политичар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/politichar/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Mar 2024 17:41:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png политичар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/politichar/ 32 32 Ја знаел од бебе: Романски политичар силувал 14-годишно девојче https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ja-znael-od-bebe-romanski-politichar-siluval-14-godishno-devojche/ Sun, 17 Mar 2024 16:23:16 +0000 https://republika.mk/?p=755622

Триесет и тригодишен политичар од Романија е осомничен за силување на 14-годишно девојче, ќерка на негов колега. Девојчето било силувано минатата недела, кога се согласило да влезе во возилото на осомничениот за да ја пренесе до градот.

Како што пишуваат медиумите во Романија, жртвата и осомничениот живеат на иста улица, тој ја познавал уште од нејзиното раѓање.

Не ни замислувајќи што може да и се случи, тинејџерката влегла во неговиот автомобил и со него се упатила до Каракал, неколку километри подалеку, за да купи нешто во градот. Но, на половина пат пријавениот го запрел возилото, ја заклучил вратата и ја нападнал. По грозоморниот чин се обидел да ги отстрани трагите на злосторството, а на девојката ѝ се заканувал со смрт. Како што рекол изворот од истрагата, силувачот и рекол на девојката дека ќе заврши како девојките кои ги убил криминалецот Ѓорѓе Динча.

Преплашена не им кажала ништо на родителите, но бидејќи постојано се тресела, а потоа изгубила свест, тие набрзо дознале што се случило. Случајот веднаш го пријавиле во полиција и „политичарот во подем“ е уапсен, а наводно има и непобитни докази дека го силувал девојчето. На политичарот му е одреден притвор до 30 дена.

 

The post Ја знаел од бебе: Романски политичар силувал 14-годишно девојче appeared first on Република.

]]>

Триесет и тригодишен политичар од Романија е осомничен за силување на 14-годишно девојче, ќерка на негов колега. Девојчето било силувано минатата недела, кога се согласило да влезе во возилото на осомничениот за да ја пренесе до градот. Како што пишуваат медиумите во Романија, жртвата и осомничениот живеат на иста улица, тој ја познавал уште од нејзиното раѓање. Не ни замислувајќи што може да и се случи, тинејџерката влегла во неговиот автомобил и со него се упатила до Каракал, неколку километри подалеку, за да купи нешто во градот. Но, на половина пат пријавениот го запрел возилото, ја заклучил вратата и ја нападнал. По грозоморниот чин се обидел да ги отстрани трагите на злосторството, а на девојката ѝ се заканувал со смрт. Како што рекол изворот од истрагата, силувачот и рекол на девојката дека ќе заврши како девојките кои ги убил криминалецот Ѓорѓе Динча. Преплашена не им кажала ништо на родителите, но бидејќи постојано се тресела, а потоа изгубила свест, тие набрзо дознале што се случило. Случајот веднаш го пријавиле во полиција и „политичарот во подем“ е уапсен, а наводно има и непобитни докази дека го силувал девојчето. На политичарот му е одреден притвор до 30 дена.  

The post Ја знаел од бебе: Романски политичар силувал 14-годишно девојче appeared first on Република.

]]>
Христијан Мицкоски со тројно повисок рејтинг од Ковачевски, покажува најновата анкета на ИПИС https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hristijan-mitskoski-so-trojno-povisok-rejting-od-kovachevski-pokazhuva-najnovata-anketa-na-ipis/ Sun, 29 Oct 2023 09:18:58 +0000 https://republika.mk/?p=695940

Спроведеното кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 25 и 27 октомври 2023 на 1055 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија од страна на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) покажува дека Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, е политичар со најголема доверба меѓу граѓаните.

The post Христијан Мицкоски со тројно повисок рејтинг од Ковачевски, покажува најновата анкета на ИПИС appeared first on Република.

]]>

Спроведеното кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 25 и 27 октомври 2023 на 1055 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија од страна на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) покажува дека Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, е политичар со најголема доверба меѓу граѓаните.

The post Христијан Мицкоски со тројно повисок рејтинг од Ковачевски, покажува најновата анкета на ИПИС appeared first on Република.

]]>
Уште еден политичар убиен во Еквадор за помалку од една недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ushte-eden-politichar-ubien-vo-ekvador-za-pomalku-od-edna-nedela/ Tue, 15 Aug 2023 11:47:11 +0000 https://republika.mk/?p=672331

Лидерот на Партијата на граѓанската револуција во провинцијата Есмералдас, Педро Брионес, беше убиен само пет дена откако претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио беше убиен на предизборен митинг.

Брионес бил убиен од вооружени лица на мотор, јавува Би-Би-Си.

Засега не е познат мотивот, а полицијата се уште не се огласила.

The post Уште еден политичар убиен во Еквадор за помалку од една недела appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Партијата на граѓанската револуција во провинцијата Есмералдас, Педро Брионес, беше убиен само пет дена откако претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио беше убиен на предизборен митинг. Брионес бил убиен од вооружени лица на мотор, јавува Би-Би-Си. Засега не е познат мотивот, а полицијата се уште не се огласила.

The post Уште еден политичар убиен во Еквадор за помалку од една недела appeared first on Република.

]]>
Син на познат политичар ранет во нападот во училиштето во БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sin-na-poznat-politichar-ranet-vo-napadot-vo-uchilishteto-vo-bih/ Wed, 14 Jun 2023 09:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=651187

Синот на Исмет Османовиќ, поранешен пратеник на СДА во Собранието на БиХ, бил застрелан во основното училиште Лукавац Град, потврдија за порталот „Аваз“.

Станува збор за Н.О., дознава „Дневни аваз“.

Тој е роднина на потпретседателот на СДА, Фадил Османовиќ, висок функционер на СДА.

Учениците не се повредени, а пукањето се случило утрово околу осум часот.

„Аваз“ дознава дека се работи за поранешен ученик кој бил префрлен од училиштето поради лошо однесување. Тој утрово дошол во училиштето со пиштол и барал некој вработен во училиштето.

Испукал неколку куршуми во него и во моментов лекарите се борат за неговиот живот.

Според информациите на „Аваз“, насилникот е уапсен, а оружјето е пронајдено на лице место.

 

The post Син на познат политичар ранет во нападот во училиштето во БиХ appeared first on Република.

]]>

Синот на Исмет Османовиќ, поранешен пратеник на СДА во Собранието на БиХ, бил застрелан во основното училиште Лукавац Град, потврдија за порталот „Аваз“. Станува збор за Н.О., дознава „Дневни аваз“. Тој е роднина на потпретседателот на СДА, Фадил Османовиќ, висок функционер на СДА. Учениците не се повредени, а пукањето се случило утрово околу осум часот. „Аваз“ дознава дека се работи за поранешен ученик кој бил префрлен од училиштето поради лошо однесување. Тој утрово дошол во училиштето со пиштол и барал некој вработен во училиштето. Испукал неколку куршуми во него и во моментов лекарите се борат за неговиот живот. Според информациите на „Аваз“, насилникот е уапсен, а оружјето е пронајдено на лице место.  

The post Син на познат политичар ранет во нападот во училиштето во БиХ appeared first on Република.

]]>
Убиство во живо на телевизија, настрадаа политичар и неговиот брат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ubistvo-vo-zhivo-na-televizija-nastradaa-politichar-i-negoviot-brat/ Sun, 16 Apr 2023 14:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=631267

Поранешниот индиски пратеник осуден за киднапирање и неговиот брат се убиени во градот Прајаграџ во индиската држава Утар Прадеш. Нападот врз нив беше емитуван на телевизија во живо.

Атик Ахмад и неговиот брат Ашраф Ахмад синоќа под полициска придружба се упатиле лекарски преглед, а пред болницата додека Атик давал изјава, биле застрелани од тројца мажи кои стоеле до новинарските екипи.

По убиството напаѓачите се предадоа на полицијата, а еден од нив извикуваше „Џаи Шри Рам“ слоган на хинду националистите во нивната кампања против муслиманите.

Со индиската држава Утар Прадеш управува владејачката индиска хинду националистичка партија Бартија Џаната.

На 13 април во престрелка беше убиен синот на Атик Ахмад и уште еден човек.

Атик Ахмад (60) е во затвор од 2019 година, откако беше осуден за киднапирање. Тој четирипати беше пратеник во Утар Прадеш, а во 2004 година беше избран во индискиот Парламент.

The post Убиство во живо на телевизија, настрадаа политичар и неговиот брат appeared first on Република.

]]>

Поранешниот индиски пратеник осуден за киднапирање и неговиот брат се убиени во градот Прајаграџ во индиската држава Утар Прадеш. Нападот врз нив беше емитуван на телевизија во живо. Атик Ахмад и неговиот брат Ашраф Ахмад синоќа под полициска придружба се упатиле лекарски преглед, а пред болницата додека Атик давал изјава, биле застрелани од тројца мажи кои стоеле до новинарските екипи. По убиството напаѓачите се предадоа на полицијата, а еден од нив извикуваше „Џаи Шри Рам“ слоган на хинду националистите во нивната кампања против муслиманите. Со индиската држава Утар Прадеш управува владејачката индиска хинду националистичка партија Бартија Џаната. На 13 април во престрелка беше убиен синот на Атик Ахмад и уште еден човек. Атик Ахмад (60) е во затвор од 2019 година, откако беше осуден за киднапирање. Тој четирипати беше пратеник во Утар Прадеш, а во 2004 година беше избран во индискиот Парламент.

The post Убиство во живо на телевизија, настрадаа политичар и неговиот брат appeared first on Република.

]]>
На Јамајка уапсен политичар од Хаити, осомничен за убиството на претседателот Моиз https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-jamajka-uapsen-politichar-od-haiti-osomnichen-za-ubistvoto-na-pretsedatelot-moiz/ Sat, 15 Jan 2022 21:04:58 +0000 https://republika.mk/?p=445099

Националната полиција на Хаити денеска соопшти дека поранешниот сенатор Џон Џозеф е уапсен на Јамајка за вмешаност во атентатот на претседателот Џовел Моиз.

Портпаролот на полицијата за американските медиуми изјави дека Џозеф се наоѓа во притвор, без да даде други детали за апсењето.

Во меѓувреме, началникот на полицијата на Јамајка, Стефани Линдзи, за американските медиуми изјави дека заедно со Џозеф се уапсени и други лица, за кои властите се обидуваат да утврдат дали се членови на неговото семејство.

Таа додаде дека сите биле уапсени рано утринава и одби да даде детали.

Од повеќе причини, не можеме да дадеме повеќе информации, рече таа.

Џозеф е политичар од Хаити и противник на партијата „Тет Кале“ на убиениот претседател Моиз.

Џозеф е второто осомничено лице, кое е уапсено на Јамајка. Кон крајот на октомври таму беше уапсен и поранешниот колумбиски војник Марио Антонио Паласиос, кој неодамна беше екстрадиран од САД и таму го чека уште едно судско рочиште.

The post На Јамајка уапсен политичар од Хаити, осомничен за убиството на претседателот Моиз appeared first on Република.

]]>

Националната полиција на Хаити денеска соопшти дека поранешниот сенатор Џон Џозеф е уапсен на Јамајка за вмешаност во атентатот на претседателот Џовел Моиз. Портпаролот на полицијата за американските медиуми изјави дека Џозеф се наоѓа во притвор, без да даде други детали за апсењето. Во меѓувреме, началникот на полицијата на Јамајка, Стефани Линдзи, за американските медиуми изјави дека заедно со Џозеф се уапсени и други лица, за кои властите се обидуваат да утврдат дали се членови на неговото семејство. Таа додаде дека сите биле уапсени рано утринава и одби да даде детали.
Од повеќе причини, не можеме да дадеме повеќе информации, рече таа.
Џозеф е политичар од Хаити и противник на партијата „Тет Кале“ на убиениот претседател Моиз. Џозеф е второто осомничено лице, кое е уапсено на Јамајка. Кон крајот на октомври таму беше уапсен и поранешниот колумбиски војник Марио Антонио Паласиос, кој неодамна беше екстрадиран од САД и таму го чека уште едно судско рочиште.

The post На Јамајка уапсен политичар од Хаити, осомничен за убиството на претседателот Моиз appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Нема политичар кој се бори повеќе за заштита на нашите интереси околу спорот со Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-nema-politichar-koj-se-bori-povekje-za-zashtita-na-nashite-interesi-okolu-sporot-so-bugarija/ Sat, 01 Jan 2022 18:08:25 +0000 https://republika.mk/?p=439386

Кога станува збор за овие политичари се е можно, мене ќе ме чуди ако не е така. Но, не е тоа суштината. Ќе се согласите дека суштината е сосема нешто различно од тоа што не е обелоденето во јавноста. Или вака популарно кажано пред завесата, позади завесата е сосема нешто поинакво од тоа што на јавноста и се претставува како договори 5+1, 12-3, 6+2 итн. а, тоа го кажува и самиот Османи на брифингот со новинарите на крајот од минатата година кога рече дека за две прашања не успеаја во декември месецот да се договорат со нашиот источен сосед. Првото било прашањето за јазикот, а второто е прашањето за идентитетот односно македонскиот народ, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисија на Алфа телевизија.

Мицкоски додаде дека токму овие две клучни прашања се дел од Резолуцијата на бугарскиот Парламент која што е донесена околу 2019-тата година.

Се останато кое што и се сервисира на македонската јавност, на македонскиот народ, на граѓаните на Македонија е парада, фолклор. И во обид на овие политичари да го дивергираат вниманието од суштинскиот документ, суштинскиот документ е Резолуцијата на бугарскиот Парламент која што потоа е потврдена од самата бугарска Влада во која што се негира македонскиот јазик, се негира македонскиот народ, антропологијата на македонскиот народ, култура, посебности, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека сето ова претставува сериозен проблем за државата додека Бугарија инсистира на ова.

Не знам кој политичар повеќе се бори и кој повеќе гласно говори за проблемот, и тоа не го правам за да и се допаднам на таа јавност која мисли дека така треба, туку едноставно тоа го правам бидејќи така е исправно. Ако не сум сметал дека тоа било исправно без разлика би ги кажал своите аргументи и немало така да постапам. Тоа го правам за тоа што ценам дека тоа е исправно, и дека во 21 век ние да зборуваме за нациолромантични теми од пред неколку века е бесмислено. И дека практично оние вредности кои што заедно треба да ги споделуваме со нашиот источен сосед нема никаква врска со 18-ти и 19-ти век, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија има најголема одговорност и логично е да е најгласна и така ќе продолжи.

The post Мицкоски: Нема политичар кој се бори повеќе за заштита на нашите интереси околу спорот со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Кога станува збор за овие политичари се е можно, мене ќе ме чуди ако не е така. Но, не е тоа суштината. Ќе се согласите дека суштината е сосема нешто различно од тоа што не е обелоденето во јавноста. Или вака популарно кажано пред завесата, позади завесата е сосема нешто поинакво од тоа што на јавноста и се претставува како договори 5+1, 12-3, 6+2 итн. а, тоа го кажува и самиот Османи на брифингот со новинарите на крајот од минатата година кога рече дека за две прашања не успеаја во декември месецот да се договорат со нашиот источен сосед. Првото било прашањето за јазикот, а второто е прашањето за идентитетот односно македонскиот народ, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисија на Алфа телевизија. Мицкоски додаде дека токму овие две клучни прашања се дел од Резолуцијата на бугарскиот Парламент која што е донесена околу 2019-тата година.
Се останато кое што и се сервисира на македонската јавност, на македонскиот народ, на граѓаните на Македонија е парада, фолклор. И во обид на овие политичари да го дивергираат вниманието од суштинскиот документ, суштинскиот документ е Резолуцијата на бугарскиот Парламент која што потоа е потврдена од самата бугарска Влада во која што се негира македонскиот јазик, се негира македонскиот народ, антропологијата на македонскиот народ, култура, посебности, појасни Мицкоски.
Мицкоски посочи дека сето ова претставува сериозен проблем за државата додека Бугарија инсистира на ова.
Не знам кој политичар повеќе се бори и кој повеќе гласно говори за проблемот, и тоа не го правам за да и се допаднам на таа јавност која мисли дека така треба, туку едноставно тоа го правам бидејќи така е исправно. Ако не сум сметал дека тоа било исправно без разлика би ги кажал своите аргументи и немало така да постапам. Тоа го правам за тоа што ценам дека тоа е исправно, и дека во 21 век ние да зборуваме за нациолромантични теми од пред неколку века е бесмислено. И дека практично оние вредности кои што заедно треба да ги споделуваме со нашиот источен сосед нема никаква врска со 18-ти и 19-ти век, рече Мицкоски.
Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија има најголема одговорност и логично е да е најгласна и така ќе продолжи.

The post Мицкоски: Нема политичар кој се бори повеќе за заштита на нашите интереси околу спорот со Бугарија appeared first on Република.

]]>