покана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pokana/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Aug 2023 17:35:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png покана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pokana/ 32 32 На Касами му стигна покана за на суд: Кога дошол Курти, не постапил согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-kasami-mu-stigna-pokana-za-na-sud-koga-doshol-kurti-ne-postapil-soglasno-zakonot-za-upotreba-na-grbot-znameto-i-himnata/ Thu, 24 Aug 2023 17:35:20 +0000 https://republika.mk/?p=675504

Тетовскиот градоначалник Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук објави покана од Основен суд Тетово, од каде бараат претставник на општината да дојде на судско рочиште на 15 септември поради сторен прекршок при пречекот на косовскиот премиер Курти, односно неспроведување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната.

На Фејсбук-профилот, Касами само на албански јазик напишал дека тоа претставува обид за заплашување и молчење.

Уште еден обид за заплашување и молчење, што ме прави да разберам колку се плашат од албанската опозиција. Со овие дела ни ја зголемувате храброста. Повторувам, времето на заплашување и уцена на Албанците е мртво, како што умира и вашиот режим. Тоа го должиме само на граѓаните и на овој народ, бидејќи за вакви режими не се плашевме ниту во комунистичката ера, ниту сега. Вашето време истече, напиша Касами.

Објавен е и дел од судската покана со објаснување зошто се поведува постапката.

На ден 11.08.2023 година на градскиот плоштад при организираниот дочек на странска делегација и претставници на Владата на Косово предводена од Албин Курти при самото доаѓање на градскиот плоштад на поставена бина беше интонирана химната на Албанија при што не беше интонирана химната на РС Македонија. Воедно на бината каде што се одвиваше манифестацијата истакнати се знамиња на Р. Косово и Р. Албанија без притоа да се истакне државното знаме на РС Македонија. Горе пријавеното правно и одговорно лице во правно лице не постапиле согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на РС Македонија при што при официјалната посета на странската делегација не ја интонирале државната химна како и не го истакнале државното знаме на РС Македонија“, стои во поканата на Основниот суд Тетово до локалната самоуправа.

Од 11 август СВР Тетово бара и човек кој вееше знаме со карта на т.н.Голема Албанија.

The post На Касами му стигна покана за на суд: Кога дошол Курти, не постапил согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната appeared first on Република.

]]>

Тетовскиот градоначалник Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук објави покана од Основен суд Тетово, од каде бараат претставник на општината да дојде на судско рочиште на 15 септември поради сторен прекршок при пречекот на косовскиот премиер Курти, односно неспроведување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната. На Фејсбук-профилот, Касами само на албански јазик напишал дека тоа претставува обид за заплашување и молчење.
Уште еден обид за заплашување и молчење, што ме прави да разберам колку се плашат од албанската опозиција. Со овие дела ни ја зголемувате храброста. Повторувам, времето на заплашување и уцена на Албанците е мртво, како што умира и вашиот режим. Тоа го должиме само на граѓаните и на овој народ, бидејќи за вакви режими не се плашевме ниту во комунистичката ера, ниту сега. Вашето време истече, напиша Касами.
Објавен е и дел од судската покана со објаснување зошто се поведува постапката.
На ден 11.08.2023 година на градскиот плоштад при организираниот дочек на странска делегација и претставници на Владата на Косово предводена од Албин Курти при самото доаѓање на градскиот плоштад на поставена бина беше интонирана химната на Албанија при што не беше интонирана химната на РС Македонија. Воедно на бината каде што се одвиваше манифестацијата истакнати се знамиња на Р. Косово и Р. Албанија без притоа да се истакне државното знаме на РС Македонија. Горе пријавеното правно и одговорно лице во правно лице не постапиле согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на РС Македонија при што при официјалната посета на странската делегација не ја интонирале државната химна како и не го истакнале државното знаме на РС Македонија“, стои во поканата на Основниот суд Тетово до локалната самоуправа.
Од 11 август СВР Тетово бара и човек кој вееше знаме со карта на т.н.Голема Албанија.  

The post На Касами му стигна покана за на суд: Кога дошол Курти, не постапил согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната appeared first on Република.

]]>
Трпчески: На 26 август да прославиме уште една убавина со уникатниот проект што ја прославува македонската музика – Македонисимо https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/trpcheski-na-26-avgust-da-proslavime-ushte-edna-ubavina-so-unikatniot-proekt-shto-ja-proslavuva-makedonskata-muzika-makedonisimo/ Mon, 21 Aug 2023 09:00:50 +0000 https://republika.mk/?p=674095

Македонскиот и светски признат пијанист Симон Трпчески ова лето ќе има настап во Општина Босилово со интернационалниот музички проект ,,Македонисимо“.

Проектот ќе се реализира како дел од манифестацијата ,,Босилово културно лето 2023“ а според најавите – „Македонисимо“ ќе биде изведен последните денови од месец август во населеното место Секирник – родното место на неговата мајка Нетка.

Ве поканувам на концерт во родното место на мојата мајка – Секирник (Струмичко), на 26 август 2023 година, да прославиме уште една убавина со уникатниот проект што ја прославува македонската музика – МАКЕДОНИСИМО, во подножјето на прекрасната планина Беласица!
Дојдете, сите заедно да уживаме!
26.08.2023 (сабота), 20:00 часот
Секирник, Општина Босилово, Струмица, Македонија“, стои во поканата на Трпчески

The post Трпчески: На 26 август да прославиме уште една убавина со уникатниот проект што ја прославува македонската музика – Македонисимо appeared first on Република.

]]>

Македонскиот и светски признат пијанист Симон Трпчески ова лето ќе има настап во Општина Босилово со интернационалниот музички проект ,,Македонисимо“. Проектот ќе се реализира како дел од манифестацијата ,,Босилово културно лето 2023“ а според најавите – „Македонисимо“ ќе биде изведен последните денови од месец август во населеното место Секирник – родното место на неговата мајка Нетка.
Ве поканувам на концерт во родното место на мојата мајка – Секирник (Струмичко), на 26 август 2023 година, да прославиме уште една убавина со уникатниот проект што ја прославува македонската музика – МАКЕДОНИСИМО, во подножјето на прекрасната планина Беласица! Дојдете, сите заедно да уживаме! 26.08.2023 (сабота), 20:00 часот Секирник, Општина Босилово, Струмица, Македонија“, стои во поканата на Трпчески

The post Трпчески: На 26 август да прославиме уште една убавина со уникатниот проект што ја прославува македонската музика – Македонисимо appeared first on Република.

]]>
170 мајки добиле покана за на суд бидејќи не ги вакцинирале децата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/170-majki-dobile-pokana-za-na-sud-bidejki-ne-gi-vaktsinirale-detsata/ Fri, 24 Feb 2023 17:57:11 +0000 https://republika.mk/?p=612879

Покани за на суд почнале да пристигнуваат во домовите на родителите кои не ги вакцинирале своите деца со задолжителните вакцини, објави порталот „А1он“.

Родители не се огласиле на повиците за вакцинирање, ниту пак кренале слушалка на повикот да отидат до надлежната институција и да приложат релевантен документ дека нивното дете не смее да прими вакцина поради здравствени проблеми.

Во неколку случаи, според информациите на „А1он“, се работело за деца што не примиле ММР-вакцина.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат пак потврдиле за порталот дека има мајки/родители за кои е донесена одлука за поведување прекршочна постапка.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.

The post 170 мајки добиле покана за на суд бидејќи не ги вакцинирале децата appeared first on Република.

]]>

Покани за на суд почнале да пристигнуваат во домовите на родителите кои не ги вакцинирале своите деца со задолжителните вакцини, објави порталот „А1он“. Родители не се огласиле на повиците за вакцинирање, ниту пак кренале слушалка на повикот да отидат до надлежната институција и да приложат релевантен документ дека нивното дете не смее да прими вакцина поради здравствени проблеми. Во неколку случаи, според информациите на „А1он“, се работело за деца што не примиле ММР-вакцина. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат пак потврдиле за порталот дека има мајки/родители за кои е донесена одлука за поведување прекршочна постапка. Целата вест прочитајте ја ТУКА.  

The post 170 мајки добиле покана за на суд бидејќи не ги вакцинирале децата appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ќе го покани Мицкоски на средба веднаш по изборот на новата Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-kje-go-pokani-mickoski-na-sredba-vednash-po-izborot-na-novata-vlada/ Wed, 12 Jan 2022 18:44:26 +0000 https://republika.mk/?p=443895

По изборот на новата Влада, претседателот на СДСМ и мандатар за состав на владиниот лабинет Димитар Ковачевски ќе упати покана до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за средба на која ќе се разговара за актуелните прашања, како и да се изнајде решение за закони од интерес на граѓаните.

Вечерта кога бев избран за претседател на СДСМ, а Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, имавме телефонски разговор дека по изборот на нова Влада ќе се видиме и ќе разговараме за актуелната состојба, рече Ковачевски во Топ Тема на ТВ Телма.

Ковачевски смета дека политичарите треба да ги здружат сите сили, и на ниво на партија, на ниво на коалиција, но и на држава и сите да дадат придонес кон најдобро и најбрзо решавање на проблемите.

Сметам дека сите ресурси, особено на Владата, но и на парламентот, треба да бидат насочени во носење закони и решенија за пребродување на кризата, но и закони во насока на поддршка на компаниите и граѓаните, рече Ковачевски.

The post Ковачевски ќе го покани Мицкоски на средба веднаш по изборот на новата Влада appeared first on Република.