помен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pomen/ За подобро да се разбереме Sat, 04 Nov 2023 07:39:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png помен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pomen/ 32 32 Денеска појдете в црква, па на гробишта да запалите свеќа: Митровденска задушница – спомен за починатите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-pojdete-v-tsrkva-pa-na-grobishta-da-zapalite-sveka-mitrovdenska-zadushnitsa-spomen-za-pochinatite/ Sat, 04 Nov 2023 07:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=698000

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите.

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.

На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните и се молат за покој на душите на упокоените.

Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден.

Mитровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив. Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември).

Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.

The post Денеска појдете в црква, па на гробишта да запалите свеќа: Митровденска задушница – спомен за починатите appeared first on Република.

]]>

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните и се молат за покој на душите на упокоените. Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Mитровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив. Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември). Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.

The post Денеска појдете в црква, па на гробишта да запалите свеќа: Митровденска задушница – спомен за починатите appeared first on Република.

]]>
Монстуозен предмет оставен меѓу цвеќињата пред „Рибникар“, каде се одбележува 40-дневен помен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/monstuozen-predmet-ostaven-megu-tsvekinata-pred-ribnikar-kade-se-odbelezhuva-40-dneven-pomen/ Sun, 11 Jun 2023 13:54:29 +0000 https://republika.mk/?p=650158

Цвеќиња, пораки, свеќи денеска беа оставени пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, каде бројни граѓани ја искористија можноста да одбележат 40 дена од загинувањето на децата и чуварот во крвавиот пир на 13-годишниот ученик. Училиштето е отворено за секој кој сака да положи цвеќе од 10.00 до 18.00 часот и да оддаде почит за Драган и деветте загинати деца.

Но, репортерот на порталот Нова.рс забележал еден монструозен потег - на оградата од училиштето, каде се оставени цвеќиња и свеќи, некој оставил капа со куршум врз неа.

[caption id="attachment_650159" align="aligncenter" width="1024"] (фото: Dragan Mujan/Nova.rs)[/caption]

За ова веднаш била известена полицијата која ќе утврди дали се работи за вистински куршум и кој ја оставил капата овде.

 

The post Монстуозен предмет оставен меѓу цвеќињата пред „Рибникар“, каде се одбележува 40-дневен помен appeared first on Република.

]]>

Цвеќиња, пораки, свеќи денеска беа оставени пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, каде бројни граѓани ја искористија можноста да одбележат 40 дена од загинувањето на децата и чуварот во крвавиот пир на 13-годишниот ученик. Училиштето е отворено за секој кој сака да положи цвеќе од 10.00 до 18.00 часот и да оддаде почит за Драган и деветте загинати деца. Но, репортерот на порталот Нова.рс забележал еден монструозен потег - на оградата од училиштето, каде се оставени цвеќиња и свеќи, некој оставил капа со куршум врз неа. [caption id="attachment_650159" align="aligncenter" width="1024"] (фото: Dragan Mujan/Nova.rs)[/caption] За ова веднаш била известена полицијата која ќе утврди дали се работи за вистински куршум и кој ја оставил капата овде.  

The post Монстуозен предмет оставен меѓу цвеќињата пред „Рибникар“, каде се одбележува 40-дневен помен appeared first on Република.

]]>