помилувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pomiluvanja/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Oct 2024 07:19:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png помилувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pomiluvanja/ 32 32 СДСМ: Нарко-босови јавно ѝ се заблагодаруваат на Силјановска, која е цената и кој ги зел парите за ова помилување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-narko-bosovi-javno-se-zablagodaruvaat-na-siljanovska-koja-e-tsenata-i-koj-gi-zel-parite-za-ova-pomiluvane/ Thu, 24 Oct 2024 07:19:18 +0000 https://republika.mk/?p=830387

Откако вчера ослободениот нарко бос јавно ѝ се заблагодари на Силјановска, станува јасно дека ова е договорено сценарио. Сега останува само отворено прашањето: која е цената и кој ги земал парите за ова помилување прашуваат од СДСМ.

– Прашањето е: што ѝ должи власта на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН на криминалците од нарко-кланот „Барон“, и какви услуги им враќаат? Откако Силјановска вчера се заплетка со својата несмасна изјава, а потоа беше демантирана од Гордан Калајџиев дека комисијата само дава мислење, а претседателката е таа што помилува, денес е должна да излезе заедно со Мицкоски и да објаснат што е позадината на овој скандал. Го повикуваме и министерот Филков, кој два дена се крие во глувчешка дупка, да каже каква е неговата улога во целиот скандал и да не молчи. Правната држава денес е погребана, а правичноста која ја ветуваа ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска важи само за нарко-картели и лица од подземјето. Безбедносната ситуација е сериозно нарушена, улиците се небезбедни и, згора на сè, ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска пуштаат криминалци и нарко-дилери на слобода. Македонија станува опасно место за живеење, а граѓаните се плашат за својата безбедност благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од партијата.

The post СДСМ: Нарко-босови јавно ѝ се заблагодаруваат на Силјановска, која е цената и кој ги зел парите за ова помилување appeared first on Република.

]]>

Откако вчера ослободениот нарко бос јавно ѝ се заблагодари на Силјановска, станува јасно дека ова е договорено сценарио. Сега останува само отворено прашањето: која е цената и кој ги земал парите за ова помилување прашуваат од СДСМ. – Прашањето е: што ѝ должи власта на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН на криминалците од нарко-кланот „Барон“, и какви услуги им враќаат? Откако Силјановска вчера се заплетка со својата несмасна изјава, а потоа беше демантирана од Гордан Калајџиев дека комисијата само дава мислење, а претседателката е таа што помилува, денес е должна да излезе заедно со Мицкоски и да објаснат што е позадината на овој скандал. Го повикуваме и министерот Филков, кој два дена се крие во глувчешка дупка, да каже каква е неговата улога во целиот скандал и да не молчи. Правната држава денес е погребана, а правичноста која ја ветуваа ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска важи само за нарко-картели и лица од подземјето. Безбедносната ситуација е сериозно нарушена, улиците се небезбедни и, згора на сè, ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска пуштаат криминалци и нарко-дилери на слобода. Македонија станува опасно место за живеење, а граѓаните се плашат за својата безбедност благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од партијата.

The post СДСМ: Нарко-босови јавно ѝ се заблагодаруваат на Силјановска, која е цената и кој ги зел парите за ова помилување appeared first on Република.

]]>
Силјановска: Комисијата се водела по делото, а не по личноста, Калајџиев: Ние даваме мислење, претседателката одлучува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-komisijata-se-vodela-po-deloto-a-ne-po-lichnosta-kalajdhiev-nie-davame-mislene-pretsedatelkata-odluchuva/ Wed, 23 Oct 2024 13:42:41 +0000 https://republika.mk/?p=830215

Претседателката Давкова вчера помилува 10 затвореници меѓу кои и лица кои се поврзуваат со нарко подземјето, за кои како што вели таа не ги знае кои се, со име и презиме,туку и верувала на Комисијата за помилување составена од врвни експерти во таа област.

-Околу помилувањата прво јас кога ја конституирав комисијата за помилување која е составена од врвни експерти во оваа област и познавачи реков дека ќе ја почитувам нивната работа. Мислам дека кога се даваат коментари се заборава на што. Значи вие делото го анализирате така? Пред се делото. Кога се работи јас веќе и имињата не ги знам да бидам искрена меѓутоа кога јас ги потпишав овие одлуки по што се водев? Се водев од тоа дека во првиот случај не го знам ни името како беше да бидам искрена делото е, пресудата е 1 година и 3 месеци и делото се однесува на поседување неовластено поседување на оружје и на 5 куршуми. Тоа е делото. Веројатно тие се воделе по ова. Да личноста знам која е таа личност, но лично јас зборувам за работата на комисијата. Кај вториот случај се работи за дело кое е врзано со насилство или на некоја наплатна станица некоја тепачка и казната е 6 месеци. Веројатно тие се воделе од ова заменувајќи ги обете кај првата е година и три месеци значи кога ги замениле овие казни со условна од три години. Да личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот тоа е факт сега гледам јас тоа, но јас велам дека тие се воделе од конкретните дела. Претпоставувам дека има начин значи да се санкционира бидејќи да било делото членство во злосторнички здруженија и јас не знам какви опасни веројатно поинаку би било. Значи јас почитувам знаење, јас потпишувам одлуки меѓутоа јас велам дека никогаш директно нема да се мешам во работата на комисијата, точно е дека го имам последниот збор но мора да се има ова во предвид, изјави Давкова.

Професорот Гордан Калајџиев кој воедно е и член на Комисијата, во изјава за 24 инфо цели дека кога биле разгледувани осудениците за помилување морале да одлучат за 10 од околу триесетина лица кои им биле доставени од Министерството за правда, но не знаеле за кои лица се работи и биле разгледувани само нивните дела, однесувањето во затвор и должината на затворската казна.

Сепак Калајџиев истакна дека тие се само советодавно тело и даваат свое мислење, претседателката е таа која одлучува и има право да ја промени нивната одлука или времетраењето за кое се скратува од казната. Тој се сомнева дека воопшто му била дадена информацијата дека се работи за лица кои се поврзуваат со нарко подземјето.

Вчера претседателката донесе одлука за помилување на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки Версаче, Акиф Рваманоски, член на наркокланот „Барон“, и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“

The post Силјановска: Комисијата се водела по делото, а не по личноста, Калајџиев: Ние даваме мислење, претседателката одлучува appeared first on Република.

]]>

Претседателката Давкова вчера помилува 10 затвореници меѓу кои и лица кои се поврзуваат со нарко подземјето, за кои како што вели таа не ги знае кои се, со име и презиме,туку и верувала на Комисијата за помилување составена од врвни експерти во таа област.
-Околу помилувањата прво јас кога ја конституирав комисијата за помилување која е составена од врвни експерти во оваа област и познавачи реков дека ќе ја почитувам нивната работа. Мислам дека кога се даваат коментари се заборава на што. Значи вие делото го анализирате така? Пред се делото. Кога се работи јас веќе и имињата не ги знам да бидам искрена меѓутоа кога јас ги потпишав овие одлуки по што се водев? Се водев од тоа дека во првиот случај не го знам ни името како беше да бидам искрена делото е, пресудата е 1 година и 3 месеци и делото се однесува на поседување неовластено поседување на оружје и на 5 куршуми. Тоа е делото. Веројатно тие се воделе по ова. Да личноста знам која е таа личност, но лично јас зборувам за работата на комисијата. Кај вториот случај се работи за дело кое е врзано со насилство или на некоја наплатна станица некоја тепачка и казната е 6 месеци. Веројатно тие се воделе од ова заменувајќи ги обете кај првата е година и три месеци значи кога ги замениле овие казни со условна од три години. Да личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот тоа е факт сега гледам јас тоа, но јас велам дека тие се воделе од конкретните дела. Претпоставувам дека има начин значи да се санкционира бидејќи да било делото членство во злосторнички здруженија и јас не знам какви опасни веројатно поинаку би било. Значи јас почитувам знаење, јас потпишувам одлуки меѓутоа јас велам дека никогаш директно нема да се мешам во работата на комисијата, точно е дека го имам последниот збор но мора да се има ова во предвид, изјави Давкова.
Професорот Гордан Калајџиев кој воедно е и член на Комисијата, во изјава за 24 инфо цели дека кога биле разгледувани осудениците за помилување морале да одлучат за 10 од околу триесетина лица кои им биле доставени од Министерството за правда, но не знаеле за кои лица се работи и биле разгледувани само нивните дела, однесувањето во затвор и должината на затворската казна. Сепак Калајџиев истакна дека тие се само советодавно тело и даваат свое мислење, претседателката е таа која одлучува и има право да ја промени нивната одлука или времетраењето за кое се скратува од казната. Тој се сомнева дека воопшто му била дадена информацијата дека се работи за лица кои се поврзуваат со нарко подземјето. Вчера претседателката донесе одлука за помилување на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки Версаче, Акиф Рваманоски, член на наркокланот „Барон“, и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“

The post Силјановска: Комисијата се водела по делото, а не по личноста, Калајџиев: Ние даваме мислење, претседателката одлучува appeared first on Република.

]]>
Први помилувања на претседателката Давкова – пет лица излегуваат на слобода! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvi-pomiluvana-na-pretsedatelkata-davkova-pet-litsa-izleguvaat-na-sloboda/ Thu, 01 Aug 2024 12:48:17 +0000 https://republika.mk/?p=802380

Пред големиот празник Илинден, претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на пет лица.

Одлуката е објавена во Службен весник.

Потполно се ослободуваат од извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица:

Андреј Методија Мојсоски од с. Селце
Миран Латиф Исмани од с. Слатино

Делумно пак се ослободуваат три лица:

Блаже Владимир Стојанов од Штип, во траење од 2 месеци
Ванчо Делче Кржовски од Пехчево, во траење од 2 месеци
Ненад Душко Магделиниќ од Штип, во траење од 2 месеци
Ова е прво помилување на осудени лица од страна на претседателката Сиљановска Давкова.

The post Први помилувања на претседателката Давкова – пет лица излегуваат на слобода! appeared first on Република.

]]>

Пред големиот празник Илинден, претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на пет лица. Одлуката е објавена во Службен весник. Потполно се ослободуваат од извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица: Андреј Методија Мојсоски од с. Селце Миран Латиф Исмани од с. Слатино Делумно пак се ослободуваат три лица: Блаже Владимир Стојанов од Штип, во траење од 2 месеци Ванчо Делче Кржовски од Пехчево, во траење од 2 месеци Ненад Душко Магделиниќ од Штип, во траење од 2 месеци Ова е прво помилување на осудени лица од страна на претседателката Сиљановска Давкова.

The post Први помилувања на претседателката Давкова – пет лица излегуваат на слобода! appeared first on Република.

]]>
Проф. Ристески одлучувал и за помилувањата на затворениците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-risteski-odluchuval-i-za-pomiluvanjata-na-zatvorenicite/ Fri, 03 Jun 2022 07:40:49 +0000 https://republika.mk/?p=510466

Случајот Темелко што зема 9.000 евра од буџет за одбрана за да стиска лајкови и пишува партиски статуси воопшто не е наивен скандал, потенцира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, според кого ниту неговата дрскост и признание е наивност или простодушност; слика за случаен „чичко“ ангажиран од СДСМ да пишува статуси и да „лајкува“ на Фб.

Темелко две години е во Одбрана, а три години заедно со Љубомир Јовески, републичкиот Јавен обвинител, е дел од Комисијата за помилување кај „самомислечкиот“ Стево Пендаровски! Комисија којашто одлучува кои нинџи и самураи да бидат наградени за послушноста кон диктатурата!, потенцира Стоилковски.

Дрскоста на Темелко во неговото признание за извештајот, официјален документ во Министерството за одбрана, за партиски активизам, дрскоста да се признае дека државниот апарат, администрацијата е злоупотребувана во партиски предизборен систем, лежи во фактот дека Темелко е длабоко вграден во партизираната машина, важен „штрав“ во диктатурата!, смета Стоилковски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/jas-ne-krijam-deka-imam-simpatii-kon-socijaldemokratijata-veli-risteski-za-negovata-rabota/

Темелко јавно дрско ви се смее во очи за вистината во содржината на неговиот Извештај, уживајќи во позицијата заедно со Јовески обвинителот, да одлучуваат за судбините на луѓе, како Комисионери за помилување! Темелко најдрско покажува колку се чувствува безбеден во својата неказнивост, односно дека ништо нема да биде преземено за ова грубо кршење на законот и демократијата! Ова е сликата за правдата и правата во Македонија со СДСМ!, вели Стоилковски.

[caption id="attachment_510470" align="aligncenter" width="960"] Еден од статусите за кои Ристески добивал хонорар од МО[/caption]

Темелко со удбашките рапорти во Одбрана за 9.000 евра, заедно со Јовески од прислушуваното обвинителство, ја сочинуваат комисијата за помилување! А Јовески, другарот на агентот Темелко, сега го местат за "највисоко"! "Темелко" е Темел на диктатурата! Случајот МОРА да биде основа за длабока истрага и расчистување со раширената партиска агентура низ државните институции! Секако, Јовески тоа не верувам дека ќе го стори! Сепак се "Другари од Комисијата"!, вели Стоилковски, додавајќи дека не очекува ни Пендаровски да го исклучи од Комисијата зошто „сепак партиското игра голема улога во одлучувањето“.

The post Проф. Ристески одлучувал и за помилувањата на затворениците appeared first on Република.

]]>

Случајот Темелко што зема 9.000 евра од буџет за одбрана за да стиска лајкови и пишува партиски статуси воопшто не е наивен скандал, потенцира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, според кого ниту неговата дрскост и признание е наивност или простодушност; слика за случаен „чичко“ ангажиран од СДСМ да пишува статуси и да „лајкува“ на Фб.
Темелко две години е во Одбрана, а три години заедно со Љубомир Јовески, републичкиот Јавен обвинител, е дел од Комисијата за помилување кај „самомислечкиот“ Стево Пендаровски! Комисија којашто одлучува кои нинџи и самураи да бидат наградени за послушноста кон диктатурата!, потенцира Стоилковски.
Дрскоста на Темелко во неговото признание за извештајот, официјален документ во Министерството за одбрана, за партиски активизам, дрскоста да се признае дека државниот апарат, администрацијата е злоупотребувана во партиски предизборен систем, лежи во фактот дека Темелко е длабоко вграден во партизираната машина, важен „штрав“ во диктатурата!, смета Стоилковски. https://republika.mk/vesti/makedonija/jas-ne-krijam-deka-imam-simpatii-kon-socijaldemokratijata-veli-risteski-za-negovata-rabota/