полагање матура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/polagane-matura/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jun 2024 09:36:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полагање матура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/polagane-matura/ 32 32 Министерот за образование и наука Шаќири во Струга кај учениците што полагаат државна матура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-obrazovanie-i-nauka-shakiri-vo-struga-kaj-uchenitsite-shto-polagaat-drzhavna-matura/ Sat, 01 Jun 2024 09:36:35 +0000 https://republika.mk/?p=783808

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска беше во посета на Средното училиште „Нико Нестор“ во Струга каде учениците од завршните години го полагаа првиот дел од матурскиот испит за учебната 2023/24 година.

Тој на матурантите им посака успешно заокружување на средното образование со овој чин што е законска обврска и неопходен услов за натамошно продолжување на образованието.

Како што посочи, учениците полагаат два екстерни предмети, два интерни предмети и подготвуваат проектна задача, додека задолжителен за сите е мајчиниот јазик што се полага денеска, а следните се закажани за 8 јуни.

-Прелиминарни резултати ќе има најдоцна на 8 јули (30 дена од полагањето на последниот испит), по што ќе следи можноста за поднесување приговори. Материјалите за подготовка на учениците, вкупно 14.834 пријавени, им беа навремено достапни и ценам дека не би требало да имаат потешкотии при полагањето и дека сите заедно успешно ќе го завршиме овој процес, рече министерот Шаќири.

Клучна новина годинава, како што истакна, е тоа што учениците полагаат во пошироки просторни услови, односно во холовите и салите на своите училишта, или во најблиското каде има соодветни услови, наместо како досега во училниците.

-Намерата е да се обезбеди поголема транспарентност и објективност на процесот. Оние кои се вклучени како набљудувачи и тестатори во државната матура, на овој начин имаат полесна контрола и увид во однесувањето на учениците за време на полагањето и практично очекуваме да бидат елиминирани обидите за манипулации и злоупотреби одредени начини или помагала при пополнувањето на тестовите, рече тој.

За текот и регуларноста на самиот испитен процес се задолжени околу две илјади наставници и околу 250 набљудувачи.

„Уште еднаш им посакувам среќа и успех на сите ученици на матурата, но и успех во понатамошната реализација на образовните и животните цели кои ги имаат зацртано и секако, тоа нека биде во границите на нашата држава, бидејќи тука припаѓаат и тие се иднината од која сите имаме големи очекувања“; порача министерот Шаќири.

The post Министерот за образование и наука Шаќири во Струга кај учениците што полагаат државна матура appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска беше во посета на Средното училиште „Нико Нестор“ во Струга каде учениците од завршните години го полагаа првиот дел од матурскиот испит за учебната 2023/24 година. Тој на матурантите им посака успешно заокружување на средното образование со овој чин што е законска обврска и неопходен услов за натамошно продолжување на образованието. Како што посочи, учениците полагаат два екстерни предмети, два интерни предмети и подготвуваат проектна задача, додека задолжителен за сите е мајчиниот јазик што се полага денеска, а следните се закажани за 8 јуни. -Прелиминарни резултати ќе има најдоцна на 8 јули (30 дена од полагањето на последниот испит), по што ќе следи можноста за поднесување приговори. Материјалите за подготовка на учениците, вкупно 14.834 пријавени, им беа навремено достапни и ценам дека не би требало да имаат потешкотии при полагањето и дека сите заедно успешно ќе го завршиме овој процес, рече министерот Шаќири. Клучна новина годинава, како што истакна, е тоа што учениците полагаат во пошироки просторни услови, односно во холовите и салите на своите училишта, или во најблиското каде има соодветни услови, наместо како досега во училниците. -Намерата е да се обезбеди поголема транспарентност и објективност на процесот. Оние кои се вклучени како набљудувачи и тестатори во државната матура, на овој начин имаат полесна контрола и увид во однесувањето на учениците за време на полагањето и практично очекуваме да бидат елиминирани обидите за манипулации и злоупотреби одредени начини или помагала при пополнувањето на тестовите, рече тој. За текот и регуларноста на самиот испитен процес се задолжени околу две илјади наставници и околу 250 набљудувачи. „Уште еднаш им посакувам среќа и успех на сите ученици на матурата, но и успех во понатамошната реализација на образовните и животните цели кои ги имаат зацртано и секако, тоа нека биде во границите на нашата држава, бидејќи тука припаѓаат и тие се иднината од која сите имаме големи очекувања“; порача министерот Шаќири.

The post Министерот за образование и наука Шаќири во Струга кај учениците што полагаат државна матура appeared first on Република.

]]>