полициска блокада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/politsiska-blokada/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Nov 2023 18:40:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полициска блокада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/politsiska-blokada/ 32 32 Скопје го очекува безбедносна блокада поради состанокот на ОБСЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopje-go-ochekuva-bezbednosna-blokada-poradi-sostanokot-na-obse/ Mon, 27 Nov 2023 20:36:47 +0000 https://republika.mk/?p=716908

Состанокот на ОБСЕ ги мобилизира граѓаните кои живеат во околината на СЦ Борис Трајковски. Од среда на пладне, до петок ќе бидат на само неколку метри од најобезбедуваниот настан до сега. Дел од нив велат дека добиле посебни совети од полицијата за движењето во овие три дена, дел пак тврдат дека некои добиле и сместување во хотел за да не бидат дома. Најголем дел од граѓаните се загрижени како ќе се движат до работа, но и како ќе стигнат до болницата „8. Септември“ на закажаните термини.

Директорот на „8. Септември“, д-р. Христијан Костов, за Сител вели болницата ќе работи непречено, ќе се примаат пациенти со упат, но и итни случаи. Оние граѓани кои се подвижни ќе мора пешки да стигнат до болницата, но ако е итен случај полицијата ќе ги пушти и со автомобил.

Додека учениците и администрацијата се сигурни дека во четврток е неработен ден за нив, продавниците и локалите во близина на спортскиот центар Борис Трајковски, не знаат дали треба да работат или не.

Од МВР велат дека се целосно подготвени за настанот, но нема посебни протоколи за граѓаните кои живеат во непосредна близина освен повикот да ги почитуваат препораките на полицијата.

Освен јавната администрација се препорачува и приватниот сектор во општина Карпош и во близина на СЦ Борис Трајковски, во среда попладне и четврток да не работат, но не е задолжително да затворат.

Од ЈСП поради состанокот на ОБСЕ ќе има посебен сообраќаен режим, па во среда автобусите ќе имаат промени во возниот ред. Во среда ќе сообраќаат по зимскиот возен ред, а во четврток автобусите ќе возат по саботен возен ред. Билетарниците во среда ќе работат до 13 часот, а во четврток нема воопшто да отворат.

The post Скопје го очекува безбедносна блокада поради состанокот на ОБСЕ appeared first on Република.

]]>

Состанокот на ОБСЕ ги мобилизира граѓаните кои живеат во околината на СЦ Борис Трајковски. Од среда на пладне, до петок ќе бидат на само неколку метри од најобезбедуваниот настан до сега. Дел од нив велат дека добиле посебни совети од полицијата за движењето во овие три дена, дел пак тврдат дека некои добиле и сместување во хотел за да не бидат дома. Најголем дел од граѓаните се загрижени како ќе се движат до работа, но и како ќе стигнат до болницата „8. Септември“ на закажаните термини. Директорот на „8. Септември“, д-р. Христијан Костов, за Сител вели болницата ќе работи непречено, ќе се примаат пациенти со упат, но и итни случаи. Оние граѓани кои се подвижни ќе мора пешки да стигнат до болницата, но ако е итен случај полицијата ќе ги пушти и со автомобил. Додека учениците и администрацијата се сигурни дека во четврток е неработен ден за нив, продавниците и локалите во близина на спортскиот центар Борис Трајковски, не знаат дали треба да работат или не. Од МВР велат дека се целосно подготвени за настанот, но нема посебни протоколи за граѓаните кои живеат во непосредна близина освен повикот да ги почитуваат препораките на полицијата. Освен јавната администрација се препорачува и приватниот сектор во општина Карпош и во близина на СЦ Борис Трајковски, во среда попладне и четврток да не работат, но не е задолжително да затворат. Од ЈСП поради состанокот на ОБСЕ ќе има посебен сообраќаен режим, па во среда автобусите ќе имаат промени во возниот ред. Во среда ќе сообраќаат по зимскиот возен ред, а во четврток автобусите ќе возат по саботен возен ред. Билетарниците во среда ќе работат до 13 часот, а во четврток нема воопшто да отворат.

The post Скопје го очекува безбедносна блокада поради состанокот на ОБСЕ appeared first on Република.

]]>