политички говори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/politichki-govori/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Aug 2023 11:37:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png политички говори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/politichki-govori/ 32 32 Политичките говори да изостанат од прославите за Илинден за да се избегне лошата слика, предлага ВМРО-НП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/politichkite-govori-da-izostanat-od-proslavite-za-ilinden-za-da-se-izbegne-loshata-slika-predlaga-vmro-np/ Thu, 03 Aug 2023 11:36:31 +0000 https://republika.mk/?p=668263

И оваа година за Илинден не изостана лошата слика на македонското секојдневие произлезено од длабоката поделба помеѓу граѓаните, а кое резултира со повторно сквернавење на најголемиот празник, 2 Август – Денот на Републиката и Илинденското востание“, оценуваат од ВМРО-Народна партија.

Со оглед на тоа како помина овогодинешната но и како се реализирани минатогодишните прослави на Илинден во Крушево, ВМРО-Народна партија смета дека својата идеја од пред една година е сѐ уште актуелна, па уште еднаш упатува повик до сите политички партии, институции и широката македонска јавност, додаваат од партијата.

ВМРО-Народна партија предлага од идната година политичките говори да изостанат од прославите во Крушево и Пелинце, односно ден пред Илинден да биде организирана свечена академија, на која ќе се испратат политички пораки, а на Втори август да се организираат достојни културно-уметнички чествувања во меморијалните центри во Крушево и Пелнице.

Сметаат дека со оваа идеја која треба да добие широка поддршка од целата општествено-политичка јавност ќе доведе намалување на поларизацијата на македонското општество како и обединување на граѓанската свест која особено на ваквите големи денови за Републиката треба да испрати јасна порака за колективно единство за сите општествено политички прашања и процеси, кои се во интерес на Македонија.

Уште еднаш се надеваме дека оваа идеја ќе биде добронамерно примена и прифатена од сите политички субјекти, потенцираат од ВМРО-Народна.

The post Политичките говори да изостанат од прославите за Илинден за да се избегне лошата слика, предлага ВМРО-НП appeared first on Република.

]]>

И оваа година за Илинден не изостана лошата слика на македонското секојдневие произлезено од длабоката поделба помеѓу граѓаните, а кое резултира со повторно сквернавење на најголемиот празник, 2 Август – Денот на Републиката и Илинденското востание“, оценуваат од ВМРО-Народна партија.
Со оглед на тоа како помина овогодинешната но и како се реализирани минатогодишните прослави на Илинден во Крушево, ВМРО-Народна партија смета дека својата идеја од пред една година е сѐ уште актуелна, па уште еднаш упатува повик до сите политички партии, институции и широката македонска јавност, додаваат од партијата.
ВМРО-Народна партија предлага од идната година политичките говори да изостанат од прославите во Крушево и Пелинце, односно ден пред Илинден да биде организирана свечена академија, на која ќе се испратат политички пораки, а на Втори август да се организираат достојни културно-уметнички чествувања во меморијалните центри во Крушево и Пелнице. Сметаат дека со оваа идеја која треба да добие широка поддршка од целата општествено-политичка јавност ќе доведе намалување на поларизацијата на македонското општество како и обединување на граѓанската свест која особено на ваквите големи денови за Републиката треба да испрати јасна порака за колективно единство за сите општествено политички прашања и процеси, кои се во интерес на Македонија.