полнолетство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/polnoletstvo/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Oct 2024 12:28:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полнолетство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/polnoletstvo/ 32 32 Славеникот добил стан, вила, автомобил: Еве како изгледала најскапата прослава на полнолетство на Балканот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/slavenikot-dobil-stan-vila-avtomobil-eve-kako-izgledala-najskapata-proslava-na-polnoletstvo-na-balkanot/ Thu, 24 Oct 2024 12:28:30 +0000 https://republika.mk/?p=830599

Спектакуларна прослава на 18 роденден во Србија, предизвика големо внимание на јавност. Роденденот е одбележан раскошно, толку многу што ги надминува вообичаените стандарди, а славеникот добил импресивни подароци од најблиските. Имено славеникот од дедо му добил стан во Белград, од бабата вила од 600 квадратни метри, додека родителите му подариле автомобил вреден 80.000 евра, кој е доставен право во ресторанот.

Славеникот стигнал во лимузина и уживал во шампањацот со своите пријатели пред да започне прославата.
Атмосферата ја дополниле гостите кои биле елегантно облечени, а меѓу нив бил и кумот кој расфрлал пари по ресторанот.

Кога била послужена тортата, гостите на славеникот му врачиле подароци, меѓу кои се нашле и луксузни предмети како нараквица од 7.000 евра и часовници од 18.000 евра. Врв на вечерта бил спектакуларниот огномет

@bozic.uros

♬ original sound - bozicuros

The post Славеникот добил стан, вила, автомобил: Еве како изгледала најскапата прослава на полнолетство на Балканот appeared first on Република.

]]>

Спектакуларна прослава на 18 роденден во Србија, предизвика големо внимание на јавност. Роденденот е одбележан раскошно, толку многу што ги надминува вообичаените стандарди, а славеникот добил импресивни подароци од најблиските. Имено славеникот од дедо му добил стан во Белград, од бабата вила од 600 квадратни метри, додека родителите му подариле автомобил вреден 80.000 евра, кој е доставен право во ресторанот. Славеникот стигнал во лимузина и уживал во шампањацот со своите пријатели пред да започне прославата. Атмосферата ја дополниле гостите кои биле елегантно облечени, а меѓу нив бил и кумот кој расфрлал пари по ресторанот. Кога била послужена тортата, гостите на славеникот му врачиле подароци, меѓу кои се нашле и луксузни предмети како нараквица од 7.000 евра и часовници од 18.000 евра. Врв на вечерта бил спектакуларниот огномет
@bozic.uros

♬ original sound - bozicuros

The post Славеникот добил стан, вила, автомобил: Еве како изгледала најскапата прослава на полнолетство на Балканот appeared first on Република.

]]>
Танц фест Скопје слави полнолетство https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tanc-fest-skopje-slavi-polnoletstvo/ Fri, 08 Apr 2022 08:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=485172

Танц Фест Скопје 2022 ја започнува програмата за својот осумнаесетти роденден, со кој станува полнолетен, под мотото „Танцувајќи на работ“.

Во овогодинешната програма на Танц Фест Скопје, која започнува утре (9 април) во 20 часот, во Дом на Арм во Скопје, можност да презентираат свои дела ќе имаат млади кореографи во серијата претстави насловена како Современи короеграфски идентитети. Публиката ќе има можност да ги види претставите на Бобан Русески „Општествена критика“, на Русески и Јована Зајкова под нaслов „Самовили и демони“, „Go Figure It Out“ на Адријана Данчевска, „09190“ на Дејан Битровски, а свое короеграфско деби на фестивалот ќе има и Филип Петковски со претставата „Популус“. Публиката ќе може да ги проследи претставите на гостите кореографи: „Пат до месецот“ на Раде Обрадовиќ од Србија, „Само среќа“ на Томео Вержес од Франција, како и „Интер-Вју“ на Жиган Крајнчик, ко-продукција на Словенија и Латвија. Ќе биде претставен и Косовскиот балет со претставата „Егзодус“ на кореографот Ено Печи, како и продукцијата на Скопје танцовиот театар „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на Рисима Рисимкин, која ќе се изведе прв пат по огромниот успех, кој Рисимкин и Скопје танцовиот театар го доживеаја на сцената на Националниот театр за современ танц „Шајо“ во Париз, Франција.

Во рамки на фестивалот ќе бидат промовирани и младите уметници, новите современи танчери: Сара Димовска, Јоана Благадуша, Андреј Димоски, Клара Цветковска, Емилија Милак, Викторија Коцева, Стефани Шааршмит, кои се школуваат на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, а кои, од годинава влегуваат во состав на Скопје танцовиот театар 2, како подмладок и нова креативна снага на современата танцова сцена кај нас.

За затворање на фестивалот, на 20 април во 20 часот, во Македонскиот народен театар, скопската публика ќе има една ексклузивна и ретка можност да ја види претставата на легендарната Марта Греам танцовата компанија од Њујорк, САД. Греам е прогласена за Икона нa танцот на 20 век и ова е исклучителна прилика публиката да ја види во рамките на Танц Фест Скопје 2022. Во програмата ќе бидат дела на Греам од 1937, 1947, 1952 и 1981 година, кои се дел од американското културно наследство според поранешниот претстедател на САД Џералд Р. Форд. Публиката ќе има можност да види микс на кореографски одблесоци на Греам и актуелната уметничка директорка на компанијата Џенет Ајлбер, кои го одбележуваат создавањето на современиот танц и неговото опстојување, како уметност на 20 и 21 век, која секаде во светот исклучително се цени и почитува.

Танц Фест Скопје, годинава се одржува со поддршка на Министерството за култура, Град Скопје, Американската амбасада во Скопје, Францускиот Институт во Париз и Скопје, покровителите Виталија и Бовин, Дом на Арм Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“, НОБ, Perform Europe, East is Best Iи Културанова

Во рамки на Отворената програма, ќе се одвиваат повеќе активности, меѓу кои е работилницата под наслов „Панорама“ во која млади танчери од кај нас и од Софија, Бугарија, ќе ја изучуваат Греам техниката, што е исклучителна реткост, а потоа ќе настапат на 20 април на сцената на Македонскиот народен театар со делови од оригинална кореографија на Греам.

The post Танц фест Скопје слави полнолетство appeared first on Република.

]]>

Танц Фест Скопје 2022 ја започнува програмата за својот осумнаесетти роденден, со кој станува полнолетен, под мотото „Танцувајќи на работ“. Во овогодинешната програма на Танц Фест Скопје, која започнува утре (9 април) во 20 часот, во Дом на Арм во Скопје, можност да презентираат свои дела ќе имаат млади кореографи во серијата претстави насловена како Современи короеграфски идентитети. Публиката ќе има можност да ги види претставите на Бобан Русески „Општествена критика“, на Русески и Јована Зајкова под нaслов „Самовили и демони“, „Go Figure It Out“ на Адријана Данчевска, „09190“ на Дејан Битровски, а свое короеграфско деби на фестивалот ќе има и Филип Петковски со претставата „Популус“. Публиката ќе може да ги проследи претставите на гостите кореографи: „Пат до месецот“ на Раде Обрадовиќ од Србија, „Само среќа“ на Томео Вержес од Франција, како и „Интер-Вју“ на Жиган Крајнчик, ко-продукција на Словенија и Латвија. Ќе биде претставен и Косовскиот балет со претставата „Егзодус“ на кореографот Ено Печи, како и продукцијата на Скопје танцовиот театар „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на Рисима Рисимкин, која ќе се изведе прв пат по огромниот успех, кој Рисимкин и Скопје танцовиот театар го доживеаја на сцената на Националниот театр за современ танц „Шајо“ во Париз, Франција. Во рамки на фестивалот ќе бидат промовирани и младите уметници, новите современи танчери: Сара Димовска, Јоана Благадуша, Андреј Димоски, Клара Цветковска, Емилија Милак, Викторија Коцева, Стефани Шааршмит, кои се школуваат на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, а кои, од годинава влегуваат во состав на Скопје танцовиот театар 2, како подмладок и нова креативна снага на современата танцова сцена кај нас. За затворање на фестивалот, на 20 април во 20 часот, во Македонскиот народен театар, скопската публика ќе има една ексклузивна и ретка можност да ја види претставата на легендарната Марта Греам танцовата компанија од Њујорк, САД. Греам е прогласена за Икона нa танцот на 20 век и ова е исклучителна прилика публиката да ја види во рамките на Танц Фест Скопје 2022. Во програмата ќе бидат дела на Греам од 1937, 1947, 1952 и 1981 година, кои се дел од американското културно наследство според поранешниот претстедател на САД Џералд Р. Форд. Публиката ќе има можност да види микс на кореографски одблесоци на Греам и актуелната уметничка директорка на компанијата Џенет Ајлбер, кои го одбележуваат создавањето на современиот танц и неговото опстојување, како уметност на 20 и 21 век, која секаде во светот исклучително се цени и почитува. Танц Фест Скопје, годинава се одржува со поддршка на Министерството за култура, Град Скопје, Американската амбасада во Скопје, Францускиот Институт во Париз и Скопје, покровителите Виталија и Бовин, Дом на Арм Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“, НОБ, Perform Europe, East is Best Iи Културанова Во рамки на Отворената програма, ќе се одвиваат повеќе активности, меѓу кои е работилницата под наслов „Панорама“ во која млади танчери од кај нас и од Софија, Бугарија, ќе ја изучуваат Греам техниката, што е исклучителна реткост, а потоа ќе настапат на 20 април на сцената на Македонскиот народен театар со делови од оригинална кореографија на Греам.

The post Танц фест Скопје слави полнолетство appeared first on Република.

]]>