Кај нас долги години се води политика на популизам кога е во прашање финансирањето на проекти од културата. Но, државата мора да најде модус и да избере што е најважно во тој момент, што најдолгорочно ќе даде некаква видливост за земјата. Се знае каде мора да ги ставите парите, не можете на сите, вели во интервју за МИА Симеон Мони Дамевски, директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој годинава слави 45 години.
Како менаџер на Фестивалот во последните четири години, Дамевски вели дека неговата цел е „Браќа Манаки“ да го промовира и стави во фокусот на светската кинематограферска фела, обидувајќи се притоа преку привлекување на големи светски компании како спонзори да придонесе кон самоодржливост на манифестзцијата и да се намали зависноста од државното финансирање.
Буџетот на нашиот фестивал, 40 проценти доаѓа од Владата, преку Министерството за култура се префрлаат на Агенцијата за филм од каде ние преку конкурси обично добиваме околу 40 проценти, а околу 60 проценти се финасира со помош од Општина Битола и сопствени средства. Годинава, малку сме симнати на околу 30 проценти од Агенцијата за филм, ама разбираме дека состојбата во земјата е тешка, сите мора да ги стегнеме каишите. Тоа е мојата филозофија зашто јас не гледам од денес за утре, туку од сега за четири години, вели Дамевски.
Подвлекува дека „Манаки е олимпијада или светско првенство за кинематограферите“.
Ова што ќе го кажам ќе ме направи непопуларен кај некои од моите пријатели и колеги кои се занимаваат со филмски фестивали. Кај нас долги години се води една политика на популизам и ова не го кажувам како директор на фестивал затоа што јас веќе нема да бидам, ќе дојде некој друг. Ние се менуваме, некој не се согласува со политиката, директорот си оди. За парите некогаш е невкусно да се зборува, ова го правиме од љубов. Јас го видов потенцијалот на овој фестивал. Некој ќе верува, некој можеби нема да верува дека го правиме од љубов, но тројца луѓе го туркаме фестивалот цела година ..Манаки е олимпијада или светско првенство за кинематограферите. Да немаме илузии, не постои друга институција од овој тип во светот на филмската уметност или фестивали како овој, посочува Дамевски.
Укажува дека значајни културни манифестации, брендови на македонската култура, се изгубени поради популистичкиот пристап во распределувањето на финансиската поддршка во културата.
Агенцијата за филм дава пари на сите фестивали, но имате фестивали што се образовни, фестивали што се туристички, филозофски.... Разбирам дека сите мора да живеат, но мора да најдеме модус што е филмска уметност, што ќе финансираме. Изгубивме страшни државни манифестации, некои беа приватни, некои државни. Заради финансирање го изгубивме Џез фестивалот, ја изгубивме Универзална. Државата почна да ги секнува фондовите и ние немаме во Скопје каде духовно да се збогатуваме и надградуваме. Струшки вечери на поезијата, вториот наш голем фестивал, на кој што сум одел како дете, не е уништен, но можеби е деградиран. Ние бевме по мое знаење најголемиот фестивал на поезија во светот. Јас сум рецитирал поезија како студент. Биле Еуџенио Монтале, Алан Гинсберг.., значи најголемите поети во светот доаѓале во Струга, јас сега не можам да разберам кога има Струшки вечери на поезијата, вели Дамевски.
На прашањето што предлага, тој е категоричен дека државата мора да изнајде решение што ќе ги поддржи вистинските вредности.
Се разбира, државата мора да одлучи за ние да продолжиме по својот пат и да почнеме да го враќаме угледот во светот и да ги негуваме овие вредности. Вие можете дома кога ќе имате буџетот, парите да ги фрлите на јадење, на шетање, на гардероба но мора да мислите што ви е најважно во тој момент, што ќе даде плод в година да биде поголемо, позначајно и да бидете попознати, бидејќи зборуваме за култура. Се знае каде мора да ги ставите парите, не можете на сите. Кога ќе распрснете тоа е ништо, само се разводнува, смета првиот човек на „Браќа Манаки“.
Прашан дали очекува поддршка и слух за овие сугестии кај најодговорните, кај министерот за култура кој доаѓа од фелата, тој одговара со воздржан оптимизам.
Имам големи надежи. Морам да признаам, не сум политички определен, но прв пат гледам некаква надеж во таа насока. Не би знаел да ви кажам што ќе се случи, сум бил изневеруван од политичарите во оваа земја, живеам од 2010-та, поконстантно од 2011-та година, значи 13 години. Нема гарнитура која не ме разочарала во своите ветувања и со тоа што го реализирале. Ова ми делува, морам да признаам, како најсериозната по тоа што го слушам. Оној момент кога ќе почнам да гледам, ќе ви кажам дали верувам или неверувам. Очекувам, вели Дамевски.
Dиректорот на ИФФК најавува меѓу 300 до 450 гости на годинашното 45. издание на Фестивалот. На Фестивалот се очекува да бидат присутни претседатели и претставници на бројни национални и меѓународни кинематограферски организации (од САД, ОК, Италија, Франција, Шпанија, Австралија, ИМАГО...) реномирани светски познати кинематографери, кои работат со големи буџети.
The post Дамевски: Државата мора да ја надмине политиката на популизам во културата appeared first on Република.
]]>Буџетот на нашиот фестивал, 40 проценти доаѓа од Владата, преку Министерството за култура се префрлаат на Агенцијата за филм од каде ние преку конкурси обично добиваме околу 40 проценти, а околу 60 проценти се финасира со помош од Општина Битола и сопствени средства. Годинава, малку сме симнати на околу 30 проценти од Агенцијата за филм, ама разбираме дека состојбата во земјата е тешка, сите мора да ги стегнеме каишите. Тоа е мојата филозофија зашто јас не гледам од денес за утре, туку од сега за четири години, вели Дамевски.Подвлекува дека „Манаки е олимпијада или светско првенство за кинематограферите“.
Ова што ќе го кажам ќе ме направи непопуларен кај некои од моите пријатели и колеги кои се занимаваат со филмски фестивали. Кај нас долги години се води една политика на популизам и ова не го кажувам како директор на фестивал затоа што јас веќе нема да бидам, ќе дојде некој друг. Ние се менуваме, некој не се согласува со политиката, директорот си оди. За парите некогаш е невкусно да се зборува, ова го правиме од љубов. Јас го видов потенцијалот на овој фестивал. Некој ќе верува, некој можеби нема да верува дека го правиме од љубов, но тројца луѓе го туркаме фестивалот цела година ..Манаки е олимпијада или светско првенство за кинематограферите. Да немаме илузии, не постои друга институција од овој тип во светот на филмската уметност или фестивали како овој, посочува Дамевски.Укажува дека значајни културни манифестации, брендови на македонската култура, се изгубени поради популистичкиот пристап во распределувањето на финансиската поддршка во културата.
Агенцијата за филм дава пари на сите фестивали, но имате фестивали што се образовни, фестивали што се туристички, филозофски.... Разбирам дека сите мора да живеат, но мора да најдеме модус што е филмска уметност, што ќе финансираме. Изгубивме страшни државни манифестации, некои беа приватни, некои државни. Заради финансирање го изгубивме Џез фестивалот, ја изгубивме Универзална. Државата почна да ги секнува фондовите и ние немаме во Скопје каде духовно да се збогатуваме и надградуваме. Струшки вечери на поезијата, вториот наш голем фестивал, на кој што сум одел како дете, не е уништен, но можеби е деградиран. Ние бевме по мое знаење најголемиот фестивал на поезија во светот. Јас сум рецитирал поезија како студент. Биле Еуџенио Монтале, Алан Гинсберг.., значи најголемите поети во светот доаѓале во Струга, јас сега не можам да разберам кога има Струшки вечери на поезијата, вели Дамевски.На прашањето што предлага, тој е категоричен дека државата мора да изнајде решение што ќе ги поддржи вистинските вредности.
Се разбира, државата мора да одлучи за ние да продолжиме по својот пат и да почнеме да го враќаме угледот во светот и да ги негуваме овие вредности. Вие можете дома кога ќе имате буџетот, парите да ги фрлите на јадење, на шетање, на гардероба но мора да мислите што ви е најважно во тој момент, што ќе даде плод в година да биде поголемо, позначајно и да бидете попознати, бидејќи зборуваме за култура. Се знае каде мора да ги ставите парите, не можете на сите. Кога ќе распрснете тоа е ништо, само се разводнува, смета првиот човек на „Браќа Манаки“.Прашан дали очекува поддршка и слух за овие сугестии кај најодговорните, кај министерот за култура кој доаѓа од фелата, тој одговара со воздржан оптимизам.
Имам големи надежи. Морам да признаам, не сум политички определен, но прв пат гледам некаква надеж во таа насока. Не би знаел да ви кажам што ќе се случи, сум бил изневеруван од политичарите во оваа земја, живеам од 2010-та, поконстантно од 2011-та година, значи 13 години. Нема гарнитура која не ме разочарала во своите ветувања и со тоа што го реализирале. Ова ми делува, морам да признаам, како најсериозната по тоа што го слушам. Оној момент кога ќе почнам да гледам, ќе ви кажам дали верувам или неверувам. Очекувам, вели Дамевски.Dиректорот на ИФФК најавува меѓу 300 до 450 гости на годинашното 45. издание на Фестивалот. На Фестивалот се очекува да бидат присутни претседатели и претставници на бројни национални и меѓународни кинематограферски организации (од САД, ОК, Италија, Франција, Шпанија, Австралија, ИМАГО...) реномирани светски познати кинематографери, кои работат со големи буџети.
The post Дамевски: Државата мора да ја надмине политиката на популизам во културата appeared first on Република.
]]>Култната „Политика“ во изданието од 16 септември 1924 година пишува за загинувањето на „Тодор Александров“.
Во крава пресметка меѓу поединци од Македонската револуционерна организација загина нивниот водач.Убиствата продолжуваат.Во Џумаја и Петрич се водат борби.Вознемиреност во Бугарија-пишува „Политика“.
https://republika.mk/vesti/makedonija/na-deneshen-den-na-pirin-planina-vo-1924-ta-e-ubien-todor-aleksandrov/
The post Како српските медиуми известувале за смртта на Тодор Александров appeared first on Република.
]]>Во крава пресметка меѓу поединци од Македонската револуционерна организација загина нивниот водач.Убиствата продолжуваат.Во Џумаја и Петрич се водат борби.Вознемиреност во Бугарија-пишува „Политика“.https://republika.mk/vesti/makedonija/na-deneshen-den-na-pirin-planina-vo-1924-ta-e-ubien-todor-aleksandrov/
The post Како српските медиуми известувале за смртта на Тодор Александров appeared first on Република.
]]>Претседателот на Србија, Александар Вучиќ посочи дека во Скопје со лидерите од другите земји од Западен Балкан разговараат за економија, а не за политика. Тој очекува разговорите да донесат бенефити за сите држави од Западен Балкан.
Пред се да ги поздравам браќата Македонци во Македонија, да се заблагодарам на гостопримството. Состаноците овде се важни за целиот регион, разговараме за планот на раст со американските и европските претставници. Разговаравме за т.н. зелените линии за нашите камиони, за да поминуваат слободно низ границите на ЕУ“, рече Вучиќ.
Во наредните денови ќе се потпишат протоколи за слободен пристап на работна сила во Тирана, Скопје и Белград.
По првпат се состануваме за да се зборува за економија, а не за политика која носи големи поделби за нас“, додаде Вучиќ.
The post Вучиќ: За првпат разговараме за економија, а не за политиката која носи поделби appeared first on Република.
]]>Пред се да ги поздравам браќата Македонци во Македонија, да се заблагодарам на гостопримството. Состаноците овде се важни за целиот регион, разговараме за планот на раст со американските и европските претставници. Разговаравме за т.н. зелените линии за нашите камиони, за да поминуваат слободно низ границите на ЕУ“, рече Вучиќ.Во наредните денови ќе се потпишат протоколи за слободен пристап на работна сила во Тирана, Скопје и Белград.
По првпат се состануваме за да се зборува за економија, а не за политика која носи големи поделби за нас“, додаде Вучиќ.
The post Вучиќ: За првпат разговараме за економија, а не за политиката која носи поделби appeared first on Република.
]]>Ќе се гради интегритет на судството тогаш кога ќе се покаже силна политичка волја за тоа, кога политиката ќе ги тргне сите форми на влијание од судството и кога судиите ќе соберат сила јавно да ги детектираат проблемите и проблематичните меѓу себе. Мора да постои силно изразена политичка волја на сите чинители во општеството, на сите три власти, за респект на независноста на судството. Но, и судството мора да се охрабри и да зборува. Нам ни требаат одважни и самосвесни судии кои ќе знаат јавно да зборуваат. Судиите се се повлечени, се помалку подготвени за критички расправи и уште помалку за самокритика.
Вака Мирјана Лазарова Трајковска, судијка во Врховниот суд и поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права одговори денеска на прашањето, како да се врати довербата во домашното судство, што и го постави вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска на конференцијата „Зајакнување на жените и младите во борбата против корупцијата и во вградувањето на европските фундаментални права и вредности во регионот“.
Според Лазарова Трајковска, во овој момент главните оски на влијание на политиката врз судството се Академијата на судии и јавни обвинители и Судскиот совет.
-Регрутирањето на кадрите во судството оди преку овие институции. И ова е делот од каде политиката треба полека да се повлекува и да го остави судството само да се управува и да се самоорганизира, потенцира Лазарова Трајковска.
Таа порача дека без независно судство, нема придвижување напред и тоа, рече, не се флоскули, туку се апели и повици за јасно почитување на поделбата на власта. Мора да се знае, подвлече Лазарова Трајковска, која е улогата на извршната власт, која е улогата на законодавната власт и каде и е местото на судската власт. Еден од проблемите, додаде, е и тоа што судовите не се доволно транспарентни и отворени кон јавноста.
-Не постои друг начин за да се врати довербата во судството. Претпоставувам дека ова е еден од најголемите предизвици пред кои ќе се соочиме со оглед дека со големиот број случувања и таа малку доверба во правосудниот систем, не само во судството, е силно разнишана. Јас секогаш велам дека мора да си повторуваме постојано дека независноста на судството е вистинската потпора на владеењето на правото и на демократските процеси. Без независно судство нема придвижување напред и тоа не се тоа флоскули, туку тоа се апели и повици за јасно почитување на поделбата на власта - да се знае која е улогата на извршната власт, која е улогата на законодавната власт и каде и е местото на судската власт. Ние во последните три децении сите гревови и грешки на извршната и законодавната власт сведочевме како се префрлаат и се одбиваат од плеќите на судството. И прстот постојано се упатува кон судството. Таквиот деградирачки и омаложувачки пристап кон судството, како имиџ се гради со години наназад и понекогаш и самите судии и судството учествуваат во тоа да се создаде претстава дека Судот не направил онолку колку што треба, истакна судијката.
Правдата, дополни, не треба да биде само изречена, туку треба да биде видливо изречена.
-За жал, во изминатите три децении, реформата на судството или градењето углед и доверба на судството, се сведуваше на носење нови закони, изменување, дополнување на закони. Тие уште не заживееле и одеднаш се пристапува кон нови измени. Кривичниот законик кој беше предмет на дебати и кој се уште е предмет на дебати, сменет е повеќе од 30 пати. И за судиите ваквата правна несигурност и ваквата правна нестабилност, претставува голем проблем. Замислете како е тоа за граѓанинот кој треба да има јасни и чисти правни очекувања од судството. Кога имате правна нестабилност, кога имате нестабилен правосуден систем кој постојано е изложен на промени, тешко може да очекувате предвидливи одлуки од еден суд. Одеднаш, со упад на измени на некој закон, се изместува цела една легислатива, се изместува цел еден систем на владеење на правото. Од друга страна, постојаните повикувања на судиите во предмети каде што се суди за лица од политиката или за политичарите, создава претстава дека судовите се занимаваат најмногу со такви предмети, а реалноста е многу поинаква. Пред судовите правда бараат граѓаните, најчесто во граѓански постапки, во управни постапки, а фокусот на јавноста е на казненото право, фокусот на јавноста е на кривичните постапки. И тука се гради јавниот имиџ или угледот на судството, рече Лазарова Трајковска.
За жал, предочи, во последните години и самите судии имаат перцепција дека нивниот интегритет е силно разнишан не само како последица на влијанијата и притисоците однадвор, туку и како резултат на процесите што се случуваат внатре во судството поради силната пенетрација на политиката.
-До пред неколку години имавме закон кој дозволуваше директен влез во високите судови, директно во апелационите судови, директно во врховните судови, и мерит системот на градење кариера во судството беше напуштен за еден добар временски период и сега ќе ги живееме последиците од тоа подолго време. И еден трет сегмент за кој не се зборува многу. Во последните петнаесетина години имаме шест закони за амнестија, имаме упади во кривичните закони, менување на кривичните постапки. Уште еден исклучително важен елемент е исто така подготвеноста на судовите транспарентно и отворено да ја информираат јавноста, да ја известуваат за начинот на работење. Се разбира тука постојат и голем број на сегменти коишто ќе влијаат за она што вие го нарековте ефикасно работење на судството. Ние се уште се справуваме со предмети, со списи во хартиена форма, а живееме во време на информатичко општество кога најголем дел од судовите во Европа ја користат максимално информатиката и комуникациските технологии. Но, тоа е една фаза која ќе зависи и од еден самостоен независен судски буџет, а не од буџет којшто е креиран и планиран од извршната власт, укажа Лазарова Трајковска.
Таа се осврна и на финансиската независност на судството на која, потенцира, исто така мора да се работи.
The post Лазарова Трајковска: Политиката да ги тргне сите форми на влијание од судството appeared first on Република.
]]>-Не постои друг начин за да се врати довербата во судството. Претпоставувам дека ова е еден од најголемите предизвици пред кои ќе се соочиме со оглед дека со големиот број случувања и таа малку доверба во правосудниот систем, не само во судството, е силно разнишана. Јас секогаш велам дека мора да си повторуваме постојано дека независноста на судството е вистинската потпора на владеењето на правото и на демократските процеси. Без независно судство нема придвижување напред и тоа не се тоа флоскули, туку тоа се апели и повици за јасно почитување на поделбата на власта - да се знае која е улогата на извршната власт, која е улогата на законодавната власт и каде и е местото на судската власт. Ние во последните три децении сите гревови и грешки на извршната и законодавната власт сведочевме како се префрлаат и се одбиваат од плеќите на судството. И прстот постојано се упатува кон судството. Таквиот деградирачки и омаложувачки пристап кон судството, како имиџ се гради со години наназад и понекогаш и самите судии и судството учествуваат во тоа да се создаде претстава дека Судот не направил онолку колку што треба, истакна судијката.Правдата, дополни, не треба да биде само изречена, туку треба да биде видливо изречена.
-За жал, во изминатите три децении, реформата на судството или градењето углед и доверба на судството, се сведуваше на носење нови закони, изменување, дополнување на закони. Тие уште не заживееле и одеднаш се пристапува кон нови измени. Кривичниот законик кој беше предмет на дебати и кој се уште е предмет на дебати, сменет е повеќе од 30 пати. И за судиите ваквата правна несигурност и ваквата правна нестабилност, претставува голем проблем. Замислете како е тоа за граѓанинот кој треба да има јасни и чисти правни очекувања од судството. Кога имате правна нестабилност, кога имате нестабилен правосуден систем кој постојано е изложен на промени, тешко може да очекувате предвидливи одлуки од еден суд. Одеднаш, со упад на измени на некој закон, се изместува цела една легислатива, се изместува цел еден систем на владеење на правото. Од друга страна, постојаните повикувања на судиите во предмети каде што се суди за лица од политиката или за политичарите, создава претстава дека судовите се занимаваат најмногу со такви предмети, а реалноста е многу поинаква. Пред судовите правда бараат граѓаните, најчесто во граѓански постапки, во управни постапки, а фокусот на јавноста е на казненото право, фокусот на јавноста е на кривичните постапки. И тука се гради јавниот имиџ или угледот на судството, рече Лазарова Трајковска.За жал, предочи, во последните години и самите судии имаат перцепција дека нивниот интегритет е силно разнишан не само како последица на влијанијата и притисоците однадвор, туку и како резултат на процесите што се случуваат внатре во судството поради силната пенетрација на политиката.
-До пред неколку години имавме закон кој дозволуваше директен влез во високите судови, директно во апелационите судови, директно во врховните судови, и мерит системот на градење кариера во судството беше напуштен за еден добар временски период и сега ќе ги живееме последиците од тоа подолго време. И еден трет сегмент за кој не се зборува многу. Во последните петнаесетина години имаме шест закони за амнестија, имаме упади во кривичните закони, менување на кривичните постапки. Уште еден исклучително важен елемент е исто така подготвеноста на судовите транспарентно и отворено да ја информираат јавноста, да ја известуваат за начинот на работење. Се разбира тука постојат и голем број на сегменти коишто ќе влијаат за она што вие го нарековте ефикасно работење на судството. Ние се уште се справуваме со предмети, со списи во хартиена форма, а живееме во време на информатичко општество кога најголем дел од судовите во Европа ја користат максимално информатиката и комуникациските технологии. Но, тоа е една фаза која ќе зависи и од еден самостоен независен судски буџет, а не од буџет којшто е креиран и планиран од извршната власт, укажа Лазарова Трајковска.Таа се осврна и на финансиската независност на судството на која, потенцира, исто така мора да се работи.
The post Лазарова Трајковска: Политиката да ги тргне сите форми на влијание од судството appeared first on Република.
]]>Нема гаранции дека ова ќе биде последната промена на Уставот, вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју за белградска „Политика“, обвинувајќи ја нашата дипломатија дека не се изборила за подобри позиции и гаранции дека нема да има нови пречки за македонскиот евроинтегративен пат.
Која е гаранцијата дека оваа промена на Устав која сега се бара од Македонија ќе биде последна? Дека нема утре да се бара промена на устав во која ќе се редефинира прашања кои се од идентитетски карактер или нема да се бара ново минимизирање и бришење на АСНОМ како темел на македонската државност. Некои сигнали стигнуваат од Бугарија кои веќе отворено го негираат Илинденското востание и неговиот карактер и за ова повторно немаше никаква реакција од страна на Министерството за надворешни работи, наведува Мицкоски.
Одговарајќи на прашањето за пораките од високите функционери на ЕУ, како Жозеп Борел, министрите за надворешни работи на Вишеградската група, пораките од државниот секретар на САД, Блинкен, и другите, дека промената на Уставот е единствениот пат на просперитет на Македонија во рамки на европските перспективи, Мицковски го повтори ставот на ВМРО ДПМНЕ.
Ако промена на Уставот е услов за ЕУ, тогаш Македонија ќе беше членка и шампион на ЕУ, затоа што во овие триесет години имаме измени на Устав колку сите земји членки заедно. Тоа им го кажуваме јасно и гласно на нашите партнери од меѓународната заедница. Партнерството е двонасочна улица која се базира на почитување. Институционалните гаранции од страна на ЕУ се еден мал чекор за нив, но големо охрабрување за нас дека европскиот пат не е подвижна цел, туку нешто што е остварливо, кажа Мицковски.
Тој ги повтори ветувањата дадени од ЕУ пред референдумот за Преспанскиот договор, посочувајќи дека институционалните гаранции на ЕУ треба да значат дека оваа, некоја идна влада, па и владата после неа ќе има конкретен таргет што треба да исполни.
За понудата на премиерот Димитар Ковачевски за влез во владата и оставките на министрите од ДУИ, Мицковски кажа дека „нам власт, заради власт не ни треба, избори во Македонија ќе има порано или подоцна“.
Учеството во влада во која нема да бидат дел инкриминираните структури на СДС и ДУИ може само да помогне од вадењето на државата од тонењето кое се случува секој ден. Тоа можеше само да помогне државата полесно да чекори кон реформите, но истото без јасните позиции во надворешните односи е беспредметно. Вие може да правите реформи кои се блескави, ама на друга маса кај што инсистира Бугарија ќе бидете кочени заради историски и ретроградни наративи. Да напоменам, Владата не се произнесе за овие наши предлози, туку проба на перфиден начин да ги злоупотреби и изврти. Сега единствената опција која ни преостанува се изборите, посочи Мицкоски.
На прашањето на Политика за неговиот став дека прво треба да се одржат избори, па потоа да се разговара за уставни измени, што е оценето како задоволување на партиските, а не на националните интереси, Мицковски искоментира дека „изборите се демократски чин и начин народот да се произнесе за политичките процеси во една земја и народот да даде мандат за тоа дали и под кои услови ќе се менува македонскиот Устав“.
Консензусот кој јавноста го бараше, а кој се однесуваше на тоа историските и идентитетските теми да останат надвор од преговорите, кој се однесуваше на некаков реципроцитет и позитивен сигнал и институционални гаранции од страна на ЕУ и Бугарија се добра основа на која идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за европската иднина, кажа Мицковски, додавајќи дека „пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалициски партнери од парламентарната група покажаа дека овие измени под диктат не може да се случат“.
Во интервјуто за Политика, Мицковки се осврна и на односите со Србија, кои ги оцени како добри, со простор економски да се подобрат.
Ако дозволите да бидам „економски националист“ новата идна влада на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија успешно ќе се натпреварува со Србија во иднина, па зошто да не и ќе ја победува кога ќе се работи за привлекување инвестиции и економски развој, порача Мицковски.
The post Мицкоски за белградска „Политика“: Нема гаранции дека ова ќе биде последната промена на Уставот appeared first on Република.
]]>Која е гаранцијата дека оваа промена на Устав која сега се бара од Македонија ќе биде последна? Дека нема утре да се бара промена на устав во која ќе се редефинира прашања кои се од идентитетски карактер или нема да се бара ново минимизирање и бришење на АСНОМ како темел на македонската државност. Некои сигнали стигнуваат од Бугарија кои веќе отворено го негираат Илинденското востание и неговиот карактер и за ова повторно немаше никаква реакција од страна на Министерството за надворешни работи, наведува Мицкоски.Одговарајќи на прашањето за пораките од високите функционери на ЕУ, како Жозеп Борел, министрите за надворешни работи на Вишеградската група, пораките од државниот секретар на САД, Блинкен, и другите, дека промената на Уставот е единствениот пат на просперитет на Македонија во рамки на европските перспективи, Мицковски го повтори ставот на ВМРО ДПМНЕ.
Ако промена на Уставот е услов за ЕУ, тогаш Македонија ќе беше членка и шампион на ЕУ, затоа што во овие триесет години имаме измени на Устав колку сите земји членки заедно. Тоа им го кажуваме јасно и гласно на нашите партнери од меѓународната заедница. Партнерството е двонасочна улица која се базира на почитување. Институционалните гаранции од страна на ЕУ се еден мал чекор за нив, но големо охрабрување за нас дека европскиот пат не е подвижна цел, туку нешто што е остварливо, кажа Мицковски.Тој ги повтори ветувањата дадени од ЕУ пред референдумот за Преспанскиот договор, посочувајќи дека институционалните гаранции на ЕУ треба да значат дека оваа, некоја идна влада, па и владата после неа ќе има конкретен таргет што треба да исполни. За понудата на премиерот Димитар Ковачевски за влез во владата и оставките на министрите од ДУИ, Мицковски кажа дека „нам власт, заради власт не ни треба, избори во Македонија ќе има порано или подоцна“.
Учеството во влада во која нема да бидат дел инкриминираните структури на СДС и ДУИ може само да помогне од вадењето на државата од тонењето кое се случува секој ден. Тоа можеше само да помогне државата полесно да чекори кон реформите, но истото без јасните позиции во надворешните односи е беспредметно. Вие може да правите реформи кои се блескави, ама на друга маса кај што инсистира Бугарија ќе бидете кочени заради историски и ретроградни наративи. Да напоменам, Владата не се произнесе за овие наши предлози, туку проба на перфиден начин да ги злоупотреби и изврти. Сега единствената опција која ни преостанува се изборите, посочи Мицкоски.На прашањето на Политика за неговиот став дека прво треба да се одржат избори, па потоа да се разговара за уставни измени, што е оценето како задоволување на партиските, а не на националните интереси, Мицковски искоментира дека „изборите се демократски чин и начин народот да се произнесе за политичките процеси во една земја и народот да даде мандат за тоа дали и под кои услови ќе се менува македонскиот Устав“.
Консензусот кој јавноста го бараше, а кој се однесуваше на тоа историските и идентитетските теми да останат надвор од преговорите, кој се однесуваше на некаков реципроцитет и позитивен сигнал и институционални гаранции од страна на ЕУ и Бугарија се добра основа на која идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за европската иднина, кажа Мицковски, додавајќи дека „пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалициски партнери од парламентарната група покажаа дека овие измени под диктат не може да се случат“.Во интервјуто за Политика, Мицковки се осврна и на односите со Србија, кои ги оцени како добри, со простор економски да се подобрат.
Ако дозволите да бидам „економски националист“ новата идна влада на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија успешно ќе се натпреварува со Србија во иднина, па зошто да не и ќе ја победува кога ќе се работи за привлекување инвестиции и економски развој, порача Мицковски.
The post Мицкоски за белградска „Политика“: Нема гаранции дека ова ќе биде последната промена на Уставот appeared first on Република.
]]>Изборната комисија на Пакистан денеска на поранешниот премиер Имран Кан му забрани да се кандидира за политичка функција во следните пет години, откако беше прогласен за виновен по обвиненијата за корупција, јавија британските медиуми.
Неколку телевизиски канали јавија дека Изборната комисија на Пакистан одлуката ја донела во согласност со пресудата што беше донесена против него пред три дена.
Според законите во Пакистан, осудено лице не може да се кандидира за избрана функција во рок определен од Изборната комисија, но не повеќе од пет години.
Кан во саботата беше осуден на три години затвор. Тој беше уапсен во неговиот дом во Лахоре и одведен во затвор во близина на Исламабад.
Поранешниот премиер беше обвинет за нелегална продажба на државни подароци додека беше на функцијата во периодот 2018-2022 година.
Адвокатите на Кан поднесоа жалба на пресудата, а Вишиот суд во Исламабад утре ќе ја разгледа жалбата.
The post Поранешниот пакистански премиер доби петгодишна забрана да се занимава со политика appeared first on Република.
]]>The post Поранешниот пакистански премиер доби петгодишна забрана да се занимава со политика appeared first on Република.
]]>Понижувањата и навредите кои ги трпат Македонија и Македонците се резултат на погрешната политика на СДС. Изворот на ова е затруеното дрво договор со Бугарија кои тие го донесоа, со кое отворија врата и дадоа легитимитет на негаторските изјави и постапки упатени кон македонскиот идентитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Резултатот на сето тоа денес се тензиите кои се појавуваат, историски најлошите односи меѓу двете земји и скандалозните прослави на историски датуми со кордони, многу полиција и чествување далеку од очите на народот. Наместо за иднина власта на СДС се согласи да се зборува за историја. Нема никаков инфраструктурен и економски бенефит за Македонија од ова.
Напротив, добиваме уцени и нови и нови барања, чија крајна цел веќе и не се крие, а тоа е однародување, што нема никаква врска со европските стандарди и вредности. Ковачевски и неговата влада се целосно изгубени и со свиткана кичма. Веќе не знаат како да се оправдаат за живата песок во која тонат и за жал ја влечат и Македонија.
Неопходни се избори час поскоро, на кои граѓаните јасно и гласно ќе кажат што мислат за нивните погубни политики, стои во соопштението.
The post Ковачевски и неговата влада целосно се изгубија, политиката на свиткана кичма носи само нови понижувања appeared first on Република.
]]>The post Ковачевски и неговата влада целосно се изгубија, политиката на свиткана кичма носи само нови понижувања appeared first on Република.
]]>„Политиката на Брисел кон Белград потсетува на „брак кој започнува со предавство“ – изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Таа изјави дека заострувањето на односите меѓу Србија и Косово се веднаш по самитот на ЕУ во Албанија со учество на земјите од Западен Балкан, пренесува ТАСС.
Таа на својот Телеграм профил посочи дека е усвоена Декларацијата од Тирана, која ги поддржува аспирациите на земјите од Западен Балкан за влез во ЕУ.
Захарова рече дека во посебен став од Декларацијата на ЕУ од Тирана е пропишано дека Косово и Србија се „на европскиот пат“ и дека не е изненадување што „Косово почна да спроведува агресивна реторика“.
Портпаролката на руското МНР додаде дека Европската унија се обидува да ја одведе Србија во „убава иднина“ и истовремено да организира провокации против Белград.
Таквата политика е предавничка на самиот почеток, како брак што започнува со предавство, рече таа.
The post Захарова: Политиката на Брисел кон Белград е предавничка appeared first on Република.
]]>Таквата политика е предавничка на самиот почеток, како брак што започнува со предавство, рече таа.
The post Захарова: Политиката на Брисел кон Белград е предавничка appeared first on Република.
]]>Ни претстои сериозна криза во која што мора секој пратеник поединечно, и на власта и на опозицијата да се надмине себеси, за сето она што е во интерес на граѓаните да се најде решение и во Собранието да се изгласаат и реализираат сите оние работи коишто се предуслов да се преброди оваа криза, истакна пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „На прав пат“ на телевизија Алсат.
Талески нагласи дека во Собранието подолг временски период се случува класичната блокада што ја прави ВМРО-ДПМНЕ.
Ние изминатиот период бевме сведоци како се блокираат исклучително важни законски решенија за граѓаните, тоа се случуваше во време на корона кризата, тоа се случува сега со енергетската криза, нагласи Талески.
Пратеникот Талески го потенцираше лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ кои ги поддржуваат законите кога тоа им одговара, како законот за поврзување на локални патишта, кој го блокираa 1,5 година, а го поддржа кога на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе градоначалнички места, лицемерието им се гледа кога се скараа за тендерот од 136 милиони евра и за провизиите.
Го блокираат законот за заемот од ЕБОР, наменет за да се подобри ликвидноста на ЕСМ, претседателот на комисијата за финансирање и буџет, кој е од ВМРО-ДПМНЕ не свикува седница за овој закон кој е со исклучиво со поволна каматна сматка, нагласи Талевски.
Тој истакна дека ова е момент во кој најмалку е потребна политика и политикантство, туку пратениците треба заедно да најдат начин да ги решат проблемите на граѓаните
Ги повикувам сите пратеници да го надминеме тесно партискиот интерес и да излеземе со конкретни предлози и мерки и да најдеме заедништво, затоа што во ваква ситуација нас најмалку ни требаат некакви блокади, порача пратеникот на СДСМ Миле Талески.
The post Tалески: Сега е најмалку потребно политика и политиканство appeared first on Република.
]]>Ние изминатиот период бевме сведоци како се блокираат исклучително важни законски решенија за граѓаните, тоа се случуваше во време на корона кризата, тоа се случува сега со енергетската криза, нагласи Талески.Пратеникот Талески го потенцираше лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ кои ги поддржуваат законите кога тоа им одговара, како законот за поврзување на локални патишта, кој го блокираa 1,5 година, а го поддржа кога на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе градоначалнички места, лицемерието им се гледа кога се скараа за тендерот од 136 милиони евра и за провизиите. Го блокираат законот за заемот од ЕБОР, наменет за да се подобри ликвидноста на ЕСМ, претседателот на комисијата за финансирање и буџет, кој е од ВМРО-ДПМНЕ не свикува седница за овој закон кој е со исклучиво со поволна каматна сматка, нагласи Талевски. Тој истакна дека ова е момент во кој најмалку е потребна политика и политикантство, туку пратениците треба заедно да најдат начин да ги решат проблемите на граѓаните
Ги повикувам сите пратеници да го надминеме тесно партискиот интерес и да излеземе со конкретни предлози и мерки и да најдеме заедништво, затоа што во ваква ситуација нас најмалку ни требаат некакви блокади, порача пратеникот на СДСМ Миле Талески.
The post Tалески: Сега е најмалку потребно политика и политиканство appeared first on Република.
]]>Христијан Мицкоски најави повлекување од политиката доколку пратеници на ВМРО-ДПМНЕ дадат поддршка на уставните измени за внес на Бугарите. Тој порача да се стави крај на, како што вели, изјавите од власта дека дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ биле подготвени да гласаат „за“ промените на Уставот, што произлегуваат од францускиот предлог.
Тука сакам да ја затворам таа тема. По цена на мојата професионална и политичка кариера, такви луѓе нема. Ќе си заминам, ќе ја напуштам политиката и никогаш повеќе нема да се занимавам со политиката, ако јас додека сум претседател, под овие услови, биде променет Уставот, изјави Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ информира и дека утре продолжуваат разговорите со коалициските партнери во однос на иницијативата за референдум, поврзан со францускиот предлог. Дилемата е дали референдумот ќе биде предложен од 44 пратеници или пак ќе се собираат 150 илјади потписи за негово распишување.
Да го завршиме целиот овој процес и да излеземе со конечен став пред граѓаните – каков ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, дали ќе одиме со 150 илјади потписи, дали ќе одиме со пратениците, имајќи предвид дека континуирано се сее и од владините инсталации во опозицијата и од самата власт притисок дека имало пратеници вакви или такви и некој се двоумел, додаде тој.
The post Мицкоски: Ќе ја напуштам политиката ако било кој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласа за промена на Уставот appeared first on Република.
]]>Тука сакам да ја затворам таа тема. По цена на мојата професионална и политичка кариера, такви луѓе нема. Ќе си заминам, ќе ја напуштам политиката и никогаш повеќе нема да се занимавам со политиката, ако јас додека сум претседател, под овие услови, биде променет Уставот, изјави Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ информира и дека утре продолжуваат разговорите со коалициските партнери во однос на иницијативата за референдум, поврзан со францускиот предлог. Дилемата е дали референдумот ќе биде предложен од 44 пратеници или пак ќе се собираат 150 илјади потписи за негово распишување.
Да го завршиме целиот овој процес и да излеземе со конечен став пред граѓаните – каков ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, дали ќе одиме со 150 илјади потписи, дали ќе одиме со пратениците, имајќи предвид дека континуирано се сее и од владините инсталации во опозицијата и од самата власт притисок дека имало пратеници вакви или такви и некој се двоумел, додаде тој.
The post Мицкоски: Ќе ја напуштам политиката ако било кој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласа за промена на Уставот appeared first on Република.
]]>Ставот на партијата ВМРО-ДПМНЕ за неприфаќање на францускиот предлог за решавање на бугарско-македонскиот спор го поддржаа голем број на граѓани на секојдневните протести во Скопје и ширум државата, МАНУ, но и поединечни членови на владеачката коалиција. Во што е најголемиот проблем во ова француско решение?, го праша „Политика“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски: Сенародните масовни протести во Македонија добиваат поддршка не само од ВМРО-ДПМНЕ, туку и од интелектуалци, експерти за евроинтегративни прашања, но и од подржувачи на вледеачките партиии коишто сметаат дека овој предлог не нуди почеток на македонските евроинтеграции, туку напротив отвора бесконечни преговори или асимилација по бугарски диктат. Во Бугарија ликуваат дека овој предлог ги содржи сите нивни барања кои се крајно неповолни за Македонија и тежнеат кон негирање на македонскиот идентитет, јазик и историја. Ако ја погледнеме рамката за преговори која и се нуди на Македонија ќе видите дека се разликува од преговарачката рамка која е дадена на било која друга земја која била кандидат за членство. Внесен е билатерален проблем како дел од преговорите, а решавањето е можно само со прифаќање на бугарскиот диктат. Вториот преседан е почнувањето на суштинските преговори и отворање на поглавја, кои ќе започнат со промената на Уставот на Македонија. Овде повторно имаме уцена, ултиматум или диктат. Ако на ова се додаде и едностраната декларација на Бугарија, со која директно се негира посебноста на македонскиот јазик и се нотира дека македонскиот јазик е бугарски дијалект- очигледно е во каква позиција се наоѓа Македонија, која нема никаква гаранција од ЕУ за европска перспектива . После сите голготи кои ги помина, македонскиот народ не може да се согласи со овој предлог.
По состанокот со премиерот Ковачевски изјавивте дека не сте запознати со содржината на некои документи кои што ги предлага ЕУ, за решавање на овој билатерален спор со Бугарија. Зошто овој процес се води нетранспарентно?
Мицкоски: Граѓаните, како и ВМРО-ДПМНЕ бевме изманипулирани од страна на Владата дека некаков предлог е одбиен, за после да се испостави дека истиот предлог со незначителни и козметички измени е прифатен. Јавноста никогаш не виде што е одбиено, па не може да знае што е модифицирано. Владата под притисок на јавноста потоа дозволи увид на два од три документи кој што се дел од овој пакет со наметнати решенија. До сега никој од јавноста во Македонија, Собранието, експертите, опозицијата, па дури ни помалите коалициски партнери на СДСМ, официјално не видел што содржи третиот документ, наречен Протокол, а тој е клучен. Тој е документ кој што ќе ги диктира преговорите и кој ќе даде дополнителна легална рамка на бугарските барања. Него треба да го потпишат владите на Бугарија и на Македонија и во него ќе бидат содржани практично сите барања на Бугарија. Тоа, да речеме, подразбира измена на учебниците во делот на историски личности и настани во Македонија. Доколку Комисијата за историски прашања помеѓу двете земји поради било која причина не се усогласи во тој рок да смени некоја табла пред споменик или страница од учебник, тогаш тоа ќе биде аргумент Бугарија да постави ново вето.
Националните интереси ги ставивте над партиските, му понудивте на премиерот Ковачевски да се откажете од предвремени парламентарни избори, доколку Владата го одбие францускиот предлог. Макрон изјави дека иднината на земјата е “ во рацете на северномакедонците“. Сметате ли дека Македонија е доведена до ѕид и условена исто како со Преспанскиот догвор, кој гарантираше влез во европското семејство, ама е заплеткана во европското лицемерие?
Мицкоски: Оваа иста влада тогаш на чело со Заев, ветуваше дека Преспанскиот договор е последната отстапка од националните интереси која ја прави Македонија, дека го затвора и последното отворено политичко прашање со соседите. Четири години потоа ние сме уште подалеку од ЕУ, пред крстопатот со бесконечни преговори и асимилација по диктат. Понижувањата станаа наше секојдневие. Поради оваа власт не ословуваат со погрден назив “северномакедонци“, ни се оспорува јазикот... Затоа ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија - иако состојбата во земјата од економски, енергетски и социјален аспект е катастрофална и предложи на владејачката СДСМ да го одбие францускиот предлог, а ние ќе се откажеме од барањето за брзи предвремени избори. Ние дури и им понудивме бесплатна експертска помош со сите наши капацитети само да не приредат ново понижување. Но, за жал, Ковачевски и СДСМ тоа го одбиваат.
Дали бугарските напади врз идентитетот на македонскиот народ може да го загрозат територијалниот интегритет на државата на новата геополитичка карта на светот?
Мицкоски: Бугарските напади на македонскиот идентитет траат повеќе од еден век, ама тие нема да успеат во своите намери ако ние не им дозволиме. Владата на Македонија истакнува дека на Македонија и се заканува дестабилизација ако не го прифатиме овој предлог.Министерот за надворешни работи Бујар Османи јавно се закани со меѓуетнички тензии, а Ковачевски се надоврза со закани за дестабилизација. Знаете кој беше одговорот на ова од страна на народот? Уште помасовни и помотивирани протести. Бројот на граѓаните на улица е јасна слика за степенот на гнев заради понижувачките постапки на власта. Пред два-три дена , на еден од протестите, самиот народ ги откри провокатори, им ги симна маските од лицата и ги спречи да направат инцидент. Тоа говори за свеста и одлучноста на народот да ги брани државните интереси.
Македонија е во многу незавидна позиција, а решението, наспроти ветувањата на ЕУ, не е на повидок. Чешка како претседавач не го стави во приоритетите проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан. Како членка на НАТО, Македонија се спротивстави на Русија во врска со украинската криза. Од друга страна, е член на иницијативата Отворен Балкан, којашто е поддржана од спротивставените страни Русија и САД. Како да се одигра паметно во овие околности?
Мицкоски:Македонија има свои цели и мора да стои цврсто и одлучно зад своите интереси. Ние сме кандидат за членство во ЕУ веќе скоро 17 години и мораме да работиме на тоа достоинствено да го добиеме датумот за влез во ЕУ. Во исто време мораме да направиме домашна реформа во областите во кои оваа власт потфрли . Членството во ЕУ не е само формална цел. Цел е да се изгради просперитетна и еконосмки силна држава којашто гарантира подобра иднина на своите граѓани. Секоја земја има свои интереси и ги избира свои позиции во меѓународните односи. Ние сме ја избрале својата цел и цврсто стоиме на определеноста да бидеме достоинствена држава која ќе овозможи благосостојба на својот народ.
Дали јакнењето на Отворен Балкан е најдобра прилика за перспективен пат на Македонија за влез во ЕУ, и тоа без да се прифати францускиот предлог?
Мицкоски: „Отворен Балкан“ е иницијатива која како ја поддржуваме, но не смее да биде алтернатива на ЕУ. Реформите на земјите на Балканот се насушни и треба да продолжат без разлика тоа дали тие се резултат на некоја регионална соработка или се спроведуваат од секоја земја поединечно. Јас верувам во идејата на обединет Балкан во обединета Европа. Живеам за идеата на Шуман, која не смееме да дозволиме да избледне. Мојот сон е дел од европското семејство да бидат и горди и достоинствени Македонци , и ќе се борам тој сон да биде јаве. Верувам во европските вредности и принципи и убеден сум дека ако работиме посветено, можеме да ги оствариме своите цели.
The post Не прифаќаме асимилација по бугарски диктат appeared first on Република.

]]>Францускиот предлог за решавање на билатералниот спор меѓу Бугарија и Македонија не нуди почеток на македонската евроинтеграција, туку, напротив, отвора бесконечни преговори или асимилација по бугарски диктат, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во Бугарија ликуваат што овој предлог ги содржи сите нивни барања кои се крајно неповолни за Македонија и имаат тенденција да го негираат македонскиот идентитет, јазик и историја, тврди Мицкоски во интервју за белградска „Политика“.
Според него, како што јави дописникот на МИА од Белград, тука повторно имаме уцени, ултиматуми, диктат.
Доколку на оваа содржина се додаде и едностраната декларација на Бугарија, која директно ја негира посебноста на македонскиот јазик и нотира дека тој е бугарски дијалект, очигледно е во каква позиција е Македонија, која нема никакви гаранции од Европската унија за европската перспектива, вели Мицкоски.
Како што тој го оцени францускиот предлог, „по сите голготи низ кои помина, македонскиот народ не може да биде согласен со овој предлог“.
ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија и предлага на владејачката СДСМ да го отфрли францускиот предлог за евроинтеграции, а ние ќе се откажеме од барањето за предвремени избори, изјави Мицкоски.
Тој тврди дека протестите во земјава добиваат поддршка не само од ВМРО-ДПМНЕ, туку и од интелектуалци, експерти на евроинтеграциите и поддржувачи на владејачката партија, додавајќи дека земјава има свои цели и мора цврсто и одлучно да застане зад своите интереси.
Ние сме кандидати за членство во ЕУ веќе 17 години и мораме да работиме за да достоинствено го добиеме тој датум за влез во ЕУ, рече тој.
Говорејќи за Отворен Балкан, Мицкоски вели дека ја поддржува таа иницијатива, но оти таа не смее да биде алтернатива на ЕУ.
Реформите на балканските земји се поттебни и треба да продолжат без разлика дали се резултат на некоја регионална соработка или се спроведуваат од секоја земја посебно. Јас верувам во идејата за обединет Балкан во обединета Европа, додава Мицкоски во интервјуто за „Политика“.
The post Мицкоски за „Политика“: Францускиот предлог не нуди почеток на македонската евроинтеграција appeared first on Република.
]]>Во Бугарија ликуваат што овој предлог ги содржи сите нивни барања кои се крајно неповолни за Македонија и имаат тенденција да го негираат македонскиот идентитет, јазик и историја, тврди Мицкоски во интервју за белградска „Политика“.Според него, како што јави дописникот на МИА од Белград, тука повторно имаме уцени, ултиматуми, диктат.
Доколку на оваа содржина се додаде и едностраната декларација на Бугарија, која директно ја негира посебноста на македонскиот јазик и нотира дека тој е бугарски дијалект, очигледно е во каква позиција е Македонија, која нема никакви гаранции од Европската унија за европската перспектива, вели Мицкоски.Како што тој го оцени францускиот предлог, „по сите голготи низ кои помина, македонскиот народ не може да биде согласен со овој предлог“.
ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија и предлага на владејачката СДСМ да го отфрли францускиот предлог за евроинтеграции, а ние ќе се откажеме од барањето за предвремени избори, изјави Мицкоски.Тој тврди дека протестите во земјава добиваат поддршка не само од ВМРО-ДПМНЕ, туку и од интелектуалци, експерти на евроинтеграциите и поддржувачи на владејачката партија, додавајќи дека земјава има свои цели и мора цврсто и одлучно да застане зад своите интереси.
Ние сме кандидати за членство во ЕУ веќе 17 години и мораме да работиме за да достоинствено го добиеме тој датум за влез во ЕУ, рече тој.Говорејќи за Отворен Балкан, Мицкоски вели дека ја поддржува таа иницијатива, но оти таа не смее да биде алтернатива на ЕУ.
Реформите на балканските земји се поттебни и треба да продолжат без разлика дали се резултат на некоја регионална соработка или се спроведуваат од секоја земја посебно. Јас верувам во идејата за обединет Балкан во обединета Европа, додава Мицкоски во интервјуто за „Политика“.
The post Мицкоски за „Политика“: Францускиот предлог не нуди почеток на македонската евроинтеграција appeared first on Република.
]]>Министерот за образование и наука Јетон Шаќири учествуваше на конференција „Вклучување на политичкото образование во образовниот систем“, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование при Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер.
Како што соопшти МОН, Шаќири истакна дека за да се создадат млади луѓе кои ќе бидат заинтересирани за позитивни промени во средината во која живеат и работат, во текот на образованието треба така да бидат и обликувани и дека создавање послободно и подемократско општество не е недостижен идеал.
Потребен е само образовен систем кој промовира и обезбедува почитување, толеранција, ненасилство и прифаќање на различностите, кој ги учи децата на мултикултурализам и демократија. А токму ова се основните вредности на кои се темели реформата на основното образование која од оваа учебна година почна во прво и во четврто одделение, а етапно продолжува во другите одделенија, рече Шаќири.
Тој посочи и дека би било добро во погорните одделенија од основното образование, во седмо, осмо и деветто, во наставните програми да се воведат повеќе содржини и повеќе часови посветени на политичкото образование.
Преку нив ученикот ќе ја стекне основата за критички да анализира и дискутира за вредностите на граѓанското општество, за различните улоги и однесувања на граѓаните и за својата улога во него, ќе се учи да препознава ситуации во кои има повреда на права и какви активности треба да се преземат во таквите ситуации, ќе знае што е демократија и слично. Ова е идеја за која ќе разговараме со Бирото за развој на образованието како институција задолжена за изработка на наставните програми, рече министерот за образование и наука.
Како што информира Министерството, Шаќири додаде и дека образованието треба да ги учи младите луѓе да делуваат, да не бидат пасивни, да ги поттикнува на критичко размислување и на носење заклучоци врз основа на анализа на факти, и тогаш, како што рече, низ процесот на учење ќе се обликуваат граѓани кои тежнеат кон напредок, во соживот со различните од себе и врз демократски принципи.
За тоа ни е неопходно чистење на учебниците и вклучување теми кои досега недостигаа, меѓу кои и тие поврзани со политичко образование. Во тек е процесот на етапно изготвување нови материјали за учење, согласно новите наставни програми. Како креатори на образовните политики, отворени сме за конструктивни идеи и сугестии, рече Шаќири на конференцијата.
The post Повеќе часови за политичко образование, децата да учат мултикултурализам и демократија appeared first on Република.
]]>Потребен е само образовен систем кој промовира и обезбедува почитување, толеранција, ненасилство и прифаќање на различностите, кој ги учи децата на мултикултурализам и демократија. А токму ова се основните вредности на кои се темели реформата на основното образование која од оваа учебна година почна во прво и во четврто одделение, а етапно продолжува во другите одделенија, рече Шаќири.Тој посочи и дека би било добро во погорните одделенија од основното образование, во седмо, осмо и деветто, во наставните програми да се воведат повеќе содржини и повеќе часови посветени на политичкото образование.
Преку нив ученикот ќе ја стекне основата за критички да анализира и дискутира за вредностите на граѓанското општество, за различните улоги и однесувања на граѓаните и за својата улога во него, ќе се учи да препознава ситуации во кои има повреда на права и какви активности треба да се преземат во таквите ситуации, ќе знае што е демократија и слично. Ова е идеја за која ќе разговараме со Бирото за развој на образованието како институција задолжена за изработка на наставните програми, рече министерот за образование и наука.Како што информира Министерството, Шаќири додаде и дека образованието треба да ги учи младите луѓе да делуваат, да не бидат пасивни, да ги поттикнува на критичко размислување и на носење заклучоци врз основа на анализа на факти, и тогаш, како што рече, низ процесот на учење ќе се обликуваат граѓани кои тежнеат кон напредок, во соживот со различните од себе и врз демократски принципи.

]]>