полагање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/polaganje/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jun 2024 07:10:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полагање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/polaganje/ 32 32 Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – првиот испит од државната матура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/okolu-15-iljadi-kandidati-polagaat-majchin-jazik-prviot-ispit-od-drzhavnata-matura/ Sat, 01 Jun 2024 07:24:27 +0000 https://republika.mk/?p=783732

Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, денеска ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), организатор на полагањето на државната матура, пријавени се 10 088 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература.

По повод почетокот на полагањето на државната матура во учебната 2023-2024 година, министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе го посети средното училиште „Нико Нестор“ во Струга. Директорката на ДИЦ, Билјана Михајловска, пак, ќе ја посети скопската гимназија „Орце Николов“.

Вториот (изборен) екстерен испит ќе се полага на 8 јуни. Пријавени се 1356 кандидати за математика, 13 198 за англиски јазик, 37 за француски јазик, 114 за германски јазик, 84 за естетика и по еден кандидат за руски јазик и за филозофија.

Според видот на образование, 6341 матуранти се од гимназии, 8230 од стручно и 263 од уметничко образование.

Оваа учебна година матурантите наместо во училници, тестовите ќе ги полагаат во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање. Целта е со повеќе тестатори на едно место да се овозможи подобра контрола во текот на испитот и да се оневозможи препишување или масовно споделување одговори, како што се случи минатата година во група на апликацијата Вибер на испитот по Англиски јазик.

Тестирањето за двата екстерни испита, денеска и наредната сабота, ќе почнува во 10 часот. Полагањето ќе го надгледуваат околу 2000 тестатори – наставници кои се ангажирани во други, а не во своите училишта, како и околу 200 набљудувачи од ДИЦ, Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука и од Центарот за стручно образование и обука.

Матурантите кои во јунската сесија нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе може да се пријават за августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 12 и 14 август 2024.

The post Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – првиот испит од државната матура appeared first on Република.

]]>

Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, денеска ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), организатор на полагањето на државната матура, пријавени се 10 088 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература. По повод почетокот на полагањето на државната матура во учебната 2023-2024 година, министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе го посети средното училиште „Нико Нестор“ во Струга. Директорката на ДИЦ, Билјана Михајловска, пак, ќе ја посети скопската гимназија „Орце Николов“. Вториот (изборен) екстерен испит ќе се полага на 8 јуни. Пријавени се 1356 кандидати за математика, 13 198 за англиски јазик, 37 за француски јазик, 114 за германски јазик, 84 за естетика и по еден кандидат за руски јазик и за филозофија. Според видот на образование, 6341 матуранти се од гимназии, 8230 од стручно и 263 од уметничко образование. Оваа учебна година матурантите наместо во училници, тестовите ќе ги полагаат во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање. Целта е со повеќе тестатори на едно место да се овозможи подобра контрола во текот на испитот и да се оневозможи препишување или масовно споделување одговори, како што се случи минатата година во група на апликацијата Вибер на испитот по Англиски јазик. Тестирањето за двата екстерни испита, денеска и наредната сабота, ќе почнува во 10 часот. Полагањето ќе го надгледуваат околу 2000 тестатори – наставници кои се ангажирани во други, а не во своите училишта, како и околу 200 набљудувачи од ДИЦ, Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука и од Центарот за стручно образование и обука. Матурантите кои во јунската сесија нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе може да се пријават за августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 12 и 14 август 2024.

The post Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – првиот испит од државната матура appeared first on Република.

]]>
Загрозено е полагањето на матурата, синдикатот на ДИЦ го продолжи штрајкот бидејќи не добиле задоволителен одговор од Министерството за финансии за зголемување на платите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zagrozeno-e-polaganeto-na-maturata-sindikatot-na-dits-go-prodolzhi-shtrajkot-bidejki-ne-dobile-zadovolitelen-odgovor-od-ministerstvoto-za-finansii-za-zgolemuvane-na-platite/ Thu, 14 Dec 2023 10:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=722859

Загрозено е полагањето на државаната матурата, синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) од 11 декември го продолжи штрајкот бидејќи не добиле задоволителен одговор од Министерството за финансии за зголемување на платите на вработените во оваа институција. Тие бараат изедначување на нивните плати со платите на наставник ментор.

Платите на вработените во ДИЦ се за 25 проценти помали од платите на наставник ментор. Станува збор околу 26 вработени лица во ДИЦ.

Ова денеска го соопшти Емилија Бошковска од Синдикатот на ДИЦ, која кажа дека штрајкот кој беше ставен во мирување годинава, во мај, продолжува. Бошковска кажа дека нема да се спроведе стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници, а нема да се реализира ниту основната обука за директори.

Во овој момент требаше да се случува стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници. Тоа е нешто во кое се инволвирани и засегнати околу 700 лица кои се пријавени во овој испитен рок. Тие 700 лица очекуваат да полагаат да го положат испитот и да им се трансформира работниот однос до крајот на годината, но во овој случај испитот нема да се случи. Тоа е нешто што сега можеби е поактуелно и од матурата и покрај тоа што матурата од 1 јануари ќе биде пополнување и изјаснување на учениците и внесување во системот на предмети, рече Бошковска.

Таа потенцира дека во меѓувреме се изготвуваат прашања за матурата и се доставуваат кај нив, но нивните координатори нема да ги примат.

Минатиот пат штрајкот беше непосредно пред матурата па не обвинија дека сакаме да уценуваме. Матурата и во овој момент кога го почнуваме штрајкот повторно ќе биде загрозена, затоа што тоа е процес што се случува во текот на целата година. Повеќе процеси кои се во тек ќе бидат стопирани. Основната обука за директори нема да се реализира, нема да почнат нови групи, додаде Бошковска.

Таа додаде дека последните седум месеци имаат директни и индиректни преговори со Министерството за финансии, со посредство на Министерство за образование.

Во овој период изготвивме неколку измени на колективниот договор и по два месеци чекавме одговори од Министерството за финансии. На последниот предлог уште немаме одговор и најпосле ни е јасно дека сето ова беше одолговлекување и решивме дека и покрај тоа што не сакаме, ќе мораме да преминеме во реактивирање на штрајкот кој што веќе беше активен во претходниот период, потенцираше Бошковска.

Таа појасни дека реално решение за нивниот проблем не е понудено, а потенцираше и дека во моментов имаат недостиг од правник, но постојано добиваат и одбивање за вработување.

The post Загрозено е полагањето на матурата, синдикатот на ДИЦ го продолжи штрајкот бидејќи не добиле задоволителен одговор од Министерството за финансии за зголемување на платите appeared first on Република.

]]>

Загрозено е полагањето на државаната матурата, синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) од 11 декември го продолжи штрајкот бидејќи не добиле задоволителен одговор од Министерството за финансии за зголемување на платите на вработените во оваа институција. Тие бараат изедначување на нивните плати со платите на наставник ментор. Платите на вработените во ДИЦ се за 25 проценти помали од платите на наставник ментор. Станува збор околу 26 вработени лица во ДИЦ. Ова денеска го соопшти Емилија Бошковска од Синдикатот на ДИЦ, која кажа дека штрајкот кој беше ставен во мирување годинава, во мај, продолжува. Бошковска кажа дека нема да се спроведе стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници, а нема да се реализира ниту основната обука за директори.
Во овој момент требаше да се случува стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници. Тоа е нешто во кое се инволвирани и засегнати околу 700 лица кои се пријавени во овој испитен рок. Тие 700 лица очекуваат да полагаат да го положат испитот и да им се трансформира работниот однос до крајот на годината, но во овој случај испитот нема да се случи. Тоа е нешто што сега можеби е поактуелно и од матурата и покрај тоа што матурата од 1 јануари ќе биде пополнување и изјаснување на учениците и внесување во системот на предмети, рече Бошковска.
Таа потенцира дека во меѓувреме се изготвуваат прашања за матурата и се доставуваат кај нив, но нивните координатори нема да ги примат.
Минатиот пат штрајкот беше непосредно пред матурата па не обвинија дека сакаме да уценуваме. Матурата и во овој момент кога го почнуваме штрајкот повторно ќе биде загрозена, затоа што тоа е процес што се случува во текот на целата година. Повеќе процеси кои се во тек ќе бидат стопирани. Основната обука за директори нема да се реализира, нема да почнат нови групи, додаде Бошковска.
Таа додаде дека последните седум месеци имаат директни и индиректни преговори со Министерството за финансии, со посредство на Министерство за образование.
Во овој период изготвивме неколку измени на колективниот договор и по два месеци чекавме одговори од Министерството за финансии. На последниот предлог уште немаме одговор и најпосле ни е јасно дека сето ова беше одолговлекување и решивме дека и покрај тоа што не сакаме, ќе мораме да преминеме во реактивирање на штрајкот кој што веќе беше активен во претходниот период, потенцираше Бошковска.
Таа појасни дека реално решение за нивниот проблем не е понудено, а потенцираше и дека во моментов имаат недостиг од правник, но постојано добиваат и одбивање за вработување.

The post Загрозено е полагањето на матурата, синдикатот на ДИЦ го продолжи штрајкот бидејќи не добиле задоволителен одговор од Министерството за финансии за зголемување на платите appeared first on Република.

]]>
Ќе доцни полагањето на државата матура, а и резултатите на учениците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-dotsni-polaganeto-na-drzhavata-matura-a-i-rezultatite-na-uchenitsite/ Mon, 08 May 2023 10:08:20 +0000 https://republika.mk/?p=638292

Неуспешни се преговорите за покачување на платите на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ), а штрајкот продолжува. Тие посочуваат дека веќе е неизводливо да се реализираат државните матури согласно датумите, а тоа ќе значи пролонгирање и на времето во кое ќе се објават и резултатите. Емилија Бошковска, претседател на Синдикалната организација при ДИЦ посочува дека пролонгирањето нема да биде подолго.

Имавме два неуспешни состаноци. Последниот беше со министерот за образование, во присуство на лице од Министерството за финансии. На тој состанок не добивме ништо ново. Предлогот на Министерството за финансии е покачување од околу 1000 денари и дека тоа се нивните црвени линии. Некои 300.000 денари од нашиот буџет се резервирани за платите на функционерите. Од таа причина, бидејќи истекоа роковите, пресметките се дека веќе е невозможно да се постигнат датумите од календарот за државна матура. 27 мај е воопшто неизводлив. Бараме промена на датумите за државна матура. Тоа значи и пролонгирање на резултатите. Бараме министерот да види кои се опции за државна матура - вели Бошковска.

Таа посочува дека има вработени кои продолжиле со извршување со своите задачи наместо да штрајкуваат, но поголемиот дел, и натаму не работат се до покачување на нивните плати.

Се надевам дека нема ова пролонгирање да биде подолго. Има несогласувања, но се уште сме здружени. Поголем дел од вработените се се уште во штрајк. Спремни сме да работиме деноноќно, за да ги реализираме активностите за државна матура, но во прашање се веќе минути, а не денови. До петокот, ако прекинеше штрајкот, беше возможно да се реализира. Ако државата смета дека не сме важни, зошто ние да се жртвуваме и да работиме по 20 часа - додава таа.

Штрајкот на Државниот испитен центар влегува во трета недела. Тие на 24 април известија дека почнуваат штрајк оти 11 од вкупно 29 вработени кои се на различни позиции се изедначени и земат минимална плата од 20.000 денари. Синдикалната организација на Државниот испитен центар најави дека ќе штрајкуваат се додека не добијат согласност од Министерството за финансии за покачување на платите.

The post Ќе доцни полагањето на државата матура, а и резултатите на учениците appeared first on Република.

Шаќири ќе се сретне соо директорката на Државниот испиттен центар па ќе кажат како ќе се полага државната матура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-ke-se-sretne-soo-direktorkata-na-drzhavniot-ispitten-tsentar-pa-ke-kazhat-kako-ke-se-polaga-drzhavnata-matura/ Tue, 14 Mar 2023 11:33:41 +0000 https://republika.mk/?p=619514

Ќе треба да се разгледа законскиот основ, што дозволува законот да се промени во овој период за организација на државната матура, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири во однос на барањата на дел од матурантите да им се олесни полагањето на државната матура со тоа што ќе биде намален обемот на материјалот или со намалување на интерните испити.

Министерот соопшти дека наредната недела ќе има состанок со директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) за уште еднаш, како што рече, „да ја известиме јавноста кои се материјалите и што е предвидено во нив“ и барањето на учениците да се разгледа заедно со Сојузот на средношколци со кој, како што рече, има секојдневна комуникација.

Шаќири истакна дека за него е важно тоа што од државната матура зависат многу други процеси - запишување на учениците што завршуваат средно образование во високообразовни установи во државава и во други земји.

Државниот испитен центар (ДИЦ) во претходниот период имаше неколку состаноци со Сојузот на средношколци и, според информациите што ги имам од ДИЦ и од Секторот за средно образование во МОН, дел од материјалот што е доставен до средношколците е усогласен со тоа како е реализирано во претходните учебни години. Но, без разлика на тоа, по еден протест што имаше и за друг протест што е најавен, во наредниот период ќе реализирам уште еден состанок со ДИЦ како институција која ги подготвува сите фази на реализација на државната матура и да видиме начинот како да се реализира, изјави Шаќири одговарајќи на новинарско прашање по презентација на резултати од Европското општествено истражување (ЕОИ).

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) вчера најави предупредувачки протест за в петок за да го актуализира барањето за олеснување на полагањето државна матура зашто сметаат дека се оштетена генерација, која, како што изјави претседателката на ОДАС, Анисија Угриновска, немале ни една цела непрекината учебна година поради два главни фактора - корона-кризата и дојавите за бомби. Оттаму соопштија дека барањето ќе го пратат во Собранието и во МОН.

Претседателот на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ, пак, вчера изјави дека нивното Генералното собрание за една до две недели ќе се произнесе по ова прашање и дека нивните младински амбасадори контактираат секој ден со средношколците од градовите каде што имаат ограноци, собираат предлози и идеи и ги анализираат.

Не е прашање само што би сакала една група на средношколци, туку треба да се размислува за сите, бидејќи има повеќе интереси на учениците што се во конфликт - тие што сакаат да се запишат во странство, тие што сакаат да се запишат на студии тука, тие што, можеби, не ни сакаат да се запишат на факултет. Така што, проблемот околу државната матура е повеќеназначен и повеќе аспекти треба да се истражат, рече Павиќевиќ.

Според сегашното решение, матурантите полагаат два екстерни и два интерни предмета и проектна задача. Тестот по првиот екстерен испит - Мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и литература е закажан за 27 мај, а на 10 јуни, според календарот на Државниот испитен центар, треба да го полагаат вториот екстерен испит - избор меѓу предметите математика, англиски јазик, француски, германски, руски јазик, филозофија или естетика.

The post Шаќири ќе се сретне соо директорката на Државниот испиттен центар па ќе кажат како ќе се полага државната матура appeared first on Република.

]]>

Ќе треба да се разгледа законскиот основ, што дозволува законот да се промени во овој период за организација на државната матура, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири во однос на барањата на дел од матурантите да им се олесни полагањето на државната матура со тоа што ќе биде намален обемот на материјалот или со намалување на интерните испити. Министерот соопшти дека наредната недела ќе има состанок со директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) за уште еднаш, како што рече, „да ја известиме јавноста кои се материјалите и што е предвидено во нив“ и барањето на учениците да се разгледа заедно со Сојузот на средношколци со кој, како што рече, има секојдневна комуникација. Шаќири истакна дека за него е важно тоа што од државната матура зависат многу други процеси - запишување на учениците што завршуваат средно образование во високообразовни установи во државава и во други земји.
Државниот испитен центар (ДИЦ) во претходниот период имаше неколку состаноци со Сојузот на средношколци и, според информациите што ги имам од ДИЦ и од Секторот за средно образование во МОН, дел од материјалот што е доставен до средношколците е усогласен со тоа како е реализирано во претходните учебни години. Но, без разлика на тоа, по еден протест што имаше и за друг протест што е најавен, во наредниот период ќе реализирам уште еден состанок со ДИЦ како институција која ги подготвува сите фази на реализација на државната матура и да видиме начинот како да се реализира, изјави Шаќири одговарајќи на новинарско прашање по презентација на резултати од Европското општествено истражување (ЕОИ).
Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) вчера најави предупредувачки протест за в петок за да го актуализира барањето за олеснување на полагањето државна матура зашто сметаат дека се оштетена генерација, која, како што изјави претседателката на ОДАС, Анисија Угриновска, немале ни една цела непрекината учебна година поради два главни фактора - корона-кризата и дојавите за бомби. Оттаму соопштија дека барањето ќе го пратат во Собранието и во МОН. Претседателот на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ, пак, вчера изјави дека нивното Генералното собрание за една до две недели ќе се произнесе по ова прашање и дека нивните младински амбасадори контактираат секој ден со средношколците од градовите каде што имаат ограноци, собираат предлози и идеи и ги анализираат.
Не е прашање само што би сакала една група на средношколци, туку треба да се размислува за сите, бидејќи има повеќе интереси на учениците што се во конфликт - тие што сакаат да се запишат во странство, тие што сакаат да се запишат на студии тука, тие што, можеби, не ни сакаат да се запишат на факултет. Така што, проблемот околу државната матура е повеќеназначен и повеќе аспекти треба да се истражат, рече Павиќевиќ.
Според сегашното решение, матурантите полагаат два екстерни и два интерни предмета и проектна задача. Тестот по првиот екстерен испит - Мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и литература е закажан за 27 мај, а на 10 јуни, според календарот на Државниот испитен центар, треба да го полагаат вториот екстерен испит - избор меѓу предметите математика, англиски јазик, француски, германски, руски јазик, филозофија или естетика.

The post Шаќири ќе се сретне соо директорката на Државниот испиттен центар па ќе кажат како ќе се полага државната матура appeared first on Република.

]]>
Јорданов: Ќе ги известам амбасадите, не се дозволува година и пол никој да полага, ова го прават за да немат конкуренција кадрите на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-ke-gi-izvestam-ambasadite-ne-se-dozvoluva-godina-i-pol-nikoj-da-polaga-ova-go-pravat-za-da-nemat-konkurentsija-kadrite-na-sdsm/ Mon, 20 Feb 2023 13:38:47 +0000 https://republika.mk/?p=611106

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција објави дека ќе ги информира амбасадите во земјва, за проблемот кој го прави Државниот испитен центар на 600 наставници-приправници и на 111 вршители на должност на директори на основни и средни училишта во земјава, на кои, како што вели веќе една и пол година им е ускратено правото да полагаат стручни испити.

Забележа дека една и пол година не се дозволува да се полага менаџерски испит за лиценца за директори на училишта, студентски домови, граѓански центри, а како што вели тој ова претставува силување на демократијата, но и ограничување на основните права.

-Јас ќе испратам допис до сите релевантни дипломатски преставништва, за да се запознаат што се случува во оваа држава. Дали вакво нешто има во друга европска држава? Постои ли држава во која е ограничено основното право на секоја индивидуа да се стекне со одредена лиценца, праша Јорданов.

Тој нагласи дека проблемот не ги засега само директорите, туку и наставниците приправници кои го имат завршено приправничкиот стаж. И тие чекаат за полагање на стручниот испит, по што треба да добијат и решение на неопределено работно време.

-Ова е силување на демократијата. Ова е заробување на институциите. Ова го немало и во најцрните денови на комунизмот. Да не се дозволува година и пол никој да полага , ова го прават за да немат конкуренција кадрите на СДСМ, рече Јорданов.

The post Јорданов: Ќе ги известам амбасадите, не се дозволува година и пол никој да полага, ова го прават за да немат конкуренција кадрите на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција објави дека ќе ги информира амбасадите во земјва, за проблемот кој го прави Државниот испитен центар на 600 наставници-приправници и на 111 вршители на должност на директори на основни и средни училишта во земјава, на кои, како што вели веќе една и пол година им е ускратено правото да полагаат стручни испити. Забележа дека една и пол година не се дозволува да се полага менаџерски испит за лиценца за директори на училишта, студентски домови, граѓански центри, а како што вели тој ова претставува силување на демократијата, но и ограничување на основните права.   -Јас ќе испратам допис до сите релевантни дипломатски преставништва, за да се запознаат што се случува во оваа држава. Дали вакво нешто има во друга европска држава? Постои ли држава во која е ограничено основното право на секоја индивидуа да се стекне со одредена лиценца, праша Јорданов. Тој нагласи дека проблемот не ги засега само директорите, туку и наставниците приправници кои го имат завршено приправничкиот стаж. И тие чекаат за полагање на стручниот испит, по што треба да добијат и решение на неопределено работно време.   -Ова е силување на демократијата. Ова е заробување на институциите. Ова го немало и во најцрните денови на комунизмот. Да не се дозволува година и пол никој да полага , ова го прават за да немат конкуренција кадрите на СДСМ, рече Јорданов.

The post Јорданов: Ќе ги известам амбасадите, не се дозволува година и пол никој да полага, ова го прават за да немат конкуренција кадрите на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Државна матура ќе полагаат 15 899 ученици, екстерните испити се на 4 и 13 јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzavna-matura-kje-polagaat-15-899-uchenici-eksternite-ispiti-se-na-4-i-13-juni/ Mon, 30 May 2022 13:41:07 +0000 https://republika.mk/?p=508823

Вкупно 15.899 кандидати се пријавени за полагање на државната матура од учебната 2021/2022 година. Од нив, 7.135 се ученици од гимназиско образование, 8.504 од стручно и 260 од уметничките училишта.

Првиот екстерен испит – Мајчин јазик и литература ќе се полага в сабота, 4 јуни. Според податоците на Државниот испитен центар, за македонски јазик се пријавени 11.060, за албански јазик 4.308 и за турски јазик 313 матуранти.

Полагањето на вториот екстерен испит е закажано за 13 јуни. Најмногу пријави има за англиски јазик – 14.320 кандидати, за математика се пријавиле 1.231, за германски јазик 118, триесет кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати се пријавени за естетика.

Резултатите од испитите треба да бидат објавени најдоцна 30 дена од полагањето на вториот екстерен испит. Покрај екстерни, матурантите имаат и два интерни испита и една проектна задача.

Учениците кои завршуваат средно образование и оваа година ќе полагаат државна матура како и минатогодишната генерација, која се избори за два наместо три екстерни предмети и за скратени испитни програми.

Државната матура во земјава се спроведува од 2007 година. На крајот на 2019/2020 првпат не беше организирана поради КОВИД-19, а на барањето на минатогодишните матуранти да им бидат олеснети условите, бројот на екстерни испити беше намален од три на два односно третиот екстерен беше спуштен на ранг на интерен испит.

Матурата во јуни 2021 ја полагаа околу 15 300 ученици. Средната оценка од двата екстерни испита лани беше 3.61 и подобра од претходната државна матура, во 2019 година, кога просечниот успех беше 3.48.

The post Државна матура ќе полагаат 15 899 ученици, екстерните испити се на 4 и 13 јуни appeared first on Република.

]]>

Вкупно 15.899 кандидати се пријавени за полагање на државната матура од учебната 2021/2022 година. Од нив, 7.135 се ученици од гимназиско образование, 8.504 од стручно и 260 од уметничките училишта. Првиот екстерен испит – Мајчин јазик и литература ќе се полага в сабота, 4 јуни. Според податоците на Државниот испитен центар, за македонски јазик се пријавени 11.060, за албански јазик 4.308 и за турски јазик 313 матуранти. Полагањето на вториот екстерен испит е закажано за 13 јуни. Најмногу пријави има за англиски јазик – 14.320 кандидати, за математика се пријавиле 1.231, за германски јазик 118, триесет кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати се пријавени за естетика. Резултатите од испитите треба да бидат објавени најдоцна 30 дена од полагањето на вториот екстерен испит. Покрај екстерни, матурантите имаат и два интерни испита и една проектна задача. Учениците кои завршуваат средно образование и оваа година ќе полагаат државна матура како и минатогодишната генерација, која се избори за два наместо три екстерни предмети и за скратени испитни програми. Државната матура во земјава се спроведува од 2007 година. На крајот на 2019/2020 првпат не беше организирана поради КОВИД-19, а на барањето на минатогодишните матуранти да им бидат олеснети условите, бројот на екстерни испити беше намален од три на два односно третиот екстерен беше спуштен на ранг на интерен испит. Матурата во јуни 2021 ја полагаа околу 15 300 ученици. Средната оценка од двата екстерни испита лани беше 3.61 и подобра од претходната државна матура, во 2019 година, кога просечниот успех беше 3.48.  

The post Државна матура ќе полагаат 15 899 ученици, екстерните испити се на 4 и 13 јуни appeared first on Република.

]]>
Државната матура и годинава ќе се полага како лани, новини ќе има за генерацијата во 2022/2023 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzavnata-matura-i-godinava-kje-se-polaga-kako-lani-novini-kje-ima-za-generacijata-vo-2022-2023/ Tue, 11 Jan 2022 10:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=443032

Учениците кои завршуваат средно образование и оваа година ќе полагаат државна матура како и минатогодишната генерација која се избори за два наместо три екстерни предмети и за скратени испитни програми. Новата концепција на матура што ја најавуваше Државниот испитен центар (ДИЦ) се подготвува, но ќе почне да се применува за матурантите во идната учебна 2022/2023 година.

Директорката на ДИЦ Елизабета Наумовска за МИА изјави дека новата концепција за матура ја планираат за 2023 година зашто ставот е дека и за овие ученици, како што рече, пандемијата е хендикеп и иако во септември почнаа да одат во училишта, лани и преклани имаа скратени програми.

Го чекам новиот министер за да договориме широка јавна дебата за новата концепција за матура. Можеби ќе ја организираме напролет откако ќе се смири КОВИД-состојбата која овој месец е поексплозивна. Најпрво сакам да се дебатира со самите средношколци, не само со годинашните матуранти, туку и со тие што в година ќе бидат матуранти бидејќи за нив ќе се однесува новата концепција, како и со професори и директори од средните училишта, со претставници од високото образование и потоа со пошироката јавност - рече Наумовска.

Новата концепција за идната генерација матуранти предвидува три вида државна матура т.е. според видот на образование – гимназиско, стручно и уметничко.

За годинава државната матура нема да се менува. Учениците ќе полагаат два екстерни и два интерни предмети и една проектна задача. Ќе има проширување само на листата интерни предмети за учениците во средното стручно образование поради нови образовни профили кои претходно не постоеја, за што Државниот матурски одбор, како што рече Наумовска, пред околу еден месец одржал состанок и се направени мали измени.

ДИЦ веќе ги закажа датумите за екстерните испити од учебната 2021/2022 година во јунската испитна сесија – на 4 јуни матурантите ќе бидат тестирани по мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик и литература) и на 13 јуни ќе биде тестот по математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија или естетика.

Учениците што ќе полагаат државна матура во јуни до крајот на декември имаа обврска да се пријават во училиштата кои, пак, до 20 јануари имаат рок да ги ажурираат податоците во електронската база на ДИЦ. Наумовска додаде дека на училиштата им дозволуваат тоа да го направат до крајот на месецов и тогаш ДИЦ ќе има точен број на кандидати за државна матура и кои предмети ги избрале за екстерните испити.

Државната матура во земјава се спроведува од 2007 година. На крајот на 2019/2020 првпат не беше организирана поради КОВИД-19, а на барањето на минатогодишните матуранти да им бидат олеснети условите, бројот на екстерни испити беше намален од три на два односно третиот екстерен беше спуштен на ранг на интерен испит.

Матурата во јуни 2021 ја полагаа околу 15 300 ученици. Средната оценка од двата екстерни испита беше 3.61 и подобра од претходната државна матура, во 2019 година, кога просечниот успех беше 3.48.

The post Државната матура и годинава ќе се полага како лани, новини ќе има за генерацијата во 2022/2023 appeared first on Република.

]]>

Учениците кои завршуваат средно образование и оваа година ќе полагаат државна матура како и минатогодишната генерација која се избори за два наместо три екстерни предмети и за скратени испитни програми. Новата концепција на матура што ја најавуваше Државниот испитен центар (ДИЦ) се подготвува, но ќе почне да се применува за матурантите во идната учебна 2022/2023 година. Директорката на ДИЦ Елизабета Наумовска за МИА изјави дека новата концепција за матура ја планираат за 2023 година зашто ставот е дека и за овие ученици, како што рече, пандемијата е хендикеп и иако во септември почнаа да одат во училишта, лани и преклани имаа скратени програми.
Го чекам новиот министер за да договориме широка јавна дебата за новата концепција за матура. Можеби ќе ја организираме напролет откако ќе се смири КОВИД-состојбата која овој месец е поексплозивна. Најпрво сакам да се дебатира со самите средношколци, не само со годинашните матуранти, туку и со тие што в година ќе бидат матуранти бидејќи за нив ќе се однесува новата концепција, како и со професори и директори од средните училишта, со претставници од високото образование и потоа со пошироката јавност - рече Наумовска.
Новата концепција за идната генерација матуранти предвидува три вида државна матура т.е. според видот на образование – гимназиско, стручно и уметничко. За годинава државната матура нема да се менува. Учениците ќе полагаат два екстерни и два интерни предмети и една проектна задача. Ќе има проширување само на листата интерни предмети за учениците во средното стручно образование поради нови образовни профили кои претходно не постоеја, за што Државниот матурски одбор, како што рече Наумовска, пред околу еден месец одржал состанок и се направени мали измени. ДИЦ веќе ги закажа датумите за екстерните испити од учебната 2021/2022 година во јунската испитна сесија – на 4 јуни матурантите ќе бидат тестирани по мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик и литература) и на 13 јуни ќе биде тестот по математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија или естетика. Учениците што ќе полагаат државна матура во јуни до крајот на декември имаа обврска да се пријават во училиштата кои, пак, до 20 јануари имаат рок да ги ажурираат податоците во електронската база на ДИЦ. Наумовска додаде дека на училиштата им дозволуваат тоа да го направат до крајот на месецов и тогаш ДИЦ ќе има точен број на кандидати за државна матура и кои предмети ги избрале за екстерните испити. Државната матура во земјава се спроведува од 2007 година. На крајот на 2019/2020 првпат не беше организирана поради КОВИД-19, а на барањето на минатогодишните матуранти да им бидат олеснети условите, бројот на екстерни испити беше намален од три на два односно третиот екстерен беше спуштен на ранг на интерен испит. Матурата во јуни 2021 ја полагаа околу 15 300 ученици. Средната оценка од двата екстерни испита беше 3.61 и подобра од претходната државна матура, во 2019 година, кога просечниот успех беше 3.48.

The post Државната матура и годинава ќе се полага како лани, новини ќе има за генерацијата во 2022/2023 appeared first on Република.

]]>