полноќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/polnokj/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jul 2024 15:10:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полноќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/polnokj/ 32 32 Од полноќ, нови цени на патарините во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/od-polnok-novi-tseni-na-patarinite-vo-srbija/ Tue, 09 Jul 2024 15:10:00 +0000 https://republika.mk/?p=795028

Возењето по автопатиштата во Србија од среда, 10 јули, поскапува за околу 10 отсто. Попусти и натаму ќе имаат корисниците на електронската наплата од шест отсто, како и камионите со мотори „евро 6“ од 10 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.

За македонските возачи од категоријата на автомобили најскапа патарината ќе биде на наплатните станици од Прешево до Суботица која ќе чини 2.690 динари или 23 евра. Од Прешево до Белград патарината ќе изнесува 1.890 динари или 16 евра, а од Прешево до наплатната станица Шид и хрватската граница 2.390 динари или 20 евра во еден правец.

Од останатите патарини од Белград до Шид ќе чини 500 динари, од Обреновац до Прељина 560 динари, од Белград до Суботица 800 динари, од Белград до Ниш 1.130 динари, од Белград до Димитровград 1.670 динари.

Во зависност од категоријата, патарината од Белград до Рума ќе изнесува 200 динари, до Сремска Митровица 270 динари, за Инџија 710 динари, и за Нови Сад 490 динари.

Поскапена е патарината и на автопатот „Милош Велики“, па од Белград, односно од Обреновац, каде има наплатна рампа, до Чачак ќе чини 560 динари.

Попусти ќе продолжат да остваруваат корисниците на електронска наплата т.е. таг од 6 отсто, како и камионите со мотори „ЕУРО 6“ од 10 отсто.

Министерот за транспорт, градежништво и инфраструктура Горан Весиќ изјави дека српскиот таг сè уште може да се користи само во Македонија и Црна Гора и обратно.

-Во моментов имаме 66.000 корисници кои го имаат тој Отворен Балкан таг и сигурен сум дека ќе има уште многу такви тагови кога ќе се заврши интеграцијата со Грција, бидејќи голем број српски автомобили влегуваат во Грција, понекогаш и околу 10.000 дневно, тоа е многу важно да се направи, а сигурен сум дека кога ќе создадеме нова компанија за патарини, ќе имаме напредок и во тоа, рече Весиќ на РТС.

Тој очекува меѓу 48 и 50 милијарди динари од наплата на патарина во Србија оваа година, а до 75-80 милијарди во следните две години.

 

The post Од полноќ, нови цени на патарините во Србија appeared first on Република.

]]>

Возењето по автопатиштата во Србија од среда, 10 јули, поскапува за околу 10 отсто. Попусти и натаму ќе имаат корисниците на електронската наплата од шест отсто, како и камионите со мотори „евро 6“ од 10 отсто, јави дописникот на МИА од Белград. За македонските возачи од категоријата на автомобили најскапа патарината ќе биде на наплатните станици од Прешево до Суботица која ќе чини 2.690 динари или 23 евра. Од Прешево до Белград патарината ќе изнесува 1.890 динари или 16 евра, а од Прешево до наплатната станица Шид и хрватската граница 2.390 динари или 20 евра во еден правец. Од останатите патарини од Белград до Шид ќе чини 500 динари, од Обреновац до Прељина 560 динари, од Белград до Суботица 800 динари, од Белград до Ниш 1.130 динари, од Белград до Димитровград 1.670 динари. Во зависност од категоријата, патарината од Белград до Рума ќе изнесува 200 динари, до Сремска Митровица 270 динари, за Инџија 710 динари, и за Нови Сад 490 динари. Поскапена е патарината и на автопатот „Милош Велики“, па од Белград, односно од Обреновац, каде има наплатна рампа, до Чачак ќе чини 560 динари. Попусти ќе продолжат да остваруваат корисниците на електронска наплата т.е. таг од 6 отсто, како и камионите со мотори „ЕУРО 6“ од 10 отсто. Министерот за транспорт, градежништво и инфраструктура Горан Весиќ изјави дека српскиот таг сè уште може да се користи само во Македонија и Црна Гора и обратно. -Во моментов имаме 66.000 корисници кои го имаат тој Отворен Балкан таг и сигурен сум дека ќе има уште многу такви тагови кога ќе се заврши интеграцијата со Грција, бидејќи голем број српски автомобили влегуваат во Грција, понекогаш и околу 10.000 дневно, тоа е многу важно да се направи, а сигурен сум дека кога ќе создадеме нова компанија за патарини, ќе имаме напредок и во тоа, рече Весиќ на РТС. Тој очекува меѓу 48 и 50 милијарди динари од наплата на патарина во Србија оваа година, а до 75-80 милијарди во следните две години.  

The post Од полноќ, нови цени на патарините во Србија appeared first on Република.

]]>
На полноќ истекува рокот за собирање потписи за претседателските и кандидатите за пратеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-polnok-istekuva-rokot-za-sobirane-potpisi-za-pretsedatelskite-i-kandidatite-za-pratenitsi/ Fri, 08 Mar 2024 08:17:31 +0000 https://republika.mk/?p=752507

Собирањето граѓански потписи за претседателските и кандидатурите за пратеници во парламентот, кое почна пред точно две недели, на 23 февруари, завршува денеска на полноќ. Во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) граѓаните ќе може до вечерва заклучно со 24 часот да го дадат својот потпис за некој од претендентите за кандидати за шеф на државата или за независните листи за пратеници.

По десет илјади потписи за кандидатура на претседателските избори собираат вкупно 15 кандидати. Седум од нив веќе успеаја да го соберат потребниот број на граѓански потписи и да си обезбедат место во трката за шеф на државата чиј прв круг ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај заедно со парламентарните избори.

Потребниот минимум од 10 000 потписи за претседатеската кандидатура досега освоија – Бујар Османи (ДУИ), Арбен Таравари (коалиција „Вреди“), Максим Димитриевски (Движење ЗНАМ), Стевчо Јакимовски (ГРОМ), Билјана Ванковска-Цветковска (Левица), како и кандидатите на СДСМ, Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Останатите осум кандидати сè уште се во процес на собирање на потписите.

 

 

The post На полноќ истекува рокот за собирање потписи за претседателските и кандидатите за пратеници appeared first on Република.

]]>

Собирањето граѓански потписи за претседателските и кандидатурите за пратеници во парламентот, кое почна пред точно две недели, на 23 февруари, завршува денеска на полноќ. Во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) граѓаните ќе може до вечерва заклучно со 24 часот да го дадат својот потпис за некој од претендентите за кандидати за шеф на државата или за независните листи за пратеници. По десет илјади потписи за кандидатура на претседателските избори собираат вкупно 15 кандидати. Седум од нив веќе успеаја да го соберат потребниот број на граѓански потписи и да си обезбедат место во трката за шеф на државата чиј прв круг ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај заедно со парламентарните избори. Потребниот минимум од 10 000 потписи за претседатеската кандидатура досега освоија – Бујар Османи (ДУИ), Арбен Таравари (коалиција „Вреди“), Максим Димитриевски (Движење ЗНАМ), Стевчо Јакимовски (ГРОМ), Билјана Ванковска-Цветковска (Левица), како и кандидатите на СДСМ, Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Останатите осум кандидати сè уште се во процес на собирање на потписите.    

The post На полноќ истекува рокот за собирање потписи за претседателските и кандидатите за пратеници appeared first on Република.

]]>
Од полноќ, нови цени на горивата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-polnok-novi-tseni-na-gorivata-7/ Wed, 08 Nov 2023 13:06:43 +0000 https://republika.mk/?p=699548

Од полноќ поевтинува мазутот, а цените на останатите нафтени деривати остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според новата одлука на РКЕ, мазутот ќе се продава по цена од 44,996 ден/кг.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти. ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе се продава по цена од 81 денари за литар, ЕУРОСУПЕр БС-98 по цена од 83 денари за литар, а дизелот по цена од 80,5 денари за литар. Останува иста и цената на Екстра лесното масло за домаќинство - 80 денари за литар.

The post Од полноќ, нови цени на горивата appeared first on Република.

]]>

Од полноќ поевтинува мазутот, а цените на останатите нафтени деривати остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според новата одлука на РКЕ, мазутот ќе се продава по цена од 44,996 ден/кг. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти. ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе се продава по цена од 81 денари за литар, ЕУРОСУПЕр БС-98 по цена од 83 денари за литар, а дизелот по цена од 80,5 денари за литар. Останува иста и цената на Екстра лесното масло за домаќинство - 80 денари за литар.

The post Од полноќ, нови цени на горивата appeared first on Република.

]]>
Од полноќ, нови цени на горивата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-polnokj-novi-ceni-na-gorivata-11/ Mon, 26 Dec 2022 09:07:34 +0000 https://republika.mk/?p=589946

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата.

Минатата недела за половина денар се зголемија цените на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство.

Цените на бензините останаа непроменети.

Ова се актуелните цени на горивата:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 81,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 79,00 (денари/литар)
– Мазут- М-1 НС – 39,233 (денари/килограм)

 

The post Од полноќ, нови цени на горивата appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата. Минатата недела за половина денар се зголемија цените на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство. Цените на бензините останаа непроменети. Ова се актуелните цени на горивата: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,00 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,50 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 81,00 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 79,00 (денари/литар) – Мазут- М-1 НС – 39,233 (денари/килограм)  

The post Од полноќ, нови цени на горивата appeared first on Република.

]]>
Ново поскапување на горивата од полноќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/novo-poskapuvanje-na-gorivata-od-polnokj-2/ Mon, 06 Jun 2022 11:28:42 +0000 https://republika.mk/?p=511734

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,868 ден/кг и сега ќе изнесува 55,508 ден/кг.

Од 7.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 110,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 112,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 102,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 55,508 (денари/килограм)

 

The post Ново поскапување на горивата од полноќ appeared first on Република.

]]>

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,868 ден/кг и сега ќе изнесува 55,508 ден/кг. Од 7.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 110,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 112,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 102,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 55,508 (денари/килограм)  

The post Ново поскапување на горивата од полноќ appeared first on Република.

]]>
Во Австрија можат да влезат само оние кои примиле бустер доза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-avstrija-mozat-da-vlezat-samo-onie-koi-primile-buster-doza/ Mon, 24 Jan 2022 08:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=448547

На полноќ во Австрија стапи на сила нов режим за влез во земјата. Според новите правила, само патниците кои примиле три дози од вакцината против коронавирус можат да влезат во земјата без дополнителни документи.

Според новата Регулатива за влез во Австрија, веќе не важи списокот на земји со висок ризик. Така, граѓаните ширум светот кои примиле бустер доза можат да влезат во Австрија без дополнителни услови.

Причина за олабавување на режимот за влез во земјава е тоа што и во Австрија доминантен е сојот омикрон.

За оние кои не ја примиле третата доза од вакцината важи таканареченото правило „2G плус“, што значи дека вакцинираните или прележананите од ковид можат да влезат во земјава само доколку имаат негативен ПЦР тест.

Лицата кои имаат документи „2G“ – потврда за прележан Ковид-19 или потврда за вакцинација со две дози, а немаат негативен ПЦР тест мора да бидат ставени во карантин, кој може да се прекине по ПЦР тест кој има негативен резултат.

Де факто не е можен влез во Австрија за невакцинирани или лица кои не го прележале вирусот за туристички цели.

Вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или Светската здравствена организација (СЗО) како што се Бионтек / Фајзер, Астразенека, Џонсон и Џонсон, Модерна, кинеските вакцини Синофарм и Синовак, како и Коваксин, Кововакс и Новакс.

Руската вакцина Спутник не е призната.

The post Во Австрија можат да влезат само оние кои примиле бустер доза appeared first on Република.

]]>

На полноќ во Австрија стапи на сила нов режим за влез во земјата. Според новите правила, само патниците кои примиле три дози од вакцината против коронавирус можат да влезат во земјата без дополнителни документи. Според новата Регулатива за влез во Австрија, веќе не важи списокот на земји со висок ризик. Така, граѓаните ширум светот кои примиле бустер доза можат да влезат во Австрија без дополнителни услови. Причина за олабавување на режимот за влез во земјава е тоа што и во Австрија доминантен е сојот омикрон. За оние кои не ја примиле третата доза од вакцината важи таканареченото правило „2G плус“, што значи дека вакцинираните или прележананите од ковид можат да влезат во земјава само доколку имаат негативен ПЦР тест. Лицата кои имаат документи „2G“ – потврда за прележан Ковид-19 или потврда за вакцинација со две дози, а немаат негативен ПЦР тест мора да бидат ставени во карантин, кој може да се прекине по ПЦР тест кој има негативен резултат. Де факто не е можен влез во Австрија за невакцинирани или лица кои не го прележале вирусот за туристички цели. Вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или Светската здравствена организација (СЗО) како што се Бионтек / Фајзер, Астразенека, Џонсон и Џонсон, Модерна, кинеските вакцини Синофарм и Синовак, како и Коваксин, Кововакс и Новакс. Руската вакцина Спутник не е призната.

The post Во Австрија можат да влезат само оние кои примиле бустер доза appeared first on Република.

]]>
Од утре парно ќе има и по полноќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-utre-parno-kje-ima-i-po-polnokj/ Thu, 20 Jan 2022 10:39:40 +0000 https://republika.mk/?p=447050

Од утре АД Електрани на Македонија (ЕСМ) ќе го преземат управувањето со БЕГ и со „Скопје Север“.

Со тоа ќе се спроведе владината одлука донесена неодамна, со цел да се реши проблемот со парното затоплување во главниот град. Најавите се дека од петок ќе има парно греење до 1 часот по полноќ.

Минатата недела владат одлучи БЕГ да го стави под еден вид на „принудна управа“ до крајот на грејната сезона, и преку ЕСМ да го стабилизира пазарот на топлинска енергија, откако во решавањето на проблемот не се вклучија Градот Скопје и општините.

Ние не субвенционираме приватни фирми и затоа е донесена одлука од страна на ЕСМ, која е фирма во 100 процентна сопственост на државата, да се преземе управувањето со БЕГ. Преку државната ЕСМ ќе се покрива разликата од реалната и постојната цена за корисниците, кажа министертот за економија Крешник Бектеши.

The post Од утре парно ќе има и по полноќ appeared first on Република.

]]>

Од утре АД Електрани на Македонија (ЕСМ) ќе го преземат управувањето со БЕГ и со „Скопје Север“. Со тоа ќе се спроведе владината одлука донесена неодамна, со цел да се реши проблемот со парното затоплување во главниот град. Најавите се дека од петок ќе има парно греење до 1 часот по полноќ. Минатата недела владат одлучи БЕГ да го стави под еден вид на „принудна управа“ до крајот на грејната сезона, и преку ЕСМ да го стабилизира пазарот на топлинска енергија, откако во решавањето на проблемот не се вклучија Градот Скопје и општините.
Ние не субвенционираме приватни фирми и затоа е донесена одлука од страна на ЕСМ, која е фирма во 100 процентна сопственост на државата, да се преземе управувањето со БЕГ. Преку државната ЕСМ ќе се покрива разликата од реалната и постојната цена за корисниците, кажа министертот за економија Крешник Бектеши.

The post Од утре парно ќе има и по полноќ appeared first on Република.

]]>