помош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pomosh/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jan 2024 08:59:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png помош Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pomosh/ 32 32 Зеленски: Намалувањето на помошта од САД за Украина ќе биде лош сигнал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-namaluvaneto-na-pomoshta-od-sad-za-ukraina-ke-bide-losh-signal/ Mon, 29 Jan 2024 08:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=738006

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска предупреди дека намалувањето на помошта од САД за Украина би било лош сигнал.

Пасивноста на CАД или недостигот на поддршка би биле лош сигнал. Ова не би било фер кон никого“, рече украинскиот претседател во интервју за германската телевизија Цет Де Еф.

Тој го даде овој коментар во време кога во американскиот Конгрес е блокиран уште еден пакет помош за Украина.

САД се нашиот партнер број еден“, истакна Зеленски.

Откако му обезбеди на Киев оружје во вредност од десетици милијарди долари од почетокот на руската инвазија на Украина, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден остана без средства на крајот на 2023 година.

Американскиот претседател Џо Бајден побара од Конгресот да одобри околу 61 милијарда долари дополнителни средства за Украина, но преговорите со републиканците во врска со прашањето за имиграцијата во САД се во застој.

The post Зеленски: Намалувањето на помошта од САД за Украина ќе биде лош сигнал appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска предупреди дека намалувањето на помошта од САД за Украина би било лош сигнал.
Пасивноста на CАД или недостигот на поддршка би биле лош сигнал. Ова не би било фер кон никого“, рече украинскиот претседател во интервју за германската телевизија Цет Де Еф.
Тој го даде овој коментар во време кога во американскиот Конгрес е блокиран уште еден пакет помош за Украина.
САД се нашиот партнер број еден“, истакна Зеленски.
Откако му обезбеди на Киев оружје во вредност од десетици милијарди долари од почетокот на руската инвазија на Украина, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден остана без средства на крајот на 2023 година. Американскиот претседател Џо Бајден побара од Конгресот да одобри околу 61 милијарда долари дополнителни средства за Украина, но преговорите со републиканците во врска со прашањето за имиграцијата во САД се во застој.

The post Зеленски: Намалувањето на помошта од САД за Украина ќе биде лош сигнал appeared first on Република.

]]>
СЗО бара 1,5 милијарди долари за итна здравствена помош во 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-bara-1-5-milijardi-dolari-za-itna-zdravstvena-pomosh-vo-2024-godina/ Mon, 15 Jan 2024 16:41:08 +0000 https://republika.mk/?p=733359

Здравствената агенција на ОН (СЗО) денеска соопшти дека ѝ се потребни 1,5 милијарди долари во 2024 година за спасувачка помош на десетици милиони луѓе заробени во здравствени итни случаи, вклучително и во Украина и Газа.

Светската здравствена организација предупреди дека на речиси 300 милиони луѓе во светот се очекува да им биде потребна хуманитарна помош и заштита оваа година.

Меѓу нив, „околу 166 милиони луѓе ќе имаат потреба од хуманитарна здравствена помош за спасување на живот“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на настанот за промоција во Женева.

Тој рече дека неговата агенција има за цел да стигне до околу 87 милиони од оние на кои им е најпотребна, и дека ќе бара 1,5 милијарди долари за да го стори тоа.

- Како што започнува 2024 година, СЗО веќе реагира на 41 здравствена криза, вклучително и 15 од итни случаи на највисоко ниво, истакна Тедрос.

The post СЗО бара 1,5 милијарди долари за итна здравствена помош во 2024 година appeared first on Република.

]]>

Здравствената агенција на ОН (СЗО) денеска соопшти дека ѝ се потребни 1,5 милијарди долари во 2024 година за спасувачка помош на десетици милиони луѓе заробени во здравствени итни случаи, вклучително и во Украина и Газа. Светската здравствена организација предупреди дека на речиси 300 милиони луѓе во светот се очекува да им биде потребна хуманитарна помош и заштита оваа година. Меѓу нив, „околу 166 милиони луѓе ќе имаат потреба од хуманитарна здравствена помош за спасување на живот“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на настанот за промоција во Женева. Тој рече дека неговата агенција има за цел да стигне до околу 87 милиони од оние на кои им е најпотребна, и дека ќе бара 1,5 милијарди долари за да го стори тоа. - Како што започнува 2024 година, СЗО веќе реагира на 41 здравствена криза, вклучително и 15 од итни случаи на највисоко ниво, истакна Тедрос.

The post СЗО бара 1,5 милијарди долари за итна здравствена помош во 2024 година appeared first on Република.

]]>
Армијата ќе добие девет милиони евра во опрема од Европскиот мировен фонд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/armijata-ke-dobie-devet-milioni-evra-vo-oprema-od-evropskiot-miroven-fond/ Wed, 10 Jan 2024 13:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=731601

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска и директорот на словенечката организација за унапредување на човековата безбедност – ИТФ, Томаж Ловренчич денеска потпишаа Меморандум за разбирање за првиот билатерален проект помеѓу земјава и Европскиот мировен фонд. Со тоа почнуваат активностите за реализација на поддршката во опрема за пешадиската баталјонска група на нашата Армија во вредност од девет милиони евра.

Овие средства ќе бидат искористени за набавка на логистичка опрема, медицинска опрема, комуникациски-информатички системи, разузнавачки капацитети, инженерска опрема и опрема за изведување обуки - информира Петровска на прес-конференција по потпишувањето на Меморандумот.

Согласно Меморандумот, при набавката на опремата која ќе ја реализира ИТФ консултиран е Генералштабот на Армијата, а во согласност со потребите на земјава, но и највисоките НАТО стандарди.

Оваа поддршка, како што нагласи Петровска, ја потврдува стратешката цел на државата, односно членството на земјава во Европската Унија. Таа исто така потенцираше дека и Европската Комисија констатираше добро ниво на подготвеност и добар напредок во однос на усогласувањето на земјата со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, коешто, како што истакна, беше потврдено и со билатералниот скрининг за ова поглавје.

Европскиот амбасадор, Дејвид Гир, истакна дека со овој проект во рамки на одбранбениот сектор, при Европскиот мировен фонд, Европската Унија посветува девет милиони евра за поддршка на Армијата.

Сметам дека ова е еден од првите придонеси од страна на Европскиот мировен фонд покрај нашата поддршка на Украина. При унапредување на несмртносната опрема којашто е достапна на листата на пешадиска баталјонска група ќе помогнеме на Армијата да стане поагилна и на тој начин ќе дадеме придонес во зголемување на нејзиното учество во мировните операции во рамките на заедничката и надворешната одбранбена политика - рече Гир.

Додаде дека ова се прави поради тоа што земјава се докажа во нејзината посветеност на заедничките цели со ЕУ и нејзината усогласеност со Европската заедничка безбедносна политика.

Директорот на ИТФ, Томаж Ловренчич, посочи дека со нетрпение се очекува соработката од партнерството со Министерството за одбрана во рамки на имплементацијата на оваа донација согласно планираните активности.

Активностите веќе започнаа и во последните неколку месеци, следната година и половина ќе го видиме заклучувањето на процесите за набавка и испораката на опремата и сметам дека тоа ќе биде видлив приказ на посветеноста на ЕУ и нејзината политика на пристапување, како и надворешната политика во поглед на зајакнатото партнерство со Македонија - изјави Ловренчич, кој додаде дека овој нов инструмент прв пат е претставен на овој регион и ќе биде пример за да го следат и другите.

На прашањето колку има постигнато Министерството за одбрана во последниот период во врска со ваквите соработки како и пристапната помош од ЕУ во однос на реформите но и воопшто на целата држава и сите институции со оглед на честите критики, Гир одговори дека во редовниот извештај којшто го изработува ЕК објавен во ноември минатата година се истакнува дека има добар напредок во поглед на заедничката безбедносна надворешна политика.

Сметам дека тоа беше еден од најпозитивните аспекти од извештајот за земјата, што значи дека ние продолжуваме да бидеме посветени во давањето на поддршка на реформите во оваа област. Оваа поддршка којашто денеска ја истакнавме не е еднократна, туку ја гледаме како еден долгорочен однос во поглед на градењето на капацитетите на земјата во рамките на одбраната како клучен партнер во рамките на ЕУ, а се разбира и како НАТО партнер - посочи Гир.

Петровска во однос на ова прашање укажа дека извештајот на ЕК минатата година го нотираше напредокот кој е постигнат во одбранбената политика, односно реформите кои се спроведуваат во Министерството за одбрана и во Армијата генерално.

Таа образложи две важни работи за да биде одбраната на потребното ниво, доброто планирање коешто, како што рече, е направено со долгорочните стратешки планови за развој на одбранбените капацитети на македонската армија и на одбраната, како и стабилното и навремено финансирање.

Тие се два клучни елементи кои гарантираат дека во годините коишто престојат она што е зацртано како план за модернизација и за поттикнување на капацитетите, а тоа претставува своевидна реформа, дека всушност ќе биде имплементирано - рече Петровска.

Очекува месецов пред Владата да се презентира планот за реформа на системот за управување со кризи – цивилна заштита, додека законот за критична инфраструктура што првпат ќе се носи во државава е во завршна фаза на консултации. Ова, посочи министерката, се само дел од реформите што се спроведуваат.

The post Армијата ќе добие девет милиони евра во опрема од Европскиот мировен фонд appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска и директорот на словенечката организација за унапредување на човековата безбедност – ИТФ, Томаж Ловренчич денеска потпишаа Меморандум за разбирање за првиот билатерален проект помеѓу земјава и Европскиот мировен фонд. Со тоа почнуваат активностите за реализација на поддршката во опрема за пешадиската баталјонска група на нашата Армија во вредност од девет милиони евра.
Овие средства ќе бидат искористени за набавка на логистичка опрема, медицинска опрема, комуникациски-информатички системи, разузнавачки капацитети, инженерска опрема и опрема за изведување обуки - информира Петровска на прес-конференција по потпишувањето на Меморандумот.
Согласно Меморандумот, при набавката на опремата која ќе ја реализира ИТФ консултиран е Генералштабот на Армијата, а во согласност со потребите на земјава, но и највисоките НАТО стандарди. Оваа поддршка, како што нагласи Петровска, ја потврдува стратешката цел на државата, односно членството на земјава во Европската Унија. Таа исто така потенцираше дека и Европската Комисија констатираше добро ниво на подготвеност и добар напредок во однос на усогласувањето на земјата со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, коешто, како што истакна, беше потврдено и со билатералниот скрининг за ова поглавје. Европскиот амбасадор, Дејвид Гир, истакна дека со овој проект во рамки на одбранбениот сектор, при Европскиот мировен фонд, Европската Унија посветува девет милиони евра за поддршка на Армијата.
Сметам дека ова е еден од првите придонеси од страна на Европскиот мировен фонд покрај нашата поддршка на Украина. При унапредување на несмртносната опрема којашто е достапна на листата на пешадиска баталјонска група ќе помогнеме на Армијата да стане поагилна и на тој начин ќе дадеме придонес во зголемување на нејзиното учество во мировните операции во рамките на заедничката и надворешната одбранбена политика - рече Гир.
Додаде дека ова се прави поради тоа што земјава се докажа во нејзината посветеност на заедничките цели со ЕУ и нејзината усогласеност со Европската заедничка безбедносна политика. Директорот на ИТФ, Томаж Ловренчич, посочи дека со нетрпение се очекува соработката од партнерството со Министерството за одбрана во рамки на имплементацијата на оваа донација согласно планираните активности.
Активностите веќе започнаа и во последните неколку месеци, следната година и половина ќе го видиме заклучувањето на процесите за набавка и испораката на опремата и сметам дека тоа ќе биде видлив приказ на посветеноста на ЕУ и нејзината политика на пристапување, како и надворешната политика во поглед на зајакнатото партнерство со Македонија - изјави Ловренчич, кој додаде дека овој нов инструмент прв пат е претставен на овој регион и ќе биде пример за да го следат и другите.
На прашањето колку има постигнато Министерството за одбрана во последниот период во врска со ваквите соработки како и пристапната помош од ЕУ во однос на реформите но и воопшто на целата држава и сите институции со оглед на честите критики, Гир одговори дека во редовниот извештај којшто го изработува ЕК објавен во ноември минатата година се истакнува дека има добар напредок во поглед на заедничката безбедносна надворешна политика.
Сметам дека тоа беше еден од најпозитивните аспекти од извештајот за земјата, што значи дека ние продолжуваме да бидеме посветени во давањето на поддршка на реформите во оваа област. Оваа поддршка којашто денеска ја истакнавме не е еднократна, туку ја гледаме како еден долгорочен однос во поглед на градењето на капацитетите на земјата во рамките на одбраната како клучен партнер во рамките на ЕУ, а се разбира и како НАТО партнер - посочи Гир.
Петровска во однос на ова прашање укажа дека извештајот на ЕК минатата година го нотираше напредокот кој е постигнат во одбранбената политика, односно реформите кои се спроведуваат во Министерството за одбрана и во Армијата генерално. Таа образложи две важни работи за да биде одбраната на потребното ниво, доброто планирање коешто, како што рече, е направено со долгорочните стратешки планови за развој на одбранбените капацитети на македонската армија и на одбраната, како и стабилното и навремено финансирање.
Тие се два клучни елементи кои гарантираат дека во годините коишто престојат она што е зацртано како план за модернизација и за поттикнување на капацитетите, а тоа претставува своевидна реформа, дека всушност ќе биде имплементирано - рече Петровска.
Очекува месецов пред Владата да се презентира планот за реформа на системот за управување со кризи – цивилна заштита, додека законот за критична инфраструктура што првпат ќе се носи во државава е во завршна фаза на консултации. Ова, посочи министерката, се само дел од реформите што се спроведуваат.

The post Армијата ќе добие девет милиони евра во опрема од Европскиот мировен фонд appeared first on Република.

]]>
Хуманитарна помош за првпат влезе во Газа преку преминот Керем Шалом https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/humanitarna-pomosh-za-prvpat-vleze-vo-gaza-preku-preminot-kerem-shalom/ Sun, 17 Dec 2023 15:46:15 +0000 https://republika.mk/?p=724002

Граничниот премин Керем Шалом меѓу Израел и Газа е отворен од денеска за првпат од почетокот на војната, со што е овозможено минување на камиони со хуманитарна помош.

Тој граничен премин беше затворен за камиони од 7 октомври, кога Хамас изврши напади врз јужните израелски населби, по што израелската армија започна офанзива во Газа.

До почетокот на декември, Израел ги отфрлаше повиците на ОН и други за отворање на преминот, но согласност даде минатата недела.

Од денеска камионите на ОН со хуманитарна помош ќе бидат подложени на безбедносна проверка и ќе бидат испратени директно во Газа преку Керем Шалом - соопшти израелската управа КОГАТ одговорна за координација на активностите со палестинските територии.

Објавени се и фотографии од камионите, јави ДПА, повикувајќи се на соопштението на КОГАТ дека со тоа ќе се зголеми дневната помош за Газа.

Досега, ограничени количини хуманитарна помош се испратени од Египет преку преминот Рафа, што не е доволно опремен за проверка на голем број камиони.

The post Хуманитарна помош за првпат влезе во Газа преку преминот Керем Шалом appeared first on Република.

]]>

Граничниот премин Керем Шалом меѓу Израел и Газа е отворен од денеска за првпат од почетокот на војната, со што е овозможено минување на камиони со хуманитарна помош. Тој граничен премин беше затворен за камиони од 7 октомври, кога Хамас изврши напади врз јужните израелски населби, по што израелската армија започна офанзива во Газа. До почетокот на декември, Израел ги отфрлаше повиците на ОН и други за отворање на преминот, но согласност даде минатата недела.
Од денеска камионите на ОН со хуманитарна помош ќе бидат подложени на безбедносна проверка и ќе бидат испратени директно во Газа преку Керем Шалом - соопшти израелската управа КОГАТ одговорна за координација на активностите со палестинските територии.
Објавени се и фотографии од камионите, јави ДПА, повикувајќи се на соопштението на КОГАТ дека со тоа ќе се зголеми дневната помош за Газа. Досега, ограничени количини хуманитарна помош се испратени од Египет преку преминот Рафа, што не е доволно опремен за проверка на голем број камиони.

The post Хуманитарна помош за првпат влезе во Газа преку преминот Керем Шалом appeared first on Република.

]]>
Сите заедно за Бошко Јанкулов – да помогнеме да го победи ракот! https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/site-zaedno-za-boshko-jankulov-da-pomogneme-da-go-pobedi-rakot/ Tue, 12 Dec 2023 20:44:29 +0000 https://republika.mk/?p=722351

Бошко Јанкулов (19) од Кавадарци, боледува од малиген карцином на коски, карлица и бели дробови.
Потребни се 75.000 евра за лекување во Турција.
Сметката за донации е во рамките на апелот:

The post Сите заедно за Бошко Јанкулов – да помогнеме да го победи ракот! appeared first on Република.

]]>

Бошко Јанкулов (19) од Кавадарци, боледува од малиген карцином на коски, карлица и бели дробови. Потребни се 75.000 евра за лекување во Турција. Сметката за донации е во рамките на апелот:

The post Сите заедно за Бошко Јанкулов – да помогнеме да го победи ракот! appeared first on Република.

]]>
ММФ одобри 900 милиони долари за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mmf-odobri-900-milioni-dolari-za-ukraina/ Tue, 12 Dec 2023 08:11:34 +0000 https://republika.mk/?p=722000

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) вчера одобри исплата на 900 милиони американски долари за Украина и нејзините потреби за време на руската агресија врз таа земја.

Ова е втор преглед на програмата за заем за Украина, а воедно директорката на ММФ Кристалина Георгиева вчера се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Притоа, таа му потврдила дека Извршниот одбор на ММФ е едногласен во поддршката на неговата земја, освен, се разбира, на една земја, а тоа е Русија.

„И покрај деликатните времиња и тешката ситуација, украинската економија се покажа како отпорна дури и за време на руската инвазија и агресија што продолжува. Очекувам продолжување на закрепнувањето, а клучот во сè е надворешното финансирање, кое мора да продолжи на навремена и предвидлива основа “, рече Георгиева во таа прилика.

Украинските власти можат веднаш да ја повлечат споменатата помош од 900 милиони американски долари, што ги зголеми вкупните средства на ММФ за Украина оваа година на 4,5 милијарди американски долари.

The post ММФ одобри 900 милиони долари за Украина appeared first on Република.

]]>

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) вчера одобри исплата на 900 милиони американски долари за Украина и нејзините потреби за време на руската агресија врз таа земја. Ова е втор преглед на програмата за заем за Украина, а воедно директорката на ММФ Кристалина Георгиева вчера се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Притоа, таа му потврдила дека Извршниот одбор на ММФ е едногласен во поддршката на неговата земја, освен, се разбира, на една земја, а тоа е Русија. „И покрај деликатните времиња и тешката ситуација, украинската економија се покажа како отпорна дури и за време на руската инвазија и агресија што продолжува. Очекувам продолжување на закрепнувањето, а клучот во сè е надворешното финансирање, кое мора да продолжи на навремена и предвидлива основа “, рече Георгиева во таа прилика. Украинските власти можат веднаш да ја повлечат споменатата помош од 900 милиони американски долари, што ги зголеми вкупните средства на ММФ за Украина оваа година на 4,5 милијарди американски долари.

The post ММФ одобри 900 милиони долари за Украина appeared first on Република.

]]>
Борел: Не е време да се намали, туку да се зголеми европската помош за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-ne-e-vreme-da-se-namali-tuku-da-se-zgolemi-evropskata-pomosh-za-ukraina/ Mon, 11 Dec 2023 08:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=721650

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот на денешниот состанок на Европските министри за надворешни работи во Брисел изјави дека се надева „дека нема да биде засегнато европското единство за Украина.
Не е време да ослабнеме туку да се зголеми помошта за Киев, изјави тој.

Според него, досега земјите од ЕУ и обезбедиле на Украина воена помош од околу 26 милијарди евра и неопходно е да се координира помошта што се дава на билатерална основа.

Борел најави дека министрите за надворешни работи ќе разговараат за предлозите за зголемување на помошта за Украина.

The post Борел: Не е време да се намали, туку да се зголеми европската помош за Украина appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот на денешниот состанок на Европските министри за надворешни работи во Брисел изјави дека се надева „дека нема да биде засегнато европското единство за Украина. Не е време да ослабнеме туку да се зголеми помошта за Киев, изјави тој. Според него, досега земјите од ЕУ и обезбедиле на Украина воена помош од околу 26 милијарди евра и неопходно е да се координира помошта што се дава на билатерална основа. Борел најави дека министрите за надворешни работи ќе разговараат за предлозите за зголемување на помошта за Украина.

The post Борел: Не е време да се намали, туку да се зголеми европската помош за Украина appeared first on Република.

]]>
На ОН им требаат 46,4 милијарди долари за помош во „мрачната“ 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-on-im-trebaat-46-4-milijardi-dolari-za-pomosh-vo-mrachnata-2024-godina/ Mon, 11 Dec 2023 07:41:43 +0000 https://republika.mk/?p=721611

Обединетите нации соопштија дека им се потребни 46,4 милијарди долари следната година за помош на околу 180 милиони луѓе ширум светот. ОН соопштија дека глобалната хуманитарна перспектива за 2024 година е „мрачна“, со конфликти, климатски вонредни состојби и економии во колапс што „прават хаос“ на најранливите

Додека глобалното внимание се фокусира на конфликтот што беснее во Појасот Газа, ОН соопштија дека Блискиот Исток, Судан и Авганистан се меѓу жариштата на кои исто така им се потребни големи операции за меѓународна помош.

Хуманитарците спасуваат животи, се борат против гладот, ги штитат децата, ги потиснуваат епидемиите и обезбедуваат засолниште и санитарни услови во многу од најнехуманите контексти во светот, нагласи шефот на ОН за помош Мартин Грифитс во изјавата.

Побарувањата во 2023 година беа 56,7 милијарди долари, но добија само 35 отсто од таа сума, што е најлош финансиски недостиг во изминатите години. Тоа им овозможи на агенциите на ОН да достават помош и заштита на 128 милиони луѓе.

The post На ОН им требаат 46,4 милијарди долари за помош во „мрачната“ 2024 година appeared first on Република.

]]>

Обединетите нации соопштија дека им се потребни 46,4 милијарди долари следната година за помош на околу 180 милиони луѓе ширум светот. ОН соопштија дека глобалната хуманитарна перспектива за 2024 година е „мрачна“, со конфликти, климатски вонредни состојби и економии во колапс што „прават хаос“ на најранливите Додека глобалното внимание се фокусира на конфликтот што беснее во Појасот Газа, ОН соопштија дека Блискиот Исток, Судан и Авганистан се меѓу жариштата на кои исто така им се потребни големи операции за меѓународна помош. Хуманитарците спасуваат животи, се борат против гладот, ги штитат децата, ги потиснуваат епидемиите и обезбедуваат засолниште и санитарни услови во многу од најнехуманите контексти во светот, нагласи шефот на ОН за помош Мартин Грифитс во изјавата. Побарувањата во 2023 година беа 56,7 милијарди долари, но добија само 35 отсто од таа сума, што е најлош финансиски недостиг во изминатите години. Тоа им овозможи на агенциите на ОН да достават помош и заштита на 128 милиони луѓе.

The post На ОН им требаат 46,4 милијарди долари за помош во „мрачната“ 2024 година appeared first on Република.

]]>
Исплатата почна од овој месец: Кој има право на пари од владината помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/isplatata-pochna-od-ovoj-mesets-koj-ima-pravo-na-pari-od-vladinata-pomosh/ Sat, 09 Dec 2023 12:32:20 +0000 https://republika.mk/?p=721253

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, за справување со енергетската и ценовната криза, предложен од Министерството за труд и социјална политика, а за што беше донесена владина одлука, соопшти владината прес служба.

Овој Предлог на закон, којшто значи државна финансиска поддршка на повеќе ранливи категории на граѓани за справување со продолжените ефекти од енергетската и ценовната криза, Владата го испраќа до Собранието со предлог да биде разгледан и усвоен по скратена постапка.

Со законското решение што се предлага се уредуваат корисниците на финансиската поддршка и висината, начинот за обезбедување и исплатата на финансиската поддршка на социјално ранливите категории на граѓани.

Корисници на финансиската поддршка којашто се обезбедува согласно Предлогот на закон, се лица од социјално ранлива категорија на граѓани, односно:

- корисници на посебен додаток;

- корисници на правото на надоместок заради попреченост;

- самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош;

- корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари;

- ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари и

- студенти кои живеат надвор од местото на студирање.

Финансиската поддршка за корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост и самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош – е предвидено да изнесува 2.000 денари месечно, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.

Финансиската поддршка за корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари, за период од пет месеци, е предвидено да започне исто така од месец декември 2023 година и да изнесува:

- 3.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка;

- 2.000 денари месечно корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 денари до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка и

-1.500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 денари до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка.

Финансиската поддршка за ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари е предвидено да изнесува 1.200 денари за ученици во основно образование, односно 1.800 денари за ученици во средно образование за период од шест месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.

Финансиската поддршка за студенти кои живеат надвор од местото на студирање е предвидена во висина на месечниот билет за меѓуградски сообраќај од местото на живеење на студентот до местото на студирањето, во износ не помал од 600 денари и не поголем од 1.200 денари месечно, за период од седум месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.

Исплатата на финансиската поддршка за: корисници на посебен додаток; корисници на правото на надоместок заради попреченост; самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари е предвидено да се изврши без поднесување на барање од страна на корисниците, врз основа на податоците од евиденциите на центрите за социјална работа и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, за остварено право во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка. Датумот на исплата на финансиската поддршка е предвидено да се објави на веб-страницата на Генералниот секретаријат на Владата на Република  Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на  Македонија и Министерството за образование и наука, најдоцна до 5-ти во месецот за тековниот месец.

За стекнување на правото за финансиска поддршка на ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари, Министерството за образование и наука објавува повик на својата веб-страница, којшто е предвидено да трае 7 дена од денот на објавувањето, а заедно со повикот да бидат објавени и соодветните документи за пријава. Пријавата се поднесува во училиштето во кое ученикот е запишан. За учениците кои не се пријавиле или не ги исполниле условите за добивање финансиска поддршка на претходните повици, предвидено е Министерството за образование и наука секој месец да објавува повик, најдоцна до 5-от ден во месецот, а којшто повик трае 7 дена од денот на објавувањето.

За стекнување на правото за финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање предвидено е Министерството за образование и наука да објави повик на својата веб-страница, во времетраење од 7 дена од денот на објавувањето. За добивање на финансиската поддршка, студентот се пријавува на апликацијата e-uslugi.mon.gov.mk и внесува и приложува податоци и докази што се посочени како потребни. Министерството за образование и наука, по извршената проверка на податоците и доказите, во рок од 5 работни дена од денот на пријавувањето на студентот за добивање на финансиската поддршка, ќе утврди статус на прифатено или одбиено барање за финансиска поддршка во самата апликација.

За студентите кои не се пријавиле или не ги исполниле условите за добивање на финансиската поддршка на претходните повици, предвидено е Министерството за образование и наука да објавува повик секој месец, во времетраење од 7 дена од денот на објавувањето, а најдоцна до 5-от ден во месецот. Во Предлогот на закон е предвидена обврска на државните универзитети, секој месец, најдоцна до 10-ти во месецот, до Министерството за образование и наука да доставуваат список на редовни студенти за претходниот месец, со цел проверка на податоците.

Целта на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, за справување со енергетската и ценовната криза е обезбедување финансиска поддршка за социјално ранливите категории на граѓани.

The post Исплатата почна од овој месец: Кој има право на пари од владината помош appeared first on Република.

]]>

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, за справување со енергетската и ценовната криза, предложен од Министерството за труд и социјална политика, а за што беше донесена владина одлука, соопшти владината прес служба. Овој Предлог на закон, којшто значи државна финансиска поддршка на повеќе ранливи категории на граѓани за справување со продолжените ефекти од енергетската и ценовната криза, Владата го испраќа до Собранието со предлог да биде разгледан и усвоен по скратена постапка. Со законското решение што се предлага се уредуваат корисниците на финансиската поддршка и висината, начинот за обезбедување и исплатата на финансиската поддршка на социјално ранливите категории на граѓани. Корисници на финансиската поддршка којашто се обезбедува согласно Предлогот на закон, се лица од социјално ранлива категорија на граѓани, односно: - корисници на посебен додаток; - корисници на правото на надоместок заради попреченост; - самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош; - корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари; - ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари и - студенти кои живеат надвор од местото на студирање. Финансиската поддршка за корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост и самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош – е предвидено да изнесува 2.000 денари месечно, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година. Финансиската поддршка за корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари, за период од пет месеци, е предвидено да започне исто така од месец декември 2023 година и да изнесува: - 3.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка; - 2.000 денари месечно корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 денари до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка и -1.500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 денари до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка. Финансиската поддршка за ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари е предвидено да изнесува 1.200 денари за ученици во основно образование, односно 1.800 денари за ученици во средно образование за период од шест месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година. Финансиската поддршка за студенти кои живеат надвор од местото на студирање е предвидена во висина на месечниот билет за меѓуградски сообраќај од местото на живеење на студентот до местото на студирањето, во износ не помал од 600 денари и не поголем од 1.200 денари месечно, за период од седум месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година. Исплатата на финансиската поддршка за: корисници на посебен додаток; корисници на правото на надоместок заради попреченост; самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари е предвидено да се изврши без поднесување на барање од страна на корисниците, врз основа на податоците од евиденциите на центрите за социјална работа и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, за остварено право во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка. Датумот на исплата на финансиската поддршка е предвидено да се објави на веб-страницата на Генералниот секретаријат на Владата на Република  Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на  Македонија и Министерството за образование и наука, најдоцна до 5-ти во месецот за тековниот месец. За стекнување на правото за финансиска поддршка на ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари, Министерството за образование и наука објавува повик на својата веб-страница, којшто е предвидено да трае 7 дена од денот на објавувањето, а заедно со повикот да бидат објавени и соодветните документи за пријава. Пријавата се поднесува во училиштето во кое ученикот е запишан. За учениците кои не се пријавиле или не ги исполниле условите за добивање финансиска поддршка на претходните повици, предвидено е Министерството за образование и наука секој месец да објавува повик, најдоцна до 5-от ден во месецот, а којшто повик трае 7 дена од денот на објавувањето. За стекнување на правото за финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање предвидено е Министерството за образование и наука да објави повик на својата веб-страница, во времетраење од 7 дена од денот на објавувањето. За добивање на финансиската поддршка, студентот се пријавува на апликацијата e-uslugi.mon.gov.mk и внесува и приложува податоци и докази што се посочени како потребни. Министерството за образование и наука, по извршената проверка на податоците и доказите, во рок од 5 работни дена од денот на пријавувањето на студентот за добивање на финансиската поддршка, ќе утврди статус на прифатено или одбиено барање за финансиска поддршка во самата апликација. За студентите кои не се пријавиле или не ги исполниле условите за добивање на финансиската поддршка на претходните повици, предвидено е Министерството за образование и наука да објавува повик секој месец, во времетраење од 7 дена од денот на објавувањето, а најдоцна до 5-от ден во месецот. Во Предлогот на закон е предвидена обврска на државните универзитети, секој месец, најдоцна до 10-ти во месецот, до Министерството за образование и наука да доставуваат список на редовни студенти за претходниот месец, со цел проверка на податоците. Целта на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, за справување со енергетската и ценовната криза е обезбедување финансиска поддршка за социјално ранливите категории на граѓани.

The post Исплатата почна од овој месец: Кој има право на пари од владината помош appeared first on Република.

]]>
Шолц: Германската буџетска криза нема да влијае на помошта за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-germanskata-budhetska-kriza-nema-da-vlijae-na-pomoshta-za-ukraina/ Sat, 09 Dec 2023 11:31:35 +0000 https://republika.mk/?p=721243

И покрај буџетската криза со која се соочува германската влада, канцеларот Олаф Шолц се обиде да ја увери Украина за континуирана поддршка во нејзината борба против тековната руска инвазија.

Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина финансиски и со испорака на оружје - рече Шолц на денешната конференција на неговата Социјалдемократска партија (СПД) во Берлин.

Тој изјави дека Германија мора да остане во позиција да ја продолжи својата поддршка за Украина, па дури и да ја зголеми помошта доколку е потребно. Владата ќе донесе одлуки „кои ќе не задржат во позиција да продолжиме да го правиме тоа“.

Рускиот претседател Владимир Путин „не треба и не смее“ да очекува Германија да ја намали помошта за Украина - нагласи Шолц.

Според вкупната вредност, Германија е втор по големина снабдувач на воена помош за Украина зад Соединетите држави, вклучувајќи главни борбени тенкови, тешка артилерија и системи за воздушна одбрана.

Владата на Шолц се бори околу тоа како да ја затвори огромната дупка од 17 милијарди евра (18 милијарди долари) во буџетот за следната година, како резултат на историската судска одлука со која беа укинати плановите за трошење поддржани од долгови.

Нема да има демонтажа на социјалната држава во Германија - вети Шолц.

The post Шолц: Германската буџетска криза нема да влијае на помошта за Украина appeared first on Република.

]]>

И покрај буџетската криза со која се соочува германската влада, канцеларот Олаф Шолц се обиде да ја увери Украина за континуирана поддршка во нејзината борба против тековната руска инвазија.
Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина финансиски и со испорака на оружје - рече Шолц на денешната конференција на неговата Социјалдемократска партија (СПД) во Берлин.
Тој изјави дека Германија мора да остане во позиција да ја продолжи својата поддршка за Украина, па дури и да ја зголеми помошта доколку е потребно. Владата ќе донесе одлуки „кои ќе не задржат во позиција да продолжиме да го правиме тоа“.
Рускиот претседател Владимир Путин „не треба и не смее“ да очекува Германија да ја намали помошта за Украина - нагласи Шолц.
Според вкупната вредност, Германија е втор по големина снабдувач на воена помош за Украина зад Соединетите држави, вклучувајќи главни борбени тенкови, тешка артилерија и системи за воздушна одбрана. Владата на Шолц се бори околу тоа како да ја затвори огромната дупка од 17 милијарди евра (18 милијарди долари) во буџетот за следната година, како резултат на историската судска одлука со која беа укинати плановите за трошење поддржани од долгови.
Нема да има демонтажа на социјалната држава во Германија - вети Шолц.

The post Шолц: Германската буџетска криза нема да влијае на помошта за Украина appeared first on Република.

]]>
СЗО испорача материјали за две болници во јужна Газа, прв пат по 29 ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-isporacha-materijali-za-dve-bolnitsi-vo-juzhna-gaza-prv-pat-po-29-noemvri/ Thu, 07 Dec 2023 21:28:06 +0000 https://republika.mk/?p=720878

Светската здравствена организација (СЗО) успеа да испорача залихи на две болници во јужниот дел на Газа кои не добиле никакви породувања од 29 ноември, според генералниот директор на организацијата.

Денес СЗО достави и материјали за помош при траума и итна нега на Европската болница Газа и медицинскиот комплекс Насер во јужна Газа за да ги покрие потребите на 4500 пациенти, рече генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејезус во објава на платформата на социјалните мрежи X.

Шефот на СЗО го истакна штетното влијание на „интензивните борби“ во јужниот дел на Газа, велејќи дека борбите го отежнуваат пристапот , бидејќи „сè повеќе не може да се спроведат какви било здравствени операции“.

Ова беше прва мисија за испорака од 29 ноември, додаде Тедрос.

Од вторникот, израелските одбранбени сили се вклучени во „интензивни битки“ со борците на Хамас во градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа.

Видеото до кое дојде денеска новинската агенција Ројтерс покажува дека голем број повредени Палестинци брзаат во болницата Насер во Газа по налетот на израелските напади, објави Си-Ен-Ен.

Гебрејезус повтори дека неговата организација останува „екстремно загрижена“ за илјадниците „пациенти и здравствени работници“ во Газа, нагласувајќи дека единствениот начин да се заштитат е со итно спроведување на прекин на огнот.

The post СЗО испорача материјали за две болници во јужна Газа, прв пат по 29 ноември appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) успеа да испорача залихи на две болници во јужниот дел на Газа кои не добиле никакви породувања од 29 ноември, според генералниот директор на организацијата. Денес СЗО достави и материјали за помош при траума и итна нега на Европската болница Газа и медицинскиот комплекс Насер во јужна Газа за да ги покрие потребите на 4500 пациенти, рече генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејезус во објава на платформата на социјалните мрежи X. Шефот на СЗО го истакна штетното влијание на „интензивните борби“ во јужниот дел на Газа, велејќи дека борбите го отежнуваат пристапот , бидејќи „сè повеќе не може да се спроведат какви било здравствени операции“. Ова беше прва мисија за испорака од 29 ноември, додаде Тедрос. Од вторникот, израелските одбранбени сили се вклучени во „интензивни битки“ со борците на Хамас во градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа. Видеото до кое дојде денеска новинската агенција Ројтерс покажува дека голем број повредени Палестинци брзаат во болницата Насер во Газа по налетот на израелските напади, објави Си-Ен-Ен. Гебрејезус повтори дека неговата организација останува „екстремно загрижена“ за илјадниците „пациенти и здравствени работници“ во Газа, нагласувајќи дека единствениот начин да се заштитат е со итно спроведување на прекин на огнот.

The post СЗО испорача материјали за две болници во јужна Газа, прв пат по 29 ноември appeared first on Република.

]]>
Пензионерите во Србија ќе добијат еднократна помош од 10.000 динари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/penzionerite-vo-srbija-ke-dobijat-ednokratna-pomosh-od-10-000-dinari/ Thu, 30 Nov 2023 09:04:37 +0000 https://republika.mk/?p=717837

Пензионерите во Србија денеска на своите банкарски сметки ќе добијат еднократна државна помош од 10.000 динари (едно евро = 116,73 динари).

Државата одвои повеќе од 33 милијарди динари дополнителна помош за нашите најстари сограѓани, што е во согласност со актуелната државна политика за грижа за заедницата и поединецот во годините на криза, изјави вицепремиерот на Владата на Србија и министер за финансии, Синиша Мали

Тој наведе дека тоа е петта еднократна помош за пензионерите во Србија во изминатите четири години од почетокот на пандемијата со Ковид-19, војната во Украина, енергетската криза и конфликтите во Појасот Газа.

Во Србија има 1.65 милиони пензионери.

The post Пензионерите во Србија ќе добијат еднократна помош од 10.000 динари appeared first on Република.

]]>

Пензионерите во Србија денеска на своите банкарски сметки ќе добијат еднократна државна помош од 10.000 динари (едно евро = 116,73 динари). Државата одвои повеќе од 33 милијарди динари дополнителна помош за нашите најстари сограѓани, што е во согласност со актуелната државна политика за грижа за заедницата и поединецот во годините на криза, изјави вицепремиерот на Владата на Србија и министер за финансии, Синиша Мали Тој наведе дека тоа е петта еднократна помош за пензионерите во Србија во изминатите четири години од почетокот на пандемијата со Ковид-19, војната во Украина, енергетската криза и конфликтите во Појасот Газа. Во Србија има 1.65 милиони пензионери.

The post Пензионерите во Србија ќе добијат еднократна помош од 10.000 динари appeared first on Република.

]]>
ОН: Храна, лекови, вода и други резерви стигнуваат до северниот дел на Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/on-hrana-lekovi-voda-i-drugi-rezervi-stignuvaat-do-severniot-del-na-gaza/ Tue, 28 Nov 2023 11:58:43 +0000 https://republika.mk/?p=717156

Неколку тони помош беа доставени до северниот дел на Газа, кој го сноси најголемиот товар од воениот напад на Израел.

Залихите вклучуваат готови оброци, вода за пиење, шатори и ќебиња, како и лекови, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Беше испорачано и гориво за производство на електрична енергија и за снабдување со оперативни станици за бигор и третман на отпадни води, како и за пумпни станици за вода.

Водата за пиење им се снабдува на луѓето на југот преку две цевки од Израел, соопшти OCHA.

Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа објави соопштение во кое ја прикажува ситуацијата на бомбардираната територија. Во него, меѓу другото се вели: „На Појасот Газа дневно му се потребни 1.000 камиони со помош за да се опорави, pотребни се стотици камиони со гориво во период од неколку недели, како и опрема за цивилна одбрана, машини и медицински помагала. Здравствениот сектор е целосно пропаднат. Примирјето го откри огромниот обем на уништување, особено во градот Газа и северниот дел на Појасот Газа. Тркалото на животот застана во Газа“.

The post ОН: Храна, лекови, вода и други резерви стигнуваат до северниот дел на Газа appeared first on Република.

]]>

Неколку тони помош беа доставени до северниот дел на Газа, кој го сноси најголемиот товар од воениот напад на Израел. Залихите вклучуваат готови оброци, вода за пиење, шатори и ќебиња, како и лекови, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA). Беше испорачано и гориво за производство на електрична енергија и за снабдување со оперативни станици за бигор и третман на отпадни води, како и за пумпни станици за вода. Водата за пиење им се снабдува на луѓето на југот преку две цевки од Израел, соопшти OCHA. Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа објави соопштение во кое ја прикажува ситуацијата на бомбардираната територија. Во него, меѓу другото се вели: „На Појасот Газа дневно му се потребни 1.000 камиони со помош за да се опорави, pотребни се стотици камиони со гориво во период од неколку недели, како и опрема за цивилна одбрана, машини и медицински помагала. Здравствениот сектор е целосно пропаднат. Примирјето го откри огромниот обем на уништување, особено во градот Газа и северниот дел на Појасот Газа. Тркалото на животот застана во Газа“.

The post ОН: Храна, лекови, вода и други резерви стигнуваат до северниот дел на Газа appeared first on Република.

]]>
Македонија со 4 милијарди евра ќе се ослободува од јагленот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-so-4-milijardi-evra-ke-se-osloboduva-od-jaglenot/ Fri, 17 Nov 2023 10:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=702475

Меѓународни кредитори, вклучително и Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) и Светската банка, ќе одобрат план вреден 4 милијарди евра кој треба да ја оттргне  Македонија од користењето јаглен во енергетиката, потврди првиот човек на ЕБРД за агенцијата Ројтерс.

Договорот, кој треба да биде објавен за време на Климатскиот самит КОП28 во Дубаи кој започнува на 30 ноември, ќе содржи план за затворање на двете преостанати електрани на јаглен во земјата, РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, и нивна замена со обновлива енергија преку капацитети кои ќе произведуваат 1,7 гигавати електрична енергија.

Јагленот во  Македонија претставува 40 проценти од енергетските извори, тој е многу голем и значаен, вели претседателот на ЕБРД, Одиле Рено-Басо за Ројтерс.

Ова е еден пример за тоа што сакаме да го претставиме на КОП, да го претставиме овој пристап и што тој може да придонесе, како и нашата поддршка за земјата.

Македонија е дел од планот наречен „Инвестициска програма за праведна енергетска транзиција“, и опфаќа слични проекти за замена на јагленот со обновливи извори во Јужна Африка, Индонезија, Виетнам и Сенегал, со поддршка на влади, јавни доверители и приватни инвеститори.

Цената на проектот е голема - околу 2.000 евра по глава на жител во Македонија - и ги апострофира проблемите со финансирањето на малите земји во транзицијата кон чиста енергија.

Во 2018 година, Обединетите нации го наведоа главниот град Скопје како најзагаден град во Европа, и земјата работеше на замена на јагленот со чиста енергија. Но, во 2021 година, Македонија повторно ја отвори старата централа Осломеј за да го намали увозот на струја.

Портпарол на Климатскиот инвестициски фонд на Светската банка потврди дека Македонија е кандидат за концесиско финансирање во вредност од 85 милиони долари, и вели дека точната сума ќе биде одредена следната година.

Рено-Басо вели дека освен концесиското финансирање во вредност од 300 до 400 милиони евра, финансирањето ќе дојде од мултилатерални позајмувачи како Меѓународната финансиска корпорација и од приватниот сектор. Светската банка и владата на Македонија досега не одговорија на барањата за коментар за планот.

Македонија се приклучи кон Сојузот за енергија без јаглен во 2021 година. Откако првично планираше да го отстрани јагленот од употреба во 2027 година, рокот потоа беше продолжен за јануари 2030 година. Одложувањето, како и плановите да се отворат два нови рудника за јаглен, за да се обезбеди енергија поради војната во Украина, се слични како и плановите на други земји во ЕУ.

The post Македонија со 4 милијарди евра ќе се ослободува од јагленот appeared first on Република.

]]>

Меѓународни кредитори, вклучително и Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) и Светската банка, ќе одобрат план вреден 4 милијарди евра кој треба да ја оттргне  Македонија од користењето јаглен во енергетиката, потврди првиот човек на ЕБРД за агенцијата Ројтерс. Договорот, кој треба да биде објавен за време на Климатскиот самит КОП28 во Дубаи кој започнува на 30 ноември, ќе содржи план за затворање на двете преостанати електрани на јаглен во земјата, РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, и нивна замена со обновлива енергија преку капацитети кои ќе произведуваат 1,7 гигавати електрична енергија. Јагленот во  Македонија претставува 40 проценти од енергетските извори, тој е многу голем и значаен, вели претседателот на ЕБРД, Одиле Рено-Басо за Ројтерс. Ова е еден пример за тоа што сакаме да го претставиме на КОП, да го претставиме овој пристап и што тој може да придонесе, како и нашата поддршка за земјата. Македонија е дел од планот наречен „Инвестициска програма за праведна енергетска транзиција“, и опфаќа слични проекти за замена на јагленот со обновливи извори во Јужна Африка, Индонезија, Виетнам и Сенегал, со поддршка на влади, јавни доверители и приватни инвеститори. Цената на проектот е голема - околу 2.000 евра по глава на жител во Македонија - и ги апострофира проблемите со финансирањето на малите земји во транзицијата кон чиста енергија. Во 2018 година, Обединетите нации го наведоа главниот град Скопје како најзагаден град во Европа, и земјата работеше на замена на јагленот со чиста енергија. Но, во 2021 година, Македонија повторно ја отвори старата централа Осломеј за да го намали увозот на струја. Портпарол на Климатскиот инвестициски фонд на Светската банка потврди дека Македонија е кандидат за концесиско финансирање во вредност од 85 милиони долари, и вели дека точната сума ќе биде одредена следната година. Рено-Басо вели дека освен концесиското финансирање во вредност од 300 до 400 милиони евра, финансирањето ќе дојде од мултилатерални позајмувачи како Меѓународната финансиска корпорација и од приватниот сектор. Светската банка и владата на Македонија досега не одговорија на барањата за коментар за планот. Македонија се приклучи кон Сојузот за енергија без јаглен во 2021 година. Откако првично планираше да го отстрани јагленот од употреба во 2027 година, рокот потоа беше продолжен за јануари 2030 година. Одложувањето, како и плановите да се отворат два нови рудника за јаглен, за да се обезбеди енергија поради војната во Украина, се слични како и плановите на други земји во ЕУ.

The post Македонија со 4 милијарди евра ќе се ослободува од јагленот appeared first on Република.

]]>
Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/egipet-go-odrzhuvame-granichniot-premin-rafah-otvoren-izrael-ja-blokira-pomoshta/ Wed, 15 Nov 2023 08:32:37 +0000 https://republika.mk/?p=701679

Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека граничниот премин Рафах, кој ги поврзува Египет и Појасот Газа, е отворен континуирано од почетокот на кризата во Газа.

Министерството тврди дека Израел е тој што ја спречува испораката на помош до опколената енклава со наметнување процедури и услови.

Портпаролот на министерството Ахмед Абу Зеид остро ги осуди сите тврдења за спротивното и ја потврди непоколебливата поддршка на Египет за палестинскиот народ и неговата солидарност со народот во Газа. Тој ги повика оние кои го проширија или побараа затворање на преминот да ги проверат изјавите на ОН и меѓународните хуманитарни претставници кои го посетија преминот и ги пофали напорите на Египет да го олесни влезот на хуманитарна помош во Газа.

Израелските пречки се причина за доцнењето во обезбедувањето помош за сиромашните меѓу братскиот палестински народ во Газа, заклучи Абу Зеид.

The post Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта appeared first on Република.

]]>

Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека граничниот премин Рафах, кој ги поврзува Египет и Појасот Газа, е отворен континуирано од почетокот на кризата во Газа. Министерството тврди дека Израел е тој што ја спречува испораката на помош до опколената енклава со наметнување процедури и услови. Портпаролот на министерството Ахмед Абу Зеид остро ги осуди сите тврдења за спротивното и ја потврди непоколебливата поддршка на Египет за палестинскиот народ и неговата солидарност со народот во Газа. Тој ги повика оние кои го проширија или побараа затворање на преминот да ги проверат изјавите на ОН и меѓународните хуманитарни претставници кои го посетија преминот и ги пофали напорите на Египет да го олесни влезот на хуманитарна помош во Газа. Израелските пречки се причина за доцнењето во обезбедувањето помош за сиромашните меѓу братскиот палестински народ во Газа, заклучи Абу Зеид.

The post Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта appeared first on Република.

]]>
ЕУ обезбедува дополнителни хуманитарни летови за помош од 55 тони на луѓето во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-obezbeduva-dopolnitelni-humanitarni-letovi-za-pomosh-od-55-toni-na-lugeto-vo-gaza/ Fri, 10 Nov 2023 19:29:11 +0000 https://republika.mk/?p=700389

Европската комисија соопшти дека денеска и утре ќе се реализираат два од вкупно шест дополнителни летови со хуманитарна помош наменети за жителите на Газа.

До крајот на неделата со авиони од италијанскиот град Бриндизи ќе бидат испратени 55 тони помош. Следната недела од Букурешт ќе бидат реализирани три лета, а Романија ќе обезбеди шатори. До крајот на месецот авион со помош на ОН ќе полета од белгискиот град Остенде, се додава во соопштението.

Преку воздушниот мост отворен меѓу ЕУ и Египет, изминатите недели беа реализирани 14 летови и испратена е итна помош од 550 тони.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен прецизира дека се планира помошта да се испраќа и по морски пат. „ЕУ отсекогаш била најголемиот донатор за Палестинците“, рече Фон дер Лајен.

Таа истакна дека ЕУ четирикратно ја зголемила помошта за Газа оваа година на повеќе од 100 милиони евра и дека им дава поддршка на најранливите Палестинци веќе 23 години.

The post ЕУ обезбедува дополнителни хуманитарни летови за помош од 55 тони на луѓето во Газа appeared first on Република.

]]>

Европската комисија соопшти дека денеска и утре ќе се реализираат два од вкупно шест дополнителни летови со хуманитарна помош наменети за жителите на Газа. До крајот на неделата со авиони од италијанскиот град Бриндизи ќе бидат испратени 55 тони помош. Следната недела од Букурешт ќе бидат реализирани три лета, а Романија ќе обезбеди шатори. До крајот на месецот авион со помош на ОН ќе полета од белгискиот град Остенде, се додава во соопштението. Преку воздушниот мост отворен меѓу ЕУ и Египет, изминатите недели беа реализирани 14 летови и испратена е итна помош од 550 тони. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен прецизира дека се планира помошта да се испраќа и по морски пат. „ЕУ отсекогаш била најголемиот донатор за Палестинците“, рече Фон дер Лајен. Таа истакна дека ЕУ четирикратно ја зголемила помошта за Газа оваа година на повеќе од 100 милиони евра и дека им дава поддршка на најранливите Палестинци веќе 23 години.

The post ЕУ обезбедува дополнителни хуманитарни летови за помош од 55 тони на луѓето во Газа appeared first on Република.

]]>
Украина бара нова воена помош од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ukraina-bara-nova-voena-pomosh-od-makedonija/ Mon, 06 Nov 2023 20:49:20 +0000 https://republika.mk/?p=698959

Пред неколку недели е доставен новиот список за нова воена помош во Украина кој се уште е предмет на анализа во Генералштабот на Армијата. Ако можеме да одговориме позитивно списокот веднаш ќе до доставам до Владата и ќе биде усвоен, информира министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Таа во вечерашното гостување во Сител посочи дека Украина има потреба од секаков вид на опрема.

Имаат потреба од секаков вид на вооружување заради тоа што во зависност од тоа какви се нивните планови за водење на копнените и водените дејствија таков вид на опрема побаруваат од нас, посочи министерката.

Додаде дека досега се донирани 12 хеликоптери, за кои рече дека нема да бидат отуѓени сѐ додека не биде склучен договор и додека не бидат донесени во нашата земја новите осум хеликоптери.

Истакна дека сѐ уште не се знае од каде ќе бидат набавени, бидејќи се преиспитуваат дел од доставените понуди.

Петровска воедно најави набавка на воени дронови.

Дроновите се дел од најновата технологија која може да се користи меѓу другото и за војување и за заштита и гарантирање на одбраната на една држава. Беше презентирана анализата од Генералштабот на македонската Армија каде се разбира нивните насоки се позитивни, веќе работат на прецизирање каков вид на дронови и во колкав обем треба да бидат набавени и како сите ќе бидат инкорпорирани во нашиот систем. До крајот на ова година очекувам тимот кој е формиран во Министерството за одбрана и во Армијата да излезат со конкретен предлог за набавка за дроновите - изјави Петровска.

Петровска смета дека Македонија е безбедна, потенцирајќи дека еден од главните приоритети на земјата е зачувување на регионалната безбедност. Како што вели таа, заклучокот за безбедноста на земјата е извлечен врз база на информациите со кои секојдневно се располага.

Според неа, во ситуација кога има безбедносни жаришта на неколку локации во светот, потребно е акцент да се стави на постојаната размена на информации за безбедноста на државата.

Кога имате неколку локации во регионот и пошироко на кои се одвиваат какви било видови на воени дејствија или поместувања многу е важно безбедносно – разузнавачките служби да добиваат навремени и точни информации па вклучително и оние кои ги имаме од наши извори да ги споделуваме со партнерските субјекти - рече министерката за одбрана.

За состојбата во Косово, министерката посочи дека она што е потребно е будно да се следат случувањата, како и двете страни подеднакво да работат и да се вложат во надминување на препреките помеѓу нив.

Министерката се осврна и на инвестициите во Армијата при што ја спомена набавката на лесни оклопни возила од САД, системите за против воздушна одбрана од Франција, артилериските системи од Турција, како и текот на набавката на хеликоптери за кои се очекува набрзо да биде донесена конечна одлука.

Испораката на лесните оклопни возила ќе продолжи и во 2024 година, а до 2025 и 2026 година се очекува да пристигне опремата која е предмет на договорите со Франција и Турција. Во меѓувреме ќе пристигнат и двата хеликоптери кои се на ремонт во Чешка, рече Петровска, а во следниот период тимот задолжен за анализата за набавка на нови хеликоптери ќе реферира за предлогот за набавка - подвлече Петровска.

The post Украина бара нова воена помош од Македонија appeared first on Република.

]]>

Пред неколку недели е доставен новиот список за нова воена помош во Украина кој се уште е предмет на анализа во Генералштабот на Армијата. Ако можеме да одговориме позитивно списокот веднаш ќе до доставам до Владата и ќе биде усвоен, информира министерката за одбрана Славјанка Петровска. Таа во вечерашното гостување во Сител посочи дека Украина има потреба од секаков вид на опрема. Имаат потреба од секаков вид на вооружување заради тоа што во зависност од тоа какви се нивните планови за водење на копнените и водените дејствија таков вид на опрема побаруваат од нас, посочи министерката. Додаде дека досега се донирани 12 хеликоптери, за кои рече дека нема да бидат отуѓени сѐ додека не биде склучен договор и додека не бидат донесени во нашата земја новите осум хеликоптери. Истакна дека сѐ уште не се знае од каде ќе бидат набавени, бидејќи се преиспитуваат дел од доставените понуди. Петровска воедно најави набавка на воени дронови.
Дроновите се дел од најновата технологија која може да се користи меѓу другото и за војување и за заштита и гарантирање на одбраната на една држава. Беше презентирана анализата од Генералштабот на македонската Армија каде се разбира нивните насоки се позитивни, веќе работат на прецизирање каков вид на дронови и во колкав обем треба да бидат набавени и како сите ќе бидат инкорпорирани во нашиот систем. До крајот на ова година очекувам тимот кој е формиран во Министерството за одбрана и во Армијата да излезат со конкретен предлог за набавка за дроновите - изјави Петровска.
Петровска смета дека Македонија е безбедна, потенцирајќи дека еден од главните приоритети на земјата е зачувување на регионалната безбедност. Како што вели таа, заклучокот за безбедноста на земјата е извлечен врз база на информациите со кои секојдневно се располага. Според неа, во ситуација кога има безбедносни жаришта на неколку локации во светот, потребно е акцент да се стави на постојаната размена на информации за безбедноста на државата.
Кога имате неколку локации во регионот и пошироко на кои се одвиваат какви било видови на воени дејствија или поместувања многу е важно безбедносно – разузнавачките служби да добиваат навремени и точни информации па вклучително и оние кои ги имаме од наши извори да ги споделуваме со партнерските субјекти - рече министерката за одбрана.
За состојбата во Косово, министерката посочи дека она што е потребно е будно да се следат случувањата, како и двете страни подеднакво да работат и да се вложат во надминување на препреките помеѓу нив. Министерката се осврна и на инвестициите во Армијата при што ја спомена набавката на лесни оклопни возила од САД, системите за против воздушна одбрана од Франција, артилериските системи од Турција, како и текот на набавката на хеликоптери за кои се очекува набрзо да биде донесена конечна одлука.
Испораката на лесните оклопни возила ќе продолжи и во 2024 година, а до 2025 и 2026 година се очекува да пристигне опремата која е предмет на договорите со Франција и Турција. Во меѓувреме ќе пристигнат и двата хеликоптери кои се на ремонт во Чешка, рече Петровска, а во следниот период тимот задолжен за анализата за набавка на нови хеликоптери ќе реферира за предлогот за набавка - подвлече Петровска.

The post Украина бара нова воена помош од Македонија appeared first on Република.

]]>
Да ѝ помогнеме на Елена https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/da-pomogneme-na-elena/ Wed, 01 Nov 2023 19:08:42 +0000 https://republika.mk/?p=697200

Телефонски број за донации само за корисниците на Телеком: 143117

Со секој повик донирате 100 денари.

The post Да ѝ помогнеме на Елена appeared first on Република.

]]>

Телефонски број за донации само за корисниците на Телеком: 143117 Со секој повик донирате 100 денари.

The post Да ѝ помогнеме на Елена appeared first on Република.

]]>
Бајден и Нетанјаху се договорија за непрекинат проток на помош за Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-i-netanjahu-se-dogovorija-za-neprekinat-protok-na-pomosh-za-gaza/ Mon, 23 Oct 2023 06:33:26 +0000 https://republika.mk/?p=694033

Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласија да има непрекинат проток на хуманитарна помош во опколениот Појас Газа, соопшти Белата куќа.

Втор конвој камиони синоќа влезе од Египет во Појасот Газа.

Бајден и Нетанјаху имаа телефонски разговор во кој потврдија дека ќе има континуиран проток на оваа критично важна помош за палестинското население во Газа, се вели во соопштението на американското претседателство.

 

The post Бајден и Нетанјаху се договорија за непрекинат проток на помош за Газа appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласија да има непрекинат проток на хуманитарна помош во опколениот Појас Газа, соопшти Белата куќа. Втор конвој камиони синоќа влезе од Египет во Појасот Газа.
Бајден и Нетанјаху имаа телефонски разговор во кој потврдија дека ќе има континуиран проток на оваа критично важна помош за палестинското население во Газа, се вели во соопштението на американското претседателство.
 

The post Бајден и Нетанјаху се договорија за непрекинат проток на помош за Газа appeared first on Република.

]]>
Шолц: Помошта за Газа може да биде доставена наскоро https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-pomoshta-za-gaza-mozhe-da-bide-dostavena-naskoro/ Wed, 18 Oct 2023 14:19:35 +0000 https://republika.mk/?p=692553

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека помошта може да биде доставена до Газа набргу по неговите разговори со лидерите на Израел, Јордан и Египет.

Сите сме тесно поврзани, па имам чувство дека тоа би можело да се случи наскоро“, рече Шолц по состанокот со египетскиот претседател Абдел Фатах Ел-Сиси во Каиро.

Зборувајќи за експлозијата во болницата Ал Ахли во Појасот Газа, во која загинаа речиси 500 луѓе, Шолц претходно денеска изјави дека е ужаснат од сцените на експлозијата и повика на темелна истрага за инцидентот.

Невини цивили беа повредени и убиени. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, напиша Шолц на платформата X.

Хамас, палестинската милитантна група која ја контролира Газа, го обвини Израел за вчерашната експлозија во болницата. Израел тврди дека експлозијата во болницата била предизвикана од неуспешно лансирање ракета од страна на палестинскиот Исламски џихад, друга милитантна група во Појасот Газа.

The post Шолц: Помошта за Газа може да биде доставена наскоро appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека помошта може да биде доставена до Газа набргу по неговите разговори со лидерите на Израел, Јордан и Египет.
Сите сме тесно поврзани, па имам чувство дека тоа би можело да се случи наскоро“, рече Шолц по состанокот со египетскиот претседател Абдел Фатах Ел-Сиси во Каиро.
Зборувајќи за експлозијата во болницата Ал Ахли во Појасот Газа, во која загинаа речиси 500 луѓе, Шолц претходно денеска изјави дека е ужаснат од сцените на експлозијата и повика на темелна истрага за инцидентот.
Невини цивили беа повредени и убиени. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, напиша Шолц на платформата X.
Хамас, палестинската милитантна група која ја контролира Газа, го обвини Израел за вчерашната експлозија во болницата. Израел тврди дека експлозијата во болницата била предизвикана од неуспешно лансирање ракета од страна на палестинскиот Исламски џихад, друга милитантна група во Појасот Газа.

The post Шолц: Помошта за Газа може да биде доставена наскоро appeared first on Република.

]]>