политички затвореници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/politichki-zatvorenitsi/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Jan 2023 11:11:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png политички затвореници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/politichki-zatvorenitsi/ 32 32 Лефков: Луѓето за 27 април лежат во затвор, а вистинските криминалци се шетаат слободно и се сликаат со владини функционери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-lugeto-za-27-april-lezhat-vo-zatvor-a-vistinskite-kriminaltsi-se-shetaat-slobodno-i-se-slikaat-so-vladini-funktsioneri/ Sat, 28 Jan 2023 11:15:31 +0000 https://republika.mk/?p=601906

Пратеникот во македонското собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, при вклучување во емисијата „Стадион“ на Канал 77, потенцираше дека Македонија е единствена држава во Европа каде што има политички затвореници, односно, како што рече, проблематичен е целиот начин на водење на постапката за осудените од 27 април, квалифицирање на делото во терористичко загрозување на уставниот поредок.

Лефков нагласи дека лицата блиски до владата наместо во затвор се сликани во кабинети и со високи функционери на власта.

Она што останува како факт е дека тие луѓе се обвинети за нешто кое што не го сториле, проблематичен е начинот на водење на постапката, односно факт е дека во Македонија е единствена држава во Европа која што има политички затвореници. Целата македонска јавност знае дека ако сте блиски до структурите на власта во Македонија, не лежите во затвор, и гледате дека секојдневно има бегство од затвори, луѓе кои што треба да се во затвори се сликани со функционери на власта.

 

Ако ги погледнете истражувањата факт е дека луѓето немаат доверба во правдата и факт е дека се политички затвореници затоа што имаме проблеми и со тоа како е квалифицирано делото, членот 313 од КЗ терористичко загрозување на уставниот поредок на државата е нешто што е многу дискутабилно дали може да биде на тој квалифицирано, судени се во неразумен рок, дури гледате на универзитетот Колумбија постапката, судењето и 12 часовните рочишта се предмет на негативна пракса и се пример како не треба да се постапува во една држава, кажа Лефков.

Тој смета дека крајот на селективната правда е само со промена на оваа како што ја нарече корумпирана влада.

Мора да дојде промена на оваа корумпирана власт и конечно да ставиме крај на селективната правда, порача Лефков.

На прашањето дали ќе гласаат откако ќе го видат предлог законот за ослободување на лицата од 27 април, Лефков рече дека сите закони кои се стигнати во собранието а се во интерес на граѓаните, имаат поддршка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Апсолутно да. Ние многу закони кои што се во интерес на граѓаните сме ги гласале за, додаде Лефков.

The post Лефков: Луѓето за 27 април лежат во затвор, а вистинските криминалци се шетаат слободно и се сликаат со владини функционери appeared first on Република.

]]>

Пратеникот во македонското собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, при вклучување во емисијата „Стадион“ на Канал 77, потенцираше дека Македонија е единствена држава во Европа каде што има политички затвореници, односно, како што рече, проблематичен е целиот начин на водење на постапката за осудените од 27 април, квалифицирање на делото во терористичко загрозување на уставниот поредок. Лефков нагласи дека лицата блиски до владата наместо во затвор се сликани во кабинети и со високи функционери на власта.
Она што останува како факт е дека тие луѓе се обвинети за нешто кое што не го сториле, проблематичен е начинот на водење на постапката, односно факт е дека во Македонија е единствена држава во Европа која што има политички затвореници. Целата македонска јавност знае дека ако сте блиски до структурите на власта во Македонија, не лежите во затвор, и гледате дека секојдневно има бегство од затвори, луѓе кои што треба да се во затвори се сликани со функционери на власта.   Ако ги погледнете истражувањата факт е дека луѓето немаат доверба во правдата и факт е дека се политички затвореници затоа што имаме проблеми и со тоа како е квалифицирано делото, членот 313 од КЗ терористичко загрозување на уставниот поредок на државата е нешто што е многу дискутабилно дали може да биде на тој квалифицирано, судени се во неразумен рок, дури гледате на универзитетот Колумбија постапката, судењето и 12 часовните рочишта се предмет на негативна пракса и се пример како не треба да се постапува во една држава, кажа Лефков.
Тој смета дека крајот на селективната правда е само со промена на оваа како што ја нарече корумпирана влада.
Мора да дојде промена на оваа корумпирана власт и конечно да ставиме крај на селективната правда, порача Лефков.
На прашањето дали ќе гласаат откако ќе го видат предлог законот за ослободување на лицата од 27 април, Лефков рече дека сите закони кои се стигнати во собранието а се во интерес на граѓаните, имаат поддршка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Апсолутно да. Ние многу закони кои што се во интерес на граѓаните сме ги гласале за, додаде Лефков.

The post Лефков: Луѓето за 27 април лежат во затвор, а вистинските криминалци се шетаат слободно и се сликаат со владини функционери appeared first on Република.

]]>