полициски станици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/politsiski-stanitsi/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Mar 2024 20:28:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полициски станици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/politsiski-stanitsi/ 32 32 Министерот Тошковски во посета на полициските станици за граничен надзор Рогачево и Мадрача https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-toshkovski-vo-poseta-na-politsiskite-stanitsi-za-granichen-nadzor-rogachevo-i-madracha/ Sun, 17 Mar 2024 20:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=755695

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во серијата посети на полициски станици за граничен надзор, денеска ги посети полициските станици за граничен надзор Рогачево и Мадрача кои покриваат дел од граничната линија на север кон соседно Косово, информира Министерството за внатрешни работи.

За време на овие посети министерот имаше можност непосредно да се запознае со состојбата на објектите и опремата а низ разговор со полициските службеници од овие огранизациски единици се запозна со тековната работа и предизвиците со кои се соочени секојдневно.

„Објектот на полициската станица Рогачево е во лоша состојба и само благодарение на грижата на самите полициски службеници истиот се уште е во функција, а исто така и во оваа станица камерата со висок домет која е поставена за набљудување на граничната линија поради ненаправен сервис е надвор од употреба во последните 6 години. Што се однесува до ПС за ГН Маздрача, истата е една од ретките полициските станици во овој дел која е со висока кадровска пополнетост, но од друга страна се соочува со недостаток на соодветна опрема и теренски возила кои се неопходни за ефективно постапување, имајќи ја предвид непристапноста на теренот кој го покриваат“, образложи министерот Тошковски.

Заклучокот од овие посети е дека што поскоро треба да се направи соодветна ревизија и анализа на моменталните состојби на овие полициски станици, како и да се направат сериозни инвестиции во делот на материјално-техничката опременост и соодветно распоредување на човечки ресурси, бидејќи во прашање е целокупната безбедност на граничната линија.

The post Министерот Тошковски во посета на полициските станици за граничен надзор Рогачево и Мадрача appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во серијата посети на полициски станици за граничен надзор, денеска ги посети полициските станици за граничен надзор Рогачево и Мадрача кои покриваат дел од граничната линија на север кон соседно Косово, информира Министерството за внатрешни работи. За време на овие посети министерот имаше можност непосредно да се запознае со состојбата на објектите и опремата а низ разговор со полициските службеници од овие огранизациски единици се запозна со тековната работа и предизвиците со кои се соочени секојдневно.
„Објектот на полициската станица Рогачево е во лоша состојба и само благодарение на грижата на самите полициски службеници истиот се уште е во функција, а исто така и во оваа станица камерата со висок домет која е поставена за набљудување на граничната линија поради ненаправен сервис е надвор од употреба во последните 6 години. Што се однесува до ПС за ГН Маздрача, истата е една од ретките полициските станици во овој дел која е со висока кадровска пополнетост, но од друга страна се соочува со недостаток на соодветна опрема и теренски возила кои се неопходни за ефективно постапување, имајќи ја предвид непристапноста на теренот кој го покриваат“, образложи министерот Тошковски.
Заклучокот од овие посети е дека што поскоро треба да се направи соодветна ревизија и анализа на моменталните состојби на овие полициски станици, како и да се направат сериозни инвестиции во делот на материјално-техничката опременост и соодветно распоредување на човечки ресурси, бидејќи во прашање е целокупната безбедност на граничната линија.

The post Министерот Тошковски во посета на полициските станици за граничен надзор Рогачево и Мадрача appeared first on Република.

]]>
Тошковски во посета на полициските станици за граничен надзор Танушевци и Блаце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-vo-poseta-na-politsiskite-stanitsi-za-granichen-nadzor-tanushevtsi-i-blatse/ Sat, 16 Mar 2024 17:15:03 +0000 https://republika.mk/?p=755442

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ги посети полициските станици за граничен надзор Танушевци и Блаце кои се надлежни за контрола и надзор на дел од северната гранична линија кон Косово.

Во рамки на посетите се запознав со состојбата на објектите од аспект на материјално-техничка опременост, а со командирите и полициските службеници вработени во овие организациски единици разговаравме за нивната тековна работа, проблемите и предизвиците со кои се соочени и можни решенија за истите, информираше министерот на својот профил на „Фејсбук“.

Според него, и двете полициски станици се соочуваат со недоволна пополнетост од аспект на човечки ресурси и недостаток на моторни возила кои им се неопходни за успешно извршување на нивните задачи, имајќи ја предвид специфичноста на подрачјето кое го покриваат.

Всушност, во овие објекти со години наназад воопшто не било инвестирано, а специјалните возила кои се опремени со соодветни камери за надзор на подрачјето подолго време не се сервисирани и се оставени надвор од употреба, со што индиректно е загрозена безбедноста на граничната линија за која се надлежни, истакна Тошковски.

На крајот на средбите, донесовме неколку заклучоци од аспект на можни решенија на дел од проблемите и во таа насока од моја страна беше потенцирано дека ќе се преземе сѐ што е можно во овој период, имајќи ја предвид техничката природа на моменталната Влада и ограничувањата кои таа ги носи, а од нивна страна беше изразена благодарност што за првпат се посетени од еден министер, подвелече тој.

The post Тошковски во посета на полициските станици за граничен надзор Танушевци и Блаце appeared first on Република.

Од понеделник во Скопје готовите лични карти ќе се издаваат во надлежните полициски станици, според место на живеење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-ponedelnik-vo-skopje-gotovite-lichni-karti-ke-se-izdavaat-vo-nadlezhnite-politsiski-stanitsi-spored-mesto-na-zhiveene/ Sat, 09 Mar 2024 09:16:22 +0000 https://republika.mk/?p=752901

Министерството за внатрешни работи соопшти дека почнува со нов начин на издавање лични карти за жителите на Скопје.

Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на Град Скопје доведе до заклучок дека е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава, стои во соопштението.

МВР информира дека од понеделник, 11 март 2024 година, почнува нов процес за издавање лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици, според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта.

Секој граѓанин ќе може да пристапи во кој било период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта.

The post Од понеделник во Скопје готовите лични карти ќе се издаваат во надлежните полициски станици, според место на живеење appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи соопшти дека почнува со нов начин на издавање лични карти за жителите на Скопје.
Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на Град Скопје доведе до заклучок дека е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава, стои во соопштението.
МВР информира дека од понеделник, 11 март 2024 година, почнува нов процес за издавање лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици, според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта. Секој граѓанин ќе може да пристапи во кој било период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта.