политизира Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/politizira/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Jun 2022 09:33:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png политизира Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/politizira/ 32 32 СДСМ: Македонскиот идентитет не се брани со релативизирање на кривични дела https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-makedonskiot-identitet-ne-se-brani-so-relativiziranje-na-krivichni-dela/ Wed, 08 Jun 2022 09:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=512555

СДСМ испрати апел до јавноста да не се политизира палењето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Апелираме до јавноста да не се политизира кривично правниот настан, во кој, по сопствено признание, како сторител се јавува македонски пејач.

Негативните емоции за називот на бугарскиот културен центар во Битола во никој случај не смеат да бидат причина да се оправдува свесно и со умисла подметнување пожар во кој можел да настрада и самиот сторител, но и други лица.

Македонскиот идентитет не се брани со релативизирање на кривични дела. Вандализмот буди друг вандализам, кој може да не внесе во спирала на скандали кои може да бидат погонско гориво за радикални структури во двете земји, велат од СДСМ.

Според СДСМ обврска е да бидеме мудри и да не наседнуваме на сценарија чија цел е оддалечување на Македонија од ЕУ.

Имаме разбирање за вознемиреноста на нашите граѓани, но никогаш нема да одобриме насилничко однесување. Единствено надлежен за ценењето на евентуалните олеснителни околности во конкретниот случај е исклучиво правосудната власт, а не дневната политика. Конечно, во текот на оваа година ќе бидеме сведоци на отворањето на Македонскиот културен центар во Благоевград. Ние се бориме со вредности, принципи и доследност, а не со насилство, велат од СДСМ.

The post СДСМ: Македонскиот идентитет не се брани со релативизирање на кривични дела appeared first on Република.

]]>

СДСМ испрати апел до јавноста да не се политизира палењето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Апелираме до јавноста да не се политизира кривично правниот настан, во кој, по сопствено признание, како сторител се јавува македонски пејач. Негативните емоции за називот на бугарскиот културен центар во Битола во никој случај не смеат да бидат причина да се оправдува свесно и со умисла подметнување пожар во кој можел да настрада и самиот сторител, но и други лица. Македонскиот идентитет не се брани со релативизирање на кривични дела. Вандализмот буди друг вандализам, кој може да не внесе во спирала на скандали кои може да бидат погонско гориво за радикални структури во двете земји, велат од СДСМ.