поликлиника шуто оризари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poliklinika-shuto-orizari/ За подобро да се разбереме Sat, 06 May 2023 06:49:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поликлиника шуто оризари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poliklinika-shuto-orizari/ 32 32 И по толку обиди жителите од Шутка немаат пристап до јавното здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/i-po-tolku-obidi-zhitelite-od-shutka-nemaat-pristap-do-javnoto-zdravstvo/ Sat, 06 May 2023 06:49:28 +0000 https://republika.mk/?p=637534

Јавен настан со кој ќе започне процесот на спроведување на петиција насловена „Бараме функционална Поликлиника во Шуто Оризари! - Ромите и сите граѓани од Шуто Оризари повеќе нема да молат за своето здравје” ќе се одржи денеска во центарот на Општината.

Преку петицијата граѓаните бараат од надлежните институции во Поликлиниката во Шуто Оризари да обезбедат пункт за итна медицинска помош, дополнителни две опремени ординации за работа на матични лекари, специјалистичко-консултативна здравствена заштита од најмалку четири специјалности: интерна медицина, дерматовенерологија, неврологија и ортопедија; радиодијагностичка дејност (Рентген дијагностика), зголемен број на патронажни сестри и опремена дежурна служба.

Во Законот за здравствена заштита е јасно наведено дека во една поликлиника потребно е да се обезбеди здравствена дејност на две или повеќе ординации од специјалистичко-консултативната дејност и соодветна дијагностичко-лабораториска, односно заботехничко-лабораториска дејност и радиодијагностичка дејност. Меѓутоа ниту една од овие здравствени дејности не се обезбедува во Поликлиниката во Шуто Оризари, што не е случај со поликлиниките во останатите општини во градот Скопје, посочува Борјан Павловски од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ.

Како што посочуваат од ЕСЕ, жителите од оваа општина се соочуваат со сериозни проблеми во пристапот до основните здравствени услуги од примарната и секундарната здравствена заштита. Наведуваат дека кај 35 проценти од Ромите од Шуто Оризари кои повикале Итна медицинска помош, таа не дошла, а кај 40 проценти пристигнала во временски период подолг од 30 минути. Во Шуто Оризари нема доволен број на матични лекари, има 3.675 жители на еден матичен доктор.

Недостигот на матични лекари сериозно се рефлектира на здравјето на целата заедница. Но стравот е уште поголем поради тоа што и сегашните матични лекари се веќе пред пензионирање, или пак дел од нив го продолжија работниот век, со цел да не се остават дополнителни три илјади граѓани без матичен лекар, вели Фадил Џемаил од ИРИЗ.

Во Општината, се додава во соопштението, нема ниту еден доктор специјалист кој има договор со Фондот за здравствено осигурување, а нема и рентген апарат. За сите овие здравствени услуги, луѓето од Шуто Оризари треба да патуваат во другите скопски општини. Поради недоволен број на патронажни сестри во општината, само 23 проценти од жените Ромки биле посетени од патронажна сестра при последната бременост, додека 18 отсто од мајките и новороденчињата биле посетени од страна на патронажна сестра.

Петицијата ќе биде потпишувана на терен од самите граѓани, но ќе биде достапна и во онлајн форма, а ја спроведуваат Здружението за развој и унапредување на ромската заедница – Романо Чачипе; Иницијативата за развој и инлкузија на заедниците – ИРИЗ и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

The post И по толку обиди жителите од Шутка немаат пристап до јавното здравство appeared first on Република.

]]>

Јавен настан со кој ќе започне процесот на спроведување на петиција насловена „Бараме функционална Поликлиника во Шуто Оризари! - Ромите и сите граѓани од Шуто Оризари повеќе нема да молат за своето здравје” ќе се одржи денеска во центарот на Општината. Преку петицијата граѓаните бараат од надлежните институции во Поликлиниката во Шуто Оризари да обезбедат пункт за итна медицинска помош, дополнителни две опремени ординации за работа на матични лекари, специјалистичко-консултативна здравствена заштита од најмалку четири специјалности: интерна медицина, дерматовенерологија, неврологија и ортопедија; радиодијагностичка дејност (Рентген дијагностика), зголемен број на патронажни сестри и опремена дежурна служба.
Во Законот за здравствена заштита е јасно наведено дека во една поликлиника потребно е да се обезбеди здравствена дејност на две или повеќе ординации од специјалистичко-консултативната дејност и соодветна дијагностичко-лабораториска, односно заботехничко-лабораториска дејност и радиодијагностичка дејност. Меѓутоа ниту една од овие здравствени дејности не се обезбедува во Поликлиниката во Шуто Оризари, што не е случај со поликлиниките во останатите општини во градот Скопје, посочува Борјан Павловски од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ.
Како што посочуваат од ЕСЕ, жителите од оваа општина се соочуваат со сериозни проблеми во пристапот до основните здравствени услуги од примарната и секундарната здравствена заштита. Наведуваат дека кај 35 проценти од Ромите од Шуто Оризари кои повикале Итна медицинска помош, таа не дошла, а кај 40 проценти пристигнала во временски период подолг од 30 минути. Во Шуто Оризари нема доволен број на матични лекари, има 3.675 жители на еден матичен доктор.
Недостигот на матични лекари сериозно се рефлектира на здравјето на целата заедница. Но стравот е уште поголем поради тоа што и сегашните матични лекари се веќе пред пензионирање, или пак дел од нив го продолжија работниот век, со цел да не се остават дополнителни три илјади граѓани без матичен лекар, вели Фадил Џемаил од ИРИЗ.
Во Општината, се додава во соопштението, нема ниту еден доктор специјалист кој има договор со Фондот за здравствено осигурување, а нема и рентген апарат. За сите овие здравствени услуги, луѓето од Шуто Оризари треба да патуваат во другите скопски општини. Поради недоволен број на патронажни сестри во општината, само 23 проценти од жените Ромки биле посетени од патронажна сестра при последната бременост, додека 18 отсто од мајките и новороденчињата биле посетени од страна на патронажна сестра. Петицијата ќе биде потпишувана на терен од самите граѓани, но ќе биде достапна и во онлајн форма, а ја спроведуваат Здружението за развој и унапредување на ромската заедница – Романо Чачипе; Иницијативата за развој и инлкузија на заедниците – ИРИЗ и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

The post И по толку обиди жителите од Шутка немаат пристап до јавното здравство appeared first on Република.

]]>
Пациент претепа докторка во Шуто Оризари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pacient-pretepa-doktorka-vo-shuto-orizari/ Mon, 13 Jun 2022 09:32:25 +0000 https://republika.mk/?p=514409

Докторка е повредена откако била нападната на работното место, дознава „Република“. Инцидентот се случил вчера во Поликлиниката во Шуто Оризари, а полицијата веќе работи на расчистување на случајот.

Во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Поликлиниката Шуто Оризари, по претходно недоразбирање, С.Л. (60) од Скопје, која вила вработена во установата, била физички нападната од едно лице кое било пациент, велат од СВР Скопје за „Република“ и додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

The post Пациент претепа докторка во Шуто Оризари appeared first on Република.