПИС! Тој е само уште еден доказ, дека во Македонија се води уникатна и немилосрдна хибридна војна“, - завршува академик Ќулафкова.

За потсетување, дека за најпарадоксалниот попис или октроираниот попис, нарачан од центрите кои одлучуваат и креираат сценарија за македонската небиднина, го отфрли и Македонската правосалвна црква - Охридска Архиепископија веднаш по објавувањетона пописните резултати. МПЦ-ОА јасно и гласно за пописот вели: Податоците за религиозната припадност се нерелевантни! Јасно и гласно!

Според МПЦ-ОА, во пописот постои сериозна статистичка грешка за 13,4 отсто од населението во однос на религиозната припадност, и додава, методологијата која се применувала во пописот не правела разлика помеѓу припадност на религија, припадност на вероисповед и припадност на црква или верска заедница. Како што посочува во соопштението, МПЦ-ОА смета дека методологијата која се применувала во пописот не правела разлика помеѓу припадност на религија (христијанство, ислам, јудаизам итн.), припадност на вероисповед (православно христијанство, сунитски ислам, хасидски јудаизам итн.) и припадност на Црква или верски заедници (Македонска православна црква, Исламска верска заедница, Еврејска заедница итн.).

“Ова ги прави презентираните резултати конфузни, а со тоа и неточни, затоа што очигледно не ја одразуваат реалната состојба на верска припадност во земјата. Во оваа насока, пак, останува неодговорено прашањето зошто вероисповедта како опција не е дадена само кај една од религиите присутни во македонското општество, а очигледно е дека и таму постои варијантност?! Следствено, САС на МПЦ-ОА смета дека постои проблем не само во методологијата, туку можеби и некои од попишувачите недоволно ги упатувале граѓаните во можностите за изјаснување, а очигледно е дека опциите постоеле“, - велат од МПЦ-ОА.

Меѓу другото, за МПЦ-ОА повод за сомнеж во прецизноста на пописот е и непопишувањето на православните Македонци во дијаспората, што, веројатно, како што наведува МПЦ-ОА, било резултат на отсуството на комуникација со нив од надлежните институции од татковината, за разлика од посетите на некои министри меѓу иселените припадници од малцинствата.

Оттаму потсетуваат оти неколку дена откако започна попишувањето на населението, на 13 септември, а по претходна реакција од верници, САС на на МПЦ-ОА упати апел до јавноста, православните христијани да се попишуваат како ‘православни’, а не како ‘христијани’.

„Земајќи го предвид погоре кажаното, САС на МПЦ-ОА ги вреднува како нерелевантни податоците од пописот на населението, особено во делот за религиозната припадност, со заклучок за постоење на сериозна статистичка грешка, која во случајот опфаќа 13, 4 отсто од населението“, - додаваат од МПЦ-ОА.

Според податоците од пописот кои на 30 март годинава ги објави Државниот завод за статистика, во однос на религиската припадност, 46,14 отсто од попишаните резиденти земјава се изјасниле како православни. Како муслимани се изјасниле 32,17 отсто од попишаното резидентно население, а 0,37 проценти од попишаните резиденти се декларирале како католици. Во пописот од 2021 година, како посебна категорија се издвојува категоријата “христијани“ во која рекле дека припаѓаат 13,21 проценти од попишаните резиденти. Оваа категорија не се појавува во статистиката од пописот во 2002 година.

За горекажаното дека атеизмот вклучен во менталиот чип на режимот на комунизмот, секако и на оној кој јасно ја порача оваа пописна методологија со единствена цел да се спроведе сценариото да се избрише се’ македонско: името, јазикот, културата, историјата, вероисповеста. Ова се демантира и во самата Библиија, а таа е јасна!  Библијата е потврда за важноста на Македонија, но и за постоењето на Македонците како народ и тоа клучен, кога се зборува за еднобожјето и за раното христијанство. Но, токму тука се прекршиле многу копја, па во стотици преводи на Библијата, Македонија не исчезнала, туку се погрчува, а таму каде што можело се бришени Македонците. Највидлив пример е со мисијата на светиот апостол Павле, кој во своите 14 писма точно и многу прецизно зборува не само за Македонија, туку и за Македонците.

The post Кој се плаши и кому пречи православна Македонија? appeared first on Република.

]]>

Слободан Томиќ

Дрвото без корен (минато) и крошна (иднина) е трупец. Едновремено, народ кој нема свое минато, или историја, тој посегнува или краде туѓа историја, ќе изјави поглаварот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва во едно од посланијата упатени за празниците кои ги прославува Македонскиот православен народ и Македонската православна црква. Отсекогаш се памтело и ќе се памети, дека само црквата е единствената синергија која ги зближува Македонците и останатите православни верници кои живееле и живеат во апостолска Македонија. Имено, факт е, евидентен во единствената книга на светот Светото Писмо, која го поврзува народот на планетата земја и во која нема омраза, нема корупција, нема страв, нема братоубиствена војна, нема предавство освен она на Јуда,и кој денес претставува пример на најразвратното и најголемото злодело на човекот врз човештвото. Да, токму во таа света книга во 16 глава 9 стих според апостол Лука, ќе прочитате за Македонија и за Македонците. Познато е од минатото дека религијата или Црквата претставуваше "ноќна мора"-опасност за комунизмот и комунистите, сегашни атеисти според Пописот наречен: “Пиши, бриши“! Библијата е потврда за важноста на Македонија, но и за постоењето на Македонците како народ и тоа клучен кога се зборува за еднобожјето и за раното христијанство. Но, токму тука се прекршиле многу копја, па во стотици преводи на Библијата, Македонија не исчезнала, туку се погрчува, а таму каде што можело Македонците се бришени. Највидлив пример е со мисијата на Светиот апостол Павле (еврејското име му е Шаул), кој во своите 14 писма точно и многу прецизно зборува не само за Македонија, туку и за Македонците, но во библиите, како, на пример, Kралот Џејмс, односно Kинг Џејмс, Македонецот станува “некој од Македонија“. Не е исто, ќе се согласиме. Во Новиот завет на Kинг Џејмс во Библијата, Македонија се споменува 26 пати, а професор Ратомир Грозданоски вели дека во Библијата Македонија е спомната 30 пати! Да се навратам на поимот православие. Поимот ортодоксија (православие) означува правилно верување или славење на Бога, кое е невозможно без целосно усвојување на православната вера, онака како што нè научи Господ преку апостолите и нивните наследници. Не можеме да бидеме православни христијани, да му припаѓаме на новиот избран народ, на новиот Израил, ако не ја усвоиме целосно верата на Светата Православна Црква. Не можеме да бидеме полухристијани а полумуслимани. Или полухристијани а полубудисти. Или сме стопроцентно православни, или не сме воопшто христијани. Но, што се случува во Македонија и октроираниот Попис “пиши-бриши“ кој дефинитивно има јасна цел: Како да се избрише или поништи во целост православието во Македонија и Макдонската православна црква. Скандал или намерно сторено, носење на октроиран “проект“ кој има јасна цел или полека по полека но сигурно, а тоа е да ја снема Македонија, македонскиот идентитет, историја, јазик и Црква! Не може да се изостават и заборават фактите и настаните, веднаш по ослободувањето или од 1944 година, кога комунистичкиот режим на поранешна Југославија јасно упати декрет или забрана - стоп на религијата, оти таа ќе се претворела во “опиум“ за народот! Строго му беше забрането на Македонскиот православен народ и останатиот православен народ кој живеел на територијата на поранешна СФРЈ  да ги посетув црковните храмови или да биде дел на црковниот живот, како и да се преименуваат црковните обреди во семејни услови, крштение, и слично. Од друга страна пак, не дај Боже да си вработен во институциите и да си верник, тоа е лична пропаст! Значи, Пописот и неговата “свесно сторена грешка“ православните христијани да се редуцираат или со еден збор избришат е своевиден криминален чин. Кому му пречи православна Македонија и православен народ македонски? За потсетување, шведскиот министер за надворешни работи и бивш висок функционер на ЕУ и ООН, ЕУ Карл Билд ги откри дел од “картите” на неодамна изјави: “Православието е поопасно од исламскиот фундаментализам и претставува најголема опасност за западната цивилизација!“ Ова претставува неукост од страна на еден шведски политичар, зборува за историски и национални сфаќања, без основни познавања на историјата на народите во Европа. Такви како него, произведуваат лични, неточни и навредливи информации и напади, кои слични на него во ЕУ и САД, му веруваат и ги користат истите за национално-етнички и политички напади, недоверба и загрозување на економски и политичка соработка и меѓусебна почит на народите во Европа. Со еден збор, во актуелната криза во Украина, со такви неосновани напади против славјанските и православни народи, кои ги има скоро половина милијарда, поттикнуваат Третата светска војна!? Тоа го прават со нас славјаните. А, што станува со муслиманските народи кои не ја сакаат нивната доминација врз нив, кои се сметани за вечни непријатели на Америка, Израел и на Европа? Со една забелешка, дека поопасни и поекстремни исламски држави во блиското минато и поедини сегашни, кои го загрозуваат човештвото, а се покорени пред нив, ги толерираат на штета на своите сојузници и пријателски народи на САД и ЕУ. Но, да можеме целосно и неизменливо да ја усвоиме православната вера, потребно е најпрво да го очистиме нашиот ум и срце, со пост, молитва, исповед и причест. Токму во ова се состои и православниот духовен живот, односно вториот критериум во православието, наречен од отците ортопраксија, што значи, православно дејствување, православно делување или православен начин на живеење. Не можат да се изостават и суспендираат многуте пораки на нашите владици, Петар и Агатангел, кои во континуитет упатуваат пораки со совет и насока до верниците каде води одалечувањето од Црквата и православната вера во православна Македонија! Да, патот е кон понорот и амбисот на нашето опстојување како Македонци и како православни христијани. Академик Катица Ќулафкова која важи за искрена Македонка, несебично и сесрдечно, заедно со претедателот на МАНУ академик Коцарев, алармираа за нескршнување од курсот на одбраната на националното богаство на Македонија, што подразбира идентитет, јазикот и се’ македонско. Ќулафкова вели: “Оваа фарса од попис на населението во режија на парадржавата ‘Македонија’ е политички, национален, законски и морален криминал без преседан во европската историја! Овој Попис е уште еден показател, дека се наоѓаме во завршна терминална фаза од изумирањето на Македонската национална држава и делегитимацијата на Македонската нација. Ова е хаотичен, трагикомичен, противзаконски чин! Онеправдани се Македонците како народ, но и македонските Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми... Ако се следи “патот на парите“ (т.е. патот на моќта и надмоќта), лесно е да се утврдат мотивите и креаторите на оваа фарса. Оние кои располагаат со резултатите од пописот од 2011 нека ги обелоденат јавно, па ќе се види, низ споредба, како е режиран овој варварски Попис. Фактите од непризнатиот и осуетен попис од пред 10 години ќе го демистифицираат и овој криминал, ќе покажат зошто се дава легитимитет на нелегитимните политики, зошто се навестува меѓународна поддршка на нешто што треба да биде предмет на жестока критика и осуда. Под преттекст на европски вредности, во Македонија се спроведуваат неевропски политики. НЕ ГО ПРИЗНАВАМ ОВОЈ ЛАЖИРАН ПОПИС! Тој е само уште еден доказ, дека во Македонија се води уникатна и немилосрдна хибридна војна“, - завршува академик Ќулафкова. За потсетување, дека за најпарадоксалниот попис или октроираниот попис, нарачан од центрите кои одлучуваат и креираат сценарија за македонската небиднина, го отфрли и Македонската правосалвна црква - Охридска Архиепископија веднаш по објавувањетона пописните резултати. МПЦ-ОА јасно и гласно за пописот вели: Податоците за религиозната припадност се нерелевантни! Јасно и гласно! Според МПЦ-ОА, во пописот постои сериозна статистичка грешка за 13,4 отсто од населението во однос на религиозната припадност, и додава, методологијата која се применувала во пописот не правела разлика помеѓу припадност на религија, припадност на вероисповед и припадност на црква или верска заедница. Како што посочува во соопштението, МПЦ-ОА смета дека методологијата која се применувала во пописот не правела разлика помеѓу припадност на религија (христијанство, ислам, јудаизам итн.), припадност на вероисповед (православно христијанство, сунитски ислам, хасидски јудаизам итн.) и припадност на Црква или верски заедници (Македонска православна црква, Исламска верска заедница, Еврејска заедница итн.). “Ова ги прави презентираните резултати конфузни, а со тоа и неточни, затоа што очигледно не ја одразуваат реалната состојба на верска припадност во земјата. Во оваа насока, пак, останува неодговорено прашањето зошто вероисповедта како опција не е дадена само кај една од религиите присутни во македонското општество, а очигледно е дека и таму постои варијантност?! Следствено, САС на МПЦ-ОА смета дека постои проблем не само во методологијата, туку можеби и некои од попишувачите недоволно ги упатувале граѓаните во можностите за изјаснување, а очигледно е дека опциите постоеле“, - велат од МПЦ-ОА. Меѓу другото, за МПЦ-ОА повод за сомнеж во прецизноста на пописот е и непопишувањето на православните Македонци во дијаспората, што, веројатно, како што наведува МПЦ-ОА, било резултат на отсуството на комуникација со нив од надлежните институции од татковината, за разлика од посетите на некои министри меѓу иселените припадници од малцинствата. Оттаму потсетуваат оти неколку дена откако започна попишувањето на населението, на 13 септември, а по претходна реакција од верници, САС на на МПЦ-ОА упати апел до јавноста, православните христијани да се попишуваат како ‘православни’, а не како ‘христијани’. „Земајќи го предвид погоре кажаното, САС на МПЦ-ОА ги вреднува како нерелевантни податоците од пописот на населението, особено во делот за религиозната припадност, со заклучок за постоење на сериозна статистичка грешка, која во случајот опфаќа 13, 4 отсто од населението“, - додаваат од МПЦ-ОА. Според податоците од пописот кои на 30 март годинава ги објави Државниот завод за статистика, во однос на религиската припадност, 46,14 отсто од попишаните резиденти земјава се изјасниле како православни. Како муслимани се изјасниле 32,17 отсто од попишаното резидентно население, а 0,37 проценти од попишаните резиденти се декларирале како католици. Во пописот од 2021 година, како посебна категорија се издвојува категоријата “христијани“ во која рекле дека припаѓаат 13,21 проценти од попишаните резиденти. Оваа категорија не се појавува во статистиката од пописот во 2002 година. За горекажаното дека атеизмот вклучен во менталиот чип на режимот на комунизмот, секако и на оној кој јасно ја порача оваа пописна методологија со единствена цел да се спроведе сценариото да се избрише се’ македонско: името, јазикот, културата, историјата, вероисповеста. Ова се демантира и во самата Библиија, а таа е јасна!  Библијата е потврда за важноста на Македонија, но и за постоењето на Македонците како народ и тоа клучен, кога се зборува за еднобожјето и за раното христијанство. Но, токму тука се прекршиле многу копја, па во стотици преводи на Библијата, Македонија не исчезнала, туку се погрчува, а таму каде што можело се бришени Македонците. Највидлив пример е со мисијата на светиот апостол Павле, кој во своите 14 писма точно и многу прецизно зборува не само за Македонија, туку и за Македонците.

The post Кој се плаши и кому пречи православна Македонија? appeared first on Република.

]]>
Уште колку „грешки“ има во пописот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-kolku-greshki-ima-vo-popisot/ Tue, 05 Apr 2022 06:37:29 +0000 https://republika.mk/?p=483380

Уште грешки има пописот за да биде комплетен, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ откако директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски призна дека имало грешка во графите за вероисповед.

Симовски призна дека првично објавиле погрешен број на атеисти, кој број подоцна е корегиран.

Претходно во пописот се заведени над 200.000 христијани, кои не спаѓаат ниту во групата православни, ниту во католици.

Над 132.000 граѓани се непопишани, односно за нив нема етничка припадност. Доколку Симовски сака може дополнително да се помине кај тие граѓани, кои се евидентирани како непопишани, но тоа не се прави, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Токму затоа, додаваат од партијата, ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт ќе спроведе дополнителен електронски попис, кој ќе даде јасна слика, и ќе ги разреши сите дилеми и недоследности кои се појавувале.

The post Уште колку „грешки“ има во пописот? appeared first on Република.

]]>

Уште грешки има пописот за да биде комплетен, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ откако директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски призна дека имало грешка во графите за вероисповед.
Симовски призна дека првично објавиле погрешен број на атеисти, кој број подоцна е корегиран. Претходно во пописот се заведени над 200.000 христијани, кои не спаѓаат ниту во групата православни, ниту во католици. Над 132.000 граѓани се непопишани, односно за нив нема етничка припадност. Доколку Симовски сака може дополнително да се помине кај тие граѓани, кои се евидентирани како непопишани, но тоа не се прави, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Токму затоа, додаваат од партијата, ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт ќе спроведе дополнителен електронски попис, кој ќе даде јасна слика, и ќе ги разреши сите дилеми и недоследности кои се појавувале.

The post Уште колку „грешки“ има во пописот? appeared first on Република.

]]>
АА: Да се остранат „импутираните” 132.000 непопишани, вака Албанците во Кичево паднаа под 50% https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aa-da-se-ostranat-imputiranite-132-000-nepopishani-vaka-albancite-vo-kichevo-padnaa-pod-50/ Sun, 03 Apr 2022 13:05:10 +0000 https://republika.mk/?p=482608

Законот за попис на населението предвидува граѓаните да се попишат според местото каде што живеат, а не според адресата во матичните книги, додека вкрстувањето на податоците се прави само за лицата коишто се попишале на терен и не може да се евидентираат лица коишто не се сретнати на терен, велат од Алијанса за Албанците.

Апелираме, под итно да се отстранат импутираните 132 илјади лица, бидејќи тие не биле попишани на терен, им недостигаат етничката припадност, куќите или становите каде што живеат, професијата, нивото на образование, работното место и многу други податоци.

Бараме од Заводот за статистика под итно за нерезидентните лица да ги објави општините кадешто живеат во земјата, каде тие поседуваат куќа или стан и секоја година се враќаат и придонесуваат за економијата на државата, велат од партијата.

Според нив, опфаќањето на импутираните лица без етничка припадност од една страна и необјавувањето на живеалиштето на лицата од дијаспората имаат негативно влијание во прикажувањето на реалниот процент на етничките заедници во земјата и со тоа се ставаат во опасност колективните права коишто ги уживавме до сега.

Конкретно, процентот на Албанците во Кичево опадна под 50 отсто и со тоа се загрозува правото на употребата на националното знаме. Резултатите на пописот се изманипулирани и ова го потврдува еден неспорен факт за којшто надлежните ќе треба да дадат објаснување. Од објавените резултати имаме околу 400 илјади лица до 18 годишна возраст, додека на гласачките листи од истата година, 2021, имаме 1.8 милиони гласачи. Ако направиме збир на гласачите и лицата под 18 години ќе добиеме резултат најмалку 2 милиони и 200 илјади жители, додека од пописот се објави дека резидентното население и нерезидентното вкупно се 2 милиони и 90 илјади. Само според официјалните податоци недостигаат најмалку 100 илјади жители.

Ако Државниот завод за статистика не ги коригира овие нерегуларности, ние ги потсетуваме дека кривично ќе одговараат според член 49 на Законот за попис со којшто за вакви манипулации се предвидува најмалку 5 години затвор, реагираат од Алијансата.

 

The post АА: Да се остранат „импутираните” 132.000 непопишани, вака Албанците во Кичево паднаа под 50% appeared first on Република.

]]>

Законот за попис на населението предвидува граѓаните да се попишат според местото каде што живеат, а не според адресата во матичните книги, додека вкрстувањето на податоците се прави само за лицата коишто се попишале на терен и не може да се евидентираат лица коишто не се сретнати на терен, велат од Алијанса за Албанците.
Апелираме, под итно да се отстранат импутираните 132 илјади лица, бидејќи тие не биле попишани на терен, им недостигаат етничката припадност, куќите или становите каде што живеат, професијата, нивото на образование, работното место и многу други податоци. Бараме од Заводот за статистика под итно за нерезидентните лица да ги објави општините кадешто живеат во земјата, каде тие поседуваат куќа или стан и секоја година се враќаат и придонесуваат за економијата на државата, велат од партијата.
Според нив, опфаќањето на импутираните лица без етничка припадност од една страна и необјавувањето на живеалиштето на лицата од дијаспората имаат негативно влијание во прикажувањето на реалниот процент на етничките заедници во земјата и со тоа се ставаат во опасност колективните права коишто ги уживавме до сега.
Конкретно, процентот на Албанците во Кичево опадна под 50 отсто и со тоа се загрозува правото на употребата на националното знаме. Резултатите на пописот се изманипулирани и ова го потврдува еден неспорен факт за којшто надлежните ќе треба да дадат објаснување. Од објавените резултати имаме околу 400 илјади лица до 18 годишна возраст, додека на гласачките листи од истата година, 2021, имаме 1.8 милиони гласачи. Ако направиме збир на гласачите и лицата под 18 години ќе добиеме резултат најмалку 2 милиони и 200 илјади жители, додека од пописот се објави дека резидентното население и нерезидентното вкупно се 2 милиони и 90 илјади. Само според официјалните податоци недостигаат најмалку 100 илјади жители. Ако Државниот завод за статистика не ги коригира овие нерегуларности, ние ги потсетуваме дека кривично ќе одговараат според член 49 на Законот за попис со којшто за вакви манипулации се предвидува најмалку 5 години затвор, реагираат од Алијансата.
 

The post АА: Да се остранат „импутираните” 132.000 непопишани, вака Албанците во Кичево паднаа под 50% appeared first on Република.

]]>
Симовски не знаел зошто се изменети резултатите од пописот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/simovski-ne-znael-zoshto-se-izmeneti-rezultatite-od-popisot/ Sun, 03 Apr 2022 11:11:33 +0000 https://republika.mk/?p=482574

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски не е запознаен со промените во пописните резултати во делот за религиската припадност.

Ќе провериме за што станува збор и ќе бидете известени во понеделник, најверојатно се работи за техничка грешка, но мора да провериме, вели тој за „Слободен печат“.

Според новата табела која од вчера е достапна на официјалната страница на ДЗЦ, има промена на бројот на атеисти каде првичната бројка беше дека само 355 лица во земјата се изјасниле како атеисти, додека сега бројката е 8.764.

https://republika.mk/vesti/makedonija/od-355-ateistite-stanaa-8-764-ima-li-pogolem-dokaz-od-ova-za-kakov-falsifikat-se-raboti/

Во оваа табела „исчезна“ и графата Евангелско-протестантски христијани каде претходно беа впишани 8.764 лица. Од табелата мистериозно исчезнаа и попишаните лица чија по верска определба чија бројка беше помала од 500, па така ги „снема“ и попишаните лица кои се изјасниле како Евреи.

The post Симовски не знаел зошто се изменети резултатите од пописот appeared first on Република.

]]>

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски не е запознаен со промените во пописните резултати во делот за религиската припадност.
Ќе провериме за што станува збор и ќе бидете известени во понеделник, најверојатно се работи за техничка грешка, но мора да провериме, вели тој за „Слободен печат“.
Според новата табела која од вчера е достапна на официјалната страница на ДЗЦ, има промена на бројот на атеисти каде првичната бројка беше дека само 355 лица во земјата се изјасниле како атеисти, додека сега бројката е 8.764. https://republika.mk/vesti/makedonija/od-355-ateistite-stanaa-8-764-ima-li-pogolem-dokaz-od-ova-za-kakov-falsifikat-se-raboti/ Во оваа табела „исчезна“ и графата Евангелско-протестантски христијани каде претходно беа впишани 8.764 лица. Од табелата мистериозно исчезнаа и попишаните лица чија по верска определба чија бројка беше помала од 500, па така ги „снема“ и попишаните лица кои се изјасниле како Евреи.

The post Симовски не знаел зошто се изменети резултатите од пописот appeared first on Република.

]]>
Пиши-бриши попис – резултати кои не даваат јасна слика https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pishi-brishi-popis-rezultati-koi-ne-davaat-jasna-slika/ Sat, 02 Apr 2022 16:46:27 +0000 https://republika.mk/?p=482409

Променети се пописните резултати за религиската припадност. Новата табела за верската определба на населението во земјава не е иста како таа објавена дента кога беа соопштени резултатите. Највпечатлива е промената на бројот на атеисти. Од првичната бројка на 355 лица кои се изјасниле како атеисти, сега бројката е 8764.

Графата Евангелско-протестантски христијани која броеше исто толку попишани 8764 лица сега ја нема. Во новата табела се избришани, или не се прикажани лицата чија верска опрделба е помала од 500, па така ја нема ниту графата за Евреи. Се забележува и преполување на новиот графикон.

Комисијата за верски заедници реагира дека она што го сподели Статистика како резултати од пописот не даваат точна слика за религиската определеност на граѓаните. Иако во делот на православните христијани на терен не дошло до реално намалување на процентуалната застапеност, сепак стои нејасниот формален впечаток за верската карта поради посебната графа „Христијани“ и деноминациите.

-Јас имам полно разбирање за реакциите на јавноста кои се во делот на религиската определеност. Ваквите резултати не ја покажуваат точната верска слика. Првиот дел е во категоријата на Христијани – религиска определеност, и вториот оној процент од 7.2 административно заведени, без детални информации, вели првиот човек на Комисијата за верски заедници Даријан Сотировски.

По низата сериозни забелешки на скоро сите основи во пописот, сменетите податоци во електронската верзија, непризнавањето на резултатите од статистичката операција, Статистика треба да даде одговор зошто и покрај тврдењата дека со вкрстувањето на 12 бази на податоци нема простор за грешка се дозволени вакви работи или станува збор за нешто друго?

По објавувањето на резултатите од пописот реакција имаше и од академик Катица Ќулавкова. Таа напиша дека не го признава овој лажиран попис, побара јавно објавување на резултатите од непризнаениот попис од 2011 година и да се направи споредба.

-Оваа фарса од попис на населението во режија на парадржавата Македонија е политички, национален, законски и морален криминал без преседан во европската историја. Овој попис е уште еден показател дека се наоѓаме во завршна, терминална фаза од одумирањето на македонската национална држава и делегитимацијата на македонската нација. Ова е хаотичен, трагикомичен, противзаконски чин. Онеправдани се Македонците како народ, но и македонските Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми… напиша на ФБ академик Ќулавкова.

Власта пак смета дека е направен успешен попис после 20 години според европски стандарди.

The post Пиши-бриши попис – резултати кои не даваат јасна слика appeared first on Република.

]]>

Променети се пописните резултати за религиската припадност. Новата табела за верската определба на населението во земјава не е иста како таа објавена дента кога беа соопштени резултатите. Највпечатлива е промената на бројот на атеисти. Од првичната бројка на 355 лица кои се изјасниле како атеисти, сега бројката е 8764. Графата Евангелско-протестантски христијани која броеше исто толку попишани 8764 лица сега ја нема. Во новата табела се избришани, или не се прикажани лицата чија верска опрделба е помала од 500, па така ја нема ниту графата за Евреи. Се забележува и преполување на новиот графикон. Комисијата за верски заедници реагира дека она што го сподели Статистика како резултати од пописот не даваат точна слика за религиската определеност на граѓаните. Иако во делот на православните христијани на терен не дошло до реално намалување на процентуалната застапеност, сепак стои нејасниот формален впечаток за верската карта поради посебната графа „Христијани“ и деноминациите.
-Јас имам полно разбирање за реакциите на јавноста кои се во делот на религиската определеност. Ваквите резултати не ја покажуваат точната верска слика. Првиот дел е во категоријата на Христијани – религиска определеност, и вториот оној процент од 7.2 административно заведени, без детални информации, вели првиот човек на Комисијата за верски заедници Даријан Сотировски.
По низата сериозни забелешки на скоро сите основи во пописот, сменетите податоци во електронската верзија, непризнавањето на резултатите од статистичката операција, Статистика треба да даде одговор зошто и покрај тврдењата дека со вкрстувањето на 12 бази на податоци нема простор за грешка се дозволени вакви работи или станува збор за нешто друго? По објавувањето на резултатите од пописот реакција имаше и од академик Катица Ќулавкова. Таа напиша дека не го признава овој лажиран попис, побара јавно објавување на резултатите од непризнаениот попис од 2011 година и да се направи споредба. -Оваа фарса од попис на населението во режија на парадржавата Македонија е политички, национален, законски и морален криминал без преседан во европската историја. Овој попис е уште еден показател дека се наоѓаме во завршна, терминална фаза од одумирањето на македонската национална држава и делегитимацијата на македонската нација. Ова е хаотичен, трагикомичен, противзаконски чин. Онеправдани се Македонците како народ, но и македонските Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми… напиша на ФБ академик Ќулавкова. Власта пак смета дека е направен успешен попис после 20 години според европски стандарди.

The post Пиши-бриши попис – резултати кои не даваат јасна слика appeared first on Република.

]]>
Од 355 атеистите станаа 8.764: Има ли поголем доказ од ова за каков фалсификат се работи!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-355-ateistite-stanaa-8-764-ima-li-pogolem-dokaz-od-ova-za-kakov-falsifikat-se-raboti/ Sat, 02 Apr 2022 10:35:17 +0000 https://republika.mk/?p=482270

Криминалците од власта ги корегираат резултатите од пописот во од и си измислуваат бројки!, реагира пратеникот Борислав Крмов од Левица, споделувајќи нови резултати од пописот каде наместо првичните 355 граѓани кои се изјаснале како атеисти, сега станаа 8.764.

https://republika.mk/vesti/makedonija/popis-budisti-i-jehovini-svedoci-ima-povekje-od-ateisti/

Има ли поголем доказ од ова за каков фалсификат се работи!? Каков е овој попис, по нарачка ли? Ова е невиден скандал!
Оваа лакрдија веднаш да се поништи!
Сите ќе одговарате!, потенцираше Крмов.

The post Од 355 атеистите станаа 8.764: Има ли поголем доказ од ова за каков фалсификат се работи!? appeared first on Република.

]]>

Криминалците од власта ги корегираат резултатите од пописот во од и си измислуваат бројки!, реагира пратеникот Борислав Крмов од Левица, споделувајќи нови резултати од пописот каде наместо првичните 355 граѓани кои се изјаснале како атеисти, сега станаа 8.764. https://republika.mk/vesti/makedonija/popis-budisti-i-jehovini-svedoci-ima-povekje-od-ateisti/
Има ли поголем доказ од ова за каков фалсификат се работи!? Каков е овој попис, по нарачка ли? Ова е невиден скандал! Оваа лакрдија веднаш да се поништи! Сите ќе одговарате!, потенцираше Крмов.

The post Од 355 атеистите станаа 8.764: Има ли поголем доказ од ова за каков фалсификат се работи!? appeared first on Република.

]]>
Ќулавкова: Нека ги обелоденат јавно резултатите од пописот од 2011, па ќе се види како е режиран овој варварски попис https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kjulavkova-neka-gi-obelodenat-javno-rezultatite-od-popisot-od-2011-pa-kje-se-vidi-kako-e-reziran-ovoj-varvarski-popis/ Sat, 02 Apr 2022 09:28:54 +0000 https://republika.mk/?p=482243

Оваа фарса од попис на населението во режија на парадржавата Cеверна Македонија е политички, национален, законски и морален криминал без преседан во европската историја, вели академик Катица Ќулавкова.

Овој попис е уште еден показател дека се наоѓаме во завршна, терминална фаза од одумирањето на македонската национална држава и делегитимацијата на македонската нација. Ова е хаотичен, трагикомичен, противзаконски чин. Онеправдани се Македонците како народ, но и македонските Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми... Ако се следи „патот на парите“ (т.е. патот на моќта и надмоќта), лесно е да се утврдат мотивите и креаторите на оваа фарса. Оние кои располагаат со резултатите од пописот од 2011 нека ги обелоденат јавно, па ќе се види, низ споредба, како е режиран овој варварски попис. Фактите од непризнатиот и осуетен попис од пред 10 години ќе го демистифицираат овој криминал, ќе покажат зошто се дава легитимитет на нелегитимните политики, зошто се навестува меѓународна поддршка на нешто кое треба да биде предмет на жестока критика и осуда. Под претекст на европски вредности во Македонија се спроведуваат неевропски политики. 
НЕ ГО ПРИЗНАВАМ ОВОЈ ЛАЖИРАН ПОПИС.
Тој е само уште еден доказ дека во Македонија се води уникатна и немилосрдна хибридна војна, порача академик Ќулавкова.

The post Ќулавкова: Нека ги обелоденат јавно резултатите од пописот од 2011, па ќе се види како е режиран овој варварски попис appeared first on Република.

]]>

Оваа фарса од попис на населението во режија на парадржавата Cеверна Македонија е политички, национален, законски и морален криминал без преседан во европската историја, вели академик Катица Ќулавкова.
Овој попис е уште еден показател дека се наоѓаме во завршна, терминална фаза од одумирањето на македонската национална држава и делегитимацијата на македонската нација. Ова е хаотичен, трагикомичен, противзаконски чин. Онеправдани се Македонците како народ, но и македонските Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми... Ако се следи „патот на парите“ (т.е. патот на моќта и надмоќта), лесно е да се утврдат мотивите и креаторите на оваа фарса. Оние кои располагаат со резултатите од пописот од 2011 нека ги обелоденат јавно, па ќе се види, низ споредба, како е режиран овој варварски попис. Фактите од непризнатиот и осуетен попис од пред 10 години ќе го демистифицираат овој криминал, ќе покажат зошто се дава легитимитет на нелегитимните политики, зошто се навестува меѓународна поддршка на нешто кое треба да биде предмет на жестока критика и осуда. Под претекст на европски вредности во Македонија се спроведуваат неевропски политики.  НЕ ГО ПРИЗНАВАМ ОВОЈ ЛАЖИРАН ПОПИС. Тој е само уште еден доказ дека во Македонија се води уникатна и немилосрдна хибридна војна, порача академик Ќулавкова.

The post Ќулавкова: Нека ги обелоденат јавно резултатите од пописот од 2011, па ќе се види како е режиран овој варварски попис appeared first on Република.

]]>
Академик Павловски: Емисари со лаптопи одеа по земјите со голема албанска дијаспора, Ахмети не го крие своето задоволство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/akademik-pavlovski-emisari-so-laptopi-odea-po-zemjite-so-golema-albanska-dijaspora-ahmeti-ne-go-krie-svoeto-zadovolstvo/ Sat, 02 Apr 2022 07:29:30 +0000 https://republika.mk/?p=482198

Академикот Божин Павловски, кој живее и работи и во Австралија, во изјава за МКД.мк вели дека никогаш порано дијаспората не била вклучувана во пописите на Република Македонија.

Сега тоа беше спроведено со големо залагање на Али Ахмети, кој прво си обезбеди законска рамка. И кога дојде време за теренска активност, во кампањата покрај него учествуваа претседателот на Албанија, премиерот на Косово, главно со телевизиски пораки. Тие снимки и денес можете да ги најдете на Јутјуб. Сепак, главни во кампањата беа потпретседателот на владата Артан Груби, и министерот за надворешни Бујар Османи, кои лично посетија некои земји со поголема албанска дијаспора. Веројатно тие не престојуваа таму на личен трошок, туку на сметка на даночните обврзници. Според неколку соработници на Австралиско-македонскиот неделник на терен престојувале и бројни емисари со лаптопи во своите чанти. Целава оваа активност им вроди со голем успех. Али Ахмети не го крие своето задоволство, вели тој.

Повеќе на МКД.мк

The post Академик Павловски: Емисари со лаптопи одеа по земјите со голема албанска дијаспора, Ахмети не го крие своето задоволство appeared first on Република.

]]>

Академикот Божин Павловски, кој живее и работи и во Австралија, во изјава за МКД.мк вели дека никогаш порано дијаспората не била вклучувана во пописите на Република Македонија.
Сега тоа беше спроведено со големо залагање на Али Ахмети, кој прво си обезбеди законска рамка. И кога дојде време за теренска активност, во кампањата покрај него учествуваа претседателот на Албанија, премиерот на Косово, главно со телевизиски пораки. Тие снимки и денес можете да ги најдете на Јутјуб. Сепак, главни во кампањата беа потпретседателот на владата Артан Груби, и министерот за надворешни Бујар Османи, кои лично посетија некои земји со поголема албанска дијаспора. Веројатно тие не престојуваа таму на личен трошок, туку на сметка на даночните обврзници. Според неколку соработници на Австралиско-македонскиот неделник на терен престојувале и бројни емисари со лаптопи во своите чанти. Целава оваа активност им вроди со голем успех. Али Ахмети не го крие своето задоволство, вели тој.
Повеќе на МКД.мк

The post Академик Павловски: Емисари со лаптопи одеа по земјите со голема албанска дијаспора, Ахмети не го крие своето задоволство appeared first on Република.

]]>
Калеска-Ванчева: Пописот е целосно успешен, да не биде предмет на политичарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kaleska-vancheva-popisot-e-celosno-uspeshen-da-ne-bide-predmet-na-politicharite/ Fri, 01 Apr 2022 18:19:57 +0000 https://republika.mk/?p=482089

Вербата во фактите и институциите треба да биде примарна. Многу е јасна изјава на портпаролката на Европската комисија и таа вели дека законот и методологијата е согласно ЕУРОСТАТ и тоа го поврдува тоа што го говоревме на почетокот. Пописот е успешен, вели пратеничката од редовите на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева за резултатите од пописот.

Според неа, ова се првични резултати од ДЗС.

-Понатаму следи анализа на сите резултати, па имате вкрстување. Тоа треба да биде предмет на експертската јавноста, а не на политичарите. Ова е од огромна важност статистичка операција. Ова покажува дека нашето општество е премногу исполитизирано. Сите политички чинители на ваков или онаков начин некако придонеле оваа статистичка операција биде анализирана од политички аспект, што не е дозволено. И сега наместо да се соочиме факти, ние одиме со нешто што се вели политизирање за дневно политички цели, потенцира Калеска-Ванчева во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

The post Калеска-Ванчева: Пописот е целосно успешен, да не биде предмет на политичарите appeared first on Република.

]]>

Вербата во фактите и институциите треба да биде примарна. Многу е јасна изјава на портпаролката на Европската комисија и таа вели дека законот и методологијата е согласно ЕУРОСТАТ и тоа го поврдува тоа што го говоревме на почетокот. Пописот е успешен, вели пратеничката од редовите на СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева за резултатите од пописот.
Според неа, ова се првични резултати од ДЗС.
-Понатаму следи анализа на сите резултати, па имате вкрстување. Тоа треба да биде предмет на експертската јавноста, а не на политичарите. Ова е од огромна важност статистичка операција. Ова покажува дека нашето општество е премногу исполитизирано. Сите политички чинители на ваков или онаков начин некако придонеле оваа статистичка операција биде анализирана од политички аспект, што не е дозволено. И сега наместо да се соочиме факти, ние одиме со нешто што се вели политизирање за дневно политички цели, потенцира Калеска-Ванчева во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

The post Калеска-Ванчева: Пописот е целосно успешен, да не биде предмет на политичарите appeared first on Република.

]]>
Атанасов: Кој ѓавол ги тераше да ја попишуваат дијаспората, кога не можат 100.000 луѓе да пронајдат дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/atanasov-koj-gjavol-gi-terashe-da-ja-popishuvaat-dijasporata-koga-ne-mozat-100-000-lugje-da-pronajdat-doma/ Fri, 01 Apr 2022 09:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=481836

Седум проценти да не попишете, а да тврдите како влада и институции дека е успех, не е успех, порача денеска во „Утрински брифинг“ професорот и аналитичар Петар Атанасов.

Не може да не попишете 130.000 луѓе. Кои се тие 132.000 луѓе? Ако му веруваме на Павле Трајанов, дека најголем дел се Македонци, тогаш не се точни и вкупните податоци за етничката припадност на населението, Македонци тогаш има многу повеќе од официјално наведните 58,44 проценти. Има големи прашања околу пописот, некои се технички, но може да зборуваме и за политика, рече Атанасов.

Според него проблематично е попишувањето на дијаспората, процес кој е сосема непотребен да се направи во моментот со пописот на населението, становите и домаќинствата во Македонија.

Зошто се попишуваше дијаспората? Кој ѓавол ги тераше во овие 30 дена да ја попишуваат дијаспората, кога не можат 100.000 луѓе да пронајдат во оваа држава. Па во 2011 беше прекинат пописот во 10 ден, а битката беше дали ќе се попишува дијаспората, потсети Атанасов и додава дека тоа е круцијално прашање и има простор цела година да се попишува дијаспората. Се појавија суштински прашања, не може директорот да дава политички одговори, вели Атанасов.

Тој се осврна и на прашањата поставувани во пописните листи кои оставија простор граѓаните да се декларираат по етничка припадност, религиска припадност и културни карактеристики, што во суштина не го бара ЕУ од државата.

Не се наивни овие бројки зошто на Балканот носат до историски пресврти, резимираше Атанасов и посочи дека внимателно треба да се податоците и да се направи суштинска анализа.

The post Атанасов: Кој ѓавол ги тераше да ја попишуваат дијаспората, кога не можат 100.000 луѓе да пронајдат дома appeared first on Република.

]]>

Седум проценти да не попишете, а да тврдите како влада и институции дека е успех, не е успех, порача денеска во „Утрински брифинг“ професорот и аналитичар Петар Атанасов.
Не може да не попишете 130.000 луѓе. Кои се тие 132.000 луѓе? Ако му веруваме на Павле Трајанов, дека најголем дел се Македонци, тогаш не се точни и вкупните податоци за етничката припадност на населението, Македонци тогаш има многу повеќе од официјално наведните 58,44 проценти. Има големи прашања околу пописот, некои се технички, но може да зборуваме и за политика, рече Атанасов.
Според него проблематично е попишувањето на дијаспората, процес кој е сосема непотребен да се направи во моментот со пописот на населението, становите и домаќинствата во Македонија.
Зошто се попишуваше дијаспората? Кој ѓавол ги тераше во овие 30 дена да ја попишуваат дијаспората, кога не можат 100.000 луѓе да пронајдат во оваа држава. Па во 2011 беше прекинат пописот во 10 ден, а битката беше дали ќе се попишува дијаспората, потсети Атанасов и додава дека тоа е круцијално прашање и има простор цела година да се попишува дијаспората. Се појавија суштински прашања, не може директорот да дава политички одговори, вели Атанасов.
Тој се осврна и на прашањата поставувани во пописните листи кои оставија простор граѓаните да се декларираат по етничка припадност, религиска припадност и културни карактеристики, што во суштина не го бара ЕУ од државата.
Не се наивни овие бројки зошто на Балканот носат до историски пресврти, резимираше Атанасов и посочи дека внимателно треба да се податоците и да се направи суштинска анализа.

The post Атанасов: Кој ѓавол ги тераше да ја попишуваат дијаспората, кога не можат 100.000 луѓе да пронајдат дома appeared first on Република.

]]>
Ахмети: Прашање на време е кога ќе се отвори Уставот за да се отстрани додавката 20 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-prashanje-na-vreme-e-koga-kje-se-otvori-ustavot-za-da-se-otstrani-dodavkata-20-procenti/ Thu, 31 Mar 2022 21:07:52 +0000 https://republika.mk/?p=481659

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на настан по пуштањето во употреба на фотоволтаичен покрив на Општина Чаир истакна дека прашање на време е кога ќе се отвори Уставот „за да се отстрани додавката 20 проценти“.

Сега засега најчувствително прашање е решавање на проблемот со бугарската страна, бидејќи тоа е пречка за понатамошниот напредок кон отворање на преговорите со Европската Унија. Бугарската страна бара да се отвори Уставот кај нас и Бугарите да стануваат уставна категорија во Република Македонија. Го поддржав ова барање на Република Бугарија затоа што право на секој е да се изјасни како се чувствува и ништо лошо нема да се случи со нашата држава и нашите македонски граѓани доколку се отвори Уставот. Тоа не го загрозува интегритетот и суверенитетот, туку е предност и демонстрација на државните вредности што ги застапуваме, рече Ахмети.

На новинарско прашање за коментар за реизборот на Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците, Ахмети истакна дека му посакува се најдобро, посочувајќи дека останува на ставот оти на Албанците не им требаат повеќе од две политички партии, бидејќи како што рече, „трета партија им штети колку што може да им наштети отпорот на една партија“.

The post Ахмети: Прашање на време е кога ќе се отвори Уставот за да се отстрани додавката 20 проценти appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на настан по пуштањето во употреба на фотоволтаичен покрив на Општина Чаир истакна дека прашање на време е кога ќе се отвори Уставот „за да се отстрани додавката 20 проценти“.
Сега засега најчувствително прашање е решавање на проблемот со бугарската страна, бидејќи тоа е пречка за понатамошниот напредок кон отворање на преговорите со Европската Унија. Бугарската страна бара да се отвори Уставот кај нас и Бугарите да стануваат уставна категорија во Република Македонија. Го поддржав ова барање на Република Бугарија затоа што право на секој е да се изјасни како се чувствува и ништо лошо нема да се случи со нашата држава и нашите македонски граѓани доколку се отвори Уставот. Тоа не го загрозува интегритетот и суверенитетот, туку е предност и демонстрација на државните вредности што ги застапуваме, рече Ахмети.
На новинарско прашање за коментар за реизборот на Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците, Ахмети истакна дека му посакува се најдобро, посочувајќи дека останува на ставот оти на Албанците не им требаат повеќе од две политички партии, бидејќи како што рече, „трета партија им штети колку што може да им наштети отпорот на една партија“.

The post Ахмети: Прашање на време е кога ќе се отвори Уставот за да се отстрани додавката 20 проценти appeared first on Република.

]]>
Димовски: Над 405 000 граѓани не се опфатени со пописот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimovski-nad-405-000-gragjani-ne-se-opfateni-so-popisot/ Thu, 31 Mar 2022 20:53:22 +0000 https://republika.mk/?p=481648

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“ рече дека пописот не е точен и дека 405 000 граѓани не се опфатени со пописот.

– Не може да се земе како точен и ќе создаде многу институционални и управни проблеми. Имавме доста реакции од Турција и затоа пописот ќе создаде проблеми и франции внатре во општеството. Пописот може да се искорист како подготвителна база. Односот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, не може да се земе за точен. Над 405 000 граѓани воопшто не се попишани- рече Димов.

The post Димовски: Над 405 000 граѓани не се опфатени со пописот appeared first on Република.

]]>

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“ рече дека пописот не е точен и дека 405 000 граѓани не се опфатени со пописот. – Не може да се земе како точен и ќе создаде многу институционални и управни проблеми. Имавме доста реакции од Турција и затоа пописот ќе создаде проблеми и франции внатре во општеството. Пописот може да се искорист како подготвителна база. Односот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, не може да се земе за точен. Над 405 000 граѓани воопшто не се попишани- рече Димов.

The post Димовски: Над 405 000 граѓани не се опфатени со пописот appeared first on Република.

]]>
Самка Ибраимовски: Дали сте вие нормални! Излегува Ромите само умирале, а не се раѓале https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samka-ibraimovski-dali-ste-vie-normalni-izleguva-romite-samo-umirale-a-ne-se-ragjale/ Thu, 31 Mar 2022 20:22:13 +0000 https://republika.mk/?p=481622

Самка Ибраимовски, претседател на политичклата партија ПЦЕР, поранешен министер без ресор во Владата на Зоран Заев, како и поранешен пратеник, е незадоволен од резултатите на пописот, за кој вчера беа објавени резултатите, потенцира дека ова што е се случува е срамота.

– Статистика дали сте нормални, по вас само умирале Роми, не се раѓале, брука невидена 30 отсто не се попишани. Директоре, тебе лично јас ти се јавував дека не биле попишувачи во многу градови, еве што се случи, Срамота – пишува Ибраимовски на својот фејсбук профил.

The post Самка Ибраимовски: Дали сте вие нормални! Излегува Ромите само умирале, а не се раѓале appeared first on Република.

]]>

Самка Ибраимовски, претседател на политичклата партија ПЦЕР, поранешен министер без ресор во Владата на Зоран Заев, како и поранешен пратеник, е незадоволен од резултатите на пописот, за кој вчера беа објавени резултатите, потенцира дека ова што е се случува е срамота.
– Статистика дали сте нормални, по вас само умирале Роми, не се раѓале, брука невидена 30 отсто не се попишани. Директоре, тебе лично јас ти се јавував дека не биле попишувачи во многу градови, еве што се случи, Срамота – пишува Ибраимовски на својот фејсбук профил.

The post Самка Ибраимовски: Дали сте вие нормални! Излегува Ромите само умирале, а не се раѓале appeared first on Република.

]]>
Египќаните во Македонија не ги признаваат резултатите од пописот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/egipkjanite-vo-makedonija-ne-gi-priznavaat-rezultatite-od-popisot/ Thu, 31 Mar 2022 20:17:04 +0000 https://republika.mk/?p=481618

Не сме подготвени да ги прифатиме ваквите пописни резултати. Бројни се нерегуларностите во самиот пописен процес и конечниот резултат не кореспондира со реалните бројки, се вели во реакцијата на неформалната граѓанска иницијатива Коалиција на Египќаните.

„Податоците кои се објавени практично ги побиваат самите пописни резултати на Државната пописна комисија. Во суштина, ова претставува и обид за административна асимилација на Египќаните и нивно исчезнување од мултиетничката карта на современото мултиетничко македонско општество. Аргументите се на наша страна, и токму затоа, поради сите утврдени факти, крајно нелогично и непринципиелно е да се прифатат ваквите поразителни пописни резултати за Египќаните во Македонија. Нашата борба ќе продолжи низ институциите на системот, а со цврст аргументи ќе бидат известени и Еуростат, ОБСЕ и амбасадите на највлијателните држави во Македонија со кои имаме соработка“, изјави лидерот на НГИ Коалицијата на Египќаните, Демир Далип.

Тој додава дека пописни резултати не кореспондираат и не се во согласност со објективната бројчаност на Египќаните, особено во град Охрид каде Египќаните се втора по бројност етничка заедница, а со податоците од Пописот како Египќани се изјаснети “само“ 2008 Египќани/ки, а само во избирачкиот список има над 1.900 Египќани/ки со право на глас.

-Каде се тука децата, неризидентното население? Како да “испарија“ Египќаните. Со вакви податоци нема иднина за мојот народ-Египќаните, истакна Далип.

The post Египќаните во Македонија не ги признаваат резултатите од пописот appeared first on Република.

]]>

Не сме подготвени да ги прифатиме ваквите пописни резултати. Бројни се нерегуларностите во самиот пописен процес и конечниот резултат не кореспондира со реалните бројки, се вели во реакцијата на неформалната граѓанска иницијатива Коалиција на Египќаните. „Податоците кои се објавени практично ги побиваат самите пописни резултати на Државната пописна комисија. Во суштина, ова претставува и обид за административна асимилација на Египќаните и нивно исчезнување од мултиетничката карта на современото мултиетничко македонско општество. Аргументите се на наша страна, и токму затоа, поради сите утврдени факти, крајно нелогично и непринципиелно е да се прифатат ваквите поразителни пописни резултати за Египќаните во Македонија. Нашата борба ќе продолжи низ институциите на системот, а со цврст аргументи ќе бидат известени и Еуростат, ОБСЕ и амбасадите на највлијателните држави во Македонија со кои имаме соработка“, изјави лидерот на НГИ Коалицијата на Египќаните, Демир Далип. Тој додава дека пописни резултати не кореспондираат и не се во согласност со објективната бројчаност на Египќаните, особено во град Охрид каде Египќаните се втора по бројност етничка заедница, а со податоците од Пописот како Египќани се изјаснети “само“ 2008 Египќани/ки, а само во избирачкиот список има над 1.900 Египќани/ки со право на глас. -Каде се тука децата, неризидентното население? Како да “испарија“ Египќаните. Со вакви податоци нема иднина за мојот народ-Египќаните, истакна Далип.

The post Египќаните во Македонија не ги признаваат резултатите од пописот appeared first on Република.

]]>
Петров: Верувам во институциите за пописот, треба да дебатираме за иселените граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrov-veruvam-vo-instituciite-za-popisot-treba-da-debatirame-za-iselenite-gragjani/ Thu, 31 Mar 2022 19:32:29 +0000 https://republika.mk/?p=481615

„Отсекогаш сум верувал во професионалните и стручни капацитети на институциите и не верувам дека некој што работи статистика би правел нешто спроти својата професија. Тие прават тоа што им налога науката и тоа што учеле“ рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека наместо сите поединечно да даваат свои видувања за тоа како го доживуваат пописот, треба да се разговара за намалениот број на жители.

„Треба да се дискутира зошто луѓето во изминативе 30 години се селат од државата. Ни опаѓа наталитетот. За овие теми треба да разговараме, но не да не може да спроведеме попис или да повикуваме пописот да се бојкотира. Тоа е нечесно према идните генерации“ рече Петров.

Тој додаде дека меѓународните експерти го опишуваат пописот како еден од најмодерните организирани во светот и повика дека пописот треба да биде статистичка операција, како секаде во светот, а не политичка.

The post Петров: Верувам во институциите за пописот, треба да дебатираме за иселените граѓани appeared first on Република.

]]>

„Отсекогаш сум верувал во професионалните и стручни капацитети на институциите и не верувам дека некој што работи статистика би правел нешто спроти својата професија. Тие прават тоа што им налога науката и тоа што учеле“ рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека наместо сите поединечно да даваат свои видувања за тоа како го доживуваат пописот, треба да се разговара за намалениот број на жители.
„Треба да се дискутира зошто луѓето во изминативе 30 години се селат од државата. Ни опаѓа наталитетот. За овие теми треба да разговараме, но не да не може да спроведеме попис или да повикуваме пописот да се бојкотира. Тоа е нечесно према идните генерации“ рече Петров.
Тој додаде дека меѓународните експерти го опишуваат пописот како еден од најмодерните организирани во светот и повика дека пописот треба да биде статистичка операција, како секаде во светот, а не политичка.

The post Петров: Верувам во институциите за пописот, треба да дебатираме за иселените граѓани appeared first on Република.

]]>
Радев: Пописот е уште еден доказ за тоа колку се обесправени македонските Бугари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/radev-popisot-e-ushte-eden-dokaz-za-toa-kolku-se-obespraveni-makedonskite-bugari/ Thu, 31 Mar 2022 15:24:57 +0000 https://republika.mk/?p=481512

Бугарскиот претседател Румен Радев по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во Софија, изјави дека разговарал со него оти треба да се преземат јасни конкретни дејствија за решавање на проблемите со македонските Бугари, за искоренување на говорот на омраза, за ревизија на учебниците, јави дописникот на МИА од Софија.

– Има одреден напредок во нашата работа. Тие проблеми, благодарение на упорноста на Бугарија, се осознаваат и се претвораат во ангажман на ЕУ. Прашањето е со какви инструменти ќе се гарантира заштитата на нашиот интерес, оцени Радев.

Радев исто така рече дека очекува од бугарската Влада на покатегоричен начин „да го заштити националниот интерес на земјата“.

Во врска со објавените резултати од пописот во земјава, Радев оцени дека „тоа е уште еден доказ за обесправеноста на Бугарите во Македонија, кои не смеат јавно да се изјаснат дека се Бугари, во ситуација кога над 120.000 лица докажале со документ дека се по потекло Бугари”.

Тоа, според Радев, значи дека Бугарија треба да продолжи со политиката на вето за започнување преговори за членство, додека не добие јасни гаранции за тоа.

The post Радев: Пописот е уште еден доказ за тоа колку се обесправени македонските Бугари appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател Румен Радев по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во Софија, изјави дека разговарал со него оти треба да се преземат јасни конкретни дејствија за решавање на проблемите со македонските Бугари, за искоренување на говорот на омраза, за ревизија на учебниците, јави дописникот на МИА од Софија.
– Има одреден напредок во нашата работа. Тие проблеми, благодарение на упорноста на Бугарија, се осознаваат и се претвораат во ангажман на ЕУ. Прашањето е со какви инструменти ќе се гарантира заштитата на нашиот интерес, оцени Радев.
Радев исто така рече дека очекува од бугарската Влада на покатегоричен начин „да го заштити националниот интерес на земјата“. Во врска со објавените резултати од пописот во земјава, Радев оцени дека „тоа е уште еден доказ за обесправеноста на Бугарите во Македонија, кои не смеат јавно да се изјаснат дека се Бугари, во ситуација кога над 120.000 лица докажале со документ дека се по потекло Бугари”. Тоа, според Радев, значи дека Бугарија треба да продолжи со политиката на вето за започнување преговори за членство, додека не добие јасни гаранции за тоа.

The post Радев: Пописот е уште еден доказ за тоа колку се обесправени македонските Бугари appeared first on Република.

]]>
ДИК: Избирачкиот список и пописот се две различни категории https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-izbirachkiot-spisok-i-popisot-se-dve-razlichni-kategorii/ Thu, 31 Mar 2022 14:47:21 +0000 https://republika.mk/?p=481480

Методологијата и условите за ажурирање на податоците во Избирачкиот список и евиденцијата на уставно загарантираното избирачко право е различна и нема никаква поврзаност со методологијата за попис на населението, што значи дека Избирачкиот список и пописот на населението се две различни категории регулирани според посебни законски критериуми, реагира денеска Државната изборна комисија, по како што пишува, информациите во одредени медиуми, а по официјалното објавување на резултатите од Пописот 2021 година.

Избирачкото право, нагласуваат од ДИК, е уставна категорија и е уставно загарантирано право. Согласно Уставот, секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право.

Согласно уставната дефиниција за избирачкото право Изборниот законик предвидува дека право да избира има секој државјанин на Република Македонија кој наполнил 18 години живот и има деловна способност и е со постојано живеалиште во РСМ, оти избирачкиот список е јавна исправа во која се запишани граѓаните со избирачко право кој се води според Регистарот на државјаните, а во него се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот заклучно со денот на гласањето, кои имаат живеалиште на територијата на РСМ, а кои имаат важечка лична карта или патна исправа, појаснуваат од Државната изборна комисија.

Од ДИК додаваат дека во Избирачкиот список се запишуваат и сите државјани на Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, со живеалиште на територијата на Македонија и со важечка патна исправа. Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во земјава.

Податоците за евиденција во Избирачкиот список, согласно Член 43 од Изборниот законик, Државната изборна комисија ги добива од Министерството за внатрешни работи.

The post ДИК: Избирачкиот список и пописот се две различни категории appeared first on Република.

]]>

Методологијата и условите за ажурирање на податоците во Избирачкиот список и евиденцијата на уставно загарантираното избирачко право е различна и нема никаква поврзаност со методологијата за попис на населението, што значи дека Избирачкиот список и пописот на населението се две различни категории регулирани според посебни законски критериуми, реагира денеска Државната изборна комисија, по како што пишува, информациите во одредени медиуми, а по официјалното објавување на резултатите од Пописот 2021 година. Избирачкото право, нагласуваат од ДИК, е уставна категорија и е уставно загарантирано право. Согласно Уставот, секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право.
Согласно уставната дефиниција за избирачкото право Изборниот законик предвидува дека право да избира има секој државјанин на Република Македонија кој наполнил 18 години живот и има деловна способност и е со постојано живеалиште во РСМ, оти избирачкиот список е јавна исправа во која се запишани граѓаните со избирачко право кој се води според Регистарот на државјаните, а во него се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот заклучно со денот на гласањето, кои имаат живеалиште на територијата на РСМ, а кои имаат важечка лична карта или патна исправа, појаснуваат од Државната изборна комисија.
Од ДИК додаваат дека во Избирачкиот список се запишуваат и сите државјани на Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, со живеалиште на територијата на Македонија и со важечка патна исправа. Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во земјава. Податоците за евиденција во Избирачкиот список, согласно Член 43 од Изборниот законик, Државната изборна комисија ги добива од Министерството за внатрешни работи.

The post ДИК: Избирачкиот список и пописот се две различни категории appeared first on Република.

]]>