Полска литература Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/polska-literatura/ За подобро да се разбереме Tue, 14 May 2024 08:55:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Полска литература Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/polska-literatura/ 32 32 Месец на полската литература во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mesets-na-polskata-literatura-vo-bibliotekata-grigor-prlichev-vo-ohrid/ Tue, 14 May 2024 08:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=777845

Амбасадата на Република Полска информира, дека месец мај тече во знак на одбележувањето на полската книжевност во македонските библиотеки. Од таму во соопштението до јавноста велат:

Ги покануваме сите заинтересирани да позајмат книга од полски автор, која ќе ја најдат меѓу библиотекарската колекција.  Читателите ги очекуваат симболични сувенири.

По повод месецот на Полската литература објавуваме конкурс за читателите: Конкурс за возрасните читатели: Рецензија на прочитана книга од полски автор и Конкурс за деца (од 5 до 12 г.): цртеж на лик од прочитана книга од полски автор (техниката во која ќе биде изработен цртежот е по желба).

Рецензиите (потпишани со име и презиме) Ве молиме испратете ги на е-адресата:

skopje.amb.sekretariat@msz.gov.pl до 10 јуни 2024 г.

Цртежите потпишани со име, презиме и возраст Ве молиме предавајте ги во вашите библиотеки во термин до 10 јуни 2024 г.

Ве молиме да доставите потпишано одобрение за објавување на рецензиите и цртежите на социјалните медиуми, со име и презиме на авторите.

Жирито ќе ги оцени испратените рецензии и предадените цртежи, а по тројца автори од двете категории со највисоки оцени ќе бидат наградени со книги. За сите учесници следуваат мали сувенири.

Резултатите ќе бидат објавени на 14 јуни 2024 на страниците на Амбасадата и  библиотеките.

Ги охрабруваме сите да земат учество во конкурсите.

Да читаме полска литература!

 

Охридската библиотека „Григор Прличев“ се приклучува кон оваа акција и уште од понеделник сите наслови ќе им стојат на располагање на читателите, а на својата веб и Фејсбук страница библиотеката ќе ги објави сите 53 наслови за читателите да можат да одберат и секој работен ден на Фејсбук страницата на библиотеката ќе бидат споделувани по два наслови од полски автори.

The post Месец на полската литература во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Република Полска информира, дека месец мај тече во знак на одбележувањето на полската книжевност во македонските библиотеки. Од таму во соопштението до јавноста велат:
Ги покануваме сите заинтересирани да позајмат книга од полски автор, која ќе ја најдат меѓу библиотекарската колекција.  Читателите ги очекуваат симболични сувенири. По повод месецот на Полската литература објавуваме конкурс за читателите: Конкурс за возрасните читатели: Рецензија на прочитана книга од полски автор и Конкурс за деца (од 5 до 12 г.): цртеж на лик од прочитана книга од полски автор (техниката во која ќе биде изработен цртежот е по желба). Рецензиите (потпишани со име и презиме) Ве молиме испратете ги на е-адресата: skopje.amb.sekretariat@msz.gov.pl до 10 јуни 2024 г. Цртежите потпишани со име, презиме и возраст Ве молиме предавајте ги во вашите библиотеки во термин до 10 јуни 2024 г. Ве молиме да доставите потпишано одобрение за објавување на рецензиите и цртежите на социјалните медиуми, со име и презиме на авторите. Жирито ќе ги оцени испратените рецензии и предадените цртежи, а по тројца автори од двете категории со највисоки оцени ќе бидат наградени со книги. За сите учесници следуваат мали сувенири. Резултатите ќе бидат објавени на 14 јуни 2024 на страниците на Амбасадата и  библиотеките. Ги охрабруваме сите да земат учество во конкурсите. Да читаме полска литература!  
Охридската библиотека „Григор Прличев“ се приклучува кон оваа акција и уште од понеделник сите наслови ќе им стојат на располагање на читателите, а на својата веб и Фејсбук страница библиотеката ќе ги објави сите 53 наслови за читателите да можат да одберат и секој работен ден на Фејсбук страницата на библиотеката ќе бидат споделувани по два наслови од полски автори.

The post Месец на полската литература во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Месец на полска литература во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“: Разговор на проф. д-р Лидија Танушевска со полскиот писател Војќех Јагелски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mesets-na-polska-literatura-vo-gradskata-biblioteka-braka-miladinovtsi-razgovor-na-prof-d-r-lidija-tanushevska-so-polskiot-pisatel-vojkeh-jagelski/ Mon, 13 May 2024 09:24:27 +0000 https://republika.mk/?p=777526

Денеска (13 мај) од 19 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе гостува полскиот писател Војќех Јагелски. Разговорот ќе го води проф. д-р Лидија Танушевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а настанот се одржува по повод Месецот на полската литература.

Пред разговорот со Јагелски ќе се отвори изложбата на студентите кои учествуваа на конкурсот „Графика на годината“, организиран од Графичкиот факултет при Академијата за ликовни уметности во Краков.

На 16 мај ќе гостува Роксана Јенджејевска-Брубел. Оваа писателка за деца ќе одржи и креативна работилница во Одделот за литература за деца во библиотеката од 17 часот.

Гостувањето на полските автори е дел од проектот „Полска на полица“, во кој партнер на Амбасадата на Полска е Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Настаните се со превод на македонски јазик.

The post Месец на полска литература во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“: Разговор на проф. д-р Лидија Танушевска со полскиот писател Војќех Јагелски appeared first on Република.

]]>

Денеска (13 мај) од 19 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе гостува полскиот писател Војќех Јагелски. Разговорот ќе го води проф. д-р Лидија Танушевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а настанот се одржува по повод Месецот на полската литература.
Пред разговорот со Јагелски ќе се отвори изложбата на студентите кои учествуваа на конкурсот „Графика на годината“, организиран од Графичкиот факултет при Академијата за ликовни уметности во Краков. На 16 мај ќе гостува Роксана Јенджејевска-Брубел. Оваа писателка за деца ќе одржи и креативна работилница во Одделот за литература за деца во библиотеката од 17 часот. Гостувањето на полските автори е дел од проектот „Полска на полица“, во кој партнер на Амбасадата на Полска е Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Настаните се со превод на македонски јазик.

The post Месец на полска литература во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“: Разговор на проф. д-р Лидија Танушевска со полскиот писател Војќех Јагелски appeared first on Република.

]]>