полициска станица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/policiska-stanica/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 16:12:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полициска станица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/policiska-stanica/ 32 32 Тошковски: Ќе се набават нови полициски униформи која ќе ги задоволи сите стандарди, квалитет и естетска прифатливост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-ke-se-nabavat-novi-politsiski-uniformi-koja-ke-gi-zadovoli-site-standardi-kvalitet-i-estetska-prifatlivost/ Tue, 23 Jul 2024 16:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=799622

Во рамки на плановите за унапредување на работата на полицијата во сите аспекти, денеска имавме можност да разгледаме униформи на полициски службеници од неколку европски полиции како и полициите од регионот.

Актуелната униформа на полициските службеници на терен се покажува дека не е практична и функционална во извршување на дел од полициските задачи како и нејзиниот квалитет кој е далеку од квалитетот на униформите на европските полиции.

Дополнително процесот на набавка и дополнување бил нефункционален со што полициските службеници во пракса биле оставени долг временски период без да имаат можност да добијат нова униформа или замена на дел од истата.

Затоа во таа насока, преку Одделот за заеднички работи на министерството во план е изнаоѓање на решение за набавка на полициска униформа која ќе ги задоволи сите стандарди, практичност, квалитет и издржливост, но и естетска прифатливост.

Полициските службеници кои треба да испорачаат владеење на правото и почитување на законите, безбедноста на граѓаните и општеството, своите работни задачи мора да ги извршуваат во униформа која е практична, квалитетна, издржлива и која во својот дизајн ја инкорпорира важноста и дигнитетот на професијата полициски службеник.

Денеска заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески извршивме увид во градбата на новата полициска станица од општа надлежност во општина Аеродром, информираше на својот фејсбук профил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Градбата на новата полициска станица беше започната минатата година во јули со план за завршување за 30 месеци од денот на воведување во работа на економските оператори изведувач и надзор. На лице место констатиравме дека изградбата на станицата е во планираната динамика и граѓаните во општина Аеродром во планираниот рок ќе добијат нова и модерна полициска станица во која полициските службеници ќе ги извршуваат своите обврски, а граѓаните ќе ги добиваат очекуваните услуги.

На предлог на градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески во Полициската станица да предвидиме простории за управни служби, дадов уверување дека ќе направиме сериозни напори тоа да биде остварено, за граѓаните да не мора да одат во зградата на МТВ за некоја од услугите на управните служби како вадење на лични документи, возачки дозволи и други услуги важни за нив.

Зголемувањето на брзината, квалитетот и достапноста на услугите кои ги нудат управни служби е еден од приоритетите на ова раководство на МВР бидејќи граѓаните секогаш треба навремено и квалитетно да ја добиваа услугата од својата држава која постои за нив.

The post Тошковски: Ќе се набават нови полициски униформи која ќе ги задоволи сите стандарди, квалитет и естетска прифатливост appeared first on Република.

]]>

Во рамки на плановите за унапредување на работата на полицијата во сите аспекти, денеска имавме можност да разгледаме униформи на полициски службеници од неколку европски полиции како и полициите од регионот. Актуелната униформа на полициските службеници на терен се покажува дека не е практична и функционална во извршување на дел од полициските задачи како и нејзиниот квалитет кој е далеку од квалитетот на униформите на европските полиции. Дополнително процесот на набавка и дополнување бил нефункционален со што полициските службеници во пракса биле оставени долг временски период без да имаат можност да добијат нова униформа или замена на дел од истата. Затоа во таа насока, преку Одделот за заеднички работи на министерството во план е изнаоѓање на решение за набавка на полициска униформа која ќе ги задоволи сите стандарди, практичност, квалитет и издржливост, но и естетска прифатливост. Полициските службеници кои треба да испорачаат владеење на правото и почитување на законите, безбедноста на граѓаните и општеството, своите работни задачи мора да ги извршуваат во униформа која е практична, квалитетна, издржлива и која во својот дизајн ја инкорпорира важноста и дигнитетот на професијата полициски службеник.

Денеска заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески извршивме увид во градбата на новата полициска станица од општа надлежност во општина Аеродром, информираше на својот фејсбук профил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Градбата на новата полициска станица беше започната минатата година во јули со план за завршување за 30 месеци од денот на воведување во работа на економските оператори изведувач и надзор. На лице место констатиравме дека изградбата на станицата е во планираната динамика и граѓаните во општина Аеродром во планираниот рок ќе добијат нова и модерна полициска станица во која полициските службеници ќе ги извршуваат своите обврски, а граѓаните ќе ги добиваат очекуваните услуги.

На предлог на градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески во Полициската станица да предвидиме простории за управни служби, дадов уверување дека ќе направиме сериозни напори тоа да биде остварено, за граѓаните да не мора да одат во зградата на МТВ за некоја од услугите на управните служби како вадење на лични документи, возачки дозволи и други услуги важни за нив.
Зголемувањето на брзината, квалитетот и достапноста на услугите кои ги нудат управни служби е еден од приоритетите на ова раководство на МВР бидејќи граѓаните секогаш треба навремено и квалитетно да ја добиваа услугата од својата држава која постои за нив.

The post Тошковски: Ќе се набават нови полициски униформи која ќе ги задоволи сите стандарди, квалитет и естетска прифатливост appeared first on Република.

]]>
Скопјанец се обидел со комбе да избега од полициска станица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-se-obidel-so-kombe-da-izbega-od-politsiska-stanitsa/ Thu, 06 Jun 2024 08:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=785127

Вчера околу 03.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле Д.Р.(29) од с.Марино, општина Илинден.

Претходно, од улица „Јустинијан Први“ тој бил спроведен во кругот на Полициската станица Драчево затоа што управувал нерегистрирано товарно возило „фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки со активна забрана за управување моторно возило. Во кругот на полициската станица му била дадена наредба да го препаркира возилото, но наместо тоа тој се обидел да избега и притоа удрил во друго возило и во капијата од станицата, по што бил фатен и задржан, објаснуваат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, од МВР најавија соодветна пријава против него.

The post Скопјанец се обидел со комбе да избега од полициска станица appeared first on Република.

Тошковски: Изградба на нов полициски објект во Чаир треба да биде прв приоритет на МВР за зголемување на капацитетите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-izgradba-na-nov-politsiski-objekt-vo-chair-treba-da-bide-prv-prioritet-na-mvr-za-zgolemuvane-na-kapatsitetite/ Mon, 01 Apr 2024 17:11:02 +0000 https://republika.mk/?p=761027

Изградбата на нов полициски објект во Чаир треба да биде прв приоритет во делот на изградба и реконструкција на капацитетите на Министерството за внатрешни работи, смета министерот, Панче Тошковски, кој беше во работна посета на единицата за внатрешни работи Чаир и полициското одделение Мирковци.

Како што информираат од МВР, на средбата во Чаир, министерот бил брифиран дека со години наназад било ветувано дека ќе се изгради целосно нов објект, но до ден денес од тоа нема ништо.

Имајќи предвид дека од сите кои ги посетив до сега овој објект е во најлоша состојба, од моја страна беше потенцирано дека изградбата на нов објект за потребите на оваа организациска единица треба да биде прв приоритет во делот на изградба и реконструкција на капацитетите на министерството, потенцирал министерот Тошковски.

На средбата во Полицискиото оделение Мирковци, Министерот бил запознаен со карактеристиките на криминалитетот кој е застапен на тоа подрачје.

Заклучокот е дека и во ова одделение кадровската пополнетост е на незадоволително ниво, а исто така има недостиг и на возила неопходни за квалитетно извршување на полициските работи, додал Тошковски.

The post Тошковски: Изградба на нов полициски објект во Чаир треба да биде прв приоритет на МВР за зголемување на капацитетите appeared first on Република.

]]>

Изградбата на нов полициски објект во Чаир треба да биде прв приоритет во делот на изградба и реконструкција на капацитетите на Министерството за внатрешни работи, смета министерот, Панче Тошковски, кој беше во работна посета на единицата за внатрешни работи Чаир и полициското одделение Мирковци. Како што информираат од МВР, на средбата во Чаир, министерот бил брифиран дека со години наназад било ветувано дека ќе се изгради целосно нов објект, но до ден денес од тоа нема ништо.
Имајќи предвид дека од сите кои ги посетив до сега овој објект е во најлоша состојба, од моја страна беше потенцирано дека изградбата на нов објект за потребите на оваа организациска единица треба да биде прв приоритет во делот на изградба и реконструкција на капацитетите на министерството, потенцирал министерот Тошковски.
На средбата во Полицискиото оделение Мирковци, Министерот бил запознаен со карактеристиките на криминалитетот кој е застапен на тоа подрачје.
Заклучокот е дека и во ова одделение кадровската пополнетост е на незадоволително ниво, а исто така има недостиг и на возила неопходни за квалитетно извршување на полициските работи, додал Тошковски.

The post Тошковски: Изградба на нов полициски објект во Чаир треба да биде прв приоритет на МВР за зголемување на капацитетите appeared first on Република.

]]>
19-годишник дивеел во полициска станица во куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/19-godishnik-diveel-vo-politsiska-stanitsa-vo-kumanovo/ Tue, 26 Mar 2024 13:47:16 +0000 https://republika.mk/?p=758975

Вчера во 21:45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(19) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Исто така, при приведувањето, физички нападнал полициски службеник, а подоцна оштетил и дел од инвентар во просториите на СВР Куманово.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

The post 19-годишник дивеел во полициска станица во куманово appeared first on Република.

]]>

Вчера во 21:45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(19) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, при приведувањето, физички нападнал полициски службеник, а подоцна оштетил и дел од инвентар во просториите на СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.  

The post 19-годишник дивеел во полициска станица во куманово appeared first on Република.

]]>
Пијан маж направил хаос во полициска станица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pijan-mazh-napravil-haos-vo-politsiska-stanitsa/ Sat, 09 Mar 2024 16:42:04 +0000 https://republika.mk/?p=753069

На 08.03.2024 во 19:00 часот во Полициската станица Радовиш бил приведен А.Ф.(36) од Радовиш.

Тој дошол во просториите на полициската станица Радовиш во алкохолизирана состојба, за да пријави нарушување на јавен ред и мир во кое учествувал, при што почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници.

Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Пијан маж направил хаос во полициска станица appeared first on Република.

]]>

На 08.03.2024 во 19:00 часот во Полициската станица Радовиш бил приведен А.Ф.(36) од Радовиш. Тој дошол во просториите на полициската станица Радовиш во алкохолизирана состојба, за да пријави нарушување на јавен ред и мир во кое учествувал, при што почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Пијан маж направил хаос во полициска станица appeared first on Република.

]]>
Стружанец влегол в полициска станица и почнал да пцуе и тепа зошто му го одзеле возилото https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/struzhanets-vlegol-v-politsiska-stanitsa-i-pochnal-da-ptsue-i-tepa-zoshto-mu-go-odzele-voziloto/ Fri, 28 Jul 2023 07:58:56 +0000 https://republika.mk/?p=666162

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 30-годишник осомничен за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, како што соопшти Основното јавно обвинителство, на 26 јули, влегол во просториите на ОВР Струга и на полициските службеници започнал да им вика и да ги навредува поради одземено возило.

Кога тие побарале од него да го напушти објектот и да се легитимира, тој со лакт удрил еден од полицајците во стомак и се обидел да побегне. Додека да го совладаат, осомничениот уште неколкупати го удрил полицаецот, нанесувајќи му повреди на раката, вратот и градите, стои во информацијата.

Имајќи предвид, како што е наведено, дека делото е извршено со особена дрскост, односно станува збор за напад врз полициски службеници во полициската станица, јавниот обвинител оценил дека постои можност осомничениот да го повтори.

Исто така, постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Од тие причини, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор, информира ОЈО.

The post Стружанец влегол в полициска станица и почнал да пцуе и тепа зошто му го одзеле возилото appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 30-годишник осомничен за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, како што соопшти Основното јавно обвинителство, на 26 јули, влегол во просториите на ОВР Струга и на полициските службеници започнал да им вика и да ги навредува поради одземено возило.
Кога тие побарале од него да го напушти објектот и да се легитимира, тој со лакт удрил еден од полицајците во стомак и се обидел да побегне. Додека да го совладаат, осомничениот уште неколкупати го удрил полицаецот, нанесувајќи му повреди на раката, вратот и градите, стои во информацијата.
Имајќи предвид, како што е наведено, дека делото е извршено со особена дрскост, односно станува збор за напад врз полициски службеници во полициската станица, јавниот обвинител оценил дека постои можност осомничениот да го повтори.
Исто така, постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Од тие причини, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор, информира ОЈО.

The post Стружанец влегол в полициска станица и почнал да пцуе и тепа зошто му го одзеле возилото appeared first on Република.

]]>
Додека се гради новиот објект, Полициската станица Аеродром преместена во Лисиче https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dodeka-se-gradi-noviot-objekt-politsiskata-stanitsa-aerodrom-premestena-vo-lisiche/ Thu, 08 Jun 2023 07:57:07 +0000 https://republika.mk/?p=649055

Министерството за внатрешни работи информира дека Полициската станица Аеродром е привремено преместена во населба Лисиче на ул. „Димитар Туриманџовски“ бр. 1.

Преместувањето е направено затоа што на местото на стариот објект ќе се изгради нов објект на полициската станица, во склоп на проектот за обезбедување подобри услови за работа на полициските службеници, но и за услуги на граѓаните. И во наредниот период граѓаните ќе ги добиваат сите потребни услуги и за се што им е потребно можат да се обратат до полициските службеници, наведуваат од МВР.

The post Додека се гради новиот објект, Полициската станица Аеродром преместена во Лисиче appeared first on Република.

Фирмата на внукот на Адеми, која ќе гради полициска станица, донирала за ДУИ трипати над дозволеното https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/firmata-na-vnukot-na-ademi-koja-ke-gradi-politsiska-stanitsa-donirala-za-dui-tripati-nad-dozvolenoto/ Mon, 22 May 2023 18:46:33 +0000 https://republika.mk/?p=643726

Фирмата за градежништво „Еуровиа ДООЕЛ“ на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот министер Абдулаќим Адеми, минатиот месец го доби тендерот за изградба на нов објект на полициската станица Аеродром, пренесува „Фокус“, потенцирајќи дека вредноста на набавката чии носител е МВР на министерот Оливер Спасовски изнесува нешто над 2 милиони евра.

Фирмата која ќе ја гради полициската станица е избрана од „четврта среќа“, откако претходно три пати постапката била поништувана. Истражувањето на овој тендер објавено во последниот број на неделникот „Фокус“ не само што не доведе до најголемиот донатор на ДУИ за 2022 година, туку откри уште еден скандал.

Имено, фирмата „Еуровиа“ која ќе ја гради полициската станица во Аеродром, чија изградба треба да стартува оваа година, и нејзиниот сопственик Ељмедин Адеми се најголеми донатори на ДУИ за 2022 година. Притоа, се отвора и прашањето дали овие донации го надминуваат законски дозволениот лимит?

Повеќе на „Фокус

The post Фирмата на внукот на Адеми, која ќе гради полициска станица, донирала за ДУИ трипати над дозволеното appeared first on Република.

]]>

Фирмата за градежништво „Еуровиа ДООЕЛ“ на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот министер Абдулаќим Адеми, минатиот месец го доби тендерот за изградба на нов објект на полициската станица Аеродром, пренесува „Фокус“, потенцирајќи дека вредноста на набавката чии носител е МВР на министерот Оливер Спасовски изнесува нешто над 2 милиони евра. Фирмата која ќе ја гради полициската станица е избрана од „четврта среќа“, откако претходно три пати постапката била поништувана. Истражувањето на овој тендер објавено во последниот број на неделникот „Фокус“ не само што не доведе до најголемиот донатор на ДУИ за 2022 година, туку откри уште еден скандал. Имено, фирмата „Еуровиа“ која ќе ја гради полициската станица во Аеродром, чија изградба треба да стартува оваа година, и нејзиниот сопственик Ељмедин Адеми се најголеми донатори на ДУИ за 2022 година. Притоа, се отвора и прашањето дали овие донации го надминуваат законски дозволениот лимит? Повеќе на „Фокус

The post Фирмата на внукот на Адеми, која ќе гради полициска станица, донирала за ДУИ трипати над дозволеното appeared first on Република.

]]>
Скршен колк: Таванот во полициската станица во Групчин повреди полицајка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skrshen-kolk-tavanot-vo-policiskata-stanica-vo-grupchin-povredi-policajka/ Tue, 01 Nov 2022 14:40:56 +0000 https://republika.mk/?p=568381

Инцидентот што се случил во полициската станица во Групчин можел да има сериозни последици.Откако претходно објавивме дека паднал таванот во една од просторите сега „Република“ дојде до нови детали.Непријатниот настан се случил во 6 и 20 изутрина и кога таванот паднал и се срушил повредил една полицајка и го скршил колкот.

Полициската станица беше отворена неодамна во присуство на министерот Спасовски.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/padna-tavanot-vo-grupchin-policiskata-stanica-neodamna-beshe-pushtena-od-spasovski/

The post Скршен колк: Таванот во полициската станица во Групчин повреди полицајка appeared first on Република.

]]>

Инцидентот што се случил во полициската станица во Групчин можел да има сериозни последици.Откако претходно објавивме дека паднал таванот во една од просторите сега „Република“ дојде до нови детали.Непријатниот настан се случил во 6 и 20 изутрина и кога таванот паднал и се срушил повредил една полицајка и го скршил колкот. Полициската станица беше отворена неодамна во присуство на министерот Спасовски. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/padna-tavanot-vo-grupchin-policiskata-stanica-neodamna-beshe-pushtena-od-spasovski/

The post Скршен колк: Таванот во полициската станица во Групчин повреди полицајка appeared first on Република.

]]>
Падна таванот во Групчин, полициската станица неодамна беше пуштена од Спасовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/padna-tavanot-vo-grupchin-policiskata-stanica-neodamna-beshe-pushtena-od-spasovski/ Tue, 01 Nov 2022 11:49:08 +0000 https://republika.mk/?p=568266

Министерството за внатрешни работи неодамна се пофали дека ја реновирала полициската станица во Групчин. На свеченоста присуствуваше и министерот Спасовски кој нагласи дека вработените сега имаат нормални услови за работа.

Но, радоста не траеше долго. Се појавија фотографии на кои се гледа дека таванот на една од просториите е срушен и висат кабли  и сијалици. Наместо плафон се гледа една голема дупка на средината од собата.

The post Падна таванот во Групчин, полициската станица неодамна беше пуштена од Спасовски appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи неодамна се пофали дека ја реновирала полициската станица во Групчин. На свеченоста присуствуваше и министерот Спасовски кој нагласи дека вработените сега имаат нормални услови за работа. Но, радоста не траеше долго. Се појавија фотографии на кои се гледа дека таванот на една од просториите е срушен и висат кабли  и сијалици. Наместо плафон се гледа една голема дупка на средината од собата.    

The post Падна таванот во Групчин, полициската станица неодамна беше пуштена од Спасовски appeared first on Република.

]]>
Среде полициска станица Велешанец извадил нож и се обидел да убие жена-сведок на негово претходно дело https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/srede-policiska-stanica-veleshanec-izvadil-noz-i-se-obidel-da-ubie-zena-svedok-na-negovo-prethodno-delo/ Sat, 22 Oct 2022 08:48:32 +0000 https://republika.mk/?p=564229

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен велешанец, осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 17 октомври, во полициска станица во Велес, тој се обидел да лиши од живот една жена која била повикана како сведок за претходен настан во населбата Речани, каде осомничениот кршел чаши во игротека. Под дејство на алкохол од 1,41 промили во крвта, осомничениот во полициската станица ја фатил за коса оштетената, ја повлекол и на вратот ѝ ставил нож кој го извадил од јакната - се наведува во соопштението на ЈО, .

Веднаш реагирале полициски службеници и други сведоци на настанот кои успеале да го совладаат, да му го одземат ножот и да го спречат во намерата да ја убие.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот, па на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена - стои во соопштението на ЈО.

The post Среде полициска станица Велешанец извадил нож и се обидел да убие жена-сведок на негово претходно дело appeared first on Република.

Обновена полициската станица во Свети Николе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obnovena-policiskata-stanica-vo-sveti-nikole/ Mon, 17 Oct 2022 10:39:55 +0000 https://republika.mk/?p=562000

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР и градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев, изврши увид во целосно реновираниот објект на Полициската станица од општа надлежност Свети Николе, како дел од континуираните активности на МВР за материјално-техничко и инфраструктурно унапредување на полицијата.

Полициската станица од општа надлежност Свети Николе е 77. реновиран и саниран објект, што претставува уште еден значаен градежен проект во рамки на реализацијата на концептот за материјално – техничко унапредување на функционирањето на полициските службеници во сите нејзини домени, проект што, веќе неколку години наназад со претходно зацртана динамика се реализира низ целата држава „Опремена и задоволна полиција, вистински сервис за граѓаните“.

Објектот е целосно саниран во сите градежни аспекти со средства од буџетот на Министерството во висина од 16.500.000 денари, почитувајќи ги притоа сите современи градежни стандарди, вклучително и стандардите за енергетска ефикасност, во насока на драстично подобрување на условите за секојдневно работење на нашите колеги од оваа организациона единица и, се разбира, во интерес на граѓаните и услугите што полицијата како нивен сервис ги реализира - изјави Спасовски.

По извршениот увид во реконструираниот објект на Полициската станица Свети Николе, министерот Спасовски заедно со дел од раководството на МВР оствари работна средба со раководството на оваа организациска единица, при што беше информиран за безбедносната состојба во ова подрачје.

Во поглед на криминалитетот на подрачјето на ПС од ОН Свети Николе за месец септември 2022 година споредбено со септември 2021 година, тој бележи намалување за 42 проценти, а 60 проценти е ефикасноста во расветлувањето на кривичните дела. Што се однесува до јавниот ред и мир на подрачјето на Свети Николе, во септември 2022 година се бележи намалување кај пријавените прекршоци за 47 проценти - информираше Спасовски.

Тој потенцира дека за Министерството за внатрешни работи и натаму останува како приоритет постојаното унапредување и подобрување на професионалните, социјалните, техничките услови за работа на полициските службеници, а со цел значително унапредување на ефикасноста и квалитетот на полициското работење, а во интерес на сите граѓани.

The post Обновена полициската станица во Свети Николе appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР и градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев, изврши увид во целосно реновираниот објект на Полициската станица од општа надлежност Свети Николе, како дел од континуираните активности на МВР за материјално-техничко и инфраструктурно унапредување на полицијата. Полициската станица од општа надлежност Свети Николе е 77. реновиран и саниран објект, што претставува уште еден значаен градежен проект во рамки на реализацијата на концептот за материјално – техничко унапредување на функционирањето на полициските службеници во сите нејзини домени, проект што, веќе неколку години наназад со претходно зацртана динамика се реализира низ целата држава „Опремена и задоволна полиција, вистински сервис за граѓаните“.
Објектот е целосно саниран во сите градежни аспекти со средства од буџетот на Министерството во висина од 16.500.000 денари, почитувајќи ги притоа сите современи градежни стандарди, вклучително и стандардите за енергетска ефикасност, во насока на драстично подобрување на условите за секојдневно работење на нашите колеги од оваа организациона единица и, се разбира, во интерес на граѓаните и услугите што полицијата како нивен сервис ги реализира - изјави Спасовски.
По извршениот увид во реконструираниот објект на Полициската станица Свети Николе, министерот Спасовски заедно со дел од раководството на МВР оствари работна средба со раководството на оваа организациска единица, при што беше информиран за безбедносната состојба во ова подрачје.
Во поглед на криминалитетот на подрачјето на ПС од ОН Свети Николе за месец септември 2022 година споредбено со септември 2021 година, тој бележи намалување за 42 проценти, а 60 проценти е ефикасноста во расветлувањето на кривичните дела. Што се однесува до јавниот ред и мир на подрачјето на Свети Николе, во септември 2022 година се бележи намалување кај пријавените прекршоци за 47 проценти - информираше Спасовски.
Тој потенцира дека за Министерството за внатрешни работи и натаму останува како приоритет постојаното унапредување и подобрување на професионалните, социјалните, техничките услови за работа на полициските службеници, а со цел значително унапредување на ефикасноста и квалитетот на полициското работење, а во интерес на сите граѓани.

The post Обновена полициската станица во Свети Николе appeared first on Република.

]]>
Зибери: Во полициските станици нема ажурирани списоци на дежурни адвокати, а државата не ги надоместува адвокатските услуги https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ziberi-vo-policiskite-stanici-nema-azurirani-spisoci-na-dezurni-advokati-a-drzavata-ne-gi-nadomestuva-advokatskite-uslugi/ Mon, 27 Jun 2022 13:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=520325

Народниот правобранител, Насер Зибери и претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски денеска потпишаа меморандум за соработка во насока на подобрување на учеството и заштитата на граѓаните пред полициските и другите служби во почетната фаза, кога против нив се превземаат дејствија.

– Во полициските станици и другите места за лишување и задржување затекнавме ситуации каде што нема ажурирани списоци од дежурни адвокати, а во некои воопшто и ги нема. Полициските службеници не се доволно информирани за правото на лицата кои се лишуваат или задржуваат, дека можат да бараат присуство на адвокат во нивна одбрана, како еден од сегментите за балансирање на односите на тие што имаат посебни овластувања и лицата кои се под нивен удар, информираше народниот правобранител.

Тој рече дека секое лице има право на адвокат во првата фаза и дека средствата за таа адвокатската услуга треба да бидат покриени од буџетот на државата.

– Мислам дека присуството на адвокат е најнеопходно токму во таа прва фаза и се разбира тоа соодветно е регулирано и во законот за кривична постапка, каде што во член 161 е предвидено дека присуството на адвокат, особено по 20 часот до шест часот наутро, може да бара секое лице кое е задржано, односно приведено, а за тоа средствата да ги надомести буџетот на државата, истакна Зибери.

Тој додаде дека соработката со адвокатската комора ќе покрива и други области, а се со цел подобрување на целосната заштита на човековите слободи и права и изрази надеж дека овој настан ќе одбележи едно подигнување не само на соработката помеѓу двете институции, туку и на свеста на граѓаните за нивна заштита на слободите и правата.

Претседателот на Адвокатската комора, Михајловски посочи дека потпишувањето на меморандумот всушност е само едно формализирање на активностите и на дејствијата коишто ќе се превземаат од страна на адвокатите и народниот правобранител.

– Вие знаете дека адвокатите, според Уставот и според законите, како бранители се овластени да постапуваат во сите фази на постапката, на кривичната постапка, значи уште во предистражната постапка, во истражната постапка, па и во текот на судењето заради заштита на нивните интереси, односно се со цел да се заштитат нивните права, најмногу заради едно фер и праведно судење, рече Михајловски.

Тој додаде дека доколку граѓаните се подложени на тортура или на друго незаконито постапување тешко се надминуваат тие состојби за да се има едно фер и правично судење.

– Адвокатите се спремни, добро едуцирани и како такви учествуваат во многу кривични постапки коишто се водат. Имаме и адвокати кои се остручени и со меѓународни закони и конвенции коишто Македонија ги има потпишано, па како такви мислам дека ќе дадат еден голем придонес во идејата за поуспешна и поефикасна борба против тортурата, изјави Михајловски.

На новинарското прашање во врска со причините за малиот број на лицата кои користат адвокатски услуги кога се лишени од слобода и за непојавувањето на многу адвокати кога се повикани од надлежните институции за притвор и слични случаи, Михајловски укажа дека причини за тоа е тоа што на притворените лица не им се соопштуваат или нејасно им се соопштуваат нивните права, кога во прв момент ќе бидат лишени од слобода.

– Тоа е едно. Второ е финансиското прашање. Зборувам кога не сме ангажирани од странка директно. Значи државата мора да обезбеди средства од буџетот за тие лица да добијат адвокатска помош, односно бранители, а тие трошоци да се покријат од буџетот, бидејќи има многу граѓани коишто немаат средства да ги покријат овие трошоци, нагласи Михајловски.

Тој истакна дека во моментов адвокатите не се платени воопшто за постапките пред Министерството за внатрешни работи и дека тие работат про боно, односно бесплатно за тој дел од постапката.

Во однос на прашањето за честото одредување на мерката притвор, Михајловски рече дека со тоа се оневозможува ефикасна одбрана во смисла на состојбата во која се доведува притвореното лице коешто чека судска постапка и додаде дека судовите можат и со други поблаги мерки да го обезбедат присуството на лицето против кое се води кривичната постапка.

Во врска со бројот на адвокатите кои би работеле про боно за да им излезат во пресрет на овие лица лишени од слобода, Михајловски рече дека има листа на адвокати коишто работат про боно, меѓутоа, според него, тоа е најмал проблем.

– Ние треба да имаме систем во државата, како сите други држави, којшто ќе обезбеди средства и услови за работење на бранителите уште во најраната фаза на кривичната постапка, изјави тој, додавајќи дека има многу постапки кои не продолжуваат со судска постапка туку запираат во полициска, предобвинителска или во другите рани фази и дека тие трошоци мора да се платат.

Зибери, во однос на истото прашање, рече дека адвокатите не мора да работат про боно.

– Адвокатите, за одбраната што ќе ја овозможат треба соодветно според нивната тарифа да бидат наградени, затоа што државата презела обврска со Законот за кривична постапка да ги надомести тие трошоци, се разбира во време од 20 часот до шест часот наутро. И во тој дел кога е повикан од страна на надлежен орган, адвокат да учествува во постапката, адвокатот треба да биде надоместен од средства на буџетот, не треба да биде ангажиран про боно, рече Зибери и додаде дека тоа не треба само да стои во Законот за кривична постапка, туку треба и соодветно да се материјализира, а со тоа директно ќе се влијае во заштита на правата и заштитата на правата на лицата коишто се приведени и задржани.

Зибери потенцираше дека токму тоа е причината што во полициските станици и другите места за лишување и задржување нема ажурирани списоци од дежурни адвокати и дека тоа е резултат на фактот што државата не ги надоместува адвокатите за услугата што ја даваат.

Извор: МИА

The post Зибери: Во полициските станици нема ажурирани списоци на дежурни адвокати, а државата не ги надоместува адвокатските услуги appeared first on Република.

]]>

Народниот правобранител, Насер Зибери и претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски денеска потпишаа меморандум за соработка во насока на подобрување на учеството и заштитата на граѓаните пред полициските и другите служби во почетната фаза, кога против нив се превземаат дејствија.
– Во полициските станици и другите места за лишување и задржување затекнавме ситуации каде што нема ажурирани списоци од дежурни адвокати, а во некои воопшто и ги нема. Полициските службеници не се доволно информирани за правото на лицата кои се лишуваат или задржуваат, дека можат да бараат присуство на адвокат во нивна одбрана, како еден од сегментите за балансирање на односите на тие што имаат посебни овластувања и лицата кои се под нивен удар, информираше народниот правобранител.
Тој рече дека секое лице има право на адвокат во првата фаза и дека средствата за таа адвокатската услуга треба да бидат покриени од буџетот на државата.
– Мислам дека присуството на адвокат е најнеопходно токму во таа прва фаза и се разбира тоа соодветно е регулирано и во законот за кривична постапка, каде што во член 161 е предвидено дека присуството на адвокат, особено по 20 часот до шест часот наутро, може да бара секое лице кое е задржано, односно приведено, а за тоа средствата да ги надомести буџетот на државата, истакна Зибери.
Тој додаде дека соработката со адвокатската комора ќе покрива и други области, а се со цел подобрување на целосната заштита на човековите слободи и права и изрази надеж дека овој настан ќе одбележи едно подигнување не само на соработката помеѓу двете институции, туку и на свеста на граѓаните за нивна заштита на слободите и правата. Претседателот на Адвокатската комора, Михајловски посочи дека потпишувањето на меморандумот всушност е само едно формализирање на активностите и на дејствијата коишто ќе се превземаат од страна на адвокатите и народниот правобранител.
– Вие знаете дека адвокатите, според Уставот и според законите, како бранители се овластени да постапуваат во сите фази на постапката, на кривичната постапка, значи уште во предистражната постапка, во истражната постапка, па и во текот на судењето заради заштита на нивните интереси, односно се со цел да се заштитат нивните права, најмногу заради едно фер и праведно судење, рече Михајловски.
Тој додаде дека доколку граѓаните се подложени на тортура или на друго незаконито постапување тешко се надминуваат тие состојби за да се има едно фер и правично судење.
– Адвокатите се спремни, добро едуцирани и како такви учествуваат во многу кривични постапки коишто се водат. Имаме и адвокати кои се остручени и со меѓународни закони и конвенции коишто Македонија ги има потпишано, па како такви мислам дека ќе дадат еден голем придонес во идејата за поуспешна и поефикасна борба против тортурата, изјави Михајловски.
На новинарското прашање во врска со причините за малиот број на лицата кои користат адвокатски услуги кога се лишени од слобода и за непојавувањето на многу адвокати кога се повикани од надлежните институции за притвор и слични случаи, Михајловски укажа дека причини за тоа е тоа што на притворените лица не им се соопштуваат или нејасно им се соопштуваат нивните права, кога во прв момент ќе бидат лишени од слобода.
– Тоа е едно. Второ е финансиското прашање. Зборувам кога не сме ангажирани од странка директно. Значи државата мора да обезбеди средства од буџетот за тие лица да добијат адвокатска помош, односно бранители, а тие трошоци да се покријат од буџетот, бидејќи има многу граѓани коишто немаат средства да ги покријат овие трошоци, нагласи Михајловски.
Тој истакна дека во моментов адвокатите не се платени воопшто за постапките пред Министерството за внатрешни работи и дека тие работат про боно, односно бесплатно за тој дел од постапката. Во однос на прашањето за честото одредување на мерката притвор, Михајловски рече дека со тоа се оневозможува ефикасна одбрана во смисла на состојбата во која се доведува притвореното лице коешто чека судска постапка и додаде дека судовите можат и со други поблаги мерки да го обезбедат присуството на лицето против кое се води кривичната постапка. Во врска со бројот на адвокатите кои би работеле про боно за да им излезат во пресрет на овие лица лишени од слобода, Михајловски рече дека има листа на адвокати коишто работат про боно, меѓутоа, според него, тоа е најмал проблем.
– Ние треба да имаме систем во државата, како сите други држави, којшто ќе обезбеди средства и услови за работење на бранителите уште во најраната фаза на кривичната постапка, изјави тој, додавајќи дека има многу постапки кои не продолжуваат со судска постапка туку запираат во полициска, предобвинителска или во другите рани фази и дека тие трошоци мора да се платат.
Зибери, во однос на истото прашање, рече дека адвокатите не мора да работат про боно.
– Адвокатите, за одбраната што ќе ја овозможат треба соодветно според нивната тарифа да бидат наградени, затоа што државата презела обврска со Законот за кривична постапка да ги надомести тие трошоци, се разбира во време од 20 часот до шест часот наутро. И во тој дел кога е повикан од страна на надлежен орган, адвокат да учествува во постапката, адвокатот треба да биде надоместен од средства на буџетот, не треба да биде ангажиран про боно, рече Зибери и додаде дека тоа не треба само да стои во Законот за кривична постапка, туку треба и соодветно да се материјализира, а со тоа директно ќе се влијае во заштита на правата и заштитата на правата на лицата коишто се приведени и задржани.
Зибери потенцираше дека токму тоа е причината што во полициските станици и другите места за лишување и задржување нема ажурирани списоци од дежурни адвокати и дека тоа е резултат на фактот што државата не ги надоместува адвокатите за услугата што ја даваат.
Извор: МИА

The post Зибери: Во полициските станици нема ажурирани списоци на дежурни адвокати, а државата не ги надоместува адвокатските услуги appeared first on Република.

]]>
Реконструкција на Полициска станица Водно, можен прекин на водоснабдување од среда https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/rekonstrukcija-na-policiska-stanica-vodno-mozen-prekin-na-vodosnabduvanje-od-sreda/ Mon, 28 Feb 2022 10:13:06 +0000 https://republika.mk/?p=465133

Поради реконструкција на Полициска станица Водно од 22 часот во среда до 07 часот во четврток ќе се врши реконструкција на усисниот дел од пумпената станица и чистење на резервоарот Водно.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ поради овој технички зафат постои можност за прекин на водоснабдувањето во посочениот временски интервал на дел од населеното место Водно и на клиниките за Хематологија и Трансфузиологија.

The post Реконструкција на Полициска станица Водно, можен прекин на водоснабдување од среда appeared first on Република.

]]>

Поради реконструкција на Полициска станица Водно од 22 часот во среда до 07 часот во четврток ќе се врши реконструкција на усисниот дел од пумпената станица и чистење на резервоарот Водно. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ поради овој технички зафат постои можност за прекин на водоснабдувањето во посочениот временски интервал на дел од населеното место Водно и на клиниките за Хематологија и Трансфузиологија.

The post Реконструкција на Полициска станица Водно, можен прекин на водоснабдување од среда appeared first on Република.

]]>