полски премиер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/polski-premier/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 17:50:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полски премиер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/polski-premier/ 32 32 Полскиот премиер Доналд Туск ги посети воените утврдувања на границата со Русија, кај Калининград https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-premier-donald-tusk-gi-poseti-voenite-utvrduvana-na-granitsata-so-rusija-kaj-kaliningrad/ Sat, 30 Nov 2024 17:50:36 +0000 https://republika.mk/?p=843493

Полскиот премиер Доналд Туск денаска ја посети полската граница со руската енклава Калининград, каде го провери напредокот во изградбата на воените утврдувања на источната граница, јавија американските медиуми.

Посетата на Туск доаѓа еден месец пред Полска да го преземе ротирачкото претседателство со Европската унија. Полските власти наведуваат дека нивен приоритет е да ги повикаат Европејците да ја зајакнат својата одбрана. Некои европски лидери стравуваат дека идната администрација на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп би можела да биде помалку посветена на одбраната на Европа.

Туск, исто така, предложи Полска, северноевропските земји и балтичките земји да спроведуваат заеднички поморски патроли во стратешкото Балтичко Море.

Полската влада и војска годинава почнаа да го градат системот наречен Источен штит, што ќе опфати околу 800 километри долж полската граница со Русија и Белорусија.

Колку подобро се чува полската граница, толку потешко им е пристапот на оние со лоши намери, рече Туск на прес-конференција во близина на селото Дабровка.

Полска следната година има намера да потроши 4,7 отсто од својот бруто домашен производ за одбрана.

Владата на Туск проценува дека „Источниот штит“ ќе чини најмалку 10 милијарди злоти (2,5 милијарди долари). Границите на Полска со Русија, Белорусија и Украина се најисточните надворешни граници и на Европската унија и на НАТО.

Туск рече дека очекува Источниот штит на крајот да се прошири за да ги заштити и малите балтички држави Естонија, Латвија и Литванија.

 

The post Полскиот премиер Доналд Туск ги посети воените утврдувања на границата со Русија, кај Калининград appeared first on Република.

]]>

Полскиот премиер Доналд Туск денаска ја посети полската граница со руската енклава Калининград, каде го провери напредокот во изградбата на воените утврдувања на источната граница, јавија американските медиуми. Посетата на Туск доаѓа еден месец пред Полска да го преземе ротирачкото претседателство со Европската унија. Полските власти наведуваат дека нивен приоритет е да ги повикаат Европејците да ја зајакнат својата одбрана. Некои европски лидери стравуваат дека идната администрација на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп би можела да биде помалку посветена на одбраната на Европа. Туск, исто така, предложи Полска, северноевропските земји и балтичките земји да спроведуваат заеднички поморски патроли во стратешкото Балтичко Море. Полската влада и војска годинава почнаа да го градат системот наречен Источен штит, што ќе опфати околу 800 километри долж полската граница со Русија и Белорусија.
Колку подобро се чува полската граница, толку потешко им е пристапот на оние со лоши намери, рече Туск на прес-конференција во близина на селото Дабровка.
Полска следната година има намера да потроши 4,7 отсто од својот бруто домашен производ за одбрана. Владата на Туск проценува дека „Источниот штит“ ќе чини најмалку 10 милијарди злоти (2,5 милијарди долари). Границите на Полска со Русија, Белорусија и Украина се најисточните надворешни граници и на Европската унија и на НАТО. Туск рече дека очекува Источниот штит на крајот да се прошири за да ги заштити и малите балтички држави Естонија, Латвија и Литванија.  

The post Полскиот премиер Доналд Туск ги посети воените утврдувања на границата со Русија, кај Калининград appeared first on Република.

]]>
Полскиот премиер ги покани лидерите на ЕУ, САД и Велика Британија да ја посетат Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polskiot-premier-gi-pokani-liderite-na-eu-sad-i-velika-britanija-da-ja-posetat-ukraina/ Thu, 17 Mar 2022 11:28:02 +0000 https://republika.mk/?p=474251

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ги повика лидерите на Европската унија, САД и Велика Британија да ја посетат главниот град на Украина и да изразат солидарност.

Тој изјави за германскиот весник „Билд“ дека германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Борис Џонсон и другите шефови на влади на ЕУ треба да отпатуваат во Киев, да погледнат во очите на жените и децата таму и да им помогнат, да ги спасат нивните животи и нивната независност.

Тој рече дека Украинците се борат за европските вредности и за западниот свет. Киев е редовно гранатиран откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 24-ти февруари. Премиерите на Полска, Чешка и Словенија пристигнаа во Киев во вторник со воз за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски како поддршка.

Украинскиот амбасадор во Германија Андриј Мелник рече дека патувањето било, иако можеби симболичен потег, „охрабрување за повеќе од 2 милиони кои останале во Киев“. Мелник, исто така, го покани Шолц да го посети Киев.

Би било добро канцеларот Шолц да го посети Киев во одреден момент за да го види уништувањето и да почувствува како се луѓето таму“, рече тој.

The post Полскиот премиер ги покани лидерите на ЕУ, САД и Велика Британија да ја посетат Украина appeared first on Република.

]]>

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ги повика лидерите на Европската унија, САД и Велика Британија да ја посетат главниот град на Украина и да изразат солидарност. Тој изјави за германскиот весник „Билд“ дека германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Борис Џонсон и другите шефови на влади на ЕУ треба да отпатуваат во Киев, да погледнат во очите на жените и децата таму и да им помогнат, да ги спасат нивните животи и нивната независност. Тој рече дека Украинците се борат за европските вредности и за западниот свет. Киев е редовно гранатиран откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 24-ти февруари. Премиерите на Полска, Чешка и Словенија пристигнаа во Киев во вторник со воз за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски како поддршка.
Украинскиот амбасадор во Германија Андриј Мелник рече дека патувањето било, иако можеби симболичен потег, „охрабрување за повеќе од 2 милиони кои останале во Киев“. Мелник, исто така, го покани Шолц да го посети Киев.
Би било добро канцеларот Шолц да го посети Киев во одреден момент за да го види уништувањето и да почувствува како се луѓето таму“, рече тој.

The post Полскиот премиер ги покани лидерите на ЕУ, САД и Велика Британија да ја посетат Украина appeared first on Република.

]]>