положување цвеќе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/polozuvanje-cvekje/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 12:34:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png положување цвеќе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/polozuvanje-cvekje/ 32 32 Љутков оддаде почит на гробот на Панко Брашнаров во Загреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-oddade-pochit-na-grobot-na-panko-brashnarov-vo-zagreb/ Tue, 24 Sep 2024 12:34:10 +0000 https://republika.mk/?p=819301

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска на гробиштата „Мирогој“ во Загреб му оддаде почит на народниот трибун и борец за независна македонска држава, Панко Брашнаров.

Во сеќавање на народниот учител и учесник на двата Илиндена, министерот Љутков денеска се поклони и положи цвеќе гробот на еден од најистакнатите македонски национални дејци, посветен на политичкото и националното ослободување на Македонија и македонскиот народ.

Брашнаров е роден во Велес во 1883 година. Тој е учесник во најзначајните историски моменти во борбата на македонскиот народ за независност и слобода. Од Илинден, Балканските војни, Првата светска војна, па сè до историскиот АСНОМ. Избран е за народен пратеник и претседавач на Првото заседание на АСНОМ. Брашнаров е историска личност со особени заслуги во борбата за независна Македонија, што е од посебна важност за неговиот роден Велес. По неколку години работа во штотуку организираната држава, како приврзаник на ставовите во Резолуцијата на Информбирото, Брашнаров е приведен, прогласен за непријател на власта и испратен на островот Голи Оток, Република Хрватска, каде што почина на 13 јули 1951 година.

 

The post Љутков оддаде почит на гробот на Панко Брашнаров во Загреб appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска на гробиштата „Мирогој“ во Загреб му оддаде почит на народниот трибун и борец за независна македонска држава, Панко Брашнаров. Во сеќавање на народниот учител и учесник на двата Илиндена, министерот Љутков денеска се поклони и положи цвеќе гробот на еден од најистакнатите македонски национални дејци, посветен на политичкото и националното ослободување на Македонија и македонскиот народ. Брашнаров е роден во Велес во 1883 година. Тој е учесник во најзначајните историски моменти во борбата на македонскиот народ за независност и слобода. Од Илинден, Балканските војни, Првата светска војна, па сè до историскиот АСНОМ. Избран е за народен пратеник и претседавач на Првото заседание на АСНОМ. Брашнаров е историска личност со особени заслуги во борбата за независна Македонија, што е од посебна важност за неговиот роден Велес. По неколку години работа во штотуку организираната држава, како приврзаник на ставовите во Резолуцијата на Информбирото, Брашнаров е приведен, прогласен за непријател на власта и испратен на островот Голи Оток, Република Хрватска, каде што почина на 13 јули 1951 година.  

The post Љутков оддаде почит на гробот на Панко Брашнаров во Загреб appeared first on Република.

]]>
Активности по повод 23 октомври: Владина делегација ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градски парк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aktivnosti-po-povod-23-oktomvri-vladina-delegacija-kje-polozi-cvekje-na-spomenikot-na-goce-delchev-vo-gradski-park/ Sun, 23 Oct 2022 07:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=564467

По повод одбележувањето на 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, Владата на Република Македонија организира положување свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк, Скопје.

На настанот ќе биде присутна владина делегација составена од Филип Николоски, заменик на министерот за финансии, Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и Беким Реџепи, заменик на министерот за транспорт и врски.

The post Активности по повод 23 октомври: Владина делегација ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градски парк appeared first on Република.

]]>

По повод одбележувањето на 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, Владата на Република Македонија организира положување свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк, Скопје. На настанот ќе биде присутна владина делегација составена од Филип Николоски, заменик на министерот за финансии, Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и Беким Реџепи, заменик на министерот за транспорт и врски.

The post Активности по повод 23 октомври: Владина делегација ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градски парк appeared first on Република.

]]>
Делегација предводена од Ковачевски положи цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Глигоров и Трајковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/delegacija-predvodena-od-kovachevski-polozi-cvekje-na-vechnite-pochivalishta-na-pretsedatelite-gligorov-i-trajkovski/ Thu, 08 Sep 2022 08:46:35 +0000 https://republika.mk/?p=548572

По повод одбележување на 8 Септември – Денот на независноста на државата, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски утрово положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, на Градските гробишта „Бутел“.

Владината делегација која им оддаде почит на претседателите што оставија неизбришлив печат во градењето на нашата државност, беше предводена од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, а во нејзин состав беа, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за здравство Беким Сали, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и заменик-министерот за правда Агим Нухиу, информираат од прес-службата на Владата.

Покрај владината делегација, цвеќе положија и делегации на Кабинетите на претседателот, на Собранието, потоа на Сојузот на Борците, дипломатскиот кор како и претставници на политичките партии.

Чествувањето на Денот на независноста – 8 Септември продолжува со „Отворениот ден за граѓаните“ и културно уметничка програма на „Школка“ во Градскиот парк, а централната прослава ќе се одржи вечерва на платото кај паркот „Ибни Пајко“.

The post Делегација предводена од Ковачевски положи цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Глигоров и Трајковски appeared first on Република.

]]>

По повод одбележување на 8 Септември – Денот на независноста на државата, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски утрово положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, на Градските гробишта „Бутел“. Владината делегација која им оддаде почит на претседателите што оставија неизбришлив печат во градењето на нашата државност, беше предводена од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, а во нејзин состав беа, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за здравство Беким Сали, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и заменик-министерот за правда Агим Нухиу, информираат од прес-службата на Владата. Покрај владината делегација, цвеќе положија и делегации на Кабинетите на претседателот, на Собранието, потоа на Сојузот на Борците, дипломатскиот кор како и претставници на политичките партии. Чествувањето на Денот на независноста – 8 Септември продолжува со „Отворениот ден за граѓаните“ и културно уметничка програма на „Школка“ во Градскиот парк, а централната прослава ќе се одржи вечерва на платото кај паркот „Ибни Пајко“.

The post Делегација предводена од Ковачевски положи цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Глигоров и Трајковски appeared first on Република.

]]>
Собраниска делегација ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Глигоров и Трајковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobraniska-delegacija-kje-polozi-cvekje-na-vechnite-pochivalishta-na-poraneshnite-pretsedateli-gligorov-i-trajkovski/ Thu, 08 Sep 2022 07:15:31 +0000 https://republika.mk/?p=548543

По повод одбележувањето 31 годинa од независноста на Република Македонија, собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, ќе положи венци цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски на Алејата на великаните, Градски гробиштата Бутел.

Во делегацијата ќе бидат и пратеничките Марија Георгиевска, Мерита Колчи Коџаџику и Жаклина Пешевска.

The post Собраниска делегација ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Глигоров и Трајковски appeared first on Република.

]]>

По повод одбележувањето 31 годинa од независноста на Република Македонија, собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, ќе положи венци цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски на Алејата на великаните, Градски гробиштата Бутел. Во делегацијата ќе бидат и пратеничките Марија Георгиевска, Мерита Колчи Коџаџику и Жаклина Пешевска.

The post Собраниска делегација ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Глигоров и Трајковски appeared first on Република.

]]>
Македонската министерка за култура и бугарската шефица на дипломатијата положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskata-ministerka-za-kultura-i-bugarskata-shefica-na-diplomatijata-polozija-cvekje-na-grobot-na-goce-delchev-vo-skopje/ Fri, 04 Feb 2022 14:01:19 +0000 https://republika.mk/?p=454251

Делегации на владите на Македонија и на Бугарија предводени од министерката за култура Бисера Костадинова-Стојчевска и шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска попладнево се поклонија и положија цвеќе пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје по повод 150 години од неговото раѓање.

Министерката Костадинова-Стојчевска беше придружувана од заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки.

Во составот на бугарската делегација, покрај министерката Генчовска беше и заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова, претседателот на парламентарната Комисија за култура Тошко Јорданов и бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Ангелов.

Почит на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас одаде и европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот Парламент Илхан Ќучук.

The post Македонската министерка за култура и бугарската шефица на дипломатијата положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во Скопје appeared first on Република.

]]>

Делегации на владите на Македонија и на Бугарија предводени од министерката за култура Бисера Костадинова-Стојчевска и шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска попладнево се поклонија и положија цвеќе пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје по повод 150 години од неговото раѓање. Министерката Костадинова-Стојчевска беше придружувана од заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки. Во составот на бугарската делегација, покрај министерката Генчовска беше и заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова, претседателот на парламентарната Комисија за култура Тошко Јорданов и бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Ангелов. Почит на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас одаде и европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот Парламент Илхан Ќучук.

The post Македонската министерка за култура и бугарската шефица на дипломатијата положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во Скопје appeared first on Република.

]]>
Владина делегација положи цвеќе на гробот на претседателот Глигоров https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladina-delegacija-polozi-cvekje-na-grobot-na-pretsedatelot-gligorov/ Sat, 01 Jan 2022 13:35:47 +0000 https://republika.mk/?p=439313

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Калинка Габер, денеска положи цвеќе на гробот на претседателот Киро Глигоров.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров кој на 8 септември 1991 година, после успешниот референдум ја прогласи независноста на државата.

Претседателот Глигоров беше првиот македонски претседател кој се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации на 8 април 1993 кога Република Македонија стана 181 членка на ОН.

The post Владина делегација положи цвеќе на гробот на претседателот Глигоров appeared first on Република.

]]>

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Калинка Габер, денеска положи цвеќе на гробот на претседателот Киро Глигоров. Денеска се навршуваат 10 години од смртта на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров кој на 8 септември 1991 година, после успешниот референдум ја прогласи независноста на државата. Претседателот Глигоров беше првиот македонски претседател кој се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации на 8 април 1993 кога Република Македонија стана 181 членка на ОН.

The post Владина делегација положи цвеќе на гробот на претседателот Глигоров appeared first on Република.

]]>