Помпеја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pompeja/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jul 2023 08:51:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Помпеја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pompeja/ 32 32 Пица стара 2.000 години: Во Помпеја е откриена фреска на која е насликан познатиот италијански специјалитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pitsa-stara-2-000-godini-vo-pompeja-e-otkriena-freska-na-koja-e-naslikan-poznatiot-italijanski-spetsijalitet/ Mon, 03 Jul 2023 09:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=657613

Археолозите претпоставуваат дека на една впечатлива фреска, пронајдена меѓу урнатините на римскиот град Помпеја, најверојатно е насликан првиот приказ на пица, пишува „Гардијан“.

Тие забележале дека, на ова добро познато италијанско јадење му недостасуваат двете основни состојки - доматен сос и моцарела, а вклучува една работа која наликува на ананас.

Фото: Instagram/ pompeiiparcoarcheologico

Фреската датира од пред 2.000 години, а е откриена за време на ископувањата на просторот Реџо IX на археолошкиот локалитет во Помпеја, блиску до Неапол, родното место на пицата.

Археолозите претпоставуваат дека оваа фреска била насликана на ѕид од ходникот на една куќа во која имало и пекара. На неа се прикажани тркалезен леб - фокача, на сребрен послужавник како и разни овошја, меѓу кои калинка и урма. Се претпоставува дека лебот бил зачинет, намачкан со намаз од сирење и тревки, познат деликатес што старите Римјани постојано го јаделе.

Фото: Instagram/ pompeiiparcoarcheologico

Ваквите фрески биле широко распространети во домовите на античка Помпеја и соседниот Херкуланум, кои биле уништени во 79 година н.е, од катастрофалната ерупција на вулканот Везув.

Директорот на археолошкиот парк Помпеја, Габриел Цухтригел, вели дека фреската го одразува контрастот помеѓу „штедливиот и едноставен оброк“ и „префинетоста и луксузот“, во времето на Римјаните.

Како што е познато, Неапол е домот на маргаритата, традиционална пица која се состои од едноставна мешавина од домати, моцарела, свеж босилек и екстра девствено маслиново масло.

Свое мислење дал и Џино Сорбило, сопственик на една од најстарите пицерии во Неапол, кој е убеден дека се работи за веродостоен приказ на италијанска пица.

Во античка Помпеја е познато дека постоеле облици на рамно лепче, направено со зрна, вода, сол и можеби пиво наместо квасец. Тогаш, на тестото за древната форма на пица му додавале зеленчук или риба“, рекол тој.

The post Пица стара 2.000 години: Во Помпеја е откриена фреска на која е насликан познатиот италијански специјалитет appeared first on Република.

]]>

Археолозите претпоставуваат дека на една впечатлива фреска, пронајдена меѓу урнатините на римскиот град Помпеја, најверојатно е насликан првиот приказ на пица, пишува „Гардијан“. Тие забележале дека, на ова добро познато италијанско јадење му недостасуваат двете основни состојки - доматен сос и моцарела, а вклучува една работа која наликува на ананас. Фото: Instagram/ pompeiiparcoarcheologico Фреската датира од пред 2.000 години, а е откриена за време на ископувањата на просторот Реџо IX на археолошкиот локалитет во Помпеја, блиску до Неапол, родното место на пицата. Археолозите претпоставуваат дека оваа фреска била насликана на ѕид од ходникот на една куќа во која имало и пекара. На неа се прикажани тркалезен леб - фокача, на сребрен послужавник како и разни овошја, меѓу кои калинка и урма. Се претпоставува дека лебот бил зачинет, намачкан со намаз од сирење и тревки, познат деликатес што старите Римјани постојано го јаделе. Фото: Instagram/ pompeiiparcoarcheologico Ваквите фрески биле широко распространети во домовите на античка Помпеја и соседниот Херкуланум, кои биле уништени во 79 година н.е, од катастрофалната ерупција на вулканот Везув. Директорот на археолошкиот парк Помпеја, Габриел Цухтригел, вели дека фреската го одразува контрастот помеѓу „штедливиот и едноставен оброк“ и „префинетоста и луксузот“, во времето на Римјаните. Како што е познато, Неапол е домот на маргаритата, традиционална пица која се состои од едноставна мешавина од домати, моцарела, свеж босилек и екстра девствено маслиново масло. Свое мислење дал и Џино Сорбило, сопственик на една од најстарите пицерии во Неапол, кој е убеден дека се работи за веродостоен приказ на италијанска пица.
Во античка Помпеја е познато дека постоеле облици на рамно лепче, направено со зрна, вода, сол и можеби пиво наместо квасец. Тогаш, на тестото за древната форма на пица му додавале зеленчук или риба“, рекол тој.

The post Пица стара 2.000 години: Во Помпеја е откриена фреска на која е насликан познатиот италијански специјалитет appeared first on Република.

]]>
Сочувани скелети од двајца мажи загинати во ерупцијата на Везув пронајдени под урнатините на Помпеја https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/sochuvani-skeleti-od-dvajtsa-mazhi-zaginati-vo-eruptsijata-na-vezuv-pronajdeni-pod-urnatinite-na-pompeja/ Sat, 20 May 2023 07:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=642892

Остатоци од две лица се пронајдени во урнатините на Помпеја, античкиот римски град кој исчезнал во ерупција на вулканот Везув пред 2.000 години. Како што соопшти италијанското Министерство за култура, скелетите се пронајдени во Куќата на чесните љубовници и најверојатно се на двајца мажи на возраст од 50 години кои загинале во земјотресот што ја придружувал ерупцијата.

Директорот на Археолошкиот парк Габриел Цухтригел изјави дека тие не загинале од вулканска пепел, туку од уривање на ѕидовите, чии фрагменти биле пронајдени меѓу нивните згмечени коски.

Современите техники на ископување ни помагаат подобро да го разбереме пеколот што ја уништи Помпеја за два дена, убивајќи ги жителите“, вели германскиот археолог.

Околу 13.000 луѓе живееле во Помпеја, околу 23 километри југоисточно од Неапол, до 79-та година, кога вулканот еруптирал со сила еднаква на многу атомски бомби. Најмалку 15 до 20 проценти од населението загинале. Во последните два и пол века, археолозите пронајдоа останки на повеќе од 1.300 жртви.

Локалитетот Помпеја е откриен дури во 16 век и денес е место на големи археолошки активности во обид да се запрат годините на запоставување и распаѓање, што е можно благодарение на финансискиот проект од 105 милиони евра од Европската Унија.

Италијанскиот министер за култура Џенаро Санџулијано изјави дека конзерваторските работи и понатамошните истражувања продолжуваат.

Откривањето на овие два скелета ни покажува дека имаме уште многу да истражуваме, да спроведеме уште многу ископувања и да пронајдеме уште многу остатоци од огромното богатство за истражување“, изјави Санџулијано .

Помпеја е впишана на листата на светско наследство на УНЕСКО и е втора најпосетувана туристичка дестинација во Италија по Колосеумот во Рим.

The post Сочувани скелети од двајца мажи загинати во ерупцијата на Везув пронајдени под урнатините на Помпеја appeared first on Република.

]]>

Остатоци од две лица се пронајдени во урнатините на Помпеја, античкиот римски град кој исчезнал во ерупција на вулканот Везув пред 2.000 години. Како што соопшти италијанското Министерство за култура, скелетите се пронајдени во Куќата на чесните љубовници и најверојатно се на двајца мажи на возраст од 50 години кои загинале во земјотресот што ја придружувал ерупцијата. Директорот на Археолошкиот парк Габриел Цухтригел изјави дека тие не загинале од вулканска пепел, туку од уривање на ѕидовите, чии фрагменти биле пронајдени меѓу нивните згмечени коски.
Современите техники на ископување ни помагаат подобро да го разбереме пеколот што ја уништи Помпеја за два дена, убивајќи ги жителите“, вели германскиот археолог.
Околу 13.000 луѓе живееле во Помпеја, околу 23 километри југоисточно од Неапол, до 79-та година, кога вулканот еруптирал со сила еднаква на многу атомски бомби. Најмалку 15 до 20 проценти од населението загинале. Во последните два и пол века, археолозите пронајдоа останки на повеќе од 1.300 жртви. Локалитетот Помпеја е откриен дури во 16 век и денес е место на големи археолошки активности во обид да се запрат годините на запоставување и распаѓање, што е можно благодарение на финансискиот проект од 105 милиони евра од Европската Унија. Италијанскиот министер за култура Џенаро Санџулијано изјави дека конзерваторските работи и понатамошните истражувања продолжуваат.
Откривањето на овие два скелета ни покажува дека имаме уште многу да истражуваме, да спроведеме уште многу ископувања и да пронајдеме уште многу остатоци од огромното богатство за истражување“, изјави Санџулијано .
Помпеја е впишана на листата на светско наследство на УНЕСКО и е втора најпосетувана туристичка дестинација во Италија по Колосеумот во Рим.

The post Сочувани скелети од двајца мажи загинати во ерупцијата на Везув пронајдени под урнатините на Помпеја appeared first on Република.

]]>