полициски командир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/policiski-komandir/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Sep 2023 12:55:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полициски командир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/policiski-komandir/ 32 32 Затвореник им зел 4.000 на затворски командири ветувајќи им работа во МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zatvorenik-im-zel-4-000-na-zatvorski-komandiri-vetuvajki-im-rabota-vo-mvr/ Mon, 25 Sep 2023 13:27:50 +0000 https://republika.mk/?p=684999

Управата за извршување на санкции на 19 септември 2023 година изврши вонреден наздор во КПД Идризово со цел да се проверат наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани по живот, рекет и уцени, соопшти денеска Министерството за правда.

Јанко Јаневски, кој отслужува деветгодишна затворска казна, посочил дека имал уцени и закани по живот да врати 4.000 евра во рок од 24 часа. Управата за извршување на санкции, како што се наведува, изврши разговор со двајца припадници на затворската полиција кои тврделе дека биле измамени од Јаневски. Тој им побарал по 2.000 евра, ветувајќи им дека ќе бидат префрлени со работа во МВР. Вкупната сума од 4.000 евра му ја исплатиле на негов пријател во трговскиот центар „Сити мол“. Командирите, како што се наведува, по извесен период сфатиле дека се измамени и настанот го пријавиле во ПС Кавадарци.

Службените лица од Управата разговарале и со осуденото лице Јанко Јаневски, кој појаснил дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција.

Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа. За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица, стои во соопштението.

Тони Денковски имал поплака дека му е нарушена безбедноста и дека има закани и уцени од страна на осудени лица и припадници на затворската полиција, за што е поднесена и пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Од разговорот со него, како што се наведува, тој не посочил конкретни имиња на осудени лица или припадници на затворската полиција поради што не можело да се проверат неговите наоди.

За Денковски, во дневните билтени не е евидентиран некаков настан или физички напад на ова лице, а преземени се и мерки за заштита на неговата безбедност, сместен е сам во соба и сам оди на прошетка. До денот на извршениот надзор осуденото лице Тони Денковски нема поднесено барање за преместување во друга установа, се вели во соопштението од Министерството за правда.

The post Затвореник им зел 4.000 на затворски командири ветувајќи им работа во МВР appeared first on Република.

]]>

Управата за извршување на санкции на 19 септември 2023 година изврши вонреден наздор во КПД Идризово со цел да се проверат наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани по живот, рекет и уцени, соопшти денеска Министерството за правда. Јанко Јаневски, кој отслужува деветгодишна затворска казна, посочил дека имал уцени и закани по живот да врати 4.000 евра во рок од 24 часа. Управата за извршување на санкции, како што се наведува, изврши разговор со двајца припадници на затворската полиција кои тврделе дека биле измамени од Јаневски. Тој им побарал по 2.000 евра, ветувајќи им дека ќе бидат префрлени со работа во МВР. Вкупната сума од 4.000 евра му ја исплатиле на негов пријател во трговскиот центар „Сити мол“. Командирите, како што се наведува, по извесен период сфатиле дека се измамени и настанот го пријавиле во ПС Кавадарци. Службените лица од Управата разговарале и со осуденото лице Јанко Јаневски, кој појаснил дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција.
Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа. За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица, стои во соопштението.
Тони Денковски имал поплака дека му е нарушена безбедноста и дека има закани и уцени од страна на осудени лица и припадници на затворската полиција, за што е поднесена и пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Од разговорот со него, како што се наведува, тој не посочил конкретни имиња на осудени лица или припадници на затворската полиција поради што не можело да се проверат неговите наоди.
За Денковски, во дневните билтени не е евидентиран некаков настан или физички напад на ова лице, а преземени се и мерки за заштита на неговата безбедност, сместен е сам во соба и сам оди на прошетка. До денот на извршениот надзор осуденото лице Тони Денковски нема поднесено барање за преместување во друга установа, се вели во соопштението од Министерството за правда.

The post Затвореник им зел 4.000 на затворски командири ветувајќи им работа во МВР appeared first on Република.

]]>
Кривична за полициски командир https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-za-politsiski-komandir/ Tue, 30 May 2023 10:31:35 +0000 https://republika.mk/?p=646100

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник М.А., командир на Полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај Виница при ОВР Виница поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување.

Пријавениот на 31.08.2022, во својство на службено лице, ги пречекорил границите на своите овластувања и не дозволил да биде изготвен прекршочен платен налог на возач на автобус на правно лице од Кочани за сторен сообраќаен прекршок по член 42, став 1 и 3 од Законот за возила, констатиран во станица за технички преглед, а во износ од 400 евра во денарска противвредност, со кој износ, бидејќи не е наплатен, го оштетил буџетот на РСМ. Пријавениот дополнително не дозволил да се преземат мерки за сторениот сообраќаен прекршок против одговорното лице во правното лице, се наведува во соопштението од МВР.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.А. ќе биде покренат предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и негово отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

The post Кривична за полициски командир appeared first on Република.

Полициски командир осуден на четири и пол години затвор поради дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/policiski-komandir-osuden-na-chetiri-i-pol-godini-zatvor-poradi-droga/ Tue, 20 Sep 2022 15:23:24 +0000 https://republika.mk/?p=552655

Четири години и шест месеци затвор за обвинет за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и одржани судски рочишта, на кои беа изведени предложените докази, во Основниот кривичен суд Скопје беше објавена осудителна пресуда за К. С., командир на ПС, обвинет за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, од чл. 215 ст. 3 в.в. со ст. 1 од Кривичниот законик.

На обвинетиот за кој Обвинителството докажа дека го сторил кривичното дело што му става на товар судот му изрече казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци.

Aкцијата беше реализирана во април минатата година во соработка со Американската агенција за борба против наркотоци – ДЕА по што надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против шест лица осомничени дека сториле кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, предвидено и казниво по чл. 215 ст. 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во текот на истражната постапка петмина обвинети склучија спогодба со јавниот обвинител и притоа правосилно се осудени на ефективни казни затвор во траење по 5 години за Д. Ј. и А. У. и по 3 години и 6 месеци за М. З., М. С. и Г. К.

Д. Ј. и А. У. на почетокот на април 2021 година договориле зделка со НН-лице од Р. Грција, па неовластено, заради продажба, набавиле наркотична дрога марихуана со вкупна тежина од 199,444 килограми, која ја држеле на непозната локација.

Кога Д. Ј. пронашол потенцијални купувачи на наркотичната дрога, со обвинетиот А. У. ги договорил деталите за примопредавањето на дрогата и се упатил кон Гевгелија.

Обвинетиот А. У. со ТМВ, „ивеко“, со македонски национални регистарски ознаки, неовластено ја пренел дрогата од неутврдената локација до паркинг-просторот на ресторан во с. Радобил, Прилепско, и со ПМВ, „дачија дастер, заминал да се сретне со потенцијалниот купувач, а обвинетите М. З. и М. С. останале да внимаваат на возилото со наркотичната дрога.

Кога А. У. се сретнал со купувачот, му кажал со ТМВ-комбе, „ситроен џампер“, со грчки национални регистарски ознаки, да се движи по него и заедно се упатиле кон Прилеп, а обвинетите Г. К. како возач и К. С. како совозач со ПМВ, „ауди А8“, ги следеле.

На паркинг-просторот во с. Радобил, додека обвинетите А. У., М. С. и М. З ја префрлувале наркотичната дрога спакувана во 40 картонски кутии од ТМВ – ивеко“ во ТМВ-комбето, „ситроен џампер“, обвинетите Г. К. и К. С. биле паркирани на исклучувањето кон с. Радобил за да го набљудуваат движењето по магистралниот пат Прилеп – Градско и да го обезбедат претоварањето на дрогата.

Кога дрогата била сместена, обвинетиот М. С., управувајќи го ТМВ „ивеко“, се упатил кон Прилеп, а другите обвинети со три ПМВ и ТМВ, во кое била дрогата, се упатиле на магистралниот пат Прилеп – Градско во правец кон Градско, движејќи се во колона еден зад друг.

Кога пристигнале на клучката за с. Раец, од страна на полициски службеници на МВР биле запрени и по извршениот претрес, лишени од слобода.

Во исто време во Прилеп е лишен од слобода обвинетиот што го управувал ТМВ „ивеко“, а во Гевгелија, на бензинска пумпа, бил уапсен и обвинетиот – организатор на криминалната група.

Со пресудите, освен изречените ефективни казни затвор, одземени се и движни ствари, меѓу кои: 17.360 евра, 40 швајцарски франци, 53.200,00 денари, 13 мобилни телефони, ТМВ „ивеко“, 2 луксузни рачни часовника, еден лаптоп, ГПС-навигација, два метални бокса и нож Air Force.​

The post Полициски командир осуден на четири и пол години затвор поради дрога appeared first on Република.

]]>

Четири години и шест месеци затвор за обвинет за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и одржани судски рочишта, на кои беа изведени предложените докази, во Основниот кривичен суд Скопје беше објавена осудителна пресуда за К. С., командир на ПС, обвинет за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, од чл. 215 ст. 3 в.в. со ст. 1 од Кривичниот законик. На обвинетиот за кој Обвинителството докажа дека го сторил кривичното дело што му става на товар судот му изрече казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци. Aкцијата беше реализирана во април минатата година во соработка со Американската агенција за борба против наркотоци – ДЕА по што надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против шест лица осомничени дека сториле кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, предвидено и казниво по чл. 215 ст. 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во текот на истражната постапка петмина обвинети склучија спогодба со јавниот обвинител и притоа правосилно се осудени на ефективни казни затвор во траење по 5 години за Д. Ј. и А. У. и по 3 години и 6 месеци за М. З., М. С. и Г. К. Д. Ј. и А. У. на почетокот на април 2021 година договориле зделка со НН-лице од Р. Грција, па неовластено, заради продажба, набавиле наркотична дрога марихуана со вкупна тежина од 199,444 килограми, која ја држеле на непозната локација. Кога Д. Ј. пронашол потенцијални купувачи на наркотичната дрога, со обвинетиот А. У. ги договорил деталите за примопредавањето на дрогата и се упатил кон Гевгелија. Обвинетиот А. У. со ТМВ, „ивеко“, со македонски национални регистарски ознаки, неовластено ја пренел дрогата од неутврдената локација до паркинг-просторот на ресторан во с. Радобил, Прилепско, и со ПМВ, „дачија дастер, заминал да се сретне со потенцијалниот купувач, а обвинетите М. З. и М. С. останале да внимаваат на возилото со наркотичната дрога. Кога А. У. се сретнал со купувачот, му кажал со ТМВ-комбе, „ситроен џампер“, со грчки национални регистарски ознаки, да се движи по него и заедно се упатиле кон Прилеп, а обвинетите Г. К. како возач и К. С. како совозач со ПМВ, „ауди А8“, ги следеле. На паркинг-просторот во с. Радобил, додека обвинетите А. У., М. С. и М. З ја префрлувале наркотичната дрога спакувана во 40 картонски кутии од ТМВ – ивеко“ во ТМВ-комбето, „ситроен џампер“, обвинетите Г. К. и К. С. биле паркирани на исклучувањето кон с. Радобил за да го набљудуваат движењето по магистралниот пат Прилеп – Градско и да го обезбедат претоварањето на дрогата. Кога дрогата била сместена, обвинетиот М. С., управувајќи го ТМВ „ивеко“, се упатил кон Прилеп, а другите обвинети со три ПМВ и ТМВ, во кое била дрогата, се упатиле на магистралниот пат Прилеп – Градско во правец кон Градско, движејќи се во колона еден зад друг. Кога пристигнале на клучката за с. Раец, од страна на полициски службеници на МВР биле запрени и по извршениот претрес, лишени од слобода. Во исто време во Прилеп е лишен од слобода обвинетиот што го управувал ТМВ „ивеко“, а во Гевгелија, на бензинска пумпа, бил уапсен и обвинетиот – организатор на криминалната група. Со пресудите, освен изречените ефективни казни затвор, одземени се и движни ствари, меѓу кои: 17.360 евра, 40 швајцарски франци, 53.200,00 денари, 13 мобилни телефони, ТМВ „ивеко“, 2 луксузни рачни часовника, еден лаптоп, ГПС-навигација, два метални бокса и нож Air Force.​  

The post Полициски командир осуден на четири и пол години затвор поради дрога appeared first on Република.

]]>