покачување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pokachuvanje/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 20:51:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png покачување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pokachuvanje/ 32 32 Пензиите ќе се зголемат линеарно за 2.500 денари во март https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/penziite-ke-se-zgolemat-linearno-za-2-500-denari-vo-mart/ Mon, 11 Nov 2024 20:51:21 +0000 https://republika.mk/?p=836539

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информира дека пензиите ќе се зголемат линеарно за 2.500 денари во март, а се уште е неизвесно какво ќе биде коригирањето во септември в година.

Димитриеска-Кочоска информираше дека пензиите во март ќе бидат линеарно покачени за 2.500 денари. Но, нејасно е за колку ќе бидат зголемени во септември 2025 година.

-Не сме одлучиле, јас стојам на ставот дека треба повторно да биде линеарно, колку и да излезе зголемувањето на вкупниот износ, ќе се распредели по пензионер. Но, ќе биде под 2.500 денари затоа што параметрите кои се преземаат во пресметката се многу ниски, додаде министерката.

The post Пензиите ќе се зголемат линеарно за 2.500 денари во март appeared first on Република.

]]>

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информира дека пензиите ќе се зголемат линеарно за 2.500 денари во март, а се уште е неизвесно какво ќе биде коригирањето во септември в година. Димитриеска-Кочоска информираше дека пензиите во март ќе бидат линеарно покачени за 2.500 денари. Но, нејасно е за колку ќе бидат зголемени во септември 2025 година. -Не сме одлучиле, јас стојам на ставот дека треба повторно да биде линеарно, колку и да излезе зголемувањето на вкупниот износ, ќе се распредели по пензионер. Но, ќе биде под 2.500 денари затоа што параметрите кои се преземаат во пресметката се многу ниски, додаде министерката.

The post Пензиите ќе се зголемат линеарно за 2.500 денари во март appeared first on Република.

]]>
Пензионерите бараат линерано зголемување од 3.500 и минимална пензија од 18.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/penzionerite-baraat-linerano-zgolemuvane-od-3-500-i-minimalna-penzija-od-18-000-denari/ Mon, 14 Aug 2023 11:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=672010

Усогласување на пензиите согласно објавените податоци од Државниот завод за статистика во ноември 2021 година, линеарно зголемување од 3.500 денари на основицата на пензијата и минималната пензија да биде 18.000 денари, како и веднаш да се укине Сојузот на здруженија на пензионери, побараа од Иницијативниот одбор на пензионерите од денешниот протест пред Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Делегација на пензионерите беше примена во МТСП и во моментов се на средба.

Како што истакнаа на протестот, Сојузот не ги застапува интересите на пензионерите и затоа побараа да се укине членарината од 30 денари и средствата за солидарен погреб од 150 денари месечно наместо во Сојузот да се плаќаат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Побараа и двојно да се зголеми надоместокот за туѓа нега, да се зголеми надоместокот за социјална помош на лица кои останале без работа се до остварување на правото на пензија, поведување иницијатива за промена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и утврдување на најниска пензија согласно просечната плата и животните трошоци. Покрај тоа, побараа на позитивна листа да се внесат лековите за срцевите болни, за дјабетичарите и за ретки болести.

Во земјава, беше посочено дека има 336.000 пензионери и дека за секој од нив се потребни 42.000 денари на годишно ниво за линеарно покачување на пензиите.

Протестот во Скопје, на кој има пензионери од сите краишта во земјава, почна пред Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија со барање за оставка од претседателката по што се упатија кон Министерството за труд и социјална политика за да побараат средба со министерката Јованка Тренчевска.

Изминатиот период, пензионерите протестираа во своите градови изразувајќи незадоволство од процентуалното зголемување на пензиите.

Минатата година беше донесена нова методологија за пресметка на пензиите согласно која сега во септември пензиите треба да се зголемат за шест проценти.

The post Пензионерите бараат линерано зголемување од 3.500 и минимална пензија од 18.000 денари appeared first on Република.

]]>

Усогласување на пензиите согласно објавените податоци од Државниот завод за статистика во ноември 2021 година, линеарно зголемување од 3.500 денари на основицата на пензијата и минималната пензија да биде 18.000 денари, како и веднаш да се укине Сојузот на здруженија на пензионери, побараа од Иницијативниот одбор на пензионерите од денешниот протест пред Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Делегација на пензионерите беше примена во МТСП и во моментов се на средба. Како што истакнаа на протестот, Сојузот не ги застапува интересите на пензионерите и затоа побараа да се укине членарината од 30 денари и средствата за солидарен погреб од 150 денари месечно наместо во Сојузот да се плаќаат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Побараа и двојно да се зголеми надоместокот за туѓа нега, да се зголеми надоместокот за социјална помош на лица кои останале без работа се до остварување на правото на пензија, поведување иницијатива за промена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и утврдување на најниска пензија согласно просечната плата и животните трошоци. Покрај тоа, побараа на позитивна листа да се внесат лековите за срцевите болни, за дјабетичарите и за ретки болести. Во земјава, беше посочено дека има 336.000 пензионери и дека за секој од нив се потребни 42.000 денари на годишно ниво за линеарно покачување на пензиите. Протестот во Скопје, на кој има пензионери од сите краишта во земјава, почна пред Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија со барање за оставка од претседателката по што се упатија кон Министерството за труд и социјална политика за да побараат средба со министерката Јованка Тренчевска. Изминатиот период, пензионерите протестираа во своите градови изразувајќи незадоволство од процентуалното зголемување на пензиите. Минатата година беше донесена нова методологија за пресметка на пензиите согласно која сега во септември пензиите треба да се зголемат за шест проценти.

The post Пензионерите бараат линерано зголемување од 3.500 и минимална пензија од 18.000 денари appeared first on Република.

]]>
Јовановиќ: Одлуката на функционерите да си ги покачат платите во време на криза е нечовечна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jovanovik-odlukata-na-funktsionerite-da-si-gi-pokachat-platite-vo-vreme-na-kriza-e-nechovechna/ Fri, 31 Mar 2023 17:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=625909

Судиите се „почестија“ себе си и останатите функционери со повисоки плати, додека здравствените работници добија ветување за зголемување на месечните примања од 2.000 до 3.000 денари. Незадоволството расте во сите останати сектори поради долгата криза и инфлацијата којашто ги „изеде“ платите.

Зголемување на платите на државните функционери доаѓа откако Уставниot суд со одлука за укинување на два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите… На ова реагираше и претседателот Стево Пендаровски кој рече дека невкусно е во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет. Тој ја повика Владата да се најде законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите.

Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ за Телма вели дека одлуката функционерите да си ги покачат платите е безобразна и нечовечна во време на криза и во услови кога сиромаштијата расте во земјата.

Извор: ТВ Телма

The post Јовановиќ: Одлуката на функционерите да си ги покачат платите во време на криза е нечовечна appeared first on Република.

]]>

Судиите се „почестија“ себе си и останатите функционери со повисоки плати, додека здравствените работници добија ветување за зголемување на месечните примања од 2.000 до 3.000 денари. Незадоволството расте во сите останати сектори поради долгата криза и инфлацијата којашто ги „изеде“ платите. Зголемување на платите на државните функционери доаѓа откако Уставниot суд со одлука за укинување на два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите… На ова реагираше и претседателот Стево Пендаровски кој рече дека невкусно е во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет. Тој ја повика Владата да се најде законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите. Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ за Телма вели дека одлуката функционерите да си ги покачат платите е безобразна и нечовечна во време на криза и во услови кога сиромаштијата расте во земјата. Извор: ТВ Телма

The post Јовановиќ: Одлуката на функционерите да си ги покачат платите во време на криза е нечовечна appeared first on Република.

]]>
МОН: 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mon-2700-studenti-ke-dobijat-pokachuvane-na-stipendiite/ Fri, 27 Jan 2023 17:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=601721

Околу 2700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3000 денари, овие студенти во иднина ќе земаат стипендии во висина од 6050 денари, соопштија денеска од Министерството за образование и наука (МОН).

Од МОН потенцираат дека со оваа одлука одговориле на барањата на студентите и уште еднаш ја потврдиле заложбата за еднаквост и грижа за оваа категорија граѓани.

Студентите корисници на оваа категорија стипендии, во текот на идната недела ќе бидат информирани за начинот и постапката за регулирање на ова право.

The post МОН: 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите appeared first on Република.

]]>

Околу 2700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3000 денари, овие студенти во иднина ќе земаат стипендии во висина од 6050 денари, соопштија денеска од Министерството за образование и наука (МОН). Од МОН потенцираат дека со оваа одлука одговориле на барањата на студентите и уште еднаш ја потврдиле заложбата за еднаквост и грижа за оваа категорија граѓани. Студентите корисници на оваа категорија стипендии, во текот на идната недела ќе бидат информирани за начинот и постапката за регулирање на ова право.

The post МОН: 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Неспособната Влада на ДУИ и СДСМ уште еднаш ја покажа својата неспособност, наместо заслужените 18% покачување нуди 15% од месец септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-nesposobnata-vlada-na-dui-i-sdsm-ushte-ednash-ja-pokaza-svojata-nesposobnost-namesto-zasluzenite-18-pokachuvanje-nudi-15-od-mesec-septemvri/ Tue, 17 May 2022 20:21:46 +0000 https://republika.mk/?p=503581

Почитувани наставници,

Неспособната Влада на ДУИ и СДСМ уште еднаш ја покажа својата неспособност, напиша Весна Јаневска, Претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил.

1.Наместо заслужените 18% покачување на платата нуди 15% покачување од месец септември.

2.На вработените во градинките им ја намали платата за месец април, со што:

3.Вработените од градинките ги доведе во нерамноправна положба во однос на наставниците, односно спроведе дискриминација во исплата на платите на оние што штрајкуваа!!!

The post Јаневска: Неспособната Влада на ДУИ и СДСМ уште еднаш ја покажа својата неспособност, наместо заслужените 18% покачување нуди 15% од месец септември appeared first on Република.

]]>

Почитувани наставници, Неспособната Влада на ДУИ и СДСМ уште еднаш ја покажа својата неспособност, напиша Весна Јаневска, Претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил.
1.Наместо заслужените 18% покачување на платата нуди 15% покачување од месец септември. 2.На вработените во градинките им ја намали платата за месец април, со што: 3.Вработените од градинките ги доведе во нерамноправна положба во однос на наставниците, односно спроведе дискриминација во исплата на платите на оние што штрајкуваа!!!

The post Јаневска: Неспособната Влада на ДУИ и СДСМ уште еднаш ја покажа својата неспособност, наместо заслужените 18% покачување нуди 15% од месец септември appeared first on Република.

]]>
Се договорија МОН и СОНК: 15% покачување за сите вработени во образование од септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-dogovorija-mon-i-sonk-15-pokachuvanje-za-site-vraboteni-vo-obrazovanie-od-septemvri/ Tue, 17 May 2022 18:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=503562

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, вечерва информира дека заедно со СОНК ги прифатиле предлозите на медијаторот МТСП во однос на сите отворени теми и причините за штрајкот.

Повисоки плати во образованието ќе има, се договоривме за покачување на платите на сите вработени во образование од 15%, почнувајќи од септемвриската плата. Тоа е во согласно со буџетските можности. Нема да има кратење за времето кога се штрајкуваше. Најдовме целосно разбирање и ќе се исплатат целосни плати за април. Ги допрецизиравме работите и околу колективните договори, рече Шаќири после денешната средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

The post Се договорија МОН и СОНК: 15% покачување за сите вработени во образование од септември appeared first on Република.

Тренчевска: Покачување на платите во образованието од 18,4 отсто е преголемо во ваква криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-pokachuvanje-na-platite-vo-obrazovanieto-od-18-4-otsto-e-pregolemo-vo-vakva-kriza/ Tue, 19 Apr 2022 21:45:47 +0000 https://republika.mk/?p=490850

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, во гостувањето во „24 анализа“ на ТВ 24 порача дека СОНК бара превисоко зголемување на платите во време на ваква криза.

Отпочнување на процесот на подготовка на нов колективен договор и нова методолија што ќе значи постојат раст во целиот јавен сектор. Како што растат цените на трошоците, така и секоја година ќе се зголемуваат платите. Ова е едно од најдобрите решенија понудени на СОНК, кое требаше да биде прифатено и досега, а 18,4% е навистина премногу во вакви услови на економска, енергетска и ценовна криза, тоа е навистина премногу, рече Тренчевска.

The post Тренчевска: Покачување на платите во образованието од 18,4 отсто е преголемо во ваква криза appeared first on Република.

Спасовски најави дека есенва ќе има покачување на платите во МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-najavi-deka-esenva-kje-ima-pokachuvanje-na-platite-vo-mvr/ Tue, 22 Mar 2022 19:14:29 +0000 https://republika.mk/?p=476841

Имаме предвидено покачување оваа година за 5 отсто на сите вработени во МВР. Тоа ќе биде од септември, а вработените кои се вработени по Законот за работни односи и имаат потреба од усогласување со минималната плата, тоа е веќе направено“

Вака изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во вестите на Канал 5. Според него, доколку еден полицаец во 2012 година земал 19.355 денари плата, денес зема 22.787 денари, а со покачувањето во септември платата ќе му изнесува 23.883 денари.

Спасовски исто така потенцираше дека платата на инспекторите во 2012 изнесувала 22.503 денари, денес таа е 26.711 денари, а од септември ќе се покачи на 28.003 денари.

Ова е растот на платите. Ние разговараме и водиме преговори и се усогласуваме со сите синдикати. Секој добар предлог, кој е во интерес на министерството го спроведуваме, рече Спасовски.

The post Спасовски најави дека есенва ќе има покачување на платите во МВР appeared first on Република.

]]>

Имаме предвидено покачување оваа година за 5 отсто на сите вработени во МВР. Тоа ќе биде од септември, а вработените кои се вработени по Законот за работни односи и имаат потреба од усогласување со минималната плата, тоа е веќе направено“ Вака изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во вестите на Канал 5. Според него, доколку еден полицаец во 2012 година земал 19.355 денари плата, денес зема 22.787 денари, а со покачувањето во септември платата ќе му изнесува 23.883 денари. Спасовски исто така потенцираше дека платата на инспекторите во 2012 изнесувала 22.503 денари, денес таа е 26.711 денари, а од септември ќе се покачи на 28.003 денари.
Ова е растот на платите. Ние разговараме и водиме преговори и се усогласуваме со сите синдикати. Секој добар предлог, кој е во интерес на министерството го спроведуваме, рече Спасовски.
 
The post Спасовски најави дека есенва ќе има покачување на платите во МВР appeared first on Република.

]]>
Се погласни барањата за усогласување на платите со минималната плата, во спротивно се најавува штрајк https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-poglasni-baranjata-za-usoglasuvanje-na-platite-so-minimalnata-plata-vo-sprotivno-se-najavuva-shtrajk/ Sat, 12 Feb 2022 09:08:19 +0000 https://republika.mk/?p=457435

По договорот за зголемување на минималната плата, се погласно се бара зголемување и на останатите плати. Дел од синдикатите излегоа со барање да се почитуваат Законот за минимална плата и колективните договори, во спротивно најавуваат радикализирање на идните чекори.

По Синдикатот на УПОЗ, вчера со реакција излезе и Конфедерацијата на слободни синдикати која побара до средината на март усогласување на останатите плати со минималната плата во јавниот сектор бидејќи во спротивно, велат, ќе настане хаос и бројот на вработени што ќе земат минимална плата ќе биде многу поголем, а ќе има случаи кога работници на различни позиции по сложеност на работа ќе земаат иста плата.

Оваа криза не настана пред неколку дена со покачување на минималната плата, туку години наназад со претходните покачувања на минималната плата, со непочитување на Законот за минимална плата и на колективните договори од страна на Владата. Потребата од почитување на законите и колективните договори мора да биде денес и сега затоа што ако работниците во јавниот сектор во април ја добијат мартовската плата без усогласување ќе настане голем хаос, рече претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

Од синдикатот тврдат дека испратиле допис до премиерот и побарале средба со цел да се разговара за надминување на овој проблем, но оти досега немаат повратен одговор.

Ние му даваме шанса на социјалниот дијалог, но има најразлични барања – директно да се оди на генерален штрајк. Членството се јавува секојдневно, од дента кога беше донесена минималната плата ни се јавуваат да не прашаат дали ќе ги почитуваат колективните договори, рече Ралповски.

Ставот на премиерот Димитар Ковачевски е дека треба да се почитува Законот за минимална плата и во приватниот и во јавниот сектор и секое непочитување да се пријавува кај надлежните институции. Растот на платите треба да важи и за јавниот сектор и тоа треба да произлезе од дијалогот на сите социјални партнери, смета Ковачевски. Зголемувањето на платите во администрацијата, според Ковачевски, треба да оди заедно со зголемувањето на продуктивноста на трудот што крајно ќе резултира со поквалитетни административни услуги испорачани кон граѓаните.

Кога зборуваме за приватниот сектор тоа важи, меѓутоа тоа е мое лично мислење дека треба да важи и за јавниот сектор, што значи дека кога зборуваме за зголемување на платите, зборуваме за социјален дијалог во кој зборуваме за зголемување на платите, но, исто така и за зголемување на продуктивноста на трудот бидејќи јавниот сектор е платен од даночните обврзници, од сите граѓани и тоа особено од оние кои работат во приватниот сектор и треба и услугите што ги добиваат граѓаните да бидат секогаш од ден во ден, од месец во месец на повисоко ниво, изјави вчера Ковачевски.

Измените на Законот за минимална плата кои уследија по постигнатиот договор на Економско-социјалниот совет се во собраниска процедура. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека амандмански ќе побара усогласување на платите со минималната плата.

Бараме износот на коефициентите и вредноста на бодот на колективните договори на сите нивоа и во сите области да се усогласи со порастот на минималната плата при што скалесто се зголемуваат платите каде основната вредност на најнискиот коефициент и бод се изедначува со износот на минималната плата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција во четвртокот.

The post Се погласни барањата за усогласување на платите со минималната плата, во спротивно се најавува штрајк appeared first on Република.

]]>

По договорот за зголемување на минималната плата, се погласно се бара зголемување и на останатите плати. Дел од синдикатите излегоа со барање да се почитуваат Законот за минимална плата и колективните договори, во спротивно најавуваат радикализирање на идните чекори. По Синдикатот на УПОЗ, вчера со реакција излезе и Конфедерацијата на слободни синдикати која побара до средината на март усогласување на останатите плати со минималната плата во јавниот сектор бидејќи во спротивно, велат, ќе настане хаос и бројот на вработени што ќе земат минимална плата ќе биде многу поголем, а ќе има случаи кога работници на различни позиции по сложеност на работа ќе земаат иста плата.
Оваа криза не настана пред неколку дена со покачување на минималната плата, туку години наназад со претходните покачувања на минималната плата, со непочитување на Законот за минимална плата и на колективните договори од страна на Владата. Потребата од почитување на законите и колективните договори мора да биде денес и сега затоа што ако работниците во јавниот сектор во април ја добијат мартовската плата без усогласување ќе настане голем хаос, рече претседателот на КСС, Благоја Ралповски.
Од синдикатот тврдат дека испратиле допис до премиерот и побарале средба со цел да се разговара за надминување на овој проблем, но оти досега немаат повратен одговор.
Ние му даваме шанса на социјалниот дијалог, но има најразлични барања – директно да се оди на генерален штрајк. Членството се јавува секојдневно, од дента кога беше донесена минималната плата ни се јавуваат да не прашаат дали ќе ги почитуваат колективните договори, рече Ралповски.
Ставот на премиерот Димитар Ковачевски е дека треба да се почитува Законот за минимална плата и во приватниот и во јавниот сектор и секое непочитување да се пријавува кај надлежните институции. Растот на платите треба да важи и за јавниот сектор и тоа треба да произлезе од дијалогот на сите социјални партнери, смета Ковачевски. Зголемувањето на платите во администрацијата, според Ковачевски, треба да оди заедно со зголемувањето на продуктивноста на трудот што крајно ќе резултира со поквалитетни административни услуги испорачани кон граѓаните.
Кога зборуваме за приватниот сектор тоа важи, меѓутоа тоа е мое лично мислење дека треба да важи и за јавниот сектор, што значи дека кога зборуваме за зголемување на платите, зборуваме за социјален дијалог во кој зборуваме за зголемување на платите, но, исто така и за зголемување на продуктивноста на трудот бидејќи јавниот сектор е платен од даночните обврзници, од сите граѓани и тоа особено од оние кои работат во приватниот сектор и треба и услугите што ги добиваат граѓаните да бидат секогаш од ден во ден, од месец во месец на повисоко ниво, изјави вчера Ковачевски.
Измените на Законот за минимална плата кои уследија по постигнатиот договор на Економско-социјалниот совет се во собраниска процедура. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека амандмански ќе побара усогласување на платите со минималната плата.
Бараме износот на коефициентите и вредноста на бодот на колективните договори на сите нивоа и во сите области да се усогласи со порастот на минималната плата при што скалесто се зголемуваат платите каде основната вредност на најнискиот коефициент и бод се изедначува со износот на минималната плата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција во четвртокот.
 
The post Се погласни барањата за усогласување на платите со минималната плата, во спротивно се најавува штрајк appeared first on Република.

]]>
Илиеска: ВМРО-ДПМНЕ бара скалесто покачување на сите плати и за пензионерите повисоки пензии https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ilieska-vmro-dpmne-bara-skalesto-pokachuvanje-na-site-plati-i-za-penzionerite-povisoki-penzii/ Fri, 11 Feb 2022 22:23:49 +0000 https://republika.mk/?p=457395

Кога ја зголемуваме минималната плата тоа е една скала која треба понатаму да се придвижи. ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да има рамноправност во зголемувањето на минималната плата и другите плати кои треба скалесто да се покачуваат, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Анастасија Илиеска за „Топ Тема“ на Телма телевизија.

Илиеска истакна дека покрај тоа и пензионерите се оние кои што реално треба да имаат повисоки пензии со цел да ги сервисираат своите трошоци и не треба да бидат исклучени, бидејќи кризата е за сите тешка и сите живеат тешко.

Реалноста е дека во Македонија граѓаните живеат тежок живот и колку побрзо тоа се признае толку побрзо треба да се најдат мерки кои на секој граѓанин ќе му бидат од помош и ќе му го помогнат животниот стандард, рече Илиеска.

Таа додаде дека треба суштински да се влијае кога се помага на граѓаните и компаниите, а не да се носат решенија од ден за ден, ниту само за мала група на граѓани, туку за сите.

СДСМ кога носи решенија ги носи од денес за утре, тоа го гледаме сега го видовме кога го носеа и прогресивниот данок кој го гласаа во октомври и да почне од јануари, иако компаниите 6 месеци до година правата пресметки и со тоа беа обременети на дополнителни трошоци од страна на власта, истакна Илиеска.

The post Илиеска: ВМРО-ДПМНЕ бара скалесто покачување на сите плати и за пензионерите повисоки пензии appeared first on Република.

]]>

Кога ја зголемуваме минималната плата тоа е една скала која треба понатаму да се придвижи. ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да има рамноправност во зголемувањето на минималната плата и другите плати кои треба скалесто да се покачуваат, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Анастасија Илиеска за „Топ Тема“ на Телма телевизија. Илиеска истакна дека покрај тоа и пензионерите се оние кои што реално треба да имаат повисоки пензии со цел да ги сервисираат своите трошоци и не треба да бидат исклучени, бидејќи кризата е за сите тешка и сите живеат тешко.
Реалноста е дека во Македонија граѓаните живеат тежок живот и колку побрзо тоа се признае толку побрзо треба да се најдат мерки кои на секој граѓанин ќе му бидат од помош и ќе му го помогнат животниот стандард, рече Илиеска.
Таа додаде дека треба суштински да се влијае кога се помага на граѓаните и компаниите, а не да се носат решенија од ден за ден, ниту само за мала група на граѓани, туку за сите.
СДСМ кога носи решенија ги носи од денес за утре, тоа го гледаме сега го видовме кога го носеа и прогресивниот данок кој го гласаа во октомври и да почне од јануари, иако компаниите 6 месеци до година правата пресметки и со тоа беа обременети на дополнителни трошоци од страна на власта, истакна Илиеска.

The post Илиеска: ВМРО-ДПМНЕ бара скалесто покачување на сите плати и за пензионерите повисоки пензии appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Во интерес на сите пензионери ќе го промениме системот на усогласување на пензиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-vo-interes-na-site-penzioneri-kje-go-promenime-sistemot-na-usoglasuvanje-na-penziite/ Mon, 07 Feb 2022 16:19:03 +0000 https://republika.mk/?p=455258

Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во денешното интервју на ТВ 24 рече дека подобрувањето на квалитетот на живот на пензионерите е врвен приоритет и затоа зголемувањето на пензиите е дел од новата владина програма 2022-2024.

„Наша цел е во првиот квартал од годината да отвориме експертската дебата за промена на системот за усогласување на пензиите соодветен за сите пензионери на која ќе ги слушнеме и предлозите на Здружението на пензионери. Јануарската пензија нашите пензионери ја добија со 2,9% зголемување, односно просечната пензија се зголеми за околу 500 денари, од 15.876 денари , сега во моментот изнесува 16.336 денари. Следното усогласување кое ќе зависи од стапката на индексот на порастот на трошоците на живот ќе го имаме со исплатата на јулските пензии. Работиме и на проекции за дополнително покачување на пензиите,  за да го подобриме квалитетот на пензионерскиот живот на 329.000 пензионери“, рече министерката Тренчевска.

Министерката Тренчевска во интервјуто потенцираше дека пензискиот систем е  ефикасен и стабилен.

Главен извор за финансирање на Пензискиот фонд е приливот од придонесите, што значи дека зголемувањето од  6,3%, минатата година, во однос на претходната година навистина укажува дека имаме стабилен пензиски систем кој се полни од придонеси. Најважно е што трансферот од централниот буџет кон Фондот,секоја година се намалува, што исто така укажува дека имаме стабилен пензиски систем, бидејќи Фондот сам генерира приходи. Тоа пак, значи дека се отвораат нови работни места за кој се плаќаат придонеси, и на тој начин се полни пензискиот фонд“, рече Тренчевска.

Од буџет на Министерството кој изнесува 50, 6 милјарди денари за 2022 година, се одвојуваат пари за пензии, социјални надоместоци, права на социјална и детска заштита и за активните мерки за вработување.

The post Тренчевска: Во интерес на сите пензионери ќе го промениме системот на усогласување на пензиите appeared first on Република.

]]>

Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во денешното интервју на ТВ 24 рече дека подобрувањето на квалитетот на живот на пензионерите е врвен приоритет и затоа зголемувањето на пензиите е дел од новата владина програма 2022-2024. „Наша цел е во првиот квартал од годината да отвориме експертската дебата за промена на системот за усогласување на пензиите соодветен за сите пензионери на која ќе ги слушнеме и предлозите на Здружението на пензионери. Јануарската пензија нашите пензионери ја добија со 2,9% зголемување, односно просечната пензија се зголеми за околу 500 денари, од 15.876 денари , сега во моментот изнесува 16.336 денари. Следното усогласување кое ќе зависи од стапката на индексот на порастот на трошоците на живот ќе го имаме со исплатата на јулските пензии. Работиме и на проекции за дополнително покачување на пензиите,  за да го подобриме квалитетот на пензионерскиот живот на 329.000 пензионери“, рече министерката Тренчевска. Министерката Тренчевска во интервјуто потенцираше дека пензискиот систем е  ефикасен и стабилен.