покриви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pokrivi/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 06:41:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png покриви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pokrivi/ 32 32 Се санираат штетите од силниот ветер во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-saniraat-shtetite-od-silniot-veter-vo-bitola/ Fri, 22 Nov 2024 17:51:28 +0000 https://republika.mk/?p=840926

 Градоначалникот Тони Коњановски изврши увид на локации во Битола каде силниот ветер предизвика проблеми и вознемирување кај битолчани.

Со екипи на локалните јавни претпријатија и пожарникари од ТППЕ-Битола, Коњановски посочи јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и ТППЕ Битола, да извршат санација на местата каде е предизвикана штета.

Екипите дејствуваат координирано и ќе останат на терен се до расчистување на сите локации, соопштија од Општина Битола.

The post Се санираат штетите од силниот ветер во Битола appeared first on Република.

]]>

 Градоначалникот Тони Коњановски изврши увид на локации во Битола каде силниот ветер предизвика проблеми и вознемирување кај битолчани. Со екипи на локалните јавни претпријатија и пожарникари од ТППЕ-Битола, Коњановски посочи јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и ТППЕ Битола, да извршат санација на местата каде е предизвикана штета. Екипите дејствуваат координирано и ќе останат на терен се до расчистување на сите локации, соопштија од Општина Битола.

The post Се санираат штетите од силниот ветер во Битола appeared first on Република.

]]>
Силниот ветер продолжува да прави штета низ Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/silniot-veter-prodolzhuva-da-pravi-shteta-niz-shtip/ Fri, 22 Nov 2024 17:38:04 +0000 https://republika.mk/?p=840923

Силниот ветер во Штип продолжува да прави штета и во попладневните часови. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за МИА изјави дека пожарникарите во моментов интервенираат на улицата „Браќа Даневи“ во населбата Автокоманда, каде има урнато дел од кровна конструкција на станбена зграда. Тој истакна дека дел од штипските населби немаат улично осветлување, поради искинати кабли, а има и скинати кабли на кабелските и интернет операторите. Од утринава екипите на ЈП „Исар“ и пожарникарите од ТППЕ-Штип интервенираа и на остранување на паднати дрвја и гранки во неколку населби.

МИА информираше дека од силниот ветар падната е и дел од кровната конструкција на средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“. Највисокиот дел од кровот на училиштето заврши на другата страна на објект, кој се наоѓа до самото училиште. За среќа нема повредени ученици и вработени, ниту уништени автомобили. Директорката на Средното општинско училиште (СОУ), Јованка Шалева изјави дека учениците се безбедни.

За жал, заради силниот ветер на највисоките дел од училишниот кров имавме оштетување, и ќе треба да го решаваме тој проблем. Учениците се безбедни, нема повредени ниту вработени, нема ниту оштетени автомобили. Заради невремето со силниот ветер уште во прва смена ние ги предупредивме учениците дека треба за време на одморите да останат во училиштето и тоа тие го почитуваат, вели Шалева.

На лице место беа пожарникарите од ТППЕ-Штип како и екипи од ЈП „Исар“, кои посочија дека дел од кровот кој паднал на друг објект ќе биде отстранет, со цел да не се предизвика дополнителна штета. Исто така се разгледуваа сите околности да се преземат мерки и активности да не дојде до паѓање и на друг дел од кровот на училиштето.

Од ЦУК информираат дека неколкупати е известена и дежурна служба на ЕВН за ризични електрични столбови, кои се навалени и исфрлаат искри од жиците, поради последиците од ветерот и тоа на териорија на општините Штип, Кочани и две села. Според известувањата на УХМР има портокалов предупредување за ветер. Исто така се апелира граѓаните да бидат внимателни и да не се движат на места каде има високи дрва со цел да се заштитат.

The post Силниот ветер продолжува да прави штета низ Штип appeared first on Република.

]]>

Силниот ветер во Штип продолжува да прави штета и во попладневните часови. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за МИА изјави дека пожарникарите во моментов интервенираат на улицата „Браќа Даневи“ во населбата Автокоманда, каде има урнато дел од кровна конструкција на станбена зграда. Тој истакна дека дел од штипските населби немаат улично осветлување, поради искинати кабли, а има и скинати кабли на кабелските и интернет операторите. Од утринава екипите на ЈП „Исар“ и пожарникарите од ТППЕ-Штип интервенираа и на остранување на паднати дрвја и гранки во неколку населби. МИА информираше дека од силниот ветар падната е и дел од кровната конструкција на средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“. Највисокиот дел од кровот на училиштето заврши на другата страна на објект, кој се наоѓа до самото училиште. За среќа нема повредени ученици и вработени, ниту уништени автомобили. Директорката на Средното општинско училиште (СОУ), Јованка Шалева изјави дека учениците се безбедни.
За жал, заради силниот ветер на највисоките дел од училишниот кров имавме оштетување, и ќе треба да го решаваме тој проблем. Учениците се безбедни, нема повредени ниту вработени, нема ниту оштетени автомобили. Заради невремето со силниот ветер уште во прва смена ние ги предупредивме учениците дека треба за време на одморите да останат во училиштето и тоа тие го почитуваат, вели Шалева.
На лице место беа пожарникарите од ТППЕ-Штип како и екипи од ЈП „Исар“, кои посочија дека дел од кровот кој паднал на друг објект ќе биде отстранет, со цел да не се предизвика дополнителна штета. Исто така се разгледуваа сите околности да се преземат мерки и активности да не дојде до паѓање и на друг дел од кровот на училиштето. Од ЦУК информираат дека неколкупати е известена и дежурна служба на ЕВН за ризични електрични столбови, кои се навалени и исфрлаат искри од жиците, поради последиците од ветерот и тоа на териорија на општините Штип, Кочани и две села. Според известувањата на УХМР има портокалов предупредување за ветер. Исто така се апелира граѓаните да бидат внимателни и да не се движат на места каде има високи дрва со цел да се заштитат.

The post Силниот ветер продолжува да прави штета низ Штип appeared first on Република.

]]>
Карпош ќе субвенционира поправка на лифтови и покриви https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/karposh-kje-subvencionira-popravka-na-liftovi-i-pokrivi/ Fri, 01 Apr 2022 12:24:48 +0000 https://republika.mk/?p=481964

Советниците на Општина Карпош на вчерашната седница ја изгласаа одлуката за за финансиска поддршка за поправка на постоечки лифтови и поставување нови лифтови во станбени згради за колективно домување, на територија на локалната самоуправа.

Станува збор за субвенционирање кое ќе биде поддржано со финансиски средства од буџетот на Општина Карпош за 2022 година по принципот прв дојден – прв услужен, а акцијата ќе трае до исцрпување на финансиските средства за таа намена. Општината ќе субвенционира 30%, но не повеќе од 250.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправката (санацијата) или поставување на нов лифт. Притоа, сопствениците на станови во станбените згради за колективно домување ќе ги обезбедат останатите финансиски средства во висина од најмалку 70% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата. Вкупниот фонд на финансиската поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови изнесува 2.000.000 денари.

Со истата динамика, Советот ја одобри одлуката за обезбедување на финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективното домување и замена на азбестни покриви на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош. За оваа намена, локалната самоуправа обезбеди финансиски средства од својот буџет во висина од 3.000.000 денари, преку Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Карпош за 2022 година.

Според условите, Општината ќе субвенционира за колективни станбени објекти 30% но не повеќе од 200.000 денари, од вкупниот износ на вредноста на поправка и санација на кровен покривач за секоја одобрена апликација, поднесена од Заедница на станари или Управителот на станбената зграда врз основа на доставената најприфатлива понуда за материјали и работни позиции. Сопствениците на станови во станбените згради за колективно домување ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од најмалку 70% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата.

За индивидуални станбени објекти (куќи), Општина Карпош ќе субвенционира 30%, но не повеќе од 75.000 денари од вкупниот износ на вредноста на замената на азбестниот покрив, за секоја одобрена апликација. Во овој случај, сопствениците на индивидуалните станбени објекти (куќи), ќе ги обезбедат останатите финансиски средства во висина од најмалку 70% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата и истото ќе го потврдат со изјави заверени на нотар.

 

The post Карпош ќе субвенционира поправка на лифтови и покриви appeared first on Република.

]]>

Советниците на Општина Карпош на вчерашната седница ја изгласаа одлуката за за финансиска поддршка за поправка на постоечки лифтови и поставување нови лифтови во станбени згради за колективно домување, на територија на локалната самоуправа. Станува збор за субвенционирање кое ќе биде поддржано со финансиски средства од буџетот на Општина Карпош за 2022 година по принципот прв дојден – прв услужен, а акцијата ќе трае до исцрпување на финансиските средства за таа намена. Општината ќе субвенционира 30%, но не повеќе од 250.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправката (санацијата) или поставување на нов лифт. Притоа, сопствениците на станови во станбените згради за колективно домување ќе ги обезбедат останатите финансиски средства во висина од најмалку 70% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата. Вкупниот фонд на финансиската поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови изнесува 2.000.000 денари. Со истата динамика, Советот ја одобри одлуката за обезбедување на финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективното домување и замена на азбестни покриви на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош. За оваа намена, локалната самоуправа обезбеди финансиски средства од својот буџет во висина од 3.000.000 денари, преку Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Карпош за 2022 година. Според условите, Општината ќе субвенционира за колективни станбени објекти 30% но не повеќе од 200.000 денари, од вкупниот износ на вредноста на поправка и санација на кровен покривач за секоја одобрена апликација, поднесена од Заедница на станари или Управителот на станбената зграда врз основа на доставената најприфатлива понуда за материјали и работни позиции. Сопствениците на станови во станбените згради за колективно домување ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од најмалку 70% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата. За индивидуални станбени објекти (куќи), Општина Карпош ќе субвенционира 30%, но не повеќе од 75.000 денари од вкупниот износ на вредноста на замената на азбестниот покрив, за секоја одобрена апликација. Во овој случај, сопствениците на индивидуалните станбени објекти (куќи), ќе ги обезбедат останатите финансиски средства во висина од најмалку 70% од вкупниот износ од вредноста на инвестицијата и истото ќе го потврдат со изјави заверени на нотар.  

The post Карпош ќе субвенционира поправка на лифтови и покриви appeared first on Република.

]]>