помагала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pomagala/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Oct 2022 13:36:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png помагала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pomagala/ 32 32 Владата нема слух за барањата на слепите лица: Тие денеска повторно излегоа на протест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-nema-sluh-za-baranjata-na-slepite-lica-tie-deneska-povtorno-izlegoa-na-protest/ Wed, 26 Oct 2022 13:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=565967

Националниот сојуз на слепи лица на Македонија по месец и половина денеска повторно со мирен протестен марш ги повтори своите барања за системско решение за обезбедување помагалата и за покачување на додатоците за попреченост и за туѓа нега.

По вторпат за месец и половина го обновивме мировниот протест поради нашите потреби и барања. Првото барање е додатокот за попреченост да изнесува 40 проценти од просечната плата, туѓата нега 30 проценти од просечната плата и помагалата да се решат системски, истакна во изјава за медиумите претседателот на Националниот сојуз на слепи лица во Македонија, Жарко Селковски.

Тој рече дека и другите лица со попреченост имаат потреба од помош, меѓутоа кај нив проблемот е системски решен со ортопедски помагала, апарати за слух и слична помош, само слепите немаат никакво право на помагало.

Без помагалата не можеме да функционираме, а имаме проблеми со движењето, со читањето и со пишувањето. За сето тоа нас ни требаат говорни помагала за функционирање во секојдневниот живот. Апелирам и до премиерот и до Владата да не не игнорираат, да седнеме да разговараме и да најдеме решение за нашите барања односно нашите потреби, додаде Селковски.

На прашањето што досега е побарано и каков одговор добиле до сега, Селковски рече дека се работи за истите барања, но немаат никаков одговор и нагласи дека се игнорирани, како да не постојат.

Ние нема да се откажеме и по трет пат и по четврти пат, и по петти пат ако треба, ги бараме нашите права и нашите потреби барем малку да се ублажат во овие тешки времиња, изјави Селковски.

Прашан што планираат ако повторно не добијат одговор од институциите, тој најави дека набрзо ќе имаат и Извршен одбор на здружението, којшто одлучува за ваквите постапки и да се види што ќе се организира понатака.

Сојузот на слепите лица реализираше протестен марш и минатиот месец со истите барања, меѓутоа, како што тврдат, се уште не добиле никаков одговор од Владата.

Протестниот марш, започна од ДХО „Даре Џамбаз“, од каде демонстраните поминаа пред Собранието и потоа преку градскиот плоштад, го завршија протестот пред Владата.

The post Владата нема слух за барањата на слепите лица: Тие денеска повторно излегоа на протест appeared first on Република.

]]>

Националниот сојуз на слепи лица на Македонија по месец и половина денеска повторно со мирен протестен марш ги повтори своите барања за системско решение за обезбедување помагалата и за покачување на додатоците за попреченост и за туѓа нега.
По вторпат за месец и половина го обновивме мировниот протест поради нашите потреби и барања. Првото барање е додатокот за попреченост да изнесува 40 проценти од просечната плата, туѓата нега 30 проценти од просечната плата и помагалата да се решат системски, истакна во изјава за медиумите претседателот на Националниот сојуз на слепи лица во Македонија, Жарко Селковски.
Тој рече дека и другите лица со попреченост имаат потреба од помош, меѓутоа кај нив проблемот е системски решен со ортопедски помагала, апарати за слух и слична помош, само слепите немаат никакво право на помагало.
Без помагалата не можеме да функционираме, а имаме проблеми со движењето, со читањето и со пишувањето. За сето тоа нас ни требаат говорни помагала за функционирање во секојдневниот живот. Апелирам и до премиерот и до Владата да не не игнорираат, да седнеме да разговараме и да најдеме решение за нашите барања односно нашите потреби, додаде Селковски.
На прашањето што досега е побарано и каков одговор добиле до сега, Селковски рече дека се работи за истите барања, но немаат никаков одговор и нагласи дека се игнорирани, како да не постојат.
Ние нема да се откажеме и по трет пат и по четврти пат, и по петти пат ако треба, ги бараме нашите права и нашите потреби барем малку да се ублажат во овие тешки времиња, изјави Селковски.
Прашан што планираат ако повторно не добијат одговор од институциите, тој најави дека набрзо ќе имаат и Извршен одбор на здружението, којшто одлучува за ваквите постапки и да се види што ќе се организира понатака. Сојузот на слепите лица реализираше протестен марш и минатиот месец со истите барања, меѓутоа, како што тврдат, се уште не добиле никаков одговор од Владата. Протестниот марш, започна од ДХО „Даре Џамбаз“, од каде демонстраните поминаа пред Собранието и потоа преку градскиот плоштад, го завршија протестот пред Владата.