политичарки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/politicharki/ За подобро да се разбереме Sat, 25 Nov 2023 08:10:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png политичарки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/politicharki/ 32 32 „Само за онаа работа ја бива“, „Жена ли памет ќе ни соли, врати се во кујна“ – со што се соочуваат македонските политичарки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samo-za-onaa-rabota-ja-biva-zhena-li-pamet-ke-ni-soli-vrati-se-vo-kujna-so-shto-se-soochuvaat-makedonskite-politicharki/ Sat, 25 Nov 2023 08:10:29 +0000 https://republika.mk/?p=716084

„Сестро, не бистри политика – покажи деколте!“, „Носиш фустан, провоцираш!“, „Жена ли памет ќе ни соли?“,  „Ти ли ќе одлучуваш за мене, гупачке?“, „За ништо друго не ја бива, освен за онаа работа!“, „Жена ќе кажува што да правиме?“, „Вратете се во кујна и фатете зачистете нешто!“, „Седи дома, чувај внуци! Жена си, не се разбираш од политика!“, „Што бараш на говорница, назад во кујната!“, се дел од серијата вулгарности и разни епитети кои им се налепуваат на повеќето жени на македонската политичка сцена.

Дека различни форми на насилство и обиди за дискредитација на жени во политиката постои го потврдуваат и дел од политичарките кои МИА разговараше на оваа тема. Тие посочуваат дека жените во политиката секојдневно се соочуваат со закани, навреди, омаловажувања, притисоци, дискриминација, мизогинија, сексизам, говор на омраза, психичко, физичко и сексуално насилство.

Податоците од истражувањето на Национален демократски институт (НДИ) говорат дека 65 проценти од испитаните политичарки во Република Македонија доживеале некаков вид на насилство додека ги извршувале своите партиски функции, 54 проценти истакнале дека насилството е извршено од страна на член на нивната политичка партија, а дури 62 проценти од политичарките одбрале да не го пријават инцидентот поради недоверба во институциите.

Да се биде жена во политиката, како што истакнаа политичарките кои ги контактираше МИА, значи да се спротивставите и гласно да кажете дека „политиката не е машка професија“, која за жал, како што велат, се уште така се доживува и се уште претставува бариера во градење на свеста за важноста на жената во политиката и одлучувањето. Потенцираат дека и низ историјата жените се соочиле со големи предизвици за да го пронајдат своето место на политичката сцена. Посочуваат дека дека овој пат е тежок и полн со препреки, но е и пат кој носи промени и напредок. Политичарките нагласуваат дека жените покажале дека нивната сила и способности се еднакви со оние на мажите и велат дека е дојдено времето да сфатиме дека политиката не е поле наменето само за еден пол. Тие велат дека се соочиле со  вербално родово-базирано насилство, закани, вербално насилство на социјалните мрежи и нагласуваат дека многу често како форма на родово-базирано насилство ја имаат почувствувано објектификацијата, која вклучува непочитување на личните и интелектуалните можности и способности на жената, туку жената политичарка повеќе се гледа како изгледа, се коментира нејзиниот изглед, отколку она што таа го говори и прави.

Жените во политиката се соочуваат со говор на омраза, навреди, омаловажувања, притисоци, дискриминација, мизогинија, сексизам...

Политичарките во изјава за МИА нагласуваат дека секоја од нив се соочила со некаков вид на насилство - вербално родово-базирано насилство, закани, говор на омраза, навреди, омаловажувања, притисоци, дискриминација, мизогинија, сексизам... Според нив, веројатно тоа е така затоа што се уште поважен е физичкиот изглед и „да ви поделат разни негативни епитети, иако не ве познаваат, отколку да прифатат дека имате знаење и способност и да дадат шанса да ве слушнат што говорите“.

Претседателката на Клубот на пратенички и пратеничка од СДСМ, Лолита Ристова за МИА истакнува дека многу често како жени во политиката се изложени на мизогини вербални напади, каде што се чувствува омразата кон жените, наспроти верувањето дека мажите се многу подобри.

Многу често како форма на родово-базирано насилство ја имаме почувствувано објектификацијата, која вклучува непочитување на личните и интелектуалните можности и способности на жената, туку жената политичарка повеќе се гледа како изгледа, се коментира нејзиниот изглед, отколку што таа кажала. Тоа што најмногу повредува е говорот на омраза, кој многу интензивно е распространет денес посебно преку социјалните мрежи. Тоа е одлика на новото време, пред кое е исправена посебно жената во политиката. Истовремено тоа е всушност и една од причините, што многу често ги одвраќа и ги обесхрабрува жените од политиката.

И претседателката и пратеничка на Либерално демократската партија, Моника Зајкова во изјава за МИА вели дека политичарките се соочуваат со вербално насилство најмногу и на социјалните мрежи.

Мислам дека секоја од нас се соочила со вербално родово-базирано насилство и закани. Веројатно тоа е така затоа што сеуште поважен е физичкиот изглед и да ви поделат разно разни негативни епитети, иако не ве познаваат, отколку да прифатат дека имате знаење и способност и да дадат шанса да ве слушнат што говорите. Сме сведочеле на сексистички зборови и во самото Собрание. Се соочуваме со вербално насилство најмногу и на социјалните мрежи. Да вратиме наназад во минатото и колку сексистички и родово дискриминирачки споредби доаѓале од прес-конференции на политички партии. Имав поднесено претставка за дискриминација заснована на пол која во тоа време Даштевски ја отфрли. Има и портпарол на политичка партија на кој постојано мета му се само жените и негативности кон истите. Има и политичка партија која иако во своите редови има жени не бира какви се зборови шири за жените од други политички партии само да ја наруши нивната чест и углед со нискости наместо да се бори со политики и решенија, вели Зајкова.

Таа потенцира дека жените во политика се жртви на сексизам и од своите колеги и често добиваат несоодветни коментари и пораки токму од нив.

Има и случаи каде на нашите јавни страници мажи ни ги праќаат своите полови органи во порака, посочуваа таа.

Заменик-министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство од редовите на Алијанса за Албанците Вјолца Бериша во изјава за МИА нагласува дека на жените им се дофрлуваат низа непристојни зборови, обвинувања за неморал и бескрајни навреди.

Жално е како од ден на ден ескалира вербалното насилство врз јавните личности. Особено жените се мета на празнење на целиот социјален гнев, на лично нереализирање, на акумулација на негативна енергија на одредени личности кои стануваат се побројни. Социјалните мрежи, просторите за коментирање на порталите се можност секој да каже што ќе му падне на ум за една јавна личност или политичар. Честопати овие зборови се многу вулгарни, напишани на дијалект, полни со граматички грешки или целосно погрешни, кои го изразуваат културното ниво на пишувачот, но кои сепак лошо ги доживува личноста која е жртва на вербални напади. Жена која се занимава со политика, вклучувајќи ме и мене, многу почесто ја има оваа ситуација. На жените им се дофрлуваат низа непристојни зборови, обвинувања за неморал и бескрајни навреди. Иако потекнуваат од луѓе кои не ги познавате, но лесно можете да го замислите нивното ниво, меѓутоа ве потиснуваат и прават да се чувствувате лошо, дури мислам дека овие напади стануваат причина за недоумница на многу жени за да не сакаат да се занимаваат со јавна дејност, со политика или нешто слично, вели таа.

Бериша истакнува дека упатувањето погрдни зборови на адреса на политичарките како посебен вид на насилство има тенденција да ја искористи физичката немоќ на една жена наспроти еден маж.

Во моето патешествие како политичарка, подалеку од некаква навреда на социјалните мрежи од непознати луѓе, ми се има случено да слушнам еден „маж“ во години кој се смета себеси за интелектуалец, во момент на гнев и лично незадоволство за едно кадровско прашање, да го крева гласот, да шепоти навреди и да изусти по некоја пцовка меѓу заби. Колку и да сум супер подготвен за каква било слична ситуација откако решив да се занимавам со политика на еден карпест терен за процут на политичка кариера на една жена, како што е овој нашиот, сепак се сеќавам на потресите што ги имам доживеано, силното чукање на срцето и зацрвенетите образи. Овие ситуации, дури и самото кревање глас на маж против жена мислам дека е кукавичка храброст против физичката беспомошност што таа ја има, вели таа.

Пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите Гордана Силјановска Давкова на настан во Собранието рече дека и самата се соочила со говор на омраза во текот на одвивање на кампањата за претседател на државата како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

И самата сум го почувствувала говорот на омраза и не ме болеше од мажите, туку од жените. Кога замислете вака велеа „Ако гласате за Силјановска, ќе гласате за Груевски“. Нам ни се случи тука во Собрание, премиер на седница окарактеризираа пратеничка како изгледа. И ние не станавме. Не си заминавме. Нам ни се случи министер да се однесува недоветно кон пратеничка, ама немаше реакција од жени. Мора еднаш ние прво да го почитуваме зборот. Ако сме работеле на еден проект, ако сме уверени, која е логиката само еден маж и тоа претседателот на Собранието да биде предлагач на измени на Деловникот? Неверојатно нешто! Нашата теза беше „Дајте да почнеме со прашањата во Деловникот за кои има консензус“. Кои беа тие прашања? Прашањата за родовата рамноправност. Иако не сум член на Комисијата, отидов на седница и поднесов 40-тина амандмани и зад мене немаше никој, освен некои што ме подржуваа, рече таа.

Спротивно мислење од претходните политичарки има потпретседателката и пратеничка на Алтернатива, Сафије Садики Шаини, која во изјава за МИА нагласува дека во нејзината партија ја препознаваат и ја почитуваат улогата на жената во политиката и во одлучувањето. Таа потенцира дека досега не се почувствувала дискриминирана, бидејќи, како што вели, има целосна поддршка од партијата.

Партијата Алтернатива е позитивен пример за овој пристап. Таа има огромна почит кон жените преку нивната активна поддршка и ценето учество на сите нивоа на одлучување. Во мојата функција како пратеничка не сум се чувствувала дискриминирана, бидејќи имам целосна поддршка од партијата Алтернатива. Оваа поддршка не е само формален израз на посветеност, туку реалност што се појавува во секоја активност од моето работење. Оваа партија има изградено средина каде што секој член, без разлика на полот, има глас и дефинирана улога во одлучувањето. Ова чувство на вклученост и почитување го овозможило мојот придонес да биде важен дел од развојот на проектите и иницијативите на партијата. Со тим кој промовира родова еднаквост и култура на почитување, се чувствувам привилегирана да ја претставувам партија која е посветена на вредностите на правичност и инклузивност на сите, вели таа.

\

The post „Само за онаа работа ја бива“, „Жена ли памет ќе ни соли, врати се во кујна“ – со што се соочуваат македонските политичарки appeared first on Република.

]]>

„Сестро, не бистри политика – покажи деколте!“, „Носиш фустан, провоцираш!“, „Жена ли памет ќе ни соли?“,  „Ти ли ќе одлучуваш за мене, гупачке?“, „За ништо друго не ја бива, освен за онаа работа!“, „Жена ќе кажува што да правиме?“, „Вратете се во кујна и фатете зачистете нешто!“, „Седи дома, чувај внуци! Жена си, не се разбираш од политика!“, „Што бараш на говорница, назад во кујната!“, се дел од серијата вулгарности и разни епитети кои им се налепуваат на повеќето жени на македонската политичка сцена. Дека различни форми на насилство и обиди за дискредитација на жени во политиката постои го потврдуваат и дел од политичарките кои МИА разговараше на оваа тема. Тие посочуваат дека жените во политиката секојдневно се соочуваат со закани, навреди, омаловажувања, притисоци, дискриминација, мизогинија, сексизам, говор на омраза, психичко, физичко и сексуално насилство. Податоците од истражувањето на Национален демократски институт (НДИ) говорат дека 65 проценти од испитаните политичарки во Република Македонија доживеале некаков вид на насилство додека ги извршувале своите партиски функции, 54 проценти истакнале дека насилството е извршено од страна на член на нивната политичка партија, а дури 62 проценти од политичарките одбрале да не го пријават инцидентот поради недоверба во институциите. Да се биде жена во политиката, како што истакнаа политичарките кои ги контактираше МИА, значи да се спротивставите и гласно да кажете дека „политиката не е машка професија“, која за жал, како што велат, се уште така се доживува и се уште претставува бариера во градење на свеста за важноста на жената во политиката и одлучувањето. Потенцираат дека и низ историјата жените се соочиле со големи предизвици за да го пронајдат своето место на политичката сцена. Посочуваат дека дека овој пат е тежок и полн со препреки, но е и пат кој носи промени и напредок. Политичарките нагласуваат дека жените покажале дека нивната сила и способности се еднакви со оние на мажите и велат дека е дојдено времето да сфатиме дека политиката не е поле наменето само за еден пол. Тие велат дека се соочиле со  вербално родово-базирано насилство, закани, вербално насилство на социјалните мрежи и нагласуваат дека многу често како форма на родово-базирано насилство ја имаат почувствувано објектификацијата, која вклучува непочитување на личните и интелектуалните можности и способности на жената, туку жената политичарка повеќе се гледа како изгледа, се коментира нејзиниот изглед, отколку она што таа го говори и прави.

Жените во политиката се соочуваат со говор на омраза, навреди, омаловажувања, притисоци, дискриминација, мизогинија, сексизам...

Политичарките во изјава за МИА нагласуваат дека секоја од нив се соочила со некаков вид на насилство - вербално родово-базирано насилство, закани, говор на омраза, навреди, омаловажувања, притисоци, дискриминација, мизогинија, сексизам... Според нив, веројатно тоа е така затоа што се уште поважен е физичкиот изглед и „да ви поделат разни негативни епитети, иако не ве познаваат, отколку да прифатат дека имате знаење и способност и да дадат шанса да ве слушнат што говорите“. Претседателката на Клубот на пратенички и пратеничка од СДСМ, Лолита Ристова за МИА истакнува дека многу често како жени во политиката се изложени на мизогини вербални напади, каде што се чувствува омразата кон жените, наспроти верувањето дека мажите се многу подобри.