полнење кутии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/polnenje-kutii/ За подобро да се разбереме Sat, 04 May 2024 10:12:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полнење кутии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/polnenje-kutii/ 32 32 Мицкоски: ДУИ полнеше кутии во определни места, поддршката за европеецот Османи била многу пониска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-dui-polneshe-kutii-vo-opredelni-mesta-poddrshkata-za-evropeetsot-osmani-bila-mnogu-poniska/ Sat, 04 May 2024 10:12:35 +0000 https://republika.mk/?p=774058

До претставниците на меѓународната заедница, до ОБСЕ/ОДИХР, доставивме список на избирачки места, кадешто во определен врменски интервал гласањето е во просек помалку од една минута, што наведува дека таму имаме полнење на кутии и на тие избирачки места, чудно, но вистинито, фингер-принт апаратите не работеле во тој период, тврди Мицкоски.

Тој обвинува дека нерегуларностите се дело на членови на ДУИ.

„Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше ДУИ, јас очекувам такво нешто да се случи и во вториот круг. Ние до претставниците на меѓународната заедница, до ОБСЕ/ОДИХР, доставивме список на избирачки места, кадешто во определен врменски интервал гласањето е во просек помалку од една минута, што наведува дека таму имаме полнење на кутии и на тие избирачки места, чудно, но вистинито, фингер-принт апаратите не работеле во тој период“,

кажа Мицкоски денеска на новинарско прашање во однос на наводите за изборни нерегуларности на 24 април.

Тој кажа и декa очекува истото дa се повтори и на гласањето в среда.

„Очекуваме нешто слично да се случува и во вториот круг, но ние сме подготвени, го информиравме и МВР да ги засили своите припадници таму. Генерално, станува збор за избирачки мета во скопски Сарај, Липково, Арачиново итн. Треба граѓаните да знаат дека ДУИ преку своите политики не ги освојува гласачите, туку таа буквално под притисок и со мерки и средства недозовлени за демокрaтијата ги добива гласовите, така што, слободно можете резултатите од првиот круг на европеецот Османи да ги поделите со два и ќе ја добиете реалната поддршка на ДУИ“,

рече Мицкоски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ обвинува и дека ДУИ повеќе од 20 години на два начина добива гласови – со епска манипулација и повикување на 2001 и паралелно местење тендери и второ, преку местенки, закани и поткуп.

„Ја повикувам и меѓународната заедница да не го факторизира криминалот на ДУИ, бидејќи тие сега истураат огромни количини кеш, а потоа на тој начин сакаат да бидат дел од Владата за повторно да ги вратат тие количнии кеш. Меѓународната заедница будно да го следи процесот, ова ги поминува условите во определени места во многу понеискусни демократии од македонската. Можам да кажам дека високи функцинери, дури и членови на Влада го прават ова, придружувани од припадници на МВР коишто се легитимираат кога ќе бидат фатени во процесот кога се случуваат овие притисоци и поткупи“,

рече Мицкоски.

The post Мицкоски: ДУИ полнеше кутии во определни места, поддршката за европеецот Османи била многу пониска appeared first on Република.

]]>

До претставниците на меѓународната заедница, до ОБСЕ/ОДИХР, доставивме список на избирачки места, кадешто во определен врменски интервал гласањето е во просек помалку од една минута, што наведува дека таму имаме полнење на кутии и на тие избирачки места, чудно, но вистинито, фингер-принт апаратите не работеле во тој период, тврди Мицкоски. Тој обвинува дека нерегуларностите се дело на членови на ДУИ.
„Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше ДУИ, јас очекувам такво нешто да се случи и во вториот круг. Ние до претставниците на меѓународната заедница, до ОБСЕ/ОДИХР, доставивме список на избирачки места, кадешто во определен врменски интервал гласањето е во просек помалку од една минута, што наведува дека таму имаме полнење на кутии и на тие избирачки места, чудно, но вистинито, фингер-принт апаратите не работеле во тој период“, кажа Мицкоски денеска на новинарско прашање во однос на наводите за изборни нерегуларности на 24 април.
Тој кажа и декa очекува истото дa се повтори и на гласањето в среда.
„Очекуваме нешто слично да се случува и во вториот круг, но ние сме подготвени, го информиравме и МВР да ги засили своите припадници таму. Генерално, станува збор за избирачки мета во скопски Сарај, Липково, Арачиново итн. Треба граѓаните да знаат дека ДУИ преку своите политики не ги освојува гласачите, туку таа буквално под притисок и со мерки и средства недозовлени за демокрaтијата ги добива гласовите, така што, слободно можете резултатите од првиот круг на европеецот Османи да ги поделите со два и ќе ја добиете реалната поддршка на ДУИ“, рече Мицкоски.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ обвинува и дека ДУИ повеќе од 20 години на два начина добива гласови – со епска манипулација и повикување на 2001 и паралелно местење тендери и второ, преку местенки, закани и поткуп.
„Ја повикувам и меѓународната заедница да не го факторизира криминалот на ДУИ, бидејќи тие сега истураат огромни количини кеш, а потоа на тој начин сакаат да бидат дел од Владата за повторно да ги вратат тие количнии кеш. Меѓународната заедница будно да го следи процесот, ова ги поминува условите во определени места во многу понеискусни демократии од македонската. Можам да кажам дека високи функцинери, дури и членови на Влада го прават ова, придружувани од припадници на МВР коишто се легитимираат кога ќе бидат фатени во процесот кога се случуваат овие притисоци и поткупи“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: ДУИ полнеше кутии во определни места, поддршката за европеецот Османи била многу пониска appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, тоа им се залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-dui-se-obiduva-da-potkupuva-glasachi-duri-i-vo-verski-objekti-toa-im-se-zaludni-stsenarija-sekako-ke-odat-vo-opozitsija/ Sat, 04 May 2024 07:57:17 +0000 https://republika.mk/?p=774000

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, но, како што истакнуваат, тоа се залудни сценарија, затоа што секако ќе одат во опозиција.

Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи.

 

Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат.

 

ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека залудно е и полнењето кутии.

Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот.

 

Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја!, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, тоа им се залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, но, како што истакнуваат, тоа се залудни сценарија, затоа што секако ќе одат во опозиција.
Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи.   Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат.   ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата порачуваат дека залудно е и полнењето кутии.
Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот.   Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја!, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, тоа им се залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-deka-dui-polnele-kutii-na-denot-na-izborite-e-dokazhano-od-sud/ Fri, 03 May 2024 12:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=773770

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска обвини дека на денот на изборите ДУИ полнеле кутии за што има потврден случај со пресуда од Управниот суд.

-Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во општина Липково за каде јасно Управниот суд донесе пресуда каде јасно се гледа дека волјата на граѓаните не е таа која е соодветна на резултатот, рече Мицкоски за време на денешната посета на општина Бутел.

Тој вели дека за тоа како партија предупредувале цело време и воедно упати апел за будност.

-Ние тоа го зборуваме цело време, затоа апелираме цело време, бидејќи имаме индиции дека на уште педесеттина други такви места низ Македонија се полнеле кутии, а излезноста наеднаш по 18 часот се зголемила. Оттука, предупредувам на будност, на внимание, рече Мицкоски.

Тој кажа и за обиди за купување на волјата на граѓаните.

-Тоа што сведочи од теренот е огромен притисок, обиди да се купи волјата на граѓаните од страна на ДУИ, мислејќи дека ќе направат голем резултат и така ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пред свршен чин да мора да седне и да разговара со раководството на ДУИ, кажа Мицкоски.

Тој рече дека „е убеден и верува во граѓаните на Македонија, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми или останати дека нема да го дозволат тоа“.

-Можам да ви кажам примери во градови како Виница, Кочани, Делчево, Берово каде владини функционери во придружба со полицајци кои се идентификуваат како полицајци имале обиди да поткупуваат дури и во верски објект, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, волјата на народот не е резултатот за Бујар Османи, туку дека таа е многу помала и ќе биде уште помала во периодот кој следи.

The post Мицкоски: Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска обвини дека на денот на изборите ДУИ полнеле кутии за што има потврден случај со пресуда од Управниот суд. -Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во општина Липково за каде јасно Управниот суд донесе пресуда каде јасно се гледа дека волјата на граѓаните не е таа која е соодветна на резултатот, рече Мицкоски за време на денешната посета на општина Бутел. Тој вели дека за тоа како партија предупредувале цело време и воедно упати апел за будност. -Ние тоа го зборуваме цело време, затоа апелираме цело време, бидејќи имаме индиции дека на уште педесеттина други такви места низ Македонија се полнеле кутии, а излезноста наеднаш по 18 часот се зголемила. Оттука, предупредувам на будност, на внимание, рече Мицкоски. Тој кажа и за обиди за купување на волјата на граѓаните. -Тоа што сведочи од теренот е огромен притисок, обиди да се купи волјата на граѓаните од страна на ДУИ, мислејќи дека ќе направат голем резултат и така ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пред свршен чин да мора да седне и да разговара со раководството на ДУИ, кажа Мицкоски. Тој рече дека „е убеден и верува во граѓаните на Македонија, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми или останати дека нема да го дозволат тоа“. -Можам да ви кажам примери во градови како Виница, Кочани, Делчево, Берово каде владини функционери во придружба со полицајци кои се идентификуваат како полицајци имале обиди да поткупуваат дури и во верски објект, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, волјата на народот не е резултатот за Бујар Османи, туку дека таа е многу помала и ќе биде уште помала во периодот кој следи.

The post Мицкоски: Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд appeared first on Република.

]]>
Возачот на Командант Вентили фатен како ги полни гласачките кутии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vozachot-na-sadula-duraku-faten-kako-gi-polni-glasachkite-kutii-obvinuvaat-od-vredi/ Wed, 24 Apr 2024 17:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=770257

Возачот на Садула Дураку бил фатен како ги полни гласачките кутии, обвини денеска Орхан Муртезани од „Вреди“, кој денеска во изјава за медиумите зборуваше за сомнежите за злоупотреба во избирачкото место 1112/1 во Липково.

Тука сме да ја осудиме кражбата на гласови, масовното преполнување на „бугарскиот воз“ во општина Липково, поточно во избирачкото место 1112/1. Лицето Алексан Рахмани, возачот на Садула Дураку и неговата десна рака, е фатен како ги полни гласачките кутии, рече Муртезани, а пренесе „Алсат“.

Дураку, кој е носител на листа за ДУИ во ИЕ1, иако е поранешен министер и долгогодишен функционер на албанската партија, македонската јавност го памети како човекот кој во летото 2001 со уште двајца припадници на ОНА го завртел вентилот за довод на вода од Липковското Езеро по што населените места од кумановскиот крај немале вода неколку седмици. Поради тој случај го доби прекарот Командант Вентили.

The post Возачот на Командант Вентили фатен како ги полни гласачките кутии appeared first on Република.

]]>

Возачот на Садула Дураку бил фатен како ги полни гласачките кутии, обвини денеска Орхан Муртезани од „Вреди“, кој денеска во изјава за медиумите зборуваше за сомнежите за злоупотреба во избирачкото место 1112/1 во Липково.
Тука сме да ја осудиме кражбата на гласови, масовното преполнување на „бугарскиот воз“ во општина Липково, поточно во избирачкото место 1112/1. Лицето Алексан Рахмани, возачот на Садула Дураку и неговата десна рака, е фатен како ги полни гласачките кутии, рече Муртезани, а пренесе „Алсат“.
Дураку, кој е носител на листа за ДУИ во ИЕ1, иако е поранешен министер и долгогодишен функционер на албанската партија, македонската јавност го памети како човекот кој во летото 2001 со уште двајца припадници на ОНА го завртел вентилот за довод на вода од Липковското Езеро по што населените места од кумановскиот крај немале вода неколку седмици. Поради тој случај го доби прекарот Командант Вентили.

The post Возачот на Командант Вентили фатен како ги полни гласачките кутии appeared first on Република.

]]>