понуди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ponudi/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Feb 2024 21:00:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png понуди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ponudi/ 32 32 Таравари имал понуди од ДУИ: Да побарав да бидам прв премиер Албанец, би прифатиле, да побарав да бидам заеднички кандидат за претседател и тоа би прифатиле https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-imal-ponudi-od-dui-da-pobarav-da-bidam-prv-premier-albanets-bi-prifatile-da-pobarav-da-bidam-zaednichki-kandidat-za-pretsedatel-i-toa-bi-prifatile/ Mon, 19 Feb 2024 20:50:46 +0000 https://republika.mk/?p=745907

Лидерот на АА и кандидат за претседател Арбен Таравари вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека да побарал да биде првиот премиер Албанец, ДУИ ќе прифателе, но сепак одлучил да го слуша гласот на народот.

Тој додава дека имал понуди од ДУИ.

Нудеа се. Да побарав да бидам прв премиер Албанец, и тоа би прифатиле. Да побарав да бидам заеднички кандидат за претседател, и тоа би прифатиле, но одлучив да го слушам гласот на народот, кој сака промени после 22 години, порача Таравари.

The post Таравари имал понуди од ДУИ: Да побарав да бидам прв премиер Албанец, би прифатиле, да побарав да бидам заеднички кандидат за претседател и тоа би прифатиле appeared first on Република.

]]>

Лидерот на АА и кандидат за претседател Арбен Таравари вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека да побарал да биде првиот премиер Албанец, ДУИ ќе прифателе, но сепак одлучил да го слуша гласот на народот. Тој додава дека имал понуди од ДУИ.
Нудеа се. Да побарав да бидам прв премиер Албанец, и тоа би прифатиле. Да побарав да бидам заеднички кандидат за претседател, и тоа би прифатиле, но одлучив да го слушам гласот на народот, кој сака промени после 22 години, порача Таравари.

The post Таравари имал понуди од ДУИ: Да побарав да бидам прв премиер Албанец, би прифатиле, да побарав да бидам заеднички кандидат за претседател и тоа би прифатиле appeared first on Република.

]]>
Отворени понудите за универзален снабдувач на електрична енергија за потрошувачите на регулираниот пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/otvoreni-ponudite-za-univerzalen-snabduvach-na-elektrichna-energija-za-potroshuvachite-na-reguliraniot-pazar/ Sat, 13 Jan 2024 15:38:13 +0000 https://republika.mk/?p=732655

Во Владата на Република Македонија, вчера од страна на стручна комисија, јавно беа отворени понудите по јавниот повик 09-12895/1 за доделување договор за универзален снабдувач со електрична енергија објавен на 11.12.2023 година.

Како што соопшти владината прес-служба, согласно информациите на Комисијата, до објавениот рок пристигнати се понуди на три економски оператори, кои имаат понудено бруто маржи од: 11,4%, 11,4% и 11,45%.

-Најпрво се отвори понудата со архивски број 09-663/1 од 11.01.2024 година, пристигната во 11:30 часот. Се констатира дека станува збор за група понудувачи ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје - носител, и ЕВН Македонија АД Скопје - член на групата. Понудената бруто маржа во оваа понуда изнесува 11,4%. Втора понуда која беше отворена со архивски број 09-663/2 од 12.01.2024 година, пристигната во 10:40 часот. Се констатира дека станува збор за ЕСМ продажба ДООЕЛ Скопје. Понудената бруто маржа во оваа понуда изнесува 11,4%. Третата понуда која беше отворена со архивски број 09-663/3 од 12.01.2024 година, пристигната во 14:10 часот. Се констатира дека станува збор за Група понудувачи ЕДС АД Скопје, ПАН ИНТЕРТРЕЈД ДОО Скопје. Понудена бруто маржа во оваа понуда изнесува 11,45%, се наведува во соопштението.

Според процедурата, после евалуацијата на економско-финансиската и на техничката способност на понудувачите, економските оператори чии понуди ги исполнуваат условите согласно критериумите наведени во тендерската документација ќе бидат поканети да учествуваат на негативно наддавање преку електронска аукција, пришто како почетна вредност ќе се земе најниската од понудените маржи на економските оператори чии понуди ги исполнуваат условите согласно критериумите наведени во тендерската документација.

Понудувачот кој на електронската аукција ќе понуди најниска маржа ќе биде поканет да го потпише Договорот за универзален снабдувач со електрична енергија.

При отворањето на понудите, стои во соопштението, присутни беа и овластени претставници на дел од економските оператори кои имаа доставено понуди, и истите немаа никакви забелешки за процесот на отворање на понудите.

Постапката треба да се заврши во рок од шест месеци од денот на објавувањето во Службен Весник на одлуката на Владата на Република Македонија за отпочнување на постапката за избор на универзален снабдувач на електрична енергија, која е објавена на 20.10.2023 година. Комисијата ќе настојува да ја заврши евалуацијата во текот на наредната недела, по што ќе следи јавно наддавање кое би се случило до крајот на овој месец, се посочува во соопштението од Владата.

The post Отворени понудите за универзален снабдувач на електрична енергија за потрошувачите на регулираниот пазар appeared first on Република.

]]>

Во Владата на Република Македонија, вчера од страна на стручна комисија, јавно беа отворени понудите по јавниот повик 09-12895/1 за доделување договор за универзален снабдувач со електрична енергија објавен на 11.12.2023 година. Како што соопшти владината прес-служба, согласно информациите на Комисијата, до објавениот рок пристигнати се понуди на три економски оператори, кои имаат понудено бруто маржи од: 11,4%, 11,4% и 11,45%. -Најпрво се отвори понудата со архивски број 09-663/1 од 11.01.2024 година, пристигната во 11:30 часот. Се констатира дека станува збор за група понудувачи ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје - носител, и ЕВН Македонија АД Скопје - член на групата. Понудената бруто маржа во оваа понуда изнесува 11,4%. Втора понуда која беше отворена со архивски број 09-663/2 од 12.01.2024 година, пристигната во 10:40 часот. Се констатира дека станува збор за ЕСМ продажба ДООЕЛ Скопје. Понудената бруто маржа во оваа понуда изнесува 11,4%. Третата понуда која беше отворена со архивски број 09-663/3 од 12.01.2024 година, пристигната во 14:10 часот. Се констатира дека станува збор за Група понудувачи ЕДС АД Скопје, ПАН ИНТЕРТРЕЈД ДОО Скопје. Понудена бруто маржа во оваа понуда изнесува 11,45%, се наведува во соопштението. Според процедурата, после евалуацијата на економско-финансиската и на техничката способност на понудувачите, економските оператори чии понуди ги исполнуваат условите согласно критериумите наведени во тендерската документација ќе бидат поканети да учествуваат на негативно наддавање преку електронска аукција, пришто како почетна вредност ќе се земе најниската од понудените маржи на економските оператори чии понуди ги исполнуваат условите согласно критериумите наведени во тендерската документација. Понудувачот кој на електронската аукција ќе понуди најниска маржа ќе биде поканет да го потпише Договорот за универзален снабдувач со електрична енергија. При отворањето на понудите, стои во соопштението, присутни беа и овластени претставници на дел од економските оператори кои имаа доставено понуди, и истите немаа никакви забелешки за процесот на отворање на понудите. Постапката треба да се заврши во рок од шест месеци од денот на објавувањето во Службен Весник на одлуката на Владата на Република Македонија за отпочнување на постапката за избор на универзален снабдувач на електрична енергија, која е објавена на 20.10.2023 година. Комисијата ќе настојува да ја заврши евалуацијата во текот на наредната недела, по што ќе следи јавно наддавање кое би се случило до крајот на овој месец, се посочува во соопштението од Владата.

The post Отворени понудите за универзален снабдувач на електрична енергија за потрошувачите на регулираниот пазар appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Сите што имаат можност да снабдуваат со природен гас да достават понуди до крајот на денот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-site-shto-imaat-mozhnost-da-snabduvaat-so-priroden-gas-da-dostavat-ponudi-do-krajot-na-denot/ Mon, 26 Dec 2022 11:22:41 +0000 https://republika.mk/?p=590066

На јавниот повик на ЕСМ досега има пристигнато две понуди, но ги повикуваме заинтересираните страни и сите што имаат можност да снабдуваат со природен гас во нашата држава да достават понуди до крајот на денот, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Преку транспарентна постапка, посочи Бектеши, кој ќе има подобра понуда, кој ќе ги има обезбедено количините, секако дека тој ќе победи на јавниот повик.

Најважно од се е граѓаните и индустријата да бидат во континуитет снабдувани со природен гас, вклучително и работата на топланите, изјави Бектеши.

Од 1 јануари, нагласи Бектеши, ќе имаме снабдување со природен гас за граѓаните, индустријата и институциите.

Нашите компании се повикани да конкурираат на јавните повици, кои се транспарентни и отворени. Не можеме да продолжиме 30 години да имаме само еден снабдувач. Уценување нема, има само диверзификација и реализација на определбите како држава во делот на пазарна економија, изјави Бектеши.

Одговарајќи на новинарски прашања за закупот на капацитетите на интерконекторот во Бугарија, Бектеши рече дека како Министерство немаат намера да се мешаат на тоа какви одлуки се носат во другите држави за закуп на капацитети, нагласувајќи дека интерес на Министерството е диверзификација во делот на снабдување со природен гас.

Тоа е пазарна економија. Кој ќе даде подобра понуда, тој ќе биде снабдувач и на топланите и на индустријата. Сабајлево имавме консултативен состанок со ЕСМ, НЕР и РКЕ, изјави Бектеши.

Прашан за дефектот во РЕК „Осломеј” и дали настанот е поврзан со увезениот јаглен, Бектеши рече дека во РЕК „Осломеј” и во РЕК „Битола” се увезува јаглен согласно квалитетот кој е побаран во јавниот повик на ЕСМ.

The post Бектеши: Сите што имаат можност да снабдуваат со природен гас да достават понуди до крајот на денот appeared first on Република.

]]>

На јавниот повик на ЕСМ досега има пристигнато две понуди, но ги повикуваме заинтересираните страни и сите што имаат можност да снабдуваат со природен гас во нашата држава да достават понуди до крајот на денот, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Преку транспарентна постапка, посочи Бектеши, кој ќе има подобра понуда, кој ќе ги има обезбедено количините, секако дека тој ќе победи на јавниот повик.