Поп култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pop-kultura/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Mar 2024 13:46:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Поп култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pop-kultura/ 32 32 Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/promotsija-na-vinil-kompilatsija-pop-kultura-vo-chest-na-mirko-popov-2/ Fri, 29 Mar 2024 13:46:50 +0000 https://republika.mk/?p=760152

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“.

Изданието содржи песни од млади современи македонски поп артисти, меѓу кои се Аудио Цигла, Миа Перевска, Дина Јашари, Андреја Салпе, Zee, Young Dadi, Matej Foltz и веќе признаениот музичар Слаткаристика.

Настанот ќе започне во 19 часот, а за музичкиот избор ќе бидат задолженидиџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол.

Настанот ќе биде посветен на Мирко Попов, кој почина изминатиот викенд. Изработката на компилацијата беше еден од последните проекти на кои работеше Попов. Станува збор за 13-то винил издание на дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

„Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го има новиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат. Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме“, пишува во најавата за промоцијата.

Радоста на Попов за плочата можеше да се види и во неодамнешната објава на Дина Јашари, чија песна „Бои“ ќе може да се чуе на плочата. Таа сподели порака од Попов во која ѝ рекол: „Благодарам за песната. Плочава е лудило. До солзи ме расположи“.

Мораме да комуницираме и да се дружиме со младите, затоа што само така вистински ќе знаеме каде оди светот и ние ќе останеме млади“, вели Попов.

The post Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов appeared first on Република.

]]>

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп артисти, меѓу кои се Аудио Цигла, Миа Перевска, Дина Јашари, Андреја Салпе, Zee, Young Dadi, Matej Foltz и веќе признаениот музичар Слаткаристика. Настанот ќе започне во 19 часот, а за музичкиот избор ќе бидат задолженидиџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Настанот ќе биде посветен на Мирко Попов, кој почина изминатиот викенд. Изработката на компилацијата беше еден од последните проекти на кои работеше Попов. Станува збор за 13-то винил издание на дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.
„Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го има новиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат. Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме“, пишува во најавата за промоцијата.
Радоста на Попов за плочата можеше да се види и во неодамнешната објава на Дина Јашари, чија песна „Бои“ ќе може да се чуе на плочата. Таа сподели порака од Попов во која ѝ рекол: „Благодарам за песната. Плочава е лудило. До солзи ме расположи“.
Мораме да комуницираме и да се дружиме со младите, затоа што само така вистински ќе знаеме каде оди светот и ние ќе останеме млади“, вели Попов.
 
The post Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов appeared first on Република.

]]>
Промоција на винил компилација „Поп култура“ во чест на Мирко Попов https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/promotsija-na-vinil-kompilatsija-pop-kultura-vo-chest-na-mirko-popov/ Thu, 28 Mar 2024 08:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=759582

Утревечер, на 29 март, во 19 часот во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари - „Поп култура“ . Ова исклучително винил издание се реализира во рамки на платформата „Силата ЕУ Младите“.

Компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и се уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена.

Компилацијата опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признаениот музичар Слаткаристика (Slatkaristika).

Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме овој петок во „Лабораториум“. Во чест на Попов, зааедно да ја славиме македонската музика, како што велеше и самиот: „Во Скопје, улиците пеат“, најавува организаторот.

Музичкиот избор оваа вечер ќе биде на диџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Промотивниот настан се реализира во соработка помеѓу СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ, Македонско Улично Радио и Лабораториум.

Платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ е еден од низата проекти иницирани и програмски уредени од Мирко Попов, кој континуирано и посветено работеше за поддршка на младите и креирање простор за нивно изразување, работа и препознавање како креативна и надоаѓачка сила во музиката и културата. Како продуцент и куратор го реализира и ова, 13-то по ред винил издание за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го имановиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат.

„Мораме да комуницираме и да се дружиме со младите, затоа што само така вистински ќе знаеме каде оди светот и ние ќе останеме млади“, велеше Попов.

Толку многу ги сакаше сите и се радуваше дека го градат оној град во кој тој веруваше. Тие го препознаа искрениот жар и отворениот простор на Мирко и му вратија назад со љубов и убава соработка.

The post Промоција на винил компилација „Поп култура“ во чест на Мирко Попов appeared first on Република.

]]>

Утревечер, на 29 март, во 19 часот во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари - „Поп култура“ . Ова исклучително винил издание се реализира во рамки на платформата „Силата ЕУ Младите“. Компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и се уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена. Компилацијата опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признаениот музичар Слаткаристика (Slatkaristika).
Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме овој петок во „Лабораториум“. Во чест на Попов, зааедно да ја славиме македонската музика, како што велеше и самиот: „Во Скопје, улиците пеат“, најавува организаторот.
Музичкиот избор оваа вечер ќе биде на диџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Промотивниот настан се реализира во соработка помеѓу СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ, Македонско Улично Радио и Лабораториум. Платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ е еден од низата проекти иницирани и програмски уредени од Мирко Попов, кој континуирано и посветено работеше за поддршка на младите и креирање простор за нивно изразување, работа и препознавање како креативна и надоаѓачка сила во музиката и културата. Како продуцент и куратор го реализира и ова, 13-то по ред винил издание за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“. Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го имановиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат.  
„Мораме да комуницираме и да се дружиме со младите, затоа што само така вистински ќе знаеме каде оди светот и ние ќе останеме млади“, велеше Попов.
Толку многу ги сакаше сите и се радуваше дека го градат оној град во кој тој веруваше. Тие го препознаа искрениот жар и отворениот простор на Мирко и му вратија назад со љубов и убава соработка.  

The post Промоција на винил компилација „Поп култура“ во чест на Мирко Попов appeared first on Република.

]]>
Фестивал на современата македонска поп-музика „Поп-култура“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/festival-na-sovremenata-makedonska-pop-muzika-pop-kultura/ Mon, 19 Feb 2024 11:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=745691

Во едукативниот културен центар „Лабораториум“ се одржа фестивал на современата македонска поп-музика „Поп култура“.

Концерти имаа „Јанг Дади“, „Зии“, „Матеј Фолц“ и „Вански“, а вечерта почна со диџеј-сет на „Димчуга“. Како специјална гостинка од Суботица, Србија, настапи и младата раперка Млада Беба.

На сцената публиката имаше можност во живо да ги чуе песните и хитовите на најзначајните млади претставници на современата македонска поп-музика.

Фестивалот „Поп-култура“ прави пресек на хипхоп-движењето како најраспространета и најпопуларна форма за израз на денешната младина, кое се развива во една свежа, модерна и динамична сцена, како носечка сила на новата генерација млади творци, чија музика веќе има свој одек и признание во регионот. Талентот и посветената работа ги прават овие музичари кремот на современата поп-хоп и, воопшто, млада македонска урбана култура.

„Поп-култура“ наскоро ќе добие и винилно издание, албум компилација што дава пресек на современата поп-продукција на млади македонски музичари. Компилацијата претставува значаен историски документ, запис за времето и квалитетот на оваа сцена, на сѐ уште најценетиот носач на звук во светот – винилот. Плочата ќе биде во издание на „ПМГ рекордингс“ од Скопје.

The post Фестивал на современата македонска поп-музика „Поп-култура“ appeared first on Република.

]]>

Во едукативниот културен центар „Лабораториум“ се одржа фестивал на современата македонска поп-музика „Поп култура“. Концерти имаа „Јанг Дади“, „Зии“, „Матеј Фолц“ и „Вански“, а вечерта почна со диџеј-сет на „Димчуга“. Како специјална гостинка од Суботица, Србија, настапи и младата раперка Млада Беба. На сцената публиката имаше можност во живо да ги чуе песните и хитовите на најзначајните млади претставници на современата македонска поп-музика. Фестивалот „Поп-култура“ прави пресек на хипхоп-движењето како најраспространета и најпопуларна форма за израз на денешната младина, кое се развива во една свежа, модерна и динамична сцена, како носечка сила на новата генерација млади творци, чија музика веќе има свој одек и признание во регионот. Талентот и посветената работа ги прават овие музичари кремот на современата поп-хоп и, воопшто, млада македонска урбана култура. „Поп-култура“ наскоро ќе добие и винилно издание, албум компилација што дава пресек на современата поп-продукција на млади македонски музичари. Компилацијата претставува значаен историски документ, запис за времето и квалитетот на оваа сцена, на сѐ уште најценетиот носач на звук во светот – винилот. Плочата ќе биде во издание на „ПМГ рекордингс“ од Скопје.  

The post Фестивал на современата македонска поп-музика „Поп-култура“ appeared first on Република.

]]>
Фестивал на современа македонска поп музика во „Лабораториум“ https://arhiva3.republika.mk/scena/festival-na-sovremena-makedonska-pop-muzika-vo-laboratorium/ Thu, 15 Feb 2024 07:40:39 +0000 https://republika.mk/?p=744245

Оваа сабота, на 17 февруари, во 20:30 часот во едукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи фестивал на современа македонска поп музика „ПОП КУЛТУРА“.

На ПОП КУЛТУРА со концерти во живо ќе се престават „Young Dadi“, „Zee“, „Matej Foltz“ и „Vanski“, а атмосферата ќе ја загрее со диџеј сет „Dimchuga“. Како специјална гостинка од Суботица, Србија ќе настапи и младата раперка „Mlada Beba.

ПОП КУЛТУРА е дел од платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ и е резултат на партнерска соработката со „ZIMA“, „WHY2K?“ и Лабораториум. 

На сцената публиката ќе има извонредна можност на едно место да ги чуе во живо песните и хитовите на најзначајните млади претставници на современата македонска поп музика.

ПОП КУЛТУРА прави пресек на хип-хоп движењето, како најраспространета и најпопуларна форма за израз на денешната младина, кое се развива во една свежа, модерна и динамична сцена, како носечка сила на новата генерација млади творци, чија музика веќе има свој одек и признание во регионот. Талентот и посветена работа ги прават овие музичари кремот на современата поп-хоп и воопшто млада македонска урбана култура.

„Поп Култура“ наскоро ќе добие и винил издание, албум-компилација кој дава пресек на современата поп продукција на млади македонски музичари. Компилацијата претставува значаен историски документ, запис за времето и квалитетот на оваа сцена, на се уште најценетиот носач на звук во светот – Винилот. Плочата ќе биде во издание на ПМГ Рекордингс од Скопје.

Билетите за фестивалот (200 денари претпродажба, 300 денари на врата) може да се обезбедат во Лабораториум и онлајн на bileti.mk.

Информации за фестивалот ПОП КУЛТУРА и останатите настани и активности на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ редовно се објавувани на креираните страници на Инстаграм и Фејсбук:

https://www.instagram.com/silata.eu.mladite/

https://www.facebook.com/profile.php?id=61555651569339

The post Фестивал на современа македонска поп музика во „Лабораториум“ appeared first on Република.