полициски службеник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/policiski-sluzbenik/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jul 2024 13:48:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полициски службеник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/policiski-sluzbenik/ 32 32 Ѝ дал на другарка му да пука од службениот пиштол, таа си објавила и на Инста https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dal-na-drugarka-mu-da-puka-od-sluzhbeniot-pishtol-taa-si-objavila-i-na-insta/ Tue, 30 Jul 2024 13:48:40 +0000 https://republika.mk/?p=801746

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против М.К. и А.Д., двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

На 25.07.2024 околу 00.00 часот во дворно место во Радовиш, првопријавениот М.К., полициски службеник во ОВР Радовиш, кој не бил на работа, со службениот пиштол испукал пет куршуми во воздух, по што второпријавената А.Д., држејќи го пиштолот заедно со првопријавениот, испукале четири куршуми во воздух, со што предизвикале опасност за животот и телото на присутните. Настанот бил снимен со мобилен телефон од трето лице, кое ја пратило снимката на А.Д., која пак ја објавила на социјална мрежа, објави МВР.

https://youtu.be/4brV_WCeeZs?si=lKelV7NCs7Bi-r39

Дополнително, одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против М.К. и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Ова е втора кривична пријава за полициски службеници кои пукале со службените оружја надвор од работното време во неколку дена:

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-politsajtsi-pukale-so-avtomatski-pushki-od-merak-podneseni-im-se-krivichni-prijavi/

The post Ѝ дал на другарка му да пука од службениот пиштол, таа си објавила и на Инста appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против М.К. и А.Д., двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик.
На 25.07.2024 околу 00.00 часот во дворно место во Радовиш, првопријавениот М.К., полициски службеник во ОВР Радовиш, кој не бил на работа, со службениот пиштол испукал пет куршуми во воздух, по што второпријавената А.Д., држејќи го пиштолот заедно со првопријавениот, испукале четири куршуми во воздух, со што предизвикале опасност за животот и телото на присутните. Настанот бил снимен со мобилен телефон од трето лице, кое ја пратило снимката на А.Д., која пак ја објавила на социјална мрежа, објави МВР.
https://youtu.be/4brV_WCeeZs?si=lKelV7NCs7Bi-r39 Дополнително, одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против М.К. и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. Ова е втора кривична пријава за полициски службеници кои пукале со службените оружја надвор од работното време во неколку дена: https://republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-politsajtsi-pukale-so-avtomatski-pushki-od-merak-podneseni-im-se-krivichni-prijavi/

The post Ѝ дал на другарка му да пука од службениот пиштол, таа си објавила и на Инста appeared first on Република.

]]>
Уште една кривична за несовесно работење против полициски службеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ushte-edna-krivichna-za-nesovesno-rabotene-protiv-politsiski-sluzhbenik/ Sat, 13 Apr 2024 06:56:43 +0000 https://republika.mk/?p=765593

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднел кривична пријава против З.Л., полициски службеник во Регионалниот центар за гранични работи Југ, осомничен за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „посебни случаи на фалсификување исправи“, соопштија од МВР.

Имено, З.Л. во својство на полициски службеник и претседател на комисија за утврдување на дисциплинска одговорност несовесно постапил во вршење на своите должности и овластувања на начин што во два наврати во законски предвиден рок не спровел постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против С.А., вработена во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, а за која претходно од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди е поднесена кривична пријава за примање поткуп. Исто така, З.Л. фалсификувал потпис на член на комисијата, кој лично не учествувал во донесувањето на одлуката за прекин на постапката против С.А., ниту своерачно ја потпишал, се појаснува во соопштението.

На тој начин, се додава во соопштението, пријавениот му нанел штета на угледот на Министерството за внатрешни работи.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог против З.Л. да биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе биде отстранет од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

The post Уште една кривична за несовесно работење против полициски службеник appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднел кривична пријава против З.Л., полициски службеник во Регионалниот центар за гранични работи Југ, осомничен за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „посебни случаи на фалсификување исправи“, соопштија од МВР.
Имено, З.Л. во својство на полициски службеник и претседател на комисија за утврдување на дисциплинска одговорност несовесно постапил во вршење на своите должности и овластувања на начин што во два наврати во законски предвиден рок не спровел постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против С.А., вработена во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, а за која претходно од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди е поднесена кривична пријава за примање поткуп. Исто така, З.Л. фалсификувал потпис на член на комисијата, кој лично не учествувал во донесувањето на одлуката за прекин на постапката против С.А., ниту своерачно ја потпишал, се појаснува во соопштението.
На тој начин, се додава во соопштението, пријавениот му нанел штета на угледот на Министерството за внатрешни работи. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог против З.Л. да биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе биде отстранет од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

The post Уште една кривична за несовесно работење против полициски службеник appeared first on Република.

]]>
Полициски службеник неовластено изработувал, држел, посредувал и тргувал со оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsiski-sluzhbenik-neovlasteno-izrabotuval-drzhel-posreduval-i-trguval-so-oruzhje/ Mon, 11 Mar 2024 20:41:31 +0000 https://republika.mk/?p=753823

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје поднесе кривична пријава против полицискиот службеник З. Ц. и против правно лице – агенција за обезбедување, на која тој е сопственик и управител, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи, казниво по член 396 од Кривичниот законик.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pretres-kaj-eksgradonachalnik-pronajdeno-golemo-kolichestvo-nelegalno-oruzhje/

Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од колективниот договор и во согласност со член 214 од колективниот договор на МВР донесено е решение за отстранување на З. Ц. од работното место до донесување решение во дисциплинската постапка.

The post Полициски службеник неовластено изработувал, држел, посредувал и тргувал со оружје appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје поднесе кривична пријава против полицискиот службеник З. Ц. и против правно лице – агенција за обезбедување, на која тој е сопственик и управител, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи, казниво по член 396 од Кривичниот законик. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pretres-kaj-eksgradonachalnik-pronajdeno-golemo-kolichestvo-nelegalno-oruzhje/ Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од колективниот договор и во согласност со член 214 од колективниот договор на МВР донесено е решение за отстранување на З. Ц. од работното место до донесување решение во дисциплинската постапка.

The post Полициски службеник неовластено изработувал, држел, посредувал и тргувал со оружје appeared first on Република.

]]>