поликлиника железара Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poliklinika-zhelezara/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Mar 2024 20:38:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поликлиника железара Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poliklinika-zhelezara/ 32 32 Не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата задржани за убиството на лекарот во Железара се сторители на делото https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-se-obezbedeni-dokazi-koi-davaat-osnovano-somnenie-deka-litsata-zadrzhani-za-ubistvoto-na-lekarot-vo-zhelezara-se-storiteli-na-deloto/ Fri, 29 Mar 2024 16:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=760189

Не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата на кои им беше определен куќен притвор од 48 часа за убиството на лекарот во Железара се сторители на кривичното дело, информираат од Основното јавно обвинителство.

Министерството за внатрешни работи, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, како што посочуваат, продолжува да презема дејствија за идентификација на сторителите на кривично дело.

- До овој момент, со преземените дејствија од МВР и извршените вештачења од Институтот за судска медицина не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на кривичното дело. Од тие причини, јавниот обвинител, по истекот на времетраењето на определената мерка краткотраен куќен притвор, нема да предлага судот да определи нови мерки за претпазливост за трите лица кои беа задржани во врска со овој настан, информираат од Обвинителство.

Јавен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство, синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор, во траење од 48 часа, за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вчера изјави дека се приведени вкупно три лица поврзани со убиството на лекарот.

- Претресот е завршен во текот на доцните часови, се продолжува со други истражни дејствија, со цел да може да се утврди соодветно фактичка состојба, штом имаме дополнително нови информации, јавноста ќе биде благовремено известена, изјави Тошковски, при посетата на општина Босилово.

Шеесет и седумгодишниот лекар минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил. Според првичните информации, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на жртвата.

The post Не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата задржани за убиството на лекарот во Железара се сторители на делото appeared first on Република.

]]>

Не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата на кои им беше определен куќен притвор од 48 часа за убиството на лекарот во Железара се сторители на кривичното дело, информираат од Основното јавно обвинителство. Министерството за внатрешни работи, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, како што посочуваат, продолжува да презема дејствија за идентификација на сторителите на кривично дело.
- До овој момент, со преземените дејствија од МВР и извршените вештачења од Институтот за судска медицина не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на кривичното дело. Од тие причини, јавниот обвинител, по истекот на времетраењето на определената мерка краткотраен куќен притвор, нема да предлага судот да определи нови мерки за претпазливост за трите лица кои беа задржани во врска со овој настан, информираат од Обвинителство.
Јавен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство, синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор, во траење од 48 часа, за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара. Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вчера изјави дека се приведени вкупно три лица поврзани со убиството на лекарот.
- Претресот е завршен во текот на доцните часови, се продолжува со други истражни дејствија, со цел да може да се утврди соодветно фактичка состојба, штом имаме дополнително нови информации, јавноста ќе биде благовремено известена, изјави Тошковски, при посетата на општина Босилово.
Шеесет и седумгодишниот лекар минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил. Според првичните информации, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на жртвата.

The post Не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата задржани за убиството на лекарот во Железара се сторители на делото appeared first on Република.

]]>
Убиениот е д-р Ацо Трповски, врвен лекар со огромен стаж https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ubieniot-e-d-r-atso-trpovski-vrven-lekar-so-ogromen-stazh/ Fri, 22 Mar 2024 09:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=757274

Докторот кој вчеравечер во 23 часот бил пронајден без знаци на живот, со убодни рани по телото, во неговиот автомобил паркиран на паркинг во непосредна близина на поликлиниката Железара е матичниот лекар Ацо Трповски, потврди за  „Слободен печат“ директорот на поликлиниката Александар Вељановски. Станува збор за лекар кој имал приватна ординација и е на 67 годишна возраст.

Претседателката на Здружението на приватни матични лекари, доктор Лилија Чолакова Дервишова, за „Слободен печат“ кажа дека станува збор за врвен лекар, со огромен стаж и целата медицинска фела е во шок од трагедијата. Според нејзините информации, лекарот вечерта посетил настан организиран од фармацевтска компанија за лек.

Министерството за внатрешни работи информираше дека А.Т.(67) од Скопје со убодни рани е пронајден во сопственото возило „киа“ на паркингот пред поликлиниката Железара. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.

Од МВР истакнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека е извршен увид на местото во скопската населба Железара каде синоќа беше пронајдено телото на 67-годишниот лекар со повеќе убодни рани.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување на снимки од видеонадзор. Се преземаат дејствија за расчистување на настанот, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.

The post Убиениот е д-р Ацо Трповски, врвен лекар со огромен стаж appeared first on Република.

]]>

Докторот кој вчеравечер во 23 часот бил пронајден без знаци на живот, со убодни рани по телото, во неговиот автомобил паркиран на паркинг во непосредна близина на поликлиниката Железара е матичниот лекар Ацо Трповски, потврди за  „Слободен печат“ директорот на поликлиниката Александар Вељановски. Станува збор за лекар кој имал приватна ординација и е на 67 годишна возраст. Претседателката на Здружението на приватни матични лекари, доктор Лилија Чолакова Дервишова, за „Слободен печат“ кажа дека станува збор за врвен лекар, со огромен стаж и целата медицинска фела е во шок од трагедијата. Според нејзините информации, лекарот вечерта посетил настан организиран од фармацевтска компанија за лек. Министерството за внатрешни работи информираше дека А.Т.(67) од Скопје со убодни рани е пронајден во сопственото возило „киа“ на паркингот пред поликлиниката Железара. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Од МВР истакнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека е извршен увид на местото во скопската населба Железара каде синоќа беше пронајдено телото на 67-годишниот лекар со повеќе убодни рани.