полина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/polina/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jul 2023 14:25:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/polina/ 32 32 Почина Љубомир Бранѓолица, композитор кој твореше во различни жанрови, а особено се истакна со музиката за балет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochina-lubomir-brangolitsa-kompozitor-koj-tvoreshe-vo-razlichni-zhanrovi-a-osobeno-se-istakna-so-muzikata-za-balet/ Mon, 24 Jul 2023 14:25:30 +0000 https://republika.mk/?p=664815

На 90 годишна возраст, почина Љубомир Бранѓолица, најплоден домашен композитор кој твореше во различни жанрови, а особено се истакна со музиката за балет, со творби за 18 целовечерни претстави.

Роден 1932 во Херцег Нови, Љубомир Бранѓолица, потекнува од музичко семејство и од дете посетувал часови по пијано, во Дубровник. Во Военото музичко училиште во Загреб се запишал 1946, а средното музичко образование го стекнал во Ријека. Откако не го примиле на отсекот за пијано, туку на теоретскиот смер, кусо се задржал на Музичката академија во Белград и 1950 почнал да работи во Салонскиот оркестар при Домот на ЈНА , со кој ја извел првата композиција „ Интермецо“. 1954 дошол да работи во домовите на ЈНА во Куманово и Скопје, а од 1957 бил ангажиран во нашиот Балетскиот ансамбал, за кој напишал музика за 18 целовечерни претстави, меѓу кои е и неговото монументално дело „ Дубровничка легенда“, дополнува Џипунова.

Покрај музиката за балет, во богатиот опус на Бранѓолица има опери, камерни и хорски композиции, но и популарни песни и аранжмани на творби од наши и странски автори. Како композитор на филмска музика започнал 1964 година, со музиката за документарецот „ Кеј 13 Ноември“. За својата работа од Сојузот на композитори во 2006 година ја добил наградата за животно дело „ Трајко Прокопиев“.

Љубомир Бранѓолица ќе биде погребан утре во 09 часот, на гробиштата во Бутел. По него за вечноста останува дигитализираниот опус.

 

The post Почина Љубомир Бранѓолица, композитор кој твореше во различни жанрови, а особено се истакна со музиката за балет appeared first on Република.

]]>

На 90 годишна возраст, почина Љубомир Бранѓолица, најплоден домашен композитор кој твореше во различни жанрови, а особено се истакна со музиката за балет, со творби за 18 целовечерни претстави. Роден 1932 во Херцег Нови, Љубомир Бранѓолица, потекнува од музичко семејство и од дете посетувал часови по пијано, во Дубровник. Во Военото музичко училиште во Загреб се запишал 1946, а средното музичко образование го стекнал во Ријека. Откако не го примиле на отсекот за пијано, туку на теоретскиот смер, кусо се задржал на Музичката академија во Белград и 1950 почнал да работи во Салонскиот оркестар при Домот на ЈНА , со кој ја извел првата композиција „ Интермецо“. 1954 дошол да работи во домовите на ЈНА во Куманово и Скопје, а од 1957 бил ангажиран во нашиот Балетскиот ансамбал, за кој напишал музика за 18 целовечерни претстави, меѓу кои е и неговото монументално дело „ Дубровничка легенда“, дополнува Џипунова. Покрај музиката за балет, во богатиот опус на Бранѓолица има опери, камерни и хорски композиции, но и популарни песни и аранжмани на творби од наши и странски автори. Како композитор на филмска музика започнал 1964 година, со музиката за документарецот „ Кеј 13 Ноември“. За својата работа од Сојузот на композитори во 2006 година ја добил наградата за животно дело „ Трајко Прокопиев“. Љубомир Бранѓолица ќе биде погребан утре во 09 часот, на гробиштата во Бутел. По него за вечноста останува дигитализираниот опус.  

The post Почина Љубомир Бранѓолица, композитор кој твореше во различни жанрови, а особено се истакна со музиката за балет appeared first on Република.

]]>